BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Радио

GPB 18V-6 C Professional - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPB 18V-6 C Professional BOSCH во PDF формат.

📄 169 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GPB 18V-6 C Professional - page 117
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GPB 18V-6 C Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPB 18V-6 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPB 18V-6 C Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPB 18V-6 C Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

Македонски...... Страница 117

Srpski ...... Strana 122

Slovenščina ....Stran 127

Hrvatski ......Stranica 132

Преглед на аудио функциите

Безбедносни напомени

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Безбедносни напомени - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

▶ Проверете го звучникот пред секоја употреба. Не користете го ако забележите каква било штета. Не отворајте го сами звучникот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал, кој користи само оригинални резервни делови. Оштетени звучници го зголемуваат ризикот од електричен удар.
▶ Поставете го звучникот на умерена јачина за подолга употреба. Големата јачина на звук во подолг временски период може да доведе до оштетување на слухот.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот или AMPShare-партнерот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Безбедносни напомени - 2

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Безбедносни напомени - 3

Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност

од експлозија и краток спој.

Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.

118 | Македонски

Опис на производот и перформансите

Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.

Употреба со соодветна намена

Звучникот е дизајниран да репродуцира аудио сигнали од поврзани извори или извори поврзани преку Bluetooth®.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на звучникот на графичката страница.

(1) Рачка за носење
(2) Звучник
(3) Копче за намалување на гласноста
(4) Копче за зголемување на гласноста
(5) Копче Bluetooth®
(6) Копче за вклучување/исклучување
(7) Копче за Multi-Speaker Sound
(8) Копче за пребарување наназад
(9) Копче за пребарување нанапред

(10) Копче за репродукција/пауза

(11) Приказ за статус

(12) Гума за задржување на мрежниот напојувач

(13) Капак за преграда за акумулаторска батерија

(14) Рачка за заклучување на капакот за акумулаторска батерија

(15) USB Input Type C приключок за мрежниот напојувач

(16) USB Output Type C приключок за надворешни уреди

(17) Преграда за приклучок

(18) Прифат за акумулаторска батерија 10,8 V/12 V

(19) Копче за отклучување на батерија ^a)

(20) Батерија ^a)

(21) Прифат за акумулаторска батерија од 18 V

(22) Рачка за отклучување на батеријата

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Bluetooth® звучникGPB 18V-6 C
Број на дел3 601 DA6 000
Номинална моќност по звучник со среден опсегW24
Номинална моќност на бас звучникW40
Bluetooth®
Bluetooth® звучникGPB 18V-6 C
– Компатибилност Bluetooth® 5.4
– Опсег на оперативна фреквенцијаMHz 2402–2480
– Макс. јачина на пренос mW 8
Напојување со батерија
– Литиум-јонска батерија V 18
– Литиум-јонска батерија V 10,8/12
Макс. струја за полнење(напојување за надворешни уреди преку USB-приклучок)A 3
Тежина ^a) kg 5,2
Вид на заштита ^b) IP54
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работа°C -20 ... +40
Дозволена околна температура при складирање°C -20 ... +50
Компатибилни акумулаторски батерии 18 VGBA18V...GBA 18V...ProCORE18V...EXPERT18V...EXBA18V...CORE18V...
Препорачани полначи за акумулаторски батерии 18 VGAL18...GAL 18...GAL 36...GAL12V/18...GAL 12V/18...GAX 18...EXAL18...
Компатибилни акумулаторски батерии 10,8 V/12 VGBA 10,8V...GBA 12V...
Препорачани полначи за акумулаторски батерии од 10,8 V/12 VGAL 12...GAX 18...

USB-мрежен напојувач Type C со Power Delivery (USB-PD, комерцијално достапни)

Излезен напон V 20
Работно поле на излезна струјаA5
Препорачана излезна мокност за целосна функционалност ^c) W 100

A) Без батерија (тежината на батеријата може да ја видите во www.bosch-professional.com)

В) при работа на батерии и со затворен капак за преградата за батерии (13) и затворена преграда за приклучок (17)

C) Ако моїноста на мрежниот напојувач е премала, звучникот се исклучува.

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Напојување со енергија

Звучникот може да се напојува со енергија преку:

  • Bosch литиум-јонска батерија од 18 V,
  • Bosch литиум-јонска батерија од 10,8 V/12 V,
    – комерцијално достапен USB-мрежен напојувач Type C co Power Delivery (USB-PD).

Штом звучникот се приклучи на напојувањето преку мрежниот напојувач, напојувањето се снабдува преку мрежниот напојувач, дури и ако батеријата е вметната.

Bosch продава батериски звучник без акумулаторска батерија. Од пакувањето може да дознаете дали со вашиот звучник е включена батерија.

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за вашиот звучник.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Отворете ја рачката за заклучување (14) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (13).

При користење на батерија од 18 V турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (21), додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 18 V повлечете ја рачката за отклучување на батеријата (22), така што батеријата ће се отклучи и извади. Притоа не употребувајте сила.

При користење на батерии од 10,8 V или 12 V турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (18), додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 10,8 V или 12 V притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија (19) и извлечете ја батеријата од прифатот за батерии. Притоа не употребувајте сила. Затворете го капакот за преградата за батерии (13) и заклучете го.

Приказ за наполнетост на батеријата

При вметната акумулаторска батерија, состојбата на наполнетост на батеријата (20) може да ја видите на приказот за статус (11).

Ако батеријата од 18 V се извади од звучникот, може да ја прикажете и состојбата на наполнетост на батеријата.

Приказ за Costaјба на наполнетост на звучникот

Ако звучникот не е поврзан на струјната мрежа преку мрежен напојувач, тогаш се појавува приказот за статус (11) по вклучувањето и секој пат кога ће се притисне копче.

Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на акумулаторската батерија од 18 V

Ако ја извадите акумулаторската батерија од 18 V од звучникот, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , да се прикаже наполнетоста.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трајно светло 5 × зелено 80–100 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Откривање ризик од дефект на батеријата EXPERT18V... | EXBA18V...

LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата. За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост вдесекунди. Анализата на батеријата се сигнализира со включено светло на приказот за наполнетост на батеријата.

Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата.

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Откривање ризик од дефект на батеријата EXPERT18V... | EXBA18V... - 1

1 LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на

траење можеби веке се намалени. Се препорачува да се замени батеријата.

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Откривање ризик од дефект на батеријата EXPERT18V... | EXBA18V... - 2

5 LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти.

Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на Costaјбата. Батеријата или е оценета во добра Costaјба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.

▶ За мрежното работење користете само еден USB-мрежен напојувач Type C со Power Delivery (USB-PD). Излезниот напон, минималната излезна струја и излезната моćност мора да ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“.

Почитувајте го упатството за употреба на мрежниот напојувач. Звучникот може да се оштети ако се користат други мрежни напојувачи. Ако моćноста на мрежниот напојувач е премала, звучникот се исклучува.

Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17). Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со влезниот приклучок (15) на звучникот. Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.

Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приключок (17), ако го отстранувате кабелот на мрежниот напојувач.

Ако е соодветна големината, може да го прицврстите мрежниот напојувач на звучникот со гумата за задржување (12) за складирање.

Работа

▶ Заштитете го звучникот од директен контакт со вода. Навлегувањето на вода во звучникот го зголемува ризикот од струен удар.
Држете го капакот за преградата за батерии и заштитното капаче на преградата за приклучокот што є можно позатворени. Затворените капаци го штитат звучникот од вода и прав.

Режим на аудио

Регулирање на вклучување/исклучување и јачина на звук

За вклучување на звучникот, притискајте на копчето за вклучување/исклучување (6), додека LED светилките на приказот за статус (11) не светат кратко наизменично. Состојбата на наполнетост на батеријата накратко се прикажува при напојување преку батеријата.

За исклучување на звучникот, притискајте на копчето за вклучување/исклучување (6), додека LED светилките на приказот за статус (11) не светат кратко наизменично и потоа не се изгасат.

Звучникот автоматски се ислучува по 20 минути ако во ова време не може да се воспостави врска преку Bluetooth® или Multi-Speaker Sound и не се репродуцира преку други медиуми (или репродукцијата е паузирана).

Со притискање на копчето за зголемување на јачината на звукот (4) или за намалување (3) може да ја регулирате јачината на звукот. По вклучувањето на звучникот секогаш се поставува мала јачина на звук.

Преглед за аудио функции

Звучникот ги има следниве аудио функции:

– Репродукција од уреди поврзани со Bluetooth® (стандардно поставено)
– Репродукција на USB-медиум за складирање преку излезниот приключок за надворешни уреди (16)
– Репродукција преку Multi-Speaker Sound
– Пренос на тековната репродукција (Bluetooth® или USB) преку Multi-Speaker Sound на други уреди со оваа функција

Ако е со соодветна големина, може да го складирате поврзаниот уред (на пр. паметен телефон) во жлебот на рачката за носење (1).

Напомена: имајте предвид дека уредите кои се премногу мали или премногу големи може да испаднат од жлебот.

Тековната аудио функција може да се види на средната LED светилка на приказот за статус (11):

- сина боја: репродукција на Bluetooth ^® сигнал

– виолетова боја: пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound

Репродукција/управување на надворешни аудио извори преку Bluetooth®

По вклучување на звучникот, репродукцијата преку Bluetooth® е стандартно поставена. За да се префрлите од друга аудио функција на Bluetooth®, кратко притиснете го копчето Bluetooth® (5).

  • Повторно воспоставување врска: започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постоечката врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор. За таа цел, притискајте на копчето Bluetooth® (5) подолго од 0,5 s.
    За време на пребарувањето, трепка средната LED светилка на приказот за статус (11) брзо во сина боја. Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®.
    Звучникот се појавува како достапен уред под името GPB 18V-6 C xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.

- Повторно поврзување: ако радиото е веке поврзано со надворешен аудио извор преку (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth ^ и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. За време на воспоставувањето на врска, трепка средната LED светилка на приказот за статус (11) бавно во сина боја.

Ако зачуваниот аудио извор не є достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2 минути.

Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и средната LED светилка на приказот за статус (11) свети постојано во сина боја.

Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20 минути.

Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува преку звучник:

– За да изберете наслов, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканиот наслов.

- За да ја стартувате репродукцијата, да ја прекинете или да ја продолжите, притиснете на копчето за репродукција/пауза (10).

- За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканото место во насловот.

Репродукција/контрола на надворешните аудио извори преку USB-приклучокот

За репродукција преку USB-приклучокот, отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17).

Вметнете го USB медиумот за складирање (на пр. стик)

во надворешниот приклучок за надворешни уреди (16) на звучникот.

Звучен сигнал се огласува кога е вметнат USB медиум за складирање. Ако медиумот за складирање не може да се прочита, звучникот се префрла на стандардната аудио функција (репродукција преку Bluetooth®).

Аудио изворот поврзан преку USB може да се управува и преку звучник:

– За да изберете наслов, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканиот наслов.
– За да ја стартувате репродукцијата, да ја прекинете или да ја продолжите, притиснете на копчето за репродукција/пауза (10).
– За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканото место во насловот.
– За да започнете или прекинете случајна репродукција, притиснете ги копчињата за пребарување нагоре (9) и надолу (8) истовремено.

Напомена: стандартно, МРЗ-датотеките се читаат и репродуцираат од најгорното ниво на датотека или од најгорната папка на медиумот за складирање. Датотеките што се зачувани во потпапки можеби нема да можат да се читаат. Форматите на датотеки освен МРЗ не се репродуцираат.

Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приключок (17), ако го отстранувате USB-медиумот за складирање.

Репродуцирајте надворешни аудио извори преку Multi-Speaker Sound

За да се префрлите од друг аудио извор за репродукција преку Multi-Speaker Sound, кратко притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound (7). За време на воспоставувањето на врска, трепка средната LED светилка на приказот за статус (11) во светло сина боја. Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и средната LED светилка свети во светло сина боја.

Јачината на звукот меѓу изворот на звук и звучникот се синхронизира (аудиоизворот ја одредува јачината на звукот) додека не се промени јачината на звукот на звучникот. За да ја вратите синхронизацијата на јачината на звукот, рестартирајте ја врската преку Multi-Speaker Sound. За да го направите ова, накратко притиснете го копчето Multi-Speaker Sound (7).

Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20 минути.

Пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound

Ако аудио изворот се репродуцира преку Bluetooth® или преку USB-приключок, оваа репродукција може да се

122 | Srpski

пренасочи на други уреди со функцијата Multi-Speaker Sound (на пр. GPB 18VH-6 SRC). За таа цел притискајте на копчето за Multi-Speaker Sound (7) подолго од 0,5 s. За потврда, свети средната LED светилка на приказот за статус (11) во виолетова боја и се огласува звучен сигнал.

За прекинување на преносот преку Multi-Speaker Sound, притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound (7) подолго од 0,5 s. За потврда се огласува звучен сигнал. Multi-Speaker Sound се завршува, кога го менувате аудио изворот што се репродуцира (на пр. од Bluetooth® на USB-медиум за складирање).

Напојување со енергија на надворешни уреди

Полнење на надворешните уреди преку USB- приклучокот

Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повекето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 3 А.

Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17). Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со излезниот приклучок за надворешни уреди (16) на звучникот.

Звучникот мора да биде включен за да се полнат надворешни уреди.

Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17), ако го отстранувате кабелот за полнење.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Одржувајте го звучникот чист за да работи добро и безбедно.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Сервисна служба и совети при користење

Северна Македонија

Тел.: 02/246 76 10

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Северна Македонија - 1

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Отстранување

Електричните уреди, акумулаторските батерии/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GPB 18V-6 C Professional - Отстранување - 1

Не ги фрлајте електричните уреди и батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GPB 18V-6 C Professional

Категорија : Радио