GPB 18V5 SC Professional - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPB 18V5 SC Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPB 18V5 SC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPB 18V5 SC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPB 18V5 SC Professional BOSCH
Безбедносни напомени Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. u Пред секое користење, проверете го радиото, кабелот и приклучокот. Не го користете радиото, доколку забележите оштетувања. Не ги отворајте сами радиото и приклучокот и оставете ги на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетеното радио, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар. u Мрежниот приклучок мора да биде вметнат во лесно пристапна приклучница со заштитен контакт. u Мрежниот приклучок мора да одговара на приклучницата. Приклучокот не смее во никој случај да се замени. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со радијата. Неменувањето на прекинувачот и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од електричен удар. u Целосно одвиткајте го мрежниот кабел доколку го користите радиото со мрежен приклучок. Инаку мрежниот кабел може да се загрее. u Не го користите кабелот за други намени, како на пример, за да го носите радиото, за да го закачите или да го влечете приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижните делови на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Радиото држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во радиото го зголемува ризикот од електричен удар. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 173 Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. u Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на радиото на графичката страница. (1)
(2) Рачка за носење (3) Контролна сијаличка на приклучокот за наизменична струја (4) Поклопец на приклучокот за наизменична струја (5) Приклучница за приклучокот за наизменична струја (Power Outlets) (6) Преграда за складирање (7) Капак за преградата за медиумски датотеки (Digital Media Bay) (8) Рачка за заклучување на капакот за преградата за медиумски датотеки (9) AUX-кабел (10) AUX‑IN-конектор (11) USB-конектор за полнење (12) Копче Mute (13) Копче за пребарување наназад (14) Копче Clock (GPB18V‑5C) (15) Копче за вклучување-исклучување (16)
(17) Копчиња за зачувување на програмата (18) Source копче (19) Копче за пребарување нанапред (20) Копче Equalizer (21) Копче Bluetooth® (22) Копче Menu (GPB18V‑5SC) (23) Фиксирање на капакот за преградата за батерија (24) Капак за преграда за батерија (резервни
(25) Копче за отворање на акумулаторската батерија
(26) Акумулаторска батерија
(27) Капак за батерија (Battery Bay) (28) Рачка за заклучување на капакот за батерија (29) Прифат за батеријата (30) Стапчеста антена
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Елементи за приказ (a) Приказ за радиофреквенција (GPB18V‑5C) (b) Приказ за наполнетост на батеријата (c) Приказ место на зачувување (d) Приказ за висок тон/бас (GPB18V‑5C) (e) Приказ на стерео прием (f) Приказ за исклучување на звукот (g) Приказ Bluetooth® (h) Приказ аудио извор (i) Приказ за подесување на бојата на звукот (j) Приказ на време (k) Мултифункционален приказ (GPB18V‑5SC) Технички податоци Акумулаторско радио GPB 18V-5 C GPB 18V-5 SC Број на дел/артикл 3601DA40.. 3601DA41.. Прием DAB+ – ● Bosch Power Tools 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022)174 | Македонски Акумулаторско радио GPB 18V-5 C GPB 18V-5 SC Работен напон – при струен режим V 230/110 230/110 – при работа со батерии V 18 18 Номинална јачина на засилувачот W 4×5 4×5 Приемно поле FM MHz 87,5−108 87,5−108 Приемно поле DAB+ MHz − 174,928−239,200 Компатибилност Bluetooth® Bluetooth® 5.0 Bluetooth® 5.0 Опсег на оперативна фреквенција Bluetooth® MHz 2402−2480 2402−2480 Јачина на испраќање Bluetooth® макс. mW 10 10 Батерии за резервно напојување 2×1,5V LR6(AA) 2×1,5V LR6(AA) Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 9,2−10,2
Снабдувањето со енергија на радиото може да се изврши преку мрежен напојувач или преку литиум-јонска батерија(26). Доколку напојувањето со енергија се врши преку батерија, на располагање Ви стојат само функциите за аудио режим и напојување со енергија на надворешни уреди преку вградениот USB-приклучок. Работа со мрежен напојувач u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на радиото. Радијата означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Работа со батерија u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија која се користи за Вашето радио. Напомена: Користењето на батерии несоодветни за Вашето радио може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истото. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку акумулаторската батерија е испразнета, радиото се исклучува со заштитен прекинувач. u Не го вклучувајте радиото повторно откако е исклучено преку заштитниот прекинувач. Батеријата може да се оштети. Промена на акумулаторска батерија Отворете ја рачката за заклучување(28) на капакот за батеријата и отворете го капакот за батеријата(27). За Отстранување на акумулаторската батерија притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија(25) и извлечете ја батеријата од преградата за батерии. Притоа не употребувајте
За Вметнување на акумулаторската батерија, вметнете ја истата во прифатот за батерии(29), така што приклучоците на батеријата ќе легнат на приклучоците на прифатот за батерија. Батеријата треба да се вклопи. Затворете го капакот за батеријата(27) и заклучете го. Приказ за наполнетост на батеријата При вметната акумулаторска батерија, состојбата на наполнетост на батеријата(26) можете да ја видите на екранот, а при извадена батерија можете да ја видите на самата акумулаторска батерија. Приказ за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија на екранот Приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија(b) се појавува на екранот, веднаш штом се 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 175 вметне акумулаторска батерија со доволен напон и радиото не е поврзано со струјна мрежа. Приказ Капацитет 80−100% 60−80% 40−60% 20−40% 5−20% 0−5% Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на акумулаторската батерија Ако ја извадите акумулаторската батерија од радиото, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED-светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Ставање/менување на резервни батерии За зачувување на времето на часовникот и останати поставки на радиото мора да се вметнат резервни батерии. Притоа се препорачува користење на алкално- мангански батерии. Отворете ја рачката за заклучување(28) на капакот за батеријата и отворете го капакот за батеријата(27). Доколку е потребно извадете ја акумулаторската батерија(26). За отворање на капакот од преградата за батерии(24) притиснете на механизмот за заклучување(23) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги испорачаните резервни батерии. Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Повторно ставете го капакот од преградата за батерии(24). "REPLACE AA BATTERY WHEN UNIT NOLONGER KEEPS CORRECT TIME": Заменете ги резервните батерии, доколку времето на радиото не може да се зачува. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Извадете ги резервните батерии од радиото доколку не сте го користеле подолг период. Доколку подолго време се чуваат во радиото, резервните батерии може да кородираат и да се
u Заштитете го радиото од директен контакт со вода. Навлегувањето на вода во радиото го зголемува ризикот од електричен удар. u Капаците на преградата за батерии, преградата за приклучоци и приклучоците за наизменична струја држете ги затворени. Затворените капаци го штитат радиото од вода и прав. Режим на аудио Вклучување/исклучување За вклучување на радиото притиснете на копчето за вклучување/исклучување(15). Екранот се активира(16) и се репродуцира аудио изворот поставен при последното исклучување на радиото. За исклучување на радиото одново притиснете го копчето за вклучување/исклучување(15). Актуелната поставка на аудио изворот се зачувува. Подесување на гласноста По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска
За да ја зголемите гласноста свртете го копчето Clock(14) (GPB18V‑5C) одн. копчето Menu(22) (GPB18V‑5SC) во правец на стрелките од часовникот, а за намалување на гласноста свртете го во правец спротивен на стрелките од часовникот. Подесувањето на гласноста се појавува со вредноста помеѓу 0 и 30 на екранот. Пред подесувањето или менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио извор поставете ја на средна вредност. За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете копчето Mute(12). На екранот се појавува приказот Исклучување на звукот(f). Bosch Power Tools 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022)176 | Македонски За повторно да го вклучите тонот, повторно кратко притиснете го копчето за нечујно или свртете го копчето Clock(14) (GPB18V‑5C) одн. копчето Menu(22) (GPB18V‑5SC) во правецот на стрелките од часовникот. Подесување на бојата на звукот За оптимална репродукција на тонот во радиото има вграден изедначувач. Нивото на висок тон и басот можете да ги промените рачно или да ги користите претходните подесувања на бојата на тонот за различни стилови музика. Може да ги изберете претходно програмираните поставкиJAZZ, ROCK, POP иCLASSIC како и самопрограмирачката поставкаCUSTOM. Поставките на звукот одделно се зачувуваат за секој аудио извор. За да изберете некое од зачуваните претходни подесувања за бојата на тонот, кратко притискајте на копчето Equalizer(20) додека на екранот не се појави саканата поставка во приказот за претходни подесувања за бојата на тонот(i). Промена на поставкатаCUSTOM: – Можете да го поставите нивото на висина и длабочина на звукот во опсег од −5 до +5. – Притискајте на копчето Equalizer(20) подолго од 0,5s. На приказот за претходни подесувања за бојата на тонот(i) на екранот се појавуваCUSTOM. – GPB18V‑5C: На приказот за висок тон/бас(d) се прикажуваTRE, актуелната вредност на нивото на висок тон трепка. Притиснете го копчето Clock(14), за да го промените нивото на висок тон. Притискајте го копчето Clock(14), за да ја зачувате поставената
На приказот за висок тон/бас(d) сега се прикажува BAS како и актуелната вредност на басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за високиот тон. – GPB18V‑5SC: На мултифункционалниот приказ(k) се прикажува<Treble> и актуелната вредност на нивото на висок тон. Притиснете го копчето Menu(22), за да го промените нивото на висок тон. Притискајте го копчето Menu(22), за да ја зачувате поставената
На мултифункционалниот приказ(k) сега се прикажува<Bass> како и актуелната вредност на басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за високиот тон. – По зачувување на поставката за бас одн. 10s по последното притискање на копчето Clock(14)/копчето Menu(22) радиото се враќа на стандардниот приказ на
Бирање на аудио извор За да изберете аудио извор притискајте го копчето Source(18) додека на екранот не се прикаже саканиот внатрешен одн. надворешен аудио извор: – DAB: дигитално радио преку DAB+ (GPB18V‑5SC), – FM: аналогно радио преку FM, – AUX: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер) преку 3,5mm конекторAUXIN(10) во преградата за медиумски датотеки, – : надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) со врска преку Bluetooth®. Актуелниот аудио извор може да се види во приказот аудио извор(h) одн. приказот Bluetooth®(g). Поставување/зачувување на DAB+-радио станица (GPB18V‑5SC) За избор на радио станици со аудио извор DAB+ притискајте го копчето Source(18) додека во приказот аудио извор не се појави(h)DAB. По кратка иницијализација, се репродуцира последната поставена радио станица. Името на станицата се појавува во горниот дел од мултифункционалниот приказ(k). Кои дополнителни информации ќе се прикажуваат во долниот дел од мултифункционалниот приказ, може да се постави во функцијата на менито. – За Промена на станицата вртете го копчето Source(18) додека саканата станица не се прикаже на екранот. Притиснете го копчето Source(18) за да го потврдите изборот. Радиото менува до избраната
Алтернативно за промена на станицата можете да го притиснете копчето за пребарување наназад(13) или копчето за пребарување нанапред(19). – За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма(17) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување(c). – За репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма(17). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување(c). Напомена: ако имате проблеми со приемот, можете рачно да го започнете пребарувањето на DAB+- станицата. За таа цел, изберете или<Auto Scan> во менито или истовремено притиснете го копчето за пребарување наназад(13) и копчето за пребарување нанапред(19). По завршувањето на пребарувањето на станици, 4станици се зачувуваат на местата на зачувување на програма од 1 до 4. Веќе зачуваните станици се презапишуваат. Ако не може да се пронајде DAB+-радиостаница, се појавува<No DAB Station– Please Auto Scan> во мултифункционалниот приказ(k). Поставување/зачувување на FM-радиостаница За избор на радио станици со аудио извор FM притискајте го копчето Source(18) додека во приказот аудио извор не се појави(h) FM. GPB18V‑5C: За време на поставувањето радио фреквенцијата се појавува во временскиот приказ(j), а потоа во приказот за радиофреквенција(a). 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 177 GPB18V‑5SC: Фреквенцијата на репродуцраната станица се појавува соодветно во горниот дел на мултифункционалниот приказ(k). Кои дополнителни информации ќе се прикажуваат во долниот дел од мултифункционалниот приказ, може да се постави во функцијата на менито. При доволно јак прием на соодветен сигнал, радиото автоматски се префрла на стерео прием, на екранот се појавува приказот стерео прием(e). – За поставување на одредена станица вртете го копчето Source(18), додека не се прикаже саканата фреквенција одн. саканата станица на екранот. – За пребарување на следната станица со повисока јачина на сигнал кратко притиснете го копчето за пребарување наназад(13) или копчето за пребарување нанапред(19). Следната пронајдена станица се прикажува на екранот и се репродуцира. – За пребарување на сите станици со повисока јачина на сигнал притиснете го копчето за пребарување наназад(13) или копчето за пребарување нанапред(19) подолго од 0,5s. Секоја пронајдена станица се репродуцира за 5s, потоа пребарувањето се продолжува до крајот на фреквенциски опсег. За да го прекинете пребарувањето на станици, кратко притиснете го копчето за пребарување наназад(13) или копчето за пребарување нанапред(19). – За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма(17) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување(c). – За автоматско пребарување и зачувување на станицата со најсилен сигнал истовремено притиснете го копчето за пребарување наназад(13) и копчето за пребарување нанапред(19). Радиото ги проверува сите станици со прием и зачувува 4станици со најдобар прием на местата на зачувување на програма од 1 до 4. Имајте предвид, дека веќе зачуваните станици се презапишуваат. Ако е завршено пребарувањето, се репродуцира зачуваната станица на местото на зачувување на програма 1. – За Репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма(17). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување(c). Подесување на стапчестата антена Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена(30). За време на работењето на радиото преку FM свртете ја антената во правецот, којшто овозможува најдобар прием. Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место со подобар прием. Напомена: При работење на радиото во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди или други електронски уреди може да дојде до попречување на радио приемот. Приклучување на надворешни аудио извори преку AUX Отворете ја рачката за заклучување(8) и отворете го капакот(7) на преградата за медиумски датотеки. Вметнете го 3,5mm конекторот на AUX кабелот(9) воAUXIN-отворот(10). Приклучете го AUX кабелот на аудио извор кој одговара. За репродукција на AUX аудио изворот притискајте го копчето Source(18) додека во приказот аудио извор(h) не се појавиAUX. За заштита од нечистотии повторно затворете го капакот(7) на преградата за медиумски датотеки и заклучете го ако го отстранувате приклучокот на AUX
При соодветна големина можете аудио изворот приклучен преку AUX да го чувате и во фиоката за складирање(6). Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од копчињата за зачувување на програмата(17), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото. Репродукција/управување на надворешни аудио извори преку Bluetooth® За репродукција на аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth®, или притискајте го копчето Source(18) додека не се појави приказот Bluetooth®(g) на екранот или независно од актуелниот аудио извор кратко притиснете го копчето Bluetooth®(21). Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Веднаш штом ќе се воспостави врската, постојано свети приказот Bluetooth®(g). GPB18V‑5SC: Името на уредот поврзан преку Bluetooth® се прикажува во горниот дел од мултифункционалниот приказ(k). Во долниот дел се прикажува пренесениот текст од поврзаниот уред. Ако не може да се воспостави врска во рок од 2min., воспоставувањето на врската се прекинува и приказот Bluetooth®(g) трепка постојано. GPB18V‑5SC: На мултифункционалниот приказ(k) се појавува<Not connected>. По дополнителни 17min. без воспоставување на врската, радиото се исклучува автоматски. Воспоставување на нова врска преку Bluetooth®: – За да се воспостави врска со нов надворешен аудио извор, притискајте на копчето Bluetooth®(21) подолго од 0,5s. Ова исто така е можно за време на процесот на пребарување, при постојна врска или при работење со друг аудио извор. – Радиото го стартува процесот на пребарување. За време на процесот на пребарување трепка приказот Bluetooth®(g). – Активирајте ја врската преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува како достапен извор под името Bosch Power Tools 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022)178 | Македонски GPB18V‑5Cxxxx одн. GPB18V‑5SCxxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/ Вашиот паметен телефон. – Веднаш штом ќе се воспостави врската преку Bluetooth®, постојано свети приказот Bluetooth®(g). Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува и преку радиото: – За да изберете наслов и да го стартувате, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред(19) одн. копчето за пребарување наназад(13) додека не стигнете до саканиот наслов. Репродукцијата на избраниот наслов автоматски
– За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го копчето Mute(12). На екранот се појавува приказот Исклучување на звукот(f). – За да продолжите со репродукцијата, повторно притиснете го копчето Mute(12), променете ја гласноста преку копчето за пребарување нанапред(19) одн. копчето за пребарување наназад(13). – За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред(19) одн. копчето за пребарување наназад(13) додека не стигнете до саканото место во насловот. Ако за време на работењето преку Bluetooth® се притисне едно од копчињата за зачувување на програмата(17), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на
Поставување на приказ на време (GPB18V‑5C) За да го отворите приказот за време во менито, кратко притиснете на копчето Clock(14). Можете да избирате помеѓу временските формати 12часа<12H> и 24часа<24H>, како и да поставувате часови и минути. Навигирајте во менито: – Менување на поставки во менито: Вртете го копчето Clock(14). – Зачувување на поставки во менито: Притиснете го копчето Clock. – По зачувување на поставката за минути одн. 10s по последното притискање на копчето Clock радиото менува се враќа на автоматски режим. Ако времето на радиото веќе не се зачувува, заменете ги резервните батерии. Функција Reset (GPB18V‑5C) За да ги ресетирате сите поставки на радиото на фабрички поставки (Reset), притиснете го копчето Clock(14) подолго од 0,5s. На екранот се појавува<RS>. Вртете го копчето Clock(14), за да изберете меѓу ресетирање<YES> и враќање на актуелните поставки<NO>. Потврдете го изборот со притискање на копчето Clock. Менување на поставките на менито (GPB18V‑5SC) За да ја отворите функцијата на менито, притиснете на копчето Menu(22). Навигирајте во менито: – Навигирање во менито: Вртете го копчето Menu(22). – Изберете и зачувајте ја поставката на менито: Притиснете го копчето Menu(22). – Сменете во подмени: Притиснете го копчето Menu(22). – Сменете од подменито назад кон повисоко мени: Кратко притиснете го копчето за пребарување наназад(13). Кога ќе се достигне горното ниво на менито, радиото се враќа во режимот на аудио. За да ја напуштите функцијата на мени од саканото ниво и да се вратите на аудио режим, притиснете го копчето за пребарување наназад(13) подолго од 1s. Алтернативно, радиото автоматски менува на режимот на аудио 10s по последното притискање на копчето. Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при исклучувањето на радиото, тогаш сменете ги резервните
Опции на менито (GPB18V‑5SC) Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа на аудио, во кој е поставено радиото. Во рамките на менијата, името на менито се прикажува во горната линија на мултифункционалниот приказ(k),а поставката што можете да ја изберете во долниот дел. <Set Time> Мени време: можете да избирате помеѓу временските формати 12часа<12Hour Mode> и 24часа<24Hour Mode> и да го поставите времето рачно. Ако кај аудио изворDAB се избере радио станица која го пренесува времето, тогаш автоматски се презема тоа време. <Reset All> Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите поставки на менито на фабрички поставки<Yes> или да вратите на актуелните поставки<No>. <Auto Scan> (кај аудио изворDAB) Мени автоматско пребарување на станица: можете да стартувате автоматско пребарување на станица. <Manual Tune> (кај аудио изворDAB) Мени рачно прилагодување: можете рачно да ја поставите саканата фреквенција. <Display Type> (кај аудио изворDAB) Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се појави во долниот дел на мултифункционалниот приказ(k): – Информативен текст што го пренесува радиостаницата<Dynamic Label>, – Фреквенцијата на станицата<Frequency>, – Јачината на сигнал<Signal Strength>, – Тип на програма што го пренесува радиостаницата<Program Type>. 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 179 <Display Type> (кај аудио изворFM) Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се појави во долниот дел на мултифункционалниот приказ(k): – Информативен текст што го пренесува радиостаницата<Radio Text>, – Името на станицата<Program Service>, – Тип на програма што го пренесува радиостаницата<Program Type>. Напојување со енергија на надворешни уреди USB-приклучок Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува2,1A. Отворете ја рачката за заклучување(8) и отворете го капакот(7) на преградата за медиумски датотеки. Поврзете го USB-приклучокот на надворешен уред преку соодветен USB-кабел со USB-конектор за полнење(11) (USB) на радиото. При работење со батерија надворешниот уред може да се полни само ако е вклучено радиото. При соодветна големина, надворешниот уред може да се складира за време на полнењето во преградата за складирање(6). Ако надворешниот уред се загрева за време на полнењето, тогаш отворете го капакот(7) на преградата за медиумски датотеки за да се заштити надворешниот уред од прегревање. Ако полнењето е завршено одн. USB-кабелот е отстранет, тогаш повторно затворете го капакот(7), за да се заштити радиото од нечистотии. Приклучок за наизменична струја Со помош на приклучоците за наизменична струја можете да користите и други надворешни електрични уреди. Приклучниците може да бидат различни, во зависност од важечките прописи во земјата на
Снабдувањето со енергија на надворешни уреди преку приклучок за наизменична струја е можно само со мрежен напојувач на радиото, а не преку вметната батерија. Ако радиото е приклучено на струја, за потврда свети зелената контролна сијаличка(3). Збирот на максимално дозволената потрошувачка на струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја пречекори вредноста наведена во следната табела (погледнете го и натписот на куќиштето под поклопецот(4)): Број на дел/артикл Збир на максимална потрошувачка на струја (во A) 3601DA4000 15 3601DA4100 15 3601DA4170 12 Број на дел/артикл Збир на максимална потрошувачка на струја (во A) 3601DA41W0 15 3601DA4130 9 3601DA4140 9 Отворете го заштитното капаче(4) на приклучоците за наизменична струја и ставете го приклучокот на надворешниот електричен уред во приклучница(5) на
Совети при работењето Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување и сервис Одржување и чистење Одржувајте ја чистотата на радиото, за да може истото добро и сигурно да работи. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Bosch Power Tools 1 609 92A 7B7 | (18.03.2022)180 | Srpski Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Радијата, акумулаторските батерии/ батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте радијата и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за
Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, радијата што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
Notice-Facile