GSA 18V-LI C Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSA 18V-LI C Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Безжична сабјарна пила |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GSA 18V-LI C Professional |
| Номинален напон | 18 V |
| Тип на батерија | Литиум‑јон (Li‑Ion) |
| Макс. капацитет на сечење во дрво | 230 mm |
| Макс. капацитет на сечење во челик | 20 mm |
| Тек | 28 mm |
| Фреквенција на тек во празен од | 0 – 2700 min⁻¹ |
| Тежина (без батерија) | 3,4 kg |
| Димензии (Д × Ш × В) | 430 × 87 × 190 mm |
| Ниво на звучен притисок (LpA) | 82 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност (LwA) | 93 dB(A) |
| Вибрации (сечење дрво) | 18 m/s² |
| Вибрации (сечење метали) | 16 m/s² |
| Безбедност | Кочница на сечиво, сигурносен прекинувач |
| Одржување и чистење | Исчистете ги вентилационите отвори со сува четка; периодично подмачкувајте го сечивото |
| Резервни делови и поправливост | Сечиво, лизгачка подлога, јаглеродни четки достапни |
| Општи информации | Предвидена употреба: сечење дрво, метали, пластика |
Frequently Asked Questions - GSA 18V-LI C Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GSA 18V-LI C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSA 18V-LI C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSA 18V-LI C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSA 18V-LI C Professional BOSCH
Македонски...... Страница 146
Srpski ...... Strana 152
Slovenščina ....Stran 158
Hrvatski ....Stranica 164
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за сабјести пили
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ће биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ При сечење внимавајте на тоа, основната плоча секогаш да лежи на делот што се обработува.
Листот за пилата може да се блокира и да доведе до губење контрола над електричниот алат.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ Не го блокирајте листот за пилата по исклучувањето со странично контра-притискање. Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте делот што се обработува со рака или со нога. Не допирајте предмети или под со пила што работи.
Постои опасност од повратен удар.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење на дрво, пластика, метал и градежни материјали со фиксирано запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Со користење на соодветни биметални сечила за пила, возможни се и кратки резови. Треба да внимавате на препораките за сечила за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Сечило за пила ^A)
(2) Основна плоча
(3) Чаура за блокирање на листот на пилата
(4) Батерија ^A)
(5) Блокада при включување на прекинувачот за включување/исклучување
(6) Прекинувач за включување/исклучување
(7) Работна светилка
(8) Копче за отклучување на батерија ^A)
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Копче за прикажување на наполнетоста на батеријата ^A)
(11) Приказ за наполнетоста на батеријата ^4
(12) Прифат на сечило за пила A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Сабјеста пила GSA 18 V-LI C | ||
| Број на дел/артикл | 3 601 FA5 0.. | |
| Номинален напон V= 18 | ||
| Број на работни одови во празно n_0 | min^-1 | 0–3050 |
| Прифат на алатот SDS | ||
| Работен од mm 21 | ||
| макс. длабочина на резот | ||
| – во дрво mm 200 | ||
A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 82 dB(A); ниво на звучна јачина 93 dB(A). Несигурност K = 5 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на осцилации a_n (векторски эбир на трите правци) и несигурност К се одредуваат според EN 62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила S 644 D: a_n,B = 9 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 ,
Сечење на метален лим со сечило за пила S 611 DF: a_n,WB = 8 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 .
(Податоците за сечење на иверки важат за дебелина од 20 мм на делот што се обработува.)
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат їе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Батеријата (4) има два степени на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (8). Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата за отворање (8) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (11) ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата (4). Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето за приказ за наполнетоста (10), за да се прикаже состојбата на наполнетост. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост (10) не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
▶ При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
▶ При менувањето на сечилата за пила внимавајте на тоа, на прифатот за сечило за пила да нема остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални струготини.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со 1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.
Вметнување на сечилото за пила (види слика С)
Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката и држете ја цврсто. Притиснете го сечилото за пила (1) во прифатот за сечило за пила (12). Повторно отпуштете ја чаурата за блокирање.
▶ Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.
▶ Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на пила, постои опасност од повреда.
Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката и држете ја цврсто. Извадете го сечилото за пила (1).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот.
Притиснете ја блокадата при вклучување (5) на десно, за да го заштитите електричниот алат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија (4) притиснете ја од долната страна навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно притиснете ја батеријата во подножјето, додека не се заклучи.
Вклучување/исклучување (види слика E)
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете ја блокадата при вклучување (5) на лево. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (6) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6). Потоа притиснете ја блокадата при вклучување (5) повторно на десно.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на включениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (6) се постинуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови при поставување на сечилото за пила на алатот, како и при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исключете го електричниот алат.
Совети
▶ При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туғи тела како на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното сечило за пила.
Включете го електричниот алат и водете го по делот што треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2) на површината од делот што се обработува и сечете со еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По завршување на работниот процес, исключете го електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исключете го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот алат.
Сечење со вдлабнување (види слика F)
▶ Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување! Не обработувајте метални материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (2) на делот што се обработува, без сечилото за пила (1) да го допира делот што се обработува и включете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максимальниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува. Штом основната плоча (2) целосно їе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечете по должна на саканата линија.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот алат да се води соодветно свртен.
Со еластичните биметални сечила за пила, може да сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно на сидот, како што се водоводни цевки.
▶ Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да биде подолго од дијаметарот на делот што се обработува. Постои опасност од повратен удар.
Поставете го сечилото за пила директно на сид и свиткајте го малку со страничен притисок на електричниот алат, додека основната плоча не легне на сидот. Включете го електричниот алат и сечете го делот што се обработува со константен страничен притисок.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Прифатот за сечило за пила, воглавно може да го исчистите со мека четка. Притоа, извадете го сечилото за пила од електричниот алат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за листовите за пила со употреба на соодветни средства за подмачкување.
152 | Srpski
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:
Според европейската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 152).