MAKITA ML005G - Осветлување

ML005G - Осветлување MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ML005G MAKITA во PDF формат.

📄 172 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice MAKITA ML005G - page 134
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : ML005G

Категорија : Осветлување

Преземете ги упатствата за вашиот Осветлување во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ML005G - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ML005G на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ML005G MAKITA

(Оригинални упатства) Објаснување на општиот поглед

1. Заклучување на капакот

2. Капак на батеријата

  • Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
  • Димензиите се со спуштена положба на рачката.
  • Тежината не го вклучува кертриџот за батерија.
  • Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите што се тука опишани се предмет на промена без најава. Применлива касета на батеријата и времето на работење
  • Некои од касетите на батерии наведени погоре, може да не бидат достапни во зависност од вашиот регион на живеење.
  • Времето на работење може да се разликува во зависност од видот на батеријата, статусот на полнење и условите на користење. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите на батерии коишто се погоре наведени. Користењето на било кои други касети на батерии може да предизвика повреда и/или пожар.135 Македонски

Следниот дел ги прикажува симболите коишто се користат за опремата. Осигурете се дека сте го разбрале нивното значење пред употребата.

  • Прочитајте го упатството за користење. Ni-MH Li-ion

Само за земјите од ЕУ Поради присуството на опасни компоненти во опремата, отпадот од електрична и електронска опрема, акумулатори и батерии може да има негативно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите со домашен отпад! Во согласност со Европската директива за отпадна електрична и електронска опрема и за акумулатори и батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивното прилагодување кон националното законодавство, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се складираат посебно и да се доставуваат до посебна собирна точка за комунален отпад кој работи согласно прописите за заштита на животната средина. Тоа го покажува симболот на пречкртаната корпа со тркала поставена на опремата.

  • Оптичко зрачење (ултравиолетово-UV и инфрацрвено-IR). Смалете ја колку што е можно изложеноста на очите или кожата.
  • Не гледајте во ламбата за работа.
  • Користете соодветен заштитен штит или заштита за очите.
  • Водете посебна грижа и внимание! ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето на апаратите, основните мерки на претпазливост треба секогаш да се следат, за да се намали ризикот од пожар, електричен удар и лични повреди, вклучувајќи ги и следните нешта: ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ

1. Не гледајте во светлината, или не изложувајте ги очите

на светлина. Може да дојде до оштетување на очите.

2. Не ја покривајте сијаличката со платно, картон

итн. Во спротивно може да настане пламен.

3. Не изложувајте ја на дожд или снег. Не мијте ја во вода.

4. Не допирајте ја внатрешноста на апаратот со

пинцети, метални алатки итн.

5. Кога апаратот не е во употреба, секогаш исклучете

го и извадете ја касетата на батеријата од апаратот.

6. Не изложувајте ја апаратот на шок од отпуштање

7. Безбедносни информации за преносливи

осветлувачи со батерии.

  • Фрлањето на батериите треба да биде во склад со вашите локални прописи што се однесуваат на отстранувањето на опасни материјали.
  • Не ја палете батеријата.

8. Дополнителни информации за осветлувачи.

Изворот на светлина на овој светилник не може да се замени; кога изворот на светлина ќе дојде до крајот на својот животен век, целата светилка ќе се замени.

9. Употреба и грижа за батериската алатка.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги упатства и предупредувања за безбедност. Доколку не ги следите предупредувањата или упатствата, може да предизвикате електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Спречете ненамерно стартување на апаратот. Осигурете се дека прекинувачот е во исклучена позиција пред да се поврзете со батерискиот пакет, пред да го подигнете или носите апаратот. Носете го апаратот така што ќе го држите прстот на прекинувачот или на енергетскиот апарат што има прекинувач за несреќни случаи.

Исклучете го батерискиот пакет од апаратот пред да направите било какви прилагодувања, да промените додатоци или да го ставите некаде апаратот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на апаратот.

Полнете ги единствено со полнач одреден од страна на производителот. Полначот што е погоден за еден вид на батериски пакет може да предизвика ризик од пожар ако се користи со некој друг батериски пакет.

Користете апарати единствено со специјално одредени батериски пакети. Користењето на било кои други батериски пакети може да создаде ризик од повреди или пожар.

Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте го подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат конекција на еден терминал со друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да предизвика изгореници или пожар.

  • Во услови на злоупотреба, течноста може да излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите, дополнително побарајте и медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

Не користете го батерискиот пакет или апарат што се оштетени или изменети. Оштетените или изменети батерии можат да покажат непредвидливо однесување, што може да резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.

  • Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот на прекумерна температура. Изложеноста на пожар или на температури над 130 °C (265 °F) може да предизвика експлозија.
  • Следете ги сите упатства за полнење на батериите и не полнете го батерискиот пакет или апаратот надвор од температурниот опсег одреден во упатствата. Неправилното полнење или полнењето на температури надвор од одредениот температурен опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.

Сервисирањето треба да биде изведено од страна на квалификувано лице за поправка, кое што користи само идентични делови за замена. Со ова ќе се осигура дека се одржува безбедноста на производот.

Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.136 Македонски

10. Важни безбедносни упатства за касетата на батеријата.

Пред да ја користите касетата на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување за (1) полначот на батерии, (2) батеријата и (3) производот што користи батерии.

  • Не ја расклопувајте и не ја оштетувајте касетата на батеријата. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.
  • Ако времето на работење станало многу кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
  • Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
  • Не скратувајте ја касетата на батеријата.
  • Не складирајте и користете го апаратот и касетата на батеријта на места каде што температурата може да достигне или надмине 50 °C (122 °F).
  • Немојте да ја заковувате, сечете, кршите, фрлате или удирате касетата на батеријата од тврд предмет. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.
  • Не користете оштетена батерија.
  • Содржаните литијум-јонски батерии подлежат на законските барања за опасни материи. За комерцијалните транспорти, на пример за трети страни, агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат посебните барања за пакување и еткетирање. За подготовка на предметот којшто се испорачува, потребна е консултација со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и евентуално подеталните национални регулативи. Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што нема да може да се движи во пакувањето.

Користете ги батериите единствено со производите одредени од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.

  • Ако алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се отстрани од него.
  • За време на употребата и после употребата, касетата на батеријата може да поприми топлина која може да предизвика изгореници. Внимавајте кога ги допирате загреаните касети на батериите.
  • Не допирајте го терминалот на касетата веднаш по употреба бидејќи може да биде толку загреан што ќе ви предизвика изгореници.

Не дозволувајте деланки, прав или нечистотија да навлезе во трминалите и отворите на касетата на батеријата. Тоа може да предизвика слаби перформанси или расипување на уредот или на касетата на батеријата.

  • Освен ако уредот не е наменет за употреба во близина на високонапонска струја, не ја користете касетата на батеријата во близина на високонапонска струја. Тоа може да предизвика лошо функционирање или расипување на уредот или на касетата на батеријата.
  • Чувајте ја батеријата подалеку од деца.

11. Совети за одржување на максималниот рок на

траење на батеријата.

Наполнете ја касетата на батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запрете го работењето на алатката и наполнете ја касетата на батеријата, кога ќе забележите помала моќност на алатката.

Никогаш не полнете ја до крај касетата на батеријата. Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.

Касетата на батеријата полнете ја на собна температура на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Пред полнењето оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.

  • Кога не ја користите касетата на батеријата, извадете ја од уредот или од полначот.
  • Наполнете ја касетата на батеријата ако не планирате да ја користите подолг временски период (повеќе од шест месеци). ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални Makita батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, може да резултира со пукање на батеријата што ќе предизвика пожар, лични повреди и оштетувања. Тоа исто така ќе ја поништи Makita гаранцијата за Makita алатот и полначот. Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за во иднина. ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
  • Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен и касетата на батеријата е отстранета, пред да ја прилагодите или проверите функцијата на апаратот. Инсталирање или отстранување на касетата на батеријата
  • Држете ги цврсто апаратот и касетата на батеријата, кога ќе ја инсталирате или отстранувате касетата на батеријата. Неисполнувањето на условот за цврсто држење на апаратот и касетата на батеријата, може да предизвика нивно лизгање од вашите раце и да резултира со оштетување на апаратот и касетата на батеријата и лична повреда.
  • Внимавајте да не го ставите прстот(ите) помеѓу апаратот и касетата на батеријата при вметнувањето на касетата на батеријата, како и помеѓу апаратот и капакот на батеријата, при затворањето на капакот на батеријата. За да ја инсталирате касетата на батеријата, ослободете ја бравата на капакот и отворете го капакот на батеријата. (Fig. 1) Вметнете ја касетата на батеријата. Порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на куќиштето и поставете ја на своето место. Вметнете ја целосно, сė додека не легне на своето место и не се чуе мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот индикатор на горната страна од копчето, тогаш таа не е целосно заклучена на своето место. Потоа затворете го капакот на батеријата. За да ја отстраните касетата на батеријата, лизнете ја од алатката додека го лизгате копчето на предната страна од касетата. (Fig. 2)
  • Секогаш монтирајте ја касетата за батерија целосно на место. Ако не постапите така, таа може случајно да испадне од апаратот, предизвикувајќи повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.
  • Немојте со сила да ја инсталирате касетата на батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.137 Македонски Означување на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3) (Само за касети на батерии со индикатор) Притиснете го копчето за проверка на касетата на батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот ќе засветат неколку секунди. Сијалички на индикаторот Преостанат капацитет

Батеријата може да има дефект.

  • Во зависност од условите за користење и температурата на околината, индикаторот може малку да се разликува од вистинскиот капацитет.
  • Првата (лево на крај) светилка на индикаторот ќе светка кога ќе работи заштитниот систем на батеријата. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, ќе ја поништи Makita гаранцијата за Makita апарат и полнач. Вклучување на изборот на режим на светлина и осветленост (Fig. 4)

1. Прекинувач: Притиснете го прекинувачот

еднаш, светлото ќе се вклучи(во истиот режим на осветленост како во последната поставка). Повторно притиснете го прекинувачот, светлото ќе се исклучи.

2. Избор на режим на осветленост: Секвенцата на

осветленост е: Висок режим / Среден режим / Низок режим / Висок режим за секое притискање кога светлото е вклучено. Систем за заштита на батеријата (Fig. 5) Апаратот е опремен со систем за заштита на батеријата, за да го продолжи работниот век на батеријата. Кога нивото на батеријата ќе стане ниско, LED светилките се гаснат, освен една LED светилка, како што е прикажано. Потоа, околу пет до десет минути подоцна, системот автоматски го прекинува напојувањето. Заштитата од прегревање Кога апаратот или батеријата ќе се прегреат, апаратот автоматски запира. Оставете го апаратот да се излади пред да го вклучите повторно.

  • Апаратот секогаш ставајте го на рамно и стабилно место. Во спротивно може да се случи да падне. Прилагодување на аголот на осветлувањето (Fig. 6) Олабавете ги копчињата на двете страни. Прилагодете го аголот на осветлувањето(опсегот на прилагодување е 240°). Потоа повторно затегнете ги

Внимавајте да не заглавите прст(и) при прилагодувањето на аголот на осветлувањето. Лепење на фолијата против отсјај (Fig. 8) Опционални додатоци

  • Пред да ја залепите фолијата против отсјај, отстранете ја нечистотијата од површината на објективот на апаратот.
  • Употребете шише со распрскувач за темелно да ги намокрите леќите на апаратот и површината на која е прикачен филм против отсјај.
  • Залепете го во центарот на објективот на апаратот.
  • Користете гума за чистење или гумена шпатула за да ги истуркате капките воздух или вода помеѓу филмот и леќата.

Откако ќе се залепи, избришете ги сите капки вода со

Поставување на абажур (Fig. 9) Опционални додатоци Закачете го испакнувањето на абажурот на засекот на апаратот како што е илустрирано. Користење со статив (опционална дополнителна опрема)

  • Внимателно прочитајте ги упатствата за додатоците, пред да ги користите со осветлувањето. Можете да го поставите стативот, за да ја олесните работата. (Fig. 7)
  • Внимавајте да не го испуштите апаратот кога ќе го ставате на стативот.
  • Ставете го стативот на рамна и стабилна површина, за да спречите негово паѓање.
  • Раширете ги до максимум ногарките на стативот.
  • Не користете го стативот ако има силен ветер.
  • Осигурете се дека апаратот е сигурно прицврстен на стативот.
  • Отстранете го апаратот кога го носите стативот или кога ги склопувате ногарките на стативот.
  • Внимавајте да не ви се фати раката во ногарките на стативот, кога ќе го затворате истиот.138 Македонски
  • Секогаш осигурајте се дека апаратот е исклучен и касетата на батеријата е отстранета, пред да се обидете да извршите инспекција или одржување на производот.
  • Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач, алкохол или нешто слично. Може да дојде до промена на бојата, деформација или пукнатини. Корисникот може да ги изведе само работите околу одржувањето, кои се опишани во упатството за користење. Било која друга работа мора да биде изведена од страна на овластените сервисни центри на Makita.
  • Никогаш не мијте го апаратот во вода. Одвреме-навреме избришете ја надворешноста (куќиштето на апаратот) на апаратот, користејќи крпа натопена во вода со сапуница. ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ
  • Овие дополнителни додатоци или прилози се препорачуваат за користење со вашиот Makita апарат, наведени во ова упатство за употреба. Користењето на било какви други додатоци или прилози, може да претставува ризик од повреда на

Користете ги додатоците или прилозите само за нивната намена. Ако ви треба помош за повеќе детали во врска со овие додатоци, обратете се во вашиот локален сервисен центар на Makita.

  • Статив [Дел бр.:GM00002073]
  • Некои предмети во списокот можат да бидат вклучени во пакетот на апаратот, како стандардни додатоци. Тие можат да се разликуваат од држава до држава.139 Српски