DCW180Z - Фрижидер MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DCW180Z MAKITA во PDF формат.
Прашања на корисниците за DCW180Z MAKITA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DCW180Z - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DCW180Z на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DCW180Z MAKITA
Оваа направа може да ја употребуваат деца постари од 8 години и лица со намалена физичка, сетилна и ментална способност без претходно искусство и познавање, но само под надзор и доколку гдоколку им е укажано надзор или упатство за употреба на апаратот. Деца не смеат да си играат со овој уред. Деца не смеат да го чистат или одржуваат овој уред без надзор.
СПЕЦИФИКАЦИИ
| Модел: DCW180 | |||
| Капацитет 20L | |||
| Влез Касета за батери и D.C. 18 V | |||
| АС полнач Погледнете го идникаторот на АС полначот.(Влезниот напон зависи од земјата.) | |||
| Полнач за во автомобил | D.C. 12 V / 24 V | ||
| Антишок заштитна класа III | |||
| Климатски тип SN/N/ST/T | |||
| Изолационен материјал / пенест материјал | Полиуретанска пена / Циклопентан (C _5H_10 ) | ||
| Ладење R-1234yf (26 g) | |||
| Моќност на работење моќност на ладење 90W, моќност на греење 42W | |||
| Димензии | Надворешни димензии | 623mm (должина) X 341mm (ширина) X 371,5mm (висина) | |
| Внарешност на комората | 323mm (должина) X 240mm (ширина) X 261mm (висина) | ||
| Нето тежина | 14,3kg (со две батерии)/13,0kg (без батерија) | ||
| Степен на заштита | IPX4 (само со батерија) | ||
| Време на работење*(со BL1860B x1) | 30°C (85°F)температура на околината | -18°C (0°F) контролна температура | 2,5 часа |
| 5°C (40°F) контролна температура | 8,5 часа | ||
| 0°C (30°F)температура на околината | 60°C (140°F) контролна температура | 2 часа | |
| Применлива касета на батеријата | BL1815N / BL1820 / BL1820B / BL1830 / BL1830B / BL1840 / BL1840B / BL1850 / BL1850B / BL1860B | ||
| Полнач | DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF /DC18SH | ||
* Времето на работење е приближно и може да се разликува во зависност од видот на батеријата, статусот на полнење и условите на користење.
- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите што се тука опишани се предмет на промена без најава.
• Спецификациите може да се разликуват од држава до држава.
- Некои од касетите на батерии и полначите наведени погоре, може да не бидат достапни во зависност од вашиот регион на живеење.
АПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите на батерии и полначите коишто се погоре наведени. Користењето на било кои други касети на батерии и полначите може да предизвика повреда и/или пожар.
Симболи
Следат символите што се користат за овој уред. Осигурете се дека сте го разбрале нивното значење пред употребата.

Прочитајте го упатството за користење.

Ni-MH Li-ion
Само за земјите на ЕУ
Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човекового здравје.
Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад! Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на пособно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина. Ова е означено со символот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.

Внимание: ризик од пламен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
- Ако се полни со батерија, уредот е погоден само за кампинг потреби.
- Отворите за вентилација не смеат да бидат блокирани.
- Не користете други механички направи или начини за да го забрзате одмрзнувањето освен оние што ги препорачува произведувачот.
- Не користете електрични уреди во коморите за складирање храна освен ако не се онакви какви што препорачува произведувачот.
- Во уредот не складирајте експлозивни материи, како што се аеросол лименки со запаливи горива.
- Ако се оштети кабелот, истиот мора да се замени од страна на производителот, неговиот овластен застапник или други стручни лица, за да не дојде до несреќа.
- Кога ке го ставате некаде уредот, водете сметка кабелот да не се заглави или оштети.
- Не ставајте продолжителен кабел со повеće прилучоци или преносни напојувачи на струја позади уредот.
- Не го оштетувајте го колото за ладење.
- Овој апарат е наменет да се користи во дома Kinства и слични апликации како што се
-
кујна персонал области во продавници, канцеларии и други работни средини;
-
земјоделски куći и од страна на клиентите во хотели, мотели и други средини станбени тип;
- средини од типот на нокевање со појадок;
- угостителската и слични апликации кои не се на мало.
ВАЖНО
- Внимателно прочитајте го упатството пред да го користите уредот.
- Проверете дали волтажата што се користи е иста како онаа што е означена на етикетата на уредот, дали приключокот одговара на штекерот и дали штекерот е добро заземјен.
- Ако кабелот или штекерот се оштетени или нешто не е во ред со други електрични елементи, не го користете овој производ. Испратете му го на поправка или замена на набавувачот или на овластената локалната мрежа за одржување.
- Дури и ако уредот не е во употреба, не ставајте уредот наопаку, или навалувајте над 15°.
Во спротивно може да се случаи дефект.
- Кога го носите апаратот, чувајте го уредот со горниот капак нагоре. Не носете го уредот со главата надолу.
Во спротивно може да се случаи дефект.
- Не го ставајте во вода или во друга течност за да не настане струен удар. Не го изложувајте на дожд.
- Кога не го користите или кога го чистите, извадете ја батеријата и исключете го од штекерот.
-
Кога ракувате со уредот, влезот и излезот на кабелот треба да бидат на определена оддалеченост (околу 15 см) од други предмети за да не се попречи распространувањето на топлината од уредот.
-
Не смеат да се користат додатоци што не ги препорачал производителот.
-
Не им дозволувајте на деца или на лица со физичка попреченост да ракуваат со уредот без надзор.
-
Не го ставајте уредот во близина на гас со висока температура или до електрична печка за да не дојде до незгода.
-
Не го притискајте копчето за вклучување премногу често (во интервал од барем 5 минути) за да не се оштети компресорот.
-
Не ставајте во уредот метална фолија или други спроводливи материјали за да не дојде до пожар или краток спој.
-
Не користете хемиски течности и тврди направи за да го чистите уредот.
-
Целосно ставете го приклучокот во влезот "DC IN". Во спротивно приклучокот може да се деформира или да дојде до пожар.
-
Исчистете го отворот на полначот за во автомобил пред да го ставите приклучокот. Во спротивно приклучокот може да се деформира или да дојде до пожар.
-
Не ракувајте со уредот додека возите. Така може да предизвикате сообраќајна несреќа.
-
Кога преостанатиот капацитет на акумулаторот од автомобилот їе биде многу мал, користете го уредот додека моторот работи. По употребата на уредот, извадете го приключокот од отворот на полночат за да не се преоптовари акумулаторот на автомобилот.
-
Не ги користете АС полначот и полначот за во автомобил за друга намена.
- Исчистете го приклучокот на АС полночат и на полночат за во автоимл. Нечистотија што се насобрала на приклучокот, како вода или сол, може да предизвика корозија и слаба спроводливост, деформација или пожар.
- Не го допирајте приклучокот на АС полначот и на полначот за во автомобил веднаш откако сте ракувале со уредот. Би можеле да бидат усвитени и да Ви ја изгорат кожата.
- Не го расклопувајте уредот.
- Не го полнете акумулаторот на автомобилот додека го користите уредот. Поради несоодветна волтажа, уредот може да се расипе или да настане пожар.
- Не користете запалив спреј во близина на уредот. Во спротивно може да дојде до пожар.
- Додека уредот работи, не допирајте ги неговите внатрешни елементи, особено елементите од метал, со мокри раце. Така може да добиете смрзнатини.
- Не ракувајте со прилучокот за струја, со влажна или мрсна рака. Правејки го тоа може да се предизвика електричен удар.
- Во уредот не ставајте медицински или други непотребни материјали. Во овој уред не треба да се ставаат материјали што бараат строга контрола на температурата.
- Не го користете овој производ како столче за стоење или седење. Така може да паднете и да се повредите.
- Не го оставајте овој уред на топло, како што е автомобил на сонце. Тоа може да предизвика пожар.
- Не им дозволувајте на мали деца и на миленичиња да си играат со уредот. Чувајте го уредот вон дофат на деца кога го складирате некаде.
- Не го преполнувајте со храна и пијалаци. Ефектот на ладење може да се намали, па храната и пијалаците да се расипат.
- Внимавајте да не се истроши батеријата додека чувате топла или ладна храна и пијалаци. Не чувајте во него неспакувана храна долго време. Храната и пијалаците може да се расипат.
- Не го користете уредот во близина на грејни уреди или направи со гас. Може да се намали ефектот на ладење или да дојде до пожар поради истекување на гас.
- Не користете нож или отворач за да го отстраните мразот од уредот. Така може да ја оштетите внатрешната површина на уредот и да го расипете или, пак, може да излезе складираниот гас или масло.
- Не го користете DC излезот (DC) на генераторот на моторот за напојување со струја. Така може да го расипете.
- Не ставајте вода и сл. директно во уредот. Водата може да навлезе во уредот и да го расипе. Ако во комората се насобере вода, избришете ја со мека крпа.
- Внимавајте да не си го потфатите прстот кога го кревате и спуштате горниот капак.
- Не ставајте лесно расипливи работи кога уредот е програмиран за греење. Храната и пијалаците може да се расипат.
-
Кога уредот е програмиран за греење, не ја допирајте долго внатрешната површина на уредот. Тоа носи ризик од лесни изгореници.
-
Не го користете овој уред во разладно возило или во разладна комора. Така лесно доаға до кондензација во разладното возило или во разладната комора, па кога водените капки їе паднат врз уредот тој може да се расипе.
-
Не ставајте внатре живи суштества како што се домашните миленичиња. Со овој уред не можете да спасите живи суштества.
-
Не ставајте студени агенси во скината кеса. Ако студениот агенс протече, металниот дел на уредот може да кородира. Ако истече студен агенс, избришете го со мека влажна крпа и потоа исушете го со мека сува крпа.
-
Добро прицврстете го ременот за рамо за да не падне уредот поради неговата тежина. Во спротивно уредот може да падне и да предизвика повреда.
-
Кога во уредот ставате храна и пијалаци, претходно ставете нешто студено или жешко. Овој уред не може да разлади или да загрее за кратко време.
-
Кога го користите уредот во автомобил, ставете го на стабилно место како што е просторот за багаж или подножјето на задните седишта и добро прицврстете го. Не го ставајте уредот на седиштето во нестабилна положба. Ако автомобилот нагло тргне или закочи, уредот може да падне и да се помести, предизвивувајки повреда.
-
Цврсто држете го уредот додека го носите во рака. Во спротивно уредот може да падне и да се расипе, или да Ви падне врз нозете и да Ве повреди.
-
Фрлање на дотраен уред.

Овој знак покажува дека производот не смее да се фрла со друг домашен отпад на територијата на цела ЕУ. За да се спречи штета по околината или човечкото здравје од неконтролирано фрлање отпад, одговорно рециклирајте го за да може да се врши ефикасно рециклирање на материјалните ресурси. Изолационите гасови се запаливи. Кога ке го фрлате уредот, правете го тоа во областен пункт за технички отпад. Не изложувајте го уредот на пламен.
Предупредувања за уред на батерии
Користење и грижа за батеријата на апаратот
-
Спречете ненамерно стартување на апаратот. Осигурете се дека прекинувачот е во ислучена позиција пред да се поврзете со батерискиот пакет, пред да го подигнете или носите апаратот. Носете го апаратот така што ќе го држите прстот на прекинувачот или на енергетскиот апарат што има прекинувач за несреćни случаи.
-
Исключете го батерискиот пакет од апаратот пред да направите било какви прилагодувања, да промените додатоци или да го ставите некаде апаратот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на апаратот.
-
Полнете ги единствено со полнач одреден од страна на производителот. Полначот што е погоден за еден вид на батериски пакет може да предизвика ризик од пожар ако се користи со некој друг батериски пакет.
- Користете апарати единствено со специјално одредени батериски пакети. Користењето на било кои други батериски пакети може да создаде ризик од повреди или пожар.
- Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте го подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат конекција на еден терминал со друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да предизвика изгореници или пожар.
- Во услови на злоупотреба, течноста може да излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите, дополнително побарајте и медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
- Не користете го батерискиот пакет или апарат што се оштетени или изменети. Оштетените или изменети батерии можат да покажат непредвидливо однесување, што може да резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
- Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот на прекумерна температура. Изложеноста на пожар или температури што се над 130 °C може да предизвика експлозија.
- Следете ги сите упатства за полнење на батериите и не полнете го батерискиот пакет или апаратот надвор од температурниот опсег одреден во упатствата. Неправилното полнење или полнењето на температури надвор од одредениот температурен опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
- Сервисирањето треба да биде изведено од страна на квалификувано лице за поправка, кое што користи само идентични делови за замена. Со ова ќе се осигура дека се одржува безбедноста на производот.
- Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.
Важни безбедносни упатства за касетата на батеријата
- Пред да ја користите касетата на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување за (1) полночат на батерии, (2) батеријата и (3) производот што користи батерии.
- Не расклопувајте ја касетата на батерии.
- Ако времето на работење станало многу кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
- Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
- Не скратувајте ја касетата на батеријата: (1) Не допирајте ги терминалите со било каков спроводлив материал. (2) Избегнувајте складирање на касетите на батеријата во контејнер со други метални предмети како што се клинци, монети итн.
(3) Не изложувајте ја касетата на батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на струја, прегревање, можни изгореници, па дури и дефекти.
- Не складирајте и користете го апаратот и касетата на батеријта на места каде што температурата може да достигне или надмине 50 °C (122 °F).
- Не палете ја касетата на батеријата дури и ако е сериозно оштетена или целосно истрошена. Касетата на батеријата може да експлодира во пожар.
- Внимавајте да не ја испуштите или удрите батеријата.
- Не користете оштетена батерија.
- Содржаните литијум-јонски батерии подлежат на законските барања за опасни материи.
За комерцијалните транспорти, на пример за трети страни, агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат посебните барања за пакување и еткетирање.
За подготовка на предметот којшто се испорачува, потребна е консултација со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и евентуално подеталните национални регулативи. Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што нема да може да се движи во пакувањето. - При отфрлањето на касетата на батеријата, отстранете ја од апаратот и фрлете ја на безбедно место. Следете ги вашите локални регулативи во врска со отстранувањето на батеријата.
- Користете ги батериите единствено со производите одредени од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.
- Ако апаратот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се отстрани од него.
ЗАЧУВАЈТЕ ГО ОВА УПАТСТВО.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални Makita батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, може да резултира со пукање на батеријата што ће предизвика пожар, лични повреди и оштетувања. Тоа исто така ће ја поништи Makita гаранцијата за Makita апаратот и полночат.
Совети за одржување на максималниот рок на траење на батеријата
- Наполнете ја касетата на батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запрете ја работата на апаратот и наполнете ја касетата на батеријата, ако приметите дека апаратот е со помала сила.
- Никогаш не полнете ја до крај касетата на батеријата. Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.
- Касетата на батеријата полнете ја на собна температура на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Пред полнењето оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.
- Наполнете ја касетата на батеријата ако не планирате да ја користите подолг временски период (повеće од шест месеци).
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
▶ Сл.1
| 1 | Контролна плочка | 2 | Капак на батеријата | 3 | Дршка на горниот капак |
| 4 | Горен капак | 5 | Рачка | 6 | Рачка за носење |
| 7 | Отворач | 8 | Капак на филтерот | 9 | Тркало |
| 10 “DC IN” штекер 11 Копче за зголемување на | температурата | 12 Копче за вклучување иислучување | |||
| 13 Копче за програмирање зададење / загревање | 14 Екранче за температура 15 Индикатор на батеријата | ||||
| 16 Копче за намалување натемпературата | -- | -- | |||
РАБОТЕЊЕ
⚠️ВНИМАНИЕ: Не се стави работите кои се лесно расипливи во комората. Храната или пијалокот може да изгние.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога работи апаратот во висока влажна средина, може да се појави кондензација на апаратот. Тоа не претставува дефект на апаратот. Користете сува крпа за да ја избришете кондензацијата на роса од апаратот.
1. Поврзување на доток на струја
A) Батерија
⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш извлечете го приключокот пред инсталирањето или отстранувањето на касетата на батеријата.
⚠️ВНИМАНИЕ: Држете ги цврсто алатот и касетата на батеријата, кога је ја инсталирате или отстранувате касетата на батеријата. Неисполнувањето на условот за цврсто држење на алатот и касетата на батеријата, може да предизвика нивно лизгање од вашите раце и да резултира со оштетување на алатот и касетата на батеријата илична повреда.
За да ја ставите касетата со батерии, отворете го капакот за батерии.
Порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на кукиштето и поставете ја на своего место. Вметнете ја целосно, сё додека не легне на своего место и не се чуе мало кликнување.
Потоа затворете го капакот на батеријата.
За да ја отстраните касетата на батеријата, лизнете ја од апаратот додека го лизгате копчето на предната страна од касетата.
▶ Сл.2
▶ 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерии
⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш инсталирајте ја во целост касетата на батеријата, сё додека црвениот индикатор не може да биде виден.
Ако не постапите така, таа може случајно да испадне од алатот, предизвикувајки повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Немојте со сила да ја инсталирате касетата на батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.
ЗАБЕЛЕШКА: Можат да се инсталираат до две касети на батеријата, иако апаратот користи една касета на батеријата за работење.
В) АС полнач
Кога користите апарат што користи наизменична струја, употребете го АС адаптерот којшто бил испорачан со апаратот. Ставете го приклучокот во "DC IN" влезниот отвор на уредот и потоа внесете го другиот крај на излезниот отвор.
С) Полнач за во автомобил
Кога єе го користите уредот со полнач за во автомобил, користете го оној што е приложен со уредот. Ставете го приключокот во "DC IN" влезниот отвор на уредот, а потоа внесете го другиот крај во отворот на полночат за во автомобил.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Целосно ставете го приклучокот во влезот "DC IN". Во спротивно приклучокот може да се деформира или да дојде до пожар.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Секогаш цврсто затворете го капакот на штекерот „DC IN“, кога кабелот за напојување на е включен.
НАПОМЕНА: Кога апаратот е употребуван 24 часа со картриц батеријата инсталирана внатре, самата батерија може да се исклучи од струја за да се заштити. Во овој случај, апаратот неможе да оперира со батеријата за полнење и индикаторот за полнење се исклучува.
За да се продолжи со процесот на полнење, извадете го и реинсталирајте ја картриц батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога апаратот ће го промени напојувањето, компресорот ће стопира околу 3 минути за да го заштити компресорот.
ЗАБЕЛЕШКА: По ислучувањето на апаратот, потребни се околу 3 минути за да го рестартирате компресорот заради заштита на компресорот.
2. Вклучување на уредот
Притиснете го копчето за вклучување за да го включите уредот. Повторно притиснете го копчето за вклучување за да го исключите уредот.
3. Промена на функциите ладење / греење
Притиснете го копчето ладење / греење за да се активира соодветената функција.
Дисплејот за температура светка на контролната температура.
- Кога уредот работи на функцијата ладење, контролната температура е -18°C, -10°C, 0°C, 5°C или 10°C (0°F, 15°F, 30°F, 40°F или 50°F).
- Кога уредот работи на функцијата загревање, контролната температура е 55°C или 60°C (130°F или 140°F).
4. Избирање на контролна температура
Притиснете го копчето за зголемување или намалување на температурата за да ја изберте контролната температура.
Уредот почнува да лади / загрева 5 секунди подоцна, потоа контролната температура престанува да светка и дисплејот на температурата ја покажува моменталната температура.
Уредот će престане да лади / грее кога моменталната температура će ја достигне контролната температура.
Совети за ефикасно ладење
Ако горниот капак е отворен подолго време може да дојде до значително покачување на температурата во комората.
- Редовно чистете ги површините што можат да дојдат во допир со храна, како и пристапните системи за дренажа.
- Во комората ставајте сирово месо и риба само во соодветни садови за да не се допре и да не капне врз друга храна.
-
Ако комората се остави празен подолг период:
-
Исключете го апаратот.
- Одмрзнете ја комората.
- Исчистете ја и исушете ја комората.
- Оставете го горниот капак отворен за да не се создаде мувла во комората.
ФУНКЦИЈА
Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата
Индикаторот на батеријата го покажува преостанатиот капацитет на батеријата.
Преостанатиот капацитет на батеријата е покажан на следниов начин.
| Статус на индикаторот на батеријата Преостанат капацитет | |
| Вклучено Исклучено | |
![]() | 50% до 100% |
![]() | 20% до 50% |
![]() | 0% до 20% |
(Трепкање) | Наполни јабатеријата |
(Само за касети на батерии со индикатор)
Притиснете го копчето за проверка на касетата на батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот їе засветат неколку секунди.
▶ Сл.3
▶ 1. Сијалички на индикаторот 2. Копче за проверка
| Сијалички на индикаторот Преостанат | |
![]() | капацитет |
![]() | 75% до 100% |
![]() | 50% до 75% |
![]() | 25% до 50% |
![]() | 0% до 25% |
![]() | Наполни јабатеријата. |
![]() ![]() | Батеријатаможе да имадефект. |
ЗАБЕЛЕШКА: Во зависност од условите за користење и температурата на околината, индикаторот може малку да се разликува од вистинскиот капацитет.
Систем за заштита на батеријата / апаратот
Овој апарат е опремен со заштитен систем. Овој систем автоматски ја прекинува струјата за да се продолжи животниот век на уредот и на батеријата. Уредот автоматски їе престане да работи ако уредот или батеријата се најде во еден од следниве услови.
1. Заштита од преголемо празнење на батеријата
Кога кпацитетот на батеријата ће биде низок, уредот автоматски ће престане да работи. Идикаторот на батеријата покажува дека батеријата треба да се наполни. Извадете ја батеријата од уредот и наполнете ја.
Кога уредот се програмира на начин што предизвикува да влече премногу висока струја, уредот автоматски їе престане да работи. Во овој случај, престанете со програмата што предизвикала уредот да се преоптовари. Потоа рестартирајте го уредот.
3. Заштита од влезниот напон на автомобилот
Кога влезниот напон на автомобилот е понизок од номиналниот напон, овој заштитен систем го исклучува уредот и дисплејот на температурата покажува "F3" со звучен сигнал титкање.
4. Заштита од висок напон
Кога влезниот напон е повисок од номиналниот напон, овој заштитен систем го ислучува уредот и дисплејот на температура покажува "F4" со звучен сигнал титкање.
Струјното коло има заштита од краток спој. Во тој случај однесете го уредот во овластениот Makita сервисен центар или во фабричкиот сервис.
Функција за заштита од навалување
Уредот е опремен со заштита од навалување. Кога уредот работи на функцијата ладење, автоматски ће се ислучи ако уредот се постави под еден од следниве агли.
A) Ако уредот се навали повеće од 30° од рамната положба како што е прикажано со А на сликата, уредот се ислучува и дисплејот на температурата некое време покажува "F1". Уредот се рестартира 3 минути откако ће се врати во рамна положба.
▶ Сл.4
В) Ако уредот се навали повеće од 30° од рамната положба прикажана со В на сликата, уредот се ислучува и дисплејот на температурата некое време покажува "F1". Уредот се рестартира 3 минути откако ќе се врати во рамна положба.
▶ Сл.5
С) Ако уредот се навали повеќе од 30° од рамната положба што е прикажана со С на сликата, уредот се ислучува и дисплејот на температурата некое време покажува "F1". Уредот се рестартира 3 минути откако їе се врати во рамна положба.
Ако уредот се навали повеće од 70° од рамната
▶ Сл.6
D) Ако уредот се навали повеće од 30° од рамната положба прикажана со D на сликата, уредот се исклучува и дисплејот на температурата некое време покажува "F1". Уредот се рестартира 3 минути откако ќе се врати во рамна положба.
▶ Сл.7
USB полнење
Во комората со батерии има USB порт. USB портот постојано создава излезен напон од 5V додека работи уредот.
Меморија
Откако ће се намести контролната температура, ако корисникот не ракува во рок од 5 секунди, моменталната поставка ће биде меморирана. Следниот пат уредот ће почне да работи со истата поставка.
Менување на мерната единица
Можете да ја промените мерната единица °C (Целзиусови степени) или °F (Фаренхајтови степени) на следниов начин.
- Включете го уредот.
- Притискајте го копчето ладење / греење сё додека не почне да светка мерната единица (°C или °F).
- Притискајте го копчето за зголемување или намалување на температурата за да ја изберте мерната единица.
- Притискајте го копчето за ладење / греење или оставете го уредот 5 секунди без никаква операција. Изборот на мерна единица е завршен.
Ремен за рамо
- Проверете го ременот низ левата и десната рачка.
- Прицврстете го ременот.
▶ Сл.8
Погрешен код
За конкретни грешки дисплејот на температурата го покажува следниот код.
| Погрешен код | Материјал |
| F1 Заштитата | од навалување е активна.Прочитајте го параграфот за функцијата заштита од навалување. |
| F2 Батеријата | е при крај. |
| F3 Влезниот | напон е низок.Прочитајте го параграфот за заштита од влезниот напон на автомобилот. |
| F4 Влезниот | напон е висок.Прочитајте го параграфот за заштита од превисок напон. |
| F5 Нешто не | е во ред со сензорот во уредот.Однесете го уредот во овластениот Makita сервисен центар или во фабричкиот сервис. |
ОДРЖУВАЊЕ
⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен, кабелот е извлечен и касетата на батеријата е отстранета, пред да се обидете да извршите преглед или одржување.
НАПОМЕНА: Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач, алкохол или нешто слично. Може да дојде до промена на бојата, деформација или пукнатини.
Заради БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на уредот, поправките и секое друго одржување треба да го извршуват овластениот Makita сервисен центар или фабричкиот сервис, и секогаш треба да се користат резервни делови Makita.
Чистење
- Редовно чистете ги трагите од маснотија во комората.
- Чистете ја внатрешната површина на комората за да не мириса.
- Редовно чистете го правот од филтерот за да го подобрите ефектот од ладењето.
- Затворачот на горниот капак лесно се валка, затоа чистете го навреме.
Одмрзнување
За одмрзнување, исключете го уредот и почекајте да се стопи мразот. Потоа избришете ја водата со крпа.
Чистење на филтерот
- Притиснете го лизгавиот капак во правец на стрелката прикажана на сликата, а потоа извадете го капакот на филтерот.
▶ Сл.9
-
Извадете го филтерот, исчистете го и повторно ставете го во капакот на филтерот.
-
Вратете го на место капакот на филтерот.
▶ Сл.10
ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ
⚠️ ВНИМАНИЕ: Овие дополнителни додатоци или прилози се препорачуваат за користење со вашиот Makita алат, наведени во ова упатство за употреба. Користењето на било какви други додатоци или прилози, може да претставува ризик од повреда на лугето. Користете ги додатоците или прилозите само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеје детали во врска со овие додатоци, обратете се во вашиот локален сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА: Некои предмети во списокот можат да бидат включени во пакетот на алатот, како стандартни додатоци. Тие можат да се разликуват од држава до држава.



(Трепкање)






