PCM 8 SD - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PCM 8 SD BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Радијална и лизгачка пила за агли |
| Бренд | Bosch |
| Модел | PCM 8 SD |
| Димензии (Д × Ш × В) | 660 × 500 × 460 mm |
| Тежина | 15,5 kg |
| Напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Апсорбирана моќност | 1600 W |
| Дијаметар на сечилото | 210 mm |
| Брзина без оптоварување | 5000 вртежи/мин |
| Длабочина на сечење под 90° | 70 mm |
| Длабочина на сечење под 45° | 50 mm |
| Опсег на агол лево/десно | 0-45° / 0-45° |
| Опсег на косење лево | 0-45° |
| Главни функции | Сечење под агол, косење, сложени сечења, лизгачки сечења; граничник за длабочина; ласерско осветлување; прецизен водич |
| Одржување и чистење | Редовно чистете ги шините, заменете ги истрошените четки, издувајте ја пилевината |
| Безбедност | Електрична кочница на сечилото, безбедносен прекинувач, заштитен капак |
| Резервни делови и можност за поправка | Достапни се сечила, кеса за прашина, јаглеродни четки, кабел за напојување |
| Општи информации | Гаранција 2 години, произведено во Кина |
Често поставувани прашања - PCM 8 SD BOSCH
Прашања на корисниците за PCM 8 SD BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PCM 8 SD - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PCM 8 SD на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PCM 8 SD BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на мокните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој моќен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот „моќен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот моќен алат или батериски моќен алат.
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Несреден и темен простор доведува до несреќи. ▶ Не работете со моќните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прав. Моќните алати создаваат искри кои може да го запалат правот или гасовите. Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со моќен алат. Напнатоста може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на моќниот алат мора да одговара на штекерот. На никој начин не го менувајте приклучокот. Не користете приклучен адаптер со заземјените моќни алати. Неизменетите приклучоци
и соодветните штекери го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и фрижидери. Постои зголемен ризик од струен удар ако телото е заземјено. ▶ Не ги изложувајте моќните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во моќниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. ▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на моќниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици и подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. ▶ При работа со моќен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. ▶ Ако мора да работите со моќен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со моќен алат. Не користете моќен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со моќните алати може да доведе до сериозна лична повреда. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. ▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали копчето е на позиција-исклучено, пред да го вклучите во струја и/или во комплетот со батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на моќните алати со прстот на копчето или вклучување во струја на моќните алати кои имаат вклучено копче доведува до несреќи. ▶ Отстранете било каков клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите моќниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачки дел на моќниот алат може да доведе до лична повреда. ▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Одржувајте соодветна положба и рамнотежа цело време. Ова овозможува подобра контрола на моќниот алат во неочекувани ситуации. ▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прав и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прав може да ги намали опасностите предизвикани од прав. ▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на моќните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. ▶ Не користете електричен алат ако со копчето не можете да го вклучите и исклучите. Секој електричен алат кој не може да се контролира со копчето е опасен и мора да се поправи. ▶ Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако е одвојлив, пред да правите какви било прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
▶ Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстувањето на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови кои може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете ги и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други активности од наменетите може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за пили за отсекување и сечење под агол
▶ Пилате за сечење под агол се наменети за сечење дрво или слични производи, и не смеат да се користат со абразивни дискови за сечење на црни метали, како што се шипки, прачки, шајки и слично. Абразивната прашина предизвикува блокирање на подвижните делови, на пример долниот штитник. Искрите од абразивното сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови. ▶ Користете стеги за држење на парчето што го обработувате кога е можно. Ако го потпирате парчето со рака, раката мора постојано да биде на растојание од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото на пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не можат безбедно да се прицврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото. ▶ Парчето што го обработувате мора да биде статично и прицврстено или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте парчето во сечилото или жлебот „со слободна рака“ на никаков начин. Слободно или неприцврстено парче може да биде исфрлено со голема брзина и да предизвика повреда. ▶ Притиснете ја пилата низ парчето што го обработувате. Не ја влечете пилата низ парчето. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку парчето без сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата надолу и притиснете ја пилата низ парчето. Со повлекување на пилата додека сечете, сечилото може да се искачи на врвот на парчето и силно да го отфрли склопот на сечилото кон ракувачот. ▶ Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на парчето „со вкрстени раце“, т.е. држење на парчето на десната страна од сечилото со лева рака или обратно, е многу опасно. ▶ Не ги посегнувајте рацете зад граничникот поблиску од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или поради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите. ▶ Разгледајте го парчето што го обработувате пред да започнете со сечење. Ако парчето е накривено или навалено, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу парчето, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривено или навалено парче може да се извитка или помести и да предизвика замотување на сечилото што ротира при
сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во парчето што го обработувате.
▶ Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен парчето за обработка, има алати, дрвени остатоци и сл. Мали остатоци или расфрлени парчиња дрво или други предмети, ако дојдат во допир со ротирачкото сечило, може да бидат исфрлени со голема брзина. ▶ Сечете само едно парче истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се закачат за сечилото или да се поместат во текот на сечењето. ▶ Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамната и цврстата работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна. ▶ Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот што се подесува е правилно поставен за држење на парчето за обработка и дека нема да попречува на сечилото или на заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без парче за обработка на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот. Обезбедете соодветен потпирач, како на пример додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и сл., за парче за обработка што е пошироко или подолго од горниот дел на масата. Ако парчињата за обработка се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол, може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсеченото парче или парчето за обработка се навали, може да го подигне долното обезбедување или да биде отфрлено од ротирачкото сечило. ▶ Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилниот држач за парчето за обработка може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на парчето за обработка во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило. Отсеченото парче не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на должинските граничници, исеченото парче може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли. ▶ Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пример мотки или цевки. Мотките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го „засекува“ и влече парчето со вашата рака кон сечилото. ▶ Оставете го сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре парчето за обработка. Со ова ќе се намали ризикот парчето за обработка да биде отфрлено.
▶ Ако парчето за обработка или сечилото се блокира, исклучете ја пилата за сечење под агол. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исклучете го приклучокот од струја и/или извадете го пакетот со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавено парче за обработка, може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата. ▶ Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исеченото парче. Приближувањето на раката до сечило кое уште се врти е опасно. ▶ Електричниот апарат се испорачува со натпис за предупредување (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со број 3).

IEC 60825-1:2014 <1mW, 650 nm
Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и не гледајте директно во него или во неговата рефлексија. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.
▶ Доколку ласерскиот зрак допре до очите, веднаш затворете ги очите и тргнете ја главата од ласерскиот зрак. ▶ Не вршете никакви промени на ласерскиот уред. ▶ Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот апарат. ▶ Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар. ▶ Не користете листови за пила од високолегиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат. Секогаш користете листови за пила со правилна големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр. со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за пила што не одговараат на монтажните делови на пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контролата. ▶ Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
Македонски | 229
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
▶ Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот уред. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила, постои опасност од повреда.

▶ Носете маска за заштита од прав.

▶ Носете заштитни очила.

▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

▶ Ласерско зрачење Не гледајте во зракот Класа на ласер 2

▶ Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку што е можно подалеку од оваа зона.

За подесување на хоризонтален агол на закосување мора да се заврти со повлечена рачка на масата за пилење, додека прикажувачот на агол не го прикаже саканиот агол на закосување.

При сечење на вертикални агли на закосување, подесливата шина-граничник мора да се повлече нагоре.
Внимавајте на димензиите на листот за пилата. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на листот за пилата, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови.

Линијата на сечење може да се прикаже со ласерскиот зрак, алтернативно од левата или десната страна на листот на пилата.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво, како фиксен уред. Притоа се возможни хоризонтални агли на закосување од -48° до +48° како и вертикални агли на закосување од 45° (на левата страна) до 45° (на десната страна).
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и фибер плочи.
Електричниот апарат не е наменет за сечење на алуминиум и други неметали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Механизам за влечење 2 Транспортна дршка 3 Натпис за предупредување на ласерот 4 Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
230 | Македонски
5 Прекинувач за вклучување/исклучување 6 Дршка 7 Заштитна хауба 8 Заштитна хауба со повратен механизам 9 Подeслива гранична водилка 10 Должински граничник 11 Фиксна гранична водилка 12 Продолжеток на масата за пила (стационарен) 13 Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално) 14 Лост за претходно поставување на аголот на закосување (хоризонтално) 15 Заштита од превртување 16 Плоча за вметнување 17 Показател на агли (хоризонтално) 18 Жлебови за стандарден агол на закосување 19 Скала за аголот на закосување (хоризонтално) 20 Отвори за монтажа 21 Маса за пила 22 Брза стега 23 Одбивач на струготини 24 Лизгачки валјак 25 Завртка за фиксирање на механизмот за влечење 26 Прекинувач за вклучување/исклучување за ласер (означување на линијата на сечење) 27 Исфрлувач на струготини 28 Транспортен осигурувач 29 Држач за заштита од превртување 30 Затезна дршка за саканиот агол на закосување (вертикално) 31 Отвори за брза стега 32 Блокада за вретеното 33 Завртка за подесување на граничникот за длабочина 34 Граничник за длабочина 35 Скала за подесување на длабочината на сечење 36 Прикажувач на длабочината на сечење 37 Прекинувач на лизгање за ласер (означување на линијата на сечење лево/десно од листот за пилата) 38 Излез на ласерскиот зрак 39 Показател на агли (вертикално) за десното подрачје на аголот на закосување 40 Скала за аголот на закосување (вертикално) 41 Завртка-граничник за полето на левиот агол на закосување 42 Граничник за вертикалните стандардни агли на закосување 45°, 22,5° и 33,9° (лево) 43 Показател на агли (вертикално) за левото подрачје на аголот на закосување 44 Завртка-граничник за полето на десниот агол на закосување 45 Граничник за вертикален стандарден агол на закосување 45° (десно)
46 Завртка-граничник за 0°-агол на закосување (вертикално) 47 Граничник за вертикалниот стандарден агол на закосување 0° 48 Затегнувачки лост за подесливата гранична водилка 49 Клуч со внатрешна шестоаголна глава 50 Затегнувачки лост на граничникот за должина 51 Завртка за прицврстување за стационарниот продолжеток на масата за пила 12 52 Прифат за стационарниот продолжеток на масата за пила 12 53 Вреќичка за прав 54 Завртка со внатрешна шестоаголна глава за прицврстување на листот за пилата 55 Стезна прирабница 56 Лист за пилата 57 Внатрешна стезна прирабница 58 Брзо отклучување на брзата стега 59 Копче за фиксирање на брзата стега 60 Пеперутка-завртка на брзата стега 61 Прачка-држач на брзата стега 62 Отвори за хоризонталниот уред за фиксирање 63 Продолжеток на масата за пила (флексибилен) 64 Прифат за флексибилниот продолжеток на масата за пила 63 (на електричниот апарат) 65 Прифат за флексибилниот продолжеток на масата за пила 63 (на стационарниот продолжеток на масата за пила 12) 66 Завртка за прицврстување за плочата за вметнување Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Пила за оплата PCM 8 SD | ||
| PCM 800 SD | ||
| Број на дел/артикл | 3603M110 | |
| Номинална јачина | W 1200 | |
| Број на празни вртежи | min -1 | 4800 |
| Тип на ласер | nm | 650 |
| mW | <1 | |
| Класа на ласер | 2 | |
| Отстапување на ласерската линија | mrad(целосен аrol) 1,0 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 15,5 | |
| Класа на заштита | ☐ /П | |
| Дозволени димензии за делот што се обработува (максимални/минимални) види страна 234. | ||
| Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. | ||










Македонски|231
Димензии за соодветни листови за пила
| Дијаметар на листовите за пилата мм 216 | ||
| Дебелина на сечилото на пилата | мм | 1,4-1,8 |
| макс.ширина на сечење | мм | 2 |
| Дијаметар на отворот | мм | 30 |
Информација за бучава
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 62841-3-9.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 93 dB(A); ниво на звучна јачина 106 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Монтажа
▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот апарат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот апарат, струјниот приклучок не смее да се приклучува на напојување на струја.
Обем на испорака

Внимавајте на приказот на обемот на испорачаните материјали на почетокот од упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот апарат, проверете дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Пила за оплата со монтиран лист на пилата
- Вреќичка за прав 53
- стационарен продолжеток на масата за пила 12 (2 x), Завртки за прицврстување 51 (2 x)
- флексибилен продолжеток на масата за пила 63 (2 x)
- Брза стега 22
- Клуч со внатрешна шестаголна глава 49
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат, и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
- Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
- Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
Монтирање на стационарните продолжетоци на масата за пила (види слика А)
Стационарните продолжетоци на масата за пила 12 со завртките за прицврстување 51 мора да се затегнат на левата и десната страна на масата за пила 21 со електричниот уред.
- Поставете го продолжетокот на масата за пила 12 лесно наназад во жлебот на прифатот 52 на електричниот уред, завртете го продолжетокот на масата за пила во жлебот на прифатот во хоризонтала нанапред и потоа притиснете го до крај надолу.
- Затегнете ги завртките за прицврстување 51 со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 49.
Фиксна или флексибилна монтажа
▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот апарат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
- Зацврстете го електричниот апарат со соодветни шрафови на работната површина. За тоа служат отворите 20.
Доколку, во ислучителни случаи, не е возможно да го монтирате електричниот апарат на рамна и стабилна работна подлога, може привремено да го поставите со заштита од превртување.
Без заштитата од превртување, електричниот апарат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимални агли на закосување.
Свртете ја заштитата од превртување 15 навнатре или нанадвор додека електричниот апарат не застане рамно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Секогаш користете вшмукувач за прав.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот уред и извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика D)
Прикачете ја кесата за прав 53 на отворот за исфрлање на струготини 27.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот. Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на отворот за исфрлање на струготини 27 може да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 мм). Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Замена на алатот (види слики E1–E4)
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. ▶ При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен апарат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на листот од пилата
- Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
- Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 54 со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 49 и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното 32, додека не се вклопи.
- Држете ја притисната блокадата на вретеното 32 и одвртете го шрафот 54 во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
- Извадете ја стезната прирабница 55.
- Навалете ја наназад осцилаторната заштитна хауба 8 и извадете го листот за пилата 56.
- Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Навалете ја наназад осцилаторната заштитна хауба 8.
- Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна прирабница 57.
▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на листот за пилата) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитната хауба!
- Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
- Поставете ја стезната прирабница 55 и шрафот 54. Притиснете ја блокадата на вретеното 32 додека не се вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на стрелките на часовникот. ▶ При поставување на затезната прирабница внимавајте на тоа, широката страна да покажува кон листот за пилата (види слика E2). При обратно вградување, листот за пилата не може да се прицврсти.
Употреба
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Транспортниот осигурувач 28 Ви овозможува лесно ракување на електричниот апарат при транспорт на различни места на примена.
Отлучување на електричниот апарат (работна позиција)
- Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 6 надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач 28.
- Притоа, целосно извлечете го транспортниот осигурувач на надвор 28.
- Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат (позиција за транспорт)
- Олабавете ја завртката за фиксирање 25, ако го заглавува механизмот за влечење 1. Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
- Завртете ја завртката за подесување 33 сосема нагоре.
- За фиксирање на масата за пила 21 затегнете го копчето за фиксирање 13.
- Повлечете го кракот на алатот на дршката 6 надолу, додека транспортниот осигурувач 28 целосно не се притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува (види слики G1-G3)
Вертикално фиксирање
- Ставете ја испорачаната брза стега 22 во еден од предвидените отвори 31. – Притиснете го делот што се обработува кон граничната водилка 9 и 11.
- Притиснете на делот за брзо отклучување 58 и прилагодете ја брзата стега на делот што се обработува.
- Потоа свртете го копчето 59 во правец на стрелките на часовникот и на тој начин фиксирајте го делот што се обработува.
Хоризонтално фиксирање
- Одвртете ја пеперутка-завртката 60 и извлечете ја брзата стега од прачката-држач 61.
- Вметнете ја сега „намалената“ брза стега 22 во отворот предвиден за тоа 62 (за фиксирање на греда види слика G2, за фиксирање на подни лајсни види слика G3). Повторно заглавете ја брзата стега со помош на пеперутка-завртката 60 на прачката-држач 61. – Притиснете го цврсто делот што се обработува на масата за пила 21.
- Притиснете на делот за брзо отклучување 58 и прилагодете ја брзата стега на делот што се обработува.
- Потоа свртете го копчето 59 во правец на стрелките на часовникот и на тој начин фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
- За да ја олабавите брзата стега, најпрво свртете го копчето 59 во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Потоа притиснете на делот за брзо отклучување 58 и извлечете ја навојната прачка од делот што се обработува.
Продолжување на масата за пилата (види слика Н)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Флексибилниот систем за прикачување на продолжетоците на масата за пила 63 Ви овозможува голем број на варијанти на продолжување.
- По потреба, ставете ги флексибилните продолжетоци на масата за пила 63 во прифатите 64 на електричниот апарат или во прифатите 65 на стационарните продолжетоци на масата за пила.
Комбинирано сечење со закосување
Напомена: Кај сечење со комбинирани хоризонтални и вертикални агли на закосување, секогаш поставувајте го прво вертикалниот, а дури потоа хоризонталниот агол на закосување.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување (види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање 13, доколку е затегнато.
- Повлечете го лостот 14 и свртете ја масата за пила 21 додека показателот на агли 17 не го покаже саканиот агол на закосување.
- Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 13.
За брзо и прецизно подесување на често употребувани агли на закосување, масата за пилата 21 може да ја вклопите во следните стандардни агли:
лево десно
0°
45°30°22,5°15°15°22,5°30°45°
Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 45° (на левата страна) до 45° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли на закосување, постојат граничници за агли од 0° и 45°, и дополнително од левата страна за аголот 33,9° и 22,5°.
Подесување на левото подрачје на аголот на закосување (види слики J1–J2)
- Олабавете го затегнувачкиот лост 48 и повлечете ја левата подеслива гранична водилка 9 целосно нанадвор. Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 48.
- Олабавете ја затезната рачка 30.
- Рачката на алатот навалете ја на дршката 6 лево додека покажувачот на аголот 43 не го покажува посакуваниот агол на закосување.
- Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 30.
Подесување на вкупното подрачје на аголот на закосување (види слика J3)
- Повлечете го граничникот 47 целосно нанадвор. Притоа можете да го користите целото подрачје на аголот на закосување (лево и десно).
- Олабавете го затегнувачкиот лост 48 и повлечете ја десната подеслива гранична водилка 9 целосно нанадвор. Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 48. Доколку сакате да го користите целото подрачје на аголот на закосување, левата подеслива гранична водилка 9 мора да ја извлечете целосно нанадвор.
- Олабавете ја затезната рачка 30.
- Рачката на алатот навалете ја на дршката 6 лево или десно, се додека покажувачот на аголот 43 или 39 не го покажува посакуваниот агол на закосување.
- Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 30.




Поставување на стандардниот агол на закосување (види слика J4)
- Олабавете ја затезната рачка 30.
- Стандарден агол на закосување 0°:
Навалете го кракот на алатот на дршката 6 малку налево и притиснете го граничникот 47 целосно навнатре. Стандардни агли на закосување 45°, 33,9° и 22,5°: Свртете го граничникот 42, додека саканиот стандарден агол на закосување не се вклопи на ознаката за стрелка.
- Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 30.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
- За вклучување на електричниот апарат, притиснете ја најпрво блокадата при вклучување 4 надесно или налево. На крај притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 5 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување 5 нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат.
Исклучување
- За исклучување, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 5.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
▶ Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање 13 и затегнувачката дршка 30 пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се заглави во делот што се обработува.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја отворите осцилаторната заштитна хауба. Кога го водите кракот на алатот нагоре, мора повторно целосно да се затвори осцилаторната заштитна хауба над листот за пилата.
Сечете само материјали кои се дозволени за наменската употреба.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте листот за пилата на страничен притисок.
Означување на линијата на сечење (види слика L1 - L2)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да ја отворате заштитната хауба со повратен механизам.
- Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 26.
- Во зависност од преферираниот правец на гледање, поставете го ласерскиот зрак со помош на прекинувачот на лизгање 37 налево или надесно.
Притоа линијата на сечење може да се прикаже по избор од левата или десната страна на листот на пилата.
- Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот зрак лево од листот за пилата, насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.
Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот зрак десно од листот за пилата, насочете ги ознаките на делот што се обработува на левиот раб на линијата на ласерот.
▶ Не се поставувајте во една линија со листот за пилата пред електричниот апарат, туку секогаш странично од листот за пилата. На тој начин, вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
| Агол на косо сечењехоризонтално вертикално | Висина х ширина |
| 0° 0° | 70 x 305 мм |
| 45° 0° | 70 x 215 мм |
| 0° 45° | 40 x 305 мм |
| 45° 45° | 40 x 215 мм |
Минимални делови за обработка (= сите предмети за обработка, кои со испорачените брзи стеги 22 може да се затегнат лево или десно од листот на пилата): 100 x 40 мм (должина х ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 мм
Сечење без влечење (отсекување) (види слика N)
- За сечење без повлекување (мали делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 25, доколку истата е затегната. Поместете го кракот на алатот до крај во правец на граничните водилки 9 и 11 и повторно затегнете ја завртката за фиксирање 25. – По потреба, поставете го саканиот агол на закосување. ▶ При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го. – Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- Вклучете го електричниот апарат.
- Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 6 надолу.
- Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
- Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека листот за пилата не дојде целосно во состојба на мирување.
- Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
- За сечење со помош на механизмот за влечење 1 (широки делови за обработка), олабавете ја завртката за фиксирање 25, доколку е затегната. По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
При сите резови најпрво мора да се осигурате дека листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.
Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите. Поместете го кракот на алатот од граничните водилки 9 и 11, додека листот за пилата не дојде пред делот што се обработува. Вклучете го електричниот апарат. Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 6 надолу. Сега притиснете го кракот на алатот во правец на граничните водилки 9 и 11 и сечете го делот што се обработува со рамномерен притисок. Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека листот за пилата не дојде целосно во состојба на мирување. Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на жлеб) (види слика 0)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку сакате да исечете жлеб.
- Свртете го граничникот за длабочина 34 кон надвор.
- Навалете го кракот на алатот на дршката 6 надолу, додека прикажувачот на длабочината на сечење 36 на скалата на длабочината на сечење 35 не ја прикаже саканата длабочина на сечење.
- Свртете ја завртката за подесување 33 додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина 34.
- Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика Р)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите должинскиот граничник 10.
- Олабавете го затегнувачкиот лост 50 и поставете го граничникот за должина 10 на саканата должина на делот што се обработува.
- Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 50.
Менување на плочата за вметнување (види слика Q)
Црната плоча за вметнување 16 може да се истроши по подолга употреба на електричниот апарат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките за прицврстување 66 со клучот со внатрешна шестаголна глава 49 и извадете ја старата плоча за вметнување.
- Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките за прицврстување 66.
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два различни начини:
- плоснато лежејќи на масата за пила

Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна, може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување најпрво на отпадно дрво.
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во транспортна позиција. - Ставете ги флексибилните продолжетоци на масата за пила 63 во прифатите 64 на електричниот апарат. - Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот апарат. Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги транспортирате, ставете ги во затворена кутија.
- Секогаш носете го електричниот апарат за транспортната дршка 2.
▶ За транспортирање на електричниот апарат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 24.







Опрема
| Број на дел/артикл | |
| Листови за пила за дрво | |
| Лист за пилата 216 x 30 мм, 24 запци | 2 608 640 431 |
| Лист за пилата 216 x 30 мм, 48 запци | 2 608 640 432 |
| Листови за пила за цврсто дрво и композитни материјали | |
| Лист за пилата 216 x 30 мм, 60 запци | 2 608 640 433 |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.