GOF 1250 CE Professional - фреза BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GOF 1250 CE Professional BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - GOF 1250 CE Professional BOSCH
Преземете ги упатствата за вашиот фреза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GOF 1250 CE Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GOF 1250 CE Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GOF 1250 CE Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. 1 609 92A 57T | (03.02.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 179 u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Bosch Power Tools 1 609 92A 57T | (03.02.2020)180 | Македонски Безбедносни напомени за површински
u Држете го електричниот алат за изолираната површина, бидејќи сечилото може да дојде во контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под напон“ може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тој ќе биде нестабилен и може да изгубите контрола. u Дозволениот број на вртежи на глодалките мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Глодалките кои се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат и да летнат од алатот. u Глодалките или другата опрема мора точно да одговараат на прифатот за алат (затезната чаура) на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување што не може точно да се прицврстат во прифатот за алат на електричниот алат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. u Не посегајте со дланките во полето на глодање и во глодалката. Со другата рака држете ја дополнителната дршка. Доколку со двете дланки ја држите глодалката, нема да може да се повредите. u Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе до зголемени вибрации. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено триење, може да се заглават и да доведат до нерамнотежа. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Никогаш не ги голтајте копчестите батерии. Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од 2часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници
Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со копчестата батерија. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија е проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте медицинска
u При менување на батеријата внимавајте на прописна замена на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија. u Не се обидувајте повторно да ја полните копчестата батерија и не ја премостувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица. u Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица. u Не ја прегревајте копчестата батерија и не ја фрлајте во оган. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди
u Не ја оштетувајте копчестата батерија и не ја расклопувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица. u Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со вода. Литиумот што истекува може со вода да создаде водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или до повреди на лица. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за глодање на жлебови, рабови, профили и долгнавести отвори на цврста подлога во дрво, пластика и лесни градежни материјали како и за копирно глодање. При намален број на вртежи и со соодветните глодалки може да обработувате и обоени метали. 1 609 92A 57T | (03.02.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 181 Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Десна рачка (изолирана површина на дршката) (2) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) Светлечки прстен (GOF 1250 LCE) (4) Навртка за осигурување со затезна клешта (5)
(6) Лост за блокада на вретеното (7) Завртка за водечките прачки на паралелниот граничник (2x) (8) Заштита од струготини (9) Градиран граничник (10) Шрафови за подесување на градираниот
(11) Лизгачка плоча (12) Прифат за водечките прачки на паралелниот
(13) Основна плоча (14) Граничник за длабочина (15) Шраф за фиксирање на граничникот за длабочина (16) Копче за нулта-точката на граничникот за длабочина (GOF1250LCE) (17) Копче за префрлање на мерната единица (mm/ inch) (GOF1250LCE) (18) Прекинувач за вклучување/исклучување на дигиталниот приказ за длабочина (GOF1250LCE) (19) Фино подесување на длабочината на глодање (20) Лева рачка (изолирана површина на дршките) (21) Екран (GOF1250LCE) (22) Поклопец за преградата за батерии (GOF1250LCE) (23) Лост за деблокирање (24) Скала за фино подесување на длабочина на
(25) Вртливо копче за фино подесување на длабочината на глодање (26) Скала за подесување на длабочината на глодање (GOF1250LCE) (27) Лизгач со индексна ознака (GOF1250LCE) (28) Копче за контрола на бројот на вртежи (29) Прекинувач за вклучување/исклучување (30) Приклучок за цревото за вшмукување (31) Вилушкаст клуч со ширина 19mm (32) Црево за всисување (Ø 35mm)
(33) Паралелен граничник (34) Водечка прачка за паралелниот граничник (2x) (35) Пеперутка-завртка за фино подесување на паралелниот граничник (2x) (36) Пеперутка-завртка за грубо подесување на паралелниот граничник (2x) (37) Вртливо копче за фино подесување на паралелниот граничник (38) Подеслива шина со граничник за паралелниот
(39) Адаптер за вшмукување на паралелниот
(40) SDS-адаптер за копирна чаура (41) Шраф за прицврстување за адаптерот на копирната чаура (2x) (42) Лост за деблокирање на адаптерот на копирната
(43) Копирна чаура (44) Цилиндричен шраф за фиксирање на лизгачките плочи (5x) (45) Трн за центрирање (46)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Површинска глодалка GOF 1250 CE GOF 1250 LCE Број на дел/артикл 3 601 F26 0.. 3 601 F26 1.. Номинална јачина W 1250 1250 Број на вртежи во празен од min
10000–24000 10000–24000 Одредување на број на вртежи ● ● Константна електроника ● ● Фин старт ● ● Приклучок за всисувачот за прав ● ● Дигитален приказ на длабочина – ● Светлечки прстен – ● Bosch Power Tools 1 609 92A 57T | (03.02.2020)182 | Македонски Површинска глодалка GOF 1250 CE GOF 1250 LCE Компатибилни затегнувачки чаури mm inch 6–8
Подигање на корпата на глодалката mm 60 60 Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 3,6 3,7 Класа на заштита / II / II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-17. Нивото на звук на електричниот алат оценето со A типично изнесува: 93dB(A); ниво на звучна јачина 104dB(A). Несигурност K= 3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-17: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Вметнување на глодалката (видисликаA) u При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици. Според целта на примената, глодалките се достапни во најразлична изведба и квалитет. Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика. Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум. Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници. Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки. – Навалете го лостот за блокада на вретеното(6) во правец спротивен на стрелките на часовникот до крај (➊). Ев. свртете го рачно вретеното на моторот, додека не слушнете дека е вклопено. – Цврсто затегнете ја претурната навртка(4) со вилушкаст клуч(31) (ширина на клучот 19mm) со вртење во правец на стрелките на часовникот (➋). – Ставете го алатот за глодање во затезната чаура. Вратилото на алатот за глодање мора да се вметне најмалку до ознаката во затезната чаура. – Цврсто затегнете ја претурната навртка(4) со вилушкаст клуч(31) (ширина на клучот 19mm) со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот. Целосно затворете го лостот за блокада на вретеното(6). u Без монтирана копирна чаура, не поставувајте глодалка со дијаметар поголем од50mm. Овие алати за глодање не поминуваат низ основната плоча. u Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. 1 609 92A 57T | (03.02.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 183 – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Приклучување на всисувач за прав (видисликаB) Прикачете го цревото за всисување (Ø 35mm)(32) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување. Поврзете го цревото за всисување(32) со всисувач за прав (опрема). Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при вклучување на електричниот алат. Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот што се обработува. При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Ставање во употреба GOF 1250 LCE: Откако ќе се приклучи на мрежното напојување, светлечкиот прстен(3) непрекинато свети заради осветлување на површината на делот што се обработува. Ставете ја батеријата (види „Менување на батерија (GOF1250LCE) (видисликаM)“, Страница186). Кај некои модели батеријата е веќе вметната. Извадете ја пломбата на батеријата, за да ја активирате. Со копчето(17) поставете ја саканата мерна единица. Бирање на бројот на вртежи Со вртливото копче на бројот на вртежи(28) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. 1−2 Низок број на вртежи 3−4 Среден број на вртежи 5−6 Висок број на вртежи Прикажаните вредности во табелата се референтни вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена. Материјал Дијаметар на глодалката [mm] Позиција на вртливото копче за подесување Цврсто дрво
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. Вклучување/исклучување Пред вклучувањето поставете ја длабочина на глодање (види „Подесување на длабочината за глодање“, Страница184). За Вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување(29) и држете го притиснат. За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување(29) притиснете го копчето за(2). За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување(29) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање(2) кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(29) и потоа отпуштете го. Константна електроника Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот. Заштита од преоптоварување Заштитата при преоптоварување, при екстремно преоптоварување го спречува преголемиот довод на струја. Ова може да доведе до намалување на бројот на вртежи на моторот и излезната јачина, а во екстремни случаи и до запирање на моторот. По растеретувањето на електричниот апарат, моторот веднаш стартува со висок број на работни вртежи. Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја. Bosch Power Tools 1 609 92A 57T | (03.02.2020)184 | Македонски За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување(29) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат. Лост за деблокирање (видисликаC) Ресетирањето на лостот за деблокирање(23) се врши веднаш по отпуштањето. За подобра сила на држење, лостот за деблокирање(23) мора да се повлече до крај. По потреба, силата на држење може дополнително да се подеси. Ставете внатрешен шестаголен клуч (4mm) во отворот на рачката. За зголемување на силата на држење, свртете го шестаголниот внатрешен клуч во правец на стрелките од часовникот, а за намалување на силата на држење во правец спротивен на стрелките од часовникот. Подесување на длабочината за глодање u Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е
За грубо подесување на длабочината на глодање (види сликаD и E) постапете на следниот начин: – Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува. – Со вртливото копче(25) поставете ги границите на фино подесување на средината. Свртете го вртливото копче(25), додека не се поклопат ознаките(19) како што е прикажано на сликата. Потоа свртете ја скалата(24) на 0. (19) – Градираниот граничник(9) поставете го на најнизок степен; се слуша кога градираниот граничник ќе се вклопи. – Олабавете ја завртката(15) на граничникот за длабочина(14), така што тој(14) ќе може слободно да се движи. – Притиснете го лостот за деблокирање(23) наназад и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека глодалката(5) не ја допре површината на делот што се обработува. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(23) за да ја фиксирате оваа позиција. – Притиснете го граничникот за длабочина(14) надолу, додека не легне на градираниот граничник(9). GOF 1250 LCE: Вклучете го дигиталниот приказ за длабочина на прекинувачот за вклучување/ исклучување(18). Притиснете го копчето(16) за подесување на нулта точката на граничникот за длабочина(14). GOF 1250 CE: Лизгачот со индексната ознака(27) наместете го на позиција 0 на скалата за длабочина на глодање(26). – Поставете го граничникот за длабочина(14) на саканата длабочина за глодање и затегнете ја завртката(15) на граничникот за длабочина(14). GOF 1250 CE: Внимавајте на тоа, лизгачот со индексната ознака(27) да не го поместувате повеќе. – Притиснете го лостот за деблокирање(23) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција. При големи длабочини на глодање треба да се направат повеќе процеси на обработка со помало вадење струготини. Со помош на градираниот граничник(9) може да го поделите процесот на глодање на повеќе степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со најнизок степен на градираниот граничник и за првиот процес на обработка изберете го највисокиот степен. Растојанието помеѓу степените може да се промени со вртење на завртките за подесување(10). По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче(25) можете да ја подесите длабочината на глодање точно на саканите димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а за намалување на длабочината на глодање свртете во правец спротивен на стрелките на часовникот. Скалата(24) служи за ориентација. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0mm, една од цртичките на долниот раб на скалата(24) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1mm. Максималната должина на подесување изнесува ±8mm. Пример: Потребната длабочина на глодање треба да изнесува 10,0mm, а при пробното глодање сте измериле длабочина од 9,6mm. – Свртете ја скалата(24) на 0. – Свртете го вртливото копче(25) за 0,4mm/4 цртички (разлика од зададената и реалната вредност) во правец на стрелките на часовникот. – Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште едно пробно глодање. GOF 1250 CE: По поставувањето на длабочината на глодање, не ја менувајте повеќе позицијата на лизгачот(27) на граничникот за длабочина(14) за да може во секое време да ја прочитате моменталната длабочина на скалата(26). GOF 1250 LCE: Ќе се прикаже моменталната длабочина на глодање на екранот(21). Совети при работењето u Заштитете ги алатите за глодање од удари. Правец и процес на глодање (видисликаF) u Процесот на глодање секогаш мора да се извршува спроти правецот на ротација на глодалката(5) (спротивен тек). При глодање во правец на ротација (ист тек) електричниот алат може да ви избега од
Поставете ја саканата длабочина на глодање (види „Подесување на длабочината за глодање“, Страница184). Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот за обработување и вклучете го. Притиснете го лостот за деблокирање(23) наназад и водете ја површинската глодалка до крај во правец на основната плоча(13). Повторно отпуштете го лостот за 1 609 92A 57T | (03.02.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 185 деблокирање(23) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Процесот на глодање вршете го со константна брзина. По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја површинската глодалка во најгорна позиција. Исклучете го електричниот алат. Глодање со помошен граничник (видисликаG) За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за жлебови, како помошен граничник на делот за обработување може да прицврстите една даска или лајсна и да ја водите површинската глодалка по должината на помошниот граничник. Водете ја површинската глодалка на израмнетата страна на лизгачката плоча по должината на помошниот граничник. Обликување и глодање на рабови При обликување и глодање на рабови без паралелен граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии- водилки или куглично лежиште. Водете го вклучениот електричен алат странично на делот што се обработува, додека чивиите-водилки или кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од делот што се обработува. Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети работ на делот што се обработува. Глодање со паралелен граничник (видисликаH) Вметнете го паралелниот граничник(33) со водечките прачки(34) во основната плоча(13) и цврсто затегнете го со завртките(7) соодветно на потребните димензии. Со пеперутка-завртките(36) и(35) може дополнително да ја подесите должината на паралелниот граничник. Со вртливото копче(37) по олабавување на двете пеперутки-завртки(35) може фино да ја подесите должината. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0mm, една од цртичките на вртливото копче(37) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1mm. Со шината-граничник(38) може да ја промените ефективната контактна површина на паралелниот
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно движење и страничен притисок на паралелниот граничник по должината на работ од делот што се обработува. При глодање со паралелен граничник(33) треба да се врши и вшмукување на правта/струготините со помош на специјален адаптер за вшмукување(39). Адаптерот за вшмукување може да остане монтиран. Глодалки со адаптер за шестар (опрема) За кружно глодање може да го употребите адаптерот за
Глодање со шина-водилка (опрема) Со помош на шините водилки и адаптерот за шините водилки може да вршите праволиниски движења. Глодање со копирната чаура (видисликиI–L) Со помош на копирната чаура(43) може да пренесувате контури од нацрти одн. шаблони на делот за обработување. Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална дебелина од 8mm. За да се користи копирната чаура(43) најпрво мора да се вметне SDS-адаптерот на копирната чаура(40) во лизгачката плоча(11). Поставате го адаптерот за копирната чаура(40) од горе на лизгачката плоча(11) и завртете ги со 2 завртки за прицврстување(41). Внимавајте на тоа, лостот за деблокирање за адаптерот за копирната чаура(42) да може слободно да се движи. Вметнете го лостот за деблокирање(42) во правец на стрелката и ставете ја копирната чаура(43) од долу во SDS-адаптерот за копирна чаура(40). Кодираните запци мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната чаура(43). Проверете го растојанието од средината на глодалката и работ на копирната чаура (види „Центрирање на основната плоча (видисликаN)“, Страница185). u Изберете помал дијаметар на глодалката од внатрешниот дијаметар на копирната чаура. Процес на глодање Водете го вклучениот електричен алат со копирната чаура(43) на шаблонот. Притиснете го лостот за деблокирање(23) наназад и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(23) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Водете го електричниот алат со копирната чаура што стрчи(43) со страничен притисок по должината на
Центрирање на основната плоча (видисликаN) За да е подеднакво исто растојанието од средината на глодалката до работ на копирната чаура(43) доколку е потребно копирната чаура и лизгачката плоча(11), може да се центрираат една кон друга. Притиснете го лостот за деблокирање(23) наназад и водете ја површинската глодалка до крај во правец на основната плоча(13). Повторно отпуштете го лостот за деблокирање(23) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Олабавете ги завртките за прицврстување(44) за околу 2 вртења, така што лизгачката плоча(11) ќе може слободно да се движи. Поставете го трнот за центрирање(45) во прифатот за алат како што е прикажано на сликата. Рачно зацврстете Bosch Power Tools 1 609 92A 57T | (03.02.2020)186 | Srpski ја претурната навртка, така што трнот за центрирање сè уште може слободно да се движи. Центрирајте ги трнот за центрирање(45) и копирната чаура(43) еден со друг, со лесно поместување на лизгачката плоча(11). Повторно затегнете ги завртките за прицврстување(44). Извадете го трнот за центрирање(45) од прифатот за
Притиснете го лостот за деблокирање(23) и водете ја површинската глодалка во најгорната позиција. Менување на батерија (GOF1250LCE) (видисликаM) Отворете го поклопецот на преградата за батерии(22) нагоре и извадете ја батеријата. Ставете нова батерија (тип CR2032). Позитивниот пол на батеријата мора да покажува нанапред кон поклопецот на преградата за батерии(22). Ставете го дихтунгот(46) и затворете го поклопецот на преградата за батерии(22). Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
u При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за вшмукување. Чистете ги почесто отворите за проветрување со една четка и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
Notice-Facile