GKS 18V-57-2 GX Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKS 18V-57-2 GX Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GKS 18V-57-2 GX Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKS 18V-57-2 GX Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKS 18V-57-2 GX Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKS 18V-57-2 GX Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
(38) Опора за успоредно водене
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или включување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за кружни пили
Постапки на сечење
▶ BACHOCT: Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и од сечилото. Ставете ја другата рака на дополнителната рачка или на кујиштето на моторот. Доколку ја држите пилата со двете раце, нема да се исечете со сечилото.
▶ Не посегнувајте под делот што се обработува.
Заштитниот поклопец не може да ве заштити од
сечилото доколку посегнете под делот што се
обработува.
▶ Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува треба да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото.
Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не го поставувајте преку нога за време на сечењето. Поставете го делот што се обработува на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото или губењето контрола.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење
дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар.
▶ При процесот на сечење по должина, секогаш користете паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за извиткување на сечилото.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпағаат со монтираниот тврд дел на пилата, їе се поместат надвор од центарот и їе изгубите контрола.
▶ Никогаш не користете оштетени или неправилни подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за сечила и гвинтовите се специјални изработени за вашата пила, за оптимално и безбедно работење.
Одбивање и слични предупредувања
- одбивањето е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено или нерамномерно сечило на пилата, предизвикувајки пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот;
- кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната реакција брзо ја враćа единицата кон операторот;
– доколку сечилото се превитка или се измести за време на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото предизвивувајки тоа да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.
Цврсто држете ја пилата со двете дланки и поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на силите на одбивањето. Поставете го телото на едната страна од сечилото, но никако паралелно со него. Одбивањето може да предизвика пилата да отскокне наназад, но операторот може да ги контролира силите на одбивање доколку ги преземе соодветните мерки за претпазливост.
Koga сечилото се навалува или кога прекинува сечењето од која било причина, отпуштете го активаторот и држете го уредот неподвижен се додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечилото е во движење бидејки може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за навалување на сечилото.
▶ При рестартирање на пилата додека се наога во делот што се обработува, насочете ја кон центарот на засекот така што запщите да не го зафакаат материјалот. Ако пилата се навали, може да се приближи или да се одбие од работното парче додека е во процес на рестартирање.
▶ Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под двете страни на делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај работ на делот што го обработувате.
▶ Не користете тапи или оштетени сечила.
Ненаострени или несоодветно поставени сечила прават тесни засеци создавајки прекумерно триење, извиткување на сечилото или одбивање.
Длабочината на сечилото и рачките за прилагодување на косината мора да се прицврстат и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако прилагоденото сечило се подигне за време на сечењето, може да предизвика навалување и одбивање.
▶ Обрнете дополнительно внимание при сечење во постоечки сидови или други празнини. Испакнато сечило може да пресече предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Функција на долен заштитен поклопец
▶ Пред секоја употреба проверете дали е правилно затворен долниот штитник. Не работете со пилата доколку долниот штитник не може слободно да се движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не го врзувајте долниот штитник додека е отворен. Ако пилата случајно падне, долниот штитник може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и уверете се дека слободно се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и длабочината на засекот.
▶ Проверете ја работата на пружината на долниот заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен поклопец може добавно да работи поради оштетени делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.
▶ Долниот штитник може рачно да се повлече за одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и „аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го пробие материјалот, долниот штитник мора да се отпушки. За сите останати засеци, долниот штитник автоматски ќе работи.
Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ће предизвика враćање на пилата наназад, и сечење на сё со што ће дојде во допир. Внимавајте на времето што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ће се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не работете со пилата над глава. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење.
▶ При „длабински рез“ и неаголни резови треба да се постави водилката на пилата за да го спречи страничното поместување. Страничното поместување може да доведе до заглавување на листот на пилата и до повратен удар.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Не сечете железни метали. Струготините би можеле да го запалат вшмукувачот за прав.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за включување/исклучување
(2) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) Копче за претходен избор на длабочината на резот
(4) Капак за куките за закачување
(5) Дополнителна рачка
(6) Копче за блокирање на вретеното
(7) Работно светло
(8) Основна плоча
(9) Скала на закосени агли
(10) Затезен лост за претходно бирање на аголот на косо сечење
(11) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник (напред)
(12) Ознака на резот 45°
(13) Ознака на резот 0°
(14) Лост за подесување на осцилаторен заштитен капак
(15) Осцилаторен заштитен капак
(16) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на косо сечење
(17) Заштитен капак
(18) Исфрлувач на струготини
(19) Батерија ^a)
(20) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник (назад)
(21) Скала за подесување на длабочината на сечење
(22) Кориснички интерфејс
(23) Рачка (изолирана површина на рачката)
(24) Копче за отклучување на батерија ^a
(25) Вретено на пилата
(26) Приключна прирабница
(27) Сечило за кружна пила ^a)
(28) Стезна прирабница
(29) Затезна завртка со подлошка
(30) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(31) Куки за закачување ^a)
(32) Кутија за прав/струготини ^a)
(33) Црево за издувни гасови ^a)
(34) Жлеб за системот со шина водилка од Bosch и Mafell
(35) Жлеб за системот со шина водилка од Festool и Makita
(36) Шина-водилка ^a)
(37) Пар стеги ^a)
(38) Паралелен граничник
(39) Ознака на скалата за аголот на косо сечење
(40) Завртка за приспособување на ознаката на скалата за аголот на косо сечење
(41) Бела ознака на скалата за длабочина на сечење за сечење со шина-водилка
(42) Црвена ознака на скалата за длабочина на сечење за сечење без шина-водилка
(43) Приказ за включување/исклучување на контрола за запирање (кориснички интерфејс)
(44) Копче за вклучување/исклучување на контрола на запирање (кориснички интерфејс)
(45) Приказ за статусот на електричниот алат (кориснички интерфејс)
(46) Копче за претходно избирање на бројот на вртежи (кориснички интерфејс)
(47) Приказ за степенот на вртежи/режимот (кориснички интерфејс)
(48) Приказ за температура (Кориснички интерфејс)
(49) Приказ за наполнетост на батеријата (кориснички интерфејс)
(50) Приказ за ЕКО-режим (кориснички интерфејс)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Рачна кружна пила GKS 18V-57-2 GX | ||
| Број на дел | 3 601 FC1 0.. | |
| Номинален напон V 18 | == | |
| Номинален број на вртежи во празен од ^A) | min ^-1 | 5000 |
| Макс. длабочина на резот | ||
| – при агол на косо сечење од 0° | mm 57 | |
Рачна кружна пила GKS 18V-57-2 GX
| – при агол на косо сечење од 45° | mm 42 |
| Блокада за вретеното ● | |
| Димензии на основната плоча | mm 164 x 305 |
| Дијаметар на сечилото за пила | mm 165 |
| Макс. дебелина на сечилото на пилата | mm 1,8 |
| Мин. дебелина на сечилото на пилата | mm 0,9 |
| Отвор за прифатот mm 20 | |
| Тежина ^B) | kg 4,7 |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при работење ^C) и при складирање | °C -20 ... +50 |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 18V... ≥ 2,0 AhProCORE18V... ≥ 4,0 Ah |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18... GAL 36... |
A) Мерено при 20-25 °C со батерија GBA 18V 5.5Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и
зависот од примената и условите на животната средина. Повеќе
информации може да најдете на
www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-5.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 96 dB(A); ниво на звучна јачина 104 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-5:
Сеченье на дрво: a_h=2,5 m/s^2 , K=1,5 m/s^2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се
234 | Македонски
користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс (види „Прикази за Costојба“, Страница 237).
| Трајно светло 2 × зелено 30–60 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–30 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Ставање/менување на сечилото за кружната пила
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
▶ Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување.
▶ Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ке го најдете на крајот од ова упатство.
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од кукиштето на моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и држете го притиснато.
▶ Копчето за блокирање на вретеното (6) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- Со клуч со внатрешна шестаголна глава (30) одвртете ја затезната завртка (29) во правец на вртење ①.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (15) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (28) и сечилото за пилата (27) од вретеното на пилата (25).
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (27) и сите стезни делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (15) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (27) на приклучната прирабница (26). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на осцилаторниот заштитен капак (15).
– Поставете ја стезната прирабница (28) и затегнете ја затезната завртка (29) во правец на вртење ②. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приключната прирабница (26) и стезната прирабница (28).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (30) затегнете ја стезната завртка (29) во правец на вртење ②. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.
Монтирање на куките за закачување (види слики В-С)
Подигнете го капакот (4) странично на отворот со одвртувач. Монтирајте ги куките за закачување (31) и осигурете ги со две завртки. Затегнете ги завртките со 1,8–2 Nm. Куката за закачување (31) може да се навали.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Исфрлувают на струготини (18) слободно се врти.
На исфрлувают на струготини (18) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 35 mm или кутија за прав/струготини (32).
Заради обезбедување на оптимално всисување, исфрлувачот на струготини (18) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (33) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина їе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Работа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слики E-F)
▶ Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запщите.
Со копчето за претходен избор на длабочината на резот (3) може да се подеси длабочината на резот.
За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (8), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (8). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (21).
Напомена: користете ја белата ознака (41) на скалата (21) за сечење со шина-водилка и црвената ознака (42) за сечење без шина-водилка.
Подесување на аголот на закосување (види слика G) Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (17).
Олабавете ги затезниот лост за аголот на косо сечење (10) и пеперутка-завртката (16). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (9). Повторно затегнете ги лостот за подесување (10) и пеперутка-завртката (16).
За да ја вратите пилата во првобитната позиција, олабавете ги затезниот лост за аголот на косо сечење (10) и пеперутка-завртката (16). Придвижете ја пилата во позиција 0° и прицврстете ги затезниот лост и пеперутка-завртката повторно без да притискате врз пилата.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (21).
Ознаки за сечење

text_image
0 45Ознаката за сечење 0° (13) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45°
(12) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при сечење под агол од 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/исклучување (1) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Вклучување на LED-работното светло
Светлото (7) свети доколку прекинувачот за вклучување/ислучување (1) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат.
Корисничkiот интерфејс (22) служи за избирање на бројот на вртежи, за активирање на безбедносната функција за контрола на запирање, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Контрола на запирање
Кога функцијата за контрола на запирањето е активирана, електричниот алат запира автоматски кога ће заврши со сечење (т. е. штом сечилото за пила ће излезе од делот што се обработува), дури и ако прекинувачот за вклучување/исклучување (1) е уште притиснат. Функцијата за контрола на запирањето е стандартно ислучена. За да ја активирате функцијата, притиснете го копчето (44) на корисничкиот интерфејс (22).
Внимание: функцијата може да не се вклучи при сечење со мала брзина или мал број вртежи или кога материјалот не е многу дебел.
Исклучување при повратен удар

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање сечењето, доводот на струја до моторот електронски їе се прекине. Притоа работното светло трепка (7) бело, а приказот за статус (45)
црвено.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување (1) ставете го во ислучена положба и одново включете го електричниот алат.
ЕКО-режим
Ако го користите електричниот алат во ЕСО-режим што штеди енергија, времетраењето на батеријата може да се продолжи до 10 %.
Ако ЕКО-режимот е активен, на приказот за степен на вртежи/режимот (47) ће се прикаже ознаката Е. Дополнително свети приказот ЕКО-режим (50).
Одредување на број на вртежи
З степени на вртежи и ЕСО-режим се претходно поставени.
Во следнава табела се прикажани степените на вртежи и соодветните брзини.
| Степен на број на вртежи Број на вртежи [min ^-1 ] | |
| 1 | 2500 |
| 2 | 3750 |
| 3 | 5000 |
| ECO | 3000 ^A) |
A) ±25%
Со копчето за избор на број на вртежи (46) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Прикази за состојба
| Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (49) | Значење/Причина Решение |
| Зелено Батеријата е полна – | |
| Жолто Батеријата е речиси празна Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата | батеријата |
| Црвено Батеријата е празна Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| Приказ за температура (48) | Значење/Причина Решение | |
| жолто Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади | |
| црвено Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се олади | |
| Приказ за статусот на електричниот алат (45) | Значење/причина Решение | |
| зелено Статус ОК – | ||
| жолто Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата | |
| црвено Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата | |
| Трепка црвено Исклучувањето при пречки е активирано Исклучете го и повторно включете го електричниот алат ев. извадете ја батеријата и повторно ставете ја. | ||
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење
значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат,
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависит од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали їе се прават должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.
Во основната плоча (8) интегрираниот тесен жлеб (34) може да се користи за шините-водилки прикажани на страната со опрема.
Со помош на шината водилка (36) може да правите праволиниски резови.
Гумената лента на шината-водилка служи како заштита од кинење, што го спречува кинењето на површината при сечење на дрвени материјали. Затоа сечилото за пила со запците мора да лежи директно на гумената лента.
Пред првото сечење гумената лента мора да се подеси со шината-водилка (36) на кружната пила што се користи.
Притоа, поставете ја шината-водилка (36) со целата должна на делот што се обработува. Поставете длабочина на сечење од околу 9 mm и правоаголен искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја рамномерно со лесно поместување во правец на резот.
Жлебот (34) е наменет за системи со шина водилка од Bosch и Mafell.
Жлебот (35) е наменет за системи со шина водилка од Festool и Makita.
Паралелниот граничник (38) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.
Провлечете ги водечките прачки на паралелниот граничник (38) низ водилките на основната плоча (8).
Монтирајте ги пеперутка-завртките (11) од двете страни како што е прикажано на сликата, свртете ги пеперутка-завртките (11), но не ги затегнувајте премногу.
Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на соодветните ознаки за сечење (13) одн. (12), Ознаки за сечење. Затегнете ги пеперутка-завртките (11).
Напомена: за да ја зголемите основната плоча (8), монтирајте го паралелниот граничник (38) на 180° (види слика N).
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави равови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.
Со куката за закачување (31) може да го закачите електричниот алат на пр. на скала. Склопете ги куките за закачување (31) во саканата позиција.
▶ При закачен електричен уред, внимавајте сечилото за пила да е заштитено од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување (31) кога їе сакате да работите со електричниот алат.
Приспособување на ознаката на скалата за агол на косо сечење (види слика I)
По интензивно или продолжено користење на електричниот алат, можеби ће треба да ја приспособите ознаката на скалата за агол на косо сечење (39). За да го направите ова, свртете ја завртката (40) навнатре или нанадвор додека сечилото за пилата не се постави под агол од 90° на основната плоча (8). Со завртката (40) порамнете ја црвената ознака на скалата (39) со нултата точка на скалата (9).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.
Необложените сечила за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на дрвото.
Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги сечилата за пила веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 239).