BOSCH GLL2XG Professional - Ласерско ниво

GLL2XG Professional - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL2XG Professional BOSCH во PDF формат.

📄 187 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLL2XG Professional - page 134
Погледни прирачник : Français FR English EN Español ES Қазақша KK Македонски MK Português PT Русский RU Shqip SQ Türkçe TR Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GLL2XG Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL2XG Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL2XG Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL2XG Professional BOSCH

Безбедносни напомени

BOSCH GLL2XG Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH GLL2XG Professional - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да

ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.

▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GLL2XG Professional - Безбедносни напомени - 3

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

BOSCH GLL2XG Professional - Безбедносни напомени - 4

Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците.

Опис на производот и перформансите

Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Прифат на стативот 1/4"
(2) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(3) Прекинувач за включување/исклучување
(4) Индикатор за наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет ^a)
(5) USB Type-C®-порта ^a)b)
(6) Литиум-јонски батериски пакет ^a)
(7) Механизам за фиксирање на литиум-јонскиот батериски пакет ^a)
(8) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(9) Капак на преградата за батерии
(10) Натпис за предупредување на ласерот
(11) Сериски број
(12) Магнет ^a)
(13) Ласерска целна табла ^a)
(14) Ласерски заштитни очила ^a)
(15) USB Type-C®-кабел ^a)
(16) Статив ^a)
(17) Заштитна чанта ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

b) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.

Технички податоци

Линиски ласер GLL2XG
Број на дел3 601 K65 3G.
Работно полеA)20 m
Точност на нивелирањеВ)С)±0,6 mm/m
Поле на самонивелирање ±3,5°
Време на нивелирање < 6 s
Оперативна температура -10 °C ... +40 °C
Температура на складирање (без батерија) -20 °C ... +70 °C
Макс. оперативна висина над референтната висина2000 m
Макс. релативна влажност на воздухот 90 %
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2D)
Класа на ласер 2
Тип на ласер < 5 mW, 500–540 nm
C_6 5
Отстапување 25 × 5 mrad (целосен агол)
Прифат за стативот 1/4"
Напојување со енергија
– Литиум-јонски батериски пакет 3,7 V
– Батерии (алкални-мангански) 2× 1,5 V LR6 (AA)
Времетраење на режим 8 h
Тежина^E) 0,3 kg
Димензии (должина × ширина × висина) 87 × 64 × 87 mm
Вид на заштитаIP55
Литиум-јонски батериски пакет (опрема)BA 3.7V 1.0Ah A
Број на дел1 607 A35 0N81 607 A35 17H
Приклучок за полнењеUSB Type-C®
Препорачан USB Type-C®-кабел1 600 A01 6A8
Номинален напон3,7 V —

Bosch Power Tools

1 609 92A C6K | (21.05.2025)

138 | Македонски

Линиски ласер GLL2XG

Капацитет 1,0 Ah
Препорачана околна температура при полнење +10 °C ... +35 °C
Препорачана околна температура при работење и при складирање-10 °C ... +45 °C

Мрежен напојувач

Излезен напон 5,0 V--
Работно поле на излезна струја 500 mA

В) важи во нивелирана положба (0°)

С) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.

D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.

E) Тежина без литиум-јонски батериски пакет/батерии

Серискиот број (11) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Снабдување со енергија на мерниот уред

Мерниот уред може да се користи или со Boschлитиум-јонски батериски пакет (6) или со обични батерии.

Напомена: Никогаш не складирајте го мерниот уред без вметнат поклопец на преградата за батерии (9) или литиум-јонскиот батериски пакет (6), особено во околина со прашина или влага.

Работа со батерии

За да се префрлите од литиум-јонски батериски пакет (6) на обични батерии, извадете го литиум-јонскиот батериски пакет (6).

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Ставете го поклопецот на преградата за батерии (9) и фиксирајте го.

Доколку батериите се слаби, ласерските зраци трепкаат бавно околу 1 минута. Ако батериите се празни, ласерските линии єе трепкаат брзо околу 10 секунди и потоа мерниот алат єе се ислучи.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат.

Работење со литиум-јонски батериски пакет

Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет

За промена на батериите од литиум-јонскиот батериски пакет (6) извадете го поклопецот на преградата за батерии (9) заедно со батериите.

Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (6) и заклучете го механизмот за заклучување (7).

За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (6) притиснете на механизмот за заклучување (7) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот алат.

Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет

За полнење, користете само USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуват барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за користење на USB-мрежниот дел.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
▶ Полнете ја батеријата преку USB-приклучок само на амбиентални температури помеѓу +10 °C и +35 °C. Полнењето надвор од температурниот опсег може да ја оштети батеријата или да го зголеми ризикот од пожар.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ако нивото на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет е ниско, ласерските линии їе трепкаат бавно околу 1 минута.

Ако литиум-јонскиот батериски пакет е празен, ласерските линии će трепкаат брзо околу 10 секунди и потоа мерниот алат će се исклучи.

Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (5). Поврзете го USB-приклучокот во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (15). Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја.

140 | Македонски

Жолта Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно наполнет.

Зелена Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.

Црвена Номиналниот напон или струјата за полнење не се соодветни.

Кога полненьето єе заврши, извадете го USB-кабелот (15). Затворете го капакот на USB Type-C®-портата (5) за заштита од прав и вода.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 141). При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 141).
▶ Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во позиција „ON“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезниот отвор (2).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

При надминување на највисоката дозволена работна температура од 40 °C се ислучува заради заштита на ласерската диода. Откако ће се олади, мерниот уред е повторно подготовен за работа и може одново да се вклучи.

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (16).

По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±3,5°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии светат постојано и не се движат повеće.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 3,5° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат постојано и брзо, и мерниот алат работи без автоматско нивелирање. Ласерските линии остануваат включени, а двете вкрстени линии не мора да се една кон друга во прав агол.

За повторно да работите со автоматско нивелирање, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте да се самонивелира. Штом мерниот уред їе се најде и израмни во полето на самонивелирање од ±3,5° ласерските линии повторно светат непрекинато.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.

Контрола на точноста на мерниот уред

Влијанија на точноста

Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.

142 | Македонски

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.

Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.

Проверка на точности на висината на хоризонталната линија

За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 т на цврста подлога помеѓу два сида А и В.

– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред.

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точности на висината на хоризонталната линија - 1

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точности на висината на хоризонталната линија - 2

text_image A 180° B I II

– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).

– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точности на висината на хоризонталната линија - 3

text_image A I B II

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно їе ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точности на висината на хоризонталната линија - 4

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).

- Разликата d на двете означени точки I и III на сидот А го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.

На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува: 10 m × ±0,6 mm/m = ±6 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 6 mm.

Проверка на точности на нивелирање на хоризонталната линија

За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 × 5 m.

– Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу сидовите А и В на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точности на нивелирање на хоризонталната линија - 1

– На 2,5 m растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на sidот A и точка II на sidот B).

144 | Македонски

BOSCH GLL2XG Professional - | Македонски - 1

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5 m растојание и оставете го да се нивелира.

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на sidот В.
– На сидот А обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
- Разликата d на двете означени точки I и III на сидот А го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.

На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m го дава максимальното дозволено отстапување: 10 m × ±0,6 mm/m = ±6 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 6 mm.

Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија

За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.

– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Включете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија - 1

– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

BOSCH GLL2XG Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија - 2

– Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот од вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ће поминува точно низ точките I и II.

– Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
- Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.

Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин: двојна висина на отворот на вратата × 0,6 mm/m

Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m максимальното отстапување смее да изнесува

2 × 2 m × ± 0,6 mm/m = ± 2,4 mm . Точките III и IV смеат да лежат најмногу 2,4 mm една од друга.

Совети при работењето

▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

146 | Македонски

Работење со целна табла за ласерот

Целната табла за ласерот (13) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (13) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Работење со стативот

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина.

Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (1) на навојот на стативот (16) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Ласерски заштитни очила

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната чанта (17).

Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна (17).

Сервисна служба и совети при користење

Северна Македонија

Тел.: 02/2467610

BOSCH GLL2XG Professional - Сервисна служба и совети при користење - 1

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Отстранување

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLL2XG Professional - Отстранување - 1

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за эубре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Shqip

Udhëzime sigurie

BOSCH GLL2XG Professional - Udhëzime sigurie - 1

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL2XG Professional

Категорија : Ласерско ниво