GMS 10023 Professional - детектор BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GMS 10023 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Дигитален детектор |
| Марка | Bosch |
| Модел | GMS 10023 Professional |
| Референца | 3 601 K81 800 |
| Димензии (Д x Ш x В) | 186 x 86 x 33 mm |
| Тежина | 0,28 kg (со батерии) / 0,26 kg (со Li-Ion батерија) |
| Напојување | 2 x 1,5 V LR6 (AA) алкални или 2 x 1,2 V HR6 (AA) NiMH или Li-Ion батерија 3,7 V (додаток) |
| Работно време | Приближно 9 h (алкални/NiMH), 7 h (Li-Ion) |
| Макс. длабочина на детекција | 100 mm (неферозни метали), 80 mm (ферозни метали), 50 mm (кабли под напон) |
| Главни функции | Детекција на ферозни/неферозни метали, електрични кабли под напон (50-60 Hz), звучен и визуелен сигнал (светлечки прстен), автоматско исклучување по 5 мин |
| Работна температура | -10 °C ... +50 °C |
| Температура на складирање | -20 °C ... +70 °C |
| Степен на заштита | IP54 |
| Работна фреквенција | 50 ± 2 kHz |
| Макс. надморска височина | 2 000 m |
| Макс. релативна влажност | 90 % (детекција на предмети), 50 % (класификација на кабли под напон) |
| Одржување и чистење | Чистете со мека, сува крпа. Не користете детергенти или растворувачи. Не потопувајте. |
| Безбедност | Не користете во експлозивна атмосфера. Секогаш проверувајте со други извори пред дупчење. Поправка само од квалификуван сервисер. |
| Резервни делови и поправливост | Оригинални резервни делови Bosch. Постпродажна услуга Bosch. Поправка преку овластен сервис. |
| Вклучени додатоци | Заштитна футрола |
Често поставувани прашања - GMS 10023 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GMS 10023 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот детектор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GMS 10023 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GMS 10023 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GMS 10023 Professional BOSCH
Дигитален локализирачки уред GMS 100-23
Поставете го капакот на гнездото за батерии (12) и оставете го да се фиксира.
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. ▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат прашината или пареата. ▶ Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна сигурност. За да избегнете опасности, пред секое дупчење, сечење со пила
или глодање во ѕидови, плафони или подови, обезбедете друг извор на информации како на пр. градежни планови, фотографии од градежната фаза итн. Влијанијата од околината, како што се влажноста или близината на други електрични уреди кои генерираат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, влажност, градежни материјали што содржат метал, изолациски материјали ламинирани со алуминиум и спроводливи тапети или плочки може да влијаат на точноста на мерниот алат. Бројот, типот, големината и положбата на предметите може да влијаат на резултатите од мерењето.
Доколку во објектот има гасоводи, тогаш по секоја работа во ѕидовите, таваните или подовите проверете да не е оштетен некој гасовод. ▶ При прицврстување на предмети на суви ѕидови проверете дали има доволна носивост на сидот односно на материјалите за прицврстување, особено при прицврстување на потконструкција.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за детектирање на метали (железо и неметали, на пр. армирано железо), како и струјни кабли во ѕидови, тавани и подови.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Приказ на средината на предметот (2) Светлечки прстен (3) Отвор за означување (4) Приказ на струјни кабли (5) Приказ за метален предмет (6) Копче за сигнален тон (7) Копче за вклучување/исклучување (8) Површина на рачката (9) Заштитна торба (10) Лизгач
(11) Поле на сензор (12) Капак на преградата за батерии (13) Фиксирање на капакот од преградата за батерии (14) Сериски број
Технички податоци
| Дигитален детектор GMS 100-23 | |
| Број на дел | 3 601 K81 800 |
| макс. длабочина на регистрирањеA) | |
| – Неметали (бакар) 100 mm | B) |
| – Железни метали 80 mm | C) |
| – струјни кабли 100–230 V (при применет напон) 50 mm | D) |
| Оперативна температура –10 °C ... +50 °C | |
| Температура при складирање –20 °C ... +70 °C | |
| Опсег на оперативна фреквенција 50 ± 2 kHz | |
| макс. јачина на магнетно поле (при 10 m) 42 dBμA/m | |
| макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m | |
| макс. релативна влажност на воздухот | |
| – за препознавање на предмети 90% | |
| – за класификација на кабли под напон 50% | |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 2 | E) |
| Напојување со енергија | |
| – Батерии (алкални-мангански) 2 × 1,5 V LR6 (AA) | |
| – Акумулаторски батерии (NiMH) 2 × 1,2 V HR6 (AA) | |
| – Литиум-јонски батериски пакет (опрема) 3,7 V | |
| Времетраење на работа околу | |
| – со батерии (алкално-мангански) | 9 h |
| – со акумулаторски батерии (NiMH) | 9 h |
| – со литиум-јонски батериски пакет (опрема) | 7 h |
| Тежина | |
248 | Македонски
| – со батерии (алкално-мангански)/акумулаторски батерии (NiMH) | 0,28 kg |
| – со литиум-јонски батериски пакет (опрема) 0,26 kg | |
| Димензии (должина × ширина × висина) 186 × 86 × 33 mm | |
| Вид на заштита IP54 |
Литиум-јонски батериски пакет (опрема) BA 3.7V 1.0Ah A
| Број на дел | 1 607 A35 0N8 |
| 1 607 A35 17H |
A) во зависност од материјалот и големината на предметите, како и материјалот и состојбата на подлогата B) за бакарна цевка со дијаметар од 15 mm C) за армиран челик со дијаметар од 12 mm D) Помала длабочина на регистрација кај неструјни кабли E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. Серискиот број (14) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред. ▶ Резултатот од мерењето може да биде полош во поглед на точноста и регистрирањето на длабочината доколку својствата на подлогата се неповолни.
Снабдување со енергија на мерниот уред
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со обични NiMH-акумулаторски батерии или со литиум-јонски батериски пакет достапен како опрема Bosch. За работа со литиум-јонски батериски пакет почитувајте го упатството за работа на литиум-јонскиот батериски пакет.
Напомена: Никогаш не складирајте го мерниот уред без вметнат поклопец на преградата за батерии (12) или литиум-јонскиот батериски пакет, особено во околина со прашина или влага.
Ставање/менување на батерии
За работење со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или NiMH-акумулаторски батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (12) притиснете на блокадата (13). Отстранете го поклопецот на преградата за батерии.
Ставете ги батериите или акумулаторските батерии внатре.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Ставете го поклопецот на преградата за батерии (12) и фиксирајте го.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите или акумулаторските батерии од мерниот уред. При подолго складирање во мерниот уред, батериите и акумулаторските батерии може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци. ▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го вклучите. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши. ▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch. ▶ Држете го мерниот уред само на предвидените површини за држење (8) за да не влијае на мерењето. ▶ Во полето на сензорот (11) на задната страна на мерниот уред не лепете налепници или знаци. Особено знаците од метал влијаат врз мерните резултати.

Не носете ракавици за време на мерењето и обезбедете соодветно заземјување. Несоодветното заземјување може да го наруши препознавањето на струјни кабли.

За време на мерењето, избегнувајте да бидете во близина на уреди кои испуштаат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, како што се мобилни телефони, лаптопи или таблети. Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај уредите што зрачат или исклучете ги уредите, бидејќи зрачењето може да влијае на мерењето.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
▶ Пред вклучување на мерниот уред, проверете дали полето на сензорот (11) не е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа. Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики, оставете го да се прилагоди на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (7).
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/исклучување (7).
Доколку околу 5 мин. не се притисне копче на мерниот уред и не се откриени никакви предмети, мерниот уред автоматски се исклучува.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето за сигнален тон (6) може да го вклучите и исклучите сигналниот тон.
Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (11) во мерна насока А до максималната длабочина на регистрирање.
При секое мерење автоматски се пребаруваат метални предмети (на пр. бакарна цевка или армиран челик) и струјни кабли (50–60 Hz).
Поставете го мерниот уред на површината којашто треба да се провери.
Светлечкиот прстен (2) свети, за да се прикаже подготвеност за мерење.
Држете го мерниот уред рамномерно цврсто за рачката (8). Не менувајте ја рачката за време на мерењето и особено не посегнувајте во областа на сензорот (11).
Постојано движете го мерниот уред директно во насока В со лесен притисок над подлогата, без да го подигнувате или да го менувате притисокот. Движењето на мерниот уред треба да биде попречно на предметот што се пребарува. Ако не ја знаете насоката на предметот во ѕидот, тогаш извршете вкрстено мерење (видете слика В).
Прикази за локација:
– Ако не се најде предмет под опсегот на сензорот, светлечкиот прстен (2) свети во зелено и се слуша сигнален тон.
– Ако мерниот уред се приближи до некој предмет, тогаш свети светлечкиот прстен (2) во црвено. Како што се приближувате, ритамот на сигналниот тон станува побрз. – Над средината на предметот светат приказите Средина на предмет (1) и се слуша континуиран тон. Светлечкиот прстен (2) свети и понатаму во црвено. – Ако мерниот уред се оддалечи од предметот, тогаш се гасат приказите на средината на предметот (1) и ритамот на сигналниот тон станува побавен. Средината и границите на предметот грубо се прикажуваат при првото поминување. За прецизно лоцирање на средината на предметот, движете го мерниот уред без подигање наназад во насока на предметот, додека повторно не се прикаже средината на предметот (светат приказите за средината на предметот (1)). За попрецизни граници на предметот, движете го мерниот уред од средината на предметот во права линија, додека светлечкиот прстен (2) повеќе не свети во црвено.

Ако се пронајде струен кабел, свети приказот за струјни кабли (4).

Ако се пронајде метален предмет (на пр. армирани шипки, бакарна цевка), свети приказот за метален предмет (5).
Отворот за означување (3) се наоѓа над мерниот центар. Овде можете да ја означите средината или границите на предметот доколку е потребно.
Напомена: по означувањето на предметот преку отворот за означување (3) (на пр. со пенкало) мора да започнете ново мерење, бидејќи пенкалото може да влијае на мерењето.
Напомена за лоцирање на струјни кабли
– Кабелот мора да спроведува струја. Поради тоа, приклучете ги струјните потрошувачи (на пр. светилки, уреди) на струјниот вод што се пребарува. Вклучете ги струјните потрошувачи за да сте сигурни дека има струја во струјниот вод.
– Сигналот од 50 до 60 Hz на струјниот вод мора да го достигнува мерниот
уред. Ако кабелот е во влажни ѕидови (на пр. влажност на воздухот > 50 %), зад метални фолии (на пр. на топлински изолации) или во празна метална цевка, сигналот на мерниот уред не достигнува и кабелот може да не биде пронајден.
– Мерниот уред мора да е добро заземјен. За тоа, цврсто држете ја рачката (без
ракавици) (8). Внимавајте да имате добар контакт со подот. Изолираните чевли, скали или платформи можат да го попречат контактот. Самиот под мора исто така да е добро заземјен, инаку нема да може да се лоцира кабелот.
– Сигналот од 50 до 60 Hz на струјниот кабел мора да е појак преку кабелот отколку во директната околина. Ако ѕидот е многу влажен или лошо заземјен, сигналот е еднакво јак преку целиот ѕид. Тогаш мерниот уред покажува на голема површина дека е најден сигнал, но не може точно да го лоцира кабелот. Во овој случај може да помогне ако вашата слободна рака ја држите на ѕидот на растојание од 20–30 см од мерниот уред, за да се спроведе сигнал од ѕидот. Сепак, позицијата на слободната рака не треба да се менува за време на процесот на мерење. – Повеќефазни струјни кабли (познати како трофазна или струја со висок напон) не може да се лоцираат како струјни кабли, бидејќи сигналот на различните фази се поништува еден со друг. Но, повеќефазните струјни кабли може да ги лоцирате на мала длабочина, но како метален предмет. – Проводните ѕидни површини како што се одредени плочки може да предизвикаат да не се прикажуваат струјните кабли или светлечкиот прстен (2) да свети црвено на голема површина. – Рамно поставените струјни кабли (до максимална длабочина од 2–3 cm) може дополнително да се прикажат како метален предмет. Сепак, ова не важи за каблите со кабелски снопови. Исклучете ги потрошувачите на струја и исклучете ги електричните кабли под напон, пред да дупчите во ѕидови, плафони или подови, сечете или глодате. По сите работи проверете на подлогата да нема предмети кои се под напон.
Напомени за приказот на предмет
– Пошироките предмети може да се детектираат со црвеното светење на светлечкиот прстен (2) на широка површина. Под одредени околности, широките предмети не се прикажуваат во целост.
Пред да дупчите, сечете или глодате во ѕид, треба да се заштитите од опасности и да се информирате од други извори. Бидејќи на мерните резултати може да влијаат околните услови или составот на ѕидот, можна е опасност иако не се слуша звучен сигнал и светлечкиот прстен (2) свети во зелено.
Дефект – Причини и помош
Причина Помош
Не е можно мерење, двата прикази за средина на предмет (1) трепкаат наизменично и ...
... приказот за метален предмет (5) и приказот за струјни кабли (4) не светат.
Причина Помош
| Мерењето е под влијание на електрични, магнетни или електромагнетни полиња (на пр. мобилни телефони, лаптопи или таблети во близина на мерниот уред). | Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите. |
... приказот за метален предмет (5) трепка.
| Мерниот уред е надвор одработната температура или билизложен на силни температурнифлуктуации. | Исклучете го мерниот уред и оставете го да сетемперира, пред повторно да го включите. Точнимерења се можни само ако температурата вовнатрешноста на мерниот уред останеконстанта. |
... приказот за метален предмет (5) и приказот за струјни кабли (4) трепкаат.
| Мерниот уред има дефект и пове́ке не е функционален. | Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. |
Светлечкиот прстен (2) свети постојано во црвено и приказот за метален предмет (5) свети постојано, иако нема метален предмет во близина на мерниот уред.
| Фабричката калибрација повеќене е валидна (на пр. поради падод голема височина). | Рачно калибрирајте го уредот (види „Повторнокалибрирајте го мерниот уред“, Страница 254). |
Светлечкиот прстен (2) не свети при поставување на подлогата.
| Подлогата не може да седетектира, бидејки опсегот насензорот (11) е валкан. | Исчистете го мерниот уред со сува, мека крпа иодново стартувајте го мерењето. |
| Сидниот контакт или подлогатане може да се детектираатпоради посебни карактеристикина сидот (на пр. многу темнаповршина). | Поставете го мерниот уред на подлогата. Зарачно детектирање на сид, притиснете го копчетоза сигнален тон (6) (околу 5 s), додека не светнесветлечкиот прстен (2) и не се слушне сигналентон. Потоа измерете како и обично.Напомена: Пред следното мерење на другаповршина, мора да го ресетирате рачнотодетектирање на сид. За да го направите ова,исключете го и повторно включете го мерниотуред. |
Повторно калибрирајте го мерниот уред
Ако светлечкиот прстен (2) свети постојано во црвено и приказот за метален предмет (5) свети постојано, иако нема метален предмет во близина на мерниот уред, може рачно дополнително да го калибрирате мерниот уред.
– Проверете дали батериите или акумулаторските батерии се слаби или празни. – Исклучете го мерниот уред. – Отстранете ги сите предмети кои би можеле да се прикажат од близината на мерниот уред (исто така и рачните часовници или прстени од метал). Држете го мерниот уред хоризонтално во воздух, така што задната страна на мерниот уред ќе покажува кон подот. – За да се префрлите во режим на калибрација, истовремено притиснете го копчето за вклучување/исклучување (7) како и копчето за сигнален тон (6). Задржете ги двете копчиња (околу 5–10 s), додека светлечкиот прстен (2) не трепка во црвено. – За да ја стартувате новата калибрација, притиснете го копчето за сигнален тон (6) и задржете го (околу 5–10 s), додека светлечкиот прстен (2) не свети во црвено. – Доколку калибрацијата е успешна, мерниот уред по неколку секунди автоматски ќе стартува и повторно е подготвен за работа.
Напомена: Доколку мерниот уред не стартува автоматски, повторете ја калибрацијата. Ако мерниот уред се уште не започне, испратете го до овластена Bosch-сервисна служба.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Проверете го мерниот уред пред секоја употреба. При видливи оштетувања или олабавени делови во внатрешноста на мерниот уред, безбедното функционирање не е повеќе загарантирано.
Одржувајте ја чистотата на мерниот уред, за да може добро и безбедно да работите. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Не вадете го лизгачот (10) од задната страна на мерниот уред.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната примена во националното законодавство, мерните уреди што се надвор од употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се собираат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.