MAKITA DML809 - Осветлување

DML809 - Осветлување MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DML809 MAKITA во PDF формат.

📄 156 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA DML809 - page 124
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DML809 MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Осветлување во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DML809 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DML809 на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DML809 MAKITA

Објаснување на општиот поглед

  1. Заклучување на капакот
  2. Капак на батеријата
  3. Сијалички на индикаторот
  4. Копче за проверка
  5. Кабел за напојување

  6. Капак на штекерот

  7. Женски приклучок(за апаратот)
  8. Машки приклучок(за извор на наизменична струја, обликот може да варира од држава до држава)

  9. Прицврстувач

  10. Прекинувач

  11. Избор на режим на осветленост
  12. Копче

СПЕЦИФИКАЦИИ

Модел DML809
LED 96pcs, 100,8W
Извор на напојување 14,4V / 18V DC
Димензии (Д × Ш × В) 249 mm × 370 mm × 278 mm
Нето тежина 5,7 kg
Област на прием на притисокот (површина на леката) 0,0241 m^2
  • Спецификациите може да се разликуват од држава до држава.
    • Димензиите се со спуштена положба на рачката.
  • Во тежината не се включени касетата на батеријата и кабелот за напојување.
  • Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите што се тука опишани се предмет на промена без најава.

Извор на напојување

- Апаратот треба да се поврзе само со извор на напојување чијашто волтажа е иста како што е наведено на плочката со името и може да работи само на еднофазно напојување со наизменична струја. Апаратот е двојно изолиран, па затоа може исто така да се користи и на штекери без жица за заземјување.

Применлива касета на батеријата и времето на работење

Напон Применлива касета на батеријатаВреме на работење (приближно)
Високо СредноНиско
14.4VBL1415N 0,3 часа 0,8 часа 1,7 часа
BL1430,BL1430B0,5 часа 1,3 часа2,8 часа
BL1440 0,8 часа 2,1 часа 4,5 часа
BL1450 0,9 часа 2,5 часа 5,0 часа
BL1460B1,0 часа 2,8 часа5,5 часа
18VBL1815N 0,4 часа 1,1 часа 2,2 часа
BL1820 0,5 часа 1,5 часа 3,0 часа
BL1820B0,6 часа 1,5 часа3,0 часа
BL1830,BL1830B0,8 часа 2,0 часа4,0 часа
BL1840,BL1840B1,1 часа 2,9 часа6,0 часа
BL1850,BL1850B1,4 часа 3,5 часа7,5 часа
BL1860B1,7 часа 4,5 часа8,5 часа
  • Времето на работење се заснова на Costaјбата кога се вметнати и двете батерии.
  • Некои од касетите на батерии наведени погоре, може да не бидат достатни во зависност од вашиот регион на живеење.
  • Времето на работење може да се разликува во зависност од видот на батеријата, статусот на полнење и условите на користење.

MAKITA DML809 - Извор на напојување - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите на батерии коишто се погоре наведени.

Користењето на било кои други касети на батерии може да предизвика повреда и/или пожар.

Симболи

Следниот дел ги прикажува символите коишто се користат за опремата. Осигурете се дека сте го разбрале нивното значење пред употребата.

MAKITA DML809 - Симболи - 1

  • Прочитајте го упатството за користење
  • Употребата во затворен простор е само за напојување со наизменична струја; Употребата во затворен и отворен простор може да биде со еднонасочна струја;
  • Само за земјите од ЕУ Не фрлајте ја електричната опрема или пакетот со батерии, заедно со домашниот отпаден материјал! Во согласност со Европските директиви за електричен отпад и електронска опрема и батерии и акумулатори и потрошени батерии и акумулатори и нивната имплементација во согласност со националните закони, електричната опрема и батериите и пакетите со батерии што го достигнале крајот на својот работен век, мораат одделно да се собираат и да се вратат во еколошки компатибилен објект за рециклирање.

• ДВОЈНА ИЗОЛАЦИЈА
- Оптичко зрачење (ултравиолетово-UV и инфрацрвено-IR). Смалете ја колку што е можно изложеноста на очите или кожата.
- Не гледајте во ламбата за работа.
- Користете соодветен заштитен штит или заштита за очите.
• Водете посебна грижа и внимание!
- Не користете го апаратот на дожд или снег, кога користите напојување со наизменична струја.
- IP65 за напојување со еднонасочна струја; IP20 за напојување со наизменична струја

БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

MAKITA DML809 - БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето

на апаратите, основните мерки на претпазливост треба секогаш да се следат, за да се намали ризикот од пожар, електричен удар и лични повреди, вклучувајки ги и следните нешта:

  1. Кога апаратот не е во употреба, секогаш исклучете го и извлечете / извадете ја касетата на батеријата од апаратот.
  2. Не покривајте го апаратот додека работи со крпа, картон итн. Во спротивно, тоа може да предизвика пламен.
  3. Кога го употребувате апаратот со користење на напојување со наизменична струја, не го користете апаратот во влажни или мокри места.
  4. Не го изложувајте апаратот на дожд или снег. Никогаш не мијте го во вода.
  5. Не користете го апаратот во средини каде што може да дојде до експлозија, каде што има присуство на запалливи течности, гасови или прашина.
  6. Приклучоците на апаратот мораат да одговараат на штекерите. Никогаш не менувајте ги приклучоците на било каков начин. Не користете било какви адаптерски приклучоци кај апарати со заземјување (заземјени). Непроменетите приклучоци и соодветните штекери їе го намалат ризикот од електричен удар.
  7. Кога ракувате со апаратот, избегнувајте физички контакт со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, микробранови печки или фрижидери. Опасноста од електричен удар е поголема ако телото ви е заземјено.
  8. Не користете го кабелот на несоодветен начин. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или ислучување на апаратот. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетениот или заплеткан кабел ја зголемува опасноста од електричен удар.
  9. Ако надворешниот флексибилен кабел или специфичен кабел на оваа светилка е оштетен, треба да се замени со специјален кабел или кабел којшто е достапен ислучиво од производителот или неговиот сервисер.
  10. Не гледајте директно во изворот на светлината.
  11. Не ракувајте со приклучокот за струја, со влажна или мрсна рака.
  12. Апаратот секогаш поставувајте го на рамна и стабилна површина, за да спречите негово паѓање.
  13. Изворот на светлина којшто се содржи во оваа светилка треба да биде заменет единствено од страна на производителот или негов сервисер, или некое слично квалификувано лице.

MAKITA DML809 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето - 1

MAKITA DML809 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето - 2

MAKITA DML809 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето - 3

MAKITA DML809 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето - 4

MAKITA DML809 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето - 5

MAKITA DML809 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето - 6

  1. Не оставајте го извлечен кабелот за напојување од апаратот, додека тој добива напојување од штекерот. Правејки го тоа може да се предизвика електричен удар.
  2. Не дозволувајте ништо да ги покрие или затне вентилациските отвори на апаратот. Вентилацискиот отвор секогаш држете го чист заради ладење.

Користење и грижа за батеријата на апаратот

  1. Спречете ненамерно стартување на апаратот. Осигурете се дека прекинувачот е во ислучена позиција пред да се поврзете со батерискиот пакет, пред да го подигнете или носите апаратот. Носете го апаратот така што їе го држите прстот на прекинувачот или на енергетскиот апарат што има прекинувач за несреćни случаи.
  2. Исключете го батерискиот пакет од апаратот пред да направите било какви прилагодувања, да промените додатоци или да го ставите некаде апаратот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на апаратот.
  3. Полнете ги единствено со полнач одреден од страна на производителот. Полначот што е погоден за еден вид на батериски пакет може да предизвика ризик од пожар ако се користи со некој друг батериски пакет.
  4. Користете апарати единствено со специјално одредени батериски пакети. Користењето на било кои други батериски пакети може да создаде ризик од повреди или пожар.
  5. Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте го подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат конекција на еден терминал со друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да предизвика изгореници или пожар.
  6. Во услови на злоупотреба, течноста може да излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите, дополнително побарајте и медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
  7. Не користете го батерискиот пакет или апарат што се оштетени или изменети. Оштетените или изменети батерии можат да покажат непредвидливо однесување, што може да резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
  8. Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот на прекумерна температура. Изложеноста на пожар или температури што се над 130 °C може да предизвика експлозија.
  9. Следете ги сите упатства за полнење на батериите и не полнете го батерискиот пакет или апаратот надвор од температурниот опсег одреден во упатствата. Неправилното полнење или полнењето на температури надвор од одредениот температурен опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
  10. Сервисирањето треба да биде изведено од страна на квалификувано лице за поправка, кое што користи само идентични делови за

замена. Со ова їе се осигура дека се одржува безбедноста на производот.

  1. Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.

Важни безбедносни упатства за касетата на батеријата

  1. Пред да ја користите касетата на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување за (1) полночат на батерии, (2) батеријата и (3) производот што користи батерии.
  2. Не расклопувајте ја касетата на батерии.
  3. Ако времето на работење станало многу кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
  4. Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
  5. Не скратувајте ја касетата на батеријата:

(1) Не допирајте ги терминалите со било каков спроводлив материјал.
(2) Избегнувајте складирање на касетите на батеријата во контејнер со други метални предмети како што се клинци, монети итн.
(3) Не изложувајте ја касетата на батеријата на вода или дожд. Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на струја, прегревање, можни изгореници, па дури и дефекти.

  1. Не складирајте го апаратот и касетата на батеријата на места каде што температурата може да достигне или надмине 50°C (122°F).

  2. Не палете ја касетата на батеријата дури и ако е сериозно оштетена или целосно истрошена. Касетата на батеријата може да експлодира во пожар.

  3. Внимавајте да не ја испуштите или удрите батеријата.
  4. Не користете оштетена батерија.
  5. Содржаните литијум-јонски батерии подлежат на законските барања за опасни материи. За комерцијалните транспорти, на пример за трети страни, агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат посебните барања за пакување и еткетирање. За подготовка на предметот којшто се испорачува, потребна е консултација со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и евентуално подеталните национални регулативи. Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што нема да може да се движи во пакувањето.
  6. При отфрлањето на касетата на батеријата, отстранете ја од алатот и фрлете ја на безбедно место. Следете ги вашите локални регулативи во врска со отстранувањето на батеријата.
  7. Користете ги батериите единствено со производите одредени од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.
  8. Ако алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се отстрани од него.

Совети за одржување на максимальниот рок на траење на батеријата

  1. Наполнете ја касетата на батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запрете ја работата на апаратот и наполнете ја касетата на батеријата, ако приметите дека апаратот е со помала сила.
  2. Никогаш не полнете ја до крај касетата на батеријата. Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.
  3. Касетата на батеријата полнете ја на собна температура на 10°C - 40°C (50°F - 104°F). Пред полнењето оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.
  4. Наполнете ја касетата на батеријата ако не планирате да ја користите подолг временски период (повеќе од шест месеци).

Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за во иднина.

ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА

ВНИМАНИЕ:

- Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен, кабелот извлечен и касетата на батеријата е отстранета, пред да ја прилагодите или проверите функцијата на апаратот.

Користење со батерија:

Инсталирање или отстранување на касетата на батеријата

ВНИМАНИЕ:

  • Секогаш извлечете го приклучокот пред инсталирањето или отстранувањето на касетата на батеријата.
  • Користете само оригинални Makita литијум-јонски батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, може да резултира со пукање на батеријата што Ѽе предизвика пожар, лични повреди и оштетувања. Тоа исто така Ѽе ја поништи Makita гаранцијата за Makita алатот и полначот.

- Држете ги цврсто апаратот и касетата на батеријата, кога је ја инсталирате или отстранувате касетата на батеријата. Неисполнувањето на условот за цврсто држење на апаратот и касетата на батеријата, може да предизвика нивно лизгање од вашите раце и да резултира со оштетување на апаратот и касетата на батеријата и лична повреда.

- Внимавајте да не го ставите прстот(ите) помеѓу апаратот и касетата на батеријата при вметнувањето на касетата на батеријата, како и помеѓу апаратот и капакот на батеријата, при затворањето на капакот на батеријата.

ЗАБЕЛЕШКА:

Можат да се инсталираат до две касети на батеријата, иако апаратот користи една касета на батеријата за работење.

За да ја инсталирате касетата на батеријата, ослободете ја бравата на капакот и отворете го капакот на батеријата. (Fig. 1)

Вметнете ја касетата на батеријата. Порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на кукиштето и поставете ја на своето место. Вметнете ја целосно, сё додека не легне на своето место и не се чуе мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот индикатор на горната страна од копчето, тогаш таа не е целосно заклучена на своето место. Потоа затворете го капакот на батеријата. (Fig. 2)

За да ја отстраните касетата на батеријата, лизнете ја од алатката додека го лизгате копчето на предната страна од касетата.

ВНИМАНИЕ:

  • Секогаш инсталирајте ја во целост касетата на батеријата, сё додека црвениот индикатор не може да биде виден. Ако не постапите така, таа може случајно да испадне од апаратот, предизвикувајки повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.
  • Немојте со сила да ја инсталирате касетата на батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.

Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3)

(Само за касети на батерии со индикатор)

Притиснете го копчето за проверка на касетата на батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот їе засветат неколку секунди.

Сијалички на индикаторотПреостанат капацитет
ОсветленоИсклученоТрепкање
MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 1
MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 2
MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 3
MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 4
MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 5Наполни ја батеријата.
MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 6MAKITA DML809 - Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) - 7Батеријата може даима дефект.

ЗАБЕЛЕШКА:

- Во зависност од условите за користење и температурата на околината, индикаторот може малку да се разликува од вистинскиот капацитет.

Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, ќе ја поништи Makita гаранцијата за Makita апарат и полнач.

Користење со наизменична струја:

Кога користите апарат што користи наизменична струја, употребете го кабелот за напојување којшто бил испорачан со апаратот. Женскиот приклучок да се вметне во апаратот, а машкиот приклучок приклучете го со штекерот. (Fig. 4)

ВНИМАНИЕ:

  • Прво целосно вметнете го женскиот приклучок во апаратот, а потOA машкиот приклучок приключете го со штекерот.
  • Секогаш цврсто затворете го капакот на штекерот, кога кабелот за напојување на е включен.

ЗАБЕЛЕШКА:

  • Напојувањето со наизменична струја не ја полни батеријата којашто е вметната во апаратот.
  • Дури и кога работи со напојување со еднонасочна струја, апаратот автоматски се менува на наизменична струја, кога кабелот за напојување е вметнат во штекерот.

Организирање на кабелот за напојување:

Цврсто намотајте го кабелот за напојување на постолјето, а потоа со копча прицврстете го крајот на кабелот, употребувајки го дадениот прицврстувач. (Fig. 5)

Вклучување на изборот на режим на светлина и осветленост (Fig. 6)

  1. Прекинувач: Притиснете го прекинувачот еднаш, светлото ёе се вклучи(во истиот режим на осветленост како во последната поставка). Повторно притиснете го прекинувачот, светлото ёе се исклучи.
  2. Избор на режим на осветленост: Секвенцата на осветленосте: Висок режим / Среден режим / Низок режим / Висок режим за секое притискање кога светлото е включено.

Систем за заштита на батеријата (Fig. 7)

Апаратот е опремен со систем за заштита на батеријата, за да го продолжи работниот век на батеријата. Кога нивото на батеријата ће стане ниско, LED светилките се гаснат, освен една LED светилка, како што е прикажано. Потоа, околу пет до десет минути подоцна, системот автоматски го прекинува напојувањето. Во тој случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.

Фен за ладење

Овој апарат е опремен со фен за ладење.

Фенот за ладење може да работи за ладење на апаратот дури и по ислучување на апаратот. Звукот на воздухот излегува кога работи фенот за ладење.

Тоа не претставува дефект на апаратот.

РАБОТЕЊЕ

ВНИМАНИЕ:

- Апаратот секогаш ставајте го на рамно и стабилно место. Во спротивно може да се случа да падне.

Прилагодување на аголот на осветлувањето (Fig. 8)

Олабавете ги копчињата на двете страни. Прилагодете го аголот на осветлувањето (опсегот на прилагодување е 240°). Потоа повторно затегнете ги копчињата.

ВНИМАНИЕ:

Внимавајте да не заглавите прст(и) при прилагодувањето на аголот на осветлувањето.

Користење со статив (опционална дополнителна опрема)

ВНИМАНИЕ:

- Внимателно прочитајте ги упатствата за додатоците, пред да ги користите со осветлувањето.

Можете да го поставите стативот, за да ја олесните работата. (Fig. 9)

ВНИМАНИЕ:

  • Внимавајте да не го испуштите апаратот кога ће го ставате на стативот.
  • Ставете го стативот на рамна и стабилна површина, за да спречите негово пагање.
  • Раширете ги до максимум ногарките на стативот.
  • Не користете го стативот ако има силен ветер.
  • Осигурете се дека апаратот е сигурно прицврстен на стативот.
  • Отстранете го апаратот кога го носите стативот или кога ги склопувате ногарките на стативот.
  • Внимавајте да не ви се фати раката во ногарките на стативот, кога ње го затворате истиот.

ОДРЖУВАЊЕ

ВНИМАНИЕ:

  • Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен, кабелот е извлечен и касетата на батеријата е отстранета, пред да се обидете да извршите преглед или одржување.
  • Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач, алкохол или нешто слично. Може да дојде до промена на бојата, деформација или пукнатини.

Корисникот може да ги изведе само работите околу одржувањето, кои се опишани во упатството за користење. Било која друга работа мора да биде изведена од страна на овластените сервисни центри на Makita.

Чистење

ВНИМАНИЕ:

- Никогаш не мијте го апаратот во вода.

Одвреме-навреме избришете ја надворешноста (кукиштето на апаратот) на апаратот, користејки крпа натопена во вода со сапуница.

ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ

ВНИМАНИЕ:

- Овие дополнителни додатоци или прилози се препорачуваат за користење со вашиот Makita апарат, наведени во ова упатство за употреба. Користењето на било какви други додатоци или прилози, може да претставува ризик од повреда на лугето. Користете ги додатоците или прилозите само за нивната намена.

Ако ви треба помош за повеќе детали во врска со овие додатоци, обратете се во вашиот локален сервисен центар на Makita.

- Некои предмети во списокот можат да бидат включени во пакетот на апаратот, како стандартни додатоци. Тие можат да се разликуваат од држава до држава.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : DML809

Категорија : Осветлување