BOSCH GPB 18V1 C Professional - Радио

GPB 18V1 C Professional - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPB 18V1 C Professional BOSCH во PDF формат.

📄 335 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GPB 18V1 C Professional - page 225
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GPB 18V1 C Professional

Категорија : Радио

Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPB 18V1 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPB 18V1 C Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPB 18V1 C Professional BOSCH

Безбедносни напомени Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. u Проверете го звучникот пред секоја употреба. Не користете го ако забележите каква било штета. Не отворајте го сами звучникот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал, кој користи само оригинални резервни делови. Оштетени звучници го зголемуваат ризикот од електричен удар. u Поставете го звучникот на умерена јачина за подолга употреба. Големата јачина на звук во подолг временски период може да доведе до оштетување на

u Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух Bosch Power Tools 1 609 92A A7S | (16.04.2025)226 | Македонски и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се

u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. u Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар. Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува соRobertBosch PowerToolsGmbH лиценца. Опис на производот и перформансите Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа. Употреба со соодветна намена Звучникот е наменет да пушта аудиосигнали од извори поврзани преку Bluetooth® или Multi-Speaker Sound. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на звучникот на графичката страница. 1 609 92A A7S | (16.04.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 227 (1) Копче Bluetooth® (2) Копче за вклучување/исклучување (3) Приказ за статус (4) Копче за Multi-Speaker Sound (5) Копче за зголемување на гласноста (6) Копче за репродукција/пауза (7) Копче за намалување на гласноста (8) Рачка за носење (9)

(10) Рачка за заклучување на капакот за батерија

(11) Капак за батерија

(12) Прифат за батеријата (13) Копче за отклучување на батерија

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. b) USBType‑C® и USB‑C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum. Технички податоци Bluetooth® звучник

Број на дел 3601DA70.. Номинална моќност на звучникот W 11 Bluetooth® – Компатибилност Bluetooth® 5.4 – Опсег на оперативна фреквенција MHz 2402−2480 – Макс. јачина на пренос mW 8 Макс. струја за полнење (напојување за надворешни уреди преку USBType‑C®) A 3

Излезен напон V 12 Работно поле на излезна струја A 1,55 Препорачана излезна моќност за целосна функционалност

Во режим на батерија и со затворен капак на батеријата(11) C) Ако моќноста на мрежниот напојувач е премала, звучникот се исклучува. Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Напојување со енергија Звучникот може да се напојува со еднаBosch литиум-јонска батерија(14) или со стандарден USBType‑C®-мрежен напојувач со Power Delivery (USB‑PD). Штом звучникот се приклучи на напојувањето преку мрежниот напојувач, напојувањето се снабдува преку мрежниот напојувач, дури и ако батеријата е

Работа со литиум-јонска батерија Bosch продава батериски звучник без акумулаторска батерија. Од пакувањето може да дознаете дали со вашиот звучник е вклучена батерија. 1 609 92A A7S | (16.04.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 229 u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за вашиот

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Вметнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија(12), додека не се

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во звучникот, таа се држи во позиција со помош на

Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на акумулаторската батерија Ако ја извадите акумулаторската батерија од 18 V од звучникот, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост. Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Bosch Power Tools 1 609 92A A7S | (16.04.2025)230 | Македонски Вид батерија ProCORE18V…| EXPERT18V…| EXBA18V…| CORE18V… LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Откривање ризик од дефект на батеријата

EXPERT18V…| EXBA18V…

LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата. За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост 3секунди. Анализата на батеријата се сигнализира со вклучено светло на приказот за наполнетост на батеријата. Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата. 1LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на траење можеби веќе се намалени. Се препорачува да се замени батеријата. 5LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти. Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на состојбата. Батеријата или е оценета во добра состојба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата. Покривање на батеријата Ако не е поврзан кабел на USB Type‑C®-конекторот(15), може да ги заштитите звучникот и батеријата од прашина и капки вода со капакот за батерија(11). Вратете го капакот на батеријата(11) и затворете го со помош на лостот за блокирање(10). 1 609 92A A7S | (16.04.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 231 За да ја смените батеријата или да работите со уредот со мрежен напојувач, отворете го лостот за блокирање(10) на капакот за батерија и извадете го капакот(11). Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Режим на работа со мрежен напојувач u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот

u За мрежното работење користете само еден USBType‑C®-мрежен напојувач со Power Delivery (USB‑PD). Излезниот напон, минималната излезна струја и излезната моќност мора да ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за употреба на мрежниот напојувач. Звучникот може да се оштети ако се користат други мрежни напојувачи. Ако моќноста на мрежниот напојувач е премала, звучникот се

Отворете го капакот на USB Type‑C®-конекторот(15). Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со USB Type‑C®-конектор(15) на звучникот. Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа. За да се заштитите од контаминација, затворете го капакот на USB Type‑C®- конекторот(15) кога ќе го извадите кабелот од мрежниот напојувач.

u Заштитете го звучникот од директен контакт со вода. Навлегувањето на вода во звучникот го зголемува ризикот од струен удар. u Чувајте го капакот за батеријата и капакот за USB Type‑C®-конекторот затворени, ако е можно. Затворените капаци го штитат звучникот од вода и

Bosch Power Tools 1 609 92A A7S | (16.04.2025)232 | Македонски Режим на аудио Регулирање на вклучување/исклучување и јачина на звук За вклучување на звучникот, притискајте го копчето за вклучување/ исклучување(2), додека приказот за статус(3) накратко не светне зелено. За исклучување на звучникот, притискајте го копчето за вклучување/ исклучување(2), додека приказот за статус(3) не се изгасне. Звучникот автоматски ќе се исклучи по 20минути ако во тој период не може да се воспостави врска преку Bluetooth® или Multi-Speaker Sound. За приспособување на јачината на звукот, притиснете го копчето за зголемување(5) или за намалување на јачината(7) накратко додека не се достигне саканата јачина. По вклучувањето на звучникот секогаш се поставува мала јачина на

Преглед за аудио функции Звучникот ги има следниве аудио функции: – Репродукција од уреди поврзани со Bluetooth® (стандардно поставено) – Репродукција преку Multi-Speaker Sound – Пренос на тековната репродукција преку Bluetooth® преку Multi-Speaker Sound на други уреди со оваа функција Тековната аудиофункција може да се види на приказот за статус(3): – Сина боја: репродукција на Bluetooth® сигнал – Светло сина: репродукција на Multi-Speaker Stream – Виолетова боја: пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound Репродукција/управување на надворешни аудио извори преку Bluetooth® По вклучување на звучникот, репродукцијата преку Bluetooth® е стандардно поставена. За да се префрлите од друга аудио функција на Bluetooth®, кратко притиснете го копчето Bluetooth®(1). – Повторно воспоставување врска: започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постоечката врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор. За таа цел, притискајте на копчето Bluetooth®(1) подолго од 0,5s. За време на пребарувањето, приказот за статус(3) трепка сино со брзо темпо. Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Звучникот се појавува како достапен уред под името GPB18V‑1Cxxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон. 1 609 92A A7S | (16.04.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 233 – Повторно поврзување: ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор преку (напр. паметен телефон) преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Додека се воспоставува врската, приказот за статус(3) трепка сино со бавно темпо. Ако зачуваниот аудио извор не е достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2минути. Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и приказот за статус(3) свети постојано во сина боја. Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20минути. Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува преку звучник: – За да отидете на претходната или следната песна, притискајте го копчето за намалување(7) или копчето за зголемување на јачината на звукот(5) повеќе од 0,5s. – За да ја стартувате репродукцијата, да ја прекинете или да ја продолжите, притиснете на копчето за репродукција/пауза(6). Репродуцирајте надворешни аудио извори преку Multi-Speaker Sound За да се префрлите од друг аудио извор за репродукција преку Multi-Speaker Sound, кратко притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound(4). Додека трае пребарувањето за поврзување, приказот за статус(3) трепка светлосино. Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и приказот за статус свети во светлосина боја. Јачината на звукот меѓу изворот на звук и звучникот се синхронизира (аудиоизворот ја одредува јачината на звукот) додека не се промени јачината на звукот на звучникот. За да ја вратите синхронизацијата на јачината на звукот, рестартирајте ја врската преку Multi-Speaker Sound. За да го направите ова, накратко притиснете го копчето Multi-Speaker Sound(4). Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20минути. Пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound Ако аудиоизворот се репродуцира преку Bluetooth®, оваа репродукција може да се пренасочи на други уреди со функцијата Multi-Speaker Sound (напр. GPB18VH‑6SRC). За таа цел притискајте на копчето за Multi-Speaker Sound(4) подолго од 0,5s. За потврда, свети средната приказот за статус(3) во виолетова боја и се огласува звучен сигнал. За прекинување на преносот преку Multi-Speaker Sound, притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound(4) подолго од 0,5s. За потврда се огласува звучен сигнал. Bosch Power Tools 1 609 92A A7S | (16.04.2025)234 | Македонски Преносот преку Multi-Speaker Sound се прекинува и кога звучникот ќе почне повторно да воспоставува врска преку Bluetooth®. Напојување со енергија на надворешни уреди Полнење на надворешните уреди преку USB-приклучокот Со помош на USBType‑C®-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (напр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува3A. Отворете го капакот на USB Type‑C®-конекторот(15). Поврзете го надворешниот уред со соодветен кабел со USB Type‑C®-конектор(15) на звучникот. Надворешните уреди може да се полнат само кога звучникот работи на батерија и е

За да се заштитите од контаминација, затворете го капакот на USB Type‑C®- конекторот(15), кога ќе го извадите кабелот за полнење. Одржување и сервис Одржување и чистење Одржувајте го звучникот чист за да работи добро и безбедно. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Сервисна служба и совети при користење Северна Македонија Тел.: 02/ 246 76 10 Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Отстранување Електричните уреди, акумулаторските батерии/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. 1 609 92A A7S | (16.04.2025) Bosch Power ToolsShqip | 235 Не ги фрлајте електричните уреди и батериите во домашната канта за

Само за земјите од ЕУ: Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веќе не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни