EN424MP - Мултифункционален алат MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EN424MP MAKITA во PDF формат.
| Бренд | Makita |
| Модел | EN424MP |
| Вид на производ | Глава за косење (додаток за мултифункционален алат) |
| Ширина на сечење | 330 mm |
| Димензии (Д x Ш x В) | 820 mm x 350 mm x 191 mm |
| Нето тежина | 2,3 kg |
| Напојување | Батерија (преку компатибилна моторна единица) |
| Компатибилни моторни единици | DUX60, DUX18, UX01G |
| Предвидена употреба | Сечење трева и плевел на земја |
| Вид на сечило | Ножични сечила (горно и долно) |
| Прилагодување на агол на сечење | Да, со позиција на тркалата |
| Гарантирано ниво на звучна моќност | Во согласност со директивата 2000/14/CE |
| Потребна заштитна опрема | Кацига, очила, антибучава слушалки, ракавици, цврсти чизми |
| Безбедносно растојание | 15 m од случајни минувачи и животни |
| Одржување на сечилата | Масло со ниска вискозност пред употреба и по чистење |
| Подмачкување на моторната осовина | Маст Makita N°2 или еквивалент на секои 30 часа |
| Подмачкување со маст (сечила) | На секои 50 часа, околу 1,5 g по отвор |
| Чување | Покривка за сечилото на место, суво место, вон дофат на деца |
| Достапни резервни делови | Комплет ножични сечила, батерија и полнач Makita |
| Поправливост | Овластен сервисен центар на Makita |
Frequently Asked Questions - EN424MP MAKITA
Прашања на корисниците за EN424MP MAKITA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционален алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EN424MP - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EN424MP на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EN424MP MAKITA
- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.
- Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
Одобрен уред за напојување
Овој додаток е одобрен само за употреба со следниве уреди за напојување:
- DUX60 Безжична повекефункционална глава за напојување
- DUX18 Безжична повеќефункционална глава за напојување
- UX01G Безжична повекефункционална глава за напојување
⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го додатокот со неодобрен уред за напојување. Неодобрената комбинација може да предизвика сериозна повреда.
Символи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

Прочитајте го и следете го прирачникот со упатства.

ОПАСНОСТ - држете ги рацете подалеку од сечилото.

Носете заштитен шлем, заштитни очила и заштита за уши.

Носете заштитни ракавици.

Носете цврсти чизми со гонови што не се лизгаат.

Лицата во близина и животните нека бидат на најмалку 15 м од електричниот алат.

Жешки површини - може да ги изгорат прстите или дланките.

Гарантирано ниво на јачина на звукот во согласност со Директивата на ЕУ за бучава на отворено.

Ниво на јачина на звукот во согласност со Регулативата за контрола на бучава во Австралија, Нов Јужен Велс
Наменета употреба
Додатокот е предвиден само за намената поткастрување трева и плевел поставени на земјата, заедно со одобрен уред за напојување. Никогаш не користете го додатокот за други намени. Со неправилна употреба на додатокот може да предизвикате сериозна повреда.
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Ние како производители: Makita Europe N.V., деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2 3070 Kortenberg BELGIUM. го овластуваме Hiroshi Tsujimura за составување на техничкиот документ и со наша целосна лична одговорност изјавуваме дека производите; Ознака: Додаток на тримерот за жива ограда. Ознака на типот(овите): EN424MP. Ги исполнува сите релевантни одредби од 2006/42/ ЕЗ и исто така ги исполнува сите релевантни одредби од следниве Директиви на ЕЗ/ЕУ: 2000/14/ ЕС и се произведени во согласност со следниве хармонизирани стандарди: EN 62841-1:2015, EN 62841-4-2:2019, EN IEC 62841-4-5:2021, EN ISO 11806-1:2011. Место и датум на изјавата: Контенберг, Белгија. 31. 1 .2023 Одговорно лице: Hiroshi Tsujimura, директор - Makita Europe N.V.
9d. Kuyinna
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Безбедносни предупредувања за безжичната ножица за трева
- Не користете ја ножицата за трева при лоши временски услови, особено кога има ризик од грмотевици. Со тоа се намалува ризикот од удар на гром.
- Држете ги сите жици и кабли подалеку од областа на сечење. Жиците и каблите за напојување може да бидат сокриени и случајно да се пресечат со сечилото.
- Носете заштита за ушите. Соодветната заштитна опрема може да го намалите ризикот од губење на слухот.
- Држете ја ножицата за трева само за изолираните држачи затоа што сечилото може да дојде во допир со скриени жици. Сечилото што ќе допре жица под напон може да ја пренесе струјата до металлите делови на ножицата за трева и да предизвика струен удар на операторот.
- Држете ги сите делови од телото настрана од сечилото. Не отстранувајте го пресечениот материјал и не држете го материјалот што треба да се сече кога сечилата се во движење. Сечилата продолжуваат да се вртат откако ће го исключите прекинувачот. Момент на невнимание при работата со ножицата за трева може да резултира со тешка телесна повреда.
- При чистење на заглавен материјал или сервисирање на ножицата за трева, проверете дали прекинувачот за напојување е ислучен и дали батеријата е отстранета или исключена. Неочекуваното активирање на ножицата за трева при чистење на заглавен материјал или сервисирање може да резултира со сериозна телесна повреда.
- Носете ја ножицата за трева држејки ја за рачката со блокирано сечило и внимавајки да не ракувате со прекинувачот за напојување. Правилното носење на ножицата за трева ће го намали ризикот од ненамерно стартување и последична телесна повреда од сечилата.
- Кога ја транспортирате или складирате ножицата за трева, секогаш користете го капакот на сечилото. Правилното ракување со ножицата за трева ње го намали ризикот од телесна повреда од сечилата.
Дополнителни безбедносни упатства
Општи упатства
-
За да се осигури правилна работа, корисникот мора да го прочита ова упатство за користење за да се запознае со ракувањето со опремата. Недоволно информiranите корисници ризикуваат да се доведат себе си и другите во опасност заради неправилно ракување.
-
Никогаш не дозволувајте деца и лица со намален физички, сензорен или ментален капацитет или без искусство и знаење или пак, лица кои не се запознаени со овие упатства да го користат алатот. Локалните закони може да имаат и ограничување на возраста на ракувачот.
-
Користете ја опремата со голема грижа и внимание.
-
Ракувајте со опремата само ако сте во добра физичка состојба. Сите работи изведувајте ги смирено и внимателно. Користете здрав разум и имајте на ум дека операторот или корисникот е одговорен за несреќите или опасностите што им се случуваат на другите луге или имотот.
-
Никогаш не работете со машината кога има луге, особено деца, или домашни животни во близина.
-
Моторот треба да се исклучи веднаш ако опремата покажува какви било проблеми или ненормални знаци.
-
Исклучете ја и извадете ја касетата за батерија кога правите пауза и кога ја оставате опремата необезбедена, и ставете ја на безбедна локација за да спречите опасност по другите или оштетување на опремата.
-
Избегнувајте користење на машината при лоши временски услови, особено кога има ризик од грмотевици.
Лична заштитна опрема
-
Носете заштита за очите и обувки со дебел ́он цело време додека работите со машината.
-
Секогаш носете цврсти обувки и долги панталони додека работите со машината.
Стартување на опремата
-
Осигурете се дека нема деца или други луге во близина и, исто така, обрнете внимание на какви било животни во близина на работното место. Во спротивно, запрете со користење на опремата.
-
При работењето, држете ги лујето и животните што се наоћаат во близина на растојание од најмалку 15 м од алатот. Исключете го алатот веднаш штом некој се приближи.
-
Пред употреба, секогаш проверувајте дали опремата е безбедна за користење. Проверете ја сигурноста на алатот за сечење, на штитникот и на прекинувачот за стартување/рачката за лесна и соодветна работа. Проверете дали рачките се чисти и суви и тестирајте го функционирањето на прекинувачот за стартување/исклучување.
-
Проверете дали има оштетени делови пред натамошната употреба на опремата. Штитникот или друг дел што е оштетен треба внимателно да се провери за да се утврди дали ќе работи исправно и дали ќе ја изврши својата наменета функција. Проверете ги порамнувањето на подвижните делови, спојот на подвижните делови, скршени делови, монтажа и сите други состојби што може да влијаат врз работата. Штитникот или друг дел што е оштетен треба соодветно да се поправи или замени од страна на наш овластен сервисен центар, освен ако не е поинаку наведено во ова упатство за користење.
- Включете го моторот само кога рацете и стапалата се настрана од алатот за сечење.
- Пред стартувањето, осигурете се дека алатот за сечење не е во допир со какви било предмети.
- Држете го алатот цврсто кога го користите.
- Избегнувајте ненамерно стартување. Не го носете алатот кога касетата за батерија е монтирана и со прст на прекинувачот. Осигурајте се дека прекинувачот е ислучен кога ја монтирате касетата за батерија.
- Пред работењето, испитајте дали во работната област има жичени огради, камења или други тврди предмети. Тие може да ги оштетат ножевите.
- Проверете дали има туғи предмети во живата ограда и грмушките, како на пример, жичени огради или сокриени кабли, пред да започнете со работата.
Метод на работа
- Користете ја опремата само во услови на добра осветленост и видливост. За време на зимата, внимавајте на лизгави или влажни подлоги, мраз и снег (ризик од лизгање). Секогаш осигурете се дека безбедно газите на стрмнините и одете, никогаш не трчајте.
- Внимавајте да не дојде до повреда на стапалата и рацете од алатот за сечење.
- Никогаш не стојте на скала додека работите со опремата.
- Никогаш не качувајте се на дрвја за да изведувате сечење со опремата.
- Никогаш немојте да работите на нестабилни површини.
- Отстранете ги песокот, камењата, шајките и другите предмети што се наогаат во рамки на работната област. Надворешните предмети може да го оштетат алатот за сечење и може да предизвикаат опасни повратни удари.
- Ако алатот за сечење удри во камења или други тврди предмети, веднаш исключете го моторот и проверете го алатот за сечење.
- Проверувајте дали има оштетувања на алатот за сечење на редовни, кратки временски интервали (проверка за пукнатини со потчукнување и одредување според звукот).
-
Пред да започнете со сечење, алатот за сечење мора да достигне полна работна брзина.
-
Алатот за сечење мора секогаш да биде опремен со соодветен штитник. Никогаш не работете со опремата со оштетени штитници или без поставени штитници!
- Сите заштитни елементи и штитници испорачани со опремата мора да се користат за време на работата.
- Секогаш вадете ја касетата за батерија од опремата:
— кога ја оставате опремата без ваше присуство;
— пред да пристапите кон деблокирање;
— пред проверување, чистење или изведување работи врз опремата;
— откако їе удрите во надворешен предмет;
— кога опремата їе започне да вибрира ненормално.
- Секогаш осигурувајте се дека отворите за вентилација се одржуваат чисти.
- Средствата за сечење продолжуваат да работат откако моторот їе се исклучи.
- Доколку сечилата престанат да се движат поради заглавувањето туғи предмети помеғу нив за време на работата, исключете го алатот и отстранете ја касетата за батерија, а потоа отстранете ги туғите предмети користејки алати како клешта. Отстранувањето на туғите предмети со раце може да предизвика повреда од причина што сечилата може да се поместат како реакција на отстранување на туғите предмети.
- Кога го прикачувате или вадите капакот за сечилата, внимавајте да не си ги повредите дланките.
Алати за сечење
Употребете го само соодветниот алат за сечење за работата што треба да се изведе.
Упатства за одржување
- Состојбата на опремата, конкретно на заштитните уреди на алатот за сечење, мора да се провери пред да се започне со работа.
- Исключете го моторот и извадете ја касетата за батерија пред да изведете одржување, замена на алати за сечење или чистење на опремата или алатот за сечење.
- Кога не се користи, поставете го капакот за сечилото на алатот и складирајте го алатот во затворена просторија, на суво и високо или заклучено место, подалеку од дофат на деца.
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на производот (стекнати со подолга употреба) да ве наведат да не се придржувате строго до безбедносните правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на безбедносните правила наведени во ова упатство може да предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
▶ Сл.1: 1. Капак на сечилото 2. Капаче 3. Сечила за стрижење 4. Тркало
СОСТАВУВАЊЕ
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја склопувате или нагодувате опремата, исключете го моторот и извадете ја касетата за батеријата. Во спротивно, машината може да се активира ненадејно и тоа да резултира со повреда.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Kora će ја склопувате или нагодувате опремата, секогаш спуштете ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.
⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.
Склопување на додатокот
- Извадете го капачето од едниот крај на цевката од страната со плоча.
▶ Сл.2: 1. Капаче 2. Плоча
- Разлабавете ја навртката на тркалата со инбус-клучот.
▶ Сл.3: 1. Инбус-клуч
- Порамнете ја плочата на цевката со жлебот на тркалата, па прицврстете ги тркалата на цевката како што е покажано на сликата. Прицврстете ја навртката за да ги фиксирате тркалата.
▶ Сл.4: 1. Цевка 2. Тркало 3. Плоча 4. Завртка
ЗАБЕЛЕШКА: Задолжително прицврстете ги тркалата така што плочата да биде прицврстена за тркалата.
- Извадете го капакот од додатокот.
▶ Сл.5: 1. Капаче
- Прицврстете го приклучокот за цевката така што отворот на цевката да биде порамнет со отворот на додатокот. Прво, безбедно затегнете ја кратката завртка, па потоа затегнете ја долгата завртка за да ја фиксирате цевката.
▶ Сл.6: 1. Цевка 2. Завртка (кратка) 3. Завртка (долга)
НАПОМЕНА: При затегнување на завртките, применете 4,0 - 6,0 N·m како вртежен момент на затегнување.
Монтирање на приклучната цевка
⚠️ ВНИМАНИЕ: По монтирањето, секогаш проверувајте дали приклучната цевка е прицврстена. Несоодветното монтирање може да предизвика додатокот да падне од уредот за напојување и да предизвика лична повреда.
Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за напојување.
- Отстранете го капачето од крајот на цевката. ▶ Сл.7: 1. Цевка 2. Капаче
ЗАБЕЛЕШКА: Не фрлајте го капачето бидејки е потребно за складирање на додатокот.
- Свртете го лостот кон додатокот.
▶ Сл.8: 1. Лост
- Порамнете ја иглата со ознаката за стрелка на уредот за напојување. Вметнете ја цевката додека не се појави копчето за отпуштање.
Осигурете се дека линијата за положба е на врвот од ознаката за стрелка на уредот за напојување, а ознаките за стрелка на уредот за напојување и на цевката се насочени една кон друга.
▶ Сл.9: 1. Копче за отпуштање 2. Ознака за стрелка на уредот за напојување 3. Чепче 4. Линија за положба 5. Ознака за стрелка на цевката
- Свртете го лостот кон уредот за напојување.
▶ Сл.10: 1. Лост
Осигурете се дека површината на лостот е паралелна во однос на цевката.
ЗАБЕЛЕШКА: Не стегајте го лостот без да биде вметната прилучната цевка. Инаку, лостот може да го престегне и да го оштети влезниот отвор на погонската оска.
За да ја отстраните цевката, свртете го лостот во насока на додатокот и извлечете ја цевката додека го притискате копчето за отпуштање.
▶ Сл.11: 1. Копче за отпуштање 2. Лост 3. Цевка
Отстранување или прицврстување на капакот на сечилото
Отворете ги резиньата од капакот на сечилото така што ќе ги повлечете, па отворете го капакот на сечилото.
▶ Сл.12: 1. Резе
Кога го прицврстувате капакот на сечилото на сечилата за стрижење, уверете се дека капакот на сечилото е затворен и дека двете резиња се добро прицврстени.
Монтирање или вадење на сечилата за стрижење
АВНИМАНИЕ: Кога ги заменувате сечилата за стрижење, секогаш носете ракавици за да не дојдат рацете и лицето во директен допир со сечилата.
⚠️ВНИМАНИЕ: Прикачете го капакот за сечилото пред да ги извадите или монтирате сечилата за стрижење.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога ги заменувате сечилата за стрижење, не бришете го мазивото од курблата.
- Поставете ги сечилата за стрижење на капакот на сечилото.
▶ Сл.13: 1. Капак на сечилото
- Свртете ја оската така што горното и долното сечило да бидат поставени наизменично.
▶ Сл.14: 1. Оска
-
Затворете го капакот на сечилото, па ставете го додатокот свртен наопаку.
-
Извадете ги 4-те завртки со инбус-клуч, па извадете го капакот.
▶ Сл.15: 1. Завртка 2. Капак
- Извадете ги сечилата за стрижење.
▶ Сл.16
- Свртете ја курблата со засечениот одвртувач, така што курблата да биде поставена во насоката прикажана во сликата.
▶ Сл.17: 1. Курбла
-
Извадете го капакот на сечилото од сечилата за стрижење, па ставете ги новите сечила за стрижење на капакот на сечилото.
-
Порамнете ги отворите на горното сечило за кастрење и долното сечило за кастрење како што е прикажано на сликата.
▶ Сл.18: 1. Отвор
- Затворете го капакот на сечилото и ставете ја навртката што ја извадивте во чекор 4 во отворот од капакот на сечилото за привремено да ги фиксирате сечилата за стрижење.
▶ Сл.19: 1. Завртка
-
Нанесете мала количина мазиво на периферниот дел од курблата.
-
Прикачете ги сечилата за стрижење на додатокот.
▶ Сл.20
- Прикачете го капакот и потоа затегнете 3 завртки. Извадете ја завртката што беше ставена во капакот на сечилото во чекор 9, па затегнете ја завртката.
▶ Сл.21: 1. Завртка 2. Капак
ЗАБЕЛЕШКА: Ако сечилата за стрижење не работат правилно, тогаш тие не ја зафакаат правилно курблата. Отстранете ги сечилата и монтирајте ги повторно.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако има изабени делови што не се сечила за стрижење, како на пример курбла, побарајте замена или поправка на деловите од овластените сервисни центри на Makita.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред секое нагодување или проверка на алатот, проверувајте дали е исклучен и батеријата е извадена.
Нагодување на аголот на сечење
⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред нагодување на аголот на сечење, секогаш осигурете дека алатот е исклучен.
Аголот на додатокот може да се приспособи со промена на положбата на тркалата. Разлабавете ја завртката на тркалата, па преместете ги тркалата во саканата позиција и цврсто прицврстете ја навртката за да ги фиксирате тркалата.
▶ Сл.22: 1. Тркало
ЗАБЕЛЕШКА: Уверете се дека плочата на цевката е прицврстена на тркалата.
РАБОТЕЊЕ
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.
Работење со алатот
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги рацете настрана од сечилата за стрижење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидете многу внимателни во одржувањето контрола врз алатот цело време. Не дозволувајте алатот да се одбие кон вас или кој било во работната област. Ако не одржувате контрола врз алатот, може да дојде до тешка повреда на лицата во близина или на операторот.
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да започнете со стрижење, расчистете ги стапчињата и камењата од областа што єе се потстрижува.
Сл.23
⚠️ ВНИМАНИЕ: Избегнувајте работа со алатот на многу топло време колку што е можно повеќе. Кога работите со алатот, внимавајте на вашата физичка состојба.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Внимавајте случајно да не допрете метална ограда или други тврди предмети за време на стрижењето. Сечилата за стрижење може да се скршат и да предизвикаат повреда.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Пресегнувањето со алатот, особено од скала, е многу опасно. Не работете качени на структура што се ниша или не е стабилна.
ЗАБЕЛЕШКА: Не сечете исушени дрва или слични тврди предмети. Тоа може да го оштети алатот.
ЗАБЕЛЕШКА: Немојте да го користите алатот на начин што юе предизвика моторот да сопре или да ротира многу бавно.
ЗАБЕЛЕШКА: Не обидувајте се да сечете дебели гранки.
ЗАБЕЛЕШКА: Не дозволувајте сечилата за стрижење да ја допрат земјата за време на работата. Сечилата ће се истапат и тоа ће предизвика лоша изведба.
ЗАБЕЛЕШКА: Не стрижете ги тревата или зеленилото на малите дрвца кога се влажни.
Држете го алатот со двете раце така што ње го држите за предната рачка и задната дршка на уредот за напојување.
▶ Сл.24: 1. Предна рачка 2. Задна дршка
Додека тркалата се во контакт со подлогата, повлечете го прекинувачот за стартување додека го притискате лостот за деблокирање, па придвижете го алатот нанапред.
▶ Сл.25
Кога потстрижувате околу рабови, цврсти огради или дрва, движете го алатот покрај нив. Бидете внимателни сечилата да не дојдат во контакт со нив.
ОДРЖУВАЊЕ
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред проверка и одржување на опремата, исключете ја и извадете ја касетата за батеријата. Во спротивно, машината може да се активира ненадејно и тоа да резултира со тешка повреда.
⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: При проверка или одржување на опремата, секогаш ставајте ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.
⚠️ВНИМАНИЕ: Носете ракавици кога извршувате проверка или одржување.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или слично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што је ја бришете прашината со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или слично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на сечилото за стрижење
Пред работењето или еднаш на час за време на работата, нанесете масло со ниска вискозност (масло за машини или масло за подмачкување во вид на спреј) на сечилата за стрижење.
▶ Сл.26
По работата, исчистете ја правта од двете страни на сечилата за стрижење со жичена четка, избришете ги со крпа и потоа нанесете доволна количина масло со ниска вискозност (масло за машини или масло за подмачкување во вид на спреј) на сечилата за стрижење.
▶ Сл.27
ЗАБЕЛЕШКА: Не мијте ги сечилата за стрижење во вода. Во спротивно, може да дојде до кородирање или оштетување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА: Нечистотијата и корозијата предизвикуваат прекумерно триење на сечилата и го намалуваат работното време на полната батерија.
Складирање
Прикачете го капакот за сечилото на сечилата за стрижење за да не бидат изложени. Складирајте го алатот надвор од дофат на деца. Складирајте го алатот на место што не е изложено на влага или дожд. При одделно складирање на додатокот од уредот за напојување, ставете го капачето на крајот од цевката.
▶ Сл.28
Подмачкување на подвижните делови
ЗАБЕЛЕШКА: Следете ги упатствата за зачестеноста и количеството на обезведеното средство за подмачкување. Инаку, недоволното подмачкување може да ги оштети подвижните делови.
Погонска оска:
Нанесувајте средство за подмачкување (масло Makita N No.2 или слично) на секои 30 часа од работата.
▶ Сл.29
НАПОМЕНА: Оригинално средство за подмачкување на Makita може да се купи од вашиот локален продавач на Makita.
Подмачкување со масло
Интервал на подмачкување: на секои 50 часа работење
- Извадете ги сечилата за стрижење од додатокот.
- Нанесете мазиво на внатрешниот периферен дел на отворите на сечилата за стрижење (околу 1,5 г како насока).
▶ Сл.30: 1. Отвор
- Монтирајте ги сечилата за стрижење на додатокот.
Брусење на сечилата за стрижење
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сечилата за стрижење значително се деформирале со брусење, заменете ги со нови.
- Монтирајте ја касетата за батерија на алатот.
- Включете го и стартувајте го алатот така што горното и долното сечило се поставуваат наизменично.
▶ Сл.31
- Исклучете го алатот и извадете ја касетата за батерија од него.
- Поставете го аголот на турпијата на 45° и брусете го горното сечило од 3 насоки со турпијата.
▶ Сл.32: (1) Турпија (2) 45°
⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред брусење на сечилата за стрижење, секогаш проверувајте дали алатот е исклучен и касетата за батеријата е извадена од алатот.
- Поставете го алатот наопаку и потоа отстранете ја назабеноста од сечилата за стрижење со каменот за брусење.
▶ Сл.33: 1. Камен за брусење - Поставете го аголот на турпијата на 45° и брусете го долното сечило од 3 насоки со турпијата.
- Вратете го алатот во нормална положба и потоа отстранете ја назабеноста од сечилата за стрижење со каменот за брусење.
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Пред да нарачате поправка, прво сами проверете ја состојбата. Ако најдете проблем што не е објаснет во упатството, не обидувајте се да го расклопите алатот. Наместо тоа, побарајте помош од овластените сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.
| Состојба на аномалии Можно причина (дефект) Поправка | |
| Моторот не стартува. - Погледнете во прирачникот со упатства за | уредот за напојување. |
| Моторот запира брзо. - Погледнете во прирачникот со упатства за | уредот за напојување. |
| Брзината на моторот не се зголемува. | - Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување. |
| Сечилата за стрижење не се движат:⇒ веднаш запрете ја машината! | Туғи предмети се заглавуваат помеғу сечилата за стрижење. |
| Погонскиот систем не работи правилно. | |
| Абнормални вибрации:⇒ веднаш запрете ја машината! | Сечилата за стрижење се скршени, извиткани или изабени. |
| Погонскиот систем не работи правилно. | |
| Сечилата за стрижење и моторот не запираат:⇒ веднаш извадете ја батеријата! | Електричен дефект. Отстранете ја батеријата и побарајте говавшиот локален, овластен, сервисен центар за поправка. |
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
⚠️ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со машината од Makita наведена во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
• Склоп на сечилото за стрижење
• Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со пакетот производи како стандарден прибор. Тие може да се разликуват од држава до држава.
ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ
Лична заштитна опрема
▶ Слика17: 1. Обртна ручица
▶ Слика32: (1) Турпија (2) 45°
▶ Рис.21: 1. Болт 2. Кришка
▶ Рис.18: 1. Отверстие