EasyChain 18V-15-7 - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyChain 18V-15-7 BOSCH во PDF формат.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Пила
📄 323 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH EasyChain 18V-15-7 - page 258
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Безжична моторна пила
Бренд Бош
Модел EasyChain 18V-15-7
Напојување Литиум-јонска батерија 18 V (PowerForAll систем)
Тип на батерија Литиум-јон, 2.0 Ah (стандардна), компатибилна 1.5–6.0 Ah
Должина на водeчката шина 15 cm (6 инчи)
Чекор на ланецот 3/8 инч
Дебелина на ланецот 0.050 инч (1,3 mm)
Максимален капацитет на сечење Околу 12 cm (дијаметар на гранка)
Брзина на ланецот без оптоварување Околу 4,5 m/s
Ниво на бучава (акустичен притисок) 83 dB(A) (типична вредност)
Ниво на бучава (акустична моќност) 95 dB(A) (типична вредност)
Тежина (без батерија) Околу 2,2 kg
Тежина (со батерија 2.0 Ah) Околу 2,8 kg
Димензии (Д × Ш × В) Околу 60 × 18 × 20 cm
Систем за затегнување на ланецот Без алат (тркалце за подесување)
Резервоар за масло за ланец Вграден, видливо ниво
Главни функции Сечење дрво, кастрење, поткастрување на жива ограда (со опционален додаток)
Одржување и чистење Исчистете ја шината и ланецот по употреба; подмачкајте го ланецот; проверете ја затегнатоста
Безбедност Моментална кочница на ланецот, заштита од отскокнување, двоен безбедносен прекинувач
Резервни делови и поправливост Ланец, шина, запченик, капак достапни; батеријата и полначот се продаваат одделно
Општи информации Домашна употреба; градинарство; компатибилно со сите PowerForAll алатки

Често поставувани прашања - EasyChain 18V-15-7 BOSCH

Како да го затегнам ланецот на пилата?
Затегнатоста се подесува без алат: свртете го тркалцето за подесување на страната на пилата додека ланецот не биде добро затегнат (треба да може да се подигне за 2 до 3 mm на средината на шината).
Која батерија да се користи со Bosch EasyChain 18V-15-7?
Користете Bosch PowerForAll 18V батерија од 1,5 Ah до 6,0 Ah. Батеријата од 2,0 Ah е стандардна и нуди автономија од околу 30 минути лесно сечење.
Зошто пилата не стартува?
Проверете дали батеријата е наполнета и правилно вметната. Осигурајте се дека кочницата на ланецот не е активирана (повлечете го лостот наназад). Двата безбедносни прекинувачи мора да се притиснат истовремено.
Како да го подмачкам ланецот?
Наполнете го резервоарот за масло со биоразградливо масло за ланец. Пилата автоматски го подмачкува ланецот при работа. Проверете го нивото пред секоја употреба.
Кој е максималниот капацитет на сечење?
Со шина од 15 cm, максималниот капацитет на сечење е околу 12 cm дијаметар за гранка. За поголеми дијаметри, користете помоќна пила.
Може ли да ја користам пилата за сечење тврдо дрво?
Да, но пилата е дизајнирана за кастрење и одржување на градината. За тврдо дрво со голем дијаметар, сечењето ќе биде побавно. Користете наострен и подмачкан ланец.
Како да ја исчистам пилата по употреба?
Извадете ја батеријата. Исчистете ја шината, ланецот и капакот со мека четка и влажна крпа. Избегнувајте растворувачи. Проверете дали каналот за масло не е затнат.
Кои безбедносни мерки на претпазливост треба да ги преземам?
Секогаш носете ракавици, заштитни очила и антибучава слушалки. Не носете широка облека. Држете ја пилата со двете раце и држете ги луѓето и животните подалеку од зоната на сечење.
Каде можам да купам резервни делови?
Резервните делови (ланец, шина, запченик) се достапни кај овластените продавачи на Bosch или онлајн. Користете само оригинални делови за безбедност.
Како да ја складирам пилата долгорочно?
Извадете ја батеријата, исчистете ја, подмачкајте го ланецот и чувајте ја на суво место заштитено од мраз. Ако батеријата не се користи долго време, наполнете ја на околу 40% капацитет.

Прашања на корисниците за EasyChain 18V-15-7 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyChain 18V-15-7 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyChain 18V-15-7 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyChain 18V-15-7 BOSCH

Безбедносни напомени

Толкување на симболите

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 1

Прочитајте го упатството за употреба.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 2

Општи безбедносни правила.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 3

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 4

Држете ја пилата секогаш со двете раце.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 5

Внимавајте на повратен удар од пилата и избегнувајте пилење со врвот на сечилото.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 6

Држете ги рацете подалеку од синцирот кој е во движење.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 7

Носете заштита за видот и слухот.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 8

Носете заштитни ракавици.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Толкување на симболите - 9

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУПОРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПОРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. ▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користете приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. ▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. ▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. ▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. ▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. ▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. ▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носењето на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучувањето во струја на електричните алати чијшто прекинувач е вклучен, може да предизвика несреќа. Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. ▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. ▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. ▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи. ▶ Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. ▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете ги и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. ▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. ▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. ▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда. Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија. ▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од

наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. ▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни упатства за пилата за кастрење

Чувајте ги сите делови на телото понастрана од ланецот додека е во функција и работи. Пред да започнете со кроењето, проверете дали ланецот на пилата не допира ништо. Додека работите со пилата, и најмал момент на невнимание може да предизвика да ви се заглават делови од телото или облеката во ланецот од пилата. ▶ Алатката е наменета за употреба со две раце. Секогаш држете ја пилата за кастрење со едната рака на задната рачка, а другата рака на помошната рачка. (види слика F) ▶ Држете го апаратот само за изолираните површини, бидејќи ланецот може да дојде во контакт со скриени електрични кабли. Контактот на ланецот со жици што спроведуваат струја може да ги наелектризира металните делови на пилата и да доведе до струен удар на ракувачот. Носете заштитни очила. Се препорачува и носење на дополнителна заштитна опрема за ушите, главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветна заштитна облека ќе ја намали опасноста од повреда предизвикана од отфрлен отпад или случаен допир на ланецот. Не ракувајте со пилата за кастрење додека сте качени на дрво, на скала, на покрив или на друга нестабилна подлога. Работењето со пилата за кастрење на таков начин може да доведе до сериозни повреди. ▶ При употреба на пилата, секогаш внимавајте да имате цврста основа да стоите стабилно и цврсто со нозете на тлото и секогаш користете ја пилата на цврста, безбедна и рамна површина. Лизгавите површини или нестабилните подлоги може да доведат до губење рамнотежа или губење на контролата врз моторната пила. Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не отскокне кон вас како федер. При ослободување на затегнатоста, гранката може да отскокне и да го повреди ракувачот и/или да ја исфрли пилата од контрола. ▶ Бидете особено внимателни кога сечете повеќе гранки одеднаш и фиданки. Мекиот материјал може да се заплетка во ланецот, да ве повлече кон себе и да ве исфрли од рамнотежа.

▶ Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за задната рачка со ланецот свртен нанапред. При транспорт или складирање, секогаш ставете го и прицврстете капакот на ланецот. Внимателното ракување со пилата ќе ја намали опасноста од случаен контакт со ланецот во движење. ▶ Применувајте ги упатствата за подмачкување, затегнување на ланецот и замена на деловите. Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец може да се скине или да отскокне. ▶ Сечете само дрво. Не користете ја пилата за цели за коишто не е наменета. На пример: Не користете ја пилата за сечење метал, пластика, ѕидарски или градежни материјали кои не се направени од дрво. Употребата на пилата за цели за коишто не е наменета може да доведе до опасни ситуации. ▶ Оваа пила за кастрење не е наменета за сечење дрвја. Користењето на пилата за кастрење за поинакви операции освен за опишаното, и она за што е дизајнирана, може да резултира со сериозни повреди на операторот или на случајните минувачи. ▶ Придржувајте се до упатствата при чистење заглавен материјал, складирање или сервисирање на моторната пила за кастрење. Задолжително проверувајте дали прекинувачот за напојување е исклучен и дали батеријата е извадена. ▶ Причини за отскокнување на ланецот и заштита од повратен удар: Отскокнување може да се случи ако врвот на водилката допре некој предмет, или ако дрвото се стегне и го заглави ланецот во резот. Допирање на водилката во некои случаи може да доведе до отскокнување, зафрлајќи ја одеднаш пилата наназад кон ракувачот. Заглавување на ланецот кај водилката може да предизвика зафрлање на пилата наназад кон ракувачот. Овие две ситуации можат да доведат до губење на контрола над пилата и претставуваат опасност од повреда. Исклучително внимавајте да не се потпирате само на заштитните механизми вградени во пилата. Како корисник на пилата за кастрење, треба да преземете неколку мерки за да можете да работите без несреќи и повреди. Отскокнувањето или повратниот удар е последица од погрешна или неправилна употреба на моторната пила. Тоа може да се спречи со преземање соодветни мерки на претпазливост како што е опишано подолу: Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и другите прсти околу рачките на пилата. Заземете став со телото и рацете така да можете да спречите отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да ги контролира отскокнувањата, доколку преземе потребни мерки на претпазливост. Никогаш не испуштајте ја пилата. ▶ Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што

овозможува подобра контрола врз пилата во непредвидени или неочекувани ситуации.

▶ Употребувајте само резервни делови и ланци одредени од производителот. Несоодветна замена може да предизвика кинење на ланецот и отскокнување.

▶ Придржувајте се до упатствата за острење и одржување на пилата дадени од производителот. Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста од отскокнување.

▶ Оваа машина не е наменета за лица (вклучувајќи деца) со ограничени физички, сетилни или ментални способности, или со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им е обезбеден надзор или инструкции за користење на машината од страна на лице одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со уредот. ▶ Пред да ја користите машината, проверете дали се монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не работете со машина што не е целосно монтирана или на која се направени недозволени преправки. ▶ Секогаш бидете сигурни дека ланецот е во правилна положба. Неправилно поставениот ланец може да доведе до кинење на ланецот, повратен удар и/или повреда. ▶ Кога работите со пилата за кастрење, секогаш носете цврсти долги работни панталони. ▶ Оваа пила за кастрење не е погодна за сечење од долу нагоре. Употребата на пилата за работи што не се опишани и за кои не е наменета може да доведе до опасни ситуации.

Безбедносни напомени за оптимално користење на батериите

▶ Уверете се дека тримерот е исклучен пред да ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека уредот работи може да предизвика несреќа. ▶ Употребувајте само Бош батерии наменети за овој уред. Употребата на други батерии може да предизвика повреда или пожар. ▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Безбедносни напомени за оптимално користење на батериите - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пример од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.

Неупотребуваната батерија држете ја подалеку од канцелариски спојници, клучеви, метални парички, клинци, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.

Доколку батеријата е оштетена или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени, побарајте лекарска помош. Пареата може да ги надразни дишните патишта. ▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе биде заштитена од опасно преоптоварување. ▶ Батеријата може да се оштети од остри предмети како што се клинци или одвртувач, или од надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да испушти чад, да експлодира или да се прегрее. ▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија. ▶ Заштитете ја батеријата од влага и вода. ▶ Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата, на пример, во автомобил во лето. ▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Ознаки

Следниве симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Точната интерпретација на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.

Ознака Значење

Проверете го внимателно и убавотеренот каде со уредот їе се работи данема диви или домашни животни.Дивите и домашните животни можат дабидат повредени за време на употребана машината. Проверете го деталнополето на работа на машината иотстранете ги сите камења, гранки,жици, коски и други предмети.
Носете заштита за глава ако постоиризик од пафање на гранки со што би сепредизвикала повреда.
Држете ги децата и другите присутниособи подалеку додека работите соовој моќен алат. Доколку нешто Ви гопопречи вниманието, може да јаизгубите контролата над уредот.
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување

Ознака Значење

Исклучување
Дозволена функција
BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Ознаки - 1Забранети акции
CLICKЧујна бучава
BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Ознаки - 2Дополнителна опрема/резервни делови

Опис на производот и перформансите

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.

Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни

повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Производот е наменет за домашна употреба, за кастрење дрва како гранки, даски, дрвени греди и сл., кои се наоѓаат блиску до земјишното тло.

Резовите може да се пилат со или преку зрното.

Овој уред не е соодветен за сечење гипс картон и материјали со минерален состав.

Овој електричен алат не е наменет за сечење од долу нагоре, за сечење со потопување во вода или за сечење дрвја.

Овој електричен алат мора да се ракува со две раце за време на употребата.

Обем на испорака

Внимателно извадете го уредот од кутијата и проверете дали во целост се содржани следниве делови:

  • Пила за гранки
  • Покривка - Ланец
  • Меѓу
  • Маска за ланецот
  • Масло за ланец за пила (50 мл) – Помагало за затегнување на ланец
  • Упатство за употреба

Батеријата и полначот се вклучени во некои пакети.

Ако нешто недостасува или е оштетено, обратете се кај својот продавач.

262 | Македонски

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Штитник за ланецот (2) Тркало за затегање (3) Помошна рачка (4) Брава за вклучување/исклучување (5) Прекинувач за вклучување/исклучување (6) Задна дршка (7) Прифат за батеријата (8) Приказ за наполнетост на батеријата (9) Заштита за дланките (10) Исфрлувач на струготини (11) Покривка (12) Тастер за затегнување

(14) Ланец (13) Маска за ланецот (15) Меч (16) Батерија a) (17) Полнач a) (18) Сериски број (19) Симбол за насоката на вртење и сечење (20) Магнет (21) Завртки за прицврстување (22) Водилка за мечот (23) Завртки за затегнување на ланецот (24) Диск за ланецот (25) Копче за отворање на батеријата (26) Помагало за затегнување на ланец

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Пила за гранки EasyChain 18V-15-7
Број на артикл3 600 HB8 9..
Брзина на ланецот во празно m/s 6,95
Должина на мечот мм 150
Капацитет на пилата мм 130
Затегнување на ланецот без алат (SDS) ●
Вид на ланец 325”– 80BX
Јачина на погонската врска мм (1,1/0,043")
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 A)
– без батерија кг 1,3
– со батерија кг 1,7 (1,5 Ah) - 2,0 (6,0 Ah)
Сериски број Види го серискиот број (сервисна плочка) на уредот
Препорачана околна температура при полнење°C0... +35
препорачаната температура на околината при складирање°C-20... +50
Дозволена температура во околината додека уредот работи B) °C0... +40
Тип на батеријаPBA 18V...W-.1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 4,0 Ah,6,0 Ah

A) во зависност од употребената батерија В) ограничена јачина при температури < 0 °C

Информации за бучава/вибрации

EasyChain 18V-15-7

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат соодветно на EN 62841-4-1.

А-пондерираното ниво на бучава обично изнесува:

- Звучен притисокdB(A)80
- Звучна јачинаdB(A)88
- Несигурност КdB3,0

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации (векторски збир на трите насоки) и несигурноста К се дадени во согласност со EN 62841-4-1.

– Вредност на емисијата на вибрации ah m/s2 4,0
– Несигурност K m/s 2 1,5

Бидејќи декларираната вкупна вредност на вибрации и декларираната вредност на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод, тие може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.

Наведената вкупна вредност на вибрации и наведената вредност за емисија на бучава исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.

Бидејќи емисиите на вибрации и бучава за време на вистинската употреба на електричниот алат може да се разликуваат од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи алатот, особено од типот на предметот што се обработува, потребно е да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајќи ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога алатот е исклучен и времето кога е вклучен, но работи без оптоварување).

Монтажа

Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или оштетување на уредот.

Повторно ставете ја батеријата (16). Проверете дали батеријата е правилно вклопена.

За вадење на батеријата (16) од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата (25) и извадете ја батеријата.

Полнење на батеријата

Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној што е наведен на спецификационата плочка на полначот. Полначите означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.

Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.

Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.

Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од вклучување: Машината повеќе не работи.

По автоматското исклучување на уредот, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.

Полнење

Процесот на полнење започнува веднаш штом електричниот приклучок на полначот се вклучи во штекерот и батеријата се вметне во (16) полначот.

Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата.

Така се штеди батеријата и ја задржува наполнетоста кога стои во полначот.

Монтажа и затегнување на ланецот од пилата (види слика B1 – B7)

▶ Носете ја вашата лична заштитна опрема (PPE) пред да го сервисирате или менувате ланецот на пилата. ▶ Не употребувајте никакви алатки за монтажа. ▶ Користењето моторна пила со погрешно порамнет или неправилно затегнат ланец може да доведе до кинење на ланецот, повратен удар и / или повреда. Правилно подредениот и затегнат синцир ги оптимизира перформансите на производот и го продолжува неговиот животен век. Затегнете го ланецот со помош на помагало за затегнување одобрена од Bosch (26). ▶ На почетокот на употребата, новите ланци можат значајно да се олабавуваат. ▶ Не затегнувајте го ланецот кога е жежок, бидејќи по ладењето ќе лежи премногу затегнато на мечот. ▶ Користете само синцири за пили со дебелина на погонската алка (ширина на жлеб) од 1,1 мм. - Ставете ја пилата на прикладна рамна површина.

– Внимавајте тркалото за затегнатост (2) да е во потполност завртено во насоката на движењето на стрелките на часовникот. – Вметнете го ланецот на пилата (14) во отворот од мечот (15). Внимавајте да го поставите ланецот во правилната насока, споредувајќи го ланецот со симболот за ротација (19). – Ставете ја шипката (15) на завртката за монтирање (21) и завиткајте ги алките од синцирот околу запчаникот на ланецот (24). – Проверете сите делови да се добро поставени и да легнат на своето место и држете ја шипката со ланецот од пилата во оваа положба. Користете го магнетот (20) како дополнителна поддршка при порамнување на шипката на ланецот. – Свртете го навојот за затегање на ланецот (2) во насока на стрелките на часовникот додека ланецот постигне делумна затегнатост. – Вратете го СДС-капачето (11) и свртете го копчето за заклучување (12) во насока на стрелките на часовникот додека капакот делумно не се зацврсти и легне. – Свртете го тркалото за затегнување (2) во насока на стрелките на часовникот (+) додека не се постигне правилното затегнување на ланецот. Синџирот на пилата (14) е правилно затегнат, откако истиот може да се подигне во средината за околу 2–3 mm. – Кога ќе се достигне точната напнатост, свртете го копчето за затегнување (12) во насока на стрелките на часовникот додека не се стегне и преклопете го јаремот на копчето (12) за затегнување. Лентата на синцирот е фиксирана во прилагодената положба. Престанете да го вртите тркалото (2) и понатаму. – Ако ланецот е премногу тесен, превртете го оковот на копчето за затегнување (12) и делумно свртете го спротивно од стрелките на часовникот. Свртете го тркалото за затегнување во насока (-) и повторете ги чекорите за затегнување.

Помагало за затегнување на ланец

За да ја прилагодите затегнатоста на ланецот на пилата (14) со помошниот алат за затегнување на синцирот (26), постапете на следниов начин:

– Носете заштитни ракавици (14) и повлечете го ланецот на пилата од шипката на ланецот (15), па вметнете го помагалото за затегнување (26) помеѓу шипката и ланецот на пилата (14).

Забелешка: Прицврстете го помагалото за затегнување во центарот на шината на ланецот (15).

– Постепено зголемувајте ја затегнатоста на ланецот со вртење на тркалото за затегнување (2) во насока на стрелките на часовникот додека куката за помош за затегнување не се усогласи со јамката (види слика B5).

– Отстранете го помагалото за затегнување на ланецот (26), пред да ја ставите алатката во функција.

– Ако не можете да го вметнете помагалото за затегнување на ланецот помеѓу ланецот на пилата (14) и шината на ланецот (15), тогаш ланецот на пилата е премногу затегнат. Олабавете ја затегнатоста на ланецот, со вртење на тркалото за затегнување (2) спротивно од стрелките на часовникот. Заклучете го тркалото за затегнување (2) со вртење на копчето за затегнување (12).

Забелешка: Ако користите помагало за затегнување на ланецот (26), користете ја само приложената алатка добиена во кутијата.

Подмачкување на ланецот (види слика С)

Ланецот на пилата не се подмачкува автоматски со лепливо масло за ланец за време на работата.

Проверете го ланецот на пилата пред секоја употреба и рачно нанесете масло.

Ракувањето со пилата за кастрење без масло за ланец ќе ја оштети пилата за кастрење.

Животниот век на ланецот на пилата и перформансите на сечењето зависат од оптималното подмачкување.

Забелешка: Важно е да се употребуваат само биоразградливи мазива за ланци (според RAL-UZ48) за да се избегнат оштетувања на ланецот. Никогаш не користете рециклирано/старо масло. Употребата на неодобрени масла води до губење на гаранцијата.

Нанесување мазиво на ланецот на пилата:

– Извадете ја батеријата пред да го намачкате ланецот со мазиво. – Секогаш носете ракавици кога нанесувате масло на ланецот за пила. – Поставете ја пилата за кастрење на соодветна површина со капакот (11) свртен нагоре. – Нанесете масло на пределот помеѓу шипката и ланецот на пилата. – Повторно ставете ја батеријата. Вклучете ја пилата за кастрење накратко за да рамномерно се распореди маслото на водилката и на ланецот на пилата.

Употреба

Вклучување/исклучување (види слика E)

Вклучување

Отстранете го капакот на ланецот (13) и вметнете ја наполнетата батерија.

Секогаш држете ја пилата за кастрење со едната рака на задната рачка (6), а другата рака на помошната рачка (3).

Прво притиснете ја бравата за вклучување (4) и потоа прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

Веднаш штом ќе се помести ланецот (14) на пилата, отпуштете ја бравата за вклучување/заклучување (4) за прекинувачот за вклучување/исклучување.

Исклучување

Ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и ланецот, од пилата (14) одма че застане.

Ако ланецот на пилата не застане (14) по отпуштање на прекинувачот (5) за вклучување/исклучување, контактирајте со вашата служба за корисници на Bosch. Отстранете ја батеријата и отворете го капакот на (13) ланецот.

видете „Работа со моторна пила“

▶ Секогаш прочитајте ги упатствата за работа и безбедносните информации пред употреба. ▶ Никогаш не ракувајте со машината со неисправни штитници или без штитници, како што се штитници од ланец на пила што работи. Секогаш проверувајте ја состојбата на пилата за кастрење и ланецот. Дали ланецот на пилата е подмачкан со масло? Видете го делот „Подмачкување на синцирот на пила“. Користете ја моторната пила само ако е во совершена работна состојба. Не вршете никакви модификации врз пилата. ▶ Секогаш проверувајте дали пилата за кастрење е правилно составена, видете во делот „Склопување и затегнување на ланецот на пилата“. ▶ Проверете дали штитникот на ланецот е правилно поставен пред ланецот на пилата која работи. Ако штитникот на ланецот пред ланецот на пилата што работи е неисправен и не се враќа во својата нормална положба, контактирајте со вашата служба за корисници на Bosch. ▶ Секогаш носете соодветна облека и лична заштитна опрема. ▶ Носете заштитни очила, заштита за слух и заштитни ракавици. Соодветна заштитна опрема штити од парчиња отфрлени при сечењето и од случаен контакт со ланецот. ▶ Секогаш бидете сигурни дека областа е сува и без пречки и дека нема случајни минувачи во таа област. ▶ Секогаш користете ја пилата за кастрење на стабилна, рамна површина. Секогаш користете ја пилата за кастрење во услови на добра светлина. ▶ Никогаш не користете моторна пила на скали или над висината на рамото. ▶ Никогаш не достигнувајте премногу далеку или не работете со раширени раце. ▶ Држете ја пилата секогаш цврсто со двете раце. ▶ Бидете внимателни со маслото на рачките и ракавиците. ▶ Користете маска за прашина кога сечете обработено дрво.

▶ Проверете дали нема кабел за напојување во областа за сечење.

Општо однесување (види слика G)

– Корисниците кои прв пат сечат треба да вежбаат сечење трупци на коњ за пила. – Држете ја пилата за кастрење покрај телото, со својата омилена рака. – Подвижниот штитник на синцирот (1) е прикачен за заштита на помошната рачка. Овој штитник се движи нагоре додека алатот сече низ дрвото. По сечењето, штитникот на ланецот (1) се враćа во првобитната положба. – Пилата мора веке да работи кога ће дојде во контакт со дрвото. – Кога пилите, не притискајте го синцирот на пилата со сила; оставете го да работи. – Секогаш вадете ја пилата од резот во дрвото додека ланецот се врти. – Внимание при крајот на резот. Тежината на пилата одеднаш се менува при ослободување од дрвото. Постои опасност да се повредат нозете и стапалата.

Отскокнување (види слика Н)

Никогаш не отстранувајте го ниту менувајте

штитникот на ланецот! Пилата е опремена со штитници на синцирот при работна состојба за да се спречи повратен удар ако врвот на пилата случајно се притисне на дрвото.

Под повратен удар на пилата се подразбира изненаден удар нагоре и назад на активната пила за кроење, што може да се случи ако врвот на сечилото го допре материјалот за пила или ако ланецот се заглави.

При отскокнување пилата реагира непредвидливо и може да предизвика тешки повреди кај ракувачот или лицата во непосредна близина.

При страничните резови, косините и отсекувањата мора да се постапува особено внимателно, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) во опасни ситуации за да избегнете повреди.

За да избегнете отскокнување:

– Сечете местејќи ја плочата под прав агол со дрвото.

– Никогаш не работете со лабав, многу истегнат или многу истрошен ланец.

– Заменете го досадниот синцир за пила.

– Никогаш не работете со врвот на ланецот.

– Секогаш држете ја пилата цврсто со двете раце.

– Секогаш користете ланец со мало отскокнување, одобрен од Бош.

– Внимавајте ланецот да е соодветно затегнат.

– Кога сечете трупци, користете пила што е на рамна и цврста површина. – Кастрете или кроите само дрво или дрвени предмети. Кога кроите, секогаш внимавајте да не удирате во камења, клинци итн., бидејќи тие може да се исфрлат нагоре, да го оштетат ланецот или да предизвикаат сериозни повреди на операторот или на случајните минувачи. – Секогаш прицврстувајте ги трупците пред кастрење. – Секогаш исечете го трупецот покрај обезведените точки за да спречите заглавување на трупецот и заглавување на ланецот. – Осигурајте се дека синцирот на пилата никогаш не доаѓа во контакт со земјата или опремата за сечење.

– Внимавајте на трупците, гранките, корените итн. поради ризикот од сопнување. – Не е препорачливо да се сече дрво поголемо од она што е наведено во техничките податоци (130 mm).

Отсекување гранки или дрво (види слика J)

– Под отсекување се подразбира отстранување на гранките од паднатото дрво или големи гранки. – При одсекување, оставете ги поголемите, пониски гранки на коишто се потпира дрвото. – Отстранете ги помалите гранки на едно парче. – Бидете внимателни кога сечете гранки/гранчиња бидејќи може да отскокнат и да се вратат назад. – Никогаш не користете моторна пила на скали или над висината на рамото. – Процесот на пилање е оптимизиран ако брзината на ланецот остане константна за време на сечењето.

Отстранување грешки

Ако уредот не работи правилно, во следната табела се наведени можните симптоми, нивните причини и помошните мерки за поправка. Ако не е наведен проблемот кој постои со вашиот уред, контактирајте овластен сервис.

Предупредување: Исклучете го уредот и извадете ја батеријата пред секоја поправка.

Пилата за кроење неработиПразна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево „Забелешки за полнење“
Батеријата не е правилно вметната Проверете да се заклучени двете брави
Активирана е заштитата на моторот одпрегревањеПуштете да се олади моторот
Батеријата е преладна/претопла Пуштете батеријата да се загрее/олади
Ланецот е премногу затегнат Олабавете го ланецот на пилата, видете истотака (види „Монтажа и затегнување на ланецотод пилата (види слика B1 – B7)“,Страница 263). Користете го помошнотосредство односно помагалото за затегнувањена ланецот (26).
Ланецот не се мрда Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево „Забелешки за полнење“
Пилата работи со прекиниВнатрешен лабав контакт Обратете се во овластен сервис на Бош
Прекинувачот (5) е расипанОбратете се во овластен сервис на Бош
Ланецот е сув Нема масло на ланецот на пилата Подмачкајте го ланецот на пилата; погледнетеисто така и за (види „Подмачкување на ланецот(види слика C)“, Страница 264).
Ланецот/водилката се врелиНема масло на ланецот на пилата Подмачкајте го ланецот на пилата; погледнете исто така и за (види „Подмачкување на ланецот (види слика C)“, Страница 264).
Ланецот е премногу затегнат Олабавете го ланецот на пилата, видете исто така(види „Монтажа и затегнување на ланецот од пилата (види слика B1 – B7)“, Страница 263). Користете го помошното средство односно помагалото за затегнување на ланецот (26).
Ланецот е тап Заменете го ланецот
Режачот се вади, вибрира или не реже правилноЛанецот е лабав Олабавете го ланецот на пилата, видете исто така(види „Монтажа и затегнување на ланецот од пилата (види слика B1 – B7)“, Страница 263). Користете го помошното средство односно помагалото за затегнување на ланецOT (26).
Ланецот е тап Заменете го ланецот
Ланецот е истрошен Заменете го ланецот
Запците на ланецот се свртени во погрешна насокаЛанецот монтирајте го во правилната насока
Јаки вибрации/бучаваУредот е неисправен Обратете се во овластен сервис на Бош
Батеријата трае прекраткоПреголемо триење поради недостаток на подмачкувањеПодмачкајте го ланецот на пилата; погледнете исто така и за (види „Подмачкување на ланецот (види слика C)“, Страница 264).
Синцирот на пилата е валкан Исчистете го ланецот
Лоша техника на сечење (види „видете „Работа со моторна пила““, Страница 265)
Батеријата не е сосем полна Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во „Забелешки за полнење“
Батеријата е чувана на температура вон дозволениот температурен опсегОставете ја батеријата да се загрее на собна температура (во границите од 0–45 °C)
Ланецот се врти бавно Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во „Забелешки за полнење“

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.

Забелешка: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Периодично проверувајте ја пилата за

кроење за очигледни дефекти како што се лабав или оштетен синџир за пила и истрошени или оштетени компоненти.

Проверете да се поставени и прицврстени сите заштитни капаци и штитници. Пред употреба спроведете ги сите неопходни проверки и поправки.

Ставете го капакот (13) на синџирот на шипката (15), кога не ја користите машината за сечење за да избегнете повреда. Ланецот (14) може да отупи од несакани удари и гребаници.

Пред да го складирате производот на долго време, исчистете го ланецот (14) и шипката (15), за да спречите заглавување на деловите.

Исчистете го извалканото куќиште на пилата со мека четка и чиста крпа. Не користете вода, разредувачи и полир пасти. Отстранете го сето ѓубре, особено од отворите за ладење на моторот. Не користете машина за миење под притисок за да ја чистите оваа пила за кроење.

Отстранете го капакот (11), водилката (15) и синџирот за пилата (14) и исчистете ги со четка за да ги отстраните остатоците.

Исчистете под покривката (11), дискот (24) и плочата од преостанатата насобрана валканица.

Ако ја складирате пилата на подолг период, исчистете го ланецот (14) и плочата (15). Оставајте ја пилата за кроење со маската на синцирот (13) на безбедно и суво место, недостапно за деца.

Не ставајте други предмети врз пилата.

Чувајте ја пилата за кроење подалеку од јаки извори на топлина за време додека складирана како и при употребата.

Чувајте ја пилата на безбедно, суво место вон дофат на деца.

Не менувајте го овој производ. Неовластените модификации можат да ја расипат безбедноста на Вашиот производ и можат да ја зголемат бучавата и вибрациите.

Замена и острење на ланецот на пилата

– Ланецот на пилата може да стане затапи ако се користи долго време или ако дојде во контакт со други предмети освен од дрво. – Потребен е остар ланец за пила за оптимални перформанси и безбедност. – Никогаш не оштрете го ланецот сами, дури иако имате искусство во тоа. – Заменете го ланецот за пила со нов ланец од дополнителна опрема Bosch или нека го наостри ланецот стручно лице.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Отстранување - 1

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

BOSCH EasyChain 18V-15-7 - Отстранување - 2

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за ѓубре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европската регулатива 2012/19/EU, електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 268).

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : EasyChain 18V-15-7

Категорија : Пила