PRA MultiPower - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PRA MultiPower BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Професионално робусно радио |
| Бренд | Bosch |
| Модел | PRA MultiPower |
| Димензии (Д x В x Ш) | 30 x 35 x 20 см |
| Тежина | околу 8 кг |
| Напојување | Мрежа (220-240 V) и полнлива батерија 18 V (компатибилна со Bosch Professional) |
| Потрошувачка на електрична енергија | макс. 40 W |
| Аудио излезна моќност | 30 W RMS |
| Звучници | 1 x вуфер 16 см + 1 x твитер 3 см |
| Радио приемник | DAB+ / DAB (појас III), FM (87.5-108 MHz) |
| Поврзување | Bluetooth 4.2, USB-A порт (полнење), AUX влез 3.5 mm |
| Главни функции | DAB+/FM радио, Bluetooth стриминг, вграден полнач за батерија и паметен телефон, претходно поставен еквилајзер, IP54 заштита (заштита од прашина и прскање вода) |
| Време на работа на батерија | До 12 часа (во зависност од јачината и изворот) |
| Одржување и чистење | Исчистете со мека, сува крпа. Не користете растворувачи или абразивни средства. |
| Безбедносни упатства | Користете на стабилна површина. Не изложувајте на дожд или прекумерна влажност. Исклучете пред чистење. |
| Резервни делови и поправка | Резервни делови достапни преку постпродажната служба на Bosch. Поправка од овластен сервисен центар. Модуларен дизајн за лесно заменување на компонентите. |
| Општи информации | Гаранција 2 години. Произведено во Кина. Работна температура: -10°C до 50°C. |
Frequently Asked Questions - PRA MultiPower BOSCH
Прашања на корисниците за PRA MultiPower BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PRA MultiPower - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PRA MultiPower на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PRA MultiPower BOSCH
Македонски ...... Страна 153
Srpski....Strana 160
Slovensko .... Stran 166
Hrvatski.... Stranica 172
Eesti Lehekülg 179
Безбедносни напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење за во иднина.
Поимот „Радио“ што се користи во безбедносните напомени се однесува на електрични радија (со мрежен напојувач) и на батериски радија (без мрежен напојувач).
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Мрежниот приклучок на напојувачот мора да одговара на приклучницата. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со радијата.
Неменувањето на прекинувачот и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Не го користете кабелот на мрежниот напојувач за друга намена, за да го носите радиото, за да го закачите или да го извлечете приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
► Целосно одвиткајте го приклучниот кабел на мрежниот напојувач, доколку го користите радиото со мрежен приклучок. Инаку приклучниот кабел може да се загрее.
▶ Мрежниот приклучок треба да биде достапен за извлекување во било кое време. Мрежниот приклучок претставува единствена можност да го исключите радиото од струјната мрежа.

Радиото и мрежниот напојувач држете ги подалеку од дожд или влага. Навлегувањето на вода во радиото или мрежниот напојувач го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на радиото и мрежниот напојувач. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете го радиото, мрежниот напојувач, кабелот и приклучокот. Не го користете радиото, доколку забележите оштетувања. Не ги отворајте сами радиото и мрежниот напојувач и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетените радија, мрежни напојувачи, кабел и приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.
▶ Ова радио не е предвидено за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или ментални способности или недоволно искусство и знаење. Ова радио може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со радиото и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.







154 | Македонски
▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со радиото.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
▶ Kога не ја користите батеријата, чувајте ја понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки, завртки и други метални предмети што можат да направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој меѓу двата пола може да предизвика пожар или изгореници.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од производителите. Доколку полночат кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушки чад, експлодира или да се прегрее.
▶ Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и работните напомени во упатството за користење на уредите коишто ги приклучувате на радиото.
▶ Внимавајте! При користење на радијата со Bluetooth® може да настане пречка на другите уреди и системи, авиони и медицински уреди (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на лује и животни во непосредната околина. Не го користете радиото со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски системи, области со опасност од експпозија и во близина на мински полиња. Радиото со Bluetooth® не го користете во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и спликите (логоата) се регистрирани трговски марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch GmbH.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на радиото на графичката страница.
1 Копче за вклучување-исклучување
2 Екран
3 Складиште за медиумски датотеки
4 Лост за заклучување на преградата за складирање
5 Копче за исклучување на звукот „Mute“
6 Рачка за носење
7 Копче за зголемување на гласноста/бас/висок тон „Vol +“
8 Копче за намалување на гласноста/бас/висок тон „Vol -“
9 Копче за подесување на времето ⏻
10 Звучник
11 12-V-прилучен конектор
12 Копче за пребарување нанапред ▶▶
13 Копче за зачувување/репродукција „Preset/“
14 Копче за пребарување наназад
15 Копче за рачно подесување на бојата на звукот „EQ“
16 Bluetooth®-копче*
17 Приказ Bluetooth®-врска
18 Копче за избор на аудио извор „Source“
19 „AUX 2“-OTBOP
20 Фиксирање на поклопецот од преградата за батерии (батерија за резервно напојување)
21 Поклопец од преградата за батерии (батерија за резервно напојување)
22 Прифат за мрежниот напојувач
23 Стапчеста антена
24 Преграда за батеријата (10,8 V)
25 Прифат за батеријата (14,4/18 V)
26 „AUX 1“-OTBOP
27 Поклопец за преградата за складирање
28 Поклопец за преградата за медиумски датотеки
29 Фиксирање на поклопецот за преградата за медиумски датотеки









Македонски|155
30 Приклучок за уредот
31 Мрежен напојувач
32 AUX-кабел
33 Батерија*
34 Копче за отклучување на батеријата
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Елементи на приказот
а Приказ на радио фреквенција
b Приказ за наполнетоста на батеријата
с Приказ на стерео прием
d Приказ на временски формат (3 603 JA9 04. (AUS/NZ))
e Приказ за ислучување на звукот
f Мултифункционален приказ
g Приказ на аудио извор
Технички податоци
| Преносливо радио PRA MultiPower | ||
| Број на дел/артикл | 3 603 JA9 0../3 603 JA9 04. | |
| Батерии за резервно напојување | 2 x 1,5 V (LR03/AAA) | |
| Батерија | V 10,8/14,4/18 | |
| Bluetooth® | Bluetooth® 4.0 (класична)1) | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 | кг | 2,9–3,12) |
| дозволена температура на околината | ||
| – при полне ње | °C | 0...+45 |
| – при режим на работа* | °C | -10...+40 |
| – при складира ње | °C | -20...+70 |
| Препорачани батерии | PBA 10,8 V ...PBA 14,4 V ... V-/PBA 14,4 V ... W-.PBA 18 V ... V-/PBA 18 V ... W-. | |
| Препорачани полначи | ||
| – PBA 10,8 V ... | AL 11.. CV | |
| – PBA 14,4 V ... V-/PBA 18 V ... V-. | AL 18.. CV/AL 22.. CV | |
| – PBA 14,4 V ... W-/PBA 18 V ... W-. | AL 18.. CV | |
| Аудио режим/радио | ||
| Работен напон | ||
| – при режим на работа со мрежен напојувач | V | 12 |
| – при р а бота со батерии | V | 10,8/14,4/18 |
| Номинална јачина на зајакнувачот (при режим на работа со мрежен напојувач) | 2 x 3 , 5 W | |
| Приемно поле | ||
| – UKW | MHz | 87,5–108 |
| – M W ( 3 6 0 3 J A 9 0 . . ( E U ) ) | kHz | 531–1602 |
| – MW (3 603 JA9 04. (AUS/NZ)) | kHz | 522–1611 |
| 1) Bluetooth®-уредите мора да го подржуваат А2DP-профилот. | ||
| 2) во зависност од употребената батерија | ||
| *ограничена јачина при температури <0 °C | ||
Мрежен напојувач
| Број на дел/артикл | 1 600 A00 0.. | |
| Влезен напон | V~ | 100-240 |
| Фреквенција | Hz | 50/60 |
| Влезна струја | мА | 500 |
| Излезен напон | V= | 12 |
| Излезна струја | мА | 1 500 |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01/2003 | кг | 0,2 |
| Класа на заштита | / |
Bosch Power Tools 1 609 92A 12F | (9.2.15)








156 | Македонски
Изјава за сообразност
CE
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ одговара на сите одредби на регулативите 1999/5/EC, 2004/108/EC, 2006/95/EC, 2009/125/EC, одредба (EC) бр. 278/2009, 2011/65/EU включително и нивните промени и е сообразен на следните норми: EN 60065:2002-05 + A1:2006-05 + A2:2010-10 + A11:2008-11 + A12:2011-02, EN 300 328 V1.8.1:2012-06, EN 301 489-1 V1.8.1:2008-04, EN 301 489-1 V1.9.2:2011-09, EN 301 489-17 V2.2.1:2012-09, EN 62479:2010-09, EN 55013:2013-06, EN 55020:2007-01 + A11:2011-10, EN 61000-3-2:2006-04 + A1:2009-07 + A2:2009-07, EN 61000-3-3:2013-08.
Отворање/затворање на преградата за складирање
Расклопете ја стапчестата антена 23 од нејзиниот држач. Потоа отворете го лостот за заклучување 4 на преградата за складирање и отворете го поклопецот 27.
Напомена: Затворете го поклопецот на преградата за складирање и заклучете го со лостот 4, за време на користењето, транспортирањето или складирањето на радиото. Инаку радиото може да се оштети.
Снабдување на радиото со енергија
Снабдувањето на радиото со енергија може да се изврши со мрежниот напојувач 31 или преку литиум-јонска батерија 33.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за радиото може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истото.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашето радио.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
За да ја ставите батеријата отворете го поклопецот 27 на преградата за складирање.
- Режим на работа со 10,8-V-батерија: Ставете ја 10,8-V-батеријата во отворот 24, така што приклучоците на батеријата їе лежат на приклучоците во отворот за батерија 24. Батеријата треба да се вклопи во отворот.
- Режим на работа со 14,4/18-V-батерија: Ставете ја 14,4-V-батеријата или 18-V-батеријата во отворот 25, така што приклучоците на батеријата ће легнат на приклучоците на прифатот за батерија 25. Батеријата треба да се вклопи во прифатот.
Приказот за наполнетост на батеријата b се појавува на екранот, штом се стави батерија со доволен напон и радиото се поврзе со струјна мрежа, но не преку мрежниот напојувач 31.
Состојбата на наполнетост на батеријата b го покажува моменталниот статус на батеријата. Доколку приказот за Costaјбата на наполнетост на батеријата трепка, батеријата мора да се наполни.
Приказ Капацитет
За да ја извадите батеријата, отворете го поклопецот 27 на преградата за складирање.
- Режим на работа со 10,8-V-батерија: Притиснете на копчињата за отклучување 34 на батеријата и извлечете ја од отворот 24.
- Режим на работа со 14,4/18-V-батерија: Притиснете на копчето за отклучување 34 на батеријата и извлечете ја од прифатот 25.
Режим на работа со мрежен напојувач
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја за мрежниот напојувач мора да одговара на податоците на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
Отворете го заштитното капаче на 12-V-приклучниот конектор 11. Ставете го приклучокот на уредот 30 на 12-V-мрежен напојувач во приклучниот конектор 11. Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
▶ Користете ислучиво оригинален мрежен напојувач од Bosch, којшто е наменет за Вашето радио. Само на тој начин їе биде овозможена беспрекорна работа на радиото.
Заради заштита од нечистотии повторно приключете го заштитното капаче на 12-V-приклучниот конектор 11, доколку сте го извадиле приклучокот на уредот.








Македонски | 157
Мрежниот напојувач 31 може да го складирате во преградата за складирање на радиото доколку не го употребувате. Отворете го поклопецот 27 на преградата за складирање. Ставете го мрежниот напојувач со мрежниот приклучок во отворот 22.
Ставање/менување на батериите за резервно напојување
Батериите за резервно напојување морада ги ставите при зачувување на времето на часовникот и радио станицата. Притоа се препорачува користење на alkalно-мангански батерии.
Отворете го поклопецот 27 на преградата за складирање. Доколку е потребно извадете го мрежниот напојувач 31.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 21 притиснете на блокадата 20 и извадете го поклопецот од преградата за батерии. Ставете ги батериите за резервно напојување. Притоа внимавајте на половине во согласност со приказот на внатрешната страна на поклопецот од преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот 21 на преградата за резервни батерии.
Заменете ги резервните батерии, доколку времето на радиото не може да се зачува и доколку приказот ослабува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
▶ Извадете ги резервните батерии од радиото доколку не сте го користеле подолг период. Доколку се подолго време складирани, резервните батерии може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
▶ Заштитете го радиото од влага и директно изложување на сончеви зраци. Радиото смее да се употребува само во суви внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За включување на радиото притиснете на копчето за включување-исклучување 1. Екранот ће се активира 2 и ће го пушки аудио изворот поставен при последното исклучување на радиото.
Екранот 2 ке се осветли неколку секунди при секое притискање на копчето.
За исклучување на радиото одново притиснете на копчето за вклучување-исклучување 1. Ке се зачува моменталната поставка на аудио изворот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го радиото само доколку го користите.
Подесување на гласноста
По включувањето на радиото секогаш се поставува средна гласност (вредност 10).
За зголемување на гласноста притиснете на копчето „Vol +“ 7, а за намалување на гласноста на копчето „Vol -“
- Подесувањето на гласноста „VL“ се појавува со вредност помећу 0 и 20 неколку секунди на приказот f на екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на тонот можете да го притиснете копчето „Mute“ 5. За да го включите повторно тонот, притиснете одново или на копчето „Mute“ 5 или на едно од копчињата за гласност „Vol + “ 7 одн. „Vol - “ 8.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има вграден изедначувач.
За да го смените рачно нивото на бас, притиснете еднаш на копчето „EQ“ 15. На екранот се појавуваат „ВА“ како и зачуваната вредност на нивото на басот на приказот f. За нивото на високиот тон одново притиснете го копчето
„Equalizer“ 15, на приказот f се појавуваат „TR“ како и зачуваните вредности на нивото на висок тон.
Нивото на бас одн. висок тон може да се промени во граници од – 5 до + 5. За зголемување на прикажаната вредност притиснете на копчето „Vol +“ 7, а за намалување на копчето „Vol –“ 8. Променетите вредности автоматски ће се зачуваат, доколку приказот f се врати на приказ на времето неколку секунди по последното притискање на копчето.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source“ 18, додека на екранот не се појави саканиот внатрешен аудио извор (види „Подесување/зачувување на радио станицата“, страна 158) одн. надворешен аудио извор (види „Приклучување на надворешни аудио извори“, страна 158):
- „ВТ“: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth®-врска,
- „AUX 1“: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон или CD-плеер) преку 3,5-mm-отвор „AUX 1“ 26 на надворешната страна,
- „AUX 2“: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон или MP3-плеер) преку 3,5-mm-отвор „AUX 2“ 19 во преградата за складирање.
Аудио изворите „FM“, „AM“, „AUX 1“ и „AUX 2“ континуирано се појавуваат на приказот за аудио извор g. „BT“ за Bluetooth®-врска се појавува кратко на мултифункционалниот приказ f и потоа се сигнализира со светење на Bluetooth®-приказот 17 (види „Bluetooth®-приключок“, страна 158).
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена 23. За време на работата на радиото свртете ја антената во правецот, којшто овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место со подобар прием.









158 | Македонски
Напомена: При работа на радиото во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди или други електронски уреди може да дојде до попречување на радио приемот.
Подесување/зачувување на радио станицата
Притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source“ 18, додека на приказот не се појави g „FM“ за приемното поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM“ за приемното поле среди бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција притиснете на копчето за пребарување нанапред▶▶12, за да ја зголемите фреквенцијата, одн. копчето за пребарување наназад|◀◀14, за да ја намалите фреквенцијата. Моменталната фреквенција се појавува на приказот а на екранот.
За пребарување на радио станици со висока јачина на сигналот притиснете на копчето за пребарување нанапред▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад ◀◀14 и држете го кратко притиснато. Фреквенцијата на пронајдената радио станица се појавува на приказот а на екранот.
При довольно јак прием на соодветен сигнал радиото автоматски се префрла на стерео прием. На екранот се појавува приказот за стерео прием с.
За зачувување на подесената станица притискајте на копчето за зачувување/репродукција „Preset/▶“ 13. додека трепкаат приказот „PR“ како и бројот на последно подесеното место на зачувување на приказот f. За избор на место на зачувување притискајте на копчето за пребарување нанапред ▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад|◀◀ 14, додека не се појави саканото место на зачувување на приказот f. Одново притиснете на копчето за зачувување/репродукција „Preset/▶“ 13, за да ја зачувате подесената станица на избраното место за зачувување. Можете да зачувате 10 UKW-станица и 10 MW-станица. Внимавајте, веке зафатеното место за зачувување ће се замени со ново поставената станица доколку одново изберете.
За репродукција на зачуваната станица притиснете кратко на копчето за зачувување/репродукција „Preset/►“ 13 и потоа притискајте на копчето за пребарување нанапред ►►| 12 одн. копчето за пребарување наназад |◀◀ 14, додека не се појават „PR“ и саканото место на зачувување на приказот f.
Приклучување на надворешни аудио извори
Покрај вграденото радио може да се репродуцираат различни надворешни аудио извори.
Bluetooth®-приклучок:
- За активирање на Bluetooth®-врската можете да го притискате или копчето „Source“ 18, додека на мултифункционалниот приказ не се појави f „BT“ за Bluetooth®-врска, или притиснете на Bluetooth®-копчето 16. Bluetooth®-приказот 17 трепка полека зада сигнализира дека сё уште не постои врска.
– За да воспоставите врска со соодветен аудио извор, притискајте на Bluetooth®-копчето 16 најмалку 2 с. За време на процесот на пребарување, Bluetooth®-приказот 17 брзо трепка.
- На приказот на аудио изворот се појавува „PRA MultiPower“ и мора да се активира. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор.
- Bluetooth®-приказот 17 континурано свети, штом се воспостави Bluetooth®-врска. Доколку за време на пребарувањето на врска или при постоечка врска одново се притисне Bluetooth®-копче 16 најмалку 2 с., ље се воспостави нова врска.
- Совет: При првото воспоставување на врска (спарување) помеѓу радиото и надворешен аудио извор може да се појави барање за PIN-код за радиото. Во ваков случај, внесете „1234“.
„AUX 1“-приклучок:
„AUX 1“-приклучокот особено е погоден за аудио извори, кои треба да се сместат надвор од преградата за складирање (на пр. паметен телефон во складиштето за медиумски датотеки 3).
- Извадете го заштитното капаче на „AUX 1“-отворот 26 и ставете го 3,5-mm-приключок на испорачаниот или друг соодветен AUX-кабел во отворот. Приключете го AUX-кабелот на соодветен аудио извор.
- За репродукција на „AUX 1“-аудио изворот притискајте на копчето „Source“ 18 додека на приказот не се појави g „AUX 1“.
- Заради заштита од нечистотии повторно ставете го заштитното капаче на „AUX 1“-отворот 26, откако їе го извадите приклучокот на AUX-кабелот.
„AUX 2“-приклучок:
„AUX 2“-приклучокот особено е погоден за аудио извори, кои треба да се постават во преградата за медиумски датотеки (на пр. паметен телефон или МРЗ-плеер).
– Отворете го поклопецот 27 на преградата за складирање. Ставете го 3,5-mm-приклучок на испорачаниот или друг соодветен AUX-кабел во „AUX 2“-отворот 19. Приключете го AUX-кабелот на соодветен аудио извор.
- Притиснете на блокадата 29 на поклопецот на преградата за медиумски датотеки и отворете го истиот 28. Поставете го аудио изворот во преградата за медиумски датотеки, така што AUX-кабелот їе може да се спроведе низ отворот во поклопецот. Затворете го поклопецот 28 на преградата за медиумски датотеки и поклопецот 27 на преградата за складирање.
- За репродукција на „AUX 2“-аудио изворот притискајте на копчето „Source“ 18 додека на приказот не се појави g „AUX 2“.
Контрола на надворешни аудио извори
Kaj аудио изворите коишто се приключени преку Bluetooth ^® -врска, репродукцијата може да се контролира преку радио.









Македонски | 159
Репродукција/прекин на репродукција: За да ја стартувате репродукцијата притиснете на копчето за зачувување/репродукција „Preset/“ 13. За да ја прекинете или продолжите репродукцијата, одново притиснете на копчето за зачувување/репродукција „Preset/“ 13.
Премотување напред/назад: За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад|◀◀14, додека не стигнете до саканото место во насловот.
Изберете наслов: За да изберете наслов, притискајте на копчето за пребарување нанапред▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад|◀◀14, додека не стигнете до саканиот наслов. За да ја стартувате репродукцијата, притиснете на копчето за зачувување/репродукција „Preset/” 13.
Приказ на време
Радиото располага со приказ на време со одделно напојување со енергија. Доколку во преградата се ставени резервни батерии со доволен капацитет (види „Ставање/менување на батериите за резервно напојување“, страна 157), времето може да се зачува, дури и доколку радиото е исключено од напојувањето со енергија преку батерија или мрежен напојувач.
Подесување на времето на часовникот
- Задаго подесите времето на часовникот притискајте на копчето за подесување на времето ⑨, додека бројот на часови не започне да трепка на приказот f.
- Притискајте на копчето за пребарување нанапред ▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад ◀◀14, додека не се прикаже точниот број на часови.
- Одново притиснете на копчето Ⓞ 9, така што бројот на минути їе почне да трепка на приказот f.
- Притискајте на копчето за пребарување нанапред ▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад ◀◀14, додека не се прикаже точниот број на минути.
- Притиснете на копчето ⏻ 9 по трет пат, за да го зачувате времето на часовникот.
Доколку копчето за пребарување нанапред▶▶12 и копчето за пребарување наназад|◀◀14 не се притиснат подолго од 5 с. за време на процесот на подесување, процесот ће се прекине и ће се прикаже досегашното, непроменето време на часовникот.
Складиште во преградата за медиумски датотеки
Доколку користите аудио извори преку Bluetooth® или „AUX 1“-приключок, соодветните уреди (на пр. паметен телефон или МРЗ-плеер) може да ги поставите во складиштето за медиумски датотеки 3.
Складиштето за медиумски датотеки е наменето само за складирање и не поседува функција за пренос на податоци или полнење.
Напомена: Извадете ги надворешните уреди од складиштето за медиумски датотеки 3, за време на транспортот на радиото. Инаку надворешниот уред би можел да испадне и да се оштети.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Новата батерија или батеријата што не е употребувана подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5 циклуси на полнење и празнење.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на радиото, за да може истото добро и сигурно да работи.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на радиото.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
160 | Srpski
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Радијата, мрежните напојувачи, акумулаторот/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте радијата, мрежните напојувачи и акумулаторите/батериите во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираят за повторна употреба.
Батерии:

Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 159.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
UPOZORENJE
Pročitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti u pridržavanju
napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.