GHE 18V-60 (II) Professional - Ножици за Живи Огради BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHE 18V-60 (II) Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Безжичен тример за жива ограда |
| Марка | Bosch |
| Модел | GHE 18V-60 (II) Professional |
| Напојување | Литиум-јонска батерија 18 V (систем Bosch Professional 18V) |
| Должина на сечење | 60 cm |
| Растојание меѓу забите | 25 mm |
| Брзина на сечење без оптоварување | 2600 врт/мин |
| Димензии (Д x Ш x В) | Приближно 110 x 22 x 18 cm |
| Тежина | Приближно 3,5 kg (без батерија) |
| Ниво на акустична моќност (LWA) | 92 dB(A) |
| Ниво на акустичен притисок (LpA) | 81 dB(A) |
| Вибрации (предна рака/задна рака) | 2,5 m/s² / 3,0 m/s² |
| Заштита на корисникот | Заштитник за рака, прекинувач за безбедност со две раце |
| Главни функции | Сечење на жива ограда, грмушки, нискостеблести; сечило против блокирање; индикатор за полнење на батеријата |
| Одржување и чистење | Чистење на сечилата по употреба; редовно подмачкување; чување на суво место |
| Безбедност | Брзо запирање на сечилото; сопирачка на сечилото; ергономска рачка со антилизгачка обвивка |
| Резервни делови и поправливост | Резервни сечила достапни; батеријата и полначот се компатибилни со системот Bosch Professional 18V |
| Општи информации | Професионална и интензивна домашна употреба |
Често поставувани прашања - GHE 18V-60 (II) Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GHE 18V-60 (II) Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ножици за Живи Огради во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHE 18V-60 (II) Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHE 18V-60 (II) Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHE 18V-60 (II) Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Прочитајте го упатството за употреба.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

Носете заштита за видот и слухот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

Држете ги рацете понастрана од сечилото.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатствата за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. ▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користете приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. ▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. ▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. ▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална
струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пример маска за прашина, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите какви било прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстувањето на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда. Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија. ▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. ▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда
▶ Не користете ги ножиците при невреме, особено кога постои опасност од грмотевици. Со тоа ќе ја намалите веројатноста да Ве удри гром. ▶ Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето на режење. Во грмушките кои ги режете може да има скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото од ножиците да дојде во контакт со нив. ▶ Носете заштита за слухот. Соодветната заштитна опрема го намалува ризикот од повреда. ▶ Држете ги ножиците само за изолираните рачки, зошто сечилото може да дојде во допир со скриени електрични инсталации. Контактот на сечилото со кабли може да ги наелектризира металните делови на пилата и да доведе до струен удар на ракувачот. Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е вклучена. Сечилото се движи и по гаснењето на моторот. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди. ▶ Обавезно исклучете ги сите прекинувачи за вклучување/исклучување, одстранете ја или извадете батеријата кога сакате да отстраните заглавени исечоци или го сервисирате уредот. Случајното стартување на ножиците при отстранување на заглавен отпадок може да доведе до сериозни повреди.
Ножиците за режење држете ги за рачките додека сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете копчето за вклучување. Внимателното држење на ножиците го намалува ризикот од случајно вклучување и повредите кои можат да настанат како последица од тоа. Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола. Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од повреда.
▶ Овој уред содржи магнети - Не ставајте го магнетот во близина на импланти и други медицински уреди, како што се пејсмејкери или инсулински пумпи, магнетни носачи на податоци и магнетно чувствителни уреди. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на овие видови медицински уреди или да предизвика неповратно губење на податоци. ▶ Оваа машина не е наменета за лица (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни способности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со уредот. ▶ При работа, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. ▶ Проверете дали сите штитници и рачки се монтирани на своето место кога го употребувате производот. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. ▶ Подмачкувајте ја машината со спреј за подмачкување пред секоја употреба. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина. ▶ Никогаш не држете ја машината за сечилото. Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат машината. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. ▶ Не користете ја машината кога во близина има животни, луѓе, а особено деца. Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луѓе или имот. ▶ Не користете ја машината боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги панталони. Се
препорачува носење на заштитни ракавици, очила и обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто може да биде заплеткан во подвижните делови.
▶ Детално прегледајте ги растенијата што сакате да ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други предмети. ▶ Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или истрошено сечилото, носачот на сечилото или склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено или истрошено сечило. ▶ Дознајте како да ја запрете машината во итен случај. ▶ Шишајте само по дневна светлина или под добро осветлување. ▶ Никогаш не употребувајте ги ножиците со расипани или немонтирани штитници. ▶ Пред да почнете со шишање проверете да се монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. ▶ Никогаш не држете ги ножиците за сечилото. ▶ Внимавајте при употребата на тримерот за жива ограда, и погрижете се да стоите на сигурна подлога и постојано одржувајте рамнотежа. ▶ Тримерот за жива ограда е наменет за употреба додека корисникот стои на земја, а не на скали или други нестабилни подлоги. ▶ Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за евентуалните опасности кои не ги слушате поради бучавата на машината. ▶ Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на електричните ножици. Чувајте ја машината на суво, затворено место, повисоко од подот и вон дофат на деца. ▶ Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови. ▶ Не обидувајте се сами да го поправате овој производ, освен ако имате соодветна обука за тоа. ▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. ▶ Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило, тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не употребувајте го уредот ако тој работи кога е притиснат само еден, или ниеден од двата прекинувачи.
Напомени за оптимално користење на батериите
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, метални пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени, побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. ▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. ▶ Батеријата може да се оштети од остри предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. ▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија. ▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. ▶ Полнете го уредот само со полнач содржан во испораката.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Точната интерпретација на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење

Носете заштитни ракавици

Правец на движење

Правец на реакција

Тежина

Вклучување

Исклучување
CLICK
Чујна бучава
Ознака Значење
Опис на производот и употребата

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.
Употреба со соодветна намена
Градинарскиот алат е наменет за сечење и кастрење жива ограда и грмушки.
Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.
(1) Дршка (2) Прекинувач за задната рачка (3) Преден прекинувач (4) Заштита за дланките (5) Сечило (6) Заштитна футрола (7) Штитник за сечилото (8) Функција на сечилото (9) Полнач a) (10) Копче за отворање на батеријата a) (11) Батерија 3)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Технички податоци
| Безжичен тример за жива ограда GHE 18V-50 (II) GHE 18V-60 (II) | ||
| Број на артикл | 3 600 HC9 6.. 3 600 HC9 4.. | |
| Број на удари во празен од min | -1 | 2800 2800 |
| Висина на шишање см 50 60 | ||
| Отвор на запците мм 23 23 | ||
| Тежина A) | ||
| - без батерија кг 2,9 3,0 | ||
| - со акумулатор кг 3,5 3,6 | ||
| Сериски број види ја плочката со податоцина апаратот | види ја плочката со податоцина апаратот | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 0 ... +35 | |
| Дозволена околна температура при работење B) и при складирање | °C -20 ... +50 -20 ... +50 | |
| Компатибилни батерии ГБА 18V... | ProCORE18V. | ГБА 18V...ProCORE18V. |
| Препорачани батерии | ГБА 18V... ≥ 4.0AhProCORE18V. ≥ 4.0Ah | ГБА 18V... ≥ 4.0AhProCORE18V. ≥ 4.0Ah |
| Препорачани полначи | GAL 18...GAX 18...GAL 36.... | GAL 18...GAX 18...GAL 36.... |
A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена мокност на температури < 0 °C
Информации за бучава/вибрации
3 600 HC9 6.. 3 600 HC9 4..
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-4-2:2019+A1:2022+A11:2022
Измереното А просечно ниво на бучава на уредот изнесува обично:
| 3 600 HC9 6.. 3 600 HC9 4.. | ||
| - Звучен притисок dB(A) | 83 83 | |
| - Звучна јачина dB(A) | 91 91 | |
| - Несигурност K dB | 3 | 3 |
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на трите насоки) и несигурноста К се дадени во согласност со EN 62841-4-2:2019+A1:2022+A11:2022.
| – Вредност на емисијата на вибрации ah | m/s2 | < 2,5 < 2,5 |
| – Несигурност K m/s | 2 | 1,5 1,5 |
Бидејќи декларираната(ите) вкупна(и) вредност(и) на вибрации и декларираната(ите) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод, тие може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.
Декларираната(ите) вкупна(и) вредност(и) на вибрации и декларираната(ите) вредност(и) на емисија на бучава, исто така, може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.
Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната употреба на алатот може да се разликуваат од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува. Потребно е да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајќи ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога електричниот алат е исклучен и времето кога е вклучен, но работи без оптоварување).
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е вклучена во обемот на испорака, можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите што се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија на вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради меѓународните прописи за транспорт. За да се гарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батерија, притиснете го копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сè додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
- Заштитете ја батеријата од влага и вода. – Чувајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил во летен период. – Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот. – Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
- Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C. – Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Ракување
Вклучување/исклучување (видете слики C - D)
Штом ќе се вметне батеријата, ќе слушнете „клик“ (видете ја деталната илустрација за вметнување на батеријата, слика В). Потоа притиснете го прекинувачот на предната страна (3) и
прекинувачот на задната рачка (2) заедно (види слика C).
За да го исклучите производот, ослободете го или прекинувачот на задната рачка (2), или прекинувачот на предната страна (3), или обата заедно (види слика D).
Работа со ножиците за кастрење (види слика E)
Рамномерно движете ги ножиците во правецот на сечење. Двостраните сечила овозможуваат косење во двете насоки или со цик-цак движења.
Прво кастрете ги страните на оградата, а потоа горниот раб.
За да добиете прави страни, препорачуваме косење во правецот на растење, оддолу нагоре. Ако косите одгоре надолу, ги мрдате тенките гранки нанадвор, па можат да се јават дупки или вдлабнатини.
За на крај и горниот раб да го искосите рамномерно, затегнете по целата должина на оградата конец на саканата висина.
Внимавајте да не пресечете други предмети, како на пример жици. Може да се оштети сечилото или моторот на уредот.
Ако сечилото дојде во допир со тврд материјал, оптоварувањето на моторот расте и се зголемува. Интелигентната микроелектроника го препознава преоптоварувањето и повеќепати го гасне и пали моторот, за да го ослободи сечилото и да го пресече материјалот.
Овој звучен прекинувач трае до 15 кругови, кога ќе се притисне прекинувачот.
За повеќекратно тешко сечење, функцијата против блокирање може да се деактивира на 15 секунди за да може пак да се ресетира.
Откако ќе го пресече материјалот, уредот продолжува да работи нормално, или сечилото поради преоптовареност автоматски ќе застане во отворена положба (на пр. ако парче метална ограда случајно го блокира алатот).
Отстранување грешки


| Ножиците не работат Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево Забелешки за полнење | |
| Батеријата не е правилно вметната Проверете да се заклучени двете брави | |
| Машината работи со прекини | Неисправни внатрешни инсталации во уредот Побарајте помош од сервис |
| Прекинувачот е расипан Побарајте помош од сервис | |
| Насоката на вртење на моторот се менува пазастанува на околу 3 секунди | |
| Моторот работи но сечилото мирува | Внатрешна грешка Побарајте помош од сервис | |
| Сечилото е тапо Тапо сечило Наострете го сечилото | ||
| Сечилото има рецки Дадете го сечилото на преглед | ||
| Преголемо триење поради недостаток на подмачкување | Подмачкајте со спреј за подмачкување | |
| Сечилото не се движи Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во Забелешки за полнење | ||
| Јаки вибрации/бучава | Машината е расипана Побарајте помош од сервис | |
| Машината е расипана Побарајте помош од сервис | ||
| Батеријата кратко трае | Преголемо триење поради недостаток на подмачкување | Подмачкајте со спреј за подмачкување |
| Сечилото треба да се исчисти Исчистете го сечилото | ||
| лоша техника на сечење | види Совети за работа ( слика E) | |
| Батеријата не е сосем полна Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во Забелешки за полнење | ||
| Сечилото се движи бавно или анти-блок механизмот не работи | Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во Забелешки за полнење | |
| Батеријата е чувана на температура пониска од дозволената работна температура | Оставете ја батеријата да се загрее на собна температура (во границите од 0–35 °C) | |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди. ▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа. ▶ Не вршете промени на уредот. Неовластени промени може да ја нарушат безбедноста на вашиот производ.
Процедура по употреба
Забците на сечилата за сечење се многу остри. Ова може да предизвика корисникот да се пресече или исече.
Носете работни ракавици од отпорен материјал.
Чистење на тримерот за жива ограда
Исклучете го тримерот за жива ограда и извадете ја батеријата.
Исчистете го тримерот за жива ограда со влажна крпа и нанесете BOSCH спреј за подмачкување на сечилата.
Исчистете ги областите околу предниот штитник со чиста мека крпа или четка.
Поправка
Поправка на тримерот за жива ограда и на батеријата Тримерот за жива ограда, сечилата за сечење и батеријата корисникот не може сам да ги поправа.
▶ Никогаш не користете оштетен тример за жива ограда или сечило за сечење. Не работете со неисправен тример за жива ограда и контактирајте со вашата служба за корисници на BOSCH.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Депонирање отпад

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат и рециклираат на еколошки начин за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU, електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонска:
Прочитајте ги упатствата во поглавјето (види „Транспорт“, страница 194).
Безбедносни напомени
Објаснување на симболите
