GPB 18VH-6 SRC Professional - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPB 18VH-6 SRC Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Градежно радио |
| Марка | Bosch |
| Модел | GPB 18VH-6 SRC Professional |
| Тежина (без батерија и кабел) | 8,4 kg |
| Напојување од мрежа | 220-240 V, 50-60 Hz |
| Напојување од батерија | Литиум-јонски батерии Bosch 18 V или 12 V (партнери AMPShare) |
| Аудио моќ | 2 × 24 W (средни тонови) + 40 W (ниски тонови) |
| Радио прием | DAB+ (174,928-239,200 MHz) и FM (87,5-108 MHz) |
| Bluetooth | Верзија 5.4 |
| AUX влез | 3,5 mm |
| USB порт (надворешно полнење) | USB Type-C, 1,5 A |
| Вградено полнење на батерија | Полни батерии Bosch 18V/12V (макс. 2,0 A) |
| Степен на заштита | IP54 (заштитено од прскање вода и прашина) |
| Аудио функции | Станици DAB+/FM, Bluetooth, AUX, Multi-Speaker Stream, 10 мемории, подесувања на тонот |
| Екран | Со мултифункционален дисплеј |
| Прицврстување L-BOXX | Да (компатибилен со кутии L-BOXX) |
| Вклучен додаток | Монтирачки отворач за шишиња |
| Резервни батерии | 2 × 1,5 V LR03 (AAA) за меморија на времето |
| Работна температура | -20 до +40 °C |
| Сервис по продажба | Франција: 09 70 82 12 26, sav.outillage-electroportatif@fr.bosch.com |
Често поставувани прашања - GPB 18VH-6 SRC Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GPB 18VH-6 SRC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPB 18VH-6 SRC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPB 18VH-6 SRC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPB 18VH-6 SRC Professional BOSCH
Оригинално упатство за работа
Оригинално упатство за работа
Оригинално упатство за работа
Оригинално упатство за работа
Македонски...... Страница 180
Српски ...... Страна 188
Словенечки ....Страна 196
Хрватски ....Страница 203
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат на непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Ова радио не е предвидено за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или ментални способности или недоволно искуство и знаење. Ова радио може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со радиото и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди. ▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со радиото. ▶ Полнете само Bosch литиум-јонски батерии или батерии од AMPShare-партнерот со капацитет од 1,5 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на радиото. Полнете само батерии за повторно полнење. Инаку постои опасност од пожар и експлозија. ▶ Одржувајте ја чистотата на радиото. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар. ▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој. ▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. ▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. ▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот или AMPShare-партнерот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. ▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Пред секое користење, проверете го радиото, кабелот и приклучокот. Не го користете радиото, доколку забележите оштетувања. Не ги отворајте сами радиото и приклучокот и оставете ги на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетеното радио, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар. ▶ Мрежниот приклучок мора да одговара на приклучницата. Приклучокот не смее во никој случај да се замени. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со радиото. Неменувањето на прекинувачот и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од електричен удар. ▶ Не го користите кабелот за други намени, како на пример, за да го носите радиото, за да го закачите или да го влечете приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижните делови на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.

Држете го мрежниот приклучок подалеку од дожд или влага за време на работата на струја. Контактот со вода или влага го зголемува ризикот од електричен удар или краток спој.
▶ Поставете го радиото на умерена јачина на звук за подолги периоди на употреба. Големата јачина на звук во подолг временски период може да доведе до оштетување на слухот.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.
▶ Заштитете го радиото од директен контакт со вода. Навлегувањето на вода во радиото го зголемува ризикот од електричен удар. Држете го капакот за преградата за батерии и заштитното капаче на преградата за приклучокот што е можно позатворени. Затворените капаци го штитат радиото од вода и прав.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Радиото е дизајнирано да репродуцира радио програми во различни фреквентни опсези и да репродуцира аудио сигнали од поврзани извори или извори поврзани преку Bluetooth®.
Радиото е дизајнирано за полнење Bosch литиум-јонски батерии што може да се полнат или оние на AMPShare-партнер. Надворешните уреди може да се полнат и преку USB Output Type-C приклучок.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на радиото на графичката страница.
(1) Рачка за носење (2) Екран (3) Звучник (4) L-BOXX заклучување (5) Копче за јачина на звук (6) Копчиња за зачувување на програмата (7) Копче Bluetooth® (8) ОК копче (9) Копче за поставки (10) Копче за пребарување нанапред (11) Копче за вклучување/исклучување (12) Копче за пребарување наназад
(13) Копче за аудио извор (14) AUX-приклучок (15) USB Output Type-C приклучок за надворешни уреди (16) Стапчеста антена (17) Капак за преграда за акумулаторска батерија (18) Рачка за заклучување на капакот за акумулаторска батерија (19) Завртки за фиксирање за отворач за шишиња (20) Отворач за шишиња (21) Преграда за приклучок (22) Прифат за акумулаторска батерија од 12 V (23) Капак за преградата за батерија (24) Фиксирање на капакот за преградата за батерија (25) Батерија a) (26) Копче за отклучување на батерија a) (27) Рачка за отклучување на батеријата (28) Прифат за акумулаторска батерија од 18 V (29) AUX-кабел a)
a) Овие додатоци не се вклучени во стандардниот опсег на испорака.
Елементи на приказ
(a) Приказ за исклучување на звукот (b) Приказ за пауза (c) Приказ за подесување на бојата на звукот (d) Приказ за случајна репродукција (e) Приказ за аудио извор (f) Приказ за пренос Multi-Speaker Stream (g) Приказ за место на зачувување (h) Приказ за режим на струја (i) Приказ за грешка при режим на полнење на батеријата (j) Приказ за наполнетост на батеријата (k) Статусна лента (l) Мултифункционален приказ
Технички податоци
| Радио за градилиште GPB 18VH-6 SRC | ||
| Број на дел | 3 601 DA6 2.. | |
| Номинална моćност по звучник со среден опсег | W | 24 |
| Номинална моćност на бас звучник | W | 40 |
| Приемно поле DAB+ MHz 174,928– | 239,200 | |
| Приемно поле FM MHz 87,5–108 | ||
| Bluetooth® | ||
| – Компатибилност Bluetooth® 5.4 | ||
Радио за градилиште GPB 18VH-6 SRC
| – Опсег на оперативна фреквенција | MHz 2402–2480 |
| – Макс. јачина на пренос mW 8 | |
| Напојување со енергија | |
| – Работа на струја | |
| ▪ Напон V 220–240 | |
| ▪ Фреквенција Hz 50–60 | |
| ▪ Макс. потрошувачка на струја | A 2,5 |
| – БатеријаGBA 18V.../ProCORE18V... | V 18 |
| – Батерија GBA 12V... V 12 | |
| Батерии за резервно напојување | V 2 × 1,5 VLR03 (AAA) |
| Макс. струја за полнење USB Output Type-C приклучок | A 1,5 |
| Макс. струја за полнење на литиум-јонска батерија A) | A 2,0 |
| Напон на полнење на литиум-јонска батерија (автоматско препознавање на напон) | V= 10,8–18 |
| Тежина B) | kg 8,4 |
| Вид на заштита C) | |
| Класа на заштита | |
| препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена температура на батеријата при полнење | °C 0 ... +45 |
| дозволена околна температура при работа | °C -20 ... +40 |
| дозволена околна температура при работење и при складирање | °C -20 ... +50 |
| препорачани акумулаторски батерии од 18 V | |
| препорачани полначи за акумулаторски батерии 18 V | |
| препорачани акумулаторски батерии од 12 V | |
| препорачани полначи за акумулаторски батерии 12 V |
A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
В) Тежина без мрежен кабел, мрежен приклучок и батерија
C) при работа на батерии и со затворен капак за преградата за батерии (17) и затворена преграда за приклучок (21)
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Снабдување на радиото со енергија
Радиото може да се напојува со енергија преку:
- Мрежен напојувач, – Литиум-јонска батерија од 18 V (GBA 18V.../ProCORE18V.... или батерии од 18 V на AMPShare-партнер), – Литиум-јонска батерија 12 V (GBA 12V...).
Штом радиото е поврзано со електричната мрежа преку мрежен приклучок, напојувањето се врши преку мрежниот приклучок дури и кога е ставена батеријата. Вметнатата батерија автоматски се полни во овој случај.
Работа со мрежен напојувач
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на радиото.
При режим со мрежен приклучок, на екранот се прикажува режим на струја (h).
Bosch продава радија дури и без батерии. Од пакувањето може да дознаете дали со вашето радио е вклучена батерија.
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија која се користи за Вашето радио.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Отворете ја рачката за заклучување (18) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (17).
При користење на батерија од 18 V, турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (28) додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 18 V, повлечете ја рачката за отклучување на батеријата (27) така што батеријата ќе се отклучи и извади. Притоа не употребувајте сила.
При користење на батерија од 12 V, турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (22) додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 12 V, притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија (26) и извлечете ја батеријата од прифатот за батерии. Притоа не употребувајте сила. Затворете го капакот за преградата за батерии (17) и заклучете го.
Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, состојбата на наполнетост на батеријата (25) може да ја видите на екранот (2).
Ако батеријата од 18 V се извади од радиото, може да ја прикажете и состојбата на наполнетост на батеријата.
Приказ за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија на екранот
Приказот за состојбата на наполнетост на батеријата (j) се појавува на приказот, доколку е вметната батерија.
Режим на батерија:
Приказ Капацитет
| 80-100% | |
| 60-80% | |
| 40-60% | |
| 20-40% | |
| 5-20% | |
| 0-5% |
Режим на струја:
Штом ќе се стави батерија за време на режимот на струја, таа се полни. Напредокот на полнењето може да се види на приказот за состојбата на наполнетост на батеријата (j) (последната лента на екранот трепка).
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија од 18 V
Ако ја извадите акумулаторската батерија од 18 V од радиото, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата или , за да се прикаже наполнетоста.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пример во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ставање/менување на резервни батерии
Батериите за резервно напојување мора да ги ставите за зачувување на времето на часовникот на радиото. Притоа се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Отворете ја рачката за заклучување (18) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (17).
Доколку е потребно, извадете ја акумулаторската батерија (25).
За отворање на капакот од преградата за батерии (23), притиснете на механизмот за заклучување (24) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги испорачаните резервни батерии.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Повторно ставете го капакот од преградата за батерии (23).
"REPLACE AAA BATTERY WHEN UNIT NO LONGER KEEPS CORRECT TIME": Заменете ги резервните батерии, доколку времето на радиото не може да се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Извадете ги резервните батерии од радиото доколку не сте го користеле подолг период. Доколку подолго време се чуваат во радиото, резервните батерии може да кородираат и да се испразнат.
Монтажа
Монтирање на отворач за шишиња
Отворачот за шишиња (20) монтирајте го на радиото и користете го за да отворите шишиња со крупести капачиња.
Олабавете ги двете завртки на куќиштето што се наоѓаат на местото на монтирање. Завртете го отворачот за шишиња (20) со испорачаните завртки за прицврстување (19) (видете ја илустрацијата на страницата со графика).
Прицврстување на радиото на L-BOXX
За да прикачите L-BOXX под радиото, оставете да се вклопат L-BOXX-заклучувањата (4) на радиото на двете страни во L-BOXX. За да ги ослободите, притиснете ги L-BOXX-заклучувањата од двете страни навнатре.
Напомена: ако радиото се подигне заедно со L-BOXX, тежината на L-BOXX смее да изнесува максимум 40 kg.
Режим на аудио
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11). Екранот се активира (2) и се репродуцира аудио изворот поставен при последното исклучување на радиото.
Важните поставки за радиото постојано се прикажуваат во статусната лента (k) на екранот.
Ако не се притисне копче на радиото 2 min, на мултифункционалниот приказ (I) се прикажува само тековното време. По притискање на кое било копче, екранот повторно го прикажува проширениот приказ.
За исклучување на радиото, притискајте на копчето за вклучување/исклучување (11) додека не се исклучи екранот. Актуелната поставка на аудио изворот се зачувува.
Радиото автоматски се исклучува по 20 минути кога во ова време:
– не може да се воспостави врска преку Bluetooth® – не е пронајден пренос при репродукција преку Multi-Speaker Sound, – нема репродукција преку други медиуми (или репродукцијата е паузирана).
Подесување на јачината на звукот
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска јачина на звукот.
За да ја зголемите јачината на звукот, свртете го копчето за јачина на звук (5) во насока на стрелките од часовникот, а за намалување – во спротивна насока. Поставената јачина на звукот се прикажува на екранот неколку секунди.
За исклучување на звукот, кратко притиснете го копчето за јачина на звук (5). На екранот се прикажува симболот за исклучен звук (a).
За повторно вклучување на звукот, кратко притиснете го копчето за јачина на звук или свртете го.
Промена на поставки
Навигирајте низ различните менија на радиото:
– Лизгајте низ менито или променете ја вредноста (на пример, осветленоста на екранот): свртете го копчето ОК (8). – Потврдете го означениот избор (црно на бела позадина): притиснете го копчето ОК (8). – Префрлете се на означеното подмени: притиснете го копчето ОК (8). – Вратете се од подмени на повисоко мени: изберете (назад) и потврдете со притискање на копчето ОК (8) или притиснете го копчето за пребарување надолу (12). – Со (Да) можете да започнете процес, а со (Не) да го прекинете.
Дополнителни информации за поставките може да најдете во поглавјето за менито (видете „Мени за поставки“, страница 186).
Ако не се притисне копче во менито 10 секунди, радиото се враќа во аудио режим.
Избор на аудио извор
За да го поставите аудио изворот, притиснете го копчето за избор на аудио извор (13).
Достапни се следните аудио извори:
- : дигитално радио преку DAB+,
- : аналогно радио преку FM,
- : надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) со врска преку Bluetooth®,
- : репродукција на Multi-Speaker Stream преку поврзување со Bluetooth®,
- : надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер) преку 3,5 mm конектор AUX (14) во преградата за приклучок.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот аудио извор (e).
Ако е со соодветна големина, може да го складирате поврзаниот уред (на пр. паметен телефон) во жлебот на рачката за носење (1).
Напомена: имајте предвид дека уредите кои се премногу мали или премногу големи може да испаднат од жлебот.
Поставување/зачувување на DAB+ радио станица
Изберете како аудио извор. Доколку е достапно, се репродуцира последната поставена DAB+ станица. Името на станицата се појавува во горната линија на мултифункционалниот приказ (I), во долната линија се прикажува содржината што ја пренесува радио станицата.
– За промена на станицата свртете го копчето ОК (8) и изберете ја саканата станица, или притиснете го копчето за пребарување надолу (12) или копчето за пребарување нагоре (10). – За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма (6) на саканото
место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (g).
– За репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (6). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (g).
Ако не може да се пронајде DAB+ радио станица, се појавува (не е пронајдена DAB+ станица – стартувајте автоматско пребарување) во мултифункционалниот приказ (I).
Во овој случај или во случај на проблеми со приемот, стартувајте го пребарувањето на DAB+ станицата:
Притиснете го копчето ОК (8). Алтернативно, можете исто така да го притиснете копчето за поставки (9) и да изберете (автоматско пребарување на DAB+). На екранот се појавува (Дали сакате да го стартувате пребарувањето на DAB+?). Со (Да) можете да го започнете пребарувањето или со (Не) да се вратите без промена. Напомена: станиците кои се веќе зачувани преку копчињата за меморија на програмите (6) се бришат при пребарувањето на станиците.
Поставување/зачувување на FM-радиостаница
Изберете како аудио извор. Се репродуцира последната поставена FM фреквенција. Фреквенцијата и името на станицата се појавуваат во горната линија на мултифункционалниот приказ (I), во долната линија се прикажува содржината што ја пренесува радиостаницата.
- За промена на фреквенцијата, свртете го копчето ОК (8) додека на екранот не се прикаже саканата фреквенција.
- За пребарување на следната станица со повисока јачина на сигнал, кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (12) или копчето за пребарување нанапред (10). Следната пронајдена станица се прикажува на екранот и се репродуцира. За зачувување на подесената станица, притиснете го копчето за зачувување на програма (6) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (g).
- За репродукција на зачувана станица, кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (6). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (g).
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена (16). За време на работењето на радиото преку FM или DAB+, свртете ја антената во правецот којшто овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место со подобар прием.
Напомена: при работење на радиото во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди или други електронски уреди, како и при режим на полнење, може да дојде до попречување на радио приемот.
Репродукција/управување на надворешни аудио извори преку Bluetooth®
Изберете како аудио извор. Може и накратко да го притиснете копчето Bluetooth® (7).
Повторно воспоставување врска: започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постоечката врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор. За таа цел, притискајте на копчето Bluetooth® (7) подолго од 0,5 s. За време на пребарувањето, симболот Bluetooth® трепка на мултифункционалниот приказ (I) со брзо темпо.
Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува како достапен извор под името
GPB 18VH-6 SRC xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.
- Повторно поврзување: ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Додека се воспоставува врската, симболот Bluetooth® трепка на мултифункционалниот приказ (I) бавно.
Ако зачуваниот аудио извор не е достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2 минути.
– Повторно воспоставување на претходна врска:
Радиото ги меморира последните 5 уреди поврзани преку Bluetooth®. За да воспоставите врска со еден од овие уреди, свртете го копчето ОК (8) и изберете го саканиот извор на аудио.
Напомена: Ако е поврзан нов уред, уредот што бил прв зачуван се брише од списокот со избор.
Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и се појавува символот во приказот за аудио извор (e). Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува и символот се гаси.
Името на уредот поврзан преку Bluetooth® се прикажува во горната линија од мултифункционалниот приказ (I). Во долниот дел се прикажува пренесениот текст од поврзаниот уред.
Започнете ја репродукцијата на аудио изворот. Аудио изворот може да се контролира и преку радио:
– За да изберете наслов, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (10) одн. копчето за пребарување наназад (12) додека не стигнете до саканиот наслов. – За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го копчето за јачина на звук (5). На екранот се појавува приказот пауза (b). – За да ја продолжите репродукцијата, притиснете го повторно копчето за јачина на звук (5) и свртете го. – За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (10) одн. копчето за пребарување наназад (12) додека не стигнете до саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се притисне едно од копчињата за зачувување на програмата (6), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.
Репродуцирајте/управувајте со надворешни аудио извори преку Multi-Speaker Sound
Multi-Speaker Sound овозможува поврзување со пренос преку Bluetooth® со колку било уреди што го поддржуваат истиот стандард (на пр. GPB 18V-6 C).
Изберете како аудио извор.
Ако е достапен Multi-Speaker Stream, автоматски се воспоставува врска со овој пренос. За време на воспоставувањето на врската трепка символот за Multi-Speaker во мултифункционалниот приказ (I). При воспоставена врска се појавува символот BO приказот за аудио извор (e).
Започнете и управувајте со репродукцијата на аудио изворот.
Ако за време на репродукцијата на пренос притиснете едно од копчињата за зачувување на програмата (6), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.
Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучокот (21) и ставете го приклучокот од 3,5 mm на AUX кабелот (29) во AUX конекторот (14). Приклучете го AUX кабелот на аудио извор кој одговара.
Изберете како аудио извор. Започнете и управувајте со репродукцијата на аудио изворот.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (21) ако го отстранувате приклучокот на AUX кабелот.
Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од копчињата за зачувување на програмата (6), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.
Пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound
Ако аудио изворот се репродуцира преку Bluetooth® или AUX, оваа репродукција може да се пренасочи на други уреди со функцијата Multi-Speaker Sound (на пр. GPB 18V-6 C).
– За започнување на преносот преку Multi-Speaker Sound притиснете го копчето за поставки (9) и изберете (стартување на Multi-Speaker Stream). – На екранот се појавува (Дали сакате да го стартувате Multi-Speaker Stream?). Со (Да) може да го започнете преносот или со (Не) да се вратите без промена.
Кога работи Multi-Speaker Stream се појавува приказот за пренос на Multi-Speaker Sound (f) на екранот.
Ако аудио изворот што се репродуцира е променет (на пр. од Bluetooth® на AUX), преносот преку Multi-Speaker Sound продолжува.
– За прекинување на преносот преку Multi-Speaker Sound притиснете го копчето за поставки (9) и изберете (прекинување на Multi-Speaker Stream). – На екранот се појавува (Дали сакате да го прекинете Multi-Speaker Stream?). Со (Да) може да го прекинете преносот или со (Не) да се вратите без промена.
Мени за поставки
За да дојдете до менито за поставки, притиснете го копчето за поставки (9).
Во менито за поставки, името на тековното мени се прикажува во статусната лента (k), поставката што може да се избере на мултифункционалниот приказ (l).
Изворот на менито делумно зависи од режимот на работа на аудио, во кој е поставено радиото.
Опции на менито:
- (за аудио извор и ) Во менито може да го стартувате Multi-Speaker Stream.
- (за пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound) Може да го прекинете тековниот Multi-Speaker Stream во менито.
- (за аудио извор ) Може да започнете пребарување на DAB+ станица во менито.
- Мени за поставки за звуци: може да изберете помеѓу следните претходни поставки за звук:
- EQ Outdoor> (надворешен простор)
- EQ Indoor> (внатрешен простор)
- (јазик)
- Ако ја изберете оваа опција, во следното мени може рачно да ги поставите височините ( ) и длабочините ( ).
- Избраната поставка за звук се појавува на екранот на приказот за претходно поставената поставка за звук (с).
-
Мени за поставки за време: може да избирате помеѓу временските формати 12 часа <12 Hour Format> и 24 часа <24 Hour Format> и да го поставите времето рачно ( ). Ако радио станица е избрана како извор на звук која го пренесува времето, тогаш автоматски се презема тоа време.
-
Мени за осветленост на екранот: може да ја поставите саканата осветленост на екранот.
-
Мени за информации за уредот: во подменито (верзија) ќе го најдете името на Bluetooth® на радиото и верзијата на софтвер и хардвер. Под (ресетирање на фабрички поставки) може да ги ресетирате поставките на менито доколку е потребно.
Режим на полнење
Ако радиото е поврзано со електричната мрежа преку мрежниот приклучок (приказот за режим на струја (h) свети во статусната лента), може да се полнат една од следните батерии: Bosch литиум-јонска батерија од 18 V, батерија од 18 V на AMPShare-партнер или Bosch литиум-јонска батерија од 12 V.
Полнењето започнува автоматски кога батеријата е вметната во радиото и радиото е вклучено. Сè додека батеријата се полни, трепка последната линија на приказот за наполнетост на батеријата (j).
Ако свети приказот за грешка за режимот на полнење на батеријата (i), присутна е грешка.
– Проверете дали батеријата е функционална, целосно вметната и да не е валкана. – Исклучете го радиото од електричната мрежа и повторно вклучете го. – Ресетирајте ги поставките на менито преку (ресетирање на фабрички поставки). - Процесот на полнење се прекинува ако температурата на батеријата е надвор од опсегот на температурата на полнење од 0 °C до 45 °C. – Ако проблемот продолжи, контактирајте со овластена Bosch сервисна служба.
Напомена: полнењето на литиум-јонските батерии може да се прекине и ако радиото работи со голема јачина на звук и истовремено се полни надворешен уред преку USB-приклучокот. За да започнете со полнење на литиум-јонски батерии, намалете ја јачината на звукот или прекинете со полнењето преку USB-приклучокот.
Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е можно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 1,5 А.
Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (21). Поврзете го надворешниот уред со соодветен кабел со излезниот приклучок за надворешни уреди (15) на радиото.
Радиото мора да биде вклучено за да се полнат надворешни уреди.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (21), ако го отстранувате кабелот за полнење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на радиото, за да може истото добро и сигурно да работи.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ, како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Радијата, акумулаторските батерии/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте радијата и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, радијата што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 188).