BOSCH GLF 18V-8 Professional - фреза

GLF 18V-8 Professional - фреза BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLF 18V-8 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 263 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLF 18V-8 Professional - page 176
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GLF 18V-8 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фреза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLF 18V-8 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLF 18V-8 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLF 18V-8 Professional BOSCH

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од

наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за аголни глодалки

Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тој ќе биде нестабилен и може да изгубите контрола.
▶ Дозволениот број на вртежи на глодалките мора да биде најмалку исто толку висок како највисокнот број на вртежи наведен на електричниот алат. Глодалките кои се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат и да летнат од алатот.
▶ Глодалките или другата опрема мора точно да одговараат на прифатот за алат (затезната чаура) на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување што не може точно да се прицврстат во прифатот за алат на електричниот алат, се врат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе до зголемени вибрации.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите или оштетените глодалки предизвигуваат зголемено триење, може да се заглават и да доведат до нерамнотежа.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж

178 | Македонски

воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GLF 18V-8 Professional - | Македонски - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GLF 18V-8 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за глодање на жлебови, рабови, профили и долгнавести отвори на цврста подлога во дрво, пластика и лесни градежни материјали како и за копирно глодање.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Погонска единица
(2) Корпа на глодалка
(3) Завртка со нарецкана глава за корпата на глодалка
(4) Завртка со нарецкана глава за паралелниот граничник/помагалото при водење/адаптерот за всисување за глодалката за рабови
(5) Глодалка ^2)
(6) Навртка за осигурување со затезна чаура
(7) Затезна чаура
(8) Копче за блокирање на вретеното
(9) Лизгачка плоча
(10) Основна плоча
(11) Адаптер за всисувачот за прав

(12) Пеперутка-завртка за корпата на глодалката
(13) Прекинувач за вклучување/исклучување
(14) Батерија ^a)
(15) Копче за отклучување на батерија ^a)
(16) Копче за контрола на бројот на вртежи
(17) Рачка (изолирана површина на рачката)
(18) Работно светло
(19) Скала за подесување на длабочината на глодање
(20) Прифат на алатот
(21) Вилушкаст клуч (13 mm, 17 mm)
(22) Копирна чаура ^a)
(23) Паралелен граничник
(24) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник
(25) Помагало при водење ^a)
(26) Пеперутка-завртка за фиксирање на хоризонталното израмнување ^a)
(27) Пеперутка-завртка за фиксирање на хоризонталното израмнување на помагалото при воденье ^2)
(28) Лизгачки валјак ^a)
(29) Адаптер за всисување ^a)
(30) Адаптер за всисување за глодалката за рабови ^a)
(31) Црево за всисување ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Глодалка за рабови GLF 18V-8
Број на дел3 601 FC6 0..
Номинален напон V 18
Номинален број на вртежи во празен од ^A) min ^-1 10000–30000
Одредување на број на вртежи ●
Константна електроника ●
Приклучок за всисувачот за прав
Компатибилни затезни чаури mm6 / 8
инчи1/4"
Тежина ^B) kg 1,5–2,5
препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
дозволена околна температура при работење ^C) и при складирање°C –20 ... +50
препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...

Глодалка за рабови GLF 18V-8

A) Мерено при 20–25 °C со батерија ProCORE18V 4.0Ah.

В) во зависност од употребената батерија

C) ограничена мокност на температури < 0 °C

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-17.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 81 dB(A); ниво на звучна јачина 89 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-17: a_h=1,0 m/s^2, K=1,5 m/s^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , въда се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Замена на алатот

▶ При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици.

Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема Bosch-ке ги најдете во специјализираните продавници.

Демонтирање на корпата на глодалката (види слика А)

Пред да ја монтирате глодалката, најпрво мора да ја извадите корпата на глодалката (2) од погонската единица (1).

Отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2).

Извлечете ја погонската единица нагоре.

Во зависност од употребената глодалка, мора да ја замените затезната клешта со навртка за осигурување, пред вметнувањето на глодалката (6).

Ако е веке монтирана правилната затезна клешта за вашата глодалка, следете ги чекорите за работа во следниот дел.

Затезната клешта мора да биде поставена со мал простор за маневрација во навртката за осигурување. Затезната клешта со навртката за осигурување (6) мора да биде лесна за монтирање. Ако навртката за осигурување или затезната клешта се оштетени, заменете ги веднаш.

Притиснете го копчето за блокада на вретеното (8) и држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го рачно вретеното на моторот, додека не се фиксира.

Одвртете ја навртката за осигурување во правец спротивен на стрелките од часовникот (6) со вилушкастиот клуч (21).

Отпуштете го копчето за блокада на вретеното.

Напомена: апернативна можност за менување на затезната клешта (без притискање на механизмот за фиксирање на вретеното (8)): поставете два вилушкасти клучеви со помош на диедрон на вратилото, за да ја олабавите или затегнете навртката за осигурување (6). Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги сите монтажни делови со мека четка или со издувување со помош на компресиран воздух.

Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за алат (20).

Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.

▶ Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.

Вметнување на глодалка (види слики C1- C2)

Според примената, глодалките се расположиви во најразлични изведби и квалитет.

Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика.

Глодалките за сечење на цврст метал (НМ) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум.

Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ке ги најдете во специјализираните продавници. Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.

Монтирање на корпата на глодалката (види слика А)

За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на глодалката (2) повторно на погонската единица (1).

Отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2).

Ставете ја погонската единица (1) во корпата за глодање (2).

Затворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата за глодање (2).

Напомена: пеперутка-завртката (12) и завртката со нарецкана глава (3) може да се заменуваат едни со други.

По монтажата секогаш проверете, дали погонската единица лежи цврсто во корпата на глодалката.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во

комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Монтирање на адаптерот за всисување

Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (29) мора редовно да се чисти.

Приклучување на всисувач за прав (види слика D)

Вметнете го адаптерот за всисувают за прав (11) од напред во електричниот алат. Ке слушнете кога ке се вклопи. За да го извадите, фатете го адаптерот (11) странично и извлечете го нанапред.

Вметнете црево за всисување (∅ 35 mm) (31) (опрема) или адаптер за всисување (29) (опрема). Поврзете го цревото за всисување (31) со всисувач за прав (опрема). Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.

Монтирање на адаптер за всисување за глодалката за рабови (видете слика E)

Покрај заштитата од струготини за глодалката за рабови може да го користите адаптерот за всисување за глодалката за рабови (30).

Прицврстете го адаптерот за всисување за глодалката за рабови (30) со завртката со нарецкана глава (4).

Повторно отстранете го адаптерот за всисување за обработка на мазни рамни површини.

Употреба

Подесување на длабочината за глодање

▶ Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е исклучен.
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува.
– Повторно отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2), за да ја поставите саканата длабочина на глодање со скалата за подесување на длабочината на глодање (19) или со рака или со завртката со нарецкана глава (3).

  • Затворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2).
    – Проверете го направленото подесување на длабочината на глодање со практичен тест и поправете го доколку е потребно.

Ставање во употреба

Бирање на бројот на вртежи

Со вртливото копче на бројот на вртежи (16) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Позиција на вртливото копче за подесувањеБрој на вртежи [min ^1 ]
1–2 10000–14000Низок број навртежи
3–4 18000–24000Среден број навртежи
5–6 26000–30000Висок број навртежи

Прикажаните вредности во следната табела се референтни вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Материјал Глодалка-дијаметар [mm]Позиција навртливото копчеза подесување
Цврсто дрво(бука)4-105-6
12-203-4
>201-2
Меко дрво (бор) 4-105-6
12-203-6
>201-3
Иверки 4-103-6
12-202-4
>201-3
Пластика 4-152-3
>151-2

По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од некое време со максимален број на вртежи.

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) на I. За исклучување на електричниот алат поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) на 0.

Константна електроника

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

▶ Заштитете ги алатите за глодање од удари.
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Процесот на глодање секогаш мора да се извршува спроти правецот на ротација на глодалката (5) (спротивен тек). При глодање во правец на ротација (ист тек) електричниот алат може да ви избега од раката.
▶ Користете го електричниот алат само со монтирана корпа за глодалка (2). Загубата на контрола над електричниот алат може да предизвика повреди.

Напомена: Земете во предвид дека глодалката (5) секогаш е издадена над основната плоча (10). Не го оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.

Поставете ја саканата длабочина на глодање.

Включете го електричниот алат и водете го по местото што треба да се обработи.

По глодањето исключете го електричниот алат.

He go oставajte електричниот алат на страна, додека глодалката не дојде во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.

Со помош на копирната чаура (22) може да пренесувате контури од нацрти одн. шаблони на делот што се обработува.

Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја соодветната копирна чаура. Бидејки висината на копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална дебелина од 8 mm (види слика G1).

▶ Изберете помал дијаметар на глодалката од внатрешниот дијаметар на копирната чаура.

Одвртете ги четирите цилиндрични завртки на долната страна на лизгачката плоча (9) и извадете ја истата.

Ставете ја копирната чаура (22) во лизгачката плоча (види слика G2).

Повторно прицврстете ја лабаво лизгачката плоча на основната плоча (10). Лизгачката плоча мора да може слободно да се движи.

За да биде подеднакво исто растојанието на средината на глодалката и работ на копирната чаура, доколку е потребно, копирната чаура и лизгачката плоча мора да се центрираат една кон друга.

– Насочете ја лизгачката плоча така што глодалката и копирната чаура ће бидат центрирани кон лизгачката плоча (види слика G3).
– Држете ја лизгачката плоча во оваа позиција и прицврстете ги завртките за прицврстување.

За глодање со копирната чаура (22) постапете на следниот начин:

– Поставете го електричниот алат со копирната чаура (22) на шаблоните.
– Водете го електричниот алат со копирната чаура што стрчи, со страничен притисок по должината на шаблонот.

Обликување и глодање на рабови (види слика Н)

При обликување и глодање на рабови без паралелен граничник, глодалката мора да биде опремена со чивииводилки или куглично лежиште.

Водете го включениот електричен алат странично на делот што се обработува, додека чивиите-водилки или кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од делот што се обработува.

Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети работ на делот што се обработува.

За сечење паралелно по рабови може да монтирате паралелен граничник (23).

Прицврстете го паралелниот граничник (23) на корпата за глодалка (2) со назабена завртка (4).

Со пеперутка-завртката на паралелниот граничник (24) поставете ја саканата длабочина на граничникот.

Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно движење и страничен притисок на паралелниот граничник по должината на работ од делот што се обработува.

Помагалото при водење (25) служи за глодање на рабови со глодалка без чивии-водилки или кугличесто лежиште. Прицврстете го помагалото при водење на корпата за глодалка (2) со навртка (4).

Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка со еднаков притисок.

Странично растојание: За да ја промените количината на отстранет материјал, можете да го подесите страничното растојание помеѓу делот за обработка и лизгачкиот валјак (28) на помагалото при водење (25). Олабавете ја пеперутка-завртката (26), поставете го страничното растојание со вртење на пеперутка-завртката (27) и повторно затегнете ја пеперутка-завртката (26).

Висина: Во зависност од употребената глодалка и дебелината на делот што се обработува подесете го вертикалното израмнување на помагалото при водење. Олабавете ја навртката (4) на помагалото при водење, притиснете го истото во саканата позиција и повторно затегнете ја завртката.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и

спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GLF 18V-8 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLF 18V-8 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 183).

Shqip

Udhëzime sigurie

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLF 18V-8 Professional

Категорија : фреза