GDS 18 E Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDS 18 E Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDS 18 E Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDS 18 E Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDS 18 E Professional BOSCH
OBJ_BUCH-275-005.book Page 174 Friday, September 2, 2016 3:02 PMМакедонски | 175 Bosch Power Tools 1 609 92A 39M | (2.9.16) Македонски
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за пневматски
напомени пред монтажата, употребата, поправката,
одржувањето и замената на делови од опремата како и
работење во близина на пневматските алати. Доколку
не внимавате на следните безбедносни напомени, може
да настанат сериозни повреди.
Добро чувајте го упатството за безбедносни напомени
и дајте ги истите на лицето што ги користи.
Безбедност на работното место
Внимавајте на површините, кои при користењето на
машината може да се склизнат, како и на опасноста
од сопнување што може да ја предизвика
воздушното или хидрауличното црево. Лизгањето,
сопнувањето и превртувањето се главни причини за
повреди на работното место.
Не работете со пневматскиот алат во околина каде
постои опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. При обработка на делот
може да настанат искри, кои може да ја запалат правта
Држете ги подалеку луѓето што посматраат, децата и
посетителите, додека го користите пневматскиот
алат. Доколку другите луѓе ви го попречат вниманието,
може да ја изгубите контролата над уредот.
Безбедност на пневматските алати
Воздушната струја никогаш не
себе или наспроти други лица и држете ги дланките
понастрана од ладниот воздух. Компресираниот
воздух може да предизвика сериозни повреди.
Контролирајте ги приклучоците и каблите за
напојување. Сите сервисни компоненти, спојки и црева
мора да се постават по однос на притисокот и количината
на воздух во согласност со техничките податоци.
Пренискиот притисок ги нарушува функциите на
пневматскиот алат, а превисокиот притисок може да
доведе до материјални штети и повреди.
Заштитете ги цревата од превиткување, стеснување,
средства за растворање и остри рабови. Цревата
држете ги далеку од топлина, масло и ротирачки
делови. Веднаш заменете го оштетеното црево.
Оштетениот кабел за напојување може да доведе до
замотување на пневматското црево и да предизвика
повреди. Прашината или струготините што летаат може
да предизвикаат тешки повреди на очите.
Внимавајте, држачите за црева секогаш да бидат
добро затегнати. Незацврстените или оштетени
жачи за црево може да предизвикаат
неконтролирано испуштање на воздухот.
Бидете внимателни како работите и разумно
користете го пневматскиот алат. Не ги користете
пневматските алати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание при употребата на пневматскиот алат
може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на лична заштитна опрема, како
заштита при дишење, безбедносни чевли за заштита од
лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, според
упатствата на вашиот работодавец или во согласност со
работните или прописите за заштита на здравјето го
намалува ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на
алатите. Осигурете се дека пневматскиот алат е
исклучен пред да го приклучите на напојување со
воздух, пред да го земете или носите. Доколку при
носењето на пневматскиот алат, сте го ставиле прстот
на прекинувачот за вклучување/исклучување или сте
го приклучиле пневматскиот алат додека е вклучен на
напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување, пред да го
вклучите пневматскиот алат. Алатот за подесување
што се наоѓа на ротирачки дел на пневматскиот алат,
може да доведе до повреди.
Не ги преценувајте своите способности. Застанете
во стабилна положба и постојано држете
рамнотежа. Стабилната положба при стоење и држење
на телото овозможуваа подобро да го контролирате
пневматскиот алат при појава на неочекувани
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
Излезниот воздух не го вдишувајте директно.
Внимавајте да не ви влезе излезниот воздух во
очите. Излезниот воздух од пневматскиот алат може да
и вода, масло, честички метал и нечистотија од
компресорот. Ова може да предизвика здравствени
Грижливо користење и постапување со пневматските
Користете уреди за затегнување или менгеме за да
го зацврстите или потпрете делот што се
обработува. Доколку делот што се обработува го
држите цврсто со раката или го притискате на телото,
нема да можете сами да го контролирате уредот.
Не го преоптоварувајте пневматскиот алат.
Користете го соодветниот пневматски алат за
Вашата работа. Со соодветниот пневматски алат ќе
работите подобро и посигурно во зададениот домен на
Не го користете пневматскиот алат, доколку има
дефектен прекинувач за вклучување/исклучување.
OBJ_BUCH-275-005.book Page 175 Friday, September 2, 2016 3:02 PM176 | Македонски
1 609 92A 39M | (2.9.16) Bosch Power Tools
Пневматскиот алат кој повеќе не може да се вклучи или
исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се
Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле алатот. Овие превентивни мерки го
спречуваат невнимателниот старт на пневматскиот
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
пневматските алати кои не ги користите. Овој
пневматски алат не смее да го користат лица кои не
се запознаени со него или не ги имаат прочитано
овие упатства. Пневматските алати се опасни, доколку
ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо пневматските алати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот алат. Поправете ги оштетените делови
пред користењето на пневматскиот алат. Многу
несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните
Користете ги пневматските алати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши. На тој
начин создавањето прав, вибрациите и создавањ
бучава ќе се намалат што е можно повеќе.
Пневматскиот алат треба да се употребува и
подесува исклучиво од страна на квалификувани и
школувани корисници.
Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот алат.
Безбедносни напомени за пневматски ударни
Проверете дали е читлива спецификационата
плочка. Доколку не е, заменете ја кај производителот.
Доколку се скрши делот што се обработува или еден
од деловите на опремата или пак пневматскиот
уред, деловите може да излетаат со голема брзина.
При користење како и поправки или одржување,
како и при размена на делови од опремата на
пневматскиот алат секогаш треба да носите заштита
за очите отпорна на удари. Степенот на потребната
заштита треба да се процени посебно за секоја
Никогаш не го вклучувајте пневматскиот алат,
додека го носите. Ротирачкиот прифат на алатот може
да ја зафати облеката или косата и да доведе до
Носете припиени ракавици. Дршките од
пневматските алати стануваат ладни поради струењето
на компресиран воздух. Топлите дланки се помалку
чувствителни на вибрациите. Широките ракавици може
да се зафатат од ротирачките делови.
Држете ги дланките подалеку од работ на клучот за
втиснување и ротирачките алати за вметнување.
Никогаш не ги притискајте ротирачкиот алат за
вметнување или погонот. Може да се повредите.
Бидете претпазливи при ограничени работни
околности. Поради реакциските вртеж
може да настане опасност од заглавување или
Корисниците и персоналот за одржување мора да
бидат физички подготвени за да може да ја
поднесат големината, тежината и јачината на
Бидете подготвени на неочекувани движења на
пневматскиот алат, кои може да настанат како
последица од реакциската сила или кршењето на
алатот што се вметнува. Држете го пневматскиот
алат цврсто и застанете со телото и рацете во
позиција во која ќе може да ги задржите овие
движења. Со почитување на овие мерки за
предупредување може да се избегнат повреди.
Користете помошни средства за прифат на
реакциските моменти како на пр. уред за потпора.
Доколку ова не е возможно, употребете
При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
Додека работите со овој пневматски алат, застанете
во удобна позиција, внимавајте на држењето и
избегнувајте неповолни позиции или позиции во кои
е тешко да држите рамнотежа. За време на
на работа, корисникот треба повремено да
го промени држењето на телото, што може да
помогне при избегнувањето на непријатности и
Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
OBJ_BUCH-275-005.book Page 176 Friday, September 2, 2016 3:02 PMМакедонски | 177
Bosch Power Tools 1 609 92A 39M | (2.9.16)
Не ги допирајте фасонките или деловите од
опремата за време на ударниот процес, бидејќи тоа
може да ја зголеми опасноста од сечење, горење
или повреди додека траат вибрациите.
Користете само ударни насадни клучеви во добра
работна состојба. Доколку насадните клучеви и
деловите од опремата не се во исправна состојба, може
да се случи тие да се скршат и да се исфрлат при
користењето на ударните одвртувачи.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Избегнувајте контакт со кабли под напон.
Пневматскиот алат не е изолиран, и контактот со кабел
е да доведе до електричен удар.
Правта што настанува при
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
– олово во боите и лаковите што содржат олово;
– кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
–арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава
може да влијае на губењето на слухот.
При обработката на парчето материјал може да
настане дополнителна бучава, што може да се
избегне со соодветни мерки, како на пример
користење на изолациони материјали, доколку се
појавуваат звуци на ѕвонење на делот што се
Доколку пневматскиот алат има придушувач, треба
постојано да контролирате, дали при користењето
на пневматскиот алат истиот е на место и дали се
наоѓа во добра работна состојба.
Влијанието на вибрациите може да предизвика
оштетувања на нервите, пречки во крвната
циркулација во дланките и рацете.
Доколку утврдите дека кожата на вашите прсти или
дланки е тврда, ве чеша, боли или се обоила во бело,
запрете ја работата со пневматскиот уред,
известете го вашиот работодавец и консултирајте
Не користете истрошени или приклучоци и
продолжетоци кои не одговараат. Ова може да
доведе до зајакнување на вибрациите.
За држење на тежината на пневматскиот алат,
доколку е возможно, користете пулт, балансер со
пружина или уред за израмнување.
Пневматскиот уред држете го со сигурен фат, по
однос на реакциските сили на дланката. Вибрациите
може да се зајакнат, доколку поцврсто го држите
Доколку се користат универзални ротирачки спојки
(канџести спојки), мора да се вметнат и клинови за
заклучување. Користете Whipcheck-осигурувач за
црево, за да имате заштита во случај на дефект на
њето на цревото со пневматскиот алат или
меѓусебно спојување на цревата.
Не го носете пневматскиот алат држејќи го за
Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување, внимавајте на тоа, алатот
најпрво да го прицврстите во уредот, пред да го
приклучите на напојување со воздух. На тој начин
нема невнимателно да го употребите.
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот пневматски алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
Прочитајте ги и внимавајте на
сите напомени пред монтажата,
употребата, поправката,
одржувањето и замената на
делови од опремата како и
работење во близина на
пневматските алати. Доколку не
внимавате на следните
безбедносни напомени и упатства,
може да настанат сериозни
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
Носете заштитни очила.
OBJ_BUCH-275-005.book Page 177 Friday, September 2, 2016 3:02 PM178 | Македонски 1 609 92A 39M | (2.9.16) Bosch Power Tools Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на пневматскиот алат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Пневматскиот алат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови како и за зацврстување и
отшрафување на мутери во дадените граници на
Не се дозволени други примени, напр. дупчење, мешање,
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на пневматскиот алат на графичката страница.
1 Зашрафување/одвртување
3 Обрач за закачување
4 Прекинувач за менување на правецот на вртење
5 Држачи за приклучокот за доводот за воздух
6 Капаче за затворање
8 Излез на воздух со придушувач
9 Прекинувач за вклучување/исклучување
11 Прстен за задржување на прифатот за алат
12 Алат за вметнувањ
е (напр. клучеви за втиснување
според DIN 3129 за шестаголни шрафови)
14 Црево за довод на воздух
15 Шраф за затворање Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека производот опишан
во „Технички податоци“ е сообразен со сите релевантни
одредби на директивата 2006/42/EG вклучително и
нивните промени, како и со следните норми:
Вртежи или движења во
кубни стапки по минута
Ознака за надворешна
ознака за метрички ситен
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN ISO 11148 и може да се
користи за меѓусебна споредба на пневматски алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на
оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на пневматскиот алат. Доколку пневматскиот алат се користи за
други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој пневматскиот алат
е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањ
вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.:
одржувајте ги внимателно пневматските алати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките,
организирајте го текот на работата.
Пневматски ударен одвртувач
Број на празни вртежи n
макс. момент на извлекување
Шраф за затворање 15
Зашрафување/одвртување 1
Моторно масло SAE 40
Продолжеток за вретеното
макс. работен притисок на алатот
Навој на приклучокот на цревото
Потрошувачка на воздух во празен од
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN ISO 15744.
Нивото на звук на пневматскиот алат оценето со
A, типично изнесува:
Ниво на звучен притисок L
Ниво на звучна јачина L
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
Извлекување на шрафови и мутери со
OBJ_BUCH-275-005.book Page 179 Friday, September 2, 2016 3:02 PM180 | Македонски 1 609 92A 39M | (2.9.16) Bosch Power Tools Монтажа
Уреди за безбедно ракување
Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Со обрачот за закачување 3 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
– Зашрафете го горниот, преден шраф 1 со внатрешен
шестаголен клуч (види „Технички податоци“) во правец
спротивен на стрелките од часовникот на куќиштето на
пневматскиот алат. Извадете ја подлошката 2 и ставете ја
на шрафовите 1. Зашрафете го држачот за закачувањ
со шрафовите и подлошките во правец на стрелките од
часовникот на куќиштето од пневматскиот алат.
Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Приклучок на напојувањето со воздух
Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци“. За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
– Извадете го капачето за затворање 6 од приклучните
додатоци на доводот за воздух.
– Зашрафете спојница за црево 7 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 5.
За да избегнете оштетувањ
а на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 7 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 5 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
–Олабавете ги држачите за 13 цревото за довод на
воздух 14, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 7, при што ќе го зацврстите
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
– Поставете го алатот за вметнување 12 на
четириаголниот прифат за алат 10. Внимавајте на тоа,
прстенот за задржување 11 да се заклучи во жлебот на
алатот што се вметнува.
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
приклучување (види „Технички податоци“).
Не користете адаптер.
Вадење на алатот за вметнување
ете го надолу алатот за вметнување 12 од
прифатот за алат 10. Доколку е премногу зацврстен
алатот за вметнување, може да го олабавите со лесен
удар со гумен чекан.
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
да го вклучите пневматскиот алат. Доколку, на
пример, сакате да одвртите шраф, а правецот на
вртење е поставен за зашрафување на шрафот, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
Поставување на правецот на вртење и вртежниот
момент (види слика B)
Прекинувачот за правец на вртење 4 служи како за
поставување на правецот на вртење така и за поставување
на вртежниот момент.
Прекинувачот за правец на вртење активирајте го
само доколку апаратот е во состојба на мирување.
„Forward“ стои за десен тек.
– Десен тек: За зашрафување на шрафови и мутери
свртете го прекинувачот за правец на вртење 4 во
правец на стрелките на часовникот на 1 (најнизок
вртежен момент), 2 или до крај (највисок вртежен
– Лев тек: За олабавување на шрафови и мутери свртете
го прекинувачот за правец на вртење 4 во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
0 607 450 615/... 616/... 618/... 619
– Десен тек: За зашрафување на шрафови и мутери
свртете го прекинувачот за правец на вртење 4 во
правец спротивен на стрелките на часовникот на 1
(најнизок вртежен момент), 2 или до крај на 3 (највисок
– Лев тек: За олабавување на шрафови и мутери свртете
го прекинувачот за правец на вртење 4 во правец на
стрелките од часовникот.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 10. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
– За Вклучување на пневматскиот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
ње на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
Напомена: Потребниот вртежен момент и времетраењето
на постапката на одвртувањето зависат од видот на
сврзувањето и може да се одредат со практичен обид.
Проверете го зашрафувањето со електронски мерен уред
за вртежен момент или момент-клуч. Откако ќе ги
дознаете оптималниот вртежен момент и времетраењето
на постапката на одвртувањето, во следните слични
процеси на одвртување 9 секогаш држете го притиснат
Совети при работењето
Алатот за вметнување ставете го на
мутерот/шрафот само доколку е исклучен
одвртувачот. Ротирачкиот алат за вметнување може да
се слизне од мутерот/шрафот.
При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и проверете
дали пневматскиот алат има зголемени вибрации.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Редовно чистење (види слика C)
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 7 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
Честичките вода и нечистотија што ги
содржи компресираниот воздух може да
предизвикаат создавање на р'ѓа и
истрошеност на ламелите, вентилите итн. За
да се спречи ова, во доводот за воздух 5
треба да капнете неколку капки моторно масло. Повторно
приклучете го пневматскиот алат на напојување со воздух
(види „Приклучок на напојувањето со воздух“,
страна 180) и оставете го да работи 5 –10 с, додека не го
соберете маслото што капе со една крпа. Доколку
пневматскиот алат не се користи подолго време, оваа
постапка треба да ја повторите.
Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат од
стручен персонал и доколку е потребно да бидат
Подмачкување на пневматскиот алат
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
По околу 100000 зашра
фувања ударниот механизам
мора да се подмачка. Притоа, свртете го ударниот
одвртувач, така што дршката ќе покажува нагоре.
Отшрафете го шрафот за затворање 15 со соодветен
внатрешен шестаголен клуч (види „Технички податоци“)
во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Еколошки испразнете го старото масло. Наполнете
моторно масло во отворот на шрафот за затворање во
ударниот механизам. Количината на моторното масло што
треба да се наполни погледнете ја во табелата за моторно
масло (види „Технички податоци“. Вишокот масло
избришете го со мека крпа. Повторно зашрафете го
шрафот за затворање 15
во правец на стрелките на
OBJ_BUCH-275-005.book Page 181 Friday, September 2, 2016 3:02 PM182 | Македонски
Подмачкување на пневматски алати, што не спаѓаат во
Кај сите пневматски алати на Bosch, што не спаѓаат во
серијата CLEAN (специјален мотор со компресиран
воздух, кој функционира со обезмастен компресиран
воздух), компресираниот воздух што струи треба
постојано да се меша со маслена магла. Потребниот
подмачкувач за компресиран воздух се наоѓа на
единицата за одржување на компресиран воздух на
пневматскиот алат (деталите за тоа може да ги добиете кај
производителите на компресори).
да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com или
кај вашиот добавувач.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на пневматскиот алат.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
Пневматскиот алат, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Прописно отстранете ги ламелите од моторот!
Ламелите од моторот содржат тефлон. Не загревајте
над 400 °C, бидејќи може да настане пареа која е
штетна по здравјето.
Доколку вашиот пневматски алат не е повеќе употреблив,
предадете го во центар за рециклажа или пратете го во
овластената сервисна служба на Bosch.
Се задржува правото на промена.
Notice Facile