GMF 1600 CE Professional - фреза BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GMF 1600 CE Professional BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - GMF 1600 CE Professional BOSCH
Преземете ги упатствата за вашиот фреза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GMF 1600 CE Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GMF 1600 CE Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GMF 1600 CE Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел Bosch Power Tools 1 609 92A 57S | (16.04.2021)200 | Македонски соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за површински и аголни глодалки u Држете го електричниот алат за изолираната површина, бидејќи сечилото може да дојде во контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под напон“ може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се 1 609 92A 57S | (16.04.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 201 обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тој ќе биде нестабилен и може да изгубите контрола. u Дозволениот број на вртежи на глодалките мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Глодалките кои се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат и да летнат од алатот. u Глодалките или другата опрема мора точно да одговараат на прифатот за алат (затезната чаура) на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување што не може точно да се прицврстат во прифатот за алат на електричниот алат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. u Не посегајте со дланките во полето на глодање и во глодалката. Со другата рака држете ја дополнителната дршка. Доколку со двете дланки ја држите глодалката, нема да може да се повредите. u Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе до зголемени вибрации. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено триење, може да се заглават и да доведат до нерамнотежа. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за глодање на жлебови, рабови, профили и долгнавести отвори на цврста подлога во дрво, пластика и лесни градежни материјали како и за копирно глодање. При намален број на вртежи и со соодветните глодалки може да обработувате и обоени метали. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Мотор за глодање (2) Единица за вдлабнување (3) Единица за копирање (4) Рачка (изолирана површина на рачката) (5) Вртливо копче за фино подесување на длабочината на глодање (единица за вдлабнување) (6) Скала за фино подесување на длабочина на
(7) Лост за отклучување на функцијата за вдлабнување (8) Индексна ознака за фино подесување (9) Скала за подесување на длабочината на глодање (единица за вдлабнување) (10) Лизгач со индексна ознака (единица за вдлабнување) (11) Граничник за длабочина (единица за вдлабнување) (12) Револвер-граничник (13) Основна плоча (14) Лизгачка плоча (15) Копче за контрола на бројот на вртежи (16) Завртка со нарецкана глава за граничник за длабочина (единица за вдлабнување) (17) Навртка за осигурување со затезна чаура (18)
(19) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (20) Прекинувач за вклучување/исклучување (21) Сигурносно копче за вадење на моторот (22) Затезен лост за единица за вдлабнување/единица за копирање (23) Прифат за водечките прачки на паралелниот
(24) Вртливо копче за фино подесување на длабочината на глодање (единица за копирање) Bosch Power Tools 1 609 92A 57S | (16.04.2021)202 | Македонски (25) Затезен лост за грубо подесување на длабочината на глодање (единица за копирање) (26) Отвори за грубо подесување на длабочината на глодање кај единица за копирање (27) Копче за блокирање на вретеното (28) Вилушкаст клуч со ширина 24mm (29) Завртка со нарецкана глава за адаптерот за всисување (2×)
(30) Адаптер за всисување (единица за вдлабнување)
(31) Црево за всисување (Ø 35mm)
(32) Адаптер за всисување (единица за копирање)
(33) Меѓупрстен за адаптер за всисување (единица за
(34) Скала за подесување на длабочината на глодање (единица за копирање) (35) Паралелен граничник
(36) Водечка прачка за паралелниот граничник (2×)
(37) Пеперутка-завртка за фино подесување на паралелниот граничник (2×)
(38) Пеперутка-завртка за грубо подесување на паралелниот граничник (2×)
(39) Вртливо копче за фино подесување на паралелниот граничник
(40) Подеслива шина со граничник за паралелниот
(41) Пеперутка-завртка за водечките прачки на паралелниот граничник (2×)
(43) Рачка за шестарот за глодање
(44) Пеперутка-завртка за грубо подесување на шестарот за глодање (2×)
(45) Пеперутка-завртка за фино подесување на шестарот за глодање (1×)
(46) Вртливо копче за фино подесување на шестарот за
(47) Завртка за центрирање за граничникот на
(48) Дистанциона плоча (содржана во сетот „Шестар за
(50) SDS-адаптер за копирна чаура (51) Завртка за прицврстување за адаптерот на копирната чаура (2×) (52) Лост за деблокирање на адаптерот на копирната
(53) Копирна чаура (54) Завртка за прицврстување на лизгачката плоча (55) Трн за центрирање (56) Завртки за прицврстување за единицата за
(57) Специјален шестаголен клуч за фино подесување на длабочината на глодање (единица за
(58) Капак за всисување за обработка на рабови
(59) Завртка за прицврстување на капакот за
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Површинска глодалка/копирна глодалка GOF 1600 CE GKF 1600 CE Број на дел 3 601 F24 0.. 3 601 F24 0.. Номинална јачина W 1600 1600 Број на вртежи во празен од min
10000–25000 10000–25000 Претходно избирање на број на вртежи ● ● Константна електроника ● ● Приклучок за всисувачот за прав ● ● Компатибилни затезни чаури mm
Подигање на корпата на глодалката mm 76 – Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 5,8 4,3 Класа на заштита /II /II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-17. Нивото на звук на електричниот алат оценето со A типично изнесува: 86dB(A); ниво на звучна јачина 97dB(A). Несигурност K= 3dB. Носете заштита за слухот! 1 609 92A 57S | (16.04.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 203 GOF1600CE: Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841-2-17: a
GKF1600CE: Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841-2-17: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Вметнување мотор за глодање во единица за вдлабнување/единица за копирање (видисликиA–B) Отворете го затезниот лост за единицата за вдлабнување/ единицата за копирање(22). Вметнете го моторот за глодање до крај во единицата за вдлабнување/единицата за копирање. При користење на единица за копирање(3) притиснете го затезниот лост(25) и вметнете го моторот за глодање(1) во единицата за копирање(3) нагоре или надолу во зависност од саканата позиција сѐ додека не се заклучи во една од трите отвори(26), кога затезниот лост не е притиснат(25). Затворете го затезниот лост за единицата за вдлабнување/единицата за копирање(22). Поставете ја саканата длабочина на глодање (види „Подесување на длабочината за глодање“, Страница205). Вадење на моторот за глодање од единицата за вдлабнување/единицата за копирање (видисликаC) Отворете го затезниот лост за единицата за вдлабнување/ единицата за копирање(22). Повлечете го моторот за глодање до крај и држете го во оваа позиција. Притиснете го сигурносното копче(21) и целосно извлечете го моторот за глодање од единицата за вдлабнување/единицата за копирање. При користење на единицата за копирање(3) притиснете го дополнително затезниот лост(25). Вметнување на глодалката (видисликаD) u При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици. Според целта на примената, глодалките се достапни во најразлична изведба и квалитет. Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика. Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум. Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници. Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки. Ако е можно, користете глодалка со дијаметар на вратило од12mm. Може да ја смените глодалката кога моторот за глодање е вметнат во единицата за вдлабнување/единицата за копирање. Сепак, препорачуваме да ги менувате алатките со расклопен моторот за глодање. – Извадете го моторот за глодање од единицата за вдлабнување/единицата за копирање. – Притиснете го копчето за блокада на вретеното(27)(➊) и држете го цврсто. Доколку е потребно, свртете го вретеното малку со рака додека не се вклопи. Копчето за блокирање на вретеното(27) активирајте го само во состојба на мирување. – Цврсто затегнете ја претурната навртка(17) со вилушкаст клуч(28) (ширина на клучот 24mm) со вртење во спротивен правец на стрелките на часовникот(➋). – Ставете го алатот за глодање во затезната чаура. Вратилото на глодалката мора да биде вметнато најмалку20mm во затезната чаура. – Цврсто затегнете ја претурната навртка(17) со вилушкаст клуч(28) (ширина на клучот 24mm) со вртење во правец на стрелките на часовникот. Отпуштете го копчето за фиксирање на вретено(27). Bosch Power Tools 1 609 92A 57S | (16.04.2021)204 | Македонски u Без монтирана копирна чаура, не поставувајте глодалка со дијаметар поголем од50mm. Овие алати за глодање не поминуваат низ основната плоча. u Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Монтирање на адаптер за всисување на единицата за вдлабнување (видисликаE) Адаптерот за всисување(30) може да се монтира нанапред или наназад со помош на приклучокот за
Со вметнат адаптер на копирната чаура(50) можеби ќе треба да го свртите адаптерот на копирната чаура за 180° за адаптерот за всисување(30) да не го допира лостот за отклучување(52). Прицврстете го адаптерот за всисување(30) со 2завртки со нарецкана глава(29) на основната плоча(13). Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување(30) мора редовно да се чисти. Монтирање на адаптер за всисување на единицата за копирање (видисликаF) Адаптерот за всисување(32) може да се монтира нанапред или наназад со помош на приклучокот за
При вметнат адаптер на копирната чаура(50) прицврстете го адаптерот за всисување(32) со 2завртки со нарецкана глава(29) на основната плоча(13). Кај работа без адаптер на копирна чаура(50) монтирајте го претходно меѓупрстенот(33) на адаптерот за всисување(32), како што е прикажано на сликата. Приклучување на всисувач за прав Прикачете го цревото за всисување (Ø 35mm)(31) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување. Поврзете го цревото за всисување(31) со всисувач за прав (опрема). Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при вклучување на електричниот алат. Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот што се обработува. При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Ставање во употреба Бирање на бројот на вртежи Со вртливото копче на бројот на вртежи(15) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. 1−2 Низок број на вртежи 3−4 Среден број на вртежи 5−6 Висок број на вртежи Прикажаните вредности во табелата се референтни вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена. Материјал Дијаметар на глодалката [mm] Позиција на вртливото копче за подесување Цврсто дрво
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. 1 609 92A 57S | (16.04.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 205 Вклучување/исклучување Пред вклучувањето, поставете ја длабочината на
За Вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување(20) и држете го притиснат. За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување(20) притиснете го копчето за(19). За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување(20) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање(19) кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(20) и потоа отпуштете го. Константна електроника Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот. Подесување на длабочината за глодање u Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е
Подесување на длабочината на глодање единицата за вдлабнување (видисликаG) За грубо подесување на длабочината на глодање постапете на следниот начин: – Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува. – Свртете ја скалата за фино подесување(6) на 0. – Револвер-граничникот(12) поставете го на најнизок степен; се слуша кога тој ќе се вклопи. – Олабавете ја завртката со нарецкана глава на граничникот за длабочина(16), така што тој(11) ќе може слободно да се движи. – Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за вдлабнување(7) надолу и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека глодалката(18) не ја допре површината на делот што се обработува. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(7) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. – Притиснете го граничникот за длабочина(11) надолу, додека не легне на револвер-граничникот(12). Лизгачот со индексна ознака(10) поставете го на позиција 0 на скалата за длабочина на глодање(9). – Поставете го граничникот за длабочина(11) на саканата длабочина за глодање и зацврстете ја завртката со нарецкана глава на граничникот за длабочина(16). Внимавајте на тоа, лизгачот со индексната ознака(10) да не го поместувате повеќе. – Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за вдлабнување(7) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција. Поставената длабочина на глодање се достигнува само ако граничникот за длабочина за време на процесот на вдлабнување(11) го достигне револвер- граничникот(12). При големи длабочини на глодање треба да се направат повеќе процеси на обработка со помало вадење струготини. Со помош на револвер-граничникот(12) може да го поделите процесот на глодање на повеќе степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со најнизок степен на револвер-граничникот и за првиот процес на обработка изберете го највисокиот степен. Растојанието помеѓу чекорите е околу 3,2mm. По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче(5) можете да ја подесите длабочината на глодање точно на саканите димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а за намалување на длабочината на глодање свртете во правец спротивен на стрелките на часовникот. Скалата(6) служи за ориентација. Едно вртење одговара на должина на подесување од 1,5mm, една од цртичките на горниот раб на скалата(6) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1mm. Максималната должина на подесување изнесува ±16mm. Пример: Потребната длабочина на глодање треба да изнесува 10,0mm, а при пробното глодање сте измериле длабочина од 9,6mm. – Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за вдлабнување(7) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција. – Свртете го вртливото копче(5) за 0,4mm/4 цртички (разлика од зададената и реалната вредност) во правец на стрелките на часовникот. – Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште едно пробно глодање. При фино подесување на длабочината на глодање, проверете дали страничната индексна ознака на единицата за вдлабнување покажува(8) кон средината на линиите. На тој начин ќе се осигурате дека има доволна должина на подесување за повторно прилагодување на длабочината на вдлабнување во двете
Доколку единицата за вдлабнување(2) падне до максималната длабочина на вдлабнување, поголема длабочина на вдлабнување не може да се постигне дури и со фино подесување, бидејќи е искористена максималната должина на подесување. Фино поседување исто така не е можно ако граничникот за длабочина(11) го достигне револвер- граничникот(12). Bosch Power Tools 1 609 92A 57S | (16.04.2021)206 | Македонски Подесување на длабочината на глодање единицата за копирање (видисликаH) За подесување на длабочината на глодање постапете на следниот начин: – Отворете го затезниот лост за единицата за копирање(22). – Можете грубо да ја поставите длабочината на глодање во 3 нивоа. Притиснете го затезниот лост(25) и вметнете го моторот за глодање(1) во единицата за копирање(3) нагоре или надолу во зависност од саканата позиција сѐ додека не се заклучи во една од трите отвори(26), кога затезниот лост не е притиснат(25). Отворите се одделени со растојание од 12,7mm (0,5"). – Вртливото копче за фино подесување на длабочината на глодање се користи за фино подесување на длабочината на глодање(24); свртете во правец на стрелките на часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а за намалување на длабочината на глодање свртете во правец спротивен на стрелките на часовникот. Должината на подесување е означена на скалата на вртливото копче(24) во инчи и милиметри. Максималниот опсег на подесување е 41mm. Скалата за длабочината на глодање(34) служи за дополнителна ориентација. Пример: Потребната длабочина на глодање треба да изнесува 10,0mm, а при пробното глодање сте измериле длабочина од 9,5mm. – Поставете ја скалата на вртливото копче(24) на 0, без сами да го свртите вртливото копче(24). Потоа поставете го вртливото копче(24) во правец на стрелките на часовникот на вредност 0,5. – Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште едно пробно глодање. Совети при работењето u Заштитете ги алатите за глодање од удари. Правец и процес на глодање (видисликаI) u Процесот на глодање секогаш мора да се извршува спроти правецот на ротација на глодалката(18) (спротивен тек). При глодање во правец на ротација (ист тек) електричниот алат може да ви избега од
Глодање со единица за вдлабнување Поставете ја саканата длабочина на глодање. Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот за обработување и вклучете го. Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на вдлабнување(7) надолу и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(7) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Процесот на глодање вршете го со константна брзина. По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја површинската глодалка во најгорна позиција. По глодањето исклучете го електричниот алат. Глодање со единица за копирање Напомена: Земете во предвид дека глодалката(18) при глодање со единицата за копирање(3) секогаш е издадена над основната плоча(13). Не го оштетувајте шаблонот или делот што се обработува. Поставете ја саканата длабочина на глодање. Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што треба да се обработи. Процесот на глодање вршете го со константна брзина. Исклучете го електричниот алат. u Не го оставајте електричниот алат на страна, додека глодалката не дојде во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди. Глодање со помошен граничник (видисликаJ) За обработка на големи делови на пример кај глодалки за жлебови, како помошен граничник на делот за обработување може да прицврстите една даска или лајсна и да ја водите мултифункционалната глодалка по должината на помошниот граничник. При користење на единицата за вдлабнување(2) водете ја мултифункционалната глодалка на израмнетата страна на лизгачката плоча по должината на помошниот граничник. Обликување и глодање на рабови При обликување и глодање на рабови без паралелен граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии- водилки или куглично лежиште. Водете го вклучениот електричен алат странично на делот што се обработува, додека чивиите-водилки или кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од делот што се обработува. Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети работ на делот што се обработува. Глодање со паралелен граничник (видисликаK) Вметнете го паралелниот граничник(35) со водечките прачки(36) во основната плоча(13) и цврсто затегнете го со завртките(41) соодветно на потребните димензии. Со пеперутка-завртките(37) и(38) може дополнително да ја подесите должината на паралелниот граничник. Со вртливото копче(39) по олабавување на двете пеперутки-завртки(37) може фино да ја подесите должината. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0mm, една од цртичките на вртливото копче(39) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1mm. Со помош на шината-граничник(40) може да ја промените ефективната контактна површина на паралелниот граничник. Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно движење и страничен притисок на паралелниот граничник по должината на работ од делот што се обработува. 1 609 92A 57S | (16.04.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 207 Глодање со шестар за глодање (видисликаL) За кружно глодање може да го употребите шестарот на глодалката/адаптерот за шините водилки(42). Монтирајте го шестарот на глодалката како што е прикажано на сликата. Завртете ја завртката за центрирање(47) во навојниот отвор на шестарот на глодалката. Поставете го врвот на завртката во средишната точка на кружниот лак што треба да се изглода, а притоа внимавајте на тоа, врвот на завртката да влегува во површината на делот за обработување. Поставете го саканиот радиус со грубо поместување на шестарот на глодалката и затегнете ги пеперутка- завртките(44) и(45). Со вртливото копче(46) по олабавување на пеперутка- завртките(45) може фино да ја подесите должината. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0mm, една од цртичките на вртливото копче(46) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1mm. Водете го вклучениот електричен алат со десната рачка(4) и дршката на шестарот на глодалката(43) преку делот за обработување. Глодање со шина водилка (видисликаM) Со помош на шините водилки(49) може да вршите праволиниски движења. За изедначување на висинските разлики мора да ја монтирате дистанционата плоча(48). Монтирајте го шестарот на глодалката/адаптерот за шините водилки(42) како што е прикажано на сликата. Зацврстете ја шината водилка(49) со соодветни уреди за затегнување, на пр. менгеме, на делот за обработување. Поставете го електричниот алат со монтираниот адаптер за шини водилки(42) на шината водилка. Глодање со копирната чаура (видисликиN–Q) Со помош на копирната чаура(53) може да пренесувате контури од нацрти одн. шаблони на делот за обработување. Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална дебелина од 8mm. За да се користи копирната чаура(53) најпрво мора да се вметне SDS-адаптерот на копирната чаура(50) во лизгачката плоча(14). Поставате го адаптерот за копирната чаура(50) од горе на лизгачката плоча(14) и завртете ги со 2 завртки за прицврстување(51). Внимавајте на тоа, лостот за деблокирање за адаптерот за копирната чаура(52) да може слободно да се движи. Вметнете го лостот за деблокирање(52) во правец на стрелката и ставете ја копирната чаура(53) од долу во SDS-адаптерот за копирна чаура(50). Кодираните запци мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната чаура(53). Проверете го растојанието од средината на глодалката и работ на копирната чаура (види „Центрирање на основната плоча (видисликаR)“, Страница207). u Изберете помал дијаметар на глодалката од внатрешниот дијаметар на копирната чаура. Процес на глодање Напомена: Земете во предвид дека глодалката(18) секогаш е издадена над основната плоча(13). Не го оштетувајте шаблонот или делот што се обработува. Водете го вклучениот електричен алат со копирната чаура(53) на шаблонот. При користење на единица за вдлабнување(2): Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на вдлабнување(7) надолу и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(7) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Водете го електричниот алат со копирната чаура што стрчи(53) со страничен притисок по должината на
Центрирање на основната плоча (видисликаR) За да е подеднакво исто растојанието од средината на глодалката до работ на копирната чаура(53) доколку е потребно копирната чаура и лизгачката плоча(14), може да се центрираат една кон друга. При користење на единица за вдлабнување(2): Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на вдлабнување(7) надолу и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(7) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Олабавете ги завртките за прицврстување(54) за околу 2 вртења, така што лизгачката плоча(14) ќе може слободно да се движи. Поставете го трнот за центрирање(55) во прифатот за алат како што е прикажано на сликата. Рачно зацврстете ја претурната навртка, така што трнот за центрирање сè уште може слободно да се движи. Центрирајте ги трнот за центрирање(55) и копирната чаура(53) еден со друг, со лесно поместување на лизгачката плоча(14). Повторно затегнете ги завртките за прицврстување(54). Извадете го трнот за центрирање(55) од прифатот за
При користење на единица за вдлабнување(2): Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за вдлабнување(7) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција. Работење на маса за глодање (видисликаS) Единицата за копирање(3) може да се вметне во соодветна маса за глодање. За монтажа, извадете ја лизгачката плоча(14) и прицврстете ја единицата за Bosch Power Tools 1 609 92A 57S | (16.04.2021)208 | Srpski копирање(3) со завртките за прицврстување(56) на масата за глодање. u Почитувајте ги упатствата за работа за Вашата маса за глодање при монтажа на единицата за копирање. Можеби ќе биде потребно да се направат дупки на масата за глодање за да се монтира единицата за
Најдобро е да се користи специјалниот шестоаголен клуч за фино подесување на длабочината на глодање(57). Глодање со капак за всисување (видисликиT–U) За обработка на рабови може да го користите дополнително капакот за всисување(58). Прицврстете го капакот за всисување(58) со 2 завртки(59) на основната плоча(13). Капакот за всисување(58) може да се прицврсти во 3 различни позиции, како што е прикажано на сликата. За обработка на рамни планарни површини извадете го капакот за всисување. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
u При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за вшмукување. Чистете ги почесто отворите за проветрување со една четка и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
глодалка/копир- на глодалка Број на дел/артикл
Notice-Facile