GPB 18V-3 C Professional - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPB 18V-3 C Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GPB 18V-3 C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPB 18V-3 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPB 18V-3 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPB 18V-3 C Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sq Manuali original i perdorimit
sr Originalno uputstvo za rad
sl izvima navodila
hr Originalne upute za rad
et Aleugārane kasutusiuhend
Iv Instrukcijas oričinálvalodá
It Originall instrukcija
ko사용설면서원본
Македонски......Страница 89
Shqip.....Faqe 93
Srpski ...... Strana 97
Slovenščina .... Stran 100
Hrvatski .... Stranica 104
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Пред секое користење, проверете го радиото. Не го користете радиото, доколку забележите оштетувања. Не отворајте го сами радиото и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој єе користи само оригинални резервни делови.
Оштетеното радио го зголемува ризикот од електричен удар.

Радиото држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во радиото го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој
90 | Македонски
се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.
▶ Поставете го радиото на умерена јачина на звук за подолги периоди на употреба. Големата јачина на звук во подолг временски период може да доведе до оштетување на слухот.
Заштитете го радиото од директен контакт со вода.
Навлегувањето на вода во радиото го зголемува ризикот
од електричен удар.
Држете го капакот за преградата за батерии и поклопецот на преградата за приклучокот што е можно позатворени. Затворените капаци го штитат радиото од вода и прав.
Опис на производот и перформансите

За дополнителни информации, скенирајте го QR-кодот или погледнете го онлајн упатството за работа: https://rb-pt.com/160992AC2H
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на радиото на сликите.
(1) Екран
(2) ⏻ Копче за включување/исклучување
(3) Звучник
(4) Рачка за носење
(5) Копчиња за зачувување на програмата
(6) Стапчеста антена
(7) Копче SOURCE
(8) Копче за исклучување на звукот
(9) ▷ Копче за пребарување нанапред
(10) Копче за пребарување наназад
(11) ✘ Konche Bluetooth®
(12) Капак за преграда за акумулаторска батерија
(13) Рачка за заклучување на капакот за акумулаторска батерија
(14) Елементи на пружина, капак за батерија
(15) Прифат за батеријата
(16) USB Type-C ^® -конектор ^A)
(17) Преграда за приклучок
(18) Копче за отклучување на батеријата ^B)
(20) Кука за закачување
A) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.
В) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.
Елементи за приказ
(a) Мултифункционален приказ
(b) Приказ за Multi-Speaker Sound
(c) Приказ Bluetooth®
(d) Приказ за место на зачувување
(e) Приказ за наполнетост на батеријата
(f) Приказ за ислучување на звукот
(g) Приказ за пауза
(h) Приказ за време (GPB18V-3SC)
Технички податоци
| Радио апарат за градилиште GPB18V-3C GPB18V-3SC | |
| Број на дел | 3 601 DA3 2.. 3 601 DA3 3.. |
| Bluetooth® | |
| – Опсег на оперативна фреквенција MHz 2402–2480 2402–2480 | |
| – Макс. јачина на пренос mW 10 10 | |
| Вид на заштита ^A) | IP54 IP54 |
| препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 0 ... +35 | |
| дозволена околна температура при работење ^B) и при складирање | °C –20 ... +40 –20 ... +40 |
Радио апарат за градилиште GPB18V-3C GPB18V-3SC
| компатибилни акумулаторски батерии GBA18V... | GBA18V... | |
| GBA 18V... | GBA 18V... | |
| ProCORE18V... | ProCORE18V... | |
| EXPERT18V... | EXPERT18V... | |
| EXBA18V... | EXBA18V... | |
| CORE18V... | CORE18V... | |
| препорачани полначи GAL18... | GAL18... | |
| GAL 18... | GAL 18... | |
| GAL 36... | GAL 36... | |
| GAL12V/18... | GAL12V/18... | |
| GAL 12V/18... | GAL 12V/18... | |
| GAX 18... | GAX 18... | |
| EXAL18... | EXAL18... |
Мрежен напојувач USB Type-C® co Power Delivery (USB-PD, комерцијално достапни)
| Излезен напон V 20 20 | |
| Работно поле на излезна струја A 2,25 2,25 | |
| препорачана излезна мокност за целосна функционалност ^c) | W 45 45 |
A) при затворен капак за батерија (12) и затворена преграда за приклучок (17)
В) ограничена мокност на температури < 0 °C
С) Ако мокноста на мрежниот напојувач е премала, радиото се исклучува.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Напојување со енергија
Радиото може да се напојува со една Bosch литиум-јонска батерија (19) или со стандарден USB Type-C®-мрежен напојувач со Power Delivery (USB-PD).
Работа со батерија
Bosch продава радија дури и без батерии. Од пакувањето може да дознаете дали со вашето радио е включена батерија.
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија која се користи за Вашето радио.
i Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
Промена на акумулаторска батерија
» Отворете ја рачката за заклучување (13) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (12).
» Притиснете на копчето за отклучување (18) и извлечете ја батеријата (19) од преградата за батерија. Притоа не употребувајте сила.
» Вметнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (15), додека не се вклопи.
» Затворете го капакот за преградата за батерии (12) и заклучете го.
За употреба на особено големи батерии, капакот на преградата за батеријата може да се отстрани (12).
» За таа цел, отворете го капакот на преградата за батеријата (12).
» Притиснете ги елементите на пружината (14) на прицврстувањето едно спроти друго и извадете го капакот за батеријата.
Imaјте предвид, дека акумулаторската батерија и преградата за батерии без капакот на преградата за батеријата повеќе не се заштитени од влага и
нечистотија. Повторно монтирајте го капакот на преградата за батеријата, веднаш штом їе ја отстраните големата батерија.
Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, состоитјбата на наполнетост на батеријата (19) можете да ја видите на екранот, а при извадена батерија можете да ја видите на самата акумулаторска батерија.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Режим на работа со мрежен напојувач
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
За мрежното работење користете само еден USB Type-C®-мрежен напојувач со Power Delivery (USB-PD). Излезниот напон, минималната излезна струја и излезната моќност мора да ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за употреба на мрежниот напојувач. Радиото може да се оштети ако се користат други мрежни напојувачи. Ако моќноста на мрежниот напојувач е премала, радиото се исклучува.
» Отворете го поклопецот на преградата за приклучок (17).
» Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со USB Type-C®-конектор (16) на радиото.
» Приключете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
① Заради заштита од нечистотии повторно затворете го поклопецот на преградата за приклучок (17), ако го отстранувате кабелот на мрежниот напојувач.
Штом радиото се приклучи на напојувањето преку мрежниот напојувач, напојувањето се снабдува преку мрежниот напојувач, дури и ако батеријата е вметната.
Режим на аудио
Регулирање на вклучување/исклучување и јачина на звук
» Притиснете го копчето , за да го включите или исклучите радиото.
» Свртете го копчето , за да ја поставите јачината на звукот.
» Притиснете го копчето за да го включите или исклучите тонот.
Бирање на аудио извор
» Притиснете го копчето SOURCE.
» Свртете го копчето SOURCE, додека на екранот не се прикаже саканиот аудио извор.
» Притиснете го копчето SOURCE за да го потврдите аудио изворот.
Достапни се следните аудио извори:
- GPB18V-3SC: дигитално радио преку DAB+
(приказ
во мултифункционалниот приказ (a)) - аналогно радиот преку FM (приказ
во мултифункционалниот приказ (a)) - надворешен аудиот извор (на пр. паметен телефон) со врска преку Bluetooth® (приказ)
– Репродукција преку Multi-Speaker Sound (приказ)
Поврзување надворешен аудио извор
Поврзување преку Bluetooth®
» Изберете го аудио изворот Bluetooth® на радиото.
→ Ако последниот аудио извор е достапен преку Bluetooth ^® , автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор.
Ако нема достапен зачуван аудио извор, пребарувањето врска автоматски започнува.
» Активирајте ја новата врска на надворешен аудио извор.
» За да прекинете постојна врска и да започнете со пребарување на друг аудио извор, притиснете го копчето подолго од 0,5 s.
Поврзување преку Multi-Speaker Sound
» Изберете го аудио изворот Multi-Speaker Sound на радиото.
→ Ако е достапен Multi-Speaker Stream, автоматски се воспоставува врска со овој пренос.

За дополнителни информации, скенирајте го QR-кодот или погледнете го онлајн упатството за работа: https://rb-pt.com/160992AC2H
Кука за закачување
Со куките за закачување (20) може да го закачите радиото на пр. на скала. За таа цел, вртете ги куките за закачување во саканата позиција.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ги радиото и мрежниот напојувач чисти за добро и безбедно да работење.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/246 76 10
Линкот до нашите адреси за сервис и гарантни услови може да ги најдете на последната страница.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Транспорт
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Радијата, акумулаторските батерии/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте радијата и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на лујето поради можноото присуство на опасни материи.
Shqip
Udhëzime sigurie
