GSG 300 Professional - Електричен алат BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSG 300 Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Вибрациона брусилка |
| Марка | Bosch |
| Модел | GSG 300 Professional |
| Номинална моќност | 300 W |
| Брзина без оптоварување | 5 500 - 11 000 врт/мин |
| Брзина на осцилација без оптоварување | 11 000 - 22 000 мин-1 |
| Дијаметар на амплитуда на осцилација | 2.4 mm |
| Димензии на плочата за брусење | 92 x 182 mm |
| Димензии на абразивните листови (самолепливи) | 93 x 185 mm |
| Тежина | 2.3 kg |
| Напојување | Мрежен 230 V ~ |
| Класа на заштита | II (двојна изолација) |
| Предселекција на брзина | Да (на модели AE) |
| Систем за вшмукување | Внатрешен (сад Microfilter System) и надворешен |
| Прицврстување на абразиви | Самолепливо и механичко прицврстување |
| Ниво на акустичен притисок | 76 dB(A) (неопределеност K=3 dB) |
| Вибрации (вкупна вредност) | 4.5 m/s² (неопределеност K=1.5 m/s²) |
| Главни функции | Сушно брусење на дрво, пластика, кит и лакирани површини |
| Одржување и чистење | Чистете ги отворите за вентилација, редовно менувајте ги абразивните листови |
| Безбедност | Прекинувач со блокирање, двојна изолација, итен прекин |
| Резервни делови и можност за поправка | Плоча за брусење, абразивни листови, сад за прашина, филтер; САВ Bosch |
Frequently Asked Questions - GSG 300 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GSG 300 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Електричен алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSG 300 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSG 300 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSG 300 Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 122
Srpski.... Strana 128
Slovensko.... Stran 133
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
Македонски|123
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приключокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приключени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
124| Македонски
Безбедносни напомени за брусилки
▶ Користете го електричниот уред само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) может самите да се запалат при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, шпахтел маса како и лакирани површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Дополнителна дршка (изолирана површина на дршката)*
2 Шрафови за дополнителната дршка*
3 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на осцилации (GSS 230 AE/GSS 280 AE)
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Копче за фиксирање на прекинувачот за включување/исклучување
6 Комплет кутија за прав (Microfilter System)*
7 Инбус клуч
8 Затезен стремен
9 Основна брусна плоча
10 Терминален блок
11 Рачка (изолирана површина на дршката)
12 Држач за кутијата за прав*
13 Пластичен лизгач
14 Млазници за издувување
15 Затезен лост за кутијата за прав*
16 Филтер (Microfilter System)*
17 Адаптер за вшмукување*
18 Црево за вшмукување*
19 Брусен лист*
20 Алат за дупчење *
21 Шрафови за основната брусна плоча
22 Тенка, продолжена основна брусна плоча*
23 Продолжен брусен лист*
24 Шрафови за продолжената основна брусна плоча*
25 Триаголен брусен лист*
26 Триаголна продолжена основна брусна плоча*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартдниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Вибрациона брусилка | GSS ... | 230 A | 230 AE | 230 AE | 280 A | 280 AE | 280 AE |
| Број на дел/артикл | 0 601 ... | 292 0.. | 292 7.. | 292 6.. | 293 0.. | 293 7.. | 293 6.. |
| Кутија за прав во испорачаната пратка | -- ● | - | - | ● | |||
| Претходен избор на бројот на осцилации | - ● | ● | - ● | ● | |||
| Номинална јачина | W | 3 | 0 | 0 | 300 300 330 | 330 330 | |
| Број на празни вртежи | min^-1 | 11000 | 5500-11000 | 5500-11000 | 11000 | 5500-11000 | 5500-11000 |
| Број на осцилации во празен од | min^-1 | 22000 | 11000-22000 | 11000-22000 | 22000 | 11000-22000 | 11000-22000 |
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Македонски|125
| Вибрациона брусилка | GSS ... | 230 A | 230 AE | 230 AE | 280 A | 280 AE | 280 AE |
| Дијаметар на кругот на осцилирање | мм 2,4 2,4 2,4 2,4 2,4 2,4 | ||||||
| Димензии на брусниот лист — Велкро лепенка — Сврзен напон | мм 93 x 185 мм 93 x 230 | 93 x 185 93 x 230 | 93 x 185 93 x 230 | 115 x 230 115 x 280 | 115 x 230 115 x 280 | 115 x 230 115 x 280 | 115 x 230 115 x 280 |
| Димензии на основната брусна плоча | мм 92 x 182 | 92 x 182 | 92 x 182 | 114 x 226 | 114 x 226 | 114 x 226 | 114 x 226 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 2,3 2,3 2,3 2,6 2,6 2,6 | ||||||
| Класа на заштита | ☐/II | ☐/II | ☐/II | ☐/II | ☐/II | ☐/II | |
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично изнесува 76 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745:
$$ a _ {h} = 4, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност СЕ
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745, EN 50581 според одредбите на регулативите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Вшмукување на прав/струготини
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
126 | Македонски
Сопствено вшмукување со кутија за прав (види слика A1–A4)
Пред монтажата на кутијата за прав, извлечете го 6 пластичниот лизгач 13. Ставете ја кутијата за прав 6 на млазниците за издувување 14, додека не се вклопи. Внимавајте на тоа, пластичниот лизгач 13 да се вклопи во држачот 12.
За да ја испразните кутијата за прав 6 притиснете на лостот за фиксирање 15 на страната на кутијата за прав (①). Извлечете ја кутијата за прав надолу (②).
Пред да ја отворите кутијата за прав 6, тропнете со неа на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав 6 за вградената рачка, преклопете го филтерот 16 нагоре и испразнете ја кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 16 со мека четка.
Ставете го адаптерот за вшмукување 17 на млазниците за издувување 14. Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот за фиксирање на адаптерот за вшмукување. На адаптерот за вшмукување 17 може да се приклучи црево за вшмукување со дјаметар од 19 мм.
За демонтажа на адаптерот за вшмукување 17 притиснете на односниот лост за фиксирање од задната страна и извлечете го адаптерот за вшмукување.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ја нечистотијата и правта од брусната плоча 9, на пр. со четкичка.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Основната брусна плоча 9 е опремена со велкро лепенка, така што брусните листови со велкро може брзо и едноставно да се прицврстат.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча 9 пред да ја наместите на брусниот лист 19, за да овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 19 ставете го израмнето на едната страна од основната брусна плоча 9, поставете го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист 19 фатете го за врвот и извлечете го од основната брусна плоча 9.
Лесно подигнете го затезниот стремен 8 и откачете го. Водете го брусниот лист 19 до крај под отворениот заден терминален блок 10 и зацврстете го брусниот лист со закачување на затезниот стремен 8.
Брусниот лист 19 поставете го цврсто околу брусната плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист 19 под отворениот преден терминален блок 10 и зацврстете го брусниот лист со закачување на затезниот стремен 8.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење 20 за вшмукување на прав.
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика E).
За вадење на брусниот лист 19 олабавете го затезниот стремен 8 и извлечете го брусниот лист.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:
Гранулација
| best for WoodЗа обработка на сите дрвениматеријали | 40 - 400 | |
| За претходно брусење, напр. за груби нерендани гредии даски | грубо 40, 60 | |
| За рамно брусење иизрамнување на малинерамнини | средно 80, 100, 120 | |
| За завршно и фино брусењена цврсти дрва | фино 180, 240,320, 400 | |
подлоги, како маса за
| За брусење на боја | грубо 40,60 |
| За брусење на основната боја | средно 80,100,120 |
| За крајно брусење на основната боја пред лакирање | фино 180,240,320 |
Менување на основната брусна плоча (види слика F)
Основната брусна плоча 9 може да се замени по потреба. Целосно отшрафете ги 6-те шрафови 21 и извадете ја основната брусна плоча 9. Поставете ја новата основна брусна плоча 9 и повторно затегнете ги шрафовите.
Македонски|127
Испорачаната основна брусна плоча 9 може да ја замените со специјална основна брусна плоча која е дел од опремата.
Монтажата на специјалната основна брусна плоча се врши на начинот како што се менува испорачаната основна брусна плоча.
Поставувањето и вадењето на односниот брусен лист се врши на начинот како што се менува оригиналниот брусен лист.
Користењето на правоаголна, тенка, продолжена брусна плоча 22 ви овозможува брусење на тешко достапни места и тесни меѓупростори, како на пр. ламели за прозори и врати, жлебови или просторот зад радијаторите и цевките за вода.
За да ја монтирате правоаголната, тенка, продолжена основна брусна плоча 22 користете ги соодветните шрафови 24.
Користењето на триаголната, продолжена основна брусна плоча 26 овозможува брусење во агли и на рабови.
Доколку претежно користите стандардни брусни листови без велкро лепенка, се препорачува употреба на фина брусна плоча без велкро лепенка. Со рамната површина на основната брусна плоча се постигнуваат оптимални резултати од брусењето, особено при фино брусење.
Дополнителна дршка
Дополнителната дршка 1 овозможува удобно ракување и оптимална распределба на јачината, пред се при отстранување на голема количина материјал при брусење.
Прицврстете ја дополнителната дршка 1 со шрафот 2 на куќиштето.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 4 притиснете го копчето за фиксирање 5.
За да го ислучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации (GSS 230 AE/GSS 280 AE)
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 3 може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на апаратот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Совети при работењето
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приключок од сидната дозна
Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се одредува со изворот на брусен лист како и претходно избраниот број на осцилации (GSS 230 AE/GSS 280 AE).
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добрар капацитет на брусење и одржување на електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
128 | Srpski
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti kod pridržavanja
upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat“ odnosi se na električne alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i na električne alate sa radom na akumulator (bez mrežnog kabla).
Sigurnost na radnom mestu
Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. Nered ili neosvetljena radna područja mogu voditi nesrećama.
▶ Ne radite sa električnim alatom u okolini ugroženoj eksplozijom, u kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. Električni alati prave varnice koje mogu zapaliti prašinu ili isparenja.