EasyPrune - Градинарски ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyPrune BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за EasyPrune BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyPrune - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyPrune на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyPrune BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.IZVIMA NAVODILA
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 170
Srpski ...... Strana 178
Slovenščina ....Stran 185
Hrvatski....Stranica 192
Безбедносни напомени
Прочитајте го упатството за употреба.

Општи безбедносни правила.

Држете ги рацете понастрана од сечилото.

Не употребувајте го производот кога врне и не оставајте го на дожд.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВА
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за градински ножици на батерија
▶ Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
He дозволувајте им на деца да го користат уредот; не оставајте го уредот без надзор и кога не го користите уредот, чувајте го на безбедно место вон дофат на деца.
▶ Не користете го уредот по дожд и не полнете ја батеријата кога врне.
▶ Не оставајте го уредот на дожд и во влажна средина.
▶ При работа со уредот одржувајте безбедно растојание од други лица.
▶ Внимавајте сечилата да не дојдат во контакт со други објекти. Одстранете ги ваквите предмети од сечилата.
▶ Внимавајте да не пресечете некој скриен кабел.
▶ Слободната рака држете ја на безбедно растојание од местото на работа. Не допирајте ги сечилата. Тие се многу оштри и можат да пресечат.
▶ При употреба на уредот внимавајте прстите од слободната рака, со којашто го држите или придржувате предметот кој го сечете, да не бидат изложени на сечилото.
▶ Не присилувајте го уредот. Можете да се лизнете и да се повредите, или да пресечете нешто непредвидено.
▶ Пред секое почување со работа, внимателно проверете ги сечилата.
▶ Однесувајте се со сечилата со најголемо внимание за да избегнете можни посекотини и повреди.
Заклучете го безбедносниот прекинувач после секоја употреба, и пред секоја проверка или одржување.
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работете со уредот или извршувате чистенье или одржување.
▶ Уредот користете го само за предвидените работи (види „Употреба со соодветна намена“, Страница 173).

Заштитете го електричниот алат од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода
и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
Безбедносни напомени за полначи
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Државните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Надгледувајте ги децата. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
▶ Полначот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секоја употреба на уредот, проверете го УСБ-кабелот. Ако утврдите штета, не употребувајте го уредот. Никогаш не отворајте го полночат сами. Сите поправки мораат да се вршат во Бош сервисен центар. Оштетените полначи и УСБ-кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
▶ При оштетувања на уредот може да дојде до испарувања. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење
![]() | Секогаш носете заштитни наочари и крути обувки кога работите со уредот. |
![]() | Полначот употребувајте го само внатре, во суви услови. |
![]() | Правец на движење |
| [ABAK] | Правец на реакција |
![]() | Носете заштитни ракавици |
| Тежина | |
| Вклучување | |
| Исклучување | |
| Дозволена функција | |
| Забранети акции | |
| [STZ3] | Чујна бучава |
| Додатна опрема/резервни делови |
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за режење, во приватни цели, гранки и растенија со пресек до 25 mm (20 mm Тврдо дрво).
Обем на испорака
Извадете го уредот од пакувањето и проверете дали се включени следните компоненти:
- EasyPrune
- Полнач
– Упатство за употреба
Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај својот продавач.
Вградени компоненти
Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.
174 | Македонски
(1) Менливи сечила
(2) Потпорно сечило
(3) Нож за жици
(4) Пружина
(5) Mikро-USB-приклучок
(6) Безбедносен прекинувач
(7) Приказ за наполнетост на батеријата
(8) Шрафови за прицврстување на сечилата
(9) Микро-УСБ-приклучок на уредот
(10) Полнач
(11) Чаура за прицврстување на сечилата
Илустрираната или опишанаа опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Градински ножици на батерија EasyPrune | ||
| Број на артикл | 3 600 HB2 0.. | |
| Номинален напон V 3,6 | ||
| Максимален резултат на сечење мм 20 (Тврдо дрво) | ||
| мм 25 (Меко дрво) | ||
| Максимално сечење при едно полнење на батеријата (Големина на сечењето при едно полнење) | 450 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 0,49 | ||
| Препорачана околна температура при полнење | °C +10... +45 | |
| Дозволена околна температура при полнење ^A) и при складирање | °C -10... +50 | |
| Батерија Литиум-јонска | ||
| Капацитет Ah 1,5 | ||
| Енергија Wh 5,4 | ||
| Број на батериски їелии 1 | ||
Измерени вредности на бучава според EN 62841-1.
Нивото на звучниот притисок на уредот оценет со А, обично е помал од 70 dB(A).
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторска сума од три насоки) и несигурност К утврдени соодветно
EN 62841-1: a_h < 2,5 ~m / s^2, K = 1,5 ~m / s^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Пуштање во погон
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот уред.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да обезбедите најефикасно траење на батеријата, пред првата употреба наполнете ја до крај.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење. Кога батеријата е празна, се гаси опцијата за автоматска работа и уредот може да се користи мануелно за сите дијаметри на сечење.
Батеријата треба да се принаполни, ако индикаторот за наполнетост (7) при сечење трепка кратко црвено.
Полнењето почува штом се приклучи полначот на утикач и на уредот (9). Во микро-УСБ-приклучокот (5) над рачката.
Микро-УСБ-приклучокот (5) е пристална само кога сигурносната рачка (6) е закочена.
Индикаторот за наполнетост на батеријата (7) го покажува напредокот на полнењето. При полнењето индикаторот полека трепка зелено. Ако индикаторот свети постојано зелено, батеријата е наполнета.
При полнењето се загрева рачката на уредот. Тоа е нормално.
Исклучете го полначот од струја кога полнењето е завршено.
▶ Заштитете го полначот од влага!
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетост на батеријата
Индикаторот за наполнетост (7) го покажува нивото на наполнетост на батеријата.
ЛЕД светло Капацитет
Трајно зелено светло ≥35 %
Трепкаво зелено светло 5 - 35 %
Едно црвено трепкање 0 - 5 %
Напомени за полнење
Уредот поленте го пред употреба.
Индикаторот трепка црвено, кога:
Полначот е оштетен
Уредот е опремен со заштита од преоптоварување. АКо се вклучи заштитата од преоптоварување, уредот їе се згасне за да се спречи оштетување. За да ја ресетирате заштитата, приключете го уредот. Пред употреба потполно наполнете го уредот, додека индикаторот не свети постојано зелено.
Употреба
Деактивирајте го безбедносниот прекинувач (6) со лизгање наназад. Алатот ће се отвори и сега е спремен за употреба.
Закочување
После употреба спојте ги рачките и заклучете го безбедносниот прекинувач (6) со лизгање нанапред.
Кога не се употребуваат градинските ножици, секогаш заклучете ги.
Положба на рачките (види слики В2–В4)
Држете го уредот нанапред, како што е прикажано. Не држете го уредот наназад за рачките или со прст(и) меѓу рачките.
176 | Македонски
Уредот му помага на ракувачот при сечењето. Тој може да се користи како обични ножици за режење и со него може мануелно да се сече без серво се додека не е пречекорен одреден дијаметар. При поголеми дијаметри се вклучува интегрираниот серво мотор. Нормално е да се јави бучава при употреба на сервото.
Сервото работи само додека се притискаат рачките. Без притискање на рачките, уредот престанува со работа.
Не употребувајте го уредот во неповолна положба на телото. Тоа може да доведе до тешки повреди.
Слободната рака држете ја на безбедно растојание од местото на работа. Не допирајте ги сечилата. Тие се многу оштри и можат да пресечат.
C1 Секогаш при употреба носете заштитни ракавици.
C2 Не доведувајте го сечилото до стебла, бидејки сечилото може да се искриви.
C3 Секогаш режете 8 mm над пупките.
C4 Резот треба да биде оддалечен од пупката, за дождот да може да истекува.
C5 Ако отстранувате цело гранче, пресечете го целото, до самата гранка.
C6 Не доближувајте ги сечилата на ножиците за режење до земја, за со нив да сечете корења.
C7 Гранките сечете ги по една, како што е прикажано.
C8 Можете да ги проредите зараснатото растиње или замрсените грмушки.
C9 Можете да го проредите слабото или ниско растиње.
C10 Одстранете ги сувите, оштетени и болни гранки.
Отстранување грешки

Следната табела содржи општи информации за одстранување грешки. Индикаторот за наполнетост дава дополнителни информации, кои можат да помогнат при идентификација на грешки и проблеми.
| Уредот се гасне приупотреба | Премал притисок на рачките Притиснете ги рачките една кон друга засечење | |
| Сечилата се спојуваат водебела гранка | Мал капацитет на батеријатаДрвото е претврдоДијаметарот е преголемПогрешна позиција на сечилото | Притиснете ги рачките една кон другапосилно |
| Држете го уредот само за горната рачка ипуштете го сечилата да се движат ваму-тамуНаполнете ја батеријата ако е потребно | ||
| Сервото не се активира, кога при сечењето трепка индикаторот: | ||
| Сијаличката трепка 3 пати црвено | Кога дрвото кое се сече е предебело/претврдо | Пробајте да сечете гранка на потенко место |
| Батеријата е слаба Наполнете ја батеријата | ||
| Сијаличката трепка 2 пати црвено | Температурата на батеријата е превисока Околната температура е превисока (Неизложувајте го уредот на дирекно сонце)Почекајте 10–15 минути да се оладибатеријата | |
| Температурата на батеријата е прениска Околната температура е прениска (Некористете го уредот при температупониски од –20 °C )Уредот чувајте го внатре кога не се користи | ||
| Сијаличката трепка 1 пат црвено | Батеријата е слаба Наполнете ја батеријата | |
| Сијаличката свети зелено и потоа брзо трепка црвено | Сервото е расипано Побарајте помош од сервис |
| Сијаличката свети црвено после успешно сечење | Времето меѓу два реза е премало Почекајте малку повеće меѓу два реза |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работете со уредот или извршувате чистење или одржување.
Доколку батеријата не функционира повеće, обратете се кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Пружината (4) меѓу рачките НЕ е заменлива и НЕ
ТРЕБА да се вади. Непридржувањето до ова предупредување може да доведе до тешки повреди.
Замена на сечилото (види слики D1-D4)
Дополнителни сечила: F 016 800 475
Откочете го уредот со безбедносниот прекинувач (6).
Користете го шестоаголниот клуч приложен со заменските сечила, за завртката (8) заедно со чаурата (11) да ја одвртите и да ги ослободите сечилата.
Новите сечила поставете ги (1) како што е прикажано. Потоа чаурата (11) ставете ја заедно со завртката (8) и со шестоаголниот клуч зашрафете ги цврсто.
Чистете ја надворешноста на уредот темелно со мека четка и крпа. Не користете вода, разредувачи и средства за полирање. Одстранете ги сите остатоци.
Пред складирање, испрскајте ги сечилата со спреј за одржување.
Уредот чувајте го на безбедно, суво место, вон дофат на деца, со заклучен безбедносен прекинувач (6). Не оставајте го уредот без надзор ни кога не се користи.
Не редете други предмети врз уредот.
Сервисна служба и совети при користење www.bosch-garden.com
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Mo6:+389 70 388-520,-530
Транспорт
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 177).
▶ Вградената батерија смее да се извади само од страна на стручен персонал. Со отворање на капакот на куќиштето, уредот може да се уништи.
За да ја одстраните батеријата од уредот, таа мора да биде потполно празна. Една можност за празнење на батеријата е да сечете гранки со голем дијаметар, а прекинувачот да е подесен на автоматско режење - серво на позиција с. Извадете ги сечилата како што е прикажано во делот „Одржување и чистење“. Извадете го капакот со одвртување на завртките, а потоа извадете го белиот утикач од електрониката. Одвртете ги завртките, а
178 | Srpski
потоа одвојте ја батеријата за да ја извадите. За да избегнете краток спој, исечете ги приклучоците на батеријата и изолирајте ги половите. И кога е батеријата е празна, содржи остаток од полнењето, кој може да се ослободи при краток спој.
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola




