AHS 60-26 - Ножици за Живи Огради BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AHS 60-26 BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен жичен нож за жива ограда |
| Марка | Bosch |
| Модел | AHS 60-26 |
| Номинална влезна моќност | 600 W |
| Должина на сечење | 600 mm |
| Растојание меѓу забите | 26 mm |
| Број на празни вртежи | 3400 врт/мин |
| Момент на сигурносно спојување со триење | 50 Nm |
| Тежина (според EPTA-Procedure 01:2014) | 3,7 kg |
| Класа на заштита | II (двојна изолација) |
| Работен напон | 230 V AC, 50 Hz |
| Ниво на звучен притисок (LpA) | 76 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност (LWA) | 96 dB(A) |
| Вредност на вибрации (ah) | 2,5 m/s² |
| Несигурност K (вибрации) | 1,5 m/s² |
| Основни функции | Сечење на жива ограда и грмушки, функција на пила за гранки до Ø 32 mm |
| Безбедност | Двојна изолација, прекинувач со две раце, заштитен уред за сечила, кочница за сечило |
| Одржување | Подмачкајте ја шипката за сечила со спреј за одржување пред складирање, острење на сечилата по потреба |
| Резервни делови | Оригинални делови на Bosch достапни преку сервисна служба |
| Вклучени додатоци | Заштитник за сечило, продолжен кабел (во зависност од моделот), упатство за употреба |
| Општи информации | Домашна употреба, не користете на дожд, препорачано носење ракавици и очила |
Frequently Asked Questions - AHS 60-26 BOSCH
Прашања на корисниците за AHS 60-26 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ножици за Живи Огради во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AHS 60-26 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AHS 60-26 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AHS 60-26 BOSCH
Македонски ...... Страна 138
Srpski. Strana 144
Slovensko .... Stran 149
Hrvatski.... Stranica 155
Безбедносни напомени
Толкување на символите

Прочитајте го упатството за употреба.

Не употребувајте ги електричните ножици кога врне. Не оставајте ги електричните ножици на отворено кога врне.

Исклучете ги електричните ножици од напојување пред секое чистење или штелување, доколку кабелот е заглавен, сплеткан или оштетен и кога го оставате уредот без надзор макар и на кратко.

Носете заштита за слухот.
Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот «електричен алат» во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескрейки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениют или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Македонски | 139
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги апатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
- Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ће може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавищите подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или допгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
- Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу нескреки својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејности што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда
Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е включена. Заглавените отпадоци отстранувајте ги од сечилото само кога машината е исклучена. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди.
▶ Електричните ножици секогаш носете ги за рачката, и тоа само кога се исклучени. Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола. Внимателното
140 | Македонски
ракување со машината го намалува ризикот од повреда.
▶ Машината чувајте ја само на изолирани површини, бидејки сечилото може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствениот кабел. Ако електричните ножици дојдат во контакт со жица низ која тече струја, може да дојде до електричен удар.
▶ Кабелот чувајте го подалеку од местото на сечење.
Во процесот на работа внимавајте случајно да не ги
пресечете жиците што се можеби скриени во
грмушките.
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат со машината.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3 метри не треба да има лифе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина.
▶ Никогаш не држете ја машината за сечилото.
▶ Никогаш не дозволувајте им на деца и луße кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат машината. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Не користете ја машината кога во близина има животни, луге, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луге или имот.
▶ Не користете ја машината боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се препорачува носење на заштитни ракавици, очила и обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто може да биде заплеткан во подвижните делови.
▶ Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други предмети.
Секогаш предупотреба проверете да не е оштетено или истрошено сечилото, носачот на сечилото или склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено или истрошено сечило.
▶ Проверете го напојниот/продолжниот кабел и заменете го доколку има оштетувања. Заштитете го напојниот/продолжниот кабел од топлина, масла и остри рабови.
▶ Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
▶ Шишајте само по дневна светлина или под добро осветлување.
▶ Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани или немонтирани штитници.
▶ Пред да почнете со шишање проверете да се монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки.
▶ Никогаш не држете ги ножиците за сечилото.
▶ Одржувајте рамнотежа секогаш кога шишате со електричните ножици. Стоите на сигурно тло и посебно внимавајте кога работите на скали или падини.
▶ Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за евентуалните опасности кои не ги слушате поради бучавата на машината.
▶ Извлечете го кабелот од утикачот:
– пред проверка, отстранување на пречки или одржување на електричните ножици.
– по контакт со непознат предмет. Проверете уредот да нема оштетувања и однесете го на поправка доколку е потребно.
– ако електричните ножици почат чудно да вибрираат (проверете веднаш).
▶ Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на електричните ножици.
▶ Чувајте ја машината на суво, затворено место, повисоко од подот и вон дофат на деца.
▶ Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови.
▶ Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен ако ја немате соодветната обука.
▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
▶ Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило, тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не употребувајте го уредот ако тој работи кога е притиснат само еден, или ниеден од двата прекинувачи.
Безбедност од електричен удар
▶ Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач пред да ја прегледувате или чистете машината. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
▶ По ислучувањето на електричните ножици, сечилото продолжува да врти уште неколку секунди. Внимание! Не допирајте го сечилото.
Вашата косачка е двојно изолирана и не и е потребно заземјување. Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата). Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе информации околу тоа можете да добиете кај овластениот застапник на Bosch.
Македонски | 141
Користете само продолжни кабли со H05VV-F или H05RN-F.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 мА. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Придржувајте се до упатството за употреба на произведувачот на продолжниот кабел, како и до националните прописи за нивна употреба.
Предупредување за производите кои не се за Британски пазар предвидени:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направлен од гума или обложен со гума.
Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач.
Продолжниот кабел мора редовно да се прегледува за евентуални оштетувања и да се користи само ако е во совершена состојба.
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи Бош електричар.
Одржување
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина.
▶ Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
▶ Секогаш пред складирање подмачкајте ја машината со спреј за подмачкување.
▶ Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на косачката.
▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење
| Носете заштитни ракавици | |
| Носете заштитни очила. | |
| [HEZT] | Правец на движење |
| Вклучување | |
| Исклучување | |
![]() | Чувајте се од електричен удар. |
![]() | Дозволена функција |
| [XTBX] | Забранети акции |
| [CSHA] | Опрема |
Употреба со соодветна намена
Електричните ножици се дизајнирани за шишање и поткастрување живи огради и грмушки во домашни градини.
Технички податоци
| Електрични ножици | AHS 45-26 | AHS 48-26 | AHS 50-26 | AHS 550-50 | AHS 53-26 |
| Број на дел/артикл | 3 600 H47 E.. | 3 600 H47 E.. | 3 600 H47 F.. | 3 600 H47 F.. | 3 600 H47 G.. |
| Номинална јачина | W 550 550 600 550 600 | ||||
| Висина на шишање | мм 450 480 500 500 530 | ||||
| Отвор на запците | мм 26 26 26 26 26 | ||||
| Број на вибрации при работа на празно | min^-1 | 3 400 | 3 400 | 3 400 | 3 400 |
| Вртежен момент на спојката | Nm 50 50 50 50 50 | ||||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг | 3,5 | 3,6 | 3,6 | 3,6 |
| Класа на заштита | ☐ /II | ☐ /II | ☐ /II | ☐ /II | |
| Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. | |||||
142 | Македонски
| Електрични ножици | AHS 54-26 | AHS 55-26 | AHS 580-26 | AHS 60-26 | AHS 63-26 |
| Број на дел/артикл | 3 600 H47 G.. | 3 600 H47 G.. | 3 600 H47 H.. | 3 600 H47 H.. | 3 600 H47 H.. |
| Номинална јачина | W 620 600 600 600 600 | ||||
| Висина на шишање | мм 540 550 580 600 630 | ||||
| Отвор на запците | мм 26 26 26 26 26 | ||||
| Број на вибрации при работа на празно min | ^-1 3 400 | 3 400 | 3 400 | 3400 | 3400 |
| Вртежен момент на спојката | Nm 50 50 50 50 50 | ||||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 3,6 | 3,6 | 3,7 | 3,7 | 3,8 |
| Класа на заштита | ☐ /II | ☐ /II | ☐ /II | ☐ /II | ☐ /II |
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
| Електрични ножици | AHS 65-34 | AHS 680-34 | AHS 70-34 | AHS 70-700 | |
| Број на дел/артикл | 3 600 H47 J.. | 3 600 H47 K.. | 3 600 H47 K.. | 3 600 H47 K.. | |
| Номинална јачина | W | 700 | 700 | 700 | 700 |
| Висина на шишање | мм | 650 | 680 | 700 | 700 |
| Отвор на запците | мм | 34 | 34 | 34 | 34 |
| Број на вибрации при работа на празно | min^-1 | 3 400 | 3 400 | 3 400 | 3 400 |
| Вртежен момент на спојката | Nm | 50 | 50 | 50 | 50 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 | кг | 3,8 | 3,9 | 3,9 | 3,9 |
| Класа на заштита | ☐/П | ☐/П | ☐/П | ☐/П | |
Подatoциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
| Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-15. | 3 600 ... | H47 E..H47 F..H47 G..H47 H.. | H47 J..H47 K.. |
| Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: | |||
| Звучна јачина | dB(A) | 76 | 77 |
| Звучен притисок | dB(A) | 96 | 97 |
| Несигурност К | dB | 1 | 1 |
| Носете звучна заштита! | |||
| Вкупната вредност на вибрациите ah(векторски збир на трите правци) и несигурностаК утврдени се во согласност со стандартот EN 60745-2-15: | |||
| Вкупна вредност на вибрациите ah | m/s ^2 | 2,5 | 4,0 |
| Несигурност К | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Македонски | 143
Монтажа и користење
| Цел на користењето | Слика | Страна |
| Обем на испорака | 1 191 | |
| Приклучување на продолжниот кабел | 2 191 | |
| Вклучување | 3 192 | |
| Гасење | 3 192 | |
| Совети за работа | 4 193 | |
| Функција на сечилото | 5 194 |
| Цел на користеньето | Слика | Страна |
| Одржување на сечилата 6 194 | ||
| Складирање и транспорт | 6 194 | |
| Бирање на опрема | 7 194 |
Совети за работа
Функција на сечилото
Иако отворите на запците се од ∅ 26/34 mm, овозможено е врвот на запците да биде до ∅ 32/38 mm.
Отстранување грешки

| Косачката не работи | Нема снабдување со струја | Проверете и включете |
| Утикачот е неисправен Користете друг утикач | ||
| Оштетена опрема поврзана со уредот | Проверете ја внимателно врската; прашајте за своет во корисничката служба | |
| Оштетување на продолжниот кабел | Проверете го продолжниот кабел и ако е оштетен, заменете го | |
| Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот | ||
| Машината работи со прекини | Оштетена опрема поврзана со уредот | Проверете ја внимателно врската; прашајте за своет во корисничката служба |
| Оштетување на продолжниот кабел | Проверете го продолжниот кабел и ако е оштетен, заменете го | |
| Неисправни внатрешни инсталации во косачката | Побарајте помош од сервис | |
| Прекинувачот е расипан | Побарајте помош од сервис | |
| Моторот работи но сечилото мирува | Внатрешна грешка | Побарајте помош од сервис |
| Сечилото е тапо | Тапо сечило | Наострете го сечилото |
| Сечилото има рецки | Дадете го сечилото на преглед/поправка | |
| Преголемо триење поради недостаток на подмачкување | Подмачкајте со спреј за подмачкување | |
| Јаки вибрации/бучава | Машината е расипана | Побарајте помош од сервис |
Сервисна служба и совети при користење
При секоја кореспонденција и нарачка на резервни делови, Ве молиме включете го десетцифрениот број што се наоја на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 96 dB(A), несигурност K = 1 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 97 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 25
3 600 H47 J../3 600 H47 K..
2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 97 dB(A), несигурност K = 1 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 98 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 25 Техничка документација кaj: *
sr 3 600 H47 E../3 600 H47 F../3 600 H47 G../3 600 H47 H..
2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 96 dB(A), nepouzdanost K = 1 dB, garantovani nivo ostvarene buke 97 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 25
3 600 H47 J../3 600 H47 K..
2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 97 dB(A), nepouzdanost K = 1 dB, garantovani nivo ostvarene buke 98 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 25 Tehnička dokumentacija kod: *

