AdvancedSaw 18V-140 - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedSaw 18V-140 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за AdvancedSaw 18V-140 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedSaw 18V-140 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedSaw 18V-140 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedSaw 18V-140 BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 187
Srpski ...... Strana 196
Slovenščina ....Stran 204
Hrvatski ....Stranica 211
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течности може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за убодни пили
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ При сечење внимавајте на тоа, основната плоча да лежи стабилно. Свитканиот лист пила може да се скрши или да доведе до повратен удар.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ Не го блокирајте листот за пилата по ислучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ Користете го електричниот алат ислучиво со основната плеча. Кога работите без основната плеча, постои ризик да не можете да го контролирате електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење во дрво, пластика, метал, керамички плочки, гумени материјали и ламинат/HPL (High Pressure Laminate) на стабилна подлога. Toj е погоден за вршење прави или заоблени резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на безбедносните напомени за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Блокада при включување на прекинувачот за включување/исклучување
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на електричниот алат
(4) Копче за отклучување на батеријата ^3)
(5) Батерија ^a)
(6) Млазници за всисување
(7) Прекинувач за уред за оддувување на струготините
(8) Лост за подесување на осцилациите
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Лизгачка папуча
(11) Основна плоча
(12) Сечило за пила ^a)
(13) Контролен прозорец за контрола на линијата на сечење Cut Control
(14) Заштита од допир
(15) Подлога за проверка на линијата Cut Control
(16) Работно светло
(17) Прифат на сечило за пила
(18) SDS-лост за блокирање на сечилото за пила
(19) Водечки валјак
(21) Водилка за паралелниот граничник
(22) Црево за всисување ^a)
(23) Адаптер за всисување ^a)
(24) Скала на закосени агли
(25) Завртка за основната плоча
(26) Ознака на резот 45°
(27) Ознака на резот 0°
(28) Ознака на резот 45° со лизгачка папуча
(29) Завртка за подесување на паралелниот граничник ^2)
(30) Паралелен граничник со кружен отсекувач ^3)
(31) Централна точка за кружен отсекувач ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Убодна пила AdvancedSaw 18V-140 | ||
| Број на дел | 3 603 K13 0.. | |
| Контрола на бројот на работни одови | ● | |
| Осцилации ● | ||
| Номинален напон V= 18 | ||
| Број на работни одови во празно n_o | min^-1 | 0–3000 |
| Работен од mm 23 | ||
| макс. длабочина на резот | ||
| – во дрво mm 140 | ||
| – во алуминиум mm 20 | ||
| – во челик (нелегиран) mm 10 | ||
| Агол за сечење (лево/десно) макс. | ° | 45 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^a) | kg 1,9 (1,5 Ah)–2,2 (6,0 Ah) | |
A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена јачина при температури < 0 °C
C) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 85 dB(A); ниво на звучна јачина 93 dB(A). Несигурност K = 5 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила Т 144 D: a_n,B = 11 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 ,
сечење на метален лим со сечило за пила Т 118 А: a_n,M = 8,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на електричниот алат
Приказот за наполнетост на акумулаторската батерија на електричниот алат го сигнализира нивото на наполнетост на батеријата или преоптоварувањето кога е включен електричниот алат.
| LED светилки Ниво на | |
| наполнетост на батеријата | |
| Трајно светло 3 × зелено ≈ 75–100 % | |
| Трајно светло 2 × зелено ≈ 40–75 % | |
| Трајно светло 1 × зелено ≈ 15–40 % | |
| бавно трепкање на светлото 1 × зелено ≈ 0–15 % | |
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата на електричниот алат брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од обемот на работна температура и/или реагира заштитата од преоптоварување.
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на акумулаторската батерија
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
LED-светилките на приказот за наполнетост на акумулаторската батерија го покажуваат нивото на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето за приказот за наполнетост на батеријата за да се прикаже нивото на наполнетост. Ова е можно и со отстранета батерија.
| LED-светилка на акумулаторската батерија | Ниво на наполнетост на батеријата |
| Трајно светло 4 × зелено ≈ 75–100 % | |
| Трајно светло 3 × зелено ≈ 50–75 % | |
| Трајно светло 2 × зелено ≈ 25–50 % | |
| Трајно светло 1 × зелено ≈ 5–25 % | |
| Трепкачко светло 1 × зелено ≈ 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
▶ При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден заоблен дел (Т-сечило). Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за пила.
▶ Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.
Вметнете го сечилото за пила (12) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (17). SDS-рачката (18) автоматски скокнува наназад и сечилото за пила се деблокира. Не го притискајте рачката (18) со раката наназад, инаку можете да го оштетите електричниот алат.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (19).
▶ Проверете дали е стабилно сечилото за пила. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
▶ При вадењето на сечилото за пила држете го електричниот алат така што нема да се повредат лица или животни со исфрленото сечило.
Свртете ја SDS-рачката (18) нанапред до крај во правец на заштитата од допир (14). Сечилото за пила će се отпушки и će се исфрли.
Лизгачка папуча
При обработка на чувствителни површини можете да ја ставите лизгачката папуча (10) на основната плоча (11), за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (10) закачете ја напред на основната плоча (11), притиснете ја позади нагоре и оставете да се вклопи.
Заштитата од кинење (20) може да спречи кинење на горната површина при сечење дрво. Заштитата од кинење може да се користи само со одредени видови на сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча (11) при сечење со заштита од кинење не смее да се поместува наназад во близина на рабовите.
Притиснете ја заштитата од кинење (20) од долу на основната плоча (11) (како што е прикажано на сликата, со засекот нагоре).
Проверка на линијата Cut Control (види слики D-E)
Контролата на линиите на сечење Cut Control овозможува прецизно водење на електричниот алат долж означената линија за сечење на делот што се обработува.
Контролниот прозорец (13) со ознаките за сечење може да биде прикачено или со подлога (15) на основната плоча (11) или без подлога (15) директно на лизгачката папуча (10).
Прицврстување на Cut Control на основната плоча (види слика D):
– Прицврстете го контролниот прозорец за Cut Control (13) во држачите на подлогата (15). Потоа лесно склопете ја основата и оставете ја да се вклопи во водилката (21) на основната плоча (11).
– За да ја извадите подлогата (15) внимателно притиснете ја и извадете ја од водилката (21).
Прикачување на Cut Control лизгачката папуча (види слика E):
– Прицврстете го контролниот прозорец за Cut Control (13) во држачите на лизгачката папуча (10).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вклучување на системот за всисување прав (види слики F-G)
Турнете ги млазниците за всисување (6) во вдлабнатините на основната плоча (11), додека не кликнат.
Вметнете го адаптерот за всисување (23) на црево за всисување (22), така што ће се слушне кога ће се вклопи. Поврзете го адаптерот за всисување (23) со млазниците за всисување (6) на електричниот алат и цревото за всисување (22) со всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина їе го најдете на крајот од ова упатство.
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако го имате приключено всисувачот за прашина.
За оптимално всисување, по можност поставете ја заштитата од кинење (20).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.

text_image
0 нема осцилации 0 мали осцилации 0 среди осцилации 0 големи осцилацииОптimalниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исключите, толку єе биде подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимально осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика Н)
Основната плоча (11) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитата од кинење (20) не може да се примени за сечење под агол.
– Извадете ги млазниците за всисување (6), лизгачката папуча (10) и заштитата од кинење (20).
- Олабавете ја завртката (25) (на пр. со одвртувач) и малку турнете ја основата плоча (11) во насока на батеријата (5).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча оддесната и левата страна има повеće точки за вклопување. Навалете ја основната плоча (11) согласно скалата (24) во саканата позиција. Другите сечења под агол може да се подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (11) до крај во правец на сечилото за пила (12).
– Повторно затегнете ја завртката (25).
Контрола на линијата на сечење кај сечење со закосување (види слика I)
За контролата на линиите на сечење на контролниот прозорец за Cut Control (13) има ознака (27) за правоаголниот засек со 0° и по една ознака (26) за аголот на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на скалата (24).
При прицврстување на контролата на линиите за сечење со основата за Cut Control (15) на основната плоча (11) важи внатрешното означување (26).
При прицврстување на контролниот прозорец за
Cut Control (13) директно на лизгачката папуча (10) важи надворешното означување (28).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45° се пресметува пропорционално. Таа може дополнительно да се нанесе на контролниот прозорец за Cut Control (13) со неперманентен маркер и повторно да се отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен рез.
Поместување на основната плоча (види слика Н)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја поместите основната плоча (11).
Олабавете ја завртката (25) (на пр. со одвртувач) и турнете ја основата плоча (11) во насока на батеријата докрај (5).
Повторно затегнете го шрафот (25).
Сечењето со поместена основна плоча (11) е можно само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа не треба да се употребува заштитата од кинење (20).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.
Включете го уредот за оддувување на струготините кога работите со големо количество на отстранет материјал од дрво, пластика и др. Вметнете го прекинувачот (7) во позиција „I“.
Исклучете го уредот за оддувување на струготините при работење со метали како и системот за всисување прав. Вметнете го прекинувачот (7) во позиција „0“.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја блокадата при вклучување (1). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (2) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на включениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови при поставување на сечилото за пила на алатот, како и при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се ислучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако їе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско ислучување, исключете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го.
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (3) брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од -20 до +50 °C и/или реагира заштитата од преоптоварување.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исключете го електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови секогаш користете стабилна подлога или маса за пила (опрема).
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени засеци. Bo Bosch-асортиманот се включени и додатоци кои овозможуват право сечење или кружно сечење (во зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат правецот“, што значи дека аголот и прецизноста на сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на пилата, должината на сечењето и густината и дебелината на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате дали резултатот од сечењето на избраниот систем одговара на вашите барања на примена.
Сечење со вдлабнување (види слика J)
▶ Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (11) на делот што се обработува, без сечилото за пила (12) да го допира делот што се обработува и включете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максимальниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува. Штом основната плоча (11) целосно ће налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечење по должна на линијата.
Паралелен граничник со кружен отсекувач
При работа со паралелен граничник со кружен отсекувач (30) дебелината на делот што се обработува не смее да надминува 30 mm.
Отстранете ја основата за Cut Control (15) од основната плоча (11). За тоа лесно склопете ја основата и извадете ја од водилката (21).
Паралелно сечење (види слика К): Олабавете ја завртката за подесување (29) и вметнете ја скалата на паралелниот граничник низ водилката (21) во основната плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (29).
Кружно сечење (види слика L): На линијата за сечење во кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (29) на другата страна од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од паралелниот граничник низ водилката (21) во основната плоча. Во средината на делот за обработка во отворот што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го врвот за центрирање (31) низ внатрешниот отвор на паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (29).
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должна на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина.
Доколку излезот за прашина се затне, исключете го електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и отстранете ги прашината и струготините.
Подмачкајте го водечкиот валјак (19) одвреме-навреме со неколку капки масло.
Редовно проверувајте го водечкиот валјак (19). Доколку е истрошен, мора да се замени во овластената специјализирана продавница Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 196).