BOSCH GLL 2-15 G Professional - Ласерски покажувач

GLL 2-15 G Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 2-15 G Professional BOSCH во PDF формат.

📄 246 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GLL 2-15 G Professional - page 151
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Ласерски покажувач (ниво со линии)
Марка Bosch
Модел GLL 2-15 G Professional
Димензии (без држач) 126 × 63 × 115 mm
Димензии (со држач LB 10) 145 × 63 × 134 mm
Тежина (според EPTA) 0,57 kg
Напојување 4 батерии 1,5 V LR6 (AA)
Досег 15 m
Прецизност на нивелирање ±0,3 mm/m
Опсег на самонивелирање ±4°
Време на нивелирање < 4 s
Ласерска класа 2
Тип на ласер 500–540 nm, < 10 mW
Степен на заштита IP64
Приклучок за статив 1/4"
Работни температури -10 °C до +50 °C
Температури на складирање -20 °C до +70 °C
Основни функции Хоризонтална и вертикална линија, автоматско нивелирање, режим на наклон, автоматско исклучување по 120 min
Одржување и чистење Мека и влажна крпа, без растворувачи
Безбедност Ласерски зрак класа 2, не гледајте директно
Компатибилни додатоци Држач LB 10, телескопска шипка BT 350, универзален држач BM 1, ротирачки држач RM 10, очила за гледање ласер, ласерска цел, заштитна торба

Frequently Asked Questions - GLL 2-15 G Professional BOSCH

Како да го вклучам уредот?
Поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во положба On. Уредот тогаш ги проектира ласерските зраци. За исклучување, поставете го во положба Off.
Што да направам ако ласерските линии трепкаат брзо?
Брзото трепкање укажува дека уредот не е во ниво (наклон > 4°) или дека е во режим на наклон. Поставете го уредот на стабилна хоризонтална површина за да го активирате автоматското нивелирање.
Како да ги сменам батериите?
Притиснете го бравичката (6) за да го отворите капакот на одделот за батерии (7). Вметнете 4 батерии 1,5 V LR6 (AA) почитувајќи ја означената поларизација. Секогаш заменувајте ги сите батерии истовремено.
Кој е максималниот досег?
Досегот е 15 m. Може да биде намален при неповолни услови како директна изложеност на сонце.
Како да го користам држачот LB 10?
Зашрафете го уредот на држачот (10) преку приклучокот 1/4". Држачот може да се прицврсти на дрво (со завртки), на магнетна површина (со магнети) или на корниз со стегачот за таван (14). Грубо прилагодете ја положбата пред вклучување.
Што означува индикаторот за батерии?
Индикаторот (2) го покажува нивото на полнење. Постојано трепкање = батериите се при крај. Ласерските линии тогаш трепкаат 5 s на секои 5 min. Кога батериите се празни, уредот се исклучува по последно трепкање.
Како да ја проверам прецизноста на уредот?
Извршете ги проверките опишани во прирачникот: проверете ја прецизноста на висината и нивелирањето на хоризонталната и вертикалната линија. За растојание од 10 m, дозволеното отстапување е ±3 mm. Ако е над ова, контактирајте го сервисот на Bosch.
Може ли да го користам уредот на отворено?
Да, уредот е дизајниран за внатрешна и надворешна употреба. Заштитете го од влага и не изложувајте го директно на сонце. Досегот може да биде намален на отворено.
Што да направам ако уредот надмине 50 °C?
Уредот автоматски се исклучува за да ја заштити ласерската диода. Откако ќе се олади, може да се вклучи нормално.
Како да го активирам или деактивирам автоматското исклучување?
За деактивирање, задржете го копчето за режим на работа (3) притиснато најмалку 3 s (линиите трепкаат). За повторно активирање, исклучете го и повторно вклучете го уредот. Забелешка: при >45 °C, деактивирањето не е можно.

Прашања на корисниците за GLL 2-15 G Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 2-15 G Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 2-15 G Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 2-15 G Professional BOSCH

Македонски...... Страница 151

Srpski ...... Strana 157

Slovenščina ....Stran 163

Hrvatski ....Stranica 168

Безбедносни напомени

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се

користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.

▶ Не правете промени на ласерскиот уред.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.

▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.

▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи

течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Безбедносни напомени - 3

Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое може да ја наруши на функцијата на имплантите или на медицинските уреди.

▶ Магнетната опрема држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди

чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот на опремата може да дојде до неповратно губење на податоците.

Опис на производот и перформансите

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(2) Приказ на батерии
(3) Копче за ласерскиот вид на работа
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Прифат на стативот 1/4"
(6) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(7) Капак на преградата за батерии
(8) Натпис за предупредување на ласерот
(9) Сериски број

(10) Држач (LB 10)

(11) 1/4"-завртка на држачот

(12) Магнет

(13) Отвор за завртката на држачот

(14) Стегата за покрив (DK 10) ^a)

(18) Ротациониот држач (RM 10) ^a)

(19) Ласерски заштитни очила ^a)

152 | Македонски

(20) Ласерска целна табла ^a)
(21) Заштитна чанта ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Линиски ласер GLL 2-15 G
Број на дел/артикл3 601 K63 W..
Работно полеA)15 m
Точност при нивелирањeB)C) ± 0,3 mm/m
Поле на самонивелирање ± 4^
Време на нивелирање < 4 s
Оперативна температура -10^ C ... +50^ C
Температура прискладирање -20^ C ... +70^ C
Макс. оперативна висинапреку референтната висина2000 m
Релативна влажност навоздухот макс.90 %
Степен на извалканостспоред IEC 61010-12D)
Класа на ласер 2
Тип на ласер 500–540 nm, < 10 mW
C610
Отстапување 50 × 10 mrad (целосенагол)
Прифат за стативот 1/4"
Батерии 4 × 1,5 V LR6 (AA)
Тежина согласноEPTA-Procedure 01:20140,57 kg
Димензии (должина × ширина × висина)
– Без држач 126 × 63 × 115 mm
– Со држач LB 10 145 × 63 × 134 mm
Вид на заштита IP64

С) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.

D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.

Серискиот број (9) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Монтажа

Ставање/менување на батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За да го отворите капакот од преградата за батерии (7) притиснете на механизмот за заклучување (6) нагоре и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Приказот на батеријата (2) секогаш го покажува моменталниот статус на батеријата.

Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Доколку батериите се скоро испразнети, тогаш приказот за батериите (2) трепка постојано. Ласерските линии трепкаат на секои 5 min по 5 s.

Ако се празни батериите, ласерските линии и приказот за батерија трепкаат уште еднаш, пред да се ислучи мерниот уред.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
He го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш предда продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 153).

При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.

Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 153).
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција On. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ће се олади, мерниот уред е повторно подготовен за работа и може одново да се вклучи.

Автоматика на исклучување

Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се ислучува автоматски заради заштита на батериите.

За да го включите мерниот уред веднаш по автоматското исклучување, можете или најпрво да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција „Off“ и потоа повторно да го включите мерниот уред, или да притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (3).

За да ја деактивирате автоматиката за ислучување, држете го притиснато копчето за режим на работа (3) (при включен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за ислучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.

Напомена: Ако работната температура ја надминува 45 °C, автоматиката за исклучување не може да се деактивира.

За да го активирате автоматското ислучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го.

Начини на работа

Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:

За да го смените режимот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (3) додека ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим на работа.

Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција за навалување.

Автоматика за нивелирање

Мерниот уред во секое време ја контролира положбата за време на работата. При поставувањето во полето на самонивелирање од ±4° работи со автоматиката за нивелирање. Надвор од полето на самонивелирање се менува автоматски во функција за навалување.

Работење со автоматика за нивелирање (види слики А-С)

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на држачот (10) или на стативот (15).

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уред е изнивелиран.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските линии прво трепкаат 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо. Мерниот уред се наоға во функција на навалување.

За дополнително работење со автоматиката за нивелирање поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.

Работење со функција за навалување (види слика D)

Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При работењето со функција за навалување трепкаат ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо.

Во функцијата за навалување ласерските линии повеće не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.

Контрола на точноста на мерниот уред

Влијанија на точноста

Најголемо влијание врши околната температура.

Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.

Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а

потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.

Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија

За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.

– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред и изберете режим на вкрстени линии.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија - 1

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

A 180° I B II

- Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).

– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

A I B II

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија - 4

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).

- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.

На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:

10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.

Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија

За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 × 5 m.

– Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу сидовите А и В на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред и изберете хоризонтален режим. Оставете го мерниот уред да се нивелира.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија - 1

– На 2,5 m растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на sidот А и точка II на sidот В).

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија - 2

  • Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5 m растојание и оставете го да се нивелира.
    – Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно ѐе ја погоди претходно означената точка II на сидот В.
    – На sidot A обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
  • Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.

На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m го дава максимальното дозволено отстапување:

10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.

Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија

За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.

– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Включете го мерниот уред и изберете вертикален режим. Насочете ја ласерската линија на отворот од вратата и оставете го мерниот уред да нивелира.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија - 1

– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија - 2

– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ће поминува точно низ точките I и II.
– Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
- Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата. Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:

двојна висина на отворот на вратата × 0,3 mm/m

Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m

максималното отстапување смее да изнесува

2 × 2 m × ± 0,3 mm/m = ± 1,2 mm . Точките III и IV смеат да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.

▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

Работење со држачот LB 10 (види слики E-H)

Со помош на држачот (10) можете да го прицврстите мерниот уред или магнетибилните материјали на вертикални површини. Во комбинација со стегата за плафон (14) мерниот уред може да се израмни и во висина.

Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот за статив (5) на 1/4"-завртката (11) на држачот и прицврстете го.

Можности за прицврстување на држачот (10):

– Со вообичаена завртка за прицврстување на отворот за завртката (13) на дрво (види слика F),
– Со магнетите (12) на магнетизирани материјали (види слика G),
– Со стегата за плафон (14) на лајсните за плафон (види слика H).
▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Грубо центрирајте го држачот (10) пред да го включите мерниот уред.

Работење со целна табла за ласерот

Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Работење со стативот

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (5) на навојот на стативот (15) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Прицврстување со универсалниот држач (види слика К)

Со помош на универсалниот држач (17) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.

▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Грубо центрирајте го универзалниот држач (17), пред да го включите мерниот уред.

Работење со ротациониот држач

Со помош на ротациониот држач (18) можете да го свртите мерниот уред 360°. Со тоа точно се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.

Ротациониот држач можете да го користите (18) како поден статив, да го прицврстувате мерниот уред на вертикални површини, со помош на магнет (12) метални површини или во поврзување со стегата за плафон (14) да го прицврстите на лајсните за плафон.

▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Грубо центрирајте го ротациониот држач (18), пред да го включите мерниот уред.

Ласерски заштитни очила

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната чанта (21).

Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна (21).

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ке одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ

како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLL 2-15 G Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лућето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL 2-15 G Professional

Категорија : Ласерски покажувач