BOSCH GCM 8 SJL - Пила

GCM 8 SJL - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCM 8 SJL BOSCH во PDF формат.

📄 463 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GCM 8 SJL - page 284
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GCM 8 SJL BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCM 8 SJL - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCM 8 SJL на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCM 8 SJL BOSCH

Македонски...... Страница 283

Srpski ...... Strana 297

Slovenščina ....Stran 308

Hrvatski....Stranica 319

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што

284 | Македонски

користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат

за соодветни услови, ке доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.

▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни предупредувања за аголни пили

▶ Аголните пили се наменети за сечење дрво или слични производи, не може да се употребуваат со абразивни дискови за сечење на обоени метали, како на пр. шипки, прачки, шајки и др. Абразивната прашина предизвикува блокирање на ротирачките делови, како што е долниот штитник. Искрите од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови.
▶ Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото.
▶ Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.
▶ Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува.

За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, включете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врвот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот.

▶ Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е много опасно.
He посегнувајте зад граничникот на растојание помало од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или заради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите.
▶ Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува.
He ja употребувајте пилата ако на масата, освен делот што се обработува, има алати, дрвени остатоци и др. Мали остатоци или расфрлани парчиња дрво или други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило може да се расфрлат со голема бразина.
▶ Сечете само еден дел истовремено. Повеје парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето.
▶ Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамна и цврста работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна.
Испланирајте ја работата. Кога ће ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот.
▶ Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и

286 | Македонски

др., за дел што се обработува кој е поширок или подолг од горниот дел на масата. Ако деловите што се обработуваат се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсечен дел или дел што се обработува се навали, може да го подигне долниот штитник или да биде отфрлено од ротирачкото сечило.

▶ Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помощникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должина, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото.
▶ Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ке се намали ризикот делот што се обработува да биде отфрлен.
▶ Ако делот што се обработува или сечилото се заглави, исключете ја аголната пила. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исключете го приклучокот од струја и/или извадете го пакувањето со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавен дел што се обработува може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата.
Откако ће завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сё уште врти е опасно.
▶ Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда.
▶ Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
▶ Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар.

▶ Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
▶ Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на овој електричен алат, може да има опасност за лицата.
▶ Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за сечење, додека е включен електричниот уред. Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исключете го електричниот апарат.
▶ Не го факајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
He ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
▶ Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување (види табела „Ознаки и нивно значење“).

BOSCH GCM 8 SJL - | Македонски - 1

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така

може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не користете оптички собирни инструменти како двогледи итн. за набљудување на изворот на зрачење. Со тоа можете да ги оштетите вашите очи.
▶ Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица коишто гледаат низ стакло или слично. Со тоа можете да ги оштетите нивните очи.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред. Можностите за подесување опишани во ова упатство за употреба можете безбедно да ги користите.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ласерски зрак Не гледајте директно во оптичкиот телескоп Класа на ласер 1М

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 1

Носете маска за заштита од прав.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 2

Носете заштитни очила.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 3

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 4

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 5

При сечење со закосување, подесливата гранична водилка мора да се повлече нанадвор.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 6

Деловите што се обработуваат мора да се потпрат или да се постават на продолжетоците на масата за пила.

ø max. 216mm

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 7

ø 30 mm

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила

мора да одговара на податоците на ознаката.

BOSCH GCM 8 SJL - Ознаки - 8

Затегнувачкиот лост е затворен:

Ке се задржи поставениот вертикален агол на закосување на кракот на алатот.

Затегнувачкиот лост е отворен: Може да се поставуваат вертикални агли на закосување.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GCM 8 SJL - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или

тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Наменета употреба

Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво, како фиксен уред. Притоа се возможни хоризонтални агли на закосување од -52^ до +60^ , како и вертикални агли на закосување од -2^ до +47^ .

Капацитетот на електричниот алат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и лесонит.

Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и сечење на алуминиумски профили и пластика.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Механизам за влечење
(2) Исфрлувач на струготини
(3) Транспортна дршка
(4) Завртка за подесување на граничникот за длабочина
(5) Заштитно капаче за ласерот
(6) Лизгачки валјак
(7) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Дршка
(10) Заштитен капак
(11) Осцилаторен заштитен капак
(12) Сечило за пила
(13) Продолжеток за масата за пилата

288 | Македонски

(14) Гранична водилка
(15) Подеслива гранична водилка
(16) Маса за пила
(17) Затезен лост за продолжување на масата за пилата
(18) Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
(19) Плоча за вметнување
(20) Стега за фиксирање
(21) Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално)
(22) Лост за претходно поставување на аголот на закосување (хоризонтално)
(23) Заштита од превртување
(24) Агломер за аголот на закосување (хоризонтално)
(25) Жлебови за стандарден агол на закосување (хоризонтално)
(26) Отвори за монтажа
(27) Жлебови за држење
(28) Столарска стега
(29) Граничник за стандардните агли на закосување 45°, 22,5° и 33,9° (вертикално)
(30) Одбивач на струготини
(31) Граничник за длабочина
(32) Завртка за фиксирање на механизмот за влечење
(33) Клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm)
(34) Отвори на столарската стега
(35) Граничник за должина ^4
(36) Транспортен осигурувач
(37) Натпис за предупредување на ласерот
(38) Прекинувач за вклучување/исклучување за ласер (означување на линијата на сечење)

(39) Затегнувачки лост за саканиот агол на закосување (вертикално)
(40) Скала за аголот на закосување (вертикално)
(41) Агломер за аголот на закосување (вертикално)
(42) Граничник за стандарден агол на закосување 0° (вертикално)
(43) Блокада за вретеното
(44) Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на сечилото за пила
(45) Стезна прирабница
(46) Внатрешна стезна прирабница
(47) Завртка за блокирање на подесливата гранична водилка
(48) Навојна прачка
(49) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(50) Завртки за плочата за вметнување
(51) Завртка за блокирање на граничникот за должина ^A)
(52) Завртка за затегање на граничникот за должина ^A)
(53) Завртка за подесување на позиционирањето на ласерот (паралелност)
(54) Завртка за агломерот (вертикално)
(55) Завртка-граничник за 0°-агол на закосување (вертикално)
(56) Завртка-граничник за 45°-агол на закосување (вертикално)
(57) Завртка за агломерот (хоризонтално)
(58) Завртка за подесување на скалата за аголот на закосување (хоризонтално)
(59) Леплива лента
(60) Поклопец за ласерската лека

A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Пила за оплата GCM 8 SJL GCM 8 SJL GCM 8 SJL GCM 8 SJL GCM 8 SJL
Број на дел/артикл3 601 M19 161 3 601 M19 1.. 3 601 M19 1C1 3 601 M19 1813 601 M19 1B13 601 M19 1K13 601 M19 1413 601 M19 1L1
Номинална јачинаW 1250 1600 1250 1400 1600
Број на вртежи во празен од min^-1 5600 5600 5600 5600 5600
Ограничување на стартната струја● ● ● ● ●
Тип на ласер Nm 650 650 650 650 650
mW < 0,39 < 0,39 < 0,39 < 0,39 < 0,39
Класа на ласер 1M 1M 1M 1M 1M

Пила за оплата GCM 8 SJL GCM 8 SJL GCM 8 SJL GCM 8 SJL GCM 8 SJL

Отстапување на ласерската линијаmrad(целосе н агол)1,01,01,01,01,0
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg17,317,317,317,317,3
Класа на заштита/II/II/II/II/II/II/II/II/II

Димензии за соодветни сечила за пила

Дозволени димензии на делот што се обработува (види „Дозволени димензии на делот што се обработува“, Страница 293)
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информација за бучава

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-3-9.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 99 dB(A); ниво на звучна јачина 112 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.

Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Монтажа

▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот алат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот алат, струјниот приключок не смее да се приклучува на напојување на струја.

Обем на испорака

Пред првата употреба на електричниот алат проверете дали се испорачани сите делови кои наведени долу:

– Пила за оплата со монтиран сечило на пилата
- Столарска стега (28)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (33)

Напомена: Проверете дали електричниот алат има оштетувања.

Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.

Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.

Фиксна или флексибилна монтажа

▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).

– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (26). или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со обични столарски стеги на работната површина.

290 | Македонски

GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.

▶ Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса.

Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

▶ Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.

– Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.

Доколку, во ислучителни случаи, не е возможно да го монтирате електричниот алат на рамна и стабилна работа подлога, може привремено да го поставите со заштита од превртување.

▶ Без заштитата од превртување, електричниот алат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимальни хоризонтални и/или вертикални агли на закосување.

– Свртете ја заштитата од превртување (23) навнатре или нанадвор додека електричниот алат не застане ramно на работната површина.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

– Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.

Надворешно всисување

За всисување, на исфрлувают на струготини (2) може да приключите и црево за всисување на прав (∅ 35 mm).

– Поврзете го цревото за всисување на прав со исфрлувачот на струготини (2).

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Замена на сечилото за пила (види слики b1-b4)

▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.

Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на вртежи во празен од на Вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова їе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.

Вадење на сечилото за пила

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
    – Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (44) со клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm) (33) и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното (43), додека не се вклопи.
    – Држете ја притисната блокадата на вретеното (43) и одвртете ја завртката (44) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
  • Извадете ја стезната прирабница (45).
    – Навалете го заштитниот капак со повратен механизмам (11) до крај наназад.
    – Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција и извадете го сечилото за пила (12).
    – Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Монтирање на сечилото за пила

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (11). Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (46).
▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаға со правецот на стрелката на заштитниот капак!
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (45) и завртката со внатрешна шестаголна глава (44). Притиснете ја блокадата на вретеното (43), додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Употреба

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Транспортниот осигурувач (36) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.

Отклучување на електричниот алат (работна позиција)

– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9), за да го ослободи транспортниот осигурувач (36).

Поместување на граничната водилка

(види слики C-D)

– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (36).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)

– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување (4) сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (16) затегнете го копчето за фиксирање (21).
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Водете ја рачката на алатот надолу додека транспортниот осигурувач (36) целосно не се притисне навнатре.

Подготовка за работа

Продолжување на масата за пилата (види слика В)

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Масата за пила може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците (13).

– Преклопете го нагоре затегнувачкиот лост (17).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за пила (13) до саканата должна.
- За фиксирање на продолжетокот на масата за пила повторно притиснете го надолу затегнувачкиот лост (17).

При сечење на агли со закосување, во зависност од правецот на сечење, морате да ја извлечете нанадвор одн. сосема да ја отстраните левата или десната подеслива гранична водилка (15).

Вертикаленагол назакосувањеХоризонталенагол назакосување
-2^ - 47^ (лево) ≤ 44^ (лево)– Олабавете ја завртката за блокирање (47) .– Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива гранична водилка (15).
-2^ - 47^ (лево) ≥ 45^ (лево)– Олабавете ја завртката за блокирање (47) .– Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива гранична водилка (15).– Подигнете ја подесливата гранична водилка нагоре.– Извадете ја завртката за блокирање (47) .
-2^ - 47^ (лево) ≤ 44^ (десно)– Олабавете ја завртката за блокирање (47) .– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (15) целосно нанадвор.
-2^ - 47^ (лево) ≥ 45^ (десно)– Олабавете ја завртката за блокирање (47) .– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (15) целосно нанадвор.– Подигнете ја подесливата гранична водилка нагоре.– Извадете ја завртката за блокирање (47) .

292 | Македонски

Прицврстување на делот што се обработува (види слика E)

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.

Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.

– Цврсто притиснете го делот што се обработува на граничната водилка (14).

- Вметнете ја испорачаната столарската стега (28) во отворите предвидени за таа намена (34).

– Прилагодете ја навојната прачка (48) на столарската стега според висината на делот што се обработува.

– Цврсто затегнете ја навојната прачка (48) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.

Подесување на хоризонталниот агол на закосување

За правење на прецизни резови, по интензивно користење на електричниот алат мора да проверите во основните поставки и евентуално да го подесите (види „Проверка и подесување на основните поставки“, Страница 294).

Поставување на хоризонтални стандартни агли на закосување (види слика F)

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување, на масата за пила има жлебови (25):

лево десно

45°; 31,6°; 22,5°; 15° 15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (21), доколку е затегнато.
– Повлечете го лостот (22) и свртете ја масата за пила (16) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (21).

Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика G)

Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси во граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната страна).

– Отпуштете го копчето за фиксирање (21), доколку е затегнато.

– Повлечете ја рачката (22) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (20), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ће биде слободно подвижна.

– Вртете ја масата за пила (16) со држачот налево или надесно додека агломерот (24) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.

За хоризонтален агол на закосување над 45°:

Целосно извлечете го продолжетокот на масата за

пила (13) кон надвор (види „ Продолжување на масата за пилата (види слика В)“, Страница 291).

– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (21).

– За повторно да ја олабавите рачката (22) (за поставување на хоризонтални стандартни агли на закосување), повлечете ја рачката нагоре. Стегата за фиксирање (20) скокнува назад во првобитната позиција и рачката (22) може повторно да се вклопи во жлебовите (25).

Подесување на вертикалниот агол на закосување

За правење на прецизни резови, по интензивно користење на електричниот алат мора да проверите во основните поставки и евентуално да го подесите (види „Проверка и подесување на основните поставки“, Страница 294).

Поставување на вертикални стандартни агли на закосување (види слика H)

За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 45°, 22,5° и 33,9°.

– Олабавете го затезниот лост (39).

– Поставете ги граничниците (29) или (42) на следниот начин:

вертикален агол назакосувањеГраничникПоставка
0^ (42)Притиснете го граничникот сосемананазад
45^ (29)Свртете го граничникот сосеманапред
22,5^ (29)Свртете го граничникот во средина
33,9^ (29)Свртете го граничникот наназад

– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) во саканата позиција.

– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (39).

Поставување на вертикален агол на закосување

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од -2^ до +47^ .

- Олабавете го затезниот лост (39).

– Свртете го граничникот (29) целосно наназад и извлечете го граничникот (42) целосно нанапред. Со тоа целото поле на вртење/навалување е на располагање.

– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево или десно, се додека агломерот (41) не го покажува посакуваниот агол на закосување.

– Држете го цврсто кракот на алатот во оваа позиција и повторно затегнете го затегнувачкиот лост (39).

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.

– За ставање во употреба на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувают за включување/исклучување (8) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Исклучување

- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Ограничување на стартната струја

Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16-А.

Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел (види „Сервисна служба и совети при користење“, Страница 296).

Совети при работењето

Општи напомени за сечење

▶ Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање (21) и затегнувачкиот лост (39) пред сечењето.

Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.

▶ При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граниолната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.

Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Проверете дали осцилаторниот заштитен капак може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите кракот на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак

мора да се затвори преку сечилото за пила и да се фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.

Означување на линијата за сечење (види слика J)

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

- За тоа, включете го ласерскиот зрак со прекинувачот (38).

– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.

Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана (види „Подесување на ласерот“, Страница 294). Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.

He се застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.

– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.

– Не ги прекrstувајте дланките пред рачката на алатот.

Дозволени димензии на делот што се обработува

Максимални делови за обработка:

Хоризонталенагол назакосувањеВертикален аголна закосувањеВисина х ширина[mm]

0^0^70× 312

45° (десно/лево) 0° 70 x 225

0^45^45× 312

45° (лево) 45° 45 x 225

45° (десно) 45° 45 x 225

Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега (28) лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm (должина х ширина)

макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 mm

Менување на плочата за вметнување (види слика L)

Црвените плочи за вметнување (19) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.

Заменете ја дефектната плоча за вметнување.

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.

- Одвртете ги завртките (50) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) и извадете ги старите плочи за вметнување.

- Ставете ја новата десна плоча за вметнување.

– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките (50) што е можно подесно, така што по целата должна на можното повлекување на сечилото за пила нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.

– Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева плоча за вметнување.

294 | Македонски

Сечење

▶ Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање (21) и затегнувачкиот лост (39) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.

Сечење без влечење (отсекување) (види слика М)

– За сечење без повлекување (мали делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на алатот до крај во правец на граничните водилки (14) и повторно затегнете ја завртката за фиксирање (32).
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
– Включете го електричниот алат.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исключете го електричниот алат и почекајте додека листот за пилата не дојде целосно во состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Сечење со влечење

– За сечење со помош на механизмот за влечење (1) (широки делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- Поместете го кракот на алатот од граничните водилки (14), додека сечилото за пила не дојде пред делот што се обработува.
– Включете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на граничните водилки (14) и сечете го делот што се обработува со рамномерен притисок.
– Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.

Сечете делови со еднаква должина (види слика N)

За едноставно сечење на исти делови можете да го користите граничникот за должна (35) (опрема).
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете страни на продолжетокот на масата за пила (13).
– Олабавете ја завртката за блокирање (51) и преклопете го граничникот за должна (35) над завртката за затегање (52).
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (51).

– Поставете го продолжетокот на масата за пила (13) на саканата должна (види „ Продолжување на масата за пилата (види слика В)“, Страница 291).

Подесување на граничникот за длабочина (сечење на жлеб) (види слика 0)

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина (31) кон надвор.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во саканата позиција.
- Свртете ја завртката за подесување (4), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина (31).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Специјални делови за обработка

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп међу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила. Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Проверка и подесување на основните поставки

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

▶ Никогаш не го активирајте прекинувают за включување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.

– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.

– На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што, запците од сечилото за пила їе се израмнат со линијата за сечење.

– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Включете го ласерскиот зрак со прекинувачот (38).

Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должна на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот їе се води надолу.

– Свртете ја завртката за подесување (53) со соодветен одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави рамно по целата должна на линијата на сечење на делот што се обработува.

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.

Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 0°

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.

– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (16).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (12).

– Олабавете го затезниот лост (39).
– Притиснете го граничникот (42) соседа наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (55) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по целата должна со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (39).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (55).

Доколку по подесувањето агломерот (41) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (40), олабавете ја завртката (54) со обичен крестест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.

Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 45°

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Свртете го граничникот (29) целосно нанапред.
– Олабавете го затезниот лост (39).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево, додека завртката-граничник не налегне на граничникот (29).

– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за пила (16).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (12).

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (56) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (10mm).
    – Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по целата должна со сечилото за пила.
    – Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (39).
    – Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (56).

Доколку агломерот (41) по подесувањето не е во исталинија со 45°-ознаката на скалата (40), најпрво проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете гоподесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

Израмнување на скалата за хоризонтален агол на закосување

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.

– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка (14) и сечилото за пила (12) на масата за пила (16).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (12).

– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (58) со крестест одвртувач и свртете ја масата за пила (16) заедно со скалата (18), додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата должна на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.

Доколку по подесувањето агломерот (24) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (18), олабавете ја завртката (57) со обичен крестест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.

Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:

– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (31) е притиснат сосема навнатре и завртката за подесување (4) при движењето на кракот на алатот минува низ отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.

296 | Македонски

Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.

– Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (59).
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка (3) или фатете го за жлебовите за држење (27) странично на масата за пила.
▶ За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи слободно и самостояно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист.

Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.

Редовно чистете го лизгачкиот валјак (6).

За чистење на ласерската единица свртете го поклопецот на ласерот (60) нанадвор и отстранете ја правта со четка (види слика U).

Опрема

Број на дел/артикл
Столарска стега 1 609 B04 224
Плочи за вметнување 1 609 B03 717
Вреќичка за прав 1 609 B05 010
Граничник за должина 1 609 B02 365
Завртка за блокирање награничникот за должина1 609 B00 263
Сечила за пила за дрво и плочести материјали,панели и лајсни
Сечило за пила 216 x 30 mm, 48запци2 608 640 641
Сечила за пила за пластика и неметали
Сечило за пила 216 x 30 mm, 80запци2 608 640 447
Број на дел/артикл
Сечило за пила 216 x 25,4 mm, 80 запци2 608 642 993
Сечила за пила за сите видови ламинатни подови
Сечило за пила 216 x 30 mm, 60 запци2 608 642 133
Сечило за пила 216 x 25,4 mm, 60 запци2 608 642 995

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GCM 8 SJL - Македонија - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCM 8 SJL

Категорија : Пила