BOSCH GLL 215 Professional - Ласерски покажувач

GLL 215 Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 215 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 329 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GLL 215 Professional - page 202
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL 215 Professional

Категорија : Ласерски покажувач

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 215 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 215 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 215 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. u Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна). u Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите

u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. u Не правете промени на ласерскиот уред.u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето

u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со Bosch Power Tools 1 609 92A 8E9 | (20.03.2023)202 | Македонски оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди. u Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии, како и точки на вертикалата. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор. Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN50689. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1) Излезен отвор за ласерскиот зрак (2) Предупредување за батеријата (3) Приказ осцилаторна блокада (4) Копче за режимот на работа Ласерска точка (5) Копче за режимот на работа Ласерска линија (6) Капак на преградата за батерии (7) Фиксирање на капакот од преградата за батерии (8) Водечки жлеб (9) Прекинувач за вклучување/исклучување (10) Прифат на стативот 1/4" (11) Прифат на стативот 5/8" (12) Сериски број (13) Натпис за предупредување на ласерот (14) Ротационен држач (RM1) (15) Шина-водилка (16) Издолжени отвори за прицврстување (17)

(20) Ласерска целна табла

(26) Ласерски заштитни очила

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Точкест и линиски ласер GCL 2-15 GCL 2-15 G Број на дел 3 601 K66 E.. 3 601 K66 J.. Работно поле

Класа на ласер 2 2 Ласерска линија – Тип на ласер <1mW, 630–650nm <10mW, 500–540nm – Боја на ласерскиот зрак Црвена Зелена – C₆ 1 10 – Отстапување 0,5mrad (целосен агол) 50×10mrad (целосен агол) Ласерска точка – Тип на ласер <1mW, 630–650nm <1mW, 630–650nm – Боја на ласерскиот зрак Црвена Црвена – C₆ 1 1 – Отстапување 0,8mrad (целосен агол) 0,8mrad (целосен агол) Прифат за стативот 1/4", 5/8" 1/4", 5/8" Батерии 3×1,5VLR6(AA) 3×1,5VLR6(AA) Времетраење на режимот на работа

кај 20–25°C C) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста. D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. Серискиот број (12) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Ставање/менување на батерии За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии. За отворање на поклопецот на преградата за батерии(6) притиснете на блокадата(7) и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Доколку батериите се слаби, предупредувањето за батерија(2) трепка зелено. Дополнително трепкаат ласерските линии на секои 10min по околу 5s. По првото трепкање, мерниот уред може да се користи уште околу 1h. Доколку се испразнат батериите, ласерските линии трепкаат уште еднаш директно пред автоматското исклучување. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. Bosch Power Tools 1 609 92A 8E9 | (20.03.2023)204 | Македонски u Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се

Работење со ротациониот држачRM1 (видисликиA1–A3) Со помош на ротациониот држач(14) можете да го вртите мерниот уред околу централната и секогаш видливата точка на вертикалата за 360°. Со тоа се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред. Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб(8) на шината водилка(15) на ротациониот држач(14) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата. За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротациониот држач. Можности за позиционирање на ротациониот држач: – во исправена положба на рамна површина, – прицврстен на вертикална површина, – поврзана со таванска стега(18) на метални тавански

– со помош на магнет(17) на метални површини. u Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Ставање во употреба u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци. u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница206). При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се

u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница206). u Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења. Вклучување/исклучување За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(9) во позиција On (за работење со осцилаторна блокада) или во позиција On (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори(1). u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира. u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50°C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се

Автоматика на исклучување Доколку околу 120мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите. За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското исклучување, може или прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување(9) во позиција „Off“ и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на работа Ласерска точка(4) или на копчето за режим на работа Ласерска линија(5). Деактивирање на автоматиката за исклучување За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато (при вклучен мерен уред) копчето за режим на работа Ласерска линија(5) најмалку 3s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда. Напомена: Ако работната температура ја надминува 45°C, автоматиката за исклучување не може да се деактивира. За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го. Подесување на режимот на работа Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време: – Режим на вкрстени линии и точкест режим: Мерниот уред произведува хоризонтална и вертикална ласерска линија нанапред, како и вертикална ласерска точка нагоре и надолу. Ласерските линии се вкрстуваат под агол од 90°. – Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред произведува хоризонтална ласерска линија нанапред. 1 609 92A 8E9 | (20.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 205 – Вертикален линиски режим: Мерниот уред произведува вертикална ласерска линија нанапред. При позиционирање на мерниот уред во соба, вертикалната ласерска линија ќе покажува на таванот над горната ласерска линија. При позиционирање на мерниот уред директно на ѕид, вертикалната ласерска линија произведува речиси целосна кружна ласерска линија (360°-линија). – Точкест режим: Мерниот уред произведува вертикална ласерска точка нагоре и надолу. Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада, освен точкестиот режим. Работење со автоматика за нивелирање Редослед на чекорите за работа Хоризонтален линиски режим

Прекинувач за вклучување/ исклучување(9) во позиција „ On“

Режим на вкрстени линии 1× притискање на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

2× притискања на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

3× притискања на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

4× притискања на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

Режим на вкрстени линии Независно од поставката на линискиот режим, може точкестиот режим да се активира или деактивира: 1× притискање на копчето за режимот на работа Ласерска точка(4)

2× притискање на копчето за режимот на работа Ласерска точка(4)

Ако мерниот уред се наоѓа надвор од опсегот на самонивелирање, ласерските линии и/или точки трепкаат

Ако за време на работата со автоматика за нивелирање го промените режимот во „Работење со осцилаторна блокада“ (прекинувач за вклучување/исклучување(9) во позиција On), секогаш се активира првата можност за комбинација на приказите на овој режим. Работа со осцилаторна блокада Редослед на чекорите за работа Хоризонтален линиски режим

Прекинувач за вклучување/ исклучување(9) во позиција „ On“

Режим на вкрстени линии 1× притискање на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

2× притискања на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

3× притискања на копчето за режимот на работа Ласерска линија(5)

Режим на вкрстени линии Во режимот „работење со осцилаторна блокада“, ласерските линии трепкаат непрекинато црвено во бавен

Ако за време на работата со осцилаторна блокада го промените режимот во „Работење со автоматика за нивелирање“ (прекинувач за вклучување/ исклучување(9) во позиција On), секогаш се активира првата можност за комбинација на приказите на овој режим. Автоматика за нивелирање Работење со автоматика за нивелирање (видисликиB1–E1) Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на ротациониот држач(14). За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) во позиција „ On“. Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање  од ±4°. Штом ќе престанат да трепкаат ласерските зраци, мерниот уред е изнивелиран. Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од4° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат брзо. Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато. При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување. Работење со осцилаторна блокада (видисликаF1) За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(9) во позиција „ On“. Приказот осцилаторна блокада(3) свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт. При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга. Контрола на точноста на мерниот уред Влијанија на точноста Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак. Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина. Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето. Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија. Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch. Проверка на точноста на висината на хоризонталната

За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5m на цврста подлога помеѓу два ѕида A иB. – Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидотA на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.

5 m – Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ). 1 609 92A 8E9 | (20.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 207

180° – Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ). – Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на ѕидот A, така што вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе означената точка Ⅰ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на ѕидот A (точка Ⅲ). – Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред. На мерна линија од 2×5m=10m максималното дозволено отстапување изнесува: 10m×±0,3mm/m=±3mm. Разликата d меѓу точкитеⅠ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 3mm. Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5×5m. – Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу ѕидовитеA и B на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Изберете го хоризонталниот линиски режим со автоматика за нивелирање и нивелирајте го мерниот уред. 2,5 m 5,0 m

– На 2,5m растојание од мерниот уред, на двата ѕида означете ја средината на ласерската линија (точкаⅠ на ѕидотA и точкаⅡ на ѕидотB). 2,5 m

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5m растојание и оставете го да се нивелира. – Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точкаⅡ на ѕидотB. – На ѕидот A обележете ја средината на ласерската линија како точкаⅢ (вертикално над или под

– Разликата d на двете означени точкиⅠ и Ⅲ на ѕидотA го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата. На мерна линија од 2×5m=10m го дава максималното дозволено отстапување: Bosch Power Tools 1 609 92A 8E9 | (20.03.2023)208 | Македонски 10m×±0,3mm/m=±3mm. Разликата d меѓу точкитеⅠ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 3mm. Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m. – Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Изберете го вертикалниот линиски режим со автоматиката за нивелирање. Насочете ја ласерската линија на отворот од вратата и оставете го мерниот уред да нивелира. 2,5 m 2,5 m – Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот

2 m – Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ. – Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ. – Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии. – Измерете ја висината на отворот од вратата. Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин: двојна висина на отворот на вратата ×0,3mm/m Пример: При висина на отворот на вратата од 2m максималното отстапување смее да изнесува 2×2m×±0,3mm/m=±1,2mm. ТочкитеⅢ и Ⅳ смеат да лежат најмногу 1,2mm една од друга. Проверка на точноста на ласерскиот сноп За проверката потребна ви е слободна мерна линија на цврста подлога со растојание од околу 5m помеѓу подот и плафонот. – Монтирајте го мерниот уред на ротациониот држач(14) и поставете го на подот. Изберете го точкестиот режим и оставете го мерниот уред да се

5 m – Означете ја средината на горната ласерска точка на плафонот (точкаⅠ). Освен тоа, обележете ја средината на долната ласерска точка на подот (точкаⅡ).

180° – Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на тој начин, што средината на долната ласерска точка ќе лежи на веќе обележаната точкаⅡ. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на горната ласерска точка (точкаⅢ). – Разликата d на двете означени точкиⅠ иⅢ на плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии. Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин: двојно растојание меѓу подот и плафонот×0,7mm/m. 1 609 92A 8E9 | (20.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 209 Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5m максималното отстапување смее да изнесува 2×5m×±0,7mm/m=±7mm. ТочкитеⅠ иⅢ смеат да лежат најмногу 7mm една од друга. Совети при работењето u За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието. Работење со статив (опрема) Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (10) на навојот на стативот (23) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (11). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот. Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред. Прицврстете со универзален држач (опрема) (видисликаG) Со помош на универзалниот држач(19) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот

u Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават. Грубо центрирајте го универзалниот држач (19), пред да го вклучите мерниот уред. Работење со целна табла за ласерот (видисликиG) Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија. Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот(20) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на

Ласерски заштитни очила (опрема) Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето

Примери за работа (видисликиB2–F2, GиH) Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе најдете на графичките страници. Одржување и сервис Одржување и чистење Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете