BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Ласерско ниво

GLL 3-80 CG Professional - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 3-80 CG Professional BOSCH во PDF формат.

📄 319 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GLL 3-80 CG Professional - page 230
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
МаркаBosch
МоделGLL 3-80 CG Professional
Тип на производ3-рамниски ласерски ниво
Број на зраци3 (1 хоризонтален, 2 вертикални)
Прецизност на нивелирање±0,3 mm/m
Дострел без приемникДо 30 m
Дострел со приемникДо 50 m
СамонивелирачкиДа, опсег на нивелирање ±4°
Режим на наклонДа
НапојувањеLi-Ion батерија 12V (компатибилна со Bosch Professional)
Траење на батеријатаОколу 24 h (сите зраци вклучени)
Тежина (со батерија)0,9 kg
Димензии (Д x Ш x В)160 x 100 x 140 mm
ПрицврстувањеНавој 1/4" и 5/8"
Ласерски приемникКомпатибилен со LR 7 или LR 1
Ласерска класа2 (635 nm, <1 mW)
ЗаштитаIP54 (отпорен на прашина и прскање вода)
Работна температура-10 °C до +50 °C
ЧистењеМека и сува крпа, избегнувајте растворувачи
Вклучени додатоциБатерија, полнач, транспортна кутија, ѕиден држач
Гаранција3 години (потребна е регистрација)
Резервни деловиБатерија, полнач, приемник, статив достапни
ПоправливостОвластен сервис на Bosch

Frequently Asked Questions - GLL 3-80 CG Professional BOSCH

Како да го вклучите и исклучите ласерот GLL 3-80 CG?
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Долго притискање го префрла во режим на мирување. За исклучување, држете притиснато додека не се исклучи.
Ласерот не се вклучува, што да правам?
Проверете дали батеријата е наполнета и правилно вметната. Ако проблемот продолжи, консултирајте се со сервисот на Bosch.
Како да го користите режимот на наклон?
Држете го копчето за нивелирање притиснато 2 секунди за да го деактивирате самонивелирањето. Ласерот трепка, а потоа можете да го навалите уредот.
Кој е дострелот на ласерот?
Без приемник, дострелот е 30 m. Со приемникот LR 7, достигнува 50 m.
Може ли да се користи ласерот со статив?
Да, GLL 3-80 CG има навој 1/4" и 5/8" за прицврстување на статив или ѕиден држач.
Како да ја смените батеријата?
Отстранете го просторот за батерија на задниот дел на уредот. Вметнете компатибилна Bosch 12V батерија додека не кликне.
Ласерот постојано трепка, што значи тој сигнал?
Брзо трепкање означува дека ласерот е во режим на наклон. Бавно трепкање укажува на слаба батерија или температура надвор од опсегот.
Како да го исчистите ласерот?
Користете мека и сува крпа. Не користете хемикалии или растворувачи. Внимателно чистете ги леќите.
Која е ласерската класа на овој уред?
Тоа е ласер од класа 2 (635 nm, моќност < 1 mW). Избегнувајте директен контакт со очите.
Каде да го најдам целосниот прирачник?
Прирачникот е достапен бесплатно на notice-facile.com. Можете да го преземете во PDF или да побарате превод по е-пошта.

Прашања на корисниците за GLL 3-80 CG Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 3-80 CG Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 3-80 CG Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 3-80 CG Professional BOSCH

Безбедносни напомени

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се

користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја

налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
He работete со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,

клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.

▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.

Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Безбедносни напомени - 3

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Безбедносни напомени - 4

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Безбедносни напомени - 5

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 2

Бидете сигурни, дека децата не доағаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.

▶ Никогаш проголтувајте ги копчестите батерии и не ставајте ги други отвори од телото. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија е проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош. Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од 2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници или смрт.
▶ При замена на копчестата батерија, проверете дали е правилно заменета. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Користете ги само копчестите батерии наведени во ова упатство за користење. Не користете други копчести батерии или друго снабдување со струја.
He се обидувајте повторно да ја полните копчестата батерија и не ја премостувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
▶ Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.
He ja прегревајте копчестата батерија и не ја фрлајте во орган. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
He ја оштетувајте копчестата батерија и не ја расклопувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со вода. Литиумот што истекува може со вода да создаде водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или до повреди на лица.

▶ Не го користете веке мерниот уред, ако држачот за копчеста батерија (22) не може да се затвори. Извадете ја копчестата батерија и поправете го.
▶ Пред каква било интервенција на мерниот уред (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при негов транспорт и одржување извадете го акумулаторот одн. батериите од мерниот уред. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
За време на работата на мерниот уред се слушаат гласни сигнални тонови во одредени околности. Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 3

Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.

Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците.
▶ Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.

Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.

▶ Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луфе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.

Опис на производот и перформансите

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Овој производ е потрошувач-ласерски уред според EN 50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(2) Состојба на наполнетост на акумулаторот/батериите
(3) Приказ CAL guard
(4) Приказ осцилаторна блокада
(5) Копче режим на приемник
(6) Приказ режим на приемник
(7) Копче за ласерскиот вид на работа
(8) Приказ за врска преку Bluetooth®
(9) Копче Bluetooth®
(10) Преграда за батеријата
(11) Обвивка на батерискиот адаптер ^a)
(12) Батерии ^a)
(13) Копче за отклучување на акумулаторската батерија/батерискиот адаптер ^a)
(14) Капаче за затворање на батерискиот адаптер ^a)
(15) Батерија ^a)
(16) Прекинувач за включување/исклучување
(17) Натпис за предупредување на ласерот
(18) Сериски број
(19) Прифат на стативот 5/8"
(20) Прифат на стативот 1/4"
(21) Копчеста батерија
(22) Држач за копчести батерии
(23) Отвор за копчести батерии
(24) Магнет ^a)
(25) Универзален држач ^1
(26) Ротирачка платформа ^a)
(27) Далечински управувач ^4
(28) Ласерска целна табла ^a)
(29) Ласерски приемник ^1
(30) Ласерски заштитни очила ^a)
(31) Заштитна чанта ^4
(32) Статив ^a)
(33) Телескопска прачка ^a)
(34) Kyфер ^a)

232 | Македонски

(35) Влошка ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Линиски ласер GLL 3-80 C GLL 3-80 CG
Број на дел3 601 K63 R..3 601 K63 T..
Работно полеA)
– Стандардно 30 m 30 m
– Во режим на приемник 25 m 25 m
– Со ласерски приемник 5–120 m 5–120 m
Точност на нивелирањeB)(C)(D)±0,2 mm/m±0,2 mm/m
Поле на самонивелирање ±4° ±4°
Време на нивелирање < 4 s < 4 s
Макс. оперативна висина преку референтната висина2000 m2000 m
Макс. релативна влажност на воздухот90%90%
Степен на извалканост споредIEC 61010-12E)2E)
Класа на ласер22
Тип на ласер< 10 mW, 630–650 nm< 10 mW, 500–540 nm
Сб1010
Отстапување на ласерската линија50 × 10 mrad (целосен агол)50 × 10 mrad (целосен агол)
Најкратко времетраење на импулсот1/10000 s1/10000 s
Фреквенција на пулс
– Работење без режим на приемник23 kHz23 kHz
– Работење во режим на приемник10 kHz10 kHz
Компатибилен ласерски приемникLR 6, LR 7LR 7
Прифат за стативот1/4", 5/8"1/4", 5/8"
Снабдување со енергија на мерниот уред
– Акумулаторски батерии (литиум-јонски)12 V12 V
– Батерии (алкални-мангански)4 × 1,5 V LR6 (AA) (со батериски адаптер)4 × 1,5 V LR6 (AA) (со батериски адаптер)
– Батерија за резервно напојување (копчеста батерија)CR2032 (литиумска батерија 3 V)CR2032 (литиумска батерија 3 V)
Времетраење на режим со 3 ласерски рамниниF)
– Со акумулаторска батерија8 h6 h
– Со батерии6 h4 h
Bluetooth®мерен уред
– КомпатибилностBluetooth® 4.0 (Low Energy)G)Bluetooth® 4.0 (Low Energy)G)
– Макс. опсег на сигналот30 mH)30 mH)
– Опсег на оперативна фреквенција2402–2480 MHz2402–2480 MHz
– Јачина на испраќање макс.< 1 mW< 1 mW
Bluetooth®паметен телефон
– КомпатибилностBluetooth® 4.0 (Low Energy)G)Bluetooth® 4.0 (Low Energy)G)

Линиски ласер GLL 3-80 C GLL 3-80 CG

– Оперативен систем Android 6 (и понов)iOS 11 (и понов)Android 6 (и понов) iOS 11 (и понов)
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
– Со акумулаторска батерија 0,90 kg 0,90 kg
– Со батерии 0,86 kg 0,86 kg
Димензии(должина × ширина × висина) 162 × 84 × 148 mm 162 × 84 × 148 mm
Вид на заштита ^1) IP54 (заштита од прав и прскање вода) IP54 (заштита од прав и прскање вода)
Препорачана околна температура при полнење 0^ +35^ 0^ +35^
Дозволена околна температура при работа -10^ +40^ -10^ +40^
Дозволена околна температура при складирање -20^ +70^ -20^ +70^
Препорачани акумулаторски батерииGBA 12V...(освен GBA 12V ≥ 4,0 Ah)GBA 12V...(освен GBA 12V ≥ 4,0 Ah)
Препорачани полначи GAL 12...GAX 18...GAL 12...GAX 18...

A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
B) kaj 20-25°C
С) Важи за четирите хоризонтални точки на вкрстување.
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
F) пократки оперативни периоди при режим на Bluetooth® и/или во врска со RM 3
G) Kaj Bluetooth®-uredite со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth®-uredите мора да поддржувает SPP профил.
H) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, регали, куфери итн.) опсегот на Bluetooth ^® може значително да се намали.
I) Литиум-јонската батерија и батерискиот адаптер АА1 се исключени од IP 54.
Серискиот број (18) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Монтажа

Снабдување со енергија на мерниот уред

Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.

Работа со батерија

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

За вметнување на наполнета батерија (15) вметнете ја во отворот за батерии (10), се додека не слушнете да се вклопи.

За вадење на батеријата (15) притиснете на копчињата за отклучување (13) и извлечете ја од отворот (10).

Притоа не употребувајте сила.

Работа со батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.

▶ Батерискиот адаптер е наменет ислучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.

За вметнување на батериите ставете ја обвивката (11) на батерискиот адаптер во отворот за батерии (10). Ставете ги батериите според slikата на капачето за затворање (14) во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се слушнете да се вклопи.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Работа со батерии - 1

За вадење на батериите (12) притиснете на копчињата за отклучување (13) на капачето за затворање (14) и повлечете го. Притоа внимавајте да не испаднат батериите. Држете го мерниот уред со отворот за батерии (10) насочен нагоре. Извадете ги батериите. За да ја извадите обвивката (11) од внатрешноста од отворот за батерии,

фатете ја и извлечете ја со лесно притискање на страничниот сид од мерниот уред.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.

Приказ на состоитјбата на наполнетост

Приказот на состојбата на наполнетост (2) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на акумулаторот одн. батериите:

LED-светилки Состојба на наполнетост

Трајно зелено светло 100–75 %
Трајно жолто светло 75–35 %
Трајно црвено светло 35–10 %
Нема светло – Дефектна батерија– Празни батерии

Ако акумулаторот одн. батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Веднаш заменете го неисправниот акумулатор или празните батерии.

Мерниот уред е опремен со копчеста батерија (21), за да може да се зачуват датумот и времето за функцијата CAL guard дури и без вметната акумулаторска батерија или батерии.

За да ја замените копчестата батерија, извадете ја батеријата или целосно батерискиот адаптер.

Извлечете ги држачот за копчестата батерија (22) од отворот за копчеста батерија (23). Извадете ја празната копчеста батерија (21) и вметнете нова. Внимавајте на правилниот пол согласно приказот на држачот за копчеста батерија (позитивниот пол на копчестата батерија мора да покажува нагоре).

Вметнете го држачот за копчеста батерија (22) со вметната копчеста батерија во отворот (23). Внимавајте на тоа, држачот за копчеста батерија да е правилно и целосно вметнат, бидејки во спротивно нема да може да се обезбеди заштита од прав и испрскана вода.

При првата употреба отстранете ја заштитната фолија на копчестата батерија (21). За таа цел, постапете на ист начин како кога ја менувате копчестата батерија.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка

за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 236).

При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.

▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 236).
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција „On“ (за работење со осцилаторна блокада)

или во позиција „сн“ (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по включувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

При надминување на највисоката дозволена работна температура од 40 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ће се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.

Доколку температурата на мерниот уред со приближува до највисоката дозволена оперативна температура, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Мерниот уред е заштитен од екстремно електростатско празнење (ESD). Ако мерниот уред се наполни електростатски (на пр. со допирање во средина со ниско ниво на влажност), тој автоматски се исклучува. Во овој случај, исключете го и повторно включете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16).

Деактивирање на автоматиката за исклучување

Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се ислучува автоматски заради заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.

За повторно да го включите мерниот уред по автоматското исклучување, може или прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција „Off“ и потоа повторно да го включите мерниот уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на

работа на ласерот (7) или на копчето Режим на приемник (5).

За да ја деактивирате автоматиката за ислучување, држете го притиснато копчето за режим на работа (7) (при включен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за ислучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.

За да го активирате автоматското ислучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го.

Деактивирање на сигналниот тон

По включување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш активиран.

За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон притиснете истовремено на копчето за режим на работа на ласерот (7) и копчето за режим на приемник (5) и држете ги притиснати најмалку 3 s.

При активирањето и при деактивирањето се слушаат три кратки сигнални тонови за потврда.

Начини на работа

Мерниот уред има повеке начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:

  • Емитира едно хоризонтално ласерско ниво,
    – Емитира едно вертикално ласерско ниво,
    – Емитира две вертикални ласерски нивоа,
    – Емитира едно хоризонтално ласерско ниво како и две вертикални ласерски нивоа.

По вклучувањето, мерниот уред емитира хоризонтално ласерско ниво. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (7).

Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада.

Режим на приемник

За работење со ласерски приемник (29) мора – независно од избраниот начин на работа – да биде активиран режимот на приемник.

При активиран режим на приемник, ласерските линии трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се најде ласерскиот приемник (29).

За вклучување на режимот на приемник притиснете на копчето на ласерскиот приемник (5). Приказот за режим на приемникот (6) свети зелено.

За човечкото око видливоста на ласерските линии е намалена доколку е включен режимот на приемник. За работење без ласерски приемник, исключете го режимот на приемник со одново притискање на копчето Режим на приемникот (5). Приказот (6) се гаси.

Автоматика за нивелирање

Работење со автоматика за нивелирање

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на универзалниот држач (25) или на стативот (32).

За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција „оп“.

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските линии започнуваат да трепкаат со брзо темпо. Доколку сигналниот тон е активиран, се слуша сигнален тон со забрзан такт.

Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во рамки на полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато и сигналниот тон ќе се исклучи.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.

Работа со осцилаторна блокада

За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција „on“. Приказот осцилаторна блокада (4) свети цвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт.

При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исключена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските линии повеје не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.

Далечинско управување преку „Bosch Levelling Remote App“

Мерниот уред е опремен со Bluetooth ^ -модул, којшто со помош на безжична технологија дозволува далечинско управување со помош на паметен телефон со Bluetooth ^ -интерфејс.

За користење на оваа функција потребна е апликацијата (App) „Bosch Levelling Remote App“. Hea можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).

Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth® врска їе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.

При далечинско управување со помош на Bluetooth ^ може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за прием.

За включување на Bluetooth ^ за далечинско управување, притиснете го Bluetooth ^ -копчето (9). Проверете дали Bluetooth ^ -интерфејсот е активиран на вашиот мобилен уред.

По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска помећу мобилниот и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеće активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска. Поврзувањето се воспоставува, кога Bluetooth®-приказот (8) свети.

Bluetooth ^® -поврзувањето може да се прекине поради големото растојание или пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори на пречки. Во овој случај трепка Bluetooth ^® -приказот (8).

Исклучување на Bluetooth®

За Bluetooth ^ за далечинското управување, притиснете на Bluetooth ^ -копчето (9) или исключете го мерниот уред.

Предупредување за калибрирање CAL guard

Сензорите на предупредувањето за калибрирање CAL guard ja надгледуваат состојбата на мерниот уред и кога е исклучен. Ако мерниот уред е без напојување со струја од акумулаторот или батериите, внатрешнот складирање на енергија за 72 часа се погрижува за постојано надгледување со сензорите.

Сензорите се активираат со првото стартување на мерниот уред.

Активатор на предупредувањето за калибрирање

Ако се појави еден од следните настани, се активира предупредувањето за калибрирање CAL guard и приказот CAL guard (3) светнува црвено:

– Интервалот на калибрација (на секои 12 месеци) е истечен.
– Мерниот уред е складиран надвор од границите на температура за складирање.
– Мерниот уред бил изложен на големи вибрации (на пр. удар на подот по пад).

Во „Bosch Levelling Remote App“ можете да видите кои од трите настани го активирал предупредувањето за калибрирање. Без апликацијата не може да се препознае причината, а светнувањето на приказот CAL guard (3) соопштува само дека мора да се провери точноста на нивелирањето.

По активирањето на предупредувањето приказот CAL guard (3) свети додека не се провери точноста на нивелирањето и потоа се ислучува.

Постапување при активирано предупредување за калибрирање

Проверете ја точноста на нивелирањето на мерниот уред (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 236).

Ако максимальното отстапување не се надмине кај ниту една проверка, тогаш исключете го приказот CAL guard (3). За таа цел, истовремено држете ги притиснати копчето за режимот на приемник (5) и копчето Bluetooth® (9) за најмалку 3 s. Приказот CAL guard (3) се гаси.

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.

Контрола на точноста на мерниот уред

Влијанија на точноста

Најголемо влијание врши околната температура.

Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.

Најпрво проверете ја точноста на нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалните ласерски линии.

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.

Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска

За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.

– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање. Изберете го режимот на работа, каде се емитира хоризонтално ласерско ниво, како и вертикално ласерско ниво фронтално пред мерниот уред.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска - 1

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

A 180° I B II

  • Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).
  • Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

A I B II

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

A I d III 180° B II

  • Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проага низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).
  • Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.

На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:

10 m × ±0,2 mm/m = ±2 mm. Разликата d меfy точките I и II смее да изнесува најмногу 2 mm.

Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалните линии

За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.

– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Включете го мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање. Изберете го режимот на работа, каде се емитира вертикално ласерско ниво фронтално пред мерниот уред.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалните линии - 1

– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалните линии - 2

– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точките I и II.
- Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
- Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.

– Измерете ја висината на отворот од вратата.

Повторете го мерниот процес за второто вертикално ласерско ниво. Притоа изберете режим на работа, каде се емитира едно вертикално ласерско ниво странично покрај мерниот уред и пред почетокот на мерење свртете го мерниот уред за 90°.

Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:

двојна висина на отворот на вратата × 0,2 mm/m Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m максималното отстапување смее да изнесува

2 × 2 m × ± 0,2 mm/m = ± 0,8 mm. Точките III и IV смеат да лежат најмногу 0,8 mm една од друга.

Совети при работењето

▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

Работење со целна табла за ласерот

Целната табла за ласерот (28) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (28) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Работење со статив (опрема)

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (20) на навојот на стативот

(32) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (19). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Со помош на универсалниот држач (25) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали.

Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.

▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Грубо центрирајте го универзалниот држач (25), пред да го включите мерниот уред.

При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наогање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (29). При работење со ласерски приемник включете го режимот на приемник (види „Режим на приемник“, Страница 235).

Ласерски заштитни очила (опрема)

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила.

Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќают. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Примери за работа (види слики B-G)

Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Мерниот уред смее да се складира и транспортира само во заштитна чанта (31) одн. куфер (34).

Во случај на поправка, испратете го мерниот уред во заштитната чанта (31) одн. куферот (34).

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Отстранување - 1

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLL 3-80 CG Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 239).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL 3-80 CG Professional

Категорија : Ласерско ниво