BOSCH

GLM 80 Professional - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLM 80 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 331 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GLM 80 Professional - page 239
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLM 80 Professional

Категорија : Ласерско ниво

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLM 80 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLM 80 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLM 80 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте предупредувачките знаци. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. 1 609 92A 55A | (05.08.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 239 Мерниот уред се испорачува со предупредувачки знак (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со број (20) ). Laser Radiation Do not stare into beam Class 2 laser product u Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба. Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. u Не правете промени на ласерскиот уред.u Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да заслепат други лица. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Заштитете го мерниот уред од топлина, на пр. исто така од постојана изложеност на сончеви зраци, оган, вода или влажност. Постои опасност од експлозија. u Не го користете мерниот уред со вметнат Micro-USB

Безбедносни напомени за полначи u Овој полнач не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди. u За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со полначот. Држете го полначот подалеку од дожд или влага. Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар. u Наполнете го мерниот уред со испорачаниот u Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар. u Пред секое користење, проверете ги полначот, кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар. u Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради Bosch Power Tools 1 609 92A 55A | (05.08.2019)240 | Македонски затоплувањето на уредот што произлегува при

u Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. Опис на производот и перформансите Наменета употреба Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија, косини и за пресметување на површини и волумени. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1)

(2) Копче Мерење (3) Копче за мерење на косини / калибрација

(4) Копче за менување на функција / основни

(5) Копче Минус (6) Копче за резултат / функција на тајмер

(7) Копче за листата на измерени вредности / зачувување на константа

(8) Копче за бришење на меморијата / копче за вклучување-исклучување

(9) Чивија-граничник (10) Копче за избирање на референтно ниво (11)

(12) Копче за мерење на должини, површини и

(13) Поклопец за приклучокот за полнење (14) Микро-USB-приклучок (15) Прифат за лентата за носење (16) Излез на ласерскиот зрак (17) Приемна леќа (18) Сериски број (19) 1/4"-навој (20) Предупредувачки знак на ласерот (21) Приклучок за полнење (22) Микро-USB-кабел (23)

(26) Лост за заклучување на мерната шина

(28) Ласерски заштитни очила

(29) Ласерска целна табла

Држете го притиснато копчето за повикување на подобрените функции.

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Елементи за приказ (a) Редови со измерената вредност (b) Приказ за грешка „ERROR“ (c) Редови со резултат (d) Дигитална либела / Позиција за внес на листите на измерени вредности (e) Индикатор на листата на измерени вредности (f) Мерни функции Мерење на должини Мерење на површини Мерење на волумен Континуирано мерење

Индиректно мерење на висини

Двојно индиректно мерење на висини

Индиректно мерење на должини Функција на тајмер Мерење на ѕидни површини Мерење на косини (g) Приказ за наполнетост на батеријата (h) Вклучен ласер (i) Рефрентно ниво на мерењето (j) Предупредување за температурата Технички податоци Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 80 GLM 80+R 60 Број на дел/артикл 3601K723.. 3601K723.. Мерење на растојание Мерно поле (типично) 0,05–80m

Точност при мерењето (типични, неповолни услови) ±2,5mm

1 609 92A 55A | (05.08.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 241 Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 80 GLM 80+R 60 Најмала единица на приказ 0,1mm 0,1mm Индиректно мерење на растојание и либела Мерно подрачје –60° – +60° –60° – +60° Мерење на косини Мерно подрачје 0°–360° (4x90°)

Класа на ласер 2 2 Тип на ласер 635 nm, <1mW 635 nm, <1mW Дијаметар на ласерски зрак (при 25°C) околу – на 10m растојание 6mm

– на 80m растојание 48mm

Точност при подесувањето на ласерот кон куќиштето околу – вертикално ±2mm/m

Автоматика за исклучување по околу – Ласер 20 s 20 s – Мерен уред (без мерење) 5 min 5 min Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 0,14 kg 0,14 kg Димензии 51 x 111 x 30 mm 51 x 111 x 30 mm Вид на заштита IP 54 (заштита од прав и прскање на вода) IP 54 (заштита од прав и прскање на вода)

1600A013.. Време на полнење околу 3 h околу 3 h Напон за полнење на батеријата 5,0 V 5,0 V Струја за полнење 1000 mA 1000 mA Bosch Power Tools 1 609 92A 55A | (05.08.2019)242 | Македонски Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 80 GLM 80+R 60 Класа на заштита / II / II A) При мерење од предниот раб на мерниот уред, 100% рефлексија на целта (на пр. бело обоен ѕид), слаба осветленост на позадината и 25°C оперативна температура. Дополнително треба да се пресмета влијание од  ±0,05mm/m. B) При мерење од задниот раб на мерниот уред, 10  –100% рефлексија на целта, јако осветлување на позадината и  25°C работна температура. Дополнително треба да се пресмета влијание од  ±0,29mm/m. C) При мерење со референтна задна страна на уредот, максималното мерно поле изнесува  ±60°

По калибрирање според сликата H. Дополнителна грешка на косина од макс ±0,01°/степени до 45°. E) Ширината на ласерската линија зависи од составот на површината и условите на околината. F) Во функцијата Континуирано мерење, макс. оперативна температура изнесува +40 °C. G) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. H) при 25°C

I) Кај нова и наполнета батерија без осветлување на екранот и тон.

Серискиот број (18) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред. Ве молиме внимавајте на бројот на производот на спецификационата плочка на Вашиот полнач. Трговските називи на поединечни полначи може да варираат. Прво ставање во употреба Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред. u Употребата на уреди за полнење од други производители може да доведе до дефекти на мерниот уред; исто така висок напон (на пр. 12V) од полнач за кола не е наменет за полнење на овој мерен уред. Непочитувањето ќе ја поништи гаранцијата. u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да обезбедите максимален капацитет на батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Доколку долниот сегмент на приказот за наполнетост на батеријата трепка (g), може да се извршат уште неколку мерења. Наполнете ја батеријата. Доколку рамките околу сегментите на приказот за наполнетост на батерија трепкаат (g), повеќе не се возможни мерења. Мерниот уред може да се користи уште кратко (на пр. за да ги проверите внесовите во листата на измерени вредности). Наполнете ја батеријата. Поврзете го мерниот уред со помош на испорачаниот микро-USB-кабел (22) со уредот за полнење (23). Вметнете го полначот (23) во приклучницата. Постапката на полнење започнува. Приказот за наполнетост на батеријата (g) го покажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење сегментите трепкаат еден по друг. Доколку се прикажат сите сегменти на приказот за наполнетост на батеријата (g), батеријата е целосно наполнета. Доколку не го употребувате, извадете го полначот од

Дополнително може да ја наполните батеријата преку USB-порта. Притоа, приклучете го мерниот уред со микро-USB-кабел на USB-порта. За време на работата преку USB (полнење, пренос на податоци) може да дојде до значително зголемување на времето на полнење. Мерниот уред не може да се користи за време на процесот на полнење. u Заштитете го полначот од влага! Напомени за оптимално користење на батериите во мерниот уред Складирајте го мерниот уред само во дозволениот температурен опсег, (види „Технички податоци“, Страница240). Не го оставајте мерниот уред на пр. во автомобилот летно време. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени од страна на сервисната служба на Bosch. Внимавајте на напомените за отстранување.

Ставање во употреба u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци. u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши. u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш 1 609 92A 55A | (05.08.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 243 извршете проверка на точноста (види „Проверка на точноста и калибрирање на измерените косини (види сликаH)“, Страница247) и (види „Проверка на точноста на мерењето на растојание“, Страница247). Вклучување/исклучување u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. За вклучување на мерниот уред ги имате следниве

– Притиснете на копчето за вклучување-исклучување (8): Мерниот уред ќе се вклучи и се наоѓа во функција на мерење на должини. Ласерот нема да се вклучи. – Притиснете на копчето Мерење (2): Мерниот уред и ласерот ќе се вклучат. Мерниот уред се наоѓа во функција Мерење на должини. Доколку уредот е ставен во мерна шина (25) се активира функцијата мерење на косини. u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. За исклучување на мерниот уред притиснете долго на копчето за вклучување-исклучување (8). Доколку околу 5min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тогаш тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите. Доколку при начин на работа „Мерење на косини“ аголот не се промени во период од околу 5min., мерниот уред автоматски се исклучува заради заштита на батериите. При автоматското исклучување, се задржуваат сите зачувани вредности. Процес на мерење По вклучувањето, со притискање на копчето Мерење (2) мерниот уред секогаш се наоѓа во функција Мерење на должини одн. Мерење на косини, доколку мерниот уред е (25) ставен во мерната шина. Другите мерни функции може да ги поставите со притискање на соодветното функционално копче (види „Мерни функции“, Страница244). Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран задниот раб на мерниот уред. Со притискање на копчето за референтното ниво (10) може да го промените референтното ниво (види „Избирање на референтно ниво (види сликаA)“, Страница243). Поставете го мерниот уред со избраното референтно ниво на саканата стартна точка за мерење (напр. ѕид). За вклучување на ласерскиот зрак, кратко притиснете на копчето Мерење (2). u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина. За активирање на мерењето, одново притиснете кратко на копчето Мерење (2). При постојано вклучен ласерски зрак мерењето започнува веднаш по првото притискање на копчето Мерење (2). Со функцијата Континуирано мерење, мерењето започнува веднаш при вклучување на функцијата. Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од 0,5с, а најдоцна по 4с. Времетраењето на мерењето зависи од растојанието, светлосните услови и рефлективните својства на целната површина. Крајот на мерењето ќе се прикаже со сигнален тон. По завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи. Доколку по околу 20s по целењето не се изврши мерење, ласерскиот зрак автоматски се исклучува заради заштита на батериите. Избирање на референтно ниво (види сликаA) За мерењето може да изберете четири различни референтни нивоа: – задниот раб на мерниот уред одн. предниот раб на чивијата-граничник, отворен за 90° (9) (напр. при ставање на надворешни агли), – врв на чивијата-граничник, отворен за 180° (9) (напр. за мерења од агли), – преден раб на мерниот уред (напр. при мерење, почнувајќи од еден раб на маса), – за мерења од агли) (19) (напр. за мерења со статив). За избор на референтното ниво, притискајте го копчето (10) додека не се прикаже саканото референтно ниво на екранот. По секое вклучување на мерниот уред, задниот раб на мерниот уред е претходно поставен како референтно ниво. Дополнителна промена на референтното ниво на веќе извршените мерења (напр. при прикажување на измерените вредности во листата на измерени вредности) не е можна. Мени „Основни поставки“ За да влезете во менито „Основни поставки“, држете го притиснато менито Основни поставки (4). Кратко притиснете го копчето Основни поставки (4), за да ги изберете поединечните точки од менито. Притиснете го копчето Минус (5) односно копчето Плус (11), да изберете поставка во точката од менито. За да излезете од менито „Основни поставки“, притиснете го копчето Мерење (2). Основни поставки Сигнални тонови Вклучено

Осветлување на екранот Вклучено

вклучување/ исклучување Дигитална либела Вклучено

Ротација на екранот Вклучено

Постојан ласерски зрак Вклучено

Единица растојание (во зависност од верзијата во

m, ft, inch, … Единица агол (во зависност од верзијата во земјата) °, %, mm/m, inch/ft До поставката „Постојан ласерски зрак“, при исклучувањето, остануваат зачувани сите основни

Постојан ласерски зрак u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Ласерскиот зрак во оваа поставка, останува вклучен и помеѓу мерењата, а за мерење, потребно е само еднаш кратко да го притиснете копчето Мерење (2). Мерни функции Едноставно мерење на должини За мерење на должини, притискајте го копчето (12) додека на екранот не се појави приказот за мерење на

За вклучување на ласерот и за мерење, кратко притиснете на копчето Мерење (2). Измерената вредност ќе се прикаже во редот со резултат (c). При мерење на повеќе должини едно по друго, ќе се прикажат резултатите од последните мерења во редови каде е прикажана измерената вредност (a). Мерење на површини За мерење на површини, притискајте го копчето (12) додека на екранот не се појави приказот за мерење на

На крај, измерете ја ширината и должината едно по друго како кај мерењето на должини. Помеѓу двете мерења, ласерскиот зрак останува вклучен. По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже во редот со резултат (c). Поединечните измерени вредности стојат во редовите со измерени вредности (a). Мерење на волумен За мерење на волумен, притискајте го копчето (12) додека на екранот не се појави приказот за мерење на

На крај, измерете ја ширината, должината и длабочината едно по друго како кај мерењето на должини. Помеѓу трите мерења, ласерскиот зрак останува вклучен. По завршување на третото мерење, волуменот автоматски се пресметува и ќе се прикаже во редот со резултат (c). Поединечните измерени вредности стојат во редовите со измерени вредности (a). Вредностите над 999999m

не може да се прикажат, на екранот се појавува „ERROR“. Волумените што треба да ги измерите, поделете ги на поединечни мерења, за одделно да се пресметаат и регистрираат нивните

Континуирано мерење / минимално/максимално мерење (види сликаB) При континуираното мерење, мерниот уред може релативно да се движи кон целта, при што измерената вредност ќе се ажурира на секои 0,5 s. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо. За континуирано мерење притиснете повеќе пати на функционалното копче (4), додека на екранот не се појави приказот за континуирано мерење. За старт на континуираното мерење, притиснете го копчето Мерење (2). Мерењето на минимум служи за соопштување на најкраткото растојание од една фиксна референтна точка. Тоа помага напр. при соопштување на вертикали и хоризонтали. Мерењето на максимум служи за соопштување на најголемото растојание од една фиксна референтна точка. Тоа помага напр. при соопштување на дијагонали. Во редот со резултат (c) ќе се прикаже моменталната измерена вредност. Во редовите со измерени вредности (a) ќе се појави максималната („max“) и минималната („min“) измерена вредност. Таа ќе се препише секогаш кога моменталната измерена вредност на должината е помала одн. поголема од досегашната максимална одн. минимална вредност. Со притискање на копчето за бришење на меморија (8) ќе се избришат досегашните минимални одн. максимални вредности. Со притискање на копчето Мерење (2) го завршувате континуираното мерење. Последната измерена вредност ќе се прикаже во редот со резултат (c). Со одново 1 609 92A 55A | (05.08.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 245 притискање на копчето Мерење (2) континуираното мерење започнува од почеток. Континуираното мерење автоматски се исклучува по 5min. Последната измерена вредност ќе се прикаже во редот со резултат (c). Индиректно мерење на растојанија Индиректното мерење на растојанија служи за соопштување на растојанија, кои не треба директно да се измерат, бидејќи има пречки во текот на зракот или нема целна површина како рефлектор на располагање. Оваа мерна постапка може да се примени само во вертикален правец. Секое отстапување во хоризонтален правец води кон мерни грешки. Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува

За индиректно мерење на растојанија, на располагање ви се три мерни функции, со кои може да се соопштат различни траси. a) Индиректно мерење на висина (види сликаC) Притиснете го копчето Промена на функција (4) додека на екранот не се појави приказот за индиректни мерења

Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и долната мерна точка. Потоа навалете го мерниот уред околу референтното ниво и измерете ја трасата како кај мерење на должината (1). По завршување на мерењето, ќе се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (c). Измерените вредности за трасата „1“ и аголот „α“ стојат во редовите со измерени вредности (a). b) Двојно индиректно мерење на висина (види сликаD) Притиснете го копчето Промена на функција (4) додека на екранот не се појави приказот за двојно индиректно мерења на висини

Измерете ги трасите „1“ и „2“ како при мерење на должини, по овој редослед. По завршување на мерењето, ќе се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (c). Измерените вредности за трасите „1“, „2“ и аголот „α“ стојат во редовите со измерени вредности (a). Внимавајте на тоа, референтното ниво на мерењето напр. задниот раб на мерниот уред да стои точно на истото место при сите поединечни мерења за време на мерниот процес. c) Индиректно мерење на должина (види сликаE) Притиснете го копчето Промена на функција (4) додека на екранот не се појави приказот за индиректно мерење

Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и бараната мерна точка. Потоа навалете го мерниот уред околу референтното ниво и измерете ја трасата како кај мерење на должината „1“. По завршување на мерењето, ќе се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (c). Измерените вредности за трасата „1“ и аголот „α“ стојат во редовите со измерени вредности (a). Мерење на ѕидни површини (види сликаF) Мерењето на ѕидни површини служи да се добие збир на повеќе попоединечни површини со заедничка висина. На примерот со слика треба да се одреди вкупната површина на повеќе ѕидови, кои имаат иста висина на просторот A, но различни должини B. За мерење на ѕидните површини, притискајте го копчето Промена на функцијата (4), додека на екранот не се појави приказот за мерење на ѕидни површини . Измерете ја висината на просторот A како при мерењето на должини. Измерената вредност („cst“) ќе се прикаже на горниот ред со измерени вредности (a). Ласерот останува вклучен. Потоа измерете ја должината B

ѕид. Површината автоматски ќе се пресмета и ќе се прикаже во редот со резултат (c). Последната измерена вредност на должина стои во средниот ред со измерени вредности (a). Ласерот останува вклучен. Сега измерете ја должината B

ѕид. Прикажаната поединечна измерена вредност во редот на средни измерени вредности (a) се додава на должината B

Сумата од двете должини („sum“, прикажана на долниот ред со измерени вредности (a)) се множи со зачуваната висина A. Вкупната вредност на површината ќе се прикаже во редот со резултати (c). Може да мерите должини по желба B

тие автоматски ќе се додадат и ќе се помножат со висината A. Услов за точна пресметка на површините е, првата измерена должина (во примерот висината на просторот A) да е идентична за сите делови од површините. Мерење на косини (види сликаG) Откако ќе го притиснете го копчето мерење на косини (3) на екранот ќе се појави приказот за мерење на косини . Како референтно ниво служи задната страна на мерниот уред. Со повторно притискање на копчето Мерење на косини (3) како референтно ниво ќе се искористат страничните површини на мерниот уред, а приказот на екранот ќе се прикаже свртен за 90°. Притиснете го копчето Мерење (2), за да ја фиксирате измерената вредност и да ја преземете во меморијата на измерени вредности. Со повторно притискање на копчето Мерење (2) мерењето ќе продолжи. Доколку приказот трепка за време на мерниот процес, мерниот уред бил премногу навален на страна. Доколку во Основни поставки сте ја вклучиле функцијата „Дигитална либела“, вредноста на косината ќе се прикаже и во другите мерни функции во редот (d) на екранот (1). Bosch Power Tools 1 609 92A 55A | (05.08.2019)246 | Македонски Функција на тајмер Функцијата на тајмерот помага на пр. доколку треба да се спречи движењето на мерниот уред за време на

Држете ја притисната функцијата на тајмерот (6) додека на екранот не се појави приказот . Во редот со измерена вредност (a) ќе се прикаже периодот од активирањето до мерењето. Овој период може да се постави со притискање на копчето Плус (11) одн. Минус (5) помеѓу 1s и 60s. Мерењето автоматски се врши по истекот на поставениот период. Функцијата на тајмерот може да се употреби и кај мерење на растојанија со другите мерни функции (на пр. мерење на површини). Не се возможни додавање и одземање на мерни резултати како и континуирано мерење. Листа на последните измерени вредности Мерниот уред ги зачувува последните 20 измерени вредности и нивните пресметки и ги покажува по обратен редослед (најпрво последната измерена вредност). За повикување на зачуваните мерења притиснете го копчето (7). На екранот ќе се прикаже резултатот од последното мерење, потоа показателот за листата на измерени вредности (e) и со местото за меморија за нумерирање на прикажаните мерења. Доколку при одново притискање на копчето (7) не се зачуваат други мерења, мерниот уред се враќа на последната мерна функција. За да излезете од листата на измерени вредности, притиснете едно од копчињата за мерни функции. За да ја зачувате трајно како константа моментално прикажаната измерена вредност на должина, држете го притиснато копчето (7) додека на екранот не се појави „CST“. Внес на листата на измерени вредности не може да се зачува дополнително како константа. За да може да ја користите измерената вредност на должината во некоја мерна функција (напр. мерење на површини), притиснете го копчето Листа на измерени вредности (7), изберете го саканиот внес и потврдете со копчето Резултат (6). Бришење на измерените вредности Со кратко притискање на копчето (8) може да ги избришете последно соопштените поединечни измерени вредности во сите мерни функции. Со повеќекратно притискање на копчето ќе се избришат поединечните измерени вредности по обратен редослед. За да го избришете актуелно прикажаниот запис на листи со измерени вредности, притиснете кратко на копчето (8). За да ја избришете целата листа со измерени вредности и константата „CST“ држете го притиснато копчето Листа со измерени вредности (7) и истовремено кратко притиснете на копчето (8). Во функцијата мерење на ѕидни површини при првото кратко притискање на копчето (8) ќе се избрише последната поединечна мерна вредност, при второто притискање сите должини B

, а при третото висината на просторот A. Собирање на измерените вредности За да ги соберете измерените вредности, најпрво извршете произволно мерење или изберете внес од листата со измерени вредности. Потоа притиснете на копчето Плус (11). На екранот како потврда се појавува „+“. Потоа извршете второ мерење или изберете друг внес од листата со измерени вредности. За проверка на збирот од двете мерења, уште еднаш притиснете на копчето со резултат (6). Пресметката ќе се прикаже во редовите со измерени вредности (a) а збирот се појавува во редот за резултат (c). По пресметување на збирот, на овој резултат може да се додадат други измерени вредности или внесови од листите со измерени резултати, доколку пред мерењето се притисне копчето Плус (11). Собирањето ќе заврши доколку го притиснете копчето со резултат (6). Совети за собирање: – Вредностите за должина, површина и волумен не може мешовито да се собираат. Доколку напр. се соберат вредноста на должината и површината, при притискање на копчето со резултат се појавува (6) кратко „ERROR“ на екранот. Потоа мерниот уред менува на последно активираната мерна функција. – Се собира резултатот од едно мерење (напр. вредност на волумен), а при континуирано мерење прикажаната измерена вредност во редот со резултат (c). Собирањето на поединечни измерени вредности од редовите со измерени вредности (a) не е

Одземање на измерени вредности За одземање на измерените вредности притиснете го копчето Минус (5), на екранот за потврда се појавува „–“. Понатамошната постапка е слична на „Додавање измерени вредности“. Совети при работењето Општи напомени Приемната леќа (17), излезот на ласерскиот зрак (16) не смеат да бидат покриени за време на мерењето. Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето (со исклучок на функциите континуирано мерење и мерење на косини). Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста подлога. Влијанија на мерното поле Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина. За подобра видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен терен и прејаки сончеви зраци, користете ласерски очила (28) (опрема) и целна табла на ласерот (29) (опрема), или засенете ја целната површина. 1 609 92A 55A | (05.08.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 247 Влијанија на мерниот резултат Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат: – транспарентни површини (напр. стакло, вода), – површини што рефлектираат (напр. исполиран метал,

– порозни површини (напр. изолациски материјали), – структурирани површини (напр. груб малтер, природен камен). Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот (29) (опрема). Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини. Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии. Проверка на точноста и калибрирање на измерените косини (види сликаH) Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини. Ова се врши со помош на менување на правецот. Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината. Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината. Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°. При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира. Држете го притиснато копчето Мерење на косини (3). Следете ги упатствата на екранот. Проверка на точноста на мерењето на растојание Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин: – Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 1 до 10m, чија должина точно ја знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на вратата). Мерната траса мора да биде во внатрешен простор, целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро рефлектирачка. – Измерете го подрачјето 10 пати едно по друго. Отстапувањата од средната вредност на поединечните мерења смеат да изнесуваат максимално ±2mm. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста. Работење со статив (опрема) Користењето на стативот е особено потребно при големи растојанија. Мерниот уред со 1/4"-навој (19) поставете го на плоча со брзо ослободување на стативот (27) или на вообичаен фото-статив. Цврсто завртете ја брзо заменливата плоча со завртка за фиксирање. Соодветно поставете го референтното ниво за мерење со стативот, со притискање на копчето (10) (референтно ниво за навој). Работење со мерната шина (види сликиI–K) Мерната шина (25) може да се искористи за попрецизен резултат при мерењето на косини. Не е возможно мерење на растојанија со мерната шина. Вметнете го мерниот уред во мерната шина како што е прикажано (25) и заклучете го мерниот уред со лостот за заклучување (26). Притиснете на копчето Мерење (2), за да го активирате начинот на работа „Мерна

Редовно проверувајте ја точноста на измерените косини со менување на правецот или со либели на мерната

При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира. Држете го притиснато копчето Мерење на косини (3). Следете ги упатствата на екранот. За завршување на начинот на работа „Мерна шина“ исклучете го мерниот уред и извадете го од мерната

Дефект – причини и помош Причина Помош Предупредувањето за температура (j) трепка, мерењето не е возможно Мерниот уред е надвор од оперативната температура од –10°C до +50°C (во функцијата континуирано мерење до +40°C). Почекајте додека мерниот уред не ја постигне оперативната температура. Приказ „ERROR“ на екранот Собирање/одземање на измерени вредности со различни мерни единици Собирајте/одземајте само измерени вредности со исти мерни единици Аголот помеѓу ласерскиот зрак и целта е премногу

Зголемете го аголот помеѓу ласерскиот зрак и целта Целната површина прејако рефлектира (напр. огледало) одн. преслабо (напр. црн материјал), или амбиенталното светло е

Користење на целна табла за ласерот (29) (опрема) Излезот на ласерскиот зрак (16) одн. приемната леќа (17) се замаглува (напр. со брза промена на температурата). Со мека крпа избришете го излезот на ласерскиот зрак (16) одн. примената леќа (17) Пресметаната вредност е поголема од 999 999m/

Поделба на пресметката во меѓу-чекори Приказ „>60°“ или „<–60°“ на екранот Мерното поле на косини за мерната функција одн. референтното ниво е пречекорено. Извршете го мерењето во специфичното поле на

Приказ „CAL“ и приказ „ERROR“ на екранот Калибрирањето и мерењето на косини не е Повторете го калибрирањето според Bosch Power Tools 1 609 92A 55A | (05.08.2019)248 | Македонски Причина Помош извршено по течен редослед или во точни

упатствата на екранот и во упатството за употреба. Искористените површини за калибрирање не се точно центрирани во хоризонтала или вертикала. Повторете го калибрирањето на хоризонтална или вертикална површина и ев. проверете ги претходно површините со либела. При притискање на копчето, мерниот уред се поместил одн се превртил. Повторете го калибрирањето и мирно држете го мерниот уред за време на притискањето на

Приказ за наполнетост на батеријата (g), предупредување за температурата (j)и приказ „ERROR“ на екранот Температура на мерниот уред надвор од дозволените граници на температурата за полнење Почекајте додека не се постигне температурата за

Приказ за наполнетост на батеријата (g)и приказ „ERROR“ на екранот Напонот за полнење на батеријата не е точен Проверете дали приклучната врска е точно воспоставена и дали правилно функционира Micro-USB-кабелот. Доколку ознаката на уредот трепка, батеријата е дефектна и мора да се замени од страна на сервисната служба на Bosch. Приказ за наполнетост на батеријата (g) и ознака за часовникот (f) на екранот Значајно продолжено време на полнење, бидејќи струјата на полнење е

Користете само оригинален Micro-USB-кабел од Bosch. Мерниот резултат не е уверлив Целната површина не рефлектира со ист интензитет (напр. вода,

Излезот на ласерскиот зрак (16) одн. приемната леќа (17) е покриена. Излезот на ласерскиот зрак (16) од. приемната леќа (17) не треба да се покрива Поставено е погрешно референтно ниво Изберете го референтното ниво соодветно за

Причина Помош Пречки при движењето на ласерскиот зрак Ласерската точка мора комплетно да лежи на целната површина. Приказот останува непроменет или мерниот уред реагира невообичаено на притискање на копчињата Грешка во софтверот Притиснете ги истовремено копчињата Мерење (2) и копчето за Бришење на меморијата / копчето за Вклучување-Исклучување (8) за да го ресетирате

Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење. Доколку се утврди дефект, на екранот трепка само ознаката покрај него. Во овој случај или доколку со горенаведените мерки за помош не може да се отстрани пречката, предадете го вашиот мерен уред преку вашиот трговец на сервисната служба на Bosch. Одржување и сервис Одржување и чистење Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта. Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (17) со истата грижа, со која треба да се одржуваат очилата или леќата на фотоапарат. Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (24). Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk 1 609 92A 55A | (05.08.2019) Bosch Power ToolsSrpski | 249 Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530