BOSCH GNA 7516 Professional - Електричен алат

GNA 7516 Professional - Електричен алат BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNA 7516 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 135 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GNA 7516 Professional - page 94
SKIP

Frequently Asked Questions - GNA 7516 Professional BOSCH

Преземете ги упатствата за вашиот Електричен алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNA 7516 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNA 7516 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNA 7516 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што Bosch Power Tools 1 609 92A 9ST | (22.05.2024)94 | Македонски користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. 1 609 92A 9ST | (22.05.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 95 u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за резач u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. u Носете заштитни ракавици за време на работата и особено внимавајте на струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот

Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без деформација на материјалот и е погоден за прави резови, изрези и тесни криви. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Прекинувач за вклучување/исклучување (2) Шраф за држачот на матрицата (3) Рачка (изолирана површина на рачката) (4) O-прстен (5) Држач за матрицата (6)

(8) Гумен прстен за шрафот со нарецкана глава (9) Шраф со нарецкана глава за матрицата Технички податоци Резач GNA75-16 Број на дел 3601E294.. Номинална јачина W 750 Излезна моќност W 400 Број на работни одови во празно n

Број на одови при оптоварување min

Максимална дебелина на лимот за сечење

mm 1,6 Ширина на линијата на

mm 5 Најмал радиус на кривина mm 40

kg 1,8 Класа на заштита

A) се однесува на челични лимови до 400N/mm

B) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841‑2‑8. Bosch Power Tools 1 609 92A 9ST | (22.05.2024)96 | Македонски Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 93dB(A); ниво на звучна јачина 101dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841‑2‑8:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот

Вклучување/исклучување За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(1) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави I. За фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување(1) притиснете го прекинувачот нанапред. За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(1). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување е фиксиран, притиснете наназад на прекинувачот и потоа отпуштете

Менување на правецот на сечење За да го смените правецот на сечење може да го свртите држачот на матрицата(5) во три позиции, поместени за 90°. Правецот на сечење наназад (кон куќиштето) не е

За вртење на држачот на матрицата(5) олабавете ја завртката(2) така што држачот на матрицата ќе може да се врти. Свртете го за 90° кон надолжната оска на електричниот алат на десната или на левата страна. Осигурете се дека завртката(2) ќе влезе во отворот на држачот на матрицата(5). Затегнете ја завртката. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. u Носете заштитни ракавици за време на работата и особено внимавајте на струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот

u Внимавајте на струготините настанати од сечењето. Струготините имаат остри врвови, на кои може да се

Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го електричниот апарат вертикално на површината на лимот и не го навалувајте. Сечењето се врши при спуштањето на втиснувачот. Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на електричниот апарат. Електричниот апарат работи помирно, доколку се подигне малку при сечењето. Доколку при сечењето се заглави втиснувачот, исклучете го електричниот апарат, подмачкајте го втиснувачот и олабавете го лимот. Не употребувајте сила, бидејќи може да се оштетат втиснувачот и матрицата. Максимална дебелина на лимот за сечење Максималната дебелина на лимот за сечење d max

од цврстината на материјалот кој се сече. Со електричниот апарат може да се исечат лимови со следната дебелина: Материјал макс. цврстина (N/mm

0,7 Алуминиум 200 2,0 1 609 92A 9ST | (22.05.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 97 Подмачкување/ладење на втиснувачот За да го продолжите животниот век на втиснувачот(6) треба да користите средство за подмачкување со добра функција на ладење (на пр. масло за сечење). Нанесете еден слој од средството за подмачкување на горната страна на лимот по должина на планираната линија на сечење. Сечење според вцртана линија или со шаблон Правите резови може полесно да се изведат, доколку го водите електричниот апарат по должина на линијар. Контурите може да се исечат со водење на електричниот апарат по должина на шаблонот. За внатрешни резови потребен е отвор со дијаметар од 21mm. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги втиснувачот(6) и матрицата(7). Доколку се истрошени втиснувачот и матрицата, навреме заменете ги, бидејќи квалитетно сечење може да се постигне само со остри алати и со нега на електричниот

Втиснувачот(6) и матрицата(7) не смеат да се острат дополнително. Менување на матрицата Одвртете ја завртката со нарецкана глава(9) од држачот на матрицата(5). Извадете ја матрицата(7). Доколку е потребно, исчистете го држачот на матрицата(5). Ставете нова, добро подмачкана матрица(7) во држачот на матрицата. Притоа внимавајте на израмнетоста на плоснатата страна. Повторно навртете ја завртката со нарецкана глава(9) со вметнат гумиран прстен(8). Затегнете ја завртката со помош на клуч со внатрешна шестоаголна глава, додека не го почувствувате отпорот на гумираниот прстен (3−4Nm). Менување на втиснувачот Олабавете ја завртката(2) на држачот на матрицата и извлечете го целосно држачот на матрицата(5) од

Вметнете го втиснувачот(6) странично во прифатот и извлечете го надолу и нанадвор. Поставете нов, добро подмачкан втиснувач(6) во жлебот на прифатот и поставете го централно. Поместете го внимателно држачот на матрицата(5) преку втсинувачот назад во куќиштето. Зависно од желба на правецот на сечење, свртете го држачот на матрицата во една од трите можни позиции. Добро затегнете ја завртката(2) на држачот на матрицата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *

Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GNA 7516 Professional

Категорија : Електричен алат