GPL 3 G Professional Professional - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPL 3 G Professional Professional BOSCH во PDF формат.
| Производен тип | Ласерско ниво за точки |
| Бренд | Бош |
| Модел | GPL 3 G Professional |
| Досег | 30 м |
| Прецизност на израмнување (надвор од најниска точка) | ±0.35 mm/m |
| Прецизност на израмнување (најниска точка) | ±0.7 mm/m |
| Опсег на самонивелирање | ±4° |
| Време на израмнување | < 4 с |
| Ласерска класа | 2 |
| Тип на ласер | 500–540 nm, < 1 mW |
| Напојување | 2 батерии 1,5 V LR6 (AA) |
| Траење на батеријата | 8 ч |
| Тежина | 0,35 кг |
| Димензии (Д × Ш × В) | 115 × 50 × 113 mm |
| Степен на заштита | IP 65 |
| Приклучок за статив | 1/4" |
| Работна температура | -10 °C до +45 °C |
| Температура на складирање | -20 °C до +70 °C |
| Главни функции | Проекција на хоризонтални, вертикални ласерски точки и точки на вертикална линија; автоматско нивелирање; автоматско исклучување по 60 мин |
| Магнетен држач | Вграден магнетен ротационен држач |
| Вклучени додатоци | Заштитна торба, предупредителна налепница на повеќе јазици (ласерски очила и статив се опционални) |
| Одржување и чистење | Чистете со мека, влажна крпа; не потопувајте; редовно чистете ја областа на излезот на ласерот без остатоци; чувајте ја во заштитната торба |
| Безбедносни упатства | Не гледајте директно во ласерскиот зрак; не насочувајте кон луѓе или животни; користете само оригинални резервни делови; исклучете го уредот за време на транспорт |
| Постпродажна услуга | Поправка во овластен сервисен центар на Bosch; резервни делови достапни на www.bosch-pt.com |
Frequently Asked Questions - GPL 3 G Professional Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GPL 3 G Professional Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPL 3 G Professional Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPL 3 G Professional Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPL 3 G Professional Professional BOSCH
Македонски....Страница 271
Srpski Strana 283
Slovenščina .... Stran 295
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги
оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
272 | Македонски
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.
▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални израмнување како на пример точки на вертикалата.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) магнетски ротационен држач
(4) Прифат на стативот 1/4"
(5) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(6) Капак на преградата за батерии
(7) Магнет
(8) Натпис за предупредување на ласерот
(9) Сериски број
(10) Ласерски заштитни очила ^a)
(11) Статив ^a)
(12) Заштитна чанта ^a)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
274 | Македонски
Технички податоци
| Ласер со точки GPL 3 G | |
| Ласер со точки GPL 5 G | |
| Број на дел/артикл GPL 3 G | 3 601 K66 N.. |
| Број на дел/артикл GPL 5 G | 3 601 K66 P.. |
| Работно полеA) | 30 m |
| Точност при нивелирање (надворешна ласерска точка надолу)B)C) | ±0,35 mm/m |
| Точност при нивелирање (ласерска точка надолу)B)C) | ±0,7 mm/m |
| Поле на самонивелирање ±4° | |
| Време на нивелирање < 4 s | |
| Оперативна температура -10 °C ... +45 °C | |
| Температура при складирање -20 °C ... +70 °C | |
| Макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m | |
| Макс. релативна влажност на воздухот 90 % | |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 2 | D) |
| Класа на ласер 2 | |
| Тип на ласер 500–540 nm, < 1 mW | |
| C6 | 1 |
| Отстапување 0,8 mrad (целосен агол) | |
| Прифат за стативот 1/4" | |
| Батерии 2 × 1,5 V LR6 (AA) | |
| Времетраење на работаB) | 8 h |
| Тежина согласно | 0,35 kg |
| EPTA-Procedure 01:2014 | |
| Димензии (должина × ширина × висина) 115 × 50 × 113 mm | |
Ласер со точки GPL 3 G
Ласер со точки GPL 5 G
Вид на заштита IP 65
A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
B) кaj 20-25°C
С) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
Серискиот број (9) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Завртете го евентуално магнетскиот ротационен држач (3) настрана така што капакот на преградата за батерии (6) слободно ке легне.
За да го отворите капакот од преградата за батерии (6) притиснете на механизмот за заклучување (5) нагоре и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Поставете го капакот на преградата за батерии (6) повторно и цврсто притиснете го на означеното место над механизмот за заклучување (5).
Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските точки полека се намалува.
Доколку батериите се скоро испразнети, тогаш ласерските точки трепкаат 5× во минута.
Доколку батериите се празни, ласерските точки трепкаат уште еднаш, пред да се ислучи мерниот уред.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
276 | Македонски
▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.
При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со
работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 277).
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на
мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 277).
▶ Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција ON. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна температура од 45 °C се ислучува заради заштита на ласерската диода. Откако їе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Мерниот уред автоматски се ислучува по 60 min работа.
Автоматиката за ислучување се ресетира на 60 min доколку включениот мерен уред се наога надвор од полето на самонивелирање (ласерските точки трепкаат постојано).
Автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (11).
За користење на долната ласерска точка свртете го мерниот уред на магнетскиот ротационен држач (3) така што ласерската точка е видлива на подот.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските точки светат постојано и не се движат повеке.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските точки трепкаат постојано и брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските точки светат постојано.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторно нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталните одн. вертикалните ласерски точки во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување на мерниот уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејки температурните разлики се најголеми во близина на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на статив почнувајки од мерната линија од 20 m.
Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
278 | Македонски
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Контрола на хоризонталната точност при нивелирање
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред.

– Насочете го хоризонталниот ласерски зрак, кој поминува паралелно на должинската оска на мерниот уред, на блискиот сид А. Оставете го мерниот уред да се изнивелира. Означете ја средината на ласерската точка на сидот (точка I).

text_image
A 180° I B II– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја средината на точката на ласерскиот зрак на спротивниот sid В (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на sidот В, включете го и оставете го да се нивелира.

text_image
A I B II– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на точката на ласерскиот зрак точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

text_image
A III d I 180° B II– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Оставете го да се изнивелира и означете ја средината на точката на ласерскиот зрак на sidот А (точка III). Внимавајте на тоа, точката III да лежи што е можно повертикално над одн. под точката I.
- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,35 mm/m = ±3,5 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 3,5 mm.
GPL 5 G: повторете ја мерната постапка за двата странични ласерски зрака, кои поминуваат долж попречната оска на мерниот уред. Вртете го мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
280 | Македонски
Проверка на точности на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на цврста подлога со растојание од околу 2,5 m помеѓу подот и плафонот.
- Поставете го мерниот уред на подот. Включете го мерниот уред и свртете го на магнетскиот ротационен држач (3) така што долната ласерска точка е видлива на подот. Оставете го мерниот уред да се нивелира.

text_image
I 2,5 m II– Означете ја средината на горната ласерска точка на плафонот (точка I). Освен тоа, обележете ја средината на долната ласерска точка на подот (точка II).

- Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на тој начин, што средината на долната ласерска точка їе лежи на веке обележаната точка II. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на горната ласерска точка (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин: двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,35 mm/m.
Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 2,5 m максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2,5 m × ± 0,35 mm/m = ± 1,75 mm. Точките I и III смеат да лежат најмногу
1,75 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската точка.
Големината на ласерската точка се менува во зависност од растојанието.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (4) на навојот на стативот
(11) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.
Прицврстете го со магнетскиот ротационен држач (види слики А–В)
Со интегрираниот магнетски ротационен држач (3) може да го прицврстите мерниот уред на материјалите што може да се магнетизираат.
▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетниот ротационен држач кога го прикачувате ротациониот држач на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите (7), Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го магнетскиот ротационен држач (3) пред да го включите мерниот уред.
Свртете го мерниот уред на магнетскиот ротационен држач (3) за да ја направите долната точка на ласерот видлива или со хоризонталната ласерска точка да ја пренесете висината. Дозволете мерниот уред повторно да се вклопи на ротациониот држач кога го исклучувате и транспортирате (види слика В).
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
282 | Македонски
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики C–E)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната чанта (12).
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна (12).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.