MAKITA UB403MP - Прибор за дувач

UB403MP - Прибор за дувач MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UB403MP MAKITA во PDF формат.

📄 284 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA UB403MP - page 209
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за UB403MP MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Прибор за дувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UB403MP - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UB403MP на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UB403MP MAKITA

Само за Обединеното кралство

*1. Капацитети на приключокот на дувалката заедно со DUX60 безжична повеќефункционална глава за напојување (со батерија BL1860В x 2)

*2. Капацитети на приклучокот на дувалката заедно со DUX18 безжична повеќефункционална глава за напојување (со батерија BL1860B)

*3. Капацитети на приклучокот на дувалката заедно со UX01G безжична повеќефункционална глава за напојување (со батерија BL4040)

- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.

- Спецификациите може да се разликуват од држава до држава.

Одобрен уред за напојување

Овој додаток е одобрен само за употреба со следниве уреди за напојување:

  • DUX60 Безжична повекефункционална глава за напојување
  • DUX18 Безжична повеќефункционална глава за напојување
  • UX01G Безжична повекефункционална глава за напојување

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го додатокот со неодобрен уред за напојување. Неодобрената комбинација може да предизвика сериозна повреда.

Симболи

Долунаведените ги прикажуваат символите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

MAKITA UB403MP - Симболи - 1

Посветете особена грижа и внимание.

MAKITA UB403MP - Симболи - 2

MAKITA UB403MP - Симболи - 3

MAKITA UB403MP - Симболи - 4

Прочитајте го упатството за користење.

MAKITA UB403MP - Симболи - 5

Долгата коса може да предизвика несреќа со заплеткување.

MAKITA UB403MP - Симболи - 6

MAKITA UB403MP - Симболи - 7

MAKITA UB403MP - Симболи - 8

MAKITA UB403MP - Симболи - 9

MAKITA UB403MP - Симболи - 10

Да не се изложува на влага.

Само за земјите на ЕУ

Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје.

Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад!

Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.

Ова е означено со символот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.

Наменета употреба

Додатокот е предвиден само за дување прав, заедно со одобрен уред за напојување. Никогаш не користете го додатокот за други намени. Со неправилна употреба на додатокот може да предизвикате сериозна повреда.

Само за земјите во Европа

Ние како производители: Makita Europe N.V., деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2 3070 Kortenberg BELGIUM. го овластуваме Kazuhisa

Makino за составување на техничкиот документ и со наша целосна лична одговорност изјавуваме дека производите;

Ознака: Приклучок на дувалката. Ознака на типот(овите): UB403MP.

Ги исполнува сите релевантни одредби од 2006/42/E3 и исто така ги исполнува сите релевантни одредби од следниве Директиви на E3/EY:

2000/14/EC и се произведени во согласност со следниве хармонизирани стандарди: EN 62841-1:2015+A11:2022, EN IEC 62841-4-6:2024+A11:2024.

Место и датум на изјавата: Контенберг, Белгија. 26.9.2024

Одговорно лице: Kazuhisa Makino, директор - Makita Europe N.V.

MAKITA UB403MP - Само за земјите во Европа - 1

Ние како производители: Makita Europe N.V., деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2 3070 Kortenberg BELGIUM. го овластуваме Kazuhisa Makino за составување на техничкиот документ и со наша целосна лична одговорност изјавуваме дека производите;

Ознака: Приклучок на дувалката. Ознака на типот(овите): UB403MP.

Ги исполнува сите релевантни одредби од S.I. 2008/1597 (со измените) и исто така ги исполнува сите релевантни одредби од следниве Директиви на ОК: S.I. 2001/1701 (со измените) и се произведени во согласност со следниве наменски стандарди: EN 62841-1:2015+A11:2022, EN IEC 62841-4-6:2024+A11:2024.

Место и датум на изјавата: Контенберг, Белгија. 26.9.2024

Одговорно лице: Kazuhisa Makino, директор - Makita Europe N.V.

Увозник: Makita (UK) Limited, Michigan Drive, Tongwell, Milton Keynes, Buckinghamshire, MK15 8JD, UK

MAKITA UB403MP - Само за земјите во Европа - 2

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Општи упатства за безбедност за електричните алати

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации дадени со електричниот алат. Ако не се почитуваат сите упатства наведени подолу, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате.

Под терминот „електричен алат“ во предупредувањата се мисли на вашиот електричен алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии (безжично).

Безбедност на работната област

  1. Користете чист и добро осветлен работен простор. Ако просторот е натрупан и темен, полесно може да се случаи незгода.

  2. Не работете со електричните алати во експлозивни атмосфери, на пример, ако има запаливи течности, гасови или прав. Електричните алати искрат и можат да ги запалат правот или испарувањата.

  3. Децата и набљудувачите нека стојат понастрана кога работите со електричен апарат. Ако нешто го одвлекува вашето внимание, може да изгубите контрола.

Електрична безбедност

  1. Електричните приклучоци на електричните алати треба да одговараат на штекерот. Никогаш и никако не менувајте го електричниот приклучок. Не користете електрични приклучоци-адаптери со заземјени електрични алати. Немодифицираните електрични приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.
  2. Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако вашето тело е заземјено.
  3. Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на врнежливи услови. Ако вода влегува во електричниот алат, тоа го зголемува ризикот од електричен удар.
  4. Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Кабелот држете го настрана од топлина, масло, остри агли или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар.
  5. Кога го користите електричниот алат на отворено, користете кабел наменет за отворен простор. Ако користете кабел соодветен за отворен простор, се намалува ризикот од електричен удар.
  6. Ако мора со електричниот алат да работите во влажен простор, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD), заштитена серија. Ако користите заштитен уред за диференцијална струја, се намалува ризикот од електричен удар.
  7. Електричните алати може да создаваат електромагнетни полиња (ЕМП) што не се штетни за корисникот. Сепак, пред да работат со овој електричен алат, корисниците на пејсмејкери и други слични медицински уреди треба да контактираат со производителот на нивниот уред и/или лекарот за совет.

Лична безбедност

  1. Бидете внимателни, гледајте што правите и размислувајте разумно кога работите со електричниот алат. Не користете го електричниот алат кога сте уморни или кога сте под дејство на дрога, алкохол или на лекови. Момент на невнимание додека работите со електричниот алат, може да предизвика сериозна физичка повреда.
  2. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пример маска за прав, заштитни чевли што не се лизгаат, тврда капа или заштита за слухот, што се користи за соодветни услови, ке ги намали физичките повреди.

  3. Спречете ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во ислучена положба пред поврзување во извор на електрична енергија и/или на батерија, пред подигање или носење на алатот. Ако електричните алати ги носите, а прстот ви е на прекинувачот или тој е включен, може да дојде до несреќа.

  4. Отстранете ги клиновите или клучевите за нагодување пред да го включите електричниот алат. Ако оставите клин или клуч во ротирачкиот дел од електричниот алат, може да дојде до физичка повреда.
  5. Не посегнувајте предалеку. Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со нозете цело време. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во неочекувани ситуации.
  6. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и облеката држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се заплеткаат во подвижните делови.
  7. Ако има уреди за поврзување на делови за извлекување и собирање прав, проверете дали тие се правилно поврзани и дали се користат соодветно. Ако користите уред за собирање прав, може да ги намалите опасностите што може да ги предизвика правот.
  8. Не дозволувајте познавањето стекнато од честата употреба на алатите да ве направи безгрижни и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Невнимателното дејство за дел од секунда може да предизвика сериозна повреда.
  9. Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога користите електрични алати. Очилата мора да се усогласени со ANSI Z87.1 во CAD, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

MAKITA UB403MP - Лична безбедност - 1

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.

Користење и грижа за електричниот алат

  1. Не форсирајте го електричниот алат. Користете правилен електричен алат за конкретната примена. Со правилниот електричен алат, подобро и побезбедно їе ја завршите работата, како и со предвидената брзина.

  2. Не користете го електричниот алат ако не можете да го включите и исключите со прекинувачот. Ако електричниот алат не може да се контролира со прекинувачот, тогаш тој е опасен и мора да се поправи.

  3. Исключете го приклучокот од напојувањето и/или извадете ги батериите, ако може да се откачат, од електричниот алат пред да правите измени, да менувате додатоци или да ги складирате електричните алати. Овие превентивни безбедносни мерки їе го намалат ризикот електричниот алат да почне да работи случајно.

  4. Електричните алати во режим на мирување држете ги подалеку од дофатот на децата и не дозволувајте лица што не се запознаени со електричниот алат или овие упатства да ракуваат со електричниот алат. Електричните алати се опасни во рацете на необучените корисници.

  5. Одржувајте ги електричните алати и приборот. Проверете дали подвижните делови се изместени или заглавени, скршени или во некоја друга состојба што може да влијае врз работењето на електричниот алат. Ако е оштетен, поправете го електричниот алат пред да го користите. Многу незгоди се случауваат поради слабо одржувани електрични алати.

  6. Одржувајте ги алатите остри и чисти. Правилно одржувани алати за сечење, со остри сечила, помалку е веројатно дека ќе се заглават и полесно се контролираат.

  7. Користете ги електричниот алат, додатоците и длетата на алатот, итн. во согласност со овие упатства, земајки ги предвид работните услови и работата што треба да се изврши. Ако го користите електричниот алат за работи различни од оние за кои тој е наменет, може да ве доведе во опасност.

  8. Рачките и површините за фаќање нека бидат суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгавите рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

  9. Кога го користите алатот, не носете платнени работни ракавици што може да се заплеткаат. Заплеткувањето на платнените работни ракавици во подвижните делови може да резултира со телесна повреда.

Користење и грижа за алатот на батерии

  1. Полнете само со полначот одреден од страна на производителот. Полнач што е соодветен за еден тип батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи со друга батерија.

  2. Ислучиво користете ги електричните алати со конкретно наменети батерии. Користењето други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.

  3. Кога батеријата не се користи, држете ја настрана од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други мали метални предмети што можат да послужат како врска од еден на друг приклучок. Краткиот спој на батериските приклучоци може да доведе до изгореници или пожар.
  4. При случаи на злоупотреба, од батеријата може да истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
  5. Не користете батерии или алат што се оштетени или менувани. Оштетените или менуваните батерии може да прикажуваат непредвидливо однесување што резултира со орган, експлозија или опасност од повреда.
  6. Не изложувајте ги батериите или алатот на орган или прекумерна температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
  7. Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батериите или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатството. Неправилното менување или менувањето на температури надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од орган.

Сервисирање

  1. Вашиот електричен алат сервисирајте го кај квалификувано лице за поправки, кое користи само идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму е безбеден.
  2. Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да ги извршува само производителот или овластените сервисери.
  3. Следете ги упатствата за подмачкување и за менување на додатните делови.

Безбедносни предупредувања за безжична градинарска дувалка

Поимите „електрична четка/електрична метла“ и „машина“ во предупредувањата и мерките на претпазливост се однесуваат на комбинацијата на додатокот и уредот за напојување.

  1. Не користете ја машината при лоши временски услови, особено кога има ризик од грмотевици. Со тоа се намалува ризикот од удар на гром.
  2. Носете заштита за очите и заштита за ушите. Соодветната заштитна опрема може да го намали ризикот од телесна повреда.

  3. Додека работите со машината, секогаш носете заштитни обувки што не се лизгаат. Не ракувајте со машината боси или со отворени сандали. Ова го намалува ризикот од повреда на стапалата.

  4. Не носете широка облека или работи како што се шалови, врвки, синцирчиња, вратоврски итн. што може да бидат вовлечени во отворите за воздух. Долгата коса врзете ја во опавче или покријте ја за да не биде вовлечена во отворите за воздух. Ако некои од овие работи се вовлечат во отворите за воздух, тоа може да го зголеми ризикот од телесна повреда.
  5. Набљудувачите нека стојат понастрана кога работите со машината. Фрлените отпадоци може да го зголемат ризикот од телесна повреда.
  6. Никогаш не насочувајте го распрскувачот на дувалката кон луге или миленичиња или кон прозорци. Бидете особено внимателни кога дувате отпадоци во близина на тврди предмети, како што се дрвја, автомобили и сидови од коишто може да се одбијат отпадоците. Фрлените предмети може да предизвикаат материјална штета и да го зголемат ризикот од телесна повреда.
  7. Не користете ја машината за да дувате нешто што гори или чади, како на пример, цигари, догорчиња или жежок пепел. Овие извори на палење може да го зголемат ризикот од пожар.
  8. Не допирајте го вентилаторот додека се уште се врти. Исключете ја машината и почекајте вентилаторот да запре пред да отстраните некој дел што може да овозможи пристап до вентилаторот. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижни делови.
  9. При чистење на заглавен материјал или сервисирање на машината, проверете дали прекинувачот за напојување е исклучен. Неочекуваното стартување на машината при чистење на заглавен материјал или сервисирање може да резултира со сериозна телесна повреда.
  10. Туғата материја може да ги блокира воздушните канали и оптоварениот проток на воздух. Отстранете ги сите пречки на патеката на воздухот ако тоа влијае врз перформансите на дувањето.
  11. Секогаш носете ракавици додека работите. Избегнувајте да работите со машината со голи раце. Ова го намалува ризикот од повреда на рацете и прстите.
  12. Користете ја оваа машина на нивото на подлогата, а не на скалила или нестабилна поддршка.
  13. Кога машината ће удри во тврд предмет или ако изгледа дека има преголеми вибрации, проверете ја машината за оштетување.
  14. Секогаш увервајте се дека отворите за вентилација се чисти.
  15. Исчистете ја машината пред да ја складирате.

Дополнителни безбедносни упатства

  1. Работете со машината само дење или на добро вештачко светло. Не користете ја машината кога видливоста е намалена. Во спротивно, може да дојде до пад или неправилна работа поради лошата видливост.
  2. Не работе со дувалката на високи места.
  3. Работете со дувалката во препорачаната позиција и на цврста површина.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на производот (стекнати со подолга употреба) да ве наведат да не се придржувате строго до безбедносните правила за овој производ.

ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на безбедносните правила наведени во ова упатство може да предизвикаат тешка телесна повреда.

ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ

▶ Сл.1: 1. Капаче 2. Цевка 3. Распрскувач на крајот

СОСТАВУВАЊЕ

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја склопувате или нагодувате опремата, исклучете го моторот и извадете ја касетата за батеријата. Во спротивно, вентилаторот може да се придвижи и тоа да предизвика повреда.
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Кога ће ја склопувате или нагодувате опремата, секогаш спуштете ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.
⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

Монтирање на приклучната цевка

⚠️ ВНИМАНИЕ: По монтирањето, секогаш проверувајте дали приклучната цевка е прицврстена. Несоодветното монтирање мож да предизвика додатокот да падне од уредот з напојување и да предизвика лична повреда.

Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за напојување.

  1. Отстранете го капачето од крајот на цевката.
    ▶ Сл.2: 1. Цевка 2. Капаче

ЗАБЕЛЕШКА: Не фрлајте го капачето бидејки е потребно за складирање на додатокот.

  1. Свртете го лостот на уредот за напојување кон додатокот.

▶ Сл.3: 1. Лост

  1. Порамнете ја нитната со пружина на цевката со ознаката со стрелка на уредот за напојување. Ставете ја цевката додека не се појави копчето за отпуштање.

Осигурете се дека линијата за положба се наога на врвот од ознаката со стрелка на уредот за напојување и дека ознаките со стрелки на цевката и на уредот за напојување се насочени една кон друга.

▶ Сл.4: 1. Копче за отпуштање 2. Ознака за стрелка на уредот за напојување 3. Нитна со пружина 4. Линија за положба 5. Ознака за стрелка на цевката

  1. Свртете го лостот наназад кон уредот за напојување.

▶ Сл.5: 1. Лост

Осигурете се дека површината на лостот е паралелна во однос на цевката.

ЗАБЕЛЕШКА: Не стегајте го лостот без да биде вметната приклучната цевка. Инаку, лостот може да го престегне и да го оштети влезниот отвор на погонската оска.

За да ја отстраните цевката, свртете го лостот во насока на додатокот и извлечете ја цевката додека го притискате копчето за отпуштање.

▶ Сл.6: 1. Лост 2. Копче за отпуштање 3. Цевка

Склоп на крајниот распрскувач

Приклучокот на дувалката е стандардна опрема со краен распрскувач што може да се откачи. Прицврстете ја или заменете ја млазницата според вашите потреби.

Отстранување на крајниот распрскувач

Додека го држите телото на додатокот, свртете го и лизгајте го крајниот распрскувач по жлебот на водилката нанапред.

▶ Сл.7: 1. Краен распрескувач 2. Жлеб на водилката 3. Одвод за дување

Прицврстување на крајниот распрскувач

Порамнете го жлебот на водилката на крајниот распрскувач со спојката за монтирање на одводот за дување. Лизгајте го и свртете го крајниот распрскувач по жлебот на водилката за да ја прицврстите со клик.

▶ Сл.8: 1. Цевка на адаптерот 2. Одвод за дување 3. Жлеб на водилката 4. Спојка за монтирање 5. Симболи со триаголници

НАПОМЕНА: Задолжително добро заклучете го крајниот распрскувач така што еден од трите символи со триаголници на одводот за дување и тој на крајниот распрскувач се насочени еден кон друг.

Приспособување на должината на распрскувачот

Поставете го крајниот распрескувач на една од трите должини според примената.

Додека го држите телото на додатокот, свртете го и лизгајте го крајниот распрескувач напред-назад по жлебот на водилката нанапред за да го заклучите на саканата положба со клик.

▶ Сл.9: 1. Краен распрскувач 2. Жлеб на водилката 3. Симболи со триаголници

Прицврстување и отстранување на рамниот распрскувач/продолжениот распрскувач

Опционален додаток

  1. Додека го држите телото на додатокот, свртете го и лизгајте го крајниот распрескувач по жлебот на водилката нанапред.
    ▶ Сл.10: 1. Краен распрскувач 2. Жлеб на водилката 3. Одвод за дување
  2. Порамнете го жлебот на водилката на цевката на адаптерот со спојката за монтирање на одводот за дување. Лизгајте ја и свртете ја цевката на адаптерот наназад по жлебот на водилката за да ја прицврстите со клик.
    ▶ Сл.11: 1. Цевка на адаптерот 2. Одвод за дување 3. Жлеб на водилката 4. Спојка за монтирање 5. Симболи со триаголници

НАПОМЕНА: Задолжително добро заклучете ја цевката на адаптерот така што предниот од трите символи со триаголници на одводот за дување и тој на цевката на адаптерот се насочени еден кон друг.

  1. Порамнете го жлебот на водилката на додатокот за распрескувачот со спојката за монтирање на цевката на адаптерот. Лизгајте го и свртете го додатокот за распрескување напред-назад по жлебот на водилката за да го прицврстите на саканата положба со клик.

▶ Сл.12: 1. Рамен распрескувач 2. Продолжен распрескувач 3. Цевка на адаптерот 4. Жлеб на водилката 5. Спојка за монтирање 6. Симболи со триаголници

НАПОМЕНА: Задолжително добро заклучете го додатокот за распрескување така што некој од двата символи со триаголници на цевката за адаптерот и тој на додатокот за распрескување се насочени еден кон друг.

  1. За да го извадите додатокот за распрескување, следете ја постапката за монтирање по обратен редослед.

Монтирање комплет на распрскувачот на олук

Опционален додаток

  1. Додека го држите телото на додатокот, свртете го и лизгајте го крајниот распрескувач по жлебот на водилката нанапред.

▶ Сл.13: 1. Краен распрескувач 2. Жлеб на водилката 3. Одвод за дување

  1. Порамнете го жлебот на водилката на цевката на адаптерот со спојката за монтирање на одводот за дување. Лизгајте ја и свртете ја цевката на адаптерот наназад по жлебот на водилката за да ја прицврстите со клик.

▶ Сл.14: 1. Цевка на адаптерот 2. Одвод за дување 3. Жлеб на водилката 4. Спојка за монтирање 5. Симболи со триаголници

НАПОМЕНА: Задолжително добро заклучете ја цевката на адаптерот така што предниот од трите символи со триаголници на одводот за дување и тој на цевката на адаптерот се насочени еден кон друг.

  1. Разлабавете ја големата стега за црево со одвртување и протнете ја низ цевката на адаптерот.

  2. Ставете ја стегата за цревото (голема) врз жлебот на водилката на цевката на адаптерот. Стегнете ја стегата за црево (голема) за да го прицврстите склопот.

  3. Разлабавете ја малата стега за црево така што ње ја одвртите и протнете ја низ цевката на адаптерот.

▶ Сл.15: 1. Стега за црево (голема) 2. Стега за црево (мала) 3. Завртка 4. Цевка на адаптерот

  1. Порамнете го жлебот на водилката на продолжната цевка со спојката за монтирање на цевката на адаптерот. Лизгајте ја и свртете ја продолжната цевка наназад по жлебот на водилката за да ја прицврстите со клик.

▶ Сл.16: 1. Продолжна цевка 2. Цевка на адаптерот 3. Жлеб на водилката 4. Спојка за монтирање 5. Символи со триаголници

НАПОМЕНА: Задолжително добро заклучете ја продолжната цевка така што задниот од двата символи со триаголници на цевката на адаптерот и тој на продолжната цевка се насочени еден кон друг.

  1. Ставете ја стегата за цревото (мала) врз жлебот на водилката на продолжната цевка. Стегнете ја стегата за црево (мала) за да го прицврстите склопот.

▶ Сл.17: 1. Продолжна цевка 2. Стега за црево (мала)

  1. Продолжете го опсегот на дувалката со користење дополнителни продолжни цевки ако има потреба.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Кога го монтирате комплетот на распрскувачот на олук во приключокот на дувалката, не користете три или повеќе продолжни цевки. Тоа може да предизвика губење на рамнотежата и да резултира со повреда.

  1. Подгответе го крајниот распрскувач за да создадете тесен агол на дување така што їе ја вртите главата на млазницата.

▶ Сл.18: 1. Краен распрескувач 2. Глава на млазница

  1. Порамнете го жлебот на водилката на крајниот распрскувач со спојката за монтирање на продолжната цевка. Лизгајте го крајниот распрскувач наназад до крај по жлебот на водилката додека не се заклучи со кликнување.

Ротирајте го крајниот распрскувач и главата на млазницата како што ви се променуват потребите. Аголот на дување може да се приспособи по монтирањето за да се исполнат вашите потребите за разни агли.

▶ Сл.19: 1. Краен распрескувач 2. Продолжна цевка 3. Жлеб на водилката 4. Спојка за монтирање 5. Глава на млазница

За да расклопите еден комплет, прво свртете го крајниот распрскувач за да ги порамните симболите со триаголници на крајниот распрскувач и продолжната цевка. Потоа разделете ги крајниот распрскувач и продолжната цевка.

▶ Сл.20: 1. Краен распрскувач 2. Продолжна цевка 3. Символи со триаголници

РАБОТЕЊЕ

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред работење, нагодете ја положбата на закачалката и ременот за рамо до удобна положба за вас.

Работа со дувалката

⚠️ ВНИМАНИЕ: Не поставувајте ја машината на земја додека е включена. Преку отворот за воздух може да навлезе песок или прав и да предизвика дефект или лична повреда.

Цврсто држете ја машината со двете раце и извршувајте го дувањето полека движејки ја наоколу. Кога вршите дување околу зграда, голема карпа или возило, насочете го распрескувачот настрана од нив. Кога извршувате работна операција во юш, започнете од юшот и движете се кон пошироката област.

Регулирајте ја брзината на воздухот со прекинувачот за стартување на уредот за напојување според околината или условите на користење.

▶ Сл.21

Користење комплет на распрскувачот на олук

⚠️ВНИМАНИЕ: Кога го користите комплетот на распрскувачот на олук, не држете ја дувалката со една рака, туку со двете.

▶ Сл.22

⚠️ ВНИМАНИЕ: Не користете го комплетот на распрскувачот на олук во близина на електрични жици.

▶ Сл.23

⚠️ ВНИМАНИЕ: Не користете го комплетот на распрескувачот на олук на ветровит ден.

▶ Сл.24

⚠️ВНИМАНИЕ: Кога го користите комплетот на распрскувачот на олук, држете ги другите луге или животни на оддалеченост од 15 м или повеќе од дувалката.

▶ Сл.25

Држете ја дувалката исправена држејки ја рачката на дувалката. Поставете го одводот од дувалката на олукот и потоа включете ја дувалката.

▶ Сл.26

ОДРЖУВАЊЕ

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред проверка и одржување на опремата, исключете ја и извадете ја касетата за батеријата. Во спротивно, вентилаторот може да се придвижи и тоа да предизвика тешка повреда.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При проверка или одржување на опремата, секогаш ставајте ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или лично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.

За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.

Чистење на машината

Чистете ја машината така што ње ја бришете прашината со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.

▶ Сл.27

Отстранете ги правот или нечистотијата од отворот за воздух во задниот дел од додатокот.

▶ Сл.28: 1. Отвор за воздух

Целокупна проверка

Проверете дали има оштетени делови. Побарајте во нашиот овластен сервисен центар да ги заменат ако има потреба.

Подмачкување на подвижните делови

ЗАБЕЛЕШКА: Следете ги упатствата за зачестеноста и количеството на обезведеното средство за подмачкување. Инаку, недоволното подмачкување може да ги оштети подвижните делови.

Погонска оска:

Нанесувајте средство за подмачкување (масло Makita N No,2 или слично) на секои 30 часа од работата.

▶ Сл.29

НАПОМЕНА: Оригинално средство за подмачкување на Makita може да се купи од вашиот локален продавач на Makita.

Складирање

При одделно складирање на додатокот од уредот за напојување, ставете го капачето на крајот од цевката.

▶ Сл.30

Интервал на проверка и одржување

Работни часови Пред работа Секојдневно(10 часа)30 часа
Целиот уред Визуелна проверка за оштетени делови--
Погонска оска Обезбедувањемаст --
Уред за напојување Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Пред да побарате поправка, прво самите извршете проверка. Ако пронајдете проблем што не е опишан во упатството, не обидувајте се да ја расклопите машината. Наместо тоа, побарајте помош од овластените сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.

Состојба на аномалии Можно причина (дефект) Поправка
Моторот не стартува. - Погледнете во прирачникот со упатства зауредот за напојување.
Моторот запира брзо. - Погледнете во прирачникот со упатства зауредот за напојување.
Брзината на моторот не се зголемува.- Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Вентилаторите не се вртат.⇒ Веднаш запрете го моторот.Цевките на уредот за напојување и додатокот не се поврзани правилно.
Погонски систем со аномалии
Уредот за напојување вибрира невообичаено.⇒ Веднаш запрете го моторот.Погонски систем со аномалии
Вентилаторот продолжува да ротира дури и кога е отпуштен прекинувачот за стартување.⇒ Веднаш запрете го моторот.Уредот за напојување не работи соодветно.
Контактирајте со овластен сервисен центар за поправка.

ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР

⚠️ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со машината од Makita наведена во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.

Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.

• Цевка на адаптерот
• Продолжен распрескувач
• Рамен распрескувач
• Комплет на распрескувачот на олук
• Оригинална батерија и полнач на Makita

НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со пакетот производи како стандарден прибор. Тие може да се разликуват од држава до држава.

ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : UB403MP

Категорија : Прибор за дувач