UniversalDetect - детектор BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalDetect BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за UniversalDetect BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот детектор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalDetect - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalDetect на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalDetect BOSCH
Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА. u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. 1 609 92A 85B | (17.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 295 u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. u Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна сигурност. За да избегнете опасности, пред секое дупчење, сечење со пила или глодање во ѕидови, плафони или подови, обезбедете друг извор на информации како на пр. градежни планови, фотографии од градежната фаза итн. Влијанијата од околината, како што се влажноста или близината на други електрични уреди кои генерираат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, влажност, градежни материјали што содржат метал, изолациски материјали ламинирани со алуминиум и спроводливи тапети или плочки може да влијаат на точноста на мерниот алат. Бројот, типот, големината и положбата на предметите може да влијаат на резултатите од мерењето. u Доколку во објектот има гасоводи, тогаш по секоја работа во ѕидовите, таваните или подовите проверете да не е оштетен некој гасовод. u При прицврстување на предмети на суви ѕидови проверете дали има доволна носивост на ѕидот одн. на материјалите за прицврстување, особено при прицврстување на потконструкција. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење. Употреба со соодветна намена Мерниот уред е наменет за детектирање на метали (железо и неметали, на пр. армирано железо) и струјни кабли во ѕидови, плафони и подови, како и дрвени греди во суви градби. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1) Капак на преградата за батерии (2) Копче за вклучување/исклучување/мерно копче (3) Екран (Екран на допир) (4) Светлечки прстен (5) Отвор за означување Bosch Power Tools 1 609 92A 85B | (17.03.2023)296 | Македонски (6) Поле на сензор (7) Сериски број (8) Ѕиден сензор (9) Површина на рачката Елементи за приказ (a) Поле за навигација (b) Поле за информации (c) Статусна лента (d) Приказ за број на страници (само кај менија со повеќе страници) (e) Приказ за сигналниот тон (f) Приказ на батеријата Технички податоци Дигитален детектор UniversalDetect Број на дел 3603F813.. макс. длабочина на регистрирање
50mm – Основа од дрво во сува градба 25mm
Батерии 4×1,5V LR03 (AAA) Времетраење на работа околу. 4h 1 609 92A 85B | (17.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 297 Дигитален детектор UniversalDetect Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 0,34kg Димензии (должина×ширина×висина) 255×90×56mm A) Во зависност од режимот на работа, материјалот и големината на објектот, како и материјалот и состојбата на подлогата B) Помала длабочина на регистрација кај неструјни кабли C) одговара на две плочи од гипс картон D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. Серискиот број(7) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред. u Резултатот од мерењето може да биде полош во поглед на точноста и регистрирањето на длабочината доколку својствата на подлогата се
Ставање/менување на батерии За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
Не користете батерии со повисок номинален напон од 1,5V. За отворање на капакот на батеријата(1) притиснете ја во правец на стрелката од преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Приказот на батеријата(f) во статусната лента на екранот го прикажува моменталниот статус на батеријата. Доколку се појави соседниот приказ во статусната лента на екранот, мерниот уред може да работи уште максимум 15min. Заменете ги
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го вклучите. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред и приказот на екранот може да се нарушат. u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch. u Држете го мерниот уред само на предвидени површини за држење(9) за да не влијае на мерењето. u Во полето на сензорот(6) на задната страна на мерниот уред не лепете налепници или знаци. Особено знаците од метал влијаат врз мерните резултати. Не носете ракавици за време на мерењето и обезбедете соодветно заземјување. Несоодветното заземјување може да го наруши препознавањето на струјни кабли. За време на мерењето, избегнувајте да бидете во близина на уреди кои испуштаат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, како што се мобилни телефони, лаптопи или таблети. Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите. Употреба на екранот на допир u Не го користете мерниот уред, доколку се забележуваат оштетувања (на пр. пукнатини на површината итн.). Екранот е поделен во статусна лента(c) како и екран на допир со поле за информации(b) и поле за навигација(a). Статусната лента(c) го прикажува моменталното поставување на звучниот сигнал(e), приказот на батеријата(f) како и бројот на страници(d) (кај менија со повеќе страници). Мерниот уред може да се управува преку екранот на допир со притискање на копчето на екранот. u За да работите на екранот на допир користете ги само прстите. 1 609 92A 85B | (17.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 299 u Екранот на допир не го доведувајте во контакт со други електрични уреди или
u За чистење на екранот на допир исклучете го мерниот уред. Исчистете ги нечистотиите со на пр. микрофибер крпа. Навигирање во менито За управување со мерниот уред преку екранот на допир, се појавуваат (покрај копчињата на соодветниот јазик) следните основни копчиња: Копче Дејство Прелистајте до претходната страница Прелистајте до наредната страница Едно ниво на мени назад/нагоре Повикајте мени<Подесувања> Повикајте мени<Помошно мени> Ставање во употреба Вклучување/исклучување u Пред вклучување на мерниот уред, проверете полето на сензорот(6) да не е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа. u Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики, оставете го да се прилагоди на температурата пред да го вклучите. За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/ исклучување(2). Внимавајте на советите за употреба на мерниот уред. Деталните напомени за понатамошниот процес на вклучување може да ги деактивирате во подменито<Совети>. За исклучување на мерниот уред долго притиснете на копчето за вклучување/ исклучување(2). Доколку околу5min не се изврши мерење и не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите. Функционалност (видисликаA) Со мерниот уред се проверува подлогата на полето на сензорот(6) во мерна насокаz до максималната длабочина на регистрирање. Bosch Power Tools 1 609 92A 85B | (17.03.2023)300 | Македонски Изберете го саканиот режим на работа. Постојано движете го мерниот уред директно во насока на x-оската со лесен притисок над подлогата, без да го подигнувате или да го менувате притисокот. За прецизно мерење ѕидниот сензор мора да биде во(8) постојан контакт со
Држете го мерниот уред рамномерно цврсто за рачката(9) и за време на мерењето не посегнувајте во полето на сензорот(6). Доколку мерниот уред фати сигнал, тоа ќе се прикаже во полето за информации(b) и светлечкиот прстен(4) свети жолто. Следете ги наредните инструкции во полето за информации. Имајте предвид дека со повеќе поминувања низ подлогата, прецизноста на лоцирањето се зголемува. Доколку се лоцира објектот, ова се прикажува во полето за информации; светлечкиот прстен(4) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Видот на пронајдениот објект (зависно од режимот на работа) се прикажува на
– Струен кабел, – Метален објект,
Доколку не се пронајде објект, светлечкиот прстен(4) останува во зелено и не се појавува приказ на екранот. Начини на работа За лоцирање може да бирате помеѓу три режима на работа и да активирате два режима на работа истовремено. Режим на работа<Дрво> (видисликаB) Режимот на работ<Дрво> е наменет за наоѓање на дрвени греди во сува градба. При ставањето на мерниот уред на ѕидот светлечкиот прсте(4) свети жолто, додека сигналот не биде јасно назначен со движењето на мерниот уред. Имајте предвид дека при изборот на овој режим на работа се прикажуваат сите објекти во сувата градба. Само комбинацијата со другите два режима на работа може да се исклучи, бидејќи станува збор за метален објект или струен вод. Во овој режим, исто така, се наоѓаат и пластични цевки, особено ако се полни со вода. Пред да дупчите, сечете или глодате, проверете дали е тоа навистина дрвена греда, а не пластична цевка. Режимот на работ<Дрво> употребувајте го само при сува градба. 1 609 92A 85B | (17.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 301 Режим на работа<Метал> (видисликаC) Режимот на работа<Метал> е исклучиво наменет за наоѓање објекти од метал (на пр. бакарни цевки или челична арматура) независно од составот на ѕидот. Струјните кабли во овој режим на работа не се прикажуваат како кабли за напојување. За да најдете струен кабел исто така може истовремено да изберете<Метал> и<Струја>. Режим на работа<Струја> (видисликаD) Режимот на работа<Струја> е исклучиво наменет за наоѓање на еднофазни струјни кабли (110−240V, 50−60Hz). Мерни подготовки и посебни карактеристики при процесот на мерење: – Кабелот мора да спроведува струја. Поради тоа приклучете ги струјните потрошувачи (на пр. светилки, уреди) на струјниот вод што се пребарува. Вклучете ги струјните потрошувачи за да сте сигурни дека има струја во струјниот
– Сигналот од 50 до 60Hz на струјниот вод мора да го достигнува мерниот уред. Ако кабелот е во влажни ѕидови (на пр.. влажност на воздухот >50%), зад метални фолии (на пр. на топлински изолации) или во празна метална цевка, сигналот на мерниот уред не достигнува и кабелот може да не биде пронајден. – Мерниот уред мора да е добро заземјен. За тоа цврсто држете ја рачката (без ракавици)(9). Внимавајте да имате добар контакт со подот. Изолираните чевли, скали или платформи можат да го попречат контактот. Самиот под мора исто така да е добро заземјен, инаку нема да може да се лоцира кабелот. – Сигналот од 50 до 60Hz на струјниот вод мора да е појак врз кабелот отколку во директната околина. Ако ѕидот е многу сув или лошо заземјен, сигналот е еднакво јак преку целиот ѕид. Тогаш мерниот уред покажува на голема површина дека е најден сигнал, но не може точно да го лоцира кабелот. Во овој случај може да помогне ако вашата слободна рака ја држите на ѕидот на растојание од 20−30cm од мерниот уред, за да се спроведе сигнал од ѕидот. u Исклучете ги потрошувачите на струја и исклучете ги електричните кабли под напон, пред да дупчите во ѕидови, плафони или подови, сечете или глодате. По сите работи проверете на подлогата да нема предмети кои се
Ако во режимот на работа<Струја> не може да се пронајде кабелот, тогаш пребарајте го кабелот во режимот на работа<Метал> како метален објект. Имајте предвид максималната длабочина на регистрирање е мала (околу 2−3cm). Жичените кабли за разлика од каблите од тврд материјал не може да се лоцираат дури ни во режимот на работа<Метал>. Bosch Power Tools 1 609 92A 85B | (17.03.2023)302 | Македонски Повеќефазни струјни кабли (познати како трофазна или струја со висок напон) не може да се лоцираат во режимот на работа<Струја>, бидејќи сигналот на различните фази се поништува еден со друг. Но, повеќефазните струјни кабли може да ги лоцирате во режимот на работа<Метал> како метален објект. Максималната длабочина на регистрирање е малку поголема од еднофазните струјни кабли. Мени<Подесувања> За да пристигнете во менито<Подесувања> кренете го мерниот уред од подлогата и потоа притиснете го копчето во близина. Поставките за звук и јазик се задржуваат при исклучување и вклучување на мерниот
Подмени<Звук>: Звучниот сигнал на приказот на пронајдените објекти можете да го вклучите и исклучите. Избраната поставка се појавува во статусната лента во приказот Звучен сигнал(e). Подмени<Јазик>: Изберете го јазикот на навигацијата на менито. Подмени<Ресетирај>: Тука можете дополнително рачно да го калибрирате мерниот уред. Дополнителното калибрирање се препорачува кога мерниот уред постојано лоцира метален објект, иако таков вид на објект нема во близина. При дополнителното калибрирање следете ги инструкциите во полето за информации на екранот на допир. Дополнителното калибрирање спроведувајте го само на собна температура. Мени<Помошно мени> За да пристигнете во менито<Помошно мени>, кренете го мерниот уред од подлогата и потоа притиснете го копчето во близина. Подмени<Инфо. за производ.>: Тука може да најдете информации за Вашиот мерен уред. Подмени<Совети>: Тука може да изберете дали напомените за работењето со Вашиот мерен уред треба да се појавуваат при секое стартување. По потреба, во ова подмени можете исто така да ги повикате советите за директен приказ. Подмени<ЧПП>: Тука може да ги најдете информациите за најчестите грешки при мерење. 1 609 92A 85B | (17.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 303 Подмени<Онлајн помош>: Тука е дадена интернет адресата на која може да најдете дополнителни информации за мерниот уред. Совети при работењето Обележување на предмети По потреба, може да го обележите пронајдениот предмет. Мерете како и обично. Доколку најдете објект, означете го лоцираното место со отворот за означување(5). За време на означувањето може да го промените приказот на мерниот уред, така што отворот за означувањеќе се наоѓа директно во полето на сензорот(6) и пенкалото за означување може да влијае врз сензорите. По означувањето секогаш започнувајте со ново мерење. За таа цел, тргнете го мерниот уред од ѕидот и потоа повторно ставете го. Со ова ќе осигурате дека процесот на означување нема да влијае на следните мерни резултати. Дефект–Причини и помош Причина Помош Процесот на мерење не стартува. Сензорот на ѕидот(8) не го препозна контактот со
Кратко притиснете го копчето за вклучување/ исклучување(2), за рачно да го стартувате процесот
Неточни/неверојатни мерни резултати мешање на предмети во полето на сензорот(6) Отстранете ги сите предмети што се мешаат (на пр. часовник, нараквица, прстен итн.) од полето на сензорот(6). Не фаќајте го мерниот уред во близина на сензорот. Околната температура е превисока/прениска Користете го мерниот уред само во опсег на работната температура. силна промена на температурата Оставете го мерниот уред да се темперира. Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење. Доколку се утврди дефект, екранот ја прикажува само ознаката во близина. Во овој случај или доколку со другите споменати мерки за помош не може да се отстрани пречката, предадете го вашиот мерен уред на овластенаBosch сервисна служба. Bosch Power Tools 1 609 92A 85B | (17.03.2023)304 | Македонски Грешка при мерење со режим на работа<Дрво> Причина Помош Светлечкиот прстен свети црвено, иако во ѕидот нема дрвена греда. пластична цевка полна со
Пластичната цевка полна со вода во сува градба исто така се прикажуваат во режимот на работа<Дрво>. нема сува градба Режимот на работа<Дрво> е наменет само за сува
нехомогена сува градба Сувата градба од груба шперплоча може да биде многу нехомогена и да предизвика грешни лоцирања. Затоа, започнете го мерењето на друго место на ѕидот и мерете на друга висина. Доколку тоа не помогне, тогаш држете дополнителна плоча од гипс картон на ѕидот и мерете на неа. Бавно поставете го мерниот уред на ѕидот Брзо поставете го мерниот уред на ѕидот. нерамномерен контакт со
Секогаш држете го мерниот уред за време на мерењето со што е можно порамномерен контакт со ѕидот и не го навалувајте мерниот уред. Не е пронајдена дрвена греда. Мерното подрачје е многу
Започнете го мерењето на друго место на ѕидот и придвижете го мерниот уред на поголемо растојание. Дрвената греда е предлабоко поставена Длабочината на регистрирање зависи од градежниот материјал и може да е помала од максималната длабочина на регистрирање. Заштитен градежен материјал или премногу висока влажност на
Кај метални или премногу влажни градежни материјали (на пр. при премногу висока влажност на воздухот) не е можно сигурно лоцирање. Грешка при мерење со режим на работа<Метал> Причина Помош Светлечкиот прстен свети жолто или црвено, иако во близина нема метал. Автоматското калибрирање не е успешно Започнете дополнително калибрирање преку подменито<Ресетирај>. Светлечкиот прстен свети жолто или црвено низ големо мерно поле на ѕидот. 1 609 92A 85B | (17.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 305 Причина Помош многу тесно поставени метални предмети Премногу тесно поставени метални предмети може да не се лоцираат одделно. градежни материјали што содржат метал или челична арматура во бетон Кај метални градежни материјали (на пр. алуминиумски ламинирани изолациски материјали, лимови со топлинска спроводливост) не е можно
масивни метални предмети на задната страна на ѕидот Кај масивни метални предмети (на пр. грејни тела) не е можно точно лоцирање. Автоматското калибрирање не е успешно Започнете дополнително калибрирање преку подменито<Ресетирај>. Не е најден метален предмет. Металниот предмет е предлабоко поставен или премногу мал. Длабочината на регистрирање зависи од градежниот материјал и од предметот и може да е помала од максималната длабочина на регистрирање. Грешка при мерење со режим на работа<Струја> Причина Помош Светлечкиот прстен свети црвено низ големо мерно поле на ѕидот. недоволно заземјување на
Допрете го ѕидот со вашата слободна рака на растојание од 20−30cm од мерниот уред, за да го заземјите ѕидот. Не е пронајден струен кабел. нема/нетипичен напон на
Спроведете напон на кабелот, на пр. со вклучување на соодветниот прекинувач за светло. Лоцирањето на повеќефазни струјни кабли, како и кабли со повеќе напони надвор од опсегот од 110−240V и 50−60Hz не е сигурно можно. Кабелот е предлабоко
Длабочината на регистрирање зависи од градежниот материјал и може да е помала од максималната длабочина на регистрирање. Кабелот е во заземјена метална цевка. Употребете го режимот на работа<Метал> за да најдете метална цевка. Bosch Power Tools 1 609 92A 85B | (17.03.2023)306 | Македонски Причина Помош Мерниот уред не е заземјен Цврсто фатете го мерниот уред без ракавици. Не стојте на изолирани скали или скелиња. Не носете изолирани чевли. Заштитен градежен материјал или прениска/ превисока влажност на
Кај метални, премногу суви или премногу влажни градежни материјали (на пример. кај прениска или превисока влажност на воздухот) не е можно точно
ЛесноУпатство