BOSCH GMS 120 Professional - Електричен алат

GMS 120 Professional - Електричен алат BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GMS 120 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 457 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GMS 120 Professional - page 273
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Дигитален детектор (градежен мултиметар)
Марка Bosch
Модел GMS 120 Professional
Тежина (според EPTA 01:2014) 0,27 кг
Напојување 1 батерија 9 V (6LR61)
Автономија Околу 5 часа
Степен на заштита IP 54 (заштита од прашина и прскање вода)
Опсег на работни температури –10 °C до +50 °C
Опсег на температури на складирање –20 °C до +70 °C
Макс. длабочина на детекција (ферозни метали) 120 mm
Макс. длабочина на детекција (неферозни метали) 80 mm
Макс. длабочина на детекција (електрични кабли под напон 110-230 V) 50 mm
Макс. длабочина на детекција (дрво) 38 mm
Работни режими Суви ѕидови, Метал, Електрични кабли
Приказ Екран со осветлување, светлосен прстен (зелена/жолта/црвена), индикатор за полнење
Звучен сигнал Може да се вклучи/исклучи
Специјални функции Мониторинг на температура, функција за предупредување, рачно калибрирање, обележување на предмети
Одржување и чистење Чистење со мека, сува крпа; не потопувајте; чувајте во заштитната торба
Резервни делови и поправка Поправка од овластен сервис на Bosch; резервни делови достапни на www.bosch-pt.com
Важни безбедносни упатства Не користете во експлозивна атмосфера; секогаш консултирајте други извори пред дупчење; обезбедете доволно заземјување

Frequently Asked Questions - GMS 120 Professional BOSCH

Која батерија да се користи за Bosch GMS 120 Professional?
Користете алкална батерија 9 V (6LR61). Отворете го одделот за батерија (15) со притискање на блокадата (16). Почитувајте ја означената поларитет.
Како да го калибрирате детекторот GMS 120?
Ако индикаторот за мерење (i) прикажува силен постојан сигнал без предмет, исклучете го уредот, држете го во воздух (задната страна кон подот), потоа истовремено притиснете го копчето за вклучување/исклучување (5) и копчето за звучен сигнал (7) додека светлосниот прстен (1) не светне црвено. Отпуштете, уредот автоматски ќе се рестартира.
Зошто светлосниот прстен останува жолт без звучен сигнал?
Ова укажува на мал или длабок предмет. Светлосниот прстен (1) може да светне жолто без звучен сигнал. За прецизна локализација, поместете го уредот неколку пати над предметот.
Како да откриете електричен кабел под напон со GMS 120?
Активирајте го режимот Електрични кабли со копчето (9). Вклучете ги потрошувачите за полесно откривање. Екранот го прикажува симболот (f). Приближете се; светлосниот прстен (1) станува црвен и звучниот сигнал се забрзува.
Што да направам ако се вклучи предупредувачкиот приказ (b)?
Ако предупредувачкиот приказ (b) светне со LED-от на режимот Суви ѕидови, отстранете го уредот од ѕидот и поставете го на друго место. Ако (b) трепка, вратете го уредот во неговата торба (19) до овластен сервисен центар на Bosch.
Кои материјали може да ги открие GMS 120?
Открива ферозни метали (до 120 mm), неферозни метали (бакар, 80 mm), електрични кабли под напон (50 mm) и дрвени рамки (38 mm). Во режим Суви ѕидови, открива и пластични цевки исполнети со вода.
Уредот сам се исклучува: дали е нормално?
Да, за заштеда на батеријата, уредот автоматски се исклучува по околу 5 минути без притискање на копчиња и без откривање предмет.
Како да го одржувам детекторот GMS 120?
Чистете само со мека, сува крпа. Не користете детергенти или растворувачи. Не отстранувајте ги подлошките (12). Секогаш чувајте го во приложената заштитна торба (19).
Може ли да го користам GMS 120 на отворено?
Да, уредот е дизајниран за внатрешна и надворешна употреба. Сепак, заштитете го од прекумерна влажност и директна сончева светлина. Степенот IP 54 го штити од прашина и прскање вода.
Кои безбедносни мерки на претпазливост се суштински пред дупчење?
Секогаш консултирајте други извори (градежни планови, фотографии). Обезбедете доволно заземјување (без изолациони ракавици). Проверете дали нема гасни цевки по работа. Во сомнеж, користете други методи на детекција.

Прашања на корисниците за GMS 120 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електричен алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GMS 120 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GMS 120 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GMS 120 Professional BOSCH

Македонски....Страница 273

Srpski Strana 285

Slovenščina .... Stran 296

Безбедносни напомени

BOSCH GMS 120 Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.

▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин će бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна сигурност. За да избегнете опасности, пред секое дупчење, сечење со пила или глодање во sidови, плафони или подови, обезбедете друг извор на информации како на пр. градежни планови, фотографии од градежната фаза итн. Влијанијата на околината, како влагата на воздухот или близината со други електрични уреди може да влијаат врз точноста на мерниот уред. Составот и состојбата на сидот (на пр. влага, градежни материјали што содржат метал, спроводливи тапети, изолација, плочки) како и бројот, видот, големината и положбата на објектите може да влијаат на резултатите од мерењето.
▶ Внимавајте да има довольно заземјување при мерењето. При недоволно заземјување (на пр. со изолирани обувки или стоење на кабел) не е можна локализација на струјните кабли.
Доколку во објектот има гасоводи, тогаш по секоја работа во сидовите, таваните или подовите проверете да не е оштетен некој гасовод.
Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр. светла, уреди), доколку истите се приключени и включени на кабелот што се бара. Исключете ги

274 | Македонски

струјните потрошувачи и кабли, пред да дупчите во сидови, плафони или подови, сечете или глодате. По сите работи проверете на подлогата да нема предмети кои се под напон.

▶ При прицврстување на предмети на суви сидови проверете дали има доволна носивост на сидот одн. на материјалите за прицврстување, особено при прицврстување на потконструкција.

Опис на производот и перформансите

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за детектирање на метали (железо и неметали, на пр. армирано железо), дрвени греди, како и струјни кабли во сидови, плафони и подови.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Светлечки прстен
(2) Отвор за означување
(3) Екран
(4) Приказ за видот на режим
(5) Копче за вклучување-исклучување
(6) Копче за осветлување на екранот
(7) Копче за сигнален тон
(8) Површина на рачката
(9) Копче за режим на работа Струен кабел
(10) Копче за режим на работа Метал
(11) Копче за режим на работа Сува градба
(12) Лизгач
(13) Поле на сензор
(14) Сериски број
(15) Капак на преградата за батерии

(16) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(17) Држач за врвката
(18) Лента за носење
(19) Заштитна чанта

(a) Приказ за сигналниот тон
(b) Приказ за предупредување
(c) Приказ за неметални предмети
(d) Приказ за немагнетзирани метали
(e) Приказ за магнетзирани метали
(f) Приказ за струјни кабли
(g) Приказ за контрола на температурата
(h) Приказ на батеријата
(i) Приказ на мерењето
(j) Скала за фино подесување
(k) Приказ на средината на предметот CENTER

Технички податоци

Дигитален детектор GMS 120
Број на дел3 601 K81 0..
Макс. длабочина на регистрирањеA)
– Железни метали 120 mm
– Неметали (бакар) 80 mm
– Струјни кабли 110–230 V (при применет напон)B)50 mm
– Дрво 38 mm
Оперативна температура –10 °C ... +50 °C
Температура при складирање –20 °C ... +70 °C
Индуктивен сензор
– Опсег на оперативна фреквенција 5 ± 0,2 kHz
– Макс. јачина на магнетно поле (при 10 m) 72 dBμA/m
Капацитивен сензор

Bosch Power Tools 1 609 92A 7LE | (07.04.2022)

276 | Македонски

– Опсег на оперативна фреквенција 20 ± 1 kHz
– Макс. електрично магнетно поле (при 10 m) 24 dBμV/m
Макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m
Макс. релативна влажност на воздухот 90 %
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2c)
Батерија 1 × 9 V 6LR61
Времетраење на работа околу 5 h
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 0,27 kg
Вид на заштита IP 54 (заштита од прав и прскање на вода)

A) Во зависност од режимот на работа, материјалот и големината на објектот, како и материјалот и состојбата на подлогата

В) Помала длабочина на регистрација кај неструјни кабли

С) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.

Серискиот број (14) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

▶ Резултатот од мерењето може да биде полош во поглед на точноста и регистрирањето на длабочината доколку својствата на подлогата се неповолни.

Монтажа

Вметнување/менување на батеријата

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За отворање на капакот од преградата за батерии (15) притиснете на механизмот за заклучување (16) во правец на стрелката и отворете го. Ставете ја батеријата.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг период, извадете ја батеријата. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат и да се испразнат.

Приказ на батеријата

Приказот на батеријата (h) на екранот секогаш го покажува моменталниот статус на батеријата:

Приказ Капацитет
60-100 %
30-60 %
5-30 %
0-5 %

Употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го включите. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред и приказот на екранот може да се нарушат.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
▶ Мерните результати може да бидат нарушени поради одредени околности и услови. Овде спајаат на пр. близина на уреди, кои создаваат јаки електрични, магнетни или електромагнетни полиња, влага, градежни материјали што содржат метал, изолациски материјали каширани со алуминиумска фолија како и спроводливи тапети и плочки. Затоа, пред дупчењето, сечењето или глодањето во сидови, плафони или подови, проверете и други извори на информации на пр. градежни планови).
▶ Drжете го мерниот уред само на предвидени површини за држење (8) за да не влијае на мерењето.
▶ Во полето на сензорот (13) на задната страна на мерниот уред не лепете налепници или знаци. Особено знаците од метал влијаат врз мерните резултати.

BOSCH GMS 120 Professional - Употреба - 1

Не носете ракавици за време на мерењето и обезбедете соодветно заземјување. Несоодветното заземјување може да го наруши препознавањето на струјни кабли.

278 | Македонски

BOSCH GMS 120 Professional - | Македонски - 1

Избегнувајте да мерите во близина на уреди што испуштаат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња.

Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исключете ги уредите.

Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

▶ Пред включување на мерниот уред, проверете полето на сензорот (13) да не е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа.
Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики, оставете го да се прилагоди на температурата пред да го включите.

За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (5).

За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/исклучување (5).

Ако на мерниот уред не се притисне некое копче 5 min и не се детектира предмет, тогаш мерниот уред автоматски се ислучува заради заштита на батеријата.

Вклучување/исклучување на осветлувањето на екранот

Со копчето за осветлување на екранот (6) можете да го включите и исключите осветлувањето на екранот.

Вклучување/исклучување на сигналниот тон

Со копчето сигнален тон (7) можете да го включите и исключите сигналниот тон. При ислучен сигнален тон, на екранот се појавува приказот за сигнален тон (a).

Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (13) во мерна насока А до максимальната длабочина на регистрирање. Се препознаваат предмети, коишто се разликуваат од материјалот на sidот.

Движете го мерниот уред праволиниски по sidот во правец В.

Движете го мерниот уред постојано со лесен притисок над подлогата, без да го подигнувате или да го менувате притисокот.

За време на мерењето, лизгачот (12) мора постојано да има контакт со подлогата.

Процес на мерење

Поставете го мерниот уред на подлогата којашто треба да ја пребарате и движете го во правец В.

– Ако мерниот уред се приближува, отчукувањата на мерниот приказ (i) се зголемуваат и светлечкиот прстен (1) свети жолто.
– Ако мерниот уред се оддалечи од предметот, тогаш отчукувањата се намалуваат.
– Над средината на некој предмет мерниот приказ покажува максимально отчукување; светлечкиот прстен (1) свети црвено и се слуша звучен сигнал.

Кај мали или длабоко поставени предмети, светлечкиот прстен (1) може да продолжи да свети жолто, а звучниот сигнал изостанува.

Пошироките предмети нема да се прикажат во целосна ширина со светлечкиот прстен одн. сигналниот тон.

За попрецизно да го лоцирате предметот, движете го мерниот уред напред-назад (3×) над предметот. Во сите режими на работа автоматски се активира фината скала (j). Фината скала покажува целосно отчукување, ако предметот е под средината на сензорот или ако се достигне максимальното отчукување на мерниот приказ (i). Дополнително во режимите на работа Сува градба и Метал свети приказот на средината на предметот CENTER (k).

Пошироките предмети во подлогата се препознаваат со трајно, високо отчукување на мерниот приказ (i) и на фината скала (j). Светлечкиот прстен (1) свети жолто. Времетраењето на високото отчукување одговара на ширината на предметот.

Доколку се пребаруваат многу мали или длабоко поставени предмети, а мерниот приказ (i) отчукува само малку, поминете со мерниот уред неколку пати хоризонтално и вертикално над предметот. Внимавајте на отчукувањето на фината скала (j) и на режимите на работа Сува градба и Метал дополнительно во приказот на средината на предметот CENTER (k), коишто овозможуваат прецизно лоцирање.

▶ Пред да дупчите во сид, сечете или глодате, треба да се заштитите од опасности и со помош на други извори на информации. Бидејки на мерните резултати може да влијаат околните влијанија или составот на сидот, постои опасност, иако мерниот приказ (i) не покажува предмет во полето на сензорот (не се слуша звучен сигнал и светлечкиот прстен (1) свети зелено.

Начини на работа

Со правилното избирање на режимот на работа će постигнете најдобри мерни резултати. Максималната длабочина на регистрирање на метални предмети će ја постигнете со режимот на работа Метал. Максималната длабочина на регистрирање за струјни кабли, će ја постигнете со режимот на работа Струен кабел.

280 | Македонски

Избраниот режим на работа може да се препознае во секое време со приказот за режим на работа (4).

Режим на работа Сува градба

Режимот на работа Сува градба е најпогоден за пронаоғање на дрвени и метални предмети во сидови од сува градба.

Притиснете на копчето за режим на работа Сува градба (11), за да го активирате режимот. Приказот за режим на работа (4) свети зелено на копчето за режим на работа Сува градба.

Веднаш штом го поставите мерниот уред на подлогата којашто треба да се пребара, светлечкиот прстен (1) светнува зелено и сигнализира подготовеност за мерење.

Со режимот на работа Сува градба єе се пронајдат и прикажат сите достапни предмети коишто се:

BOSCH GMS 120 Professional - Режим на работа Сува градба - 1

(f) спроведуваат кабел, на пр. струјни кабли

Напомена: Со режимот на работа Сува градба покрај дрвените и металните предмети, како и струјни кабли, će се прикажат и други предмети, на пр. пластични цевки со вода. На екранот за овие предмети će се појави приказот за неметални предмети (с).

Шајките и завртките во подлогата може да доведат до тоа, дрвените греди да се прикажат како метални предмети.

Ако на екранот се појави трајно, високо отчукување на мерниот приказ (i) и на фината скала (j), тогаш рестартирајте го мерниот процес, при што ње го поставите мерниот уред на друго место на подлогата.

Доколку светлечкиот прстен (1) не сигнализира подготвеност за мерење при поставувањето на подлогата којашто треба да се пребара, можно е мерниот уред да не ја препознава правилно подлогата.

– Притискајте на копчето за режим на работа Сува градба (11), додека светлечкиот прстен (1) не светне зелено. Потоа спроведете го мерењето вообичаено.
Ако по завршување на ова мерење сакате да започнете нов мерен процес на друг сид, тогаш кратко притиснете на копчето за режим на работа Сува градба (11), за да се ресетира мерниот уред.

– Во ретки случаи мерниот уред може да не ја препознае подлогата, бидејки задната страна со полето на сензорот (13) е нечиста. Исчистете го мерниот уред со сува, мека крпа и одново стартувајте го мерниот процес.

Режимот на работа Метал е погоден за пронаогање на магнетизирани и немагнетизирани предмети независно од составот на сидот.

Притиснете на копчето за режим на работа Метал (10), за да го активирате режимот. Светлечкиот прстен (1) и приказот за режим на работа (4) свети зелено на копчето за режим на работа Метал.

Ако мерниот уред се наога над метален предмет (светлечкиот прстен (1) свети црвено), на екранот се прикажува видот на металот: кај магнетизирани метали (на пр. железо) се појавува приказот за магнетизирани метали (e), а кај немагнетизирани (на пр. бакар) се појавува приказот за немагнетизирани метали (d).

Напомени: кај подлога што се пребарува со челична арматура и армирано железо, над целата површина Ѽе се прикаже отчукување во мерниот приказ (i). Обично кај челична арматура, директно над армираното железо се појавува приказот за магнетизирани метали (e), а меѓу армираното железо се појавува приказот за немагнетизирани метали (d).

Режим на работа Струен кабел

Режимот на работа Струен кабел е ислучиво погоден за пронаогање на струјни кабли (110–230 V).

Притиснете на копчето за режим на работа Струен кабел (9), за да го активирате режимот. Светлечкиот прстен (1) и приказот за режим на работа (4) свети зелено на копчето за режим на работа Струен кабел.

Доколку се пронајде струен кабел, на екранот се појавува приказот за струјни кабли (f). Повторете го движењето над површината со мерниот уред, за поточно да ги лоцирате струјните кабли. По повекекратно поминување со уредот над површината, струјниот кабел ќе се прикаже многу прецизно. Доколку мерниот уред е многу блиску до кабелот, светлечкиот прстен (1) трепка црвено и се слуша забрзан звучен сигнал.

Напомени:

– Струјните кабли се прикажуваат во секој режим на работа.
– Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр. светла, уреди), доколку истите се приключени и включени на кабелот што се бара. Исключете ги потрошувачите на струја, пред да дупчите во сид, сечете или глодате.
– Под одредени околности (како на пр. метални површини или зад површини со голема содржина на вода) струјните кабли не може да се пронајдат со сигурност. Јачината на сигналот за струјните кабли зависи од положбата на

282 | Македонски

кабелот. Затоа проверете со дополнителни мерења во близина или преку други извори на информации, дали постојат струјни кабли.

– Струјните кабли може да ги пронајдете како метални предмети со режимот на работа Метал. Притоа не се прикажуваат жичените кабли (за разлика од каблите од тврд материјал).
– Статичкиот електрицитет може да доведе до тоа, каблите да се прикажат непрецизно (на пр. преку поголем простор) или воопшто да не се прикажат. За да го подобрите квалитетот на приказот, поставете ја вашата слободна дланка покрај мерниот уред на сидот, за да создадете статички електрицитет.

Совети при работењето

Обележување на предмети

По потреба, може да го обележите пронајдениот предмет. Мерете како и обычно. Доколку сте ги пронашле границите или средината на металниот предмет, означете го лоцираното место со отворот за означување (2).

Мерниот уред е опремен со контрола на температурата, бидејки прецизното мерење е возможно само доколку температурата во внатрешноста на мерниот уред е константа.

Доколку светне приказот Контрола на температурата (g), мерниот уред се наога надвор од границите на дозволената работна температура или бил изложен на јаки температурни осцилации.

Исклучете го мерниот уред и оставете го најпрво да се темперира, пред повторно да го включите.

Функција за предупредување

Доколку на екранот светне приказот за предупредување (b) и приказот за режим на работа (4) трепка над копчето за режим на работа Сува градба (11), морате да го рестартирате мерењето. Тргнете го мерниот уред од сидот и поставете го на друго место на подлогата.

Ако на екранот трепка приказот за предупредување (b), тогаш испратете го мерниот уред во заштитната чанта (19) кај овластена сервисна служба на Bosch.

Дополнителна калибрација

Доколку при работата со режимот Метал мерниот приказ (i) постојано отчукува, иако нема метален предмет во близина на мерниот уред, можете рачно дополнительно да го калибрирате мерниот уред.

  • Прозерете дали приказот на батеријата (h) покажува уште најмалку 1/3 од капацитетот.
    – Исключете го мерниот уред.
    – Отстранете ги сите предмети коишто би можеле да се прикажат од близината на мерниот уред (исто така и рачните часовници или прстени од метал).

Држете го мерниот уред хоризонтално во воздух, така што задната страна на мерниот уред ке покажува кон подот.

Избегнувајте јаки извори на светлина или директно сончево зрачење на задната страна на мерниот уред, без да го покриете овој дел.

– Притиснете истовремено на копчињата за вклучување/исклучување (5) и копчето за звучен сигнал (7) и држете ги двете копчиња, додека светлечкиот прстен (1) не светне црвено. Потоа отпуштете ги двете копчиња.
– Доколку калибрацијата е успешна, мерниот уред по неколку секунди автоматски ke стартува и повторно е подготвен за работа.

Напомена: Доколку мерниот уред не стартува автоматски, повторете ја калибрацијата. Доколку и покрај тоа мерниот уред не стартува, однесете го во заштитната чанта (19) во овластена сервисна служба на Bosch.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Проверете го мерниот уред пред секоја употреба. При видливи оштетувања или олабавени делови во внатрешноста на мерниот уред, безбедното функционирање не е повеке загарантирано.

Одржувајте ја чистотата на мерниот уред, за да може добро и безбедно да работите. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Не вадете го лизгачот (12) од задната страна на мерниот уред.

Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта.

Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com

284 | Македонски

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GMS 120 Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GMS 120 Professional

Категорија : Електричен алат