BOSCH GTS 18V-70 Professional - Пила

GTS 18V-70 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GTS 18V-70 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 647 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GTS 18V-70 Professional - page 393
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GTS 18V-70 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GTS 18V-70 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GTS 18V-70 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GTS 18V-70 Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sq Manuali original i perdorimit

sr Originalno uputstvo za rad

sl izvima navodila

hr Originalne upute za rad

Македонски...... Страница 392

Shqip.... Fage 410

Srpski Strana 425

Slovenščina ....Stran 440

Hrvatski....Stranica 455

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги cite упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од

наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни упатства за столни пили

Предупредувања за заштита

Чувајте ги штитниците на своето место. Штитниците мора да бидат во работна состојба и правилно монтирани. Доколку штитникот е олабавен, оштетен или не функционира правилно, тогаш мора да се поправи или да се замени.
▶ Секогаш кога сечете, користете штитник за сечило на пила и нож за раздвојување. При целосно сечење, кога сечилото сече преку целата дебелина на делот што се обработува, штитникот и другите безбедносни уреди помагаат во намалување на ризикот од повреда.
Откако ќе завршите со задачите со сечење без целосно пресекување, како што се рендање, вратете го ножот за раздвојување во исправена позиција. Со ножот за разделување во исправена позиција, повторно закачете го штитникот на сечилото. Штитникот и ножот за раздвојување помагаат во намалување на ризикот од повреда.
Осигурајте се дека сечилото не е во допир со штитникот, ножот за раздвојување или делот што се обработува пред да го включите прекинувачот. Ненамерниот контакт на овие предмети и сечилото може да создаде опасни состојби.
▶ Прилагодете го ножот за раздвојување како што е објаснето во прирачникот за употреба. Несоодветниот простор, неправилната поставеност и центрирањето може да ја намалат можноста за спречување на одбивањето на ножот за раздвојување.
▶ За ножот за раздвојување да може да работи, истнот мора да се наоға во делот што се обработува. Ножот за раздвојување не е ефикасен при сечење на делови што се обработуваат кои се премногу кратки за сечење со нож за раздвојување. Под овие услови ножот за раздвојување не може да го спречи одбивањето.
Користете соодветно сечило за ножот за раздвојување. За правилна работа на ножот за раздвојување, дијаметарот на сечилото мора да одговара на соодветниот нож за раздвојување и телото на сечилото мора да биде потенко од дебелината на ножот за раздвојување и ширината на сечење на сечилото мора да биде пошироко од дебелината на ножот за раздвојување.

Предупредувања при процесот на сечење

▶ IACHOCT: Никогаш не ги ставајте прстите или рацете во близина, или во иста линија со сечилото. Еден момент на невнимание или излизгување може да ја ви ја насочи раката кон сечилото и да доведе до сериозна повреда.
▶ Вметнете го делот што се обработува во сечилото спротивно од насоката на вртење. Доколку го вметнете делот што се обработува во насока на вртење на сечилото над работната површина, тогаш може да дојде до повлекување на делот што се обработува и вашата рака во сечилото.
▶ Никогаш не го употребувајте граничникот за вметнување на делот што се обработува при негово расцепување, и не го употребувајте паралелниот граничник како обележувач на должината при напречно сечење заедно со граничникот. Доколку истовремено го насочите делот за обработка со граничникот за напречно сечење и паралелниот граничник, тогаш ќе се зголеми можноста за замотување и одбивање.
▶ При расцепување, секогаш држете го делот што се обработува во целосен контакт со граничникот и секогаш вметнувајте го делот што се обработува меѓу граничникот и сечилото. Користете водечка летва кога растојанието меѓу граничникот и сечилото е помало од 150 mm, и користете блокови кога растојанието е помало од 50 mm. „Помошните работни“ уреди ги одржуваат рацете на безбедно растојание од сечилото.
▶ Користете само водечка летва обезбедена од производителот или изработена според упатството. Со оваа водечка летва се обезбедува соодветно растојание на раката од сечилото.
▶ Никогаш не користете оштетена или исечена водечка летва. Оштетена или исечена водечка летва може да се скрши и да предизвика лизгање на раката на сечилото.
He преземајте никаква активност со „слободната рака“. Секогаш користете паралелен граничник или граничник за позиционирање и насочување на делот што се обработува. „Слободна рака“ значи користење на рацете за држење или насочување на делот што се обработува, наместо паралелен граничник или граничник. Сечење со слободна рака води до погрешно насочување, замотување и одбивање.
▶ Никогаш не се посегнувајте околу или преку сечило кое работи. Посегнувањето по делот што се обработува може да доведе до случаен контакт со сечило кое ротира.
▶ Обезбедете помошен држач за делот што се обработува на задниот, и/или страничниот дел на работната површина за порамнување на долги и/или широки делови. Долг и/или широк дел што се обработува може да се навали на работ на работната

површина и да предизвика губење контрола, виткање и одбивање на сечилото.

▶ Вметнете го делот што се обработува со рамномерна брзина. Не го свиткувајте, вртете или преместувајте делот што се обработува од една на друга страна. Во случај на заглавување, веднаш исклучете го алатот, исключете го електричниот приключок и отстранете ја пречката. Заглавувањето на сечилото во делот што се обработува може да предизвика одбивање или откажување на моторот.
▶ Не ги отстранувајте отсечените парчиња додека работи пилата. Материјалот може да се заглави помеѓу паралелниот граничник или во граничникот на сечилото и вашите прсти може да влезат во сечилото. Исклучете ја пилата и почекајте додека сечилото да застане пред да го отстраните материјалот.
▶ Користете помошен граничник во контакт со работната површина при расцепување на делот што се обработува ако е потенок од 2 mm. Тенок тел што се обработува може да се вклешти под паралелниот граничник и да предизвика одбивање.

Одбивање и слични предупредувања

Одбивање е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено сечило или нерамномерно сечење на делот што се обработува во однос на сечилото или кога парче од делот што се обработува ће се најде помеfy сечилото и паралелниот граничник или друг фиксен предмет.

Најчесто во текот на одбивањето, делот што се обработува се подига од работната површина со задниот дел од сечилото и се насочува кон операторот.

Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.

▶ Никогаш не стојте директно во линија со сечилото. Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето може да го насочи делот што се обработува во близина на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
▶ Никогаш не пристапувајте преку или зад сечилото за да го повлечете или поддржите делот што се обработува. Може да дојде до случаен контакт со сечилото или одбивањето може да ги повлече вашите прсти во сечилото.
Никогаш не го држете или притискајте делот што се сече на сечило кое ротира. Притискањето на делот што се сече на сечилото ће предизвика услови за виткање и одбивање.
Израмнете го граничникот со сечилото. Ако граничникот не е израмнет, делот што се обработува ье се заглави на сечилото и ье се одбие.
▶ Користете плоча со засеци за насочување на делот што се обработува на работната површина, и граничник кога правите кратки засеци, како на пр.

за жлебови. Плочата со засеци помага за контрола на делот што се обработува во случај на одбивање.

▶ Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Држачот(е) мора да бидат поставени под деловите на панел плочата кои се издадени надвор од работната површина.
▶ Обрнете дополнително внимание при сечење на делот што се обработува ако е извиткан, има чворови, ако е деформиран или нема прави рабови за насочување со паралелен граничник или покрај граничникот. Дел што се обработува со чворови, кој е деформиран или извиткан не е стабилен и предизвивува нерамномерност на засекот со сечилото, виткање или одбивање.
▶ Никогаш не сечете повеќе парчиња за обработување, вертикално или хоризонтално поставени. Сечилото на пилата може да собере едно или повеќе парчиња и да предизвика одбивање.
▶ При повторно стартување на пилата чиешто сечило се наоға во делот што се обработува, центрирајте го сечилото во засекот, така да запците на сечилото не се навлезени во материјалот. Доколку сечилото се витка, може да отскокне од делот што се обработува и да предизвика одбивање кога се рестартира пилата.
▶ Сечилата одржувајте ги чисти, остри и во добра состојба. Никогаш не користете искривени сечила, или сечила со пукнати или скршени запци. Остри и правилно поставени сечила го намалуваат виткањето, откажувањето или одбивањето.

Предупредувања во врска со работата на столната пила

▶ Исклучете ја столната пила и извадете го комплетот батерии при вадење на влошката од работната површина, промена на сечилото или, при прилагодување на ножот за раздвојување или граничникот на сечилото и кога машината е оставена без придружба. Со мерките на претпазливост ќе се избегнат несреći.
▶ Никогаш не ја оставајте столната пила да работи без придружба. Исключете го и не го оставајте алатот додека целосно не прекине со работа. Пила која работи без придружба е неконтролирана опасност.
▶ Столната пила поставете ја на добро осветлено место и нивелирана површина, каде може добро и рамномерно да се постави. Треба да се инсталира на место, со довольно простор за лесна обработка на делот што се обработува. Ограничен темен простор и ненивелирани лизгави подови предизвикуваат несреći.
▶ Често чистете и отстранувајте ги струготините под работната површина, и/или од садот за собирање

прав. Насобраните струготини се запаливи и може да се запалат самите.

▶ Столната пила мора да биде обезбедена. Недоволно обезбедена столна пила може да се придвижи и преврти.
▶ Отстранете ги алатите, дрвените отпадоци и др. од работната површина пред вклучување на столната пила. Одвлекување на вниманието или потенцијална гужва може да бидат опасни.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
▶ Никогаш не користете оштетени или неправилни средства за монтирање на сечилото, како на пр. прирабници, дихтунзи, гвинтови или завртки. Овие средства за монтирање се специјално дизајнирани за вашата пила, за безбедно и оптимално работење.
▶ Никогаш не застанувајте на столната пила, не ја користете за качување. Може да настане сериозна повреда доколку го допрете или случајно стапите во контакт со алатот за сечење.
▶ Проверете дали сечилото е инсталирано за да ротира во правилна насока. Не користете брусни дискови, жичени четки или абразивни дискови на столната пила. Неправилно инсталирање на сечилото или користење на дополнителна опрема што не се препорачува може да предизвика сериозна повреда.

Дополнителни безбедносни напомени

▶ При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Постои опасност од повреда.
▶ Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Користете само листови на пила, кон одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
▶ Никогаш не го користете електричниот алат без дел за вметнување. Променете го дефектниот дел за вметнување. Без соодветен дел за вметнување може да се повредите на сечилото за пила.
▶ Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
▶ За материјалот, кој што сакате да го обработите, изберете го соодветниот лист на пилата.
▶ Користете само листови на пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате.
▶ Вметнете го делот што се обработува само кога се врти листот на пилата. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во делот што се обработува.

▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 1

Носете маска за заштита од прав.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 2

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 3

Носете заштитни очила.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 4

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови,

внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови.

Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката.

Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 5

Забележете ја дебелината на клинот за разделување RK и максималната можна висина на работното парче H. Видете и во поглавјето „Технички податоци“.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 6

Кога го менувате сечилото на пилата, следете ги упатствата на клинот за разделување. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 7

D Дијаметар на сечилото на пилата

Т Максимална дебелина на сечилото RK Дебелина на клинот за разделување

ROTATION Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да се совпаја со правецот на стрелката на клинот за разделување

Видете и во поглавјето „Технички податоци“.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ознаки - 8

Лева страна: Го покажува правецот на вртење на курблата за спуштање (транспортна позиција) и подигање (работна позиција) на сечилото за пилата.

Десна страна:

Ја прикажува позицијата на лостот за блокада при фиксирање на сечилото за пила и при поставување на вертикалниот агол на закосување (подесливо сечило за пила).

Насока на ротација за фиксирање/ отпуштање на додатокот за маса

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Десна страна: - 1

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Десна страна: - 2

Не допирајте го сечилото за пила со подвижната водечка летва.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Десна страна: - 3

Во оваа област, стегите може да се прицврстат на масата за пила.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Десна страна: - 4

Со СЕ-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките EU-директиви.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Наменета употреба

Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови со прав рез во цврсто и меко дрво, како и иверки и лесонит, како фиксен уред. Притоа можни се хоризонтални агли на закосување од -30° до +30° како и вертикални агли на закосување од -2° до 47°.

Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и сечење на алуминиумски профили и пластика.

Илустрација на компонентите

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Аголен граничник

(2) Маса за сечење

(4) Адаптер за всисување на заштитниот капак

(5) Клин за расцепување

(6) Додаток за маса

(7) Подвижна водечка летва

(8) Дополнителен паралелен граничник (со преклопување)

(9) Клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm/2,5 mm)

(10) Држач за чување на заштитниот поклопец

(11) Рачка за позиционирање за порамнување на електричниот алат (не рачка за носење!)

(12) Отвори за монтажа

(13) Скала за растојанието од сечилото за пила до паралелниот граничник

(14) Прекинувач за вклучување/исклучување

(15) Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на електричниот алат

(16) Граничник за 0°-агол на закосување (вертикално)

(17) Рачно тркало за агол на косо сечење

(18) Лост за блокада за подесување на вертикален агол на закосување

(19) Курбла за подигање и спуштање на сечилото за пила

(20) Скала за аголот на закосување (вертикално)

(21) Граничник за 45°-агол на закосување (вертикално)

(22) Прстенест клуч

(23) Вртливо копче за паралелен граничник

(24) Затезна рачка за проширување за маса за сечење

(25) Шина водилка за паралелен граничник

(29) Пеперутка-завртка за граничник за должна

(30) Граничник за должна

(31) Копче за отклучување на батерија ^a)

(32) Батерија ^a)

(33) Држач за чување на аголниот граничник

(34) Адаптер за всисување

(35) Исфрлувач на струготини

(36) Затезен лост за клинот за разделување

(37) Игли за позиционирање на клинот за разделување

(38) Ознаки за затезниот лост/затезната плоча

(39) Завртка за блокирање на додатокот за маса

(40) Затезен лост на заштитниот поклопец

(41) Болцни-водилки на заштитниот поклопец

(42) Лост за блокирање на паралелниот граничник

(44) Пар игли (десно, сребрена)

(47) Водечки жлеб за аголниот граничник

(48) Назабена завртка за профилната шина

(49) Капак на исфрлувают на струготини

(50) Дупка од решетката за подигање на додатокот за маса

(51) Затезна навртка

(52) Лост за блокада на вретеното

(53) Стезна прирабница

(54) Прилучна прирабница

(55) Вретено на алатот

(56) Агломер (вертикално)

(57) Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално)

(58) Агломер (хоризонтално) на аголниот граничник

(59) Показател на растојание

(60) Завртка за агломерот (вертикално)

(61) Завртка со внатрешна шестаголна глава (5 mm) од предната страна за подесување на паралелноста на сечилото за пила
(62) Завртки со внатрешна шестаголна глава (5 mm) од задната страна за подесување на паралелноста на сечилото за пила
(63) Завртка за показателот на растојание на масата за пила
(64) Завртки за приспособување на плочата за вметнување
(65) Завртки за приспособување на шина водилка за аголен граничник
(66) Рачка за носење
(67) Жлебови за држење

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Батериска столна тркалезна пила GTS 18V-70 GTS 18V-70
Број на дел3 601 M44 1.. 3 601 M44 1B.
Номинален напон V= 18 18
Број на вртежи во празен од ^A) min ^1 5500 5500
Ограничување на стартната струја ● ●
Тежина ^B) kg 21,2 21,2
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35 0 ... +35
Дозволена околна температура при работење ^C) и при складирање°C -20 ... +50 -20 ... +50
Компатибилни акумулаторски батерии GBA 18V...ProCORE18V...GBA 18V...
EXPERT 18V...ProCORE18V...
EXBA18V...EXPERT 18V...
CORE18V...EXBA18V...
CORE18V...
Препорачани батерии за целосна моќност ProCORE18V... ≥ 5,5 Ah ProCORE18V... ≥ 5,5 Ah
Препорачани полначи GAL 18...GAL 36...GAL 18...
GAL 12V/18...GAL 36...
GAX 18...GAL 12V/18...
EXAL18V...GAX 18...
EXAL18V...

Димензии

Електричен алат ((вклучувајки ги и отстранливите делови)
Ширина х длабочина х висина mm 593 x 608 x 329 593 x 608 x 329
Дел што се обработува
Макс. можна висина на делот што се обработува Hmm70 70
Клин за расцепување
Дебелина RKmm1,82,2
Димензии за соодветни сечила за пила
Дијаметар на сечилото за пила Dmm216216

Батериска столна тркалезна пила GTS 18V-70 GTS 18V-70

Дијаметар на отворот dmm 30 25,4
Макс. дебелина на сечилото на пилата Tmm <1,7 <2,1
Мин. отклон на запците на пилата Cmm >1,9 >2,3

A) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 12.0Ah

(за тежината на батеријата видете http://www.bosch-professional.com)

C) ограничена мокност на температури < 0 °C

Максимални димензии на делот што се обработува: (види „Максимални димензии на делот што се обработува“, Страница 406)

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеке информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информација за бучава

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-3-1.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 88 dB(A); ниво на звучна јачина 100 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за међусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.

Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Ставање на батеријата - 1

Bosch препорачува користење на батерии со капацитет од најмалку 3,0 Ah.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (15) ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозвolenите граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако їе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исключете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вklучете го.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Обем на испорака

Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:

– Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (27) и клин за расцепување (5)
- Аголен граничник (1)
- Профилна шина (28)
- Граничник за должна (30)
– Паралелниот граничник (26) со преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8)
- Заштитен поклопец (3) со адаптер за всисување (4)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (9)
- Прстенест клуч (22)
- Подвижна водечка летва (7)
- Додаток за маса (6)
- Адаптер за всисување (34)

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.

Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.

Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.

Дополнително потребни алати кон испорачаните материјали:

  • Крстест одвртувач
  • Аголник

Монтажа на поединечните делови

– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.

– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
– Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под блокот на моторот.

Следните елементи на уредот се прицврстени директно на кујиштето: подвижна водечка летва (7), прстенест клуч (22), клуч со внатрешна шестаголна глава (9), паралелен граничник (26) со преклоплив дополнителен паралелен граничник (8), аголен граничник (1), профилна шина (28), граничник за должина (30), заштитен поклопец (3), адаптер за всисување (34).

– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот, внимателно извадете го од депото за складирање.

Позиционирање на клинот за расцепување (види слики a1-a2)

Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

– Свртете ја курблата (19) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото за пила (27) ће се наога во највисоката можна позиција над масата за сечење.
- Олабавете го затезниот лост (36) во правец на стрелките на часовникот, додека не се прикаже нагоре.
– Вметнете го клинот за разделување (5) во правец на затезниот лост (36), додека не се извлекува нагоре.
– Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре, така што тој ће се позиционира точно над средината на сечилото за пила.
– Двете игли за позиционирање (37) нека се вклопат во долните отвори на клинот за разделување и повторно затегнете го затезниот лост (36). Ознаките (38) на затезната плоча и затезниот лост (36) мора бидат израмнети како што е прикажано.

– Закачете го додатокот за маса (6) во задниот отвор на алатот и водете го надолу.
– Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи во отворот за алатот.
- Свртете ги завртките за блокирање (39) со шилецот на прстенестиот клуч (22) сё до граничникот во правецот на вртење „Заклучено“.

Монтирање на заштитниот капак (види слика c1-c2)

Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако клинот за разделување во горната позиција е позициониран точно над средината на сечилото за пила (види слика a2). Не го монтирајте го заштитниот капак, ако клинот за разделување се наога во најдолната позиција (состојба на испорака или позиција за сечење на жлебови) (види слика a1).

– Олабавете го затезниот лост (40) и извадете го заштитниот поклопец (3) од држачот (10).
– Вметнете ја болцната-водилка (41) наназад во жлебот на клинот за разделување (5).

402 | Македонски

– Ставете го заштитниот поклопец (3) надолу, додека заштитата за сечило за пила (горна пластична шина) не е паралелно со површината на масата за сечење (2).
– Притиснете го затегнувачкиот лост (40) нагоре. Мора да се почувствува и да се слушне кога ће се вклопат

затезниот лост и заштитниот поклопец (3) и безбедно да се монтираат.

▶ Пред секое користење, проверете дали заштитниот поклопец се движи слободно. Не го користете електричниот алат доколку заштитниот поклопец не се движи слободно или не се затвора веднаш.

Монтирање на паралелниот граничник (види слика d)

Паралелниот граничник (26) може да се позиционира на фиксни точки лево или десно од сечилото за пила. За таа цел се користат трите пара игли (43), (44), (45).

Пар игли Боја Позиционирање на паралелниот капацитет на сечење Скала (13) граничник (26)

(43)црн десно од сечилото за пилата 127–635 mm долу, црна
(44)сребрена десно од сечилото за пилата 0–508 mm горе, сребрена
(45)црн лево од сечилото за пилата 0–305 mm долу, црна

– Проверете дали затегнувачката рачка (24) го фиксира проширувањето за масата за сечење (затегнувачката рачка е притисната надолу).
- Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (26).
– Поставете ги засеците на паралелниот граничник (26) над еден од трите пара игли (43), (44), (45).

Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).

- За да го фиксирате паралелниот граничник, преклопете го лостот за блокирање (42) од двете страни.

- Ставете ја шината (46) на аголниот граничник (1) во соодветните жлебови на водилката (47) на масата за сечење.

За подобро налегнување на долгите делови за обработка аголниот граничник може да се прошири низ профилната шина (28).

– По потреба монтирајте ја профилната шина (28) со помош на назабената завртка (48) на аголниот граничник.

За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите граничникот за должина (30).

– Лизнете го граничникот за должина (30) на профилната шина (28) и фиксирајте ја пеперутка- навртката (29) за да фиксирате.

Фиксна или флексибилна монтажа

▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира предупотребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).

- Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (12).

ИЛИ

- Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со обични столарски стеги на работната површина.

Монтажа на работна маса на Bosch (види слика g)

Работните маси на Bosch (на пр. GTA 571) се лесни за транспорт и брзо се поставуваат благодарение на нивниот преклоплив дизајн. Електричниот алат може да се монтира без алат.

▶ Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса.

Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.

– Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.

За да го порамните електричниот алат на работната маса, користете ги рачките за позиционирање (11).

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат,

средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Всисувают за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

– Включете го електричниот алат и извадете ја батеријата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.

▶ За да избегнете опасност од пожар при сечење на алуминиум, испразнете го исфрлувачот на струготини и не користете всисувач на струготини.

За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини можете да го испразните исфрлувают на струготини (35).

  • Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (32).
  • Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
  • Завртете го капакот (49) настрана и извлечете го исфрлачот за струготини (35).
    – Истресете ги искршените делови од работното парче и струготините.
    – Повторно завртете го капакот (49) настрана и турнете го исфрлачот на струготини (35) под сечилото за пилата додека не запре (27).

Надворешно всисување (види слика i)

Приклучок Click&Clean: За да извлечете прашина и струготини, може или да поврзете црево за всисување со адаптерот за всисување (4) на заштитниот поклопец (3) или цревото за всисување заедно со адаптерот за всисување (34) на исфрлачет на струготини (35).

– Цврсто поврзете го цревото за всисување (∅ 33 mm) на адаптерот за всисување (4) на заштитниот поклопец (3).

ИЛИ

– Прицврстете го адаптерот за вшмукување (34) на исфрлувают на струготини (35).
- Цврсто поврзете го цревото за всисување (∅ 39 mm) на адаптерот за всисување (34).

Всисувают за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.

Замена на сечилото за пила (види слики j1-j4)

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
▶ Користете само листови на пила, кон одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
▶ Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Со тоа ће избегнете прегревање на запците на сечилото и топење на материјалот што се обработува.
▶ Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.

Вадење на сечилото за пила

  • Отворете го затезниот лост (40) и извадете го заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за разделување (5).
    – Свртете ја завртката за блокирање (39) со шилецот на прстенестиот клуч (22) сё до граничникот во правецот на вртење „Заклучено“ и подигнете го додатокот на масата (6) од отворот за алатот. За полесно да го подигнете служи дупката од решетката (50).
    – Свртете ја курблата (19) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото на пила (27) ќе се наоға во највисоката можна позиција над масата за сечење.
    – Завртете ја затезната навртка (51) со прстенестиот клуч (22) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното (52) додека не се вклопи.
    – Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и завртете ја затегнувачката навртка во правец спротивен на стрелките на часовникот.
    – Извадете ја стезната прирабница (53).
    – Извадете го сечилото за пила (27).

Монтирање на сечилото за пила

– Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

– Ставете ново сечило за пила на приклучната прирабница (54) на вретеното на алатот (55).

Напомена: Не користете премали сечила за пила.

Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за расцепување смее да биде максимально 3 – 8 mm.

▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото на пилата) да се совпаға со правецот на стрелката на клинот за разделување!
– Поставете ги стезната прирабница (53) и затезната навртка (51).
– Завртете ја затезната навртка (51) со прстенестиот клуч (22) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното (52) додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на стрелките на часовникот.
– Поставете го додатокот за маса (6) над клинот за расцепување (5) во отворот за алатот. Свртете ги завртките за блокирање (39) со шилецот на прстенестиот клуч (22) сё до граничникот во правецот на вртење „Заклучено“.
– Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (3).

Употреба

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Транспортна и работна позиција на сечилото за пила

Транспортна позиција

– Отстранете го заштитниот поклопец (3) и додатокот за маса (6) и позиционирајте го клинот за разделување (5) во најдолната позиција. Повторно ставете го додатокот за маса (6).
– Свртете ја курблата (19) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека запците на сечилото за пила (27) не се најдат под масата за сечење (2).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (8) целосно навнатре. Притиснете ја затезната дршка (24) надолу. На тој начин їе се фиксира проширувањето на масата за сечење.

Работна позиција

– Позиционирајте го клинот за разделување (5) во најгорната позиција точно над средината на сечилото за пила, вметнете го додатокот за маса (6) и монтирајте го заштитниот поклопец (3).
– Свртете ја курблата (19) во правец на стрелките на часовникот, додека запците на сечилото за пила (27) не се најдат над делот за обработување околу 3 – 6 mm.

Зголемување на масата за сечење

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Проширување за масата за сечење (види слика А)

Може да ја проширите масата за пила налево или надесно со поместување на шината-водилка (25) нанадвор.

– Повлечете ја затезната дршка (24) за проширувањето на масата за сечење целосно нагоре.
– Придвижете ја шината-водилка (25) со вртливото копче (23) налево или надесно додека не ја достигне саканата ширина.
– Притиснете ја затезната дршка (24) надолу. На тој начин će се фиксира проширувањето на масата за сечење.

Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика В)

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од -2^ до 47^ .

За брзо и прециэно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((16), (21)).

– Олабавете го лостот за блокада (18) во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.

Вертикални агли на закосување меѓу 0° и 45°:

– Повлечете го или притиснете го рачното тркало (17) по должна на кулисата, додека агломерот (56) не го покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).
Вертикални агли на закосување меѓу -2° и 0°:
– Навалете го граничникот (16) кон напред.
– Притиснете го рачното тркало (17) по должна на кулисата, додека агломерот (56) не го покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).
Вертикални агли на закосување меѓу 45° и 47°:
– Навалете го граничникот (21) кон напред.
– Повлечете го рачното тркало (17) по должна на кулисата, додека агломерот (56) не го покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).
Граничниците ((16), (21)) автоматски се вртат назад во стандардната положба штом повторно ће се постави

вертикален агол на закосување меѓу 0° и 45° за сечилото на пилата.

Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика С)

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 30° (на левата страна) до 30° (на десната страна).

– Отпуштете го копчето за фиксирање (57), доколку е затегнато.
– Свртете го аголниот граничник додека агломерот (58) не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (57).

Поставување на паралелниот граничник (види слика D)

Паралелниот граничник (26) може да се позиционира на фиксни точки лево или десно од сечилото за пила. За таа цел се користат трите пара игли (43), (44), (45).

– Позиционирајте го паралелниот граничник (26) на саканата страна на сечилото за пила (види „Монтирање на паралелниот граничник (види слика d)“, Страница 402).
– Приспособете го саканото растојание меѓу паралелниот граничник и сечилото за пилата со вртливото копче (23).

Десниот раб на показателот за растојание (59) го покажува поставеното растојание.

За позицијата (43), (45) важи долната црна скала (13).

За позиција (44) важи горната сребрена скала (13).

Подесување на дополнителен паралелен граничник (види слика E)

– Преклопете го дополнителниот паралелен граничник (8) над паралелниот граничник (26) на страната на сечилото на пилата (27).
Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) има две различни функции во зависност од положбата:
– Граничник за сечење тесни работни парчиња и за сечење под вертикални агли на закосување кога дополнителниот паралелен граничник е на масата за пила (2).
– Поддржете го работното парче ако масата за пила (2) е проширена за повеće од 50,8 mm.

Подесување на клинот за расцепување

Клинот за расцепување (5) спречува сечилото за пила (27) да се заглавува во засекот. Во спротивно постои опасност на повратен удар, доколку сечилото за пила се закачи на предметот за обработка. Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да биде правилно поставен:

– Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за расцепување смее да биде максимально 3 – 8 mm.

– Дебелината на клинот за расцепување мора да биде помала од ширината на сечењето и поголема од основната дебелината на листот.
– Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една линија со сечилото за пила.
– За нормални сечења за раздвојување клинот за расцепување мора секогаш да биде во највисоката можна позиција.

Подесување на висината на клинот за расцепување (види слика F)

За сечење на жлебови мора да ја поставете висината на клинот за расцепување.

▶ Користете го електричниот алат за правење жлебови или засеци само со соодветен заштитен уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен чешел).

  • Отворете го затезниот лост (40) и извадете го заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за разделување (5). За да ја заштитите заштитната хауба од оштетувања, сместете ја во соодветниот држач (10) на кукиштето (види и слика Q).
    – Свртете ја курблата (19) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото за пила (27) ќе се наоға во највисоката можна позиција над масата за сечење.
  • Олабавете го затезниот лост (36) во правец на стрелките на часовникот, додека не се прикаже нагоре.
    – Извлечете го клинот за разделување од клиновите (37) (малку извлечете го затезниот лост (36) нанадвор) и притиснете го клинот за разделување (5) надолу до крај.
    – Двата клина (37) нека се вклопат во горните отвори на клинот за разделување и повторно затегнете го затезниот лост (36). Ознаките (38) на стегата и затезниот лост (36) мора да бидат порамнети (види и слика a2).

Ставање во употреба

– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за включување/исклучување на двете страни (14) и повлечете го нагоре.

– Притиснете на прекинувают за вклучување/исклучување (14) целосно надолу.

За заштита од неовластено работење, можете да го заклучите прекинувачот за вклучување/ исклучување (14) со помош на катанец.

- Вметнете катанец со долг држач низ долниот отвор на прекинувачот за вклучување/исклучување (14) или стандарден катанец низ горниот, страничен отвор на

ку́киштето на прекинувачот за вклучување/ исклучување и заклучете го.

Совети при работењето

Општи напомени за сечење

▶ При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ги допре граничниците или другите делови на уредот.
▶ Користете го електричниот алат за правење жлебови или засеци само со соодветен заштитен уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен чешел).
▶ Не го користете електричниот алат за правење процепи (жлеб што завршува во делот што се обработува).

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.

Клинот за расцепување мора да биде во права линија со сечилото за пила, за да се избегне заглавување на делот што се обработува.

Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на паралелниот граничник.

Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.

▶ Никогаш не стојте директно во линија со сечилото. Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето може да го насочи делот што се обработува во близина на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.

Притоа внимавајте на следниве напомени:

– Предметот за обработка држете го безбедно со двете раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
– Секогаш користете ја подвижната водечка летва за тесни делови за обработка и за сечење вертикални агли на закосување (7).

Максимални димензии на делот што се обработува

вертикален агол на закосувањемакс. висина на делот што се обработува [mm]
70
45°49

Сечење

Сечење на прави резови

– Поставете го паралелниот граничник (26) на саканата ширина на резот.
– Поставете го делот што се обработува на масата за сечење пред заштитниот поклопец (3).
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пила со курблата (19) додека горните запци на сечилото за

пила (27) не се најдат околу 3–6 mm над делот што се обработува.

– Включете го електричниот алат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок. Ако извршите премногу притисок, шилците на сечилото за пила може да се прегреат и да се нанесе штета на делот што се обработува.
– Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.

Сечење на вертикални агли на закосување

– Поставете го саканиот вертикален агол на закосување на сечилото за пила. Кога сечилото за пилата е навалено налево, паралелниот граничник (26) мора да биде од десната страна на сечилото за пила.
– Следете ги работните чекори според: (види „Сечење на прави резови“, Страница 406)

Сечење со хоризонтален агол на закосување (види слика I)

– Поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување на аголниот граничник (1).
– Поставете го делот за обработка на профилната шина (28). Профилната шина не смее да се наоға во линијата на сечење. Во ваков случај олабавете ја назабената завртка (48) и поместете го граничникот.
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пила со курблата (19) додека горните запци на сечилото за пила (27) не се најдат околу 3 – 6 mm над делот што се обработува.
– Включете го електричниот алат.
– Притиснете го делот што се обработува со едната рака на профилната шина (28) и со другата рака полека притиснете го аголниот граничник на копчето за фиксирање (57) нанапред во водечкиот жлеб (47).
– Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.

За едноставно сечење на делови со еднаква должна може да го употребите граничникот за должна (30).

– Олабавете ја пеперутката-завртка (29) и поместете го граничникот за должина (30) до саканата должна на работното парче.
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (29).

Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Подесување на вертикалните граничници за стандарден агол на закосување 0°/45°

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Поставете еден вертикален агол на закосување на сечилото за пила од 0°.
- Отстранете го заштитниот поклопец (3).

- Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на масата за сечење (2).

Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (27).

– Олабавете ја контра-навртката на завртката- граничник (16) со обичен окаст или вилушкаст клуч.

- Олабавете го лостот за блокада (18).

– Турнете го рачното тркало (17) на завртката- граничник (16) и вртете ја завртката- граничник навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должна со сечилото за пила.

– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (18).

– Повторно затегнете ја контра-навртката на завртката- граничник (16).

Доколку по подесувањето агломерот (56) не е во линија со 0° ознаката на скалата (20), олабавете ја завртката (60) со обичен крестест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката.

Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (21)). Притоа агломерот (56) не смее повторно да се поместува.

Паралелност на сечилото за пила со водечките жлебови на аголниот граничник (види слика К)

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Отстранете го заштитниот поклопец (3).

Проверка

- Со молив означете го првиот лев забец на пилата, којшто може да се види одзади над додатокот за маса.

- Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на работ на водечкиот жлеб (47).

– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не ги допре означените запци на пилата и прочитајте го растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот жлеб.

- Вртете го сечилото за пила додека означениот забец не застане однапред над додатокот за маса.

– Поместувајте го аголното мерило по должина на водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.

– Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за пила и водечкиот жлеб.

Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.

Подесување

- Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава (61) напред под масата за сечење и завртките со

внатрешна шестаголна глава (62) назад под масата за сечење со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9).

– Внимателно движете го сечилото за пила додека не дојде паралелно со водечкиот жлеб (47).

– Повторно затегнете ги сите завртки (61) и (62).

Порамнување на паралелниот граничник – пар игли (44) сребрени, десно (види слика L)

Пред да го порамните паралелниот граничник (26), прво мора да ги поставите граничниците (16)/(21) за стандарден вертикален агол на закосување и да се уверите дека сечилото за пилата (27) е паралелно со водечките жлебови (47) на аголниот граничник. (види „Подесување на вертикалните граничници за стандарден агол на закосување 0°/45°“, Страница 407) (види „Паралелност на сечилото за пила со водечките жлебови на аголниот граничник (види слика К)“, Страница 407)

– Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (26) и оставете го паралелниот граничник слободно да се движи при процесот на порамнување.

– Поставете ги засеците на паралелниот граничник (26) над парот игли (44) (сребрена). Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).

- Отстранете го заштитниот поклопец (3).

– Повлечете ја затегнувачката рачка (24) за проширувањето за масата за сечење докрај и поместете го паралелниот граничник (26) додека не допре до сечилото за пилата (27).

Проверка

Паралелниот граничник (26) мора да го допира сечилото за пила по целата должна.

Подесување

– Олабавете ги сребрените завртки на парот игли (44) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9) довольно за да може иглите слободно да се лизгаат.
– Лизгајте го парот игли (44) со паралелниот граничник (26) околу 3 mm надесно.
– Користете го вртливото копче (23) за на горната, сребрена скала (13) да го поставите растојанието меѓу паралелниот граничник и сечилото за пилата.
– Притиснете ја затегнувачката рачка (24) за проширувањето за масата за пила надолу.
– Притиснете го парот игли (44) со паралелниот граничник (26) налево додека паралелниот граничник не го допира сечилото за пилата по целата должна.
– Внимателно затегнете ги сребрените завртки на парот игли (44) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9).
- За да го фиксирате паралелниот граничник, преклопете го лостот за блокирање (42) од двете страни.

– Погрижете се по затегнувањето, паралелниот граничник сё уште да го допира сечилото за пилата по целата должна.
Потоа проверете го парот црни игли (43) и (45).

Порамнување на паралелниот граничник – пар игли (43) црни, десно (види слика М)

Пред да го порамните парот игли (43), прво мора правилно да го порамните парот игли (44) (сребрена, десно).

(види „Порамнување на паралелниот граничник – пар игли (44) сребрени, десно (види слика L)“, Страница 407)

– Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (26) и подигнете го паралелниот граничник од парот игли (44).
– Олабавете ги црните завртки на парот игли (43) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9) довольно за да може иглите слободно да се лизгаат.
– Држете ги отворите на прстенестиот клуч (22) до предните игли (44)/(43).
– Поместете ја црната игла (43) додека двете игли (сребрена (44) и црна (43)) не се вклопат во соодветниот отвор на прстенестиот клуч.
– Повторете ги овие чекори со задните игли (44)/(43).

Порамнување на паралелниот граничник – пар игли (45) црни, лево

Пред да го порамните паралелниот граничник (26), прво мора да ги поставите граничниците (16)/(21) за стандарден вертикален агол на закосување и да се уверите дека сечилото за пилата (27) е паралелно со водечките жлебови (47) на аголниот граничник. (види „Подесување на вертикалните граничници за стандарден агол на закосување 0°/45°“, Страница 407) (види „Паралелност на сечилото за пила со водечките жлебови на аголниот граничник (види слика К)“, Страница 407)

– Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (26) и оставете го паралелниот граничник слободно да се движи при процесот на порамнување.
– Поставете ги засеците на паралелниот граничник (26) над парот игли (45) (црна). Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
– Повлечете ја затегнувачката рачка (24) за проширувањето за масата за сечење докрај и поместете го паралелниот граничник (26) додека не допре до сечилото за пилата (27).

Проверка

Паралелниот граничник (26) мора да го допира сечилото за пила по целата должна.

Подесување

– Олабавете ги црните завртки на парот игли (45) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9) довольно за да може иглите слободно да се лизгаат.
– Притиснете го парот игли (45) со паралелниот граничник (26) надесно додека паралелниот граничник не го допира сечилото за пилата по целата должна.
– Внимателно затегнете ги црните завртки на парот игли (45) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (9).
– За да го фиксирате паралелниот граничник, преклопете го лостот за блокирање (42) од двете страни.
– Погрижете се по затегнувањето, паралелниот граничник се уште да го допира сечилото за пилата по целата должна.

Подесување на показателот на растојание на масата за сечење (види слика N)

– Ослободете го лостот за блокирање (42) на паралелниот граничник (26) и оставете го паралелниот граничник слободно да се движи при процесот на порамнување.
– Поставете ги засеците на паралелниот граничник (26) над парот игли (44) (сребрена). Преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8) мора да биде насочен подалеку од заштитниот поклопец (3).
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
– Повлечете ја затегнувачката рачка (24) за проширувањето за масата за сечење докрај и поместете го паралелниот граничник (26) додека не допре до сечилото за пилата (27).
– Олабавете ги завртките (63) со крестест одвртувач и центрирајте го показателот на растојание (59) по должина на 0 ознаката на скалата (13).
– Повторно затегнете ги шрафовите (63).

Подесување на нивото на додатокот за маса (види слика O)

Проверка

Предната страна на додатокот за маса (6) мора да биде во рамна линија со или малку под масата за сечење, а задната страна мора да биде во рамна линија или малку над масата за сечење.

Подесување

– Со клучот со внатрешна шестаголна глава (9) подесете го правилното ниво на четирите завртки за подесување (64).

Поставување на маневрацијата на аголниот граничник на шината-водилка во водечкиот жлеб (види слика Р)

По интензивна употреба, маневрирањето на шината- водилка (46) на аголниот граничник во водечки жлеб (47) може да стане преголема.

– Повторно зацврстете ги завртките за приспособување (65) на шината-водилка (46).

Чување на елементите на уредот (види слика Q)

Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.

– Сите олабавени елементи на уредот ставете ги во нивните држачи на куќиштето (види долунаведена табела).

Елемент на уредот Чување

Заштитен поклопец(3)Држач (10); затегнете созатезниот лост (40)
Аголен граничник (1)Држач (33)
Адаптер завсисување (34)види слика Q
Прстенест клуч (22)види слика Q
Клуч со внатрешнашестаголна глава (9)види слика Q
Подвижна водечкалетва (7)закачување во држачот меѓупаралелниот граничник (26) идополнителниот паралеленграничник (8)
Паралелен граничник(26)свртете; поставете одоздола вошината-водилка (25) преку паротигли (43) и прицврстете го лостотза блокирање (42)

Носење на електричниот алат (види слика R)

Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:

– Поставете го електричниот алат во транспортна позиција (види „Транспортна позиција“, Страница 404).
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
– Притиснете на шината-водилка (25) целосно навнатре и притиснете на затегнувачката рачка (24) за фиксирање надолу.
- За подигање или транспортирање користете ја рачката за носење (66) или жлебовите за држење (67). Не користете ги рачките за позиционирање (11) за оваа намена.
▶ За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно

притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Чистење

Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.

Подмачкување на електричниот алат

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Подмачкување на електричниот алат - 1

По потреба подмачкајте го електричниот алат на означените места (види слика S). Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно.

▶ Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи.

Мерки за намалување на бучавата

  • Фин старт
    – Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата
    Мерки на корисникот:
    – Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
    – Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата
    – Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот алат

Сервисна служба и совети при користење

Северна Македонија

Тел.: 02/246 76 10

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Северна Македонија - 1

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GTS 18V-70 Professional - Отстранување - 1

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за эубре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и

410|Shqip

здравјето на луğето поради можното присуство на опасни материи.

Shqip

Udhëzime sigurie

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GTS 18V-70 Professional

Категорија : Пила