UB402MP - Прибор за дувач MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UB402MP MAKITA во PDF формат.
| Вид на производ | Додаток за дувалка |
| Марка | Makita |
| Модел | UB402MP |
| Вкупна должина | 760 mm |
| Нето тежина | 1,2 kg |
| Волумен на воздух | 0 – 6,2 m³/min |
| Брзина на воздух (просечна) | 0 – 39,1 m/s |
| Брзина на воздух (макс.) | 0 – 47,4 m/s |
| Компатибилни моторизирани единици | DUX60, DUX18, UX01G (безжични мултифункционални мотори) |
| Напојување | Преку моторизираната единица (Li-ion батерија Makita) |
| Предвидена употреба | Дување на прашина и остатоци |
| Крајна млазница | Вклучена, со можност за подесување на должина |
| Опционални додатоци | Продолжение за млазница, рамна млазница, комплет млазница за олук |
| Прицврстување | Со затегнувачка рачка на моторизираната единица |
| Рамо ремен за носење | Користете го приложениот ремен (освен UX01G со BL4080F) |
| Одржување | Чистење со влажна крпа, подмачкување на вратилото на моторот на секои 30 часа |
| Безбедност | Заштитни очила, заштита за слух, прилепена облека, безбедносно растојание 15 m |
| Стандарди | CE, EN 60335-1, EN 50636-2-100 |
| Гаранција | Консултирајте го прирачникот на моторизираната единица |
Frequently Asked Questions - UB402MP MAKITA
Прашања на корисниците за UB402MP MAKITA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прибор за дувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UB402MP - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UB402MP на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UB402MP MAKITA
*1. Капацитети на приключот на дувалката заедно со DUX60 безжична повеќефункционална глава за напојување
*2. Капацитети на приклучокот на дувалката заедно со DUX18 безжична повеќефункционална глава за напојување
*3. Капацитети на приключот на дувалката заедно со UX01G безжична повеќефункционална глава за напојување
- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.
- Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
Одобрен уред за напојување
Овој додаток е одобрен само за употреба со следниве уреди за напојување:
- DUX60 Безжична повекефункционална глава за напојување
- DUX18 Безжична повекефункционална глава за напојување
- UX01G Безжична повекефункционална глава за напојување
⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го додатокот со неодобрен уред за напојување. Неодобрената комбинација може да предизвика сериозна повреда.
Симболи
Допунаведените ги прикажуваат симболите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

Посветете особена грижа и внимание.



Прочитајте го упатството за користење.

Не допирајте ги вртливите делови.
Долгата коса може да предизвика несреќа со заплеткување.
![]() | Случајните минувачи треба да се држат настрана. | |
![]() | Носете заштита за очите и ушите. | |
![]() | Да не се изложува на влага. | |
![]() | Одржувајте растојание од најмалку 15 м. | |
![]() | Ni-MH Li-ion | Само за земјите на ЕУПоради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје.Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад!Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.Ова е означено со симболот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата. |
Наменета употреба
Додатокот е предвиден само за дување прав, заедно со одобрен уред за напојување. Никогаш не користете го додатокот за други намени. Со неправилна употреба на додатокот може да предизвикате сериозна повреда.
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Ние како производители: Makita Europe N.V., деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2 3070 Kortenberg BELGIUM. го овластуваме Hiroshi
Tsujimura за составување на техничкиот документ и со наша целосна лична одговорност изјавуваме дека производите;
Ознака: Приклучок на дувалката. Ознака на типовите: UB402MP.
ги исполнуват сите релевантни одредби од 2006/42/EC и исто така ги исполнуват релевантните одредби од следниве Директиви на ЕЗ/ЕУ: 2000/14/
EC и се произведени во согласност со следниве хармонизирани стандарди: EN 60335-1:2012+A11:2014+A13:2017+A1:2019+A14:2019+A2:2019, EN 50636-2-100:2014.
Место и датум на изјавата: Контенберг, Белгија. 31.10.2022
Одговорно лице: Hiroshi Tsujimura, директор - Makita Europe N.V.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Безбедносни предупредувања за дувалката
⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред
употребата, прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации што се доставени со машината, како и упатството за употреба на уредот за напојување. Ако не се следат сите упатства што се наведени подолу, може да се предизвика струен удар, пожар и/или тешка повреда на операторот и/или набљудувачите.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства за да може повторно да ги
прочитате.
Поимите „електрична четка/електрична метла“ и „машина“ во предупредувањата и мерките на претпазливост се однесуват на комбинацијата на додатокот и уредот за напојување.
Обука
- Прочитајте ги упатствата внимателно. Запознајте се со контролите и правилната употреба на дувалката.
-
Никогаш не дозволувајте деца и лица со намален физички, сензорен или ментален капацитет или без искуство и знаење или, пак, лица кои не се запознаени со овие упатства да ја користат дувалката. Локалните прописи може да ја ограничуваат возраста на операторот.
-
Никогаш не работете со дувалката кога има луге, особено деца или домашни животни во близина.
-
Имајте предвид дека ракувачот или корисникот е одговорен за каква било несреќите или опасностите што може да им се случаат на другите лица или нивниот имот.
Подготовка
- Секогаш носете цврсти обувки и долги панталони додека работите со дувалката.
- Не носете лабава облека, ниту накит, кои можат да бидат вовлечени во отворот за воздух. Држете ја долгата коса подалеку од отворите за воздух.
- Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога користите електрични алати. Очилата мора да се усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.
-
За спречување надразнување од прав, се препорачува да се носи маска за лице.
-
Додека работите со машината, секогаш носете заштитни обувки што не се лизгаат. Нелизгавите безбедносни чизми и чевли со затворени прсти єе го намалат ризикот од повреда.
-
Носете заштита за ушите, како што се штитници за уши. Изложувањето на бучава може да предизвика губење на слухот.
Работење
- Расчистете ги децата, случајните минувачи и домашните миленици од областа. Како минимални мерки, сите деца, минувачи и миленичиња треба да бидат надвор од радиус од 15 м; надвор од зоната од 15 м, постои ризик од повреда од фрлени предмети. Минувачите треба да се поттикнат да носат заштитни очила. Ако некој ви се приближува, изгаснете ја машината.
▶ Сл.1
- Исклучете ја дувалката и извадете ја касетата за батерија, потоа осигурете се дека сите подвижни делови целосно запреле
- секогаш кога ја оставате дувалката.
- пред да пристапите кон деблокирања.
- пред проверка, чистење или изведување работи врз дувалката.
-
доколку дувалката започне да вибрира ненормално.
-
Ракувајте со дувалката само на дневна светлина или добро вештачка светлина.
-
Не пресегајте предалеку и одржувајте соодветна рамнотежа и стабилна положба на нозете цело време.
-
Секогаш внимавајте како газите по стрмнини.
-
Одете, никогаш не трчајте.
-
Држете ги сите отвори за воздух без нечистотии.
-
Никогаш не дувајте нечистотии во насока на минувачите.
-
Работете со дувалката во препорачаната позиција и на цврста површина.
-
Не работе со дувалката на високи места.
-
Никогаш не насочувајте го распрскувачот кон никого во близина кога ја користите дувалката.
-
Никогаш не блокирајте ги доводот за смукање и/или одводот за дување.
-
Внимавајте да не го блокирате доводот за смукање или одводот за смукање со прав или нечистотија кога работите во правлива област.
• Не користете други распрскувачи освен распрскувачите што ги обезбедува Makita. -
Не користете ја дувалката за надувување топки, гумени кајчиња или слично.
-
Не работете со дувалката во близина на отворени прозорци и сл.
-
Се препорачува, со дувалката да се работи само во разумно време од денот - не рано наутро или доцна навечер кога може да се предизвика вознемиреност кај луғето.
-
Се препорачува користење гребла и метли за разлабавување на отпадот преддувањето.
-
Пред дувањето, малку наводенете ги површините во правливи услови или користење спреј за прскање вода ако е неопходно.
-
Приспособете ја должината на млазникот на дувалката, така што пареата да делува блиску до земјата.
- Доколку дувалката удри во надворешен предмет или почне да прави невообичаена бучава или вибрации, веднаш исключете ја за да го запрете тоа. Извадете ја касетата за батеријата и проверете дали дувалката има оштетувања пред одново да ја стартувате и да работите со дувалката. Доколку дувалката е оштетена, побарајте поправка од овластените сервисни центри на Makita.
- Не вметнувајте прсти или други предмети во доводот за смукање или одводот за дување.
- Спречете ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба пред вметнување касета за батерија, подигање или носење на дувалката. Носењето на дувалката со прстот на прекинувачот или со включен прекинувач е може да предизвика несреći.
- Никогаш не дувајте опасни материјали, како шајки, парчиња стакло или сечила.
- Не ракувајте со дувалката близу до запаливи материјали.
- Избегнувајте работа со дувалката долго време во средина со ниска температура.
- Пред да ја склопувате или нагодувате машината, исключете го моторот и извадете ја касетата за батеријата.
- Носете лична заштитна опрема пред да го стартувате моторот.
- Пред да го стартувате моторот, проверете дали на машината има оштетувања, лабави завртки/навртки или неправилно склопување. Проверете дали сите контролни лостови и прекинувачи функционираат исправно. Исчистете ги и исушете ги рачките.
- Никогаш не обидувајте се да го включите моторот ако машината е оштетена или ако не е целосно склопена.
- Нагодете ги ременот за рамо и дршката за рака да одговараат на големината на телото на операторот.
- При работењето, користете го ременот за рамо. Држете ја машината цврсто од вашата десна страна.
▶ Сл.2
-
Држете ја предната рачка со левата рака, а задната дршка со десната рака, без оглед дали сте деснак или левак. Свиткајте ги прстите и палците околу рачките.
-
Никогаш не обидувајте се да работите со машината со една рака. Ако загубите контрола, може да дојде до сериозна или фатална повреда. За да го намалите ризикот од повреди, чувајте ги рацете и стапалата подалеку од четките или барабаните за метење.
-
Ако машината се здобие со тежок удар или пад, проверете ја нејзината состојба пред да продолжите со работа. Проверете дали контролите и безбедносните уреди функционираат исправно. Доколку има какво било оштетување или сомнеж за тоа, побарајте проверка и поправка од наш овластен сервисен центар.
- Следете го прирачникот со упатства на уредот за напојување за правилна употреба на уредот за напојување.
- Погледнете во упатството за употреба на уредот за напојување за начинот на стартување и контрола на машината.
- При работењето, никогаш не стојте на нестабилна или лизгава површина или на стрмина. За време на ладните годишни времиња, внимавајте на мразот и снегот и секогаш одржувајте стабилна положба со нозете.
- Не користете ја машината на лошо време кога видливоста е намалена. Во спротивно, може да дојде до пад или неправилна работа поради лошата видливост.
- Не користете ја машината ако постои ризик од грмотевици.
Транспорт
- Запрете го моторот при транспорт. Во спротивно, ненамерното стартување може да предизвика повреда.
Вибрации
- Изложувањето на прекумерни вибрации може да им наштети на крвните садови или нервниот систем на операторот и да ги предизвика следните симптоми во прстите, рацете или зглобовите: „Заспивање“ (отрпнатост), трнење, болка, чувство на прободување, промена на бојата на кожата или промена на кожата. Ако ви се случаи некој од овие симптоми, посетете доктор. За да го намалите ризикот од „болест на бел прст“, држете ги рацете топли за време на работата и добро одржувајте ги машината и приборот.
Одржување и чување
- Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за да бидете сигурни дека дувалката е во безбедна работна состојба.
- Доколку деловите се изабени или оштетени, заменете ги со делови што ги обезбедува Makita.
- Складирајте ја дувалката на сигурно место надвор од дофат на деца.
- Кога ќе ја запрете дувалката за проверка, сервисирање, складирање или менување додатоци, исключете ја и осигурете се дека сите подвижни делови целосно запреле и извадете ја касетата за батеријата. Изладете ја дувалката пред да изведувате какви било работи на неа. Одржувајте ја дувалката со внимание и чувајте ја чиста.
-
Пред да ја складирате, оставете ја дувалката да се олади.
-
Не изложувајте ја дувалката на дожд. Складирајте ја дувалката во затворен простор.
- Кога ње ја подигнувате дувалката, свиткајте ги колената и внимавајте да не си го повредите грбот.
- Секогаш чистете ги прашината и нечистотиите од опремата. За таа цел, никогаш не користете бензин, бензол, разредувач, алкохол или слично. Може да дојде до менување на бојата, на обликот или пукнатини на пластичните компоненти.
- Не обидувајте се да извршувате какво било одржување или поправки што не се опишани во оваа брошура или во прирачникот со упатства на уредот за напојување. За такви работи, обратете се кај наш овластен сервисен центар.
- Следете ги упатствата за подмачкување и замена на додатоците.
- Секогаш користете ислучиво оригинални резервни делови и прибор. Употребата на резервни делови или прибор од трета страна може да резултира со кршење на опремата, оштетување на имотот и/или тешка повреда.
- Побарајте го нашиот овластен сервисен центар за проверка и одржување на машината во редовни интервали.
- Пред да ја складирате машината, извршете целосно чистење и одржување. Извадете ја касетата за батерија.
- Не потпирајте ја опремата на нешта како на пример на сид. Во спротивно, може ненадејно да падне и да предизвика повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
- Полнете само со полночат одреден од страна на производителот. Полнач што е соодветен за еден тип батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
- Ислучиво користете ги електричните алати со конкретно наменети батерии. Користењето други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.
- Кога батеријата не се користи, држете ја настрана од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други мали метални предмети што можат да послужат како врска од еден на друг приклучок. Краткиот спој на батериските приклучоци може да доведе до изгореници или пожар.
- При случаи на злоупотреба, од батеријата може да истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
-
Не користете батерии или алат што се оштетени или менувани. Оштетените или менуваните батерии може да прикажуваат непредвидливо однесување што резултира со орган, експлозија или опасност од повреда.
-
Не изложувајте ги батериите или алатот на орган или прекумерна температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
- Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батериите или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатството. Неправилното менување или менувањето на температури надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од орган.
Безбедност на електричните делови и батеријата
- Не фрлајте ги батериите во орган. Келијата може да експлодира. Проверете ги локалните прописи за можни упатства за специјален отпад.
- Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите. Електролитот што се ослободува е корозивен и може да предизвика оштетување на очите или кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
- Не полнете ја батеријата на дожд или на влажни места.
- Не полнете ја батеријата надвор.
- Не држете го полначот, вклучувајки го и приклучокот за полначот и терминалите на полначот со влажни раце.
Сервисирање
- Вашиот електричен алат сервисирајте го кај квалификувано лице за поправки, кое користи само идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму е безбеден.
- Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да ги извршува само производителот или овластените сервисери.
⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на производот (стекнати со подолга употреба) да ве наведат да не се придржувате строго до безбедносните правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на безбедносните правила наведени во ова упатство може да предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
▶ Сл.3: 1. Капаче 2. Цевка 3. Распрскувач на крајот
СОСТАВУВАЊЕ
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја склопувате или нагодувате опремата, исключете го моторот и извадете ја касетата за батеријата. Во спротивно, вентилаторот може да се придвижи и тоа да предизвика повреда.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога їе ја склопувате или нагодувате опремата, секогаш спуштете ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.
Монтирање на приклучната цевка
⚠️ ВНИМАНИЕ: По монтирањето, секогаш проверувајте дали прилучната цевка е прицврстена. Несоодветното монтирање може да предизвика додатокот да падне од уредот за напојување и да предизвика лична повреда.
Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за напојување.
- Отстранете го капачето од крајот на цевката.
▶ Сл.4: 1. Цевка 2. Капаче
ЗАБЕЛЕШКА: Не фрлајте го капачето бидејки е потребно за складирање на додатокот.
- Свртете го лостот кон додатокот.
▶ Сл.5: 1. Лост - Порамнете ја иглата со ознаката за стрелка на уредот за напојување. Вметнете ја цевката додека не се појави копчето за отпуштање.
Осигурете се дека линијата за положба е на врвот од ознаката за стрелка на уредот за напојување, а ознаките за стрелка на уредот за напојување и на цевката се насочени една кон друга.
▶ Сл.6: 1. Копче за отпуштање 2. Ознака за стрелка на уредот за напојување 3. Чепче 4. Линија за положба 5. Ознака за стрелка на цевката
- Свртете го лостот кон уредот за напојување.
▶ Сл.7: 1. Лост
Осигурете се дека површината на лостот е паралелна во однос на цевката.
ЗАБЕЛЕШКА: Не стегајте го лостот без да биде вметната прилучната цевка. Инаку, лостот може да го престегне и да го оштети влезниот отвор на погонската оска.
За да ја отстраните цевката, свртете го лостот во насока на додатокот и извлечете ја цевката додека го притискате копчето за отпуштање.
▶ Сл.8: 1. Копче за отпуштање 2. Лост 3. Цевка
Монтирање на распрескувач на крајот
Порамнете го испакнатиот дел на цевката на дувалката со жлебот на цевката на адаптерот, потоа прикачете ја цевката на адаптерот на цевката на дувалката и свртете ја цевката на адаптерот за да се заглави.
▶ Сл.9: 1. Триаголна ознака 2. Цевка на адаптерот 3. Цевка на дувалката
За да го извадите распрескувачот на крајот, следете ја постапката за монтирање по обратен редослед.
НАПОМЕНА: Должината на распрскувачот може да се менува со движење на распрскувачот како што е прикажано на сликата.
▶ Сл.10
Монтирање на рамниот или продолжениот распрескувач
Опционален додаток
- Извадете го распрескувач на крајот од додатокот.
- Прикачете го рамниот или продолжениот распрскувач на додатокот, а потоа свртете го за да се заглави.
▶ Сл.11: 1. Рамен распрескувач 2. Продолжен распрескувач 3. Додаток
Монтирање комплет на распрскувачот на олук
Опционален додаток
- Извадете го распрскувачот на крајот, продолжениот распрскувач или рамниот распрскувач од додатокот.
- Разлабавете го шрафот на малата стега за црево и поставете ја стегата за црево преку додатокот.
▶ Сл.12: 1. Шраф 2. Стега за црево (мала) 3. Додаток
- Поврзете ја продолжната цевка со додатокот. Порамнете го жлебот на продолжната цевка со испакнатиот дел на додатокот, а потоа лизгајте ја продолжната цевка по должината на жлебот така да триаголните ознаки се свртени една кон друга.
▶ Сл.13: 1. Продолжна цевка 2. Додаток
- Поставете ја стегата за црево врз жлебот како што е прикажано и стегнете го шрафот.
▶ Сл.14: 1. Шраф 2. Стега за црево
- Согласно работната висина, поврзете ги продолжните цевки со продолжната цевка што веке е прикачена.
⚠️ВНИМАНИЕ: Кога го користите комплетот на распрскувачот на олук заедно со повеќефункционалната глава за напојување и приклучокот на дувалката, не користете три или повеće продолжни цевки. Тоа може да предизвика губење на рамнотежата и да резултира со повреда.
- Свртете го одводот од распрескувачот на крајот како што е прикажано на сликата.
▶ Сл.15
- Поврзете го распрскувачот на крајот со продолжната цевка. Кога поврзувате, порамнете ги триаголните ознаки на распрскувачот на крајот и продолжната цевка, а потоа притиснете го распрскувачот на крајот додека не кликне. Потоа, ротирајте го распрскувачот на крајот до соодветна позиција за вашата работа.
▶ Сл.16: 1. Распрскувач на крајот 2. Продолжна цевка 3. Триаголна ознака
Кога єе го вадите распрескувачот на крајот, порамнете ги триаголните ознаки на распрескувачот на крајот и продолжната цевка, а потоа извлечете го распрескувачот на крајот од продолжната цевка.
▶ Сл.17: 1. Распрскувач на крајот 2. Продолжна цевка 3. Триаголна ознака
РАБОТЕЊЕ
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред работење, нагодете ја положбата на закачалката и ременот за рамо до удобна положба за вас.
Работа со дувалката
⚠️ ВНИМАНИЕ: Не поставувајте ја машината на земја додека е включена. Преку отворот за смукање може да навлезе песок или прав и да предизвика дефект или лична повреда.
Цврсто држете ја машината со двете раце и извршувајте го дувањето полека движејки ја наоколу. Кога вршите дување околу зграда, голема карпа или возило, насочете го распрескувачот настрана од нив. Кога извршувате работна операција во юш, започнете од юшот и движете се кон пошироката област. Регулирајте ја брзината на воздухот со прекинувачот за стартување на уредот за напојување според околината или условите на користење.
▶ Сл.18
Користење комплет на распрскувачот на олук
⚠️ ВНИМАНИЕ: Кога го користите комплетот на распрскувачот на олук, не држете ја дувалката со една рака, туку со двете.
▶ Сл.19
⚠️ ВНИМАНИЕ: Не користете го комплетот на распрскувачот на олук во близина на електрични жици.
▶ Сл.20
⚠️ ВНИМАНИЕ: Не користете го комплетот на распрескувачот на олук на ветровит ден.
▶ Сл.21
⚠️ ВНИМАНИЕ: Кога го користите комплетот на распрскувачот на олук, држете ги другите луфе или животни на оддалеченост од 15 м или повеќе од дувалката.
▶ Сл.22
Држете ја дувалката исправена држејки ја рачката на дувалката. Поставете го одводот од дувалката на олукот и потоа включете ја дувалката.
▶ Сл.23
За корисници на UX01G
ЗАБЕЛЕШКА: Кога го користите комплетот на распрскувачот на олук, ако го користите UX01G како уред за напојување и монтирате BL4080F на UX01G, не користете го ременот за рамо включен во пакетот на уредот за напојување, туку користете го препорачаниот ремен за рамо што е прикажан подолу. За препорачаниот ремен за рамо, прашајте го овластениот сервисен центар на Makita.
Прикачување на појасот за рамо
⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш користете го ременот за рамо прикачен на уредот за напојување. Пред работа, нагодете го ременот за рамо според големината на корисникот за да спречите замор.
АВНИМАНИЕ: Пред работа, осигурете се дека ременот за рамо е соодветно прикачен на закачалката на уредот за напојување.
⚠️ВНИМАНИЕ: Пред работа, осигурете се дека токата на ременот за рамо е добро затегната.
⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш користете го ременот за рамо што е прикажан подолу. Не користете други ремени за рамо.
- Ставете го ременот за рамо и закопчајте ја токата.
▶ Сл.24: 1. Тока
НАПОМЕНА: Кога ње го вадите ременот за рамо, отключете ја токата и извадете го ременот за рамо.
- Нагодете го ременот за рамо за удобна работна положба.
▶ Сл.25
- Закачете ја куката на ременот за рамо на закачалката од уредот за напојување.
▶ Сл.26: 1. Кука 2. Закачалка
Ременот за рамо се карактеризира со механизмам за брзо ослободување. Едноставно, стиснете ги страните на токата за да го ослободите ременот за рамо.
▶ Сл.27: 1. Тока
ОДРЖУВАЊЕ
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред проверка и одржување на опремата, исключете ја и извадете ја касетата за батеријата. Во спротивно, вентилаторот може да се придвижи и тоа да предизвика тешка повреда.
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: При проверка или одржување на опремата, секогаш ставајте ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или слично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
Чистење на машината
Чистете ја машината така што ње ја бришете прашината со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.
▶ Сл.28
Отстранете ги правот или нечистотијата од отворот за смукање во задниот дел од приклучокот.
▶ Сл.29: 1. Отвор за смукање
Целокупна проверка
Проверете дали има оштетени делови. Побарајте во нашиот овластен сервисен центар да ги заменат ако има потреба.
Подмачкување на подвижните делови
ЗАБЕЛЕШКА: Следете ги упатствата за зачестеноста и количеството на обезведеното средство за подмачкување. Инаку, недоволното подмачкување може да ги оштети подвижните делови.
Погонска оска:
Нанесувајте средство за подмачкување (масло Makita N No.2 или слично) на секои 30 часа од работата.
▶ Сл.30
НАПОМЕНА: Оригинално средство за подмачкување на Makita може да се купи од вашиот локален продавач на Makita.
Складирање
При одделно складирање на додатокот од уредот за напојување, ставете го капачето на крајот од цевката.
▶ Сл.31
Интервал на проверка и одржување
| Работни часови Пред работа Секојдневно (10 | часа) | 30 часа | |
| Целиот уред | Визуелна проверка за оштетени делови | √ | - |
| Погонска оска Обезбедување | маст -- | √ | |
| Уред за напојување Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување | |||
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Пред да побарате поправка, прво самите извршете проверка. Ако пронајдете проблем што не е опишан во упатството, не обидувајте се да ја расклопите машината. Наместо тоа, побарајте помош од овластените сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.
| Состојба на аномалии Можно причина (дефект) Поправка | |
| Моторот не стартува. - Погледнете во прирачникот со упатства за | уредот за напојување. |
| Моторот запира брзо. - Погледнете во прирачникот со упатства за | уредот за напојување. |
| Брзината на моторот не се зголемува. | - Погледнете во прирачникот со упатства за |
| Вентилаторите не се вртат.⇒ Веднаш запрете го моторот. | Цевките на уредот за напојување и додатокот не се поврзани правилно. |
| Погонски систем со аномалии | |
| Уредот за напојување вибрира невообичаено.⇒ Веднаш запрете го моторот. | Погонски систем со аномалии Контактирајте со овластен сервисен центар за поправка. |
| Вентилаторот продолжува да ротира дури и кога е отпуштен прекинувачот за стартување.⇒ Веднаш запрете го моторот. | Уредот за напојување не работи соодветно. |
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
⚠️ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со машината од Makita наведена во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
• Продолжен распрескувач
• Рамен распрескувач
• Комплет на распрескувачот на олук
• Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со пакетот производи како стандарден прибор. Тие може да се разликуваат од држава до држава.
ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ
- ако дувалица почне абнормално да вибрира.
- Поставите појас за рамена и затворите копчу.
▶ Слика24: 1. Копча




