GLL 210 Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 210 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 533 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLL 210 Professional - page 324
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL 210 Professional

Категорија : Ласерски покажувач

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 210 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 210 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 210 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. u Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна). u Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата

1 609 92A 7AN | (14.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 325 Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. u Не правете промени на ласерскиот уред. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди. u Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење. Bosch Power Tools 1 609 92A 7AN | (14.12.2021)326 | Македонски Употреба со соодветна намена Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1) Излезен отвор за ласерскиот зрак (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Прифат на стативот 5/8" (4) Прифат на стативот 1/4" (5) Копче за вертикален режим (6) Копче за хоризонтален режим (7) Приказ за статус (8) Приказ осцилаторна блокада (9) Натпис за предупредување на ласерот (10) Сериски број (11) Капак на преградата за батерии (12) Фиксирање на капакот од преградата за батерии (13) Ротационен држач (RM1)

(15) Издолжени отвори за прицврстување

(17) Водечки жлеб (18) Стегата за покрив (BM3)

(20) Ласерска целна табла

(21) Заштитна чанта (22) Ласерски заштитни очила

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Линиски ласер GLL 2-10 Број на дел 3 601 K63 L.. Минимално работно поле

10m Точност на нивелирање ±0,3mm/m Типично поле на самонивелирање ±4° Типично време на нивелирање <4s Оперативна температура –10°C…+50°C Температура при складирање –20°C…+70°C Макс. оперативна висина преку референтната висина 2000m Макс. релативна влажност на воздухот. 90% Степен на извалканост според IEC61010-1 2

Класа на ласер 2 Тип на ласер 630–650nm, <1mW C₆ 1 Отстапување 0,5mrad (целосен агол) Прифат за стативот 1/4"; 5/8" Батерии 3×1,5V LR6(AA) Времетраење на режимот на работа – Режим на вкрстени линии 9h – Линиски режим 17h Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 0,49kg Димензии (должина× ширина× висина) 112× 55× 106mm Bosch Power Tools 1 609 92A 7AN | (14.12.2021)328 | Македонски Линиски ласер GLL 2-10 Вид на заштита IP54 (заштита од прав и прскање вода) A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци). B) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. Серискиот број (10) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Ставање/менување на батерии За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански

За да го отворите капакот од преградата за батерии(11) притиснете на механизмот за заклучување(12) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Ако батериите се слаби, тогаш трепка приказот за статус(7). По првото трепкање, мерниот уред може да се користи уште околу 1h. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се

Работење со ротациониот држачRM1 (видисликиA–B) Со помош на ротациониот држач(13) можете да го свртите мерниот уред 360°. Со тоа точно се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред. Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб(17) на шината водилка(14) на ротациониот држач(13) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата. За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротациониот

1 609 92A 7AN | (14.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 329 Можности за позиционирање на ротациониот држач: – во исправена положба на рамна површина, – прицврстен на вертикална површина, – поврзана со таванска стега(18) на метални тавански лајсни, – со помош на магнет(16) на метални површини. u Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Ставање во употреба u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви

u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница331). При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши. u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница331). u Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења. Вклучување/исклучување За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(2) во позиција „ On“ (за работење со осцилаторна блокада) или во позиција „ On“ (за работење со автоматика за нивелирање). Приказот за статус(7) светнува. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори(1). u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Bosch Power Tools 1 609 92A 7AN | (14.12.2021)330 | Македонски За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(2) во позиција „Off“. Приказот за статус(7) се губи. При исклучување, осцилирачката единица се блокира. u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50°C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи. Автоматика на исклучување Доколку околу 120мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите. За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското исклучување, може или прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување(2) во позиција „Off“ и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да го притиснете копчето вертикален режим(5) или копчето хоризонтален режим(6). За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато копчето за хоризонтален режим(6) (при вклучен мерен уред) најмалку 3s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат за

Напомена: Ако работната температура ја надминува 45°C, автоматиката за исклучување не може да се деактивира. За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го. Начини на работа Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое

– режим на вкрстени линии (види сликаC): создава хоризонтална и вертикална ласерска линија, – хоризонтален режим (види сликаD): создава хоризонтална ласерска линија, – вертикален режим (види сликаE): создава вертикална ласерска линија. По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии. Со копчињата за хоризонтален режим(6) и за вертикален режим(5) независно можете да ја вклучите и исклучите хоризонталната и вертикалната ласерска линија. Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада. 1 609 92A 7AN | (14.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 331 Автоматика за нивелирање Работење со автоматика за нивелирање Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на држачот(13) или на стативот(23). За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „ On“. Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе. Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од4° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат

Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато. При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување. Работа со осцилаторна блокада За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(2) во позиција „ On“. Приказот осцилаторна блокада(8) свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт. При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга. Контрола на точноста на мерниот уред Влијанија на точноста Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак. Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина. Bosch Power Tools 1 609 92A 7AN | (14.12.2021)332 | Македонски Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето. Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch. Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5m на цврста подлога помеѓу два ѕида A иB. – Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидотA на држач, одн. на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање и изберете режим на вкрстени линии.

5 m – Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ).

180° – Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ). – Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се нивелира. 1 609 92A 7AN | (14.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 333

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на ѕидот A, така што вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе означената точка Ⅰ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на ѕидот A (точка

– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред. На мерна линија од 2×5m=10m максималното дозволено отстапување изнесува: 10m×±0,3mm/m=±3mm. Разликата d меѓу точкитеⅠ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 3mm. Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5×5m. – Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу ѕидовитеA и B на држач, одн. на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање и изберете хоризонтален режим. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Bosch Power Tools 1 609 92A 7AN | (14.12.2021)334 | Македонски 2,5 m 5,0 m 5,0 m 5,0 m 5,0 m

– На 2,5m растојание од мерниот уред, на двата ѕида означете ја средината на ласерската линија (точкаⅠ на ѕидотA и точкаⅡ на ѕидотB). 2,5 m

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5m растојание и оставете го да се нивелира. – Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точкаⅡ на ѕидотB. – На ѕидот A обележете ја средината на ласерската линија како точкаⅢ (вертикално над или под точкатаⅠ). – Разликата d на двете означени точкиⅠ и Ⅲ на ѕидотA го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата. На мерна линија од 2×5m=10m го дава максималното дозволено отстапување: 10m×±0,3mm/m=±3mm. Разликата d меѓу точкитеⅠ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 3mm. Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m. – Поставете го мерниот уред на 2,5m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Вклучете го мерниот уред во режим со автоматика 1 609 92A 7AN | (14.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 335 за нивелирање. Изберете го вертикалниот режим и оставете го мерниот уред да се нивелира. 2,5 m 2,5 m – Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот

– Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот од вратата директно зад точкатаⅡ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точкитеⅠ иⅡ. – Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ. – Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии. – Измерете ја висината на отворот од вратата. Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин: двојна висина на отворот на вратата ×0,3mm/m Пример: При висина на отворот на вратата од 2m максималното отстапување смее да изнесува 2×2m×±0,3mm/m=±1,2mm. ТочкитеⅢ и Ⅳ смеат да лежат најмногу 1,2mm една од друга. Bosch Power Tools 1 609 92A 7AN | (14.12.2021)336 | Македонски Совети при работењето u За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето. Работење со целна табла за ласерот Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија. Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот(20) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот. Работење со статив (опрема) Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (4) на навојот на стативот (23) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (3). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот. Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред. Прицврстете со универзален држач (опрема) (видисликаF) Со помош на универзалниот држач(19) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред. u Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават. Грубо центрирајте го универзалниот држач (19), пред да го вклучите мерниот уред. Ласерски заштитни очила (опрема) Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. 1 609 92A 7AN | (14.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 337 Примери за работа (види слики F–H) Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе најдете на графичките