GST 18V-95 B Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GST 18V-95 B Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GST 18V-95 B Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GST 18V-95 B Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GST 18V-95 B Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GST 18V-95 B Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски.... Страница 175
Srpski ...... Strana 183
Slovenščina ....Stran 190
Hrvatski ....Stranica 197
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или включување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за убодни пили
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ При сечење внимавајте на тоа, основната плоча да лежи стабилно. Свитканиот лист пила може да се скрши или да доведе до повратен удар.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го листот за пила од
исечокот дури тогаш кога тој ће застане. На тој начин ће избегнете повратен удар и ће може безбедно да го оставите електричниот алат.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ Не го блокирајте листот за пилата по исклучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ Користете го електричниот алат ислучиво со основната плеча. Кога работите без основната плеча, постои ризик да не можете да го контролирате електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење во дрво, пластика, метал, керамички плочки, гумени материјали и ламинат/HPL (High Pressure Laminate) на стабилна подлога. Toj e погоден за вршење прави или заоблени резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на безбедносните напомени за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Копче за подесување на претходното избирање бројот на работни одови
(2) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) Прекинувач за включување/исклучување
(4) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(5) Копче за отклучување на батерија ^a)
(6) Батерија ^a)
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Лост за подесување на осцилациите
(9) Основна плоча
(10) Сечило за пила ^a)
(11) Заштита од допир
(12) Водечки валјак
(13) Прифат на сечило за пила
(14) Работно светло
(15) Заштита од кинење
(16) Заштитен капак за всисување ^a)
(17) Млазници за всисување ^3)
(18) Црево за всисување ^a)
(19) Завртка за основната плоча
(20) Скала на закосени агли
(21) Водилка за паралелниот граничник
(22) Завртка за подесување на паралелниот граничник ^4
(23) Паралелен граничник со кружен секач ^a)
(24) Врв за центрирање на кружниот секач ^a)
a) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака.
Технички податоци
| Батерија на убодна пила GST 18V-95 В | |
| Број на дел | 3 601 EB7 0.. |
| Номинален напон V= 18 | |
Батерија на убодна пила GST 18V-95 В
| Број на работни одови во празно n_o^A) | min^-1 | 0–3300 |
| Работен од мм 20 | ||
| макс. длабочина на резот | ||
| – во дрво мм 95 | ||
| – во алуминиум мм 15 | ||
| – во челик (нелегиран) мм 8 | ||
| Агол за сечење (лево/десно) макс. | ° | 45 |
| Тежина kg 2,0–3,0 | B) | |
| препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 | |
| дозволена околна температура при работењеC) и при складирање | °C –20 ... +50 | |
| компатибилни акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... | |
| препорачани акумулаторски батерии | GBA 18V...≥ 4,0 AhProCORE18V...≥ 4,0 Ah | |
| препорачани полначи GAL 18... | GAX 18...GAL 36... |
A) Мерено при 20-25 °C со батерија GBA 18V 4.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 85 dB(A); ниво на звучна јачина 93 dB(A). Несигурност K = 5 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила T 144 D: a_n,B = 4 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 ,
сечење на метален лим со сечило за пила Т 118 А: a_h,M = 5,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Вметнување/замена на сечилото за пилата (опрема)
▶ При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ће го најдете на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден заоблен дел (Т-сечило). Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика А)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.
Вметнете го сечилото за пила (10) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (13).
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (12).
▶ Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (13) во правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото (10).
Заштитата од кинење (15) може да спречи кинење на горната површина при сечење дрво. Заштитата од кинење може да се користи само со одредени видови на сечила за пила и со агол на резот од 0°.
Притиснете ја заштитата од кинење (15) од долу во основната плоча (9).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Монтирајте го заштитниот капак (16), пред да го приключите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (16) на електричниот алат на тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од допир (11).
Извадете го заштитниот капак (16) за работење без всисувач за прашина како и за сечење под агол. Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на допир (11).
Приклучување на всисувач за прав (опрема) (види слики E-F)
Поставете ги млазниците за всисување (17) во вдлабнатините на основната плоча (9).
Внимавајте запците да се вклопат во млазниците за всисување, како што е прикажано на сликата E во соодветниот на основната плоча (9).
Ставете едно црево за всисување (18) на млазниците за всисување (17). Поврзете го цревото за всисување (18) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина їе го најдете на крајот од ова упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја заштитата од кинење (15).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.
Ниво О нема осцилации
Ниво III големи осцилации
Оптimalниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исключите, толку єе биде подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исключете го осцилирањето.
- Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика G)
Основната плоча (9) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (16) и заштитата од кинење (15) не можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Лесно притиснете ги нагоре млазниците за
всисување (17) и извадете ги од основната плоча (9).
– Извадете ги заштитниот капак (16) и заштитата од кинење (15).
– Олабавете ја завртката (19) со внатрешен шестаголен клуч (4) и вметнете ја лесно основната плоча докрај (9) во правец на листот за пилата (10).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има точки за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча (9) согласно скалата (20) во саканата позиција. Другите сечења под агол може да се подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (9) докрај во правец на батеријата.
– Повторно затегнете ја завртката (19).
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете покрај символот на блокадата при вклучување (2) и со тоа Ѽе ја деактивирате. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/ислучување (3) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3). За да ја активирајте блокадата при вклучување (2), притиснете покрај симболот на блокадата при вклучување
Контролирање/претходно избирање на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (3) се постинуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (1) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
– кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
– при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволните граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако їе се постигне дозволната температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исключете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го.
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исключете го електричниот алат.
▶ При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш користете стабилна подлога.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туғи тела како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени засеци. Bo Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните уводни пили може да „го изгубат правецот“, што значи дека аголот и прецизноста на сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на пилата, должината на сечењето и густината и дебелината на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате дали резултатот од сечењето на избраниот систем одговара на вашите барања на примена.
Сечење со вдлабнување (види слика Н)
▶ Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (9) на делот што се обработува, без сечилото за пила (10) да го допира делот што се обработува и включете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максимальниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (9) целосно їе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечење по должина на линијата.
Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема)
При работа со паралелен граничник со кружен отсекувач (23) дебелината на делот што се обработува не смее да надминува 30 mm.
Паралелно сечење (види слика I): Олабавете ја завртката за подесување (22) и вметнете ја скалата на паралелниот граничник низ водилката (21) во основната плоча.
Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (22).
Кружно сечење (види слика J): На линијата за сечење во кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (22) на другата страна од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од паралелниот граничник низ водилката (21) во основната плоча. Во средината на делот за обработка во отворот што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го врвот за центрирање (24) низ внатрешниот отвор на паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (22).
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина.
Доколку излезот за прашина се затне, исключете го електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и отстранете ги прашината и струготините.
Подмачкајте го водечкиот валјак (12) одвреме-навреме со неколку капки масло.
Редовно проверувајте го водечкиот валјак (12). Доколку е истрошен, мора да се замени во овластената специјализирана продавница Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 182).