MAKITA ML010G - Осветлување

ML010G - Осветлување MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ML010G MAKITA во PDF формат.

📄 212 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice MAKITA ML010G - page 162
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Градежно осветлување
Бренд Makita
Модел ML010G
Максимален светлински флукс 5 500 лумени
Нивоа на осветленост 3 (5 500 lm / 3 000 lm / 1 500 lm)
Напојување 100-240 V AC, 50/60 Hz или Makita батерија 14,4 V / 18 V / 36 V-40 V max
Број на компатибилни батерии До 4 (една се користи во исто време, автоматско префрлување)
Автономија (со BL4080F x2 и BL1860B x2) 15,0 ч (5 500 lm) / 52,0 ч (1 500 lm)
Максимален број на меѓусебно поврзани уреди 8
Димензии (Д x Ш x В) 490 mm x 490 mm x 814 mm
Нето тежина (без батерија и кабел) 14,1 kg
Степен на заштита (DC) IP54
Степен на заштита (AC) IP20
Работна температура 0 °C ~ 40 °C
Температура на складирање -20 °C ~ 60 °C
Прилагодлива зона на осветлување Да, со копче за промена на зона
Светлосен извор LED (не се заменува, заменување на целиот луминар)
AC влез/излез Да, со кабел за напојување и приклучок
Функција за автоматско исправање Да, до 80° наклон
Вклучени додатоци Кабел за напојување, капаци за батерии, рачка за носење

Frequently Asked Questions - ML010G MAKITA

Кои батерии се компатибилни со Makita ML010G?
ML010G прифаќа Makita батерии 14,4 V (BL14xx), 18 V (BL18xx) и 36 V-40 V max (BL40xx). Соодветни полначи се DC18RC, DC40RA, итн. Користете само батерии и полначи наведени во упатството.
Како да се промени осветленоста на осветлувањето?
Притиснете го копчето Промена на осветленост кога уредот е вклучен. Осветленоста се менува од 5 500 lm на 3 000 lm, потоа на 1 500 lm, и се враќа на максимум по најниското ниво.
Може ли да го користам уредот на струја и на батерија истовремено?
Не, уредот автоматски се префрла на AC напојување ако кабелот е приклучен, но вметнатата батерија не се полни од мрежната струја.
Како да се исчисти Makita ML010G?
Пред чистење, исклучете го уредот, извадете го кабелот и извадете ја батеријата. Користете сува или малку влажна крпа. Никогаш не користете бензин, разредувач или алкохол.
Што да се прави ако батеријата е испразнета?
Ако се инсталирани повеќе батерии, уредот автоматски се префрла на наполнета батерија. Ако сите батерии се испразнети, индикаторот трепка црвено. Извадете ја батеријата и наполнете ја.
Дали уредот е водоотпорен?
При употреба на батерија, степенот на заштита е IP54 (заштитен од прскање вода и прашина). На мрежа е IP20 (не е водоотпорен). Не го користете на дожд или во влажни места кога е на мрежа.
Може ли сами да ги заменам LED светилките?
Не, LED светилките не се заменуваат поединечно. Ако дојдат до крајот на својот век, целиот луминар мора да се замени. Сите поправки доверете ги на овластен сервис на Makita.
Како да се поврзат повеќе уреди ML010G меѓусебно?
Користете го испорачаниот кабел за напојување за да го поврзете AC излезот на еден уред со AC влезот на друг. До 8 уреди може да се поврзат меѓусебно. Секој уред се управува поединечно.
Колку време трае работата во слаб режим?
Со две BL4080F (36 V) и две BL1860B (18 V) батерии, автономијата е околу 52 часа на 1 500 лумени.
Како да се користи функцијата за автоматско исправање?
Уредот може сам да се исправи од наклонета позиција до 80° во однос на вертикалата. Вистинскиот агол зависи од подлогата и напојувањето. Поставете го на стабилна површина.

Прашања на корисниците за ML010G MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Осветлување во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ML010G - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ML010G на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ML010G MAKITA

Модел: ML010G
Номинален напон А.С. 100 V - 240 V, 50/60 Hz
D.C. 14,4 V / 18 V / 36 V - 40 V макс.
Светлосен флукс(Сите LED-индикатори светнуваат)5.500 lm/3.000 lm/1.500 lm
Време на работење(Со BL4080F x 2 и BL1860B x 2, сите LED-индикатори светнуваат)приближно 15,0 часа (5.500 lm)приближно 52,0 часа (1.500 lm)
Максимален број уреди за меѓусебно поврзување 8
Работна температура 0 °C ~ 40 °C
Температура на складирање -20 °C ~ 60 °C
Димензии(Д x Ш x В)490 мм x 490 мм x 814 мм
Нето тежина(Без касета за батерија и кабел за напојување)14,1 кг
Степен на заштита DC: IP54 (само при напојување со батерии)AC: IP20

- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.

- Спецификациите може да се разликуват од држава до држава.

- Времињата на работење се приближни и може да се разликуваат во зависност од типот на батеријата, статусот на полнењето и условите на користење.

Применлива касета за батерија и полнач

Касета за батерија Модел D.C.14,4V BL1415N / BL1430B / BL1460B
Модел D.C.18 V BL1815N/ BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860B
Модел D.C. 36 V - 40 V макс. BL4020 / BL4025 / BL4040 / BL4050F / BL4080F
ПолначМодел D.C.14,4 VМодел D.C.18 VDC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF / DC18SH / DC18WC
Модел D.C. 36 V - 40 V макс.DC40RA / DC40RB / DC40RC
  • Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот во кој живеете.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.

Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или пожар.

Симболи

Долунаведените ги прикажуваат символите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

MAKITA ML010G - Симболи - 1

MAKITA ML010G - Симболи - 2

Прочитајте го упатството за користење.

MAKITA ML010G - Симболи - 3

Ni-MH Li-ion

Само за земјите на ЕУ

Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје. Не фрлајте ги електричшите и електронските апарати или батериите во домашниот отпад! Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чувват одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина. Ова е означено со символот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.

[CD56]Посветете особена грижа и внимание.
MAKITA ML010G - Симболи - 4Оптичко зрачење (UV и IR).Минимално изложување на очи или кожа.
MAKITA ML010G - Симболи - 5Не гледајте во работната ламбичка.
MAKITA ML010G - Симболи - 6Користете соодветен штит или заштита на очите.
MAKITA ML010G - Симболи - 7Не користете го уредот на дожд, снег,влажни или водени услови кога секористи со двонасочна струја.
MAKITA ML010G - Симболи - 8Копче за рестартирање на прекинувачот.

Забелешка

Овој производ содржи извори на светлина од класата на енергетска ефикасност и .

Напојување

Алатот треба да се поврзува само со напојување со напон како што е назначено на плочката и може да работи само на еднофазна наизменична струја. Овој алат треба да се поврзе со заземјување додека се користи за заштита на операторот од струен удар. Користете само продолжни кабли со три жици кои имаат заземјување со три краци и штекови со три пола во кои влегува приклучникот на алатот.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и сите упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар или тешки повреди.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА.

  1. Кога уредот не се користи, секогаш исклучувајте ја/извадете ја касетата за батеријата од алатот.
  2. Не покривајте ја ламбичката, ниту заглавувајте го отворот на уредот со крпа или картон итн. Во спротивно, може да се предизвика пламен.
  3. Не користете го уредот на дожд, снег, влажни или водени услови кога се користи со двонасочна струја.
  4. Не изложувајте го уредот на силен дожд или снег. Никогаш немојте да го миете во вода. Во спротивно, водата може да навлезе во уредот и да дојде до дефект.
  5. Не користете го уредот во средини каде што постои опасност од експлозија, како на пример во присуство на запаливи течности, гасови или прав.

  6. Приклучоците за уредот мора да одговараат на штекерот. Никогаш и никако не менувајте ги приклучоците. Употребата на немодифицирани приклучоци и соодветни штекери їе го намали ризикот од електричен удар.

  7. Кога работите со уредот, избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, микробранови печки или фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако вашето тело е заземјено.

  8. Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или за ислучување на уредот. Кабелот држете го настрана од топлина, масло, остри агли или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар.

  9. Ако надворешниот флексибилен кабел или кабелот на оваа светилка е оштетен, треба да се замени со специјален кабел или кабел што е исключително достапен од производителот или неговиот агент за сервис.

  10. Не гледајте директно во изворот на светлината.

  11. Не ракувајте со приклучокот со влажна или мрсна рака.

  12. Секогаш поставувајте го уредот на рамно и стабилно место. Во спротивно, може да дојде до несреќа од паѓањето.

  13. Секогаш поставувајте го уредот во исправена позиција.

  14. Изворот на светлина на оваа светилка не е заменлив; кога изворот на светлина їе го достигне крајот на својот животен век, целата светилка треба да се замени.

  15. Не оставајте го кабелот за напојување исклучен од уредот додека се напојува од штекер. Тоа може да предизвика струен удар.

  16. Не користете ја рачката за носење за никаква друга намена освен за носење на уредот, како на пример подигање.

  17. Не изложувајте го уредот на искри или корозивна атмосфера итн.

  18. Не ракувајте грубо со уредот. Кога апаратот се враćа од навалена во исправена положба, тој може да го удри лицето и да предизвика повреда.

Безбедносни предупредувања за уред што работи на батерии

Користење и грижа за уредот што работи на батерии

  1. Спречете ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба пред поврзување со батеријата, подигање или носење на уредот. Носењето на уредот со прстот на прекинувачот или приклучувањето на уредот во извор на електрична енергија со включен прекинувач се причина за несреќи.

  2. Извадете ја батеријата од уредот пред вршење нагодувања, промена на додатоци или складирање на уредот. Овие превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно стартување на уредот.

  3. Полнете само со полначот одреден од страна на производителот. Полнач што е соодветен за еден тип батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
  4. Користете уреди само со конкретно наменета батерија. Користењето други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.
  5. Кога батеријата не се користи, држете ја настрана од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други мали метални предмети што можат да послужат како врска од еден на друг приклучок. Краткиот спој на батериските приклучоци може да доведе до изгореници или пожар.
  6. При случаи на злоупотреба, од батеријата може да истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
  7. Не користете батерии или уред што се оштетени или менувани. Оштетените или менуваните батерии може да прикажуваат непредвидливо однесување што резултира со орган, експлозија или опасност од повреда.
  8. Не изложувајте ги батериите или уредот на орган или прекумерна температура. Изложеноста на орган или температура над 130 °С може да предизвика експлозија.
  9. Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батериите или уредот надвор од температурниот опсег наведен во упатството. Неправилното менување или менувањето на температури надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од орган.
  10. Сервисирајте кај квалификувано лице за поправки кое користи само идентични резервни делови. Ова ќе овозможи одржување на безбедноста на производот.
  11. Не модификувајте ги, ниту обидувајте се да ги поправате уредот или батеријата, освен како што е наведено во упатството за користење и грижа.

Важни безбедносни упатства за касетата за батеријата

  1. Пред користење на касетата за батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за претпазливост на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата и (3) производот што ја користи батеријата.
  2. Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте со касетата за батерија. Тоа може да резултира со пожар, прекумерна топлина или експлозија.

  3. Ако оперативното времето станало прекумерно кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.

  4. Ако електролит навлезе во вашите очи, измијте ги со чиста вода и побарајте медицинска нега веднаш. Тоа може да резултира со губење на вашиот вид.
  5. Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.

(1) Не допирајте ги контактите со никаков проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате касетата за батерија во сад со други метални предмети како што се шајки, монети и сл.
(3) На изложувајте ја касетата за батеријата на вода или дожд. Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прегревање, можни изгореници, па дури и пад на напојувањето.

  1. Не складирајте и не користете ги уредот и касетата за батеријата на места каде што температурата може да достигне или надминува 50 °C (122 °F).
  2. Не палете ја касетата за батеријата дури и кога е многу оштетена или целосно потрошена. Касетата за батеријата може да експлодира ако се стави во орган.
  3. Не заковувајте ја, сечете ја, фрлајте ја, испуштајте ја касетата за батерија, ниту удирајте ја од тврд предмет касетата за батеријата. Таквото однесување може да резултира со пожар, прекумерна топлина или експлозија.
  4. Не користете оштетена батерија.
  5. Содржаните батерии со литиумови јони се подложни на условите во Правилата за опасни предмети. За комерцијален транспорт на пр. од трети лица и посредници, мора да се следат посебните услови на пакувањата или ознаките. При подготовка на предметот кој треба да се испрати, консултирајте се со експерт за опасни материјали. Исто така, следете ги потенцијално подеталните национални правила. Залепете ги со леплива лента или маскирајте ги отворените контакти, а батеријата спакувајте ја, така што нема да се движи слободно во пакувањето.
  6. Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата, извадете ја од уредот и фрлете ја на безбедно место. Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање на батеријата во отпад.
  7. Користете ги батериите само со производите назначени од Makita. Монтирањето батерии на неусогласените производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.

  8. Доколку уредот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се извади од уредот.

  9. Пред и по употребата, касетата за батеријата може да прими топлина што може да предизвика изгореници или изгореници од ниска температура. Внимавајте како ракувате со жешките касети за батерии.
  10. Не допирајте го терминалот на уредот непосредно по употребата бидејки може да се загрее довольно за да предизвика изгореници.
  11. Не дозволувајте деланки, прав или земја да се заглават во терминалите, отворите и жлебовите на касетата за батерија. Тоа може да резултира со слаба изведба или пад на напојувањето на уредот или касетата за батерија.
  12. Освен ако уредот не поддржува употреба на електрични далноводи со висок напон во близина, не користете ја касетата за батерија во близина на електричните далноводи со висок напон. Тоа може да резултира со дефект или пад на напојувањето на уредот или касетата за батерија.
  13. Држете ја батеријата подалеку од деца.

⚠️ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални батерии на Makita. Користењето неоригинални батерии на Makita или батерии што се изменети може да резултира со распукување на батеријата, предизвикувајки пожар, телесна повреда и оштетување. Тоа исто така єе ја поништи гаранцијата за уредот и полночат на Makita.

Совети за одржување максимален работен век на батеријата

  1. Заменете ја касетата за батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запрете ја работата на уредот и наполнете ја касетата за батеријата кога їе забележите дека помала моїност на уредот.
  2. Никогаш немојте да полните целосно полна касета за батерија. Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
  3. Полнете ја касетата за батеријата на собна температура од 10°C - 40°C. Дозволете загреаната касета за батерија да се олади пред да ја ставите на полнење.
  4. Кога не ја користите касетата за батерија, извадете ја од уредот или полначот.
  5. Полнете ја касетата за батеријата доколку не ја користите подолго време (повеќе од шест месеци).

СЕРВИСИРАЊЕ

  1. Сервисирањето на уредот мора да го извршува само персонал што е квалификуван за поправки. Сервисирањето и одржувањето што го извршува неквалификуван персонал може да резултира со опасност од повреда.
  2. При сервисирањето на уредов, користете само идентични резервни делови за замена. Користењето неовластени делови или непочитувањето на упатствата за одржување може да создаде опасност од струен удар или повреда.
  3. Не спалувајте го уредот, дури ни кога е многу оштетен. Батериите може да експлодираат ако се стават во орган. Фрлете го уредот во согласност со локалните регулативи.

ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ

▶ Сл.1

1 Копче за менување на просторот за осветлување2 Индикатор за осветленост 3 Копче за менување на осветленоста
4 Копче на прекинувачот за напојување5 Индикатор за батерија 6 Рачка за носење
7 Отвор за катанец 8 Капак за батеријата (батерија XGT)9 Блокирање на капакот
10 Капак за батеријата (батерија LXT)11 Копче за рестартирање на прекинувачот
13 Штекер за двонасочна струја14 Кука за кабелот за напојување
16 Капак за електричниот приклучок17 Кабел за напојување

НАПОМЕНА: Обликот на влезот за двонасочна струја, штекерот за двонасочна струја и приклучокот на кабелот за напојување се разликуваат од една земја до друга.

ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ

⚠️ВНИМАНИЕ: Пред секое нагодување или проверка на уредот, секогаш проверувајте дали е исклучен и касетата за батеријата е извадена.

Монтирање или отстранување на касетата за батеријата

⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш исклучувајте го уредот пред да го монтирате или да ја отстраните касетата за батеријата.
⚠️ВНИМАНИЕ: Држете ги уредот и касетата за батеријата цврсто кога ја монтирате или вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите цврсто уредот и касетата за батеријата, тие може да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно оштетување, како и до телесна повреда.
⚠️ВНИМАНИЕ: Внимавајте да не си ги фатите прстите помеѓу уредот и касетата за батерија кога ја полните касетата за батерија како и помеѓу уредот и капакот на батеријата кога го затворате капакот на батеријата.

За да ја монтирате касетата за батеријата, ослободете ја бравата на капакот и отворете го капакот на батеријата.

▶ Сл.2: 1. Блокирање на капакот 2. Капак на батеријата

За монтирање на касетата за батерија, порамнете го јазичето на касетата за батерија со жлебот во кукиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се блокира во место при што їе се слушне звук.

Потоа затворете го капакот на батеријата.

▶ Сл.3: 1. Копче 2. Касета за батерија

За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од уредот додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.

⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш монтирајте ја касетата за батеријата целосно. Во спротивно, може ненадејно да испадне од уредот, предизвивувајки ви повреда вам или на некој другоколу вас.

⚠️ВНИМАНИЕ: Немојте да ја монтирате касетата за батеријата на сила. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.

НАПОМЕНА: Може да се монтираат најмногу 4 касети за батерија, иако уредот користи една касета за батерија за работа.

Укажување на преостанатиот капацитет на батеријата

Само за батерии со индикатор

▶ Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка

Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички светнуват неколку секунди.

Индикаторски ламбички Преостанаткапацитет
Запалено Исключено Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете јабатеријата.
Батеријатаможеби енеисправна.

НАПОМЕНА: Во зависност од условите на користење и амбиенталната температура, индикацијата може да се разликува во мала мера од реалниот капацитет.

НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на индикаторот їе трепка кога работи системот за заштита на батеријата.

Овие индикатори ја покажуваат батеријата што се користи или преостанатиот капацитет на батеријата. Секој од индикаторите соодветствува на секоја од батериите како што е покажано на сликата.

▶ Сл.5: 1. Индикатор за батерија

Индикатор за батеријата што се користи

При вклучување на уредот, светнуват индикаторите на поставените батерии.

Неколку секунди подоцна светнува индикаторот за батеријата што се користи во моментот.

Боја на индикаторот Капацитет на батерија
Зелено Има преостанат капацитетна батеријата.
Црвено Нема капацитет набатеријата.(Батеријата е испразнета)

Индикатор за преостанатиот капацитет на батеријата

Кога батеријата што се користи їе се испразни, уредот се префрла на друга батерија. При префрлање на батеријата, светнуваат сите индикатори на поставените батерии.

Боја на индикаторот Капацитет на батерија
Зелено Има преостанат капацитетна батеријата.
Црвено Нема капацитет набатеријата.(Батеријата е испразнета)

Кога ће се испразнат сите батерии, индикаторот за последната ће трепка црвено.

Систем за заштита на уредот/ батеријата

Овој уред е опремен со систем за заштита. Овој систем автоматски го прекинува напојувањето за да го продолжи работниот век на уредот и на батеријата. Уредот автоматски ће се исклучи за време на работењето ако тој или батеријата се најдат под еден од следниве услови.

Заштита од преоптоварување

Кога со уредот се работи на начин што предизвикува повлекување прекумерно висока струја, тој автоматски запира без никаква индикација. Во оваа ситуација, извадете ја и монтирајте ја касетата за батерија кога ја користите со еднонасочна струја или притиснете го копчето за рестартирање на прекинувачот кога користите двонасочна струја. Потоа, повторно включете го уредот за да се рестартира.

▶ Сл.6: 1. Копче за рестартирање на прекинувачот

Заштита од прекумерно празнење

Кога капацитетот на батеријата ће се намали, LED-ламбичките се гасат освен делот од LED-ламбичките како што е прикажано. Потоа, приближно пет до десет минути подоцна, системот автоматски го прекинува напојувањето. Во таа ситуација, извадете ја касетата за батеријата од уредот и наполнете ја.

▶ Сл.7

Самоисправувачки дизајн

Уредот може да се оправи од навалената положба ако аголот е 80 степени или помал од нормалната положба. Аголот на стоење на уредот се разликува во зависност од условите на земјата и напојувањето што треба да се користи.

▶ Сл.8

Отвор за катанец

За заштита од кражба на касетите со батерии, се обезбедува отвор за катанец.

▶ Сл.9: 1. Отвор за катанец

РАБОТЕЊЕ

⚠️ ВНИМАНИЕ: Уредов е наменет за комерцијална употреба. Не користете го уредот за употреба во домакинството.

Вклучување/исклучување на уредот

Притиснете го копчето на прекинувачот за напојување за да го включите уредот. Притиснете го копчето на прекинувачот за напојување повторно за да го ислучите уредот.

▶ Сл.10: 1. Копче на прекинувачот за напојување

НАПОМЕНА: Уредот се вклучува на истиот режим како последната поставка.

Менување на осветленоста

Притиснете го копчето за менување на осветленоста додека уредот работи. Осветленоста се намалува секојпат кога ќе го притиснете копчето за менување на осветленоста. Осветленоста ќе се врати на највисока кога се работи на најниска осветленост.

▶ Сл.11: 1. Копче за менување на осветленоста

Менување на просторот за осветлување

Притиснете го копчето за менување на просторот за осветлување додека уредот работи.

▶ Сл.12: 1. Копче за менување на просторот за осветлување

Просторот за осветлување се менува секојпат кога ќе го притиснете копче за менување на просторот за осветлување како што е прикажано.

▶ Сл.13

Користење со напојување со двонасочна струја

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го уредот кога кабелот или приклучокот се оштетени.

АПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ракувајте со приклучокот со влажна или мрсна рака.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оставајте го кабелот за напојување ислучен од уредот додека се напојува од струја. Малите деца може да стават активен приклучок во устата и да предизвикаат повреда.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ставајте го активниот приключок или кабелот во устата. Тоа може да предизвика струен удар.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Осигурете се дека вредноста на напонот на главното напојување одговара на онаа кај уредот.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Штекерот што е приключен мора да се заземјен.

Кога го користите уредот со двонасочна струја, користете го кабелот за напојување што е доставен со уредот.

Вметнете го приключокот во доводот на двонасочна струја и потоа вметнете го другиот крај во штекерот.

▶ Сл.14: 1. Кабел за напојување 2. Капак за електричниот приклучок (довод на двонасочна струја) 3. Приклучок (за уредот) 4. Приклучок (за штекер)

⚠️ВНИМАНИЕ: Осигурете се дека прво сте го вметнале приключокот во уредот, потоа вметнете го другиот крај во штекерот.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Секогаш затворајте го капак за електричниот приклучок цврсто кога кабелот за напојување не е приклучен.

НАПОМЕНА: Дури и кога работи на напојување со еднонасочна струја, уредот автоматски се менува во режим на напојување со двонасочна струја кога е приключен кабелот за напојување.

НАПОМЕНА: Напојувањето со двонасочна струја не ја полни батеријата што е вметната во уредот.

НАПОМЕНА: Обликот на влезот за двонасочна струја, штекерот за двонасочна струја и приклучокот на кабелот за напојување се разликуваат од една земја до друга.

Меѓусебно поврзано користење

⚠️ ВНИМАНИЕ: Не поврзувајте ниеден друг уред освен ML010G во штекер за двонасочна струја.
⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш користете го кабелот за напојување што е доставен со уредот.
⚠️ВНИМАНИЕ: Не поврзувајте меѓусебно уреди над максималниот број уреди за меѓусебно поврзување наведен во упатството.

Кога го користите уредот меѓусебно поврзан со други уреди, поврзете ги со кабел за напојување. Вметнете го приклучокот во доводот на двонасочна струја на уредот за да се напојува, а потоа вметнете го другиот крај во штекерот за двонасочна струја од уредот за напојување.

▶ Сл.15: 1. Штекер за двонасочна струја

НАПОМЕНА: Кога ги користите уредите што се меѓусебно поврзани, операциите како вклучување/исклучување, менување на осветленоста и менување на просторот за осветлување не се поврзани. Треба да се работи со секој уред.

Организирање на кабелот за напојување

Цврсто намотајте го кабелот за напојување на куката за кабелот за напојување.

▶ Сл.16: 1. Кабел за напојување 2. Кука за кабелот за напојување

ОДРЖУВАЊЕ

⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред секоја проверка или одржување, секогаш проверувајте дали уредот е ислучен и касетата за батеријата е извадена.

ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или Guinea. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.

За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.

ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР

⚠️ ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со алатот од Makita дефиниран во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.

Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.

НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со алатот како стандарден прибор. Тие може да се разликуваат од држава до држава.

ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ

Намотајте електрични кабл на кукицу да би се чврсто држао.

▶ Слика16: 1. Електрични кабл 2. Кукица за електрични кабл

ОДРЖАВАЊЕ

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : ML010G

Категорија : Осветлување