GOP 18VEC Professional - Електричен алат BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GOP 18VEC Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Безжичен секач-брусеч (осцилирачки) |
| Марка | Bosch |
| Модел | GOP 18VEC Professional |
| Номинален напон | 14,4 V / 18 V (во зависност од употребената батерија) |
| Брзина во празен од | 8 000 – 20 000 врт/мин |
| Агол на осцилација | 1,4° лево/десно |
| Тежина (според EPTA 01/2003) | 1,7 kg (во зависност од батерија) |
| Тип на компатибилни батерии | Bosch GBA 14,4V… / GBA 18V… (Литиум-јонски) |
| Препорачани полначи | AL 18.. / GAL 3680 |
| Ниво на звучен притисок (LpA) | 80 dB(A) |
| Ниво на акустична моќ (LwA) | 91 dB(A) |
| Вибрации (брусење) | a_h = 3,5 m/s², K = 1,5 m/s² |
| Вибрации (впивно сечење) | a_h = 9,7 m/s², K = 1,5 m/s² |
| Вибрации (сегментно сечење) | a_h = 6,0 m/s², K = 1,5 m/s² |
| Вибрации (отстранување на фуги) | a_h = 8,5 m/s², K = 1,5 m/s² |
| Главни функции | Сечење, брусење, стружење, отстранување на фуги, впивни резови |
| Држач за алат | SDS (брза промена без алат, 12 позиции) |
| Електронска заштита | Electronic Cell Protection (ECP) против длабоко празнење |
| Претходен избор на брзина | Копче за подесување (дури и при работа) |
| Индикатор за полнење на батеријата | LED-светилка 3 зелени (притиснете на копче) |
| Обработени материјали | Дрво, пластика, гипс, обоени метали, мек ѕиден плочки |
| Вклучени додатоци (според верзија) | Сечиво за пила, табла за брусење, шмирг-хартија, правосмукачка |
| Одржување | Исчистете ги отворите за вентилација, заменете ги истрошените филц прстени |
| Работна температура | -20 °C до +50 °C (полнење: 0 °C до +45 °C) |
| Стандарди за усогласеност | EN 60745-1, EN 60745-2-4, директиви 2011/65/ЕУ, 2006/42/ЕЗ |
Frequently Asked Questions - GOP 18VEC Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GOP 18VEC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Електричен алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GOP 18VEC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GOP 18VEC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GOP 18VEC Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 171
Srpski Strana 179
Slovensko.... Stran 186
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескрейки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е
погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е ислучен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приключени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или из-вадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку оддофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за батериски Multi-Cutter
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
▶ Користете го електричниот уред само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) можат самите да се запалат при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.
Дланките држете ги подалеку од полето на работа со убодна пила. Не посегајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ке управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушки чад, експлодира или да се прегрее.
▶ При менувањето на алатот што се вметнува носете заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се вжештува по долготрајна употреба.
▶ Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и не стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Површината што треба да ја обработите не ја третирајте со течности што содржат раствор. При стругањето доаға до затоплување на материјалите и може да се создадат отровни пареи.
▶ Бидете особено внимателни при користењето на сечилото. Алатот е многу остар, постои опасност од повреда.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување надрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт иглици). Исто така е погоден за обработка на меки sidни плочки како и за суво брусење и стругање на мали површини. Тој особено е погоден за работење близу рабови и на рамни површини. Електричниот апарат треба да се обработува ислучиво со Bosch-опрема.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Прекинувач за включување/исклучување
2 Отвори за вентилација
3 Копче за отклучување на батеријата
4 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на осцилации
5 Батерија*
6 Приказ за наполнетоста на батеријата*
7 Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
8 SDS-лост за деблокирање на алатот
9 Прифат на алатот
10 Рачка (изолирана површина на дршката)
11 Лист за сечење со вдлабнување*
12 Основна брусна плоча
13 Брусен лист*
14 Филц прстен за вшмукувачот за прав*
15 Стеги за вшмукувачот за прав*
16 Млазници за вшмукување*
17 Вшмукувач за прав*
18 Црево за вшмукување*
19 Адаптер за вшмукување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски Multi-Cutter GOP 14,4/18 V-EC | ||
| Број на дел/артикл | 3 601 HBO 0.. | |
| Номинален напон | V= 14,4/18 | |
| Број на празни вртежи n_0 | min^-1 | 8000–20000 |
| Агол на осцилација лево/десно | ° | 1,4 |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01/2003 | кг 1,7/1,7* | |
| Дозволена температура наоколината– при полнење– при работа** и прискладирање | °C°C | 0...+45–20...+50 |
| Препорачани батерии | GBA 14,4V ...GBA 18V ... | |
| Препорачани полначи | AL 18..GAL 3680 | |
| * во зависност од употребената батерија** ограничена јачина при температури < 0 °CTехничките податоци се на испорачаната батерија. | ||
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-4.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 80 dB(A); ниво на звучна јачина 91 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-4:
Брусење: a_h=3,5m/s^2, K=1,5m/s^2 ,
Сечење со лист за сечење со вдлабнување: a_h=9,7 m/s^2 , K=1,5m/s²,
Сечење со сегментен лист за сечење: a_h=6,0m/s^2 , K=1,5m/ s^2 ,
Стругање: a_n=8,5m/s^2, K=1,5m/s^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за мегусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност

Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до 19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016: 2014/30/EU, 2006/42/EC включително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-4.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Вадење на батеријата
Батеријата 5 има два степени на заклучување кои спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отворање на батеријата 3.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 5 притиснете на копчињата за отворање 3 и извлечете ја батеријата наназад од електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на батеријата 6 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 5. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот апарат е во мирување.
Притиснете го копчето 7, за да се прикаже наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена батерија 5.
ЛЕД светло Капацитет
| Трајно светло 3 x зелено | ≥ 2/3 |
| Трајно светло 2 x зелено | ≥ 1/3 |
| Трајно светло 1 x зелено <1/3 | |
| Трепкаво светло 1 x зелено Резерва |
Доколку по притискањето на копчето 7 не свети LED, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Замена на алатот
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици. Доколку го допирате алатот што се вметнува, постои опасност од повреда.
Избор на алатот што се вметнува
| Алат за вметнување | Материјал | |
![]() | Сегментен лист на пилата за HCS-дрво* | Дрвени, пластични материјали |
| Биметален сегментен лист за сечење* | Дрвени материјали, пластика, нежелезни метали | |
![]() | HCS-листови за сечење со вдлабнување за обработка на дрво* | Дрвени, пластични материјали, гипс и други меки материјали |
| Биметални листови за сечење со вдлабнување за обработка на метал* | Метал (на пр. некалени клинци, шрафови, мали профили), нежелезни метали | |
| Биметален лист за сечење со вдлабнување за дрво и метал* | Дрво, метал, неметали | |
![]() | HM-Riff сегментен лист за сечење* | Цементни плочки, меки сидни плочки, пластика зајакната со стаклени влакна и други абразивни материјали |
![]() | HM-Riff-Delta плоча* | |
![]() | Стругач, нееластичен* | Тепих, облоги |
![]() | Сечило, флексибилно* | Силикон и други еластични материјали |
![]() | Основна брусна плоча за брусни листови од серијата Delta 93 мм* | во зависност од брусниот лист |
| * Опционална опрема, комплетната опрема їе ја најдете во програмата за опрема на Bosch. | ||
Монтирање/менување на алатот што се вметнува
Доколку треба, изведете го монитираниот алат за вметнување.
Притоа отворете го SDS-лостот 8 до крај (не повеće) и извадете го алатот за вметнување.
Поставете го соодветниот алат за вметнување (на пр. лист за сечење со вдлабнување 11) во прифатот за алат 9, така што коленото їе покажува надолу (погледнете ја сликата на графичката страница, читајте го натписот на алатот што се вметнува од горната страна).
Свртете го алатот што се вметнува во поволна работна позиција и оставете го да се вклопи во запците на прифатот за алат 9. Притоа можни се 12 позиции на 30°.
Затворете го SDS-лостот 8, така што тој єе легне на ку́киштето на електричниот апарат.
▶ Проверете дали е стабилен алатот за вметнувье. Доколку алатот што се вметнува е погрешно или не е сигурно зацврстен, може да се олабави за време на работењето и да предизвика опасност.
Ставање/менување на брусниот лист на основната брусна плоча
Основната брусна плоча 12 е опремена со велкро лепенка, така што брусните листови со велкро може брзо и едноставно да се прицврстат.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча 12 пред да ја наместите на брусниот лист 13, за да овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 13 ставете го израмнето на едната страна од основната брусна плоча 12, поставете го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете го добро.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
За вадење на брусниот лист 13 фатете го за врвот и извлечете го од основната брусна плоча 12.
Може да ги користите брусните листови, крзна за полирање и чистење од серијата Delta 93 мм од програмата на опрема од Bosch.
Опремата за брусење како крзна/филц за полирање не се зацврстува на истиот начин на основната брусна плоча.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:
| Лист за брусење | Материјал | Примена | Гранулација |
| – Сите дрвени материјали(на пр. цврсто, мекодрво, иверки, градежни плочи)– Металниматери јали | За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски | грубо 4060 | |
| За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини | средно 80100120 | ||
| За завршно и фино брусење на дрво | фино 180240320400 | ||
| – Боја– Лак– Материјал за полнење– Шпахтел маса | За брусење на боја | грубо 4060 | |
| За брусење на претходно намачкана боја (на пр. за израмнување на нерамнини од четката, капки боја и извалкани места) | средно 80100120 | ||
| За крајно брусење на основната боја пред лакирање | фино 180240320400 |
Вшмукување на прав/струготини
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на вшмукувачот за прав (види слика А)
При брусењето секогаш приключете го вшмукувачот за прав.
За да го монтирате вшмукувачот за прав 17 (опрема) извадете го алатот за вметнување.
По потреба склопете ги деловите на вшмукувачот за прав 17 како што е прикажано на сликата. Поставете го монтираниот вшмукувач за прав на прифатот за алат 9 на електричниот апарат. Свртете го вшмукувачот за прав така што запците на вшмукувачот їе се вклопат во соодветните жлебови на кукиштето. Прицврстете го вшмукувачот за прав, како што е прикажано на сликата, со стеги 15 на електричниот апарат.
Внимавајте филц прстенот 14 да е неоштетен и да дихтува на основната брусна плоча 12. Веднаш заменете го оштетениот филц прстен.
Ставете едно црево за вшмукување 18 (опрема), во зависност од моделот, или директно на приклучоците за вшмукување 16 или исечете го стариот краен дел на цревото, завртете го адаптерот за вшмукување 19 (опрема) на крајот на цревото и потоа директно ставете го на приклучоците за вшмукување 16. Поврзете го цревото за вшмукување 18 со вшмукувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
▶ Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на електричниот апарат.
Наполнетата батерија ставете ја 5 од задната страна навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред, така што на прекинувачот ће се појави „I“.
За исклучување на електричниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на келиите (ЕСР)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ке се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Напомена: Доколку електричниот апарат автоматски се исклучи поради испразнета или прегреана батерија, тогаш исключете го со прекинувачот за вклучување/исклучување 1. Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот апарат да се излади, пред повторно да го включите. Инаку батеријата може да се оштети.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 4 може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на апаратот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација 2 на електричниот апарат за време на работата, инаку се намалува рокот на употреба на електричниот апарат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување осцилира до 20000 пати по минута 2,8°. Ова овозможува прецизно работење на тесен простор.

Работење со мал или еднаков притисок, инаку работниот учинок єе се влоши и алатот што се вметнува може да се блокира.

За време на работата движете го електричниот апарат напред-назад, за да не се загрее премногу алатот што се вметнува и да не се блокира.
Сечење
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
▶ Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат само материјали како дрво, гипс картон исл. !
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туғи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
Доколку има, отстранете ги или употребете биметални листови за сечење.
Сечење
Напомена: При сечењето на сидни плочки внимавајте на тоа дека електричните апарати се изабуваат по долготрајна употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изворот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.
За прецизно брусење на юшеви, рабови и тешко достапни места може да работите со врвот или еден раб од основната брусна плоча.
При селективно брусење брусниот лист може многу да се затопли. Намалете го бројот на осцилации и притисокот на површината и оставајте го брусниот лист да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
При брусењето секогаш приключете го вшмукувачот за прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на осцилации.
Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и намален притисок на површината. Инаку стругачот може да ја исече подлогата.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако їе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исключете го електричниот апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го електричниот уред.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Редовно чистете ги Riff-алатите за вметнување (опрема) со жичана четка.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ўубре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:

text_image
Li-Ion LiЛитиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 178.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate

UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti kod pridržavanja upozo-






