GSR 645 TE Professional BOSCH

GSR 645 TE Professional - шрафцигер BOSCH - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil GSR 645 TE Professional BOSCH au format PDF.

Page 105
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : BOSCH

Modèle : GSR 645 TE Professional

Catégorie : шрафцигер

Téléchargez la notice de votre шрафцигер au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice GSR 645 TE Professional - BOSCH et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil GSR 645 TE Professional de la marque BOSCH.

MODE D'EMPLOI GSR 645 TE Professional BOSCH

Македонски Страница 104

работен инструмент може да се изметне.

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за

Прочитајте ги сите безбедносни

предупредувања, илустрации и

спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите

упатства приложени подолу може да доведе до струен

удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и

упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните

предупредувања се однесува на електрични апарати што

користат струја (кабелски) или апарати што користат

батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да

доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи

течности, гасови или прашина. Електричните алати

создаваат искри коишто може да ја запалат прашината

или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може

да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го

менувајте приклучокот. Не користите приклучни

адаптери со заземјените електрични алати.

Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници

го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик

од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат,

ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или 1 609 92A 4NG | (11.04.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 105

исклучување од струја на електричниот алат.

Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри

ивици или подвижни делови. Оштетени или

заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено,

користете продолжен кабел соодветен за

надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува

ризикот од струен удар.

u Ако мора да работите со електричен алат на влажно

место, користете заштитен уред за диференцијална

струја (RCD). Користењето на RCD го намалува

ризикот од струен удар.

u Бидете внимателни, внимавајте како работите и

работете разумно со електричен алат. Не

користете електричен алат ако сте уморни или под

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент

на невнимание додека работите со електричните алати

може да доведе до сериозна лична повреда.

u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете

заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,

маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се

лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат

за соодветни услови, ќе доведат до намалување на

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали

прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во

струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете

или носите алатот. Носење на електричните алати со

прстот позициониран на прекинувачот или

вклучување во струја на електричните алати чијшто

прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.

u Отстранете каков било клуч за регулирање или

француски клуч пред да го вклучите електричниот

алат. Француски клуч или клуч прикачен за

ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе

u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано

одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова

овозможува подобра контрола на електричниот алат

во непредвидливи ситуации.

u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и

накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку

од подвижните делови. Широката облека, накитот

или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење

прашина и собирање предмети, проверете дали се

правилно поврзани и користени. Собирањето

прашина може да ги намали опасностите

предизвикани од неа.

u Не дозволувајте искуството стекнато со честа

употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги

игнорирате безбедносните принципи при нивното

користење. Невнимателно движење може да

предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

u Не го преоптоварувајте електричниот алат.

Користете соодветен електричен алат за намената.

Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно

и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.

u Не користете електричен алат ако не можете да го

вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се

контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или

извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да

правите некакви прилагодувања, менувате

дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно

вклучување на електричниот алат.

u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат

на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова

упатство да работат со истиот. Електричните алати

се опасни во рацете на необучени корисници.

u Одржување на електрични алати и дополнителна

опрема. Проверете го порамнувањето или

прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно

да влијаат врз функционирањето на електричниот

алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат

на поправка пред да го користите. Многу несреќи се

предизвикани заради несоодветно одржување на

u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно

одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се

виткаат и полесно се контролираат.

u Електричниот алат, дополнителната опрема,

деловите и др., користете ги во согласност со ова

упатство, внимавајте на работните услови и

работата која ја вршите. Користењето на

електричниот алат за други намени може да доведе до

u Рачките и површините за држење одржувајте ги

суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за

држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно

ракување и контрола на алатот во непредвидливи

u Електричниот алат сервисирајте го кај

квалификувано лице кое користи само идентични

резервни делови. Со ова се овозможува безбедно

одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за одвртувачи

u Држете го електричниот алат за изолираната

површина додека сечете, за прицврстувачот да не

Bosch Power Tools 1 609 92A 4NG | (11.04.2019)106 | Македонски

дојде во контакт со скриена жица или со неговиот

кабел. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица

под напон“, може да ги изложат металните делови на

електричниот алат „под напон“ и операторот може да

добие струен удар. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или

консултирајте се со локалното претпријатие за

снабдување со електрична енергија. Контактот со

електрични кабли може да доведе до пожар и струен

удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до

експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки

предизвикува оштетување и може да предизвика

електричен удар. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да

настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,

тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто

отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.

Алатот што се вметнува може да се блокира и да

доведе до губење контрола над уредот.

Опис на производот и

Прочитајте ги сите безбедносни напомени

и упатства. Грешките настанати како

резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за завртување и

одвртување на завртки.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на

приказот на електричниот алат на графичката страница.

Чаура за затворање на краеви

Чаура за подесување на граничникот за

завртување/одвртување

Граничник за завртување

Копче за фиксирање на прекинувачот за

вклучување/исклучување

Прекинувач за вклучување/исклучување

Прекинувач за менување на правецот на вртење

Илустрираната или опишана опрема не е дел од

стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може

да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Број на вртежи во празен од min

0–2 500 0–3 000 0–4 500

Номинален број на вртежи min

0–1 700 0–1 700 0–3 000

Прифат на алатот ¼" шестоаголен

Број на вртежи во празен од min

0–5 000 0–6 000 0–6 500

Номинален број на вртежи min

0–3 000 0–4 500 0–4 500

Прифат на алатот ¼" шестоаголен

Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата

Информации за бучава/вибрации

GSR 6-25 TE GSR 6-45 TE GSR 6-60 TE

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со A, типично изнесува

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и

вредноста на емисијата на бучава се измерени според

мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу

електрични алати. Исто така може да се прилагоди за

предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата

на бучава ги претставуваат главните примени на

електричниот алат. Доколку електричниот алат се

користи за други примени, алатот што се вметнува

отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото

на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да

отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото

на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот

За прецизно одредување на нивото на вибрации и

емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот

во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот

кога е во употреба. Ова може значително да го намали

нивото на вибрации и емисијата на бучава во

целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за

заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,

како на пр.: одржување на електричните алати и алатите

за вметнување, одржување на топлината на дланките,

организирање на текот на работата.

Монтажа u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Промена на алат (види слика A)

Извлечете го граничникот за длабочина (4) нанапред.

Извадете го битот за завртување (1). По потреба може да

го извадите и универзалниот држач за битови (10) и да го

По успешната замена на алатот, повторно вметнете го

граничникот за длабочина .

Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е

наведен на спецификационата плочка на

Bosch Power Tools 1 609 92A 4NG | (11.04.2019)108 | Македонски

електричниот уред. Електричните алати означени

со 230V исто така може да се користат и на 220V.

Поставете го правецот на вртење

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)

може да го промените правецот на вртење на

електричниот алат. Доколку прекинувачот за

вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е

– Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го

прекинувачот за менување на правец на вртење (8) на

– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки

притиснете го прекинувачот за менување на правецот

на вртење (8) на десно до крај.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат

притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување

(7) и држете го притиснат.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за

вклучување/исклучување (7) притиснете го копчето за

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го

прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн.

доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6),

кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/

исклучување (7) и потоа отпуштете го.

Поставување на број на вртежи

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може

да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку

подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/

исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со

зголемување на притисокот се зголемува и бројот на

Подесување на длабочината на завртување (види

Со чаурата за подесување (3) со вртење во 8 степени

може однапред да се избере длабочината на завртување

на главата на одвртувачот во делот што се обработува.

Секој степен одговара на промената на длабочината за

завртување за 0,25mm.

Вртењето на чаурата за подесување (3) во правец на

стрелките на часовникот резултира со поголема

длабочина на завртување, а вртењето во правец

спротивен на стрелките на часовникот со помала

длабочина на завртување.

Најдобро ќе подесите доколку направите пробно

Совети при работењето

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Електричниот алат ставете го на навртката/

завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите

што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да

Ставете ја завртката на битот за завртување (1).

Завртката се држи со помош на магнет на универзалниот

држач на битови (10). Притиснете го врвот на завртката

цврсто на материјалот што се обработува, додека

граничникот за одвртување (4) не застане на делот што

Вклучете го електричниот алат. Завртката ќе се завртува

во делот што се обработува, додека не се постигне

поставената длабочина. Спојката за погонот е отпуштена:

прифатот на алатот не се врти повеќе. Контролирајте ја

длабочината на завртување и ев. подесете ја.

За одвртување на завртки поставете го прекинувачот за

правец на вртење (8) на лев тек и извлечете го

граничникот за одвртување (4) нанапред, без да ја

вадите чаурата за подесување.

Може да работите и со поставен граничник за

одвртување (4), откако ќе ја подесите длабочината на

Со држачот за појас (5) може да го закачите

електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе

ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на

дофат во секое време.

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите

за проветрување, за да може добро и безбедно да

Доколку е потребно користење на приклучен кабел,

тогаш набавете го од Bosch или специјализирана

продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете

загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во

врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ

како и резервните делови. Ознаки за експлозија и

информации за резервните делови исто така ќе најдете

на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви

помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве

молиме наведете го 10-цифрениот број од

спецификационата плочка на производот.

Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се

отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во

домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за

електрични и електронски уреди и нивната

имплементација во националното право, електричните

алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и

да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

EU-Изјава за сообразност

Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во

согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и

прописи и се во согласност со следните норми.

Техничка документација кај: *