GLF 55-6 Professional - фреза BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLF 55-6 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 189 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLF 55-6 Professional - page 129

Преземете ги упатствата за вашиот фреза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLF 55-6 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLF 55-6 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLF 55-6 Professional BOSCH

(21) Опора за успоредно водене

(23) Опора за водене

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. Bosch Power Tools 1 609 92A C9T | (14.05.2025)130 | Македонски u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за аголни глодалки u Држете го електричниот алат за изолираната површина, бидејќи сечилото може да дојде во контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под напон“ може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тој ќе биде нестабилен и може да изгубите контрола. u Дозволениот број на вртежи на глодалките мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Глодалките кои се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат и да летнат од алатот. u Глодалките или другата опрема мора точно да одговараат на прифатот за алат (затезната чаура) на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување што не може точно да се прицврстат во прифатот за алат на електричниот алат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. 1 609 92A C9T | (14.05.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 131 u Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе до зголемени вибрации. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено триење, може да се заглават и да доведат до нерамнотежа. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за глодање на жлебови, рабови, профили и долгнавести отвори на цврста подлога во дрво, пластика и лесни градежни материјали како и за копирно глодање. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Погонска единица (2) Корпа на глодалка (3) Држач за карбонска четка (4) Завртка за водилката на глодалката (5) Одбивач на струготини (6) Завртка со нарецкана глава за корпата на глодалка (7)

(8) Навртка за осигурување со затезна чаура (9) Лизгачка плоча (10) Основна плоча (11) Адаптер за всисувачот за прав (12) Пеперутка-завртка за корпата на глодалката (13) Прекинувач за вклучување/исклучување (14) Рачка (изолирана површина на рачката) (15) Скала за подесување на длабочината на глодање (16) Затезна чаура (17) Прифат на алатот (18) Вилушкаст клуч (10mm)

(22) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник

(23) Помагало при водење

(24) Пеперутка-завртка за фиксирање на хоризонталното израмнување

(25) Пеперутка-завртка за фиксирање на хоризонталното израмнување на помагалото при

(26) Лизгачки валјак

(27) Адаптер за всисување

(28) Црево за всисување

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Аголна глодалка GLF 55-6 Број на дел 3601FA00.. Номинална јачина W 550 Број на вртежи во празен од min

33 000 Прифат на алатот mm

Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 1,4 Класа на заштита / II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-17. Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок86dB(A); ниво на звучна јачина94dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-17: a

Bosch Power Tools 1 609 92A C9T | (14.05.2025)132 | Македонски Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Замена на алатот u При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици. Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници. Демонтирање на корпата на глодалката (види слика A) Пред да ја монтирате глодалката, најпрво мора да ја извадите корпата на глодалката(2) од погонската единица(1). Отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2). Извлечете ја погонската единица нагоре. Замена на затегнувачката чаура (види сликаB) Во зависност од употребената глодалка, пред да ја ставите истата, мора да ја замените навртката за осигурување со затегнувачката чаура(8). Доколку веќе сте монтирале затегнувачка чаура за алатот за глодање, следете ги работните чекори во следниот

Затегнувачката чаура(16) мора да влезе во навртката за осигурување со малку маневрирање. Навртката за осигурување(8) треба да може лесно да се монтира. Доколку навртката за осигурување или затегнувачката чаура се оштетени, веднаш заменете ги. Ставете го вилушкастиот клуч(18) на прифатот на алатот(17) (види сликаC1). Одвртете ја навртката за осигурување(8) во правец спротивен на стрелките на часовникот со вилушкаст клуч(19). Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги сите монтажни делови со мека четка или со издувување со помош на компресиран воздух. Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за алат(17). Лабаво затегнете ја навртката за осигурување. u Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се

Вметнување на глодалка (види слики C1– C2) Според примената, глодалките се расположливи во најразлични изведби и квалитет. Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика. Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум. Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници. Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки. Монтирање на корпата на глодалката (види сликаA) За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на глодалката(2) повторно на погонската единица(1). Отворете ја пеперутка-завртката(12) на корпата на глодалката(2). Ставете ја погонската единица(1) во корпата за глодање(2). Затворете ја пеперутка-завртката(12) на корпата за глодање(2). Напомена: пеперутка-завртката(12) и завртката со нарецкана глава(6) може да се заменуваат едни со

u По монтажата секогаш проверете, дали погонската единица лежи цврсто во корпата на глодалката. Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат 1 609 92A C9T | (14.05.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 133 азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Приклучување на всисувач за прав (видисликаI) Вметнете го адаптерот за всисувачот за прав(11) од напред во електричниот алат. Ќе слушнете кога ќе се вклопи. За да го извадите, фатете го адаптерот(11) странично и извлечете го нанапред. Прикачете го цревото за всисување (Ø 35mm)(28) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување(27). Поврзете го цревото за всисување(28) со всисувач за прав (опрема). Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот што се обработува. При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.

u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Подесување на длабочината за глодање u Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е

– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува. – Повторно отворете ја пеперутка-завртката(12) на корпата на глодалката(2), за да ја поставите саканата длабочина на глодање со скалата за подесување на длабочината на глодање(15) или со рака или со завртката со нарецкана глава(6). – Затворете ја пеперутка-завртката(12) на корпата на глодалката(2). – Проверете го направеното подесување на длабочината на глодање со практичен тест и поправете го доколку е потребно. Ставање во употреба Вклучување/исклучување За вклучување на електричниот алат поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување(13) на I. За исклучување на електричниот алат поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување(13) на 0. Совети при работењето u Заштитете ги алатите за глодање од удари. u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Правец и процес на глодање (видисликаD) u Процесот на глодање секогаш мора да се извршува спроти правецот на ротација на глодалката(7) (спротивен тек). При глодање во правец на ротација (ист тек) електричниот алат може да ви избега од

u Користете го електричниот алат само со монтирана корпа за глодалка(2). Загубата на контрола над електричниот алат може да предизвика повреди. Напомена: Земете во предвид дека глодалката(7) секогаш е издадена над основната плоча(10). Не го оштетувајте шаблонот или делот што се обработува. Поставете ја саканата длабочина на глодање. Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што треба да се обработи. По глодањето исклучете го електричниот алат. u Не го оставајте електричниот алат на страна, додека глодалката не дојде во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди. Глодање со копирна чаура (види сликиE1–E3) Со помош на копирната чаура(20) може да пренесувате контури од нацрти одн. шаблони на делот што се обработува. Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална дебелина од 8 mm (види сликаE1). u Изберете помал дијаметар на глодалката од внатрешниот дијаметар на копирната чаура. Одвртете ги четирите цилиндрични завртки на долната страна на лизгачката плоча(9) и извадете ја истата. Ставете ја копирната чаура(20) во лизгачката плоча (види сликаE2). Повторно прицврстете ја лабаво лизгачката плоча на основната плоча(10). Лизгачката плоча мора да може слободно да се движи. За да биде подеднакво исто растојанието на средината на глодалката и работ на копирната чаура, доколку е Bosch Power Tools 1 609 92A C9T | (14.05.2025)134 | Македонски потребно, копирната чаура и лизгачката плоча мора да се центрираат една кон друга. – Насочете ја лизгачката плоча така што глодалката и копирната чаура ќе бидат центрирани кон лизгачката плоча (види сликаE3). – Држете ја лизгачката плоча во оваа позиција и прицврстете ги завртките за прицврстување. За глодање со копирната чаура(20) постапете на следниот начин: – Поставете го електричниот алат со копирната чаура(20) на шаблоните. – Водете го електричниот алат со копирната чаура што стрчи, со страничен притисок по должината на

Обликување и глодање на рабови (види слика F) При обликување и глодање на рабови без паралелен граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии- водилки или куглично лежиште. Водете го вклучениот електричен алат странично на делот што се обработува, додека чивиите-водилки или кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од делот што се обработува. Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети работ на делот што се обработува. Глодање со паралелен граничник (види сликаG) За сечење паралелно по рабови може да монтирате паралелен граничник(21). Прицврстете го паралелниот граничник(21) на корпата за глодалка(2) со назабена завртка(4). Со пеперутка-завртката на паралелниот граничник(22) поставете ја саканата длабочина на граничникот. Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно движење и страничен притисок на паралелниот граничник по должината на работ од делот што се обработува. Глодање со помагало при водење (види слика H) Помагалото при водење(23) служи за глодање на рабови со глодалка без чивии-водилки или кугличесто лежиште. Прицврстете го помагалото при водење на корпата за глодалка(2) со навртка(4). Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка со еднаков притисок. Странично растојание: За да ја промените количината на отстранет материјал, можете да го подесите страничното растојание помеѓу делот за обработка и лизгачкиот валјак(26) на помагалото при водење(23). Олабавете ја пеперутка-завртката(24), поставете го страничното растојание со вртење на пеперутка- завртката(25) и повторно затегнете ја пеперутка- завртката(24). Висина: Во зависност од употребената глодалка и дебелината на делот што се обработува подесете го вертикалното израмнување на помагалото при водење. Олабавете ја навртката(4) на помагалото при водење, притиснете го истото во саканата позиција и повторно затегнете ја завртката. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Аголна глодалка Број на дел/артикл

Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLF 55-6 Professional

Категорија : фреза