GCL 2-50 G Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCL 2-50 G Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Ласерски индикатор со вкрстени линии |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GCL 2-50 G Professional |
| Категорија | Ласерски нивоа |
| Боја на зракот | Зелена (500-540 nm) |
| Класа на ласер | 2 |
| Дофат без приемник | Приближно 30 m |
| Дофат со приемник | До 50 m |
| Прецизност на нивелирање | ± 0,3 mm/m |
| Опсег на автоматско нивелирање | ± 4° |
| Ротација | Не ротирачки |
| Напојување | 4 AA батерии (1,5 V) или NiMH полначи (4× AA) |
| Траење (алкални батерии) | Приближно 12 часа со вкрстени линии |
| Степен на заштита | IP54 (отпорен на прашина и прскање) |
| Димензии (Д × Ш × В) | Приближно 145 × 65 × 110 mm |
| Тежина (со батерии) | Приближно 0,72 kg |
| Монтирање на статив | Да, навој 1/4" |
| Главни функции | Хоризонтални и вертикални линии, режим на крст, функција за автоматско нивелирање со сигнал за предупредување |
| Одржување и чистење | Избришете со мека, сува крпа. Исчистете ги ласерските излезни прозорци со памук. |
| Безбедност | Не гледајте директно во ласерскиот зрак. Користете заштитни ласерски очила доколку е потребно. |
| Резервни делови и поправка | Стандардни AA батерии. Други делови достапни во Bosch сервис. |
| Општи информации | Гаранција 2 години. Произведено во Кина за Bosch. |
Frequently Asked Questions - GCL 2-50 G Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GCL 2-50 G Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCL 2-50 G Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCL 2-50 G Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCL 2-50 G Professional BOSCH
Македонски...... Страница 163
Srpski ...... Strana 170
Slovenščina ....Stran 177
Hrvatski ....Stranica 183
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се
користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да заслепат други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое може да ја наруши на функцијата на имплантите или на медицинските уреди.
▶ Магнетната опрема држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот на опремата може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии, како и точки на вертикалата.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(2) Приказ на батерии
(3) Копче за ласерскиот вид на работа
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Прифат на стативот 1/4"
(6) Водечки жлеб
(7) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(8) Капак на преградата за батерии
(9) Натпис за предупредување на ласерот
(10) Сериски број
(11) Ротациониот држач (RM 10) ^4
(12) Шина-водилка
(13) Издолжени отвори за прицврстување
(14) Завртка за фино подесување на ротациониот држач
(15) Магнет
(16) Таванска стега (DK 10) ^A)
(20) Ласерска целна табла ^4
(23) Ласерски заштитни очила ^A)
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Точкест и линиски ласер GCL 2-50 G | |
| Број на дел/артикл | 3 601 K66 M.. |
| Работно поле ^A) | |
| – Стандардни ласерски линии | 15 m |
| – Ласерски линии со ласерски приемник | 5–50 m |
| – Ласерски точки 10 m | |
| Точност при нивелирање ^B)(C) | |
Точкест и линиски ласер GCL 2-50 G
| – Ласерски линии ± 0,3 mm/m | |
| – Ласерски точки ± 0,7 mm/m | |
| Поле на самонивелирање ± 4^ | |
| Време на нивелирање < 4 s | |
| Оперативна температура -10^ ... +45^ | |
| Температура при складирање | -20^ ... +70^ |
| Макс. оперативна висина преку референтната висина | 2000 m |
| Релативна влажност на воздухот макс. | 90 % |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 | 2^(1) |
| Класа на ласер 2 | |
| Ласерски линии | |
| – Тип на ласер 500–540 nm, < 10 mW | |
| – C_6 | 10 |
| – Отстапување 50 × 10 mrad (целосен агол) | |
Ласерски точки
| – Тип на ласер 500–540 nm, < 1 mW | |
| – C_6 | 1 |
| – Отстапување 0,8 mrad (целосен агол) | |
| Компатибилен ласерскиприемник | LR 7 |
| Прифат за стативот 1/4" | |
| Батерии 4 × 1,5 V LR6 (AA) | |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | 0,58 kg |
| Димензии (должина × ширина × висина) | |
| – Без држач 126 × 63 × 115 mm | |
| – Со ротационен држачRM 10 | 145 × 63 × 180 mm |
| Вид на заштита IP 64 | |
C) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
Серискиот број (10) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии (8) притиснете на механизмот за заклучување (7) нагоре и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Приказот на батеријата (2) секогаш го покажува моменталниот статус на батеријата.
Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.
Доколку батериите се скоро испразнети, тогаш приказот за батериите (2) трепка постојано. Ласерските линии трепкаат на секои 5 min по 5 s.
Ако се празни батериите, ласерските линии и приказот за батерија трепкаат уште еднаш, пред да се ислучи мерниот уред.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш предда продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 167).
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 167).
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција „On“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Мерниот уред може да се користи во секое време со ласерскиот приемник (19).
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна температура од 45 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ће се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се ислучува автоматски заради заштита на батериите.
За да го включите мерниот уред веднаш по автоматското исклучување, можете или најпрво да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција „Off“ и потоа повторно да го включите мерниот уред, или да притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (3).
За да ја деактивирате автоматиката за ислучување, држете го притиснато копчето за режим на работа (3) (при включен мерен уред) најмалку 3 с. Доколку автоматиката за ислучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува 45 °C, автоматиката за ислучување не може да се деактивира.
За да го активирате автоматското ислучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:
– Режим на вкрстени линии и точкест режим (види слика А): Мерниот уред произведува хоризонтална и вертикална ласерска линија нанапред, како и вертикална ласерска точка нагоре и надолу.
– Хоризонтален режим (види слика В): Мерниот алат произведува хоризонтална ласерска површина.
- Вертикален режим (види слика C): Мерниот уред произведува вертикална ласерска линија. При позиционирање на мерниот уред во соба,
вертикалната ласерска линија їе покажува на таванот над горната ласерска линија.
– Точкест режим (види слика D): Мерниот уред произведува вертикална ласерска точка нагоре и надолу.
За да го смените режимот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (3) додека ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим на работа.
Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција за навалување.
Сите начини на работа се наменети за работа со ласерски приемник (19).
Автоматика за нивелирање
Мерниот уред во секое време ја контролира положбата за време на работата. При поставувањето во полето на самонивелирање од ±4° работи со автоматиката за нивелирање. Надвор од полето на самонивелирање се менува автоматски во функција за навалување.
Работење со автоматика за нивелирање (види слики A–D)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на држачот (11) или на стативот (21).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уред е изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските линии прво трепкаат 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо. Мерниот уред се наоға во функција на навалување.
За дополнително работење со автоматиката за нивелирање поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ће се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.
Работење со функција за навалување (види слика E)
Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При работењето со функција за навалување трепкаат ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо.
Во функцијата за навалување ласерските линии повеće не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејки температурните разлики се најголеми во близина на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на статив почнувајки од мерната линија од 20 m. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на sidот А на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред и изберете режим на вкрстени линии.

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

- Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меğу точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.
Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 × 5 m.
– Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу сидовите А и В на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред и изберете хоризонтален режим. Оставете го мерниот уред да се нивелира.

- На 2,5 m растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на сидот А и точка II на сидот В).

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5 m растојание и оставете го да се нивелира.
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно ће ја погоди претходно означената точка II на sidот В.
- На sidot A обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m го дава максимальното дозволено отстапување:
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.
Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.
- Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Включете го мерниот уред и изберете
вертикален режим. Насочете ја ласерската линија на отворот од вратата и оставете го мерниот уред да нивелира.

– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ње поминува точно низ точките I и II.
- Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
- Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата × 0,3 mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ± 0,3 mm/m = ± 1,2 mm. Точките III и IV смеат да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
Проверка на точности на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот и плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротациониот држач (11) и поставете го на подот. Изберете го точкестиот режим и оставете го мерниот уред да се нивелира.

– Означете ја средината на горната ласерска точка на плафонот (точка I). Освен тоа, обележете ја средината на долната ласерска точка на подот (точка II).

– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на тој начин, што средината на долната ласерска точка ње лежи на веке обележаната точка II. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на горната ласерска точка (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,7 mm/m. Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m максимальното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ± 0,7 mm/m = ± 7 mm. Точките I и III смеат да лежат најмногу 7 mm една од друга.
Совети при работењето
▶ За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието.
Работење со ротациониот држач RM 10 (види слики F-H)
Со помош на ротациониот држач (11) можете да го вртите мерниот уред околу централната и секогаш видливата точка на вертикалата за 360°. Со тоа се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.
Со завртката за фино подесување (14) можете да усогласите вертикални ласерски линии точно на референтните точки.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (6) на шината водилка (12) на ротациониот држач (11) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата. За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– со помош на магнет (15) на метални површини,
– поврзана со таванска стега (16) на метални тавански лајсни.
Грубо центрирајте го ротациониот држач (11), пред да го включите мерниот уред.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната половина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (5) на навојот на стативот (21) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.
Со помош на универсалниот држач (17) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (17), пред да го включите мерниот уред.
Работење со држачот LB 10 (опрема)
Со помош на држачот (18) можете да го прицврстите мерниот уред или магнетибилните материјали на
170 | Srpski
вертикални површини. Во комбинација со стегата за плафон (16) мерниот уред може да се израмни и во висина.
Грубо центрирајте го држачот (18) пред да го включите мерниот уред.
При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наоћање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (19).
Сите начини на работа се наменети за работа со ласерски приемник (19).
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната чанта (24).
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна (24).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.