LR 65 Professional - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот LR 65 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник LR 65 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. LR 65 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК LR 65 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА. u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Bosch Power Tools 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)186 | Македонски u За време на работата на мерниот уред се слушаат гласни сигнални тонови во одредени околности. Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други лица. Гласниот тон може да го оштети
Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетотсоздава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди. u Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците. u Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Ласерскиот приемник е наменет за брзо пронаоѓање на ротирачки ласерски зраци со бранова должина којашто е наведена во техничките податоци. Ласерскиот приемник LR60 е особено наменет за контрола на GRL600CHV преку Bluetooth®, а ласерскиот приемник LR65G за контрола на GRL650CHVG. Ласерскиот приемник е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на ласерскиот приемник на графичката
(1) Приемно поле за ласерскиот зрак (2) LED-приказ за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (3) LED средишна линија (4) LED-приказ за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (5) Екран (предна и задна страна) (6)
(8) Куки за закачување (9) Средишна ознака (10)
(11) Прифат за држачот (12) Сериски број (13) Капак на преградата за батерии (14) Фиксирање на капакот од преградата за батерии (15) Копче Y‑оска (16) Копче X‑оска (17) Копче за режимCenterFind (18) Копче за поставување точност на прием (19) Копче за вклучување/исклучување (20) Копче за сигнален тон/гласност (21) Либела на држачот
(22) Референтна средишна линија на држачот
(24) Вртливо копче на држачот
(26) Завртка за прицврстување на држачот
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Елементи за приказ (a) Приказ за наполнетост на батериите на ротирачкиот ласер (b) Приказ за врска преку Bluetooth® (c) Приказ за точност на прием (d) Приказ на мерна единица (e) Приказ на текст (f) Приказ за правец „Ласерски зрак под средишната
(g) Приказ за сигнален тон/гласност (h) Приказ на средишната линија (i) Приказ за батеријата на ласерски приемник (j) Приказ за правец „Ласерски зрак над средишната
– со GRL600CHV 300m − – со GRL650CHVG − 325m Приемен агол ±35° ±35° Приемна брзина на ротација >120min
– Макс. опсег на сигналот
100m 100m – Опсег на оперативна фреквенција 2402–2480MHz 2402–2480MHz – Јачина на испраќање макс. 6,3 mW 6,3 mW Батерии 2×1,5VLR6 (AA) 2×1,5VLR6 (AA) Времетраење на работа околу 50h 50h Тежина согласно EPTA‑Procedure01:2014 0,38kg 0,38kg Димензии (должина × ширина × висина) 175×79×33mm 175×79×33mm Вид на заштита IP67 IP67 A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци). B) во зависност од растојанието помеѓу ласерскиот приемник и ротациониот ласер, како и од класата на ласер и видот на ротациониот
C) Точноста на приемот може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци). D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. E) Кај Bluetooth®-уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth®-уредите мора да поддржуваат SPP профил. F) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, вклучително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. ѕидови, регали, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се
Серискиот број на спецификационата плочка (12) служи за јасна идентификација на вашиот ласерски приемник.
Ставање/менување на батерии За работа со ласерскиот приемник се препорачува користење на алкално-мангански батерии. Завртете ја блокадата(14) на капакот на преградата за батерии (на пр.со монета) во позиција . Отворете го капакот на преградата за батерии(13) и ставете ги
Bosch Power Tools 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)188 | Македонски Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Затворете го капакот на преградата за батерии(13) и свртете ја блокадата(14) на капакот на преградата за батерии во позиција . Приказот за батерии(i) ја прикажува наполнетоста на батеријата на ласерскиот приемник: Приказ Капацитет 50−100% 5−50% 2−5% 0−2% Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Ако не го користите ласерскиот приемник подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во ласерскиот приемник, батериите може да кородираат и да се испразнат. Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер Приказот за наполнетоста(a) ја прикажува наполнетоста на батеријата одн. на батериите на ротирачкиот ласер, кога ротирачкиот ласер е вклучен и постои врска преку Bluetooth® помеѓу ласерскиот приемник и ротирачкиот
Ставање во употреба u Заштитете го ласерскиот приемник од влага и директно изложување на сончеви зраци. u Не го изложувајте ласерскиот приемник на екстремни температури или осцилации во температурата. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го ласерскиот приемник најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на ласерскиот приемник може да се наруши. u Одржувајте го работниот простор без пречки кои може да го рефлектираат или попречат ласерскиот зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или сјајните површини. Не мерете преку стаклени панели или слични материјали. Може да се добијат погрешни резултати од мерењето преку рефлектирачки или попречен ласерски зрак. Поставување ласерски приемник (видисликаA) Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием(1). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа напречно на приемното поле (како што е прикажано на
Кај ротирачките ласери со повеќе режими на работа изберете хоризонтален или вертикален режим со највисоката ротирачка брзина. Вклучување/исклучување u При вклучување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица при вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-исклучување (19). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко светнуваат и се слуша сигнален тон. За исклучување на ласерскиот приемник, држете го копчето за вклучување-исклучување(19) додека сите LED-светилки кратко светнат и екранот се исклучи. Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други поставки при исклучување на ласерскиот приемник ќе се
Доколку за околу 10min, не се притисне на ласерскиот приемник и до приемното поле(1) 10min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски се исклучува заради заштита на батериите. Поврзување со ротирачкиот ласер При испораката, ротирачкиот ласер и испорачаниот ласерски приемник се веќе поврзани преку Bluetooth®. При веќе постоечка поврзаност, приказот ја покажува поврзаноста преку Bluetooth®(b) на екранот на ласерскиот приемник. За одново да се поврзе ласерскиот приемник или за да поврзете друг ласерски приемник со ротирачкиот ласер, држете го копчето Bluetooth® на ротирачкиот ласер онолку долго додека на екранот се појави ознаката за воспоставување на врската со далечинскиот управувач/ ласерски приемник. Држете ги притиснати копчињата за X‑оска(16) и Y‑оска(15) на ласерскиот приемник додека на приказот за текст(e) на ласерскиот приемникP‑‑ не се
Успешното воспоставување на врската ќе се потврди на екранот на ротирачкиот ласер. На приказот за текст(e) на ласерскиот приемник се појавуваPOK. Доколку не се воспостави врска помеѓу ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, тогаш се појавува во 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 189 приказот за текст(e) на ласерскиот приемникPNK и на екранот на ротирачкиот ласер ќе се прикаже известување за грешка за неуспешната врска. За справување со грешки внимавајте на упатството за употреба на ротирачкиот ласер. Прикази за правец Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле(1): – на екранот(5) на предната и задната страна на ласерскиот приемник со приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“(f), приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“(j) одн. приказот за средишна линија(h), – опционално со црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“(4), сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“(2) како и зелената LED средишна линија(3) на предната и задната страна на ласерскиот приемник, – опционално со сигнален тон. Кога ласерскиот зрак за прв пат поминува низ приемното поле(1) секогаш се огласува краток сигнален тон и кратко засветуваат црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“(4) како и сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“(2) (дури и кога сигналниот тон и/или LED-приказите за правец се исклучени). Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак поминува низ горната половина на приемното поле(1), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“(j). При вклучени LED-светилки, свети сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“(2). Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен такт. Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре. Со доближување кон средишната ќе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“(j). Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак поминува низ долната половина на приемното поле(1), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“(f). При вклучени LED-светилки, свети црвената LED- светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“(4). Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со забрзан такт. Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу. Со доближување кон средишната ќе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“(f). Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за прием(1) на висина на средишната линија, на екранот светнува приказот за средишна линија(h). При вклучени LED-светилки, свети зелената LED- средишна линија(3). При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон. Функција на зачувување на последниот прием: Доколку ласерскиот приемник се движи на тој начин што ласерскиот зрак повторно излегува надвор од приемното поле(1), трепка за кратко време последниот прикажан приказ на правец „Ласерски зрак над средишната линија“(j) или приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“(f). Овој приказ може да се вклучи или исклучи преку менито за подесување. Приказ за релативна висина (видисликаB) Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле(1), тогаш растојанието помеѓу ласерскиот зрак и средишната линија на ласерскиот приемник во приказот за текст(e) ќе се прикаже на екранот како апсолутна вредност. Мерната единица на приказот за висина може да се промени во менито за подесување („mm“ или „in“). Осветлување на екранот Екраните(5) на предната и задната страна на ласерскиот приемник располагаат со осветлување на екранот. Осветлувањето на екранот е вклучено: – при вклучување на ласерскиот приемник, – со секое притискање на копчињата, – кога ласерскиот зрак се движи над приемното поле(1). Осветлувањето на екранот автоматски се исклучува: – 30s по секое притискање на копчињата, доколку ласерски зрак не достигнал до приемно поле – 2min откако не е притиснато копче и доколку позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле не
Осветлувањето на екранот може да се исклучи во менито за подесување. Поставката за осветлувањето на екранот ќе се зачува при исклучувањето на ласерскиот приемник. По вклучување на ласерскиот приемник, осветлувањето на екранот е секогаш вклучено.
Изберете ја поставката на приказот за средишна
Може да одредите со колкава точност ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле(1) како во „средина“. Актуелната поставка на приказот на средишната линија може да се види на приказот за точност на приемот(c). За да се промени точноста на приемот, притискајте на копчето за подесување Точност на приемот(18) додека на екранот се прикаже посакуваната поставка. Со секое притискање на копчето за подесување Точност на прием на кратко се појавува соодветната вредност на точноста на приемот во приказот за текст(e). Поставката за точност на приемот ќе се зачува при исклучувањето. Bosch Power Tools 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)190 | Македонски Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (1) се прикажува со сигнален тон. Може да ја промените гласноста или да го исклучите сигналниот тон. За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален тон(20), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска гласност, приказот за сигнален тон(g) се појавува на екранот со една црта, при повисока гласност со 3 црти, а при исклучен сигнален тон се губи. Независно од поставката за сигнален тон, се огласува краток низок тон при првото пресретнување на ласерскиот зрак со приемното поле(1) за потврдување. Поставката на сигналниот тон ќе се зачува при исклучувањето на ласерскиот приемник. Мени за подесување Повикување на менито за подесување: Притиснете истовремено кратко на копчето X‑оска(16) и на копчето Y‑оска(15). За промена на поставка во под-менито: Притиснете го копчето X-оска(16) или копчето Y-оска(15), за да менувате помеѓу поставките. Последната избрана поставка ќе се зачува автоматски кога ќе го напуштите
Менување подмени: Кратко притиснете го копчето за режимCenterFind(17) за да одите во следното подмени. Напуштање на менито за подесувањето: Притискајте го копчето за режимCenterFind(17), додека не се исклучи менито за подесување. Алтернативно, менито за подесување автоматски ќе се исклучи по околу 10s по последното притискање на копчето. Следниве подменија се достапни: – Мерни единици за приказ на релативна висина: При повикување на менито за мерни единици се појавува актуелната одбрана мерна единица во приказот за текст(e), достапните мерни единици може да се видат во приказот Мерна единица(d). – LED-прикази за насока (LED): Трите LED-прикази за насока(2), (4) како и(3) може да се сменат во осветленостa или да се исклучат. LED-светилките светат во избраната поставка. – Осветлување на екранот (LIT): Осветлувањето на екранот може да се вклучи (LED-светилката свети зелено) или да се исклучи (LED-светилката свети
– Функција за зачувување на последниот прием (MEM): Приказот за насока, на кој ласерскиот зрак го напуштило полето за прием, може да биде вклучено (LED-светилката свети зелено) или исклучено (LED- светилката свети црвено). – Централни функции (CF/CL) (LR65G): Може да бирате помеѓу режимотCenterFind (CF) и режимотCenterLock (CL). Актуелниот режим се појавува на приказот за текст(e). Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други поставки при исклучување на ласерскиот приемник ќе се зачуваат.
РежимCenterFind (видисликаC) Во режимотCenterFind, ротирачкиот ласер се обидува автоматски да го порамни ласерскиот зрак на средишната линија на ласерскиот приемник со движење на ротирачката глава нагоре-надолу. При хоризонтална положба на ротиричкиот ласер во однос на X‑оска на ротиричкиот ласер, на Y‑оска или на двете оски, ласерскиот зрак може истовремено да се порамни (види „Определување на навалувањето со режимотCenterFind (видисликаD)“, Страница191). При вертикална положба на ротирачкиот ласер, можно е само едно порамнување на Y‑оската. Стартување на режимотCenterFind:
Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската или Y-оската на ротирачкиот ласер. Порамнете го ласерскиот приемник така што саканата оска лежи во десниот агол на приемното поле(1). Доколку ласерскиот зрак треба да биде порамнет на двете оски, тогаш поставете еден ласерски приемник поврзан со ротирачкиот ласер во правец на оскитеX и Y. Секој ласерски приемник мора да биде во рамките на полето на вртење од ±8,5% на ротирачкиот ласер. Вклучете го ротирачкиот ласер во режим на вртење. LR65G: Во менито за подесување, централната функција мора да биде поставена на режимотCenterFind (CF). Доколку ротирачкиот ласер е порамнет на две оски, тоа се однесува за двата ласерски приемника. За стартување на режимотCenterFind за X‑оската држете притиснато на копчето за режимCenterFind(17), или држете притиснато на копчето за режимCenterFind(17) со копчето за X‑оска(16). За стартување на режимотCenterFind за Y-оската држете притиснато на копчето за режимCenterFind(17) со копчето за Y‑оска(15). Ако ласерскиот зрак треба да се порамни на двете оски во исто време, режимотCenterFind мора да започне одделно кај секој ласерски приемник. 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 191 По стартувањето на режимотCenterFind, ротирачката глава се движи горе-долу на ротирачкиот ласер. За време на пребарувањето се појавува на приказот за текст(e)CFX (X‑оска) одн.CFY (Y‑оска). Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле(1) во висина на средишната линија на ласерскиот приемник, се појавува приказот за средишна линија(h) како и на приказот за текст(e)XOK (X‑оска) одн.YOK (Y‑оска). На ротирачкиот ласер се прикажува вредноста на пронајденото навалување. РежимотCenterFind автоматски завршува. Прекинување на режимотCenterFind: За да го прекинете режимотCenterFind притиснете го копчето за режимCenterFind(17) и држете го притиснато. Справување со грешки: Доколку ласерскиот зрак не може во рамките на полето на вртење да ја најде средишната линија на ласерскиот приемник, се појавува на приказот за текст(e) ERR и сите LED-прикази за насока светат. Притиснете на некое копче на ротирачкиот ласер за да го затворите известувањето за грешка на ласерскиот приемник. Повторно позиционирајте го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, така што ласерскиот приемник се наоѓа во рамките на полето на вртење од ±8,5% на ротирачкиот ласер. Осигурете се дека ласерскиот приемник е порамнет со X-оската одн. Y-оската така што ласерскиот зрак може хоризонтално да поминува низ приемното поле(1). Потоа стартувајте го одново режимотCenterFind. LR65G: Доколку двете оски на ротирачкиот ласер треба да бидат порамнети со еден ласерски приемник, истата централна функција мора да биде поставена на двата ласерски приемника. Комбинација од режимотCenterFind и режимотCenterLock не е можна. Доколку на некоја оска е веќе поставен режимотCenterLock и на друга оска е стартуван режимотCenterFind, на приказот за текст се појавува(e) наизменичноERR иCL. На двата ласерски приемника поставете го режимотCenterFind и одново стартувајте ја функцијата. Определување на навалувањето со режимотCenterFind (видисликаD) Со помош на режимотCenterFind, навалувањето на една површина може да биде измерено до макс. 8,5%. За да го направите ова, поставете го ротирачкиот ласер на едниот крај на навалената површина во хоризонтална положба на статив. X-оската или Y-оската на ротирачкиот ласер мора да биде порамнета во една линија со навалувањето што треба да се определи. Вклучете го ротирачкиот ласер и оставете го да се израмни. Прицврстете го ласерскиот приемник со држачот на мерна летва(25). Поставете ја мерната летва близу до мерниот уред (на истиот крај на навалената површина). Порамнете го ласерскиот приемник на мерната летва во висината, така што ласерскиот зрак на ротирачкиот ласер е прикажан како во средина➊. Потоа поставете ја мерната летва со ласерскиот приемник на другиот крај на навалената површина на➋. Осигурете се дека положбата на ласерскиот приемник на мерната летва останува непроменета. Стартувајте го режимотCenterFind за оската што е порамнета со навалената површина. По завршувањето на режимотCenterFind, на ротирачкиот ласер ќе се прикаже навалувањето на површината. РежимCenterLock (LR65G) Во режимотCenterLock, ротирачкиот ласер се обидува автоматски да го порамни ласерскиот зрак на средишната линија на ласерскиот приемник со движење на ротирачката глава нагоре-надолу. За разлика од режимотCenterFind, позицијата на ласерскиот приемник постојано се проверува и навалувањето на ротирачкиот ласер автоматски се прилагодува. На екранот на ротирачкиот ласер не се прикажани вредностите на навалување. Порамнување е можно за X‑оската и за Y‑оската кај хоризонтална положба како и кај вертикална положба на ротирачкиот ласер. Стартување на режимотCenterLock:
Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската или Y-оската на ротирачкиот ласер. Порамнете го ласерскиот приемник така што саканата оска лежи во десниот агол на приемното поле(1). Доколку ласерскиот зрак треба да биде порамнет на двете оски, тогаш поставете еден ласерски приемник поврзан со ротирачкиот ласер во правец на оскитеX и Y. Секој ласерски приемник мора да биде во рамките на полето на вртење од ±8,5% на ротирачкиот ласер. Вклучете го ротирачкиот ласер во режим на вртење. Во менито за подесување на ласерскиот приемник, мора да биде поставена функцијата за центрирање на режимотCenterLock (CL). Доколку ротирачкиот ласер е порамнет на две оски, тоа се однесува за двата ласерски
За стартување на режимотCenterLock за X‑оската држете притиснато на копчето за режимCenterFind(17), или држете притиснато на копчето за режимCenterFind(17) со копчето за X‑оска(16). Bosch Power Tools 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)192 | Македонски За стартување на режимотCenterLock за Y-оската држете притиснато на копчето за режимCenterFind(17) со копчето за Y‑оска(15). Ако ласерскиот зрак треба да се порамни на двете оски во исто време, режимотCenterLock мора да започне одделно кај секој ласерски приемник. По стартувањето на режимотCenterLock, ротирачката глава се движи горе-долу на ротирачкиот ласер. За време на пребарувањето се појавува на приказот за текст(e)CLX (X‑оска) одн.CLY (Y‑оска). Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле(1) во висина на средишната линија на ласерскиот приемник, се појавува приказот за средишна линија(h) како и на приказот за текст(e)LOC. ОзнакатаCenterLock за соодветната оска се прикажува на екранот при стартување на ротирачкиот ласер. Ако се промени положбата на ласерскиот приемник или ротирачкиот ласер, навалувањето на ротирачкиот ласер автоматски се прилагодува. u При работа со режимотCenterLock задолжително внимавајте ротацискиот ласер и ласерскиот приемник да не се движат неконтролирано. Со автоматското прилагодување на навалувањето кај секоја промена на позицијата може да настане погрешно мерење. Прекинување на режимотCenterLock: За да го прекинете режимотCenterLock или да го завршите, притиснете го копчето за режимCenterFind(17) и држете го притиснато. Ако ласерскиот зрак бил успешно порамнет со средишната линија на ласерскиот приемник во овој момент, поставеното навалување на ротирачкиот ласер се задржува дури и ако режимот е откажан CenterLock. Справување со грешки: Доколку ласерскиот зрак не може да ја најде средишната линија на ласерскиот приемник во рок од 2min (без оглед на тоа дали режимот е започнат или по промена на положба), се појавува на приказот за текст(e)ERR и сите LED-прикази за правец светат. Притиснете на некое копче на ротирачкиот ласер за да го затворите известувањето за грешка на ласерскиот приемник. Повторно позиционирајте го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, така што ласерскиот приемник се наоѓа во рамките на полето на вртење од ±8,5% на ротирачкиот ласер. Осигурете се дека ласерскиот приемник е порамнет со X-оската одн. Y- оската така што ласерскиот зрак може хоризонтално да поминува низ приемното поле(1). Потоа стартувајте го одново режимотCenterLock. Доколку двете оски на ротирачкиот ласер треба да бидат усогласени со еден ласерски приемник, истата централна функција мора да биде поставена на двата ласерски приемника. Комбинација од режимотCenterLock и режимотCenterFind не е можна. Доколку на едната оска е веќе поставен режимотCenterFind и на другата оска е стартуван режимотCenterLock, на приказот за текст се појавува(e) наизменичноERR иCF. На двата ласерски приемника поставете го режимотCenterLock и одново стартувајте ја функцијата. Филтер за заштита на стробоскоп Ласерскиот приемник има електронски филтер за стробоскопски светла. Филтрите ги заштитуваат на пр. пречките од светлата за предупредување од градежни
Совети при работењето Израмнување со либела Со помош на либелата(7) може вертикално да го порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник води кон погрешно мерење.
На средишната ознака(9) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на приемното поле(1). При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот зрак. Прицврстување со држач (видисликаE) Ласерскиот приемник може да го прицврстите со држачот(23) како и на мерна летва(25) (опрема), како и на други помошни средства со ширина од 65mm. Затегнете го држачот(23) со завртката за прицврстување(26) во прифатот(11) на задната страна од ласерскиот приемник. Олабавете го вртливото копче(24) на држачот, притиснете го истиот на пр. на мерната летва(25) и повторно завртете го вртливото копче(24). Со помош на либелата(21) можете држачот(23) и со тоа ласерскиот приемник хоризонтално да ги порамните. Навалениот приемник води кон погрешно мерење. Референтната средишна линија(22) на држачот се наоѓа на истата висина како и средишната ознака(9) и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак. Прицврстување со магнет (види слика F) Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите ласерскиот приемник со помош на магнети(10) на челичните делови. 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 193 Поправање дефекти Приказ на текст(e) Проблем Помош PNK Воспоставувањето на врската преку Bluetooth® за ротирачкиот ласер GRL600CHV одн. GRL650CHVG е
Накратко притиснете го копчето за вклучување/ исклучувањена ротирачкиот ласер за да го затворите известување за грешка. Повторно започнете го воспоставувањето на врската. Ако врската не може да се воспостави, контактирајте јаBosch службата за корисници. ERR Калибрација на ротирачкиот ласер GRL600CHV одн. GRL650CHVG е
Прочитајте и следете го упатството за употреба за GRL600CHV одн. GRL650CHVG. РежимCenterFind одн. режимCenterLock неуспешно Притиснете на некое копче за да ја затворите функцијата. Проверете ја положбата на ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник пред повторно да ја започнете функцијата. LR65G: ERR иCL наизменично РежимотCenterFind не може да стартува бидејќи ротирачкиот ласер веќе работи во режимотCenterLock. На двата ласерски приемника поставете го режимотCenterFind и одново стартувајте ја функцијата. ERR иCF наизменично РежимотCenterLock не може да стартува бидејќи ротирачкиот ласер веќе работи во режимотCenterFind. На двата ласерски приемника поставете го режимотCenterLock и одново стартувајте ја функцијата. Доделување функции Функција можна со LR60 и GRL600CHV Ротирачки ласер со црвен ласерски зрак (600−800nm) Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер ● − Приказ за правец за положбата на ласерскиот зрак ● ● Приказ на релативната висина ● ● РежимCenterFind
Функција можна со LR 65G и GRL650CHVG Ротирачки ласер со зелен ласерски зрак (500−570nm) Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер ● − Приказ за правец за положбата на ласерскиот зрак ● ● Приказ на релативната висина ● ● РежимCenterFind
Одржување и сервис Одржување и чистење Одржувајте ја чистотата на ласерскиот приемник. Не го потопувајте ласерскиот приемник во вода или други течности. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
Bosch Power Tools 1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)194 | Srpski За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Со ова, RobertBosch PowerToolsGmbH потврдува дека типот на радио опрема LR60/LR65G е во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на Изјавата за сообразност на ЕУ може да го прочитате на следнава интернет страница: sr Ovim RobertBosch PowerToolsGmbH izjavljuje da je radio-oprema tipa LR60/LR65G u skladu sa direktivom 2014/53/EU. Kompletan tekst EC izjave o usaglašenosti je dostupan na sledećoj veb-adresi:
Notice-Facile