BOSCH AdvancedLevel 360 - Ласерско ниво

AdvancedLevel 360 - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedLevel 360 BOSCH во PDF формат.

📄 269 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH AdvancedLevel 360 - page 195
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Ласерски нивелир со вкрстени линии
Модел AdvancedLevel 360
Артикл број 3 603 F63 B..
Димензии (Д × Ш × В) 117 × 80 × 126 mm
Тежина (според EPTA 01:2014) 0,52 kg
Извор на напојување 4 × 1,5 V LR6 (AA) алкално-мангански батерии
Време на работа (режим на вкрстени линии) Најмалку 4 часа
Класа на ласер Класа 2 (IEC 60825-1:2014)
Ласерски линии – Бранова должина / Моќност Зелена 500–540 nm, < 10 mW
Точка на висина – Бранова должина / Моќност Црвена 630–650 nm, < 1 mW
Работен опсег (дијаметар) До приближно 24 m
Точност на нивелирање – Ласерски линии ±0,4 mm/m
Точност на нивелирање – Точка на висина ±1,0 mm/m
Опсег на самонивелирање ±4°
Време на нивелирање ≤ 4 s
Работна температура −5 °C до +40 °C
Температура на складирање −20 °C до +70 °C
Намена Внатрешно одредување и проверка на хоризонтални/вертикални линии и точки на висина
Режими на работа Вкрстени линии, вкрстени линии и точка на висина, хоризонтален (сите со функција за самонивелирање или наклон)
Одржување Чувајте го чисто; бришете со влажна, мека крпа; без детергенти или растворувачи; редовно чистете го подрачјето на ласерскиот отвор
Безбедносни забелешки Ласер класа 2 – не гледајте директно во зракот; држете ги магнетите подалеку од пејсмејкери; не користете во експлозивни атмосфери
Резервни делови / Сервис Достапни на www.bosch-pt.com; вклучете 10-цифрен артикл број
Прибор Статив (1/4" монтирање), очила за гледање на ласер

Frequently Asked Questions - AdvancedLevel 360 BOSCH

Како да ги заменам батериите во мојот Bosch AdvancedLevel 360?
Притиснете го механизмот за заклучување на капакот на батерискиот дел, отстранете го капакот и вметнете 4 x 1,5 V LR6 (AA) батерии. Проверете дали поларитетот е правилен како што е прикажано внатре. Секогаш заменувајте ги сите батерии истовремено.
Што прават различните режими на работа?
Ласерот има три режима: Вкрстени линии (хоризонтална 360° линија + една вертикална линија), Вкрстени линии и точка на висина (хоризонтална 360° линија + две вертикални линии + точка на висина подолу), и Хоризонтален режим (само хоризонтална 360° линија). Притиснете го копчето за режим за да поминете низ нив.
Кој е опсегот на самонивелирање и што се случува ако се надмине?
Опсегот на самонивелирање е ±4°. Ако алатот е навален повеќе од тоа, ласерските зраци ќе трепкаат, укажувајќи дека нивелирањето не е можно. Преместете го алатот на рамна површина за да овозможите самонивелирање.
Може ли да го користам овој ласерски нивелир на отворено?
AdvancedLevel 360 е наменет за внатрешна употреба. Користењето на отворено може да го намали работниот опсег поради амбиентална светлина и не се препорачува. Заштитете го алатот од влага и директна сончева светлина.
Како да го исчистам ласерскиот нивелир?
Секогаш одржувајте го алатот чист. Никогаш не го потопувајте во вода. Бришете со влажна, мека крпа. Не користете детергенти или растворувачи. Редовно чистете го подрачјето околу ласерскиот отвор, проверувајќи за влакна.
Што покажува индикаторот за статус?
Кога алатот е вклучен, индикаторот за статус покажува: Зелено – активно е автоматско нивелирање или функција за наклон; Црвено – батериите се испразнети (ласерите се исклучуваат). Заменете ги батериите кога е црвено.
Како да ја користам функцијата за наклон (косина)?
Притиснете го копчето за функцијата наклон. Индикаторот за статус свети зелено, а автоматското нивелирање е оневозможено. Потоа можете слободно да го навалувате алатот. Ласерските линии веќе нема да бидат автоматски нивелирани.
Зошто трепкаат ласерските зраци?
Трепкањето укажува дека алатот е надвор од опсегот на самонивелирање (±4°) или дека нивелирањето не може да се заврши. Поставете го алатот на рамна површина и почекајте зраците да станат стабилни.
Како да го монтирам ласерот на статив?
Користете го 1/4" монтирањето за статив на дното на алатот. Зашрафете го на стандарден фотоапаратски статив или на вклучениот додаток за статив. Затегнете го завртнувањето. Грубо наместете го стативот пред да го вклучите.
Дали ласерскиот нивелир е водоотпорен?
Не, не е водоотпорен. Заштитете го мерниот алат од влага. Никогаш не го потопувајте во вода или други течности. За чистење бришете само со влажна крпа.

Прашања на корисниците за AdvancedLevel 360 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedLevel 360 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedLevel 360 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedLevel 360 BOSCH

Македонски.... Страница 195

Srpski. Strana 203

Slovenščina .... Stran 211

Hrvatski.... Stranica 219

Eesti Lehekülg 227

Безбедносни напомени

BOSCH AdvancedLevel 360 - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH AdvancedLevel 360 - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин će бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.

196 | Македонски

▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да заслепат други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

BOSCH AdvancedLevel 360 - | Македонски - 1

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.

Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците.

Опис на производот и перформансите

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии, како и точки на вертикалата.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Копче за режимот на работа на ласерот Mode
(2) Копче за функција за навалување
(3) Приказ за статус
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Магнет (внатре)
(6) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(7) Статив A)
(8) Ласерски заштитни очила ^4)
(9) Прифат на стативот 1/4"

(10) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(11) Капак на преградата за батерии
(12) Натпис за предупредување на ласерот
(13) Сериски број

A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Ласер со вкрстени линии AdvancedLevel 360
Број на дел/артикл3 603 F63 B..
Работно поле (дијаметар) до околу ^A) 24 m
Агол на отворање на вертикални ласерски линии 120°
Точност при нивелирање ^B)(C)(D)
– Ласерски линии ± 0,4 mm/m
– Точка на вертикалата ± 1,0 mm/m
Поле на самонивелирање ± 4^
Време на нивелирање ≤ 4 s
Оперативна температура -5^ ... +40 °C
Температура при складирање -20^ ... +70 °C
Макс. оперативна висина преку референтната висина2000 m
Релативна влажност на воздухот макс. 90 %
Степен на извалканост споредIEC 61010-12 ^E)
Класа на ласер 2
Ласерски линии
– Тип на ласер 500–540 nm, < 10 mW
– Боја на ласерскиот зрак зелено
– C_6 10
– Отстапување 50 × 10 mrad (целосен агол)
Точка на вертикалата

198 | Македонски

Ласер со вкрстени линии AdvancedLevel 360

– Тип на ласер 630–650 nm, < 1 mW
– Боја на ласерскиот зрак црвено
– C_6 1
– Отстапување 0,8 mrad (целосен агол)
Прифат за стативот 1/4"
Батерии 4 × 1,5 V LR6 (AA)
Времетраење на работа (при режим со вкрстени линии) најмалку4 h
Тежина согласноEPTA-Procedure 01:20140,52 kg
Димензии (должина × ширина × висина) 117 × 80 × 126 mm

С) важи за двете точки на вкрстување и на спротивните страни

D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.

Е) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.

Серискиот број (13) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Монтажа

Ставање/менување на батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За да го отворите капакот од преградата за батерии (11) притиснете на механизмот за заклучување (10) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Доколку батериите се празни, тогаш приказот за статус свети (3) црвено и ласерските зраци єе се исключат. Исключете го мерниот уред и заменете ги батерии.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.

При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
▶ Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција „ON“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од предниот и горниот излезен отвор (6).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

200 | Македонски

Начини на работа

Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:

– Режим со вкрстени линии (види слика A): создава хоризонтално ласерско ниво (360° ротирачка ласерска линија) и една вертикална ласерска линија нанапред,
– Режимот на вкрстени линии и режимот на точка на вертикала (види слика В): создава хоризонтално ласерско ниво (360° ротирачка ласерска линија), две вертикални, ортогонални ласерски линии, како и една точка на вертикала надолу,
– Хоризонтален режим (види слика C): создава хоризонтално ласерско ниво (360° ротирачка ласерска линија).

По вклучувањето, мерниот уред се наога во режим со вкрстени линии со автоматика за нивелирање. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот Mode (1).

Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција за навалување.

Автоматика за нивелирање

Работење со автоматика за нивелирање (види слики E-G)

При работа со автоматика за нивелирање, приказот за статус (3) не смее да светка. Доколку е потребно, включете ја автоматиката за нивелирање со повторно притискање на копчето за функција за навалување (2), со што приказот за статус će се изгаси.

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (7).

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеке.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки површината на која е поставен мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските зраци почнуват да трепкаат.

Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.

Надвор од полето на самонивелирање од ±4° работењето со автоматиката за нивелирање не е возможно, бидејки не може да се гарантира ниту точноста на нивелирање на ласерските зраци, ниту точниот агол помеѓу ласерските зраци.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.

Работење со функција за навалување (види слика Н)

За работење со функција за навалување притиснете го копчето за функција за навалување (2). Во функција за навалување, приказот за статус свети (3) зелено.

При работа со функција за навалување автоматиката за нивелирање е ислучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеće не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.

Совети при работењето

▶ За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието.

Работење со статив (опрема)

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (9) на навојот на стативот (7) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Ласерски заштитни очила (опрема)

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраćајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.

Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да се изнивелира пред почетокот на секое мерење.

202 | Македонски

Секогаш мерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак и површината или работ на две што е можно пооддалечени точки.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH AdvancedLevel 360 - Северна Македонија - 1

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската директива 2012/19/EU мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Srpski

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : AdvancedLevel 360

Категорија : Ласерско ниво