SKIL 1340 AA - Пила

1340 AA - Пила SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1340 AA SKIL во PDF формат.

📄 268 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SKIL 1340 AA - page 225
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 1340 AA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1340 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1340 AA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1340 AA SKIL

  • Овој алат е наменет да се користи како стационарна машина за пресеци на дрво по должина и попреку со прави засекувања, но и за пресеци под агол (можни се хоризонтални засеци од -60° до +60°, како и вертикални засеци под агол од -2° до +47°)
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ②
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата ⑥b
  • Користете го алатот само ако е правилно и целосно составен (имајте предвид дека Skil не може да биде одговорен за оштетување на алатот и/или лични поведни коишто потекнуваат од неправилно составување на алатот)

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ⑥

A Површина на масата
В Нож за разделување
С Заштитен штитник
D Вметнување на масата
Е Мерач на агол за сечење
F Отвор за мерач на агол за сечење
G Ограда за паралелно сечење
Н Помошна ограда/потпора на работното парче
J Рачка за стегање

К Индикатор за растојание од оградата за паралелно сечење
L Рачка за заклучување на шината
М Рачка за движење по шината
N Дел за туркање
Р Склад за дел за туркање
Q Индикатор за аголот на сечењето
R Рачка за заклучување на агол за сечење
S Тркало за прилагодување на висината
Т Прекинувач за вклучување/исклучување
U Копче за склопување на ногарките
V Прилагодлив долен дел на ногарка
W Склад за мерач на агол за сечење
X Кука за складирање на кабелот
У Отвор за пилевина
Z Дефлектор за пилевина
AA Склад за дефлектор на пилевина
АВ Рачка за транспорт
AC Клучеви
AD Склад за штитник
AE Адаптер за правосмукалката
AF Хексагонален клуч
AG Потпорна подлога
АН Копче за заклучување на агол за сечење
AI Индикатор за аголот на сечењето
AJ Шраф за прилагодување за конусен агол (оддесно)
АК Шраф за прилагодување за конусен агол (одлево)
AL Штитник
АМ Навртказасечилото
AN Рачка за заклучување на нож за разделување
АО Копче за ослободување (агол на закосеност)
AP Странична навртка
AQ Завртка за прилагодување

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат.

Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.

Поимот “електричен алат”, кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).

a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од

местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.

2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ

a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.

b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.

с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.

d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.

e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.

f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.

3) ЛИЧНА ЗАШТИТА

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.

b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.

с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоға во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фаќање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.

h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.

b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност ће се избегне невнимателното включување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.

e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПИЛИ ЗА НА МАСА

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА

- Чувајте ги штитниците на место. Штитниците мора да бидат во работна состојба и да бидат правилно монтирани. Штитник што е лабав, оштетен или не работи правилно мора да се поправи или замени.

- Секогаш користете штитник за сечила и ножеви за разделување за секоја операција за сечење. За операции за сечење каде што сечилото на пилата целосно сече низ дебелината на работното парче, штитникот и другите безбедносни уреди помагаат да се намали ризикот од повреда.

- Веднаш повторно прицврстете го системот за заштита по завршувањето на операцијата (како што е правење жлеб), за што е потребно отстранување на штитникот и ножот за разделување. Штитникот и ножот за разделување помагаат да се намали ризикот од повреда.

- Осигурите се дека сечилото на пилата нема контакт со штитникот, ножот за разделување или работното парче пред да го включите прекинувачот. Ненамерен контакт на овие предмети со сечилото на пилата може да предизвика опасна состојба.

- Прилагодете го ножот за разделување нако што е опишано во овој прирачник со упатства. Погрешното растојание, позиционирање и порамнување можат да го направат ножот за разделување неефикасен во намалувањето на веројатноста за повратен удар.

- За да функционира ножот за разделување, мора да биде навлезен во работното парче. Ножот за разделување е неефикасен при сечење на работни парчиња кои се премногу кратки за да се зафатат со ножот за разделување. Под овие услови, повратен удар не може да се спречи со ножот за разделување.

- Користете соодветно сечило за пила за ножот за разделување. За да може ножот за разделување да функционира правилно, дијаметарот на сечилото на пилата мора да одговара на соодветниот нож за разделување и телото на сечилото на пилата мора да биде потенко од дебелината на ножот за разделување, а ширината на сечење на сечилото на пилата мора да биде поширока од дебелината на ножот за разделување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПОСТАПКИ НА СЕЧЕЊЕ

- ОПАСНОСТ: Никогаш не ставајте ги прстите или рацете во близина или во линија со сечилото на пилата. Еден момент на невнимание или лизгање може да ја насочи раката кон сечилото на пилата и да резултира со сериозна повреда.

- Ставајте го работното парче во сечилото на пилата или секачот само наспроти насоката на вртење. Поставувањето на работното парче во иста насока со вртењето на сечилото на пилата над масата може да резултира со повлекување на работното парче, а и вашата рака, во сечилото на пилата.

- Никогаш не користете го мерачот за агли на сечење за да го внесете работното парче при паралелно сечење и не користете ја оградата за паралелно сечење како ограничувач на должината при напречно сечење со мерачот за агли на сечење. Водење на работното парче со оградата за паралелно сечење и мерачот за агли на сечење истовремено ја зголемува веројатноста за врзување на сечилото на пилата и повратен удар.

- При паралелно сечење, секогаш применувајте ја силата на внесување на работното парче помеѓу оградата и сечилото на пилата. Користете дел за туркање кога растојанието помеѓу оградата и сечилото на пилата е помало од 150 mm, и користете блок за туркање кога ова растојание е помало од 50 mm. Уредите за „помош при работа“ ће ја чуваат раката на безбедно растојание од сечилото на пилата.

- Користете само дел за туркање што е доставен од производителот или направлен во согласност со упатствата. Овој дел за туркање обезбедува довольно растојание од раката до сечилото на пилата.

- Никогаш не користете оштетен или пресечен дел за туркање. Оштетен дел за туркање може да се скрши и да предизвика раката да ви се лизне во сечилото на пилата.

- Не првете никаква операција со „слободна рака“. Секогаш користете или ограда за паралелно сечење или мерач на агли за сечење за поставување и водење на работното парче. „Слободна рака“ значи користење на рацете за поддршка или водење на работното парче, наместо ограда за паралелно сечење или мерач на агли за сечење. Сечењето со слободна рака доведува до погрешно порамнување, врзување и повратен удар.

- Никогаш не посегнувајте околу или над ротирачкото сечило на пилата. Посегнувањето по работно парче може да доведе до случаен контакт со ротирачкото сечило на пилата.

- Обезбедете помошна поддршка на работното парче одзади и/или на страните на масата со пилата за долги и/или широки работни парчиња за да ги одржувате нивелирани. Долго и/или широко работно парче има тенденција да се врти на работ на масата, предизвикувајки губење на контролата, врзување на сечилото на пилата и повратен удар.

- Воведувајте го работното парче со рамномерно темпо. Не виткајте го или извртувајте го работното парче. Ако се случа да се заглави, веднаш исключете ја алатката, извадете го кабелот од струја и потоа одглавете. Заглавување на сечилото на пилата од страна на работното парче може да предизвика повратен удар или да го запре моторот.

- Не отстранувајте парчиња отсечен материјал додека работи пилата. Материјалот може да се заглави меѓу оградата или внатре во штитникот на сечилото и пилата да ви ги вовлече прстите во сечилото на пилата. Исключете ја пилата и почекајте додека сечилото на пилата не запре пред да отстранувате каков било материјал.

- Користете помошна ограда во контакт со врот на масата кога паралелно сечете работни парчиња со дебелина помала од 2 mm. Тенко работно парче може да се залепи под оградата за паралелно сечење и да предизвика повратен удар.

ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Повратен удар е ненадејна реакција на работното парче заради потфатено или заглавено сечило за пила, или погрешно порамнет рез на работното парче во однос на сечилото на пилата, или кога дел од работното парче се врзува помеѓу сечилото на пилата и оградата за паралелно сечење или друг фиксен предмет.

Најчесто за време на ударот, работното парче се подигнува од масата со задниот дел на сечилото на пилата и се отфрла кон операторот.

Повратниот удар произлегува како резултат од неправилно ракување со пилата и/или неправилни процедури или услови при работата, и може да се избегне со преземање соодветни мерки на претпазливост кои се наведени во понатамошниот текст.

  • Никогаш не стојте директно во линија со сечилото на пилата. Телото секогаш поставувајте го на истата страна на сечилото на пилата на која што е и оградата. Повратниот удар може да го придвижи работното парче со голема брзина кон секој што стои напред и во линија со сечилото на пилата.
  • Никогаш не посегнувајте над или зад сечилото на пилата за да го повлечете или да го држите работното парче. Може да дојде до случаен контакт со сечилото на пилата или повратен удар може да ви ги вовлече прстите во сечилото на пилата.
  • Никогаш не држете го и притискајте работното парче што се отсекува на ротирачкото сечило на пилата. Притискањето на работното парче што се отсекува на сечилото на пилата ће создаде врзувачка состојба и повратен удар.
  • Порамнете ја оградата да биде паралелна со сечилото на пилата. Погрешно поставената ограда ће го заглави работното парче на сечилото на пилата и ће создаде повратен удар.
  • Користете табла со пера за водење на работното парче спрема масата и оградата нога правите резови што не се целосни, како што е пожлебување. Таблата со пера помага да се контролира работното парче во случај на повратен удар.
  • Поддржувајте ги големите панели за да го минимизирате ризикот од заглавување на сечилото на пилата и повратен удар. Големите панели се виткаат заради нивната тежина. Поддршката(-ите) мора да биде поставена под сите делови на панелот што виси над масата.
  • Користете дополнителна претпазливост при сечење на работно парче кое е извртено, со јазли, искривено или нема прав раб за да го водите со мерач за мерење агли за сечење или по должината на оградата. Извртено, со јазли или искривено работно парче е нестабилно и предизвикува неправилно порамнување на делот што се отсекува со сечилото на пилата, врзување и повратен удар.
  • Никогаш не сечете повеје од едно работно парче, наредени вертинално или хоризонтално. Сечилото на пилата може да повлече едно или повеје парчиња и да предизвика повратен удар.

  • Кога повторно ће ја стартувате пилата во работното парче, центрирајте го сечилото на пилата во парчето што се отсекува така што запците за пилата да не бидат зафатени со материјалот. Ако сечилото на пилата се врзе, може да го подигне работното парче и да предизвика повратен удар кога пилата се рестартира.

  • Држете ги сечилата на пилата чисти, остри и имајте доволен комплет. Никогаш не користете искривени ножеви за пила или пили со испукани или скршени запци. Острите и правилно поставените сечила на пилата ги минимизираат врзувањето, застојот и повратниот удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПОСТАПКАТА ЗА РАБОТА НА ПИЛА ЗА НА МАСА

  • Исключете ја пила за на маса и исключете го кабелот за напојување при отстранување на вметокот на масата, менување на сечилото за пилата или прилагодување на ножот за раздвојување или штитникот на сечилото за пила, и нога машината останува без надзор. Мерките на претпазливост служат за да се избегнат несреći.
  • Никогаш не оставајте ја пилата за на масата да работи без надзор. Исключете ја и не оставајте ја алатката додека не запре целосно. Моторна пила без надзор е неконтролирана опасност.
  • Поставете ја пилата за на маса на добро осветлена и нивелирана површина, каде што можете да имате добра основа и да одржувате рамнотежа. Треба да се монтира во област што обезбедува довольно простор за лесно справување со големината на вашето работно парче. Тесните, темни области и нерамномерните лизгави подови се основа за несреći.
  • Често чистете и отстранувајте ја пилевината од под масата со пилата и/или уредот за собирање пилевина. Акумулираната пилевина е запалива и може да се самозапали.
  • Пилата за на маса мора да биде осигурена. Пилата за на маса што не е правилно осигурена може да се помести или преврти.
  • Отстранете ги алатките, остатоците од дрво и др. од масата пред да ја включите пилата. Одвлекување на вниманието или потенцијално заглавување може да биде опасно.
  • Секогаш користете сечила за пила со точната големина и форма (дијамант наспроти круг) на дупката на средина на сечилото. Сечилата за пила што не одговараат на елементите на монтираната опрема на пилата ће работат нецентрирано, предизвикувајки губење на контролата.
  • Никогаш не користете оштетени или неправилни средства за монтирање на сечилото на пилата, како што се прирабници, подлошки за пили, завртки или навртки. Овие средства за монтирање се специјално дизајнирани за вашата пила, за безбедно работење и оптимални перформанси.
  • Никогаш немојте да стоите на пилата за на маса, не користете ја како потпорно столче. Може да дојде до сериозна повреда ако алатката се преврти или ако случајно дојде во контакт со алатката за сечење.
  • Проверете дали сечилото за пилата е монтирано за да ротира во правилната насока. Не користете тркала за мелење, жични четки или абразивни

тркала на пилата за на маса. Неправилната монтажа на сечилото за пила или употреба на додатоци што не се препорачуваат може да предизвикаат сериозни повреди.

- Налети на струја доведуваат до кратктотрајни падови на напопнот; под неповолни услови на напојување може да биде оштетена другата опрема (доколку имоенданцијата на напојување со електрична енергија е помала од 0,313 ома, не постои можност да дојде до нарушувања); доколку ви е потребно дополнително објаснување, можете да се обратите до локалната служба за снабдување со електрична енергија

ОПШТИ

  • Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
  • Обезбедете се алатот да е ислучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот
  • Секогаш исклучувајте го приклучокот од изворот на напојување пред да ја транспортирате алатката
  • Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
  • Овој алат не е подесен за сечење во присуство на влага
  • Овој алат не е соодветен за сечење метали

КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО

- Кога го користите на отворено, поврзете го алатот преку осигурувач за струја (Fl) за погрешно напојување во струја за прекинување со максимум 30 mA и користете продолжен кабел којшто е наменет за употреба на отворено и опремен со водоотпорен приклучок

ПРЕД УПОТРЕБА

  • Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
  • Носете заштитни очила, заштита за ушите, и заштитни ракавици
  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
  • Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • Секогаш проверувајте ја пилата за на маса пред секоја употреба. Ако некој дел од пилата ви недостасува, работи неправилно или е оштетен или расипан, веднаш престанете да работите се додека не биде поправен или заменет.
  • Никогаш не користете го алатот без подметок за

масата. Заменете оштетен или изабен подметок за масата

  • Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите пречки на и под местото каде сечете
  • Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа

ПРИБОР

  • Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење со овој електричен алат
  • SKIL може да признае гаранција само доколку е користен соодветен прибор кој може да се набаво во сите SKIL продавници
  • За поставување и користење на приборите кои не се SKIL погледнете го упатството на производителот
  • Користете само листови за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени
  • Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат
  • никогаш не користете сечила за пили направени од брзоротирачки челик (HSS)
  • Не користете сечиво што е напукнато, деформирано или тапо
  • Користете ги само сечивата за пили со дијаметар на отворот којшто се вклопува на ободот на алатот без да се мрда; никогаш не користете редуктори или адаптери за сечива од пили за големи отвори
  • Заштитете го приборот од потреси, удари и масни површини
  • Не применувајте сила врз алатот (применете лесен и континуиран притисок за да избегнете прегревање на врвовите на сечивата и во случај на сечење пластика, топење на пластичниот материјал)
  • Никогаш не посегнувајте над или зад сечилото за да го повлечете или поддржите работното парче или да отстраните отсечен материјал
  • Избегнувајте чудни операции и позиции на рацете. Каде што ненадејното лизгање може да предизвика прстите или раката да се придвижат во сечилото на пилата или друга алатка за сечење.
  • Ако се блокира сечивото, веднаш исключете го алатот и прекинете го напојувањето; дури тогаш извадете го парчето што го пробивате

  • проверete дали пилата е паралелна со отворите или жлебовите на масата и дали ножот за разделување е правилно порамнет со сечилото на пилата

  • проверете дали оградата за паралелно сечење е паралелна со сечилото на пилата

  • Во случај на атипично однесување или непознати звуци, веднаш исключете го алатот и извлечете го штекерот од електричниот приклучок

  • Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исключете го и не го допирајте
  • Никогаш не користете го алатот кога кабелот е оштетен; тој мора да се замени со специјално подготвен кабел достапен преку организацијата на услуги.

ПО УПОТРЕБА

- По ислучувањето на електричниот алат, никогаш не го запирајте вртењето на приборот со користење на странична сила

  • Тргајте ги отсечените делови или другите парчиња од работниот материјал кога деловите што се движат ке се смират сосема
  • Сечивото многу се вжештува во текот на работата. Не допирајте го пред да се излади
  • Чувајте ја машината во затворен простор на суво и затворено место и подалеку од дофат на деца

ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ

② Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба

③ Носете заштитни очила и заштита за ушите
④ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑤ Не се ослободувајте од електични алати и батерии во домашниот отпад

УПОТРЕБА

- Подготовка

  • отстранете ги поврзувањата на кабелот
  • ослободете го лостот за заклучување на аголот на закосеност и отстранете го блокот од стиропор⑦

! не кревајте го сечилото на пилата пред да го отстраните блокот од стиропор; ова може да ја оштети алатката

  • расклопете ја ногарката со притискање на копчето U (4x) ⑧a
  • поставете ја пилата за на маса на рамна и нивелирана површина и проверете дали е стабилна ⑧b
  • ногарката V може да се прилагоди како што е прикажано за да се подобри стабилноста ⑧с

- Составување

- склопете го погонското копче М со инбус А ^19

- отстранете го вметокот на масата D како што е прикажано ⑩

- подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно

- позиционирајте го ножот за разделување В во највисоката позиција 1 ⑪

- склопете го вметокот за масата D и заклучете го на место⑩

- склопете го штитникот С како што е прикажано ⑫а, проверете дали средниот дел е паралелен со горниот дел од масата ⑫b

- проверete го штитникот С за правилна функција; треба да биде во контакт со горниот дел од масата при промена на поставките за висината на сечилото на пилата и закосеноста на аголот

- проверете дали штитникот С е добро затворен пред секоја употреба

! Не вклучувајте го циркуларот ако заштитата не се движи слободно и веднаш се затвора

  • склопете ја оградата за разделување G како што е прикажано ⑬
  • проверете дали рачките за заклучување се во ослободена положба
  • поставете адаптер за правосмукалка АЕ, како што е прикажано ⑭а
  • поврзете ја правосмукалката
  • алтернативно, поставете го дефлекторот за пилевина Z за насочување на пилевината во кофа ⑭b

- Помош при работа ⑮

  • за некои операции за сечење їе има потреба од употреба на дополнителна помош при работа
  • користете блок за туркање кога работите со тесни работни парчиња кога треба да притиснете близу до сечилото на пилата ^15 а
  • користете плочи со пера за сите операции каде не се сече целосно, каде што штитникот не може да се користи ⑮b
  • блок за туркање и плоча со пера може да се купат во специјализирани продавници за обработка на дрво

- Поставување агли на закосеност ⑯

  • олабавете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • завртете ја пилата до посакуваниот агол на закосеност
  • пилата има крајни ограничувачи на 0° и 45°
  • за да достигнете -2 и 47°, притиснете го копчето за ослободување АО за да можете дополнително да ја завртите пилата 2° ^16 b
  • затегнете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R за да ја осигурите поставката на закосеност

- Поставување на висината на сечилото

Поставете го сечилото за пила приб. 3-6mm повисоко од работното парче

  • завртете го тркалото на сечилото S на десно за да го подигнете сечилото на пилата
  • завртете го тркалото на сечилото S на лево за да го спуштите сечилото на пилата

- Ограда за паралелно сечење ⑰

- оградата за паралелно сечење G има 3 позиции ! проверете дали површината за водење е сеногаш свртена кон сечилото на пилата

  • користете ја позицијата 1 во комбинација со белата скала
  • користете ја позицијата 2 за максимален капацитет на паралелно сечење во комбинација со црната скала

! при закосување (на лево) користете ограда за паралелно сечење само од спротивната страна (позиција 1 или 2)

  • користете ја позицијата 3 за употреба на оградата за паралелно сечење од левата страна на сечилото
  • отключете ја рачката за заклучување на шината L
  • прилагодете ја оградата за паралелно сечење G до саканото растојание со копчето за движење по шината M
  • заклучете ја рачката за заклучување на шината L ! проверете дали оградата за паралелно сечење е безбедно заклучена пред сечењето

- Помошна ограда ⑱

Користете ја помошната ограда Н кога сечете тенки работни парчиња (18 mm или помалку) близу до сечилото

  • отключете ја рачката за заклучување на шината L
  • лизнете ја оградата за паралелно сечење G близу до сечилото (позиција 1)
  • превртете ја помошната ограда Н и поставете ја на највисоката позиција
  • прилагодете ја оградата за паралелно сечење G до саканото растојание со копчето за движење по шината M

- заклучете ја рачката за заклучување на шината L

• Продолжеток на масата за пила ⑲

- отключете ја рачката за заклучување на шината L

- лизнете ја оградата за паралелно сечење G после работ на масата (користете ја позицијата 2)

- превртете ја помошната ограда Н и наместете во најниската позиција за да ја користите како поддршка за работното парче

- прилагодете ја оградата за паралелно сечење G до саканото растојание со копчето за движење по шината M

- заклучете ја рачката за заклучување на шината L

- Сечење по должина (паралелно сечење)

! проверете дали оградата за паралелно сечење е заклучена

! кога користите ограда за паралелно сечење, не користете мерач на агли за сечење

- држете го работното парче со двете раце и притиснете го на масата ^20

- користете дел за туркање N кога растојанието помеѓу оградата и сечилото на пилата е помало од 150 mm ②

- користете блок за притискање (не е включен стандартно) кога ова растојание е помало од 50 mm ②

- сечете низ работното парче со примена на рамномерно воведување

- при сечење долги плочи или големи панели користете помошни потпори за работа за поддршка на слободниот крај ⑳

- кога работното парче е искривено, ставете ја конкавната страна надолу за да спречите нишање

- работното парче мора да има исправен раб кон лицето на оградата за паралелно сечење

- при сечење на многу тенки работни парчиња (5 mm или помалку) треба да се користи лицето на помошна ограда ②3

- прицврстете табла од иверица дебела 18 mm до оградата за паралелно сечење G како што е прикажано, осигурите се дека е потпрена на врвот на масата

- Накрсно сечење

- вметнете мерач за агли на сечење E во еден од отворите F во масата

! при закосување (на лево) користете мерач на агли за сечење само од спротивната страна 25с

! кога користите мерач за агли на сечење, не користете ограда за паралелно сечење

- разлабавете го копчето за заклучување АН ^4

- завртете го мерачот на агли за сечење до посакуваниот агол (-60° до 60°)

- затегнете го копчето за заклучување АН

! осигурите се дека мерачот на агли за сечење е заклучен

- направете некои пробни резови и измерете дали е потребна екстремна точност

- со едната рака држете го работното парче наспроти мерачот на агли за сечење и ставете ја другата на копчето за заклучување за да го водите работното парче полека напред ②5

- кога е потребно, може да се постави помошна ограда ⑳

- за повторливо сечење, може да се користи блок за ограничување на должината ^27

! не користете ограда за паралелно сечење како ограничувач за должна

! проверете дали блокот е поставен добро пред сечилото на пилата

• Пожлебување ⑳

! користете плочи со пера за сите операции каде не се сече целосно, каде што штитникот не може да се користи

- отстранете го штитникот С

- поставете нож за разделување В на средната позиција 2 ⑪

- монтирајте приб. 20 см висока рамна табла свртена кон оградата

- монтирајте ги таблите со пера (не се стандартно включени) како што е прикажано за да се врши притисок врз работното парче додека не се заврши сечењето

- таблите со пера не можат да се користат кога се изведува пожлебување со мерач на агли за сечење

- по завршувањето на сечењето, поставете го ножот за разделување В во највисоката позиција 1⑪

- склопете го штитникот С

! никогаш не застанувајте директно во линија со сечилото на пилата

! носете заштита за слухот при сечење

! во случај да снема струја или ако приклучокот несакајки се извлече од штекерот, алатката нема повторно самостојно да се вклучи

! извлечете го приклучокот ако кабелот

! носете ракавици нога ракувате со сечилата на пилата

! за правилно функционирање на ножот за разделување важно е да се користи правилното сечило за пилата ③0а

- подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно

- отстранете го штитникот С

- отстранете го вметокот на масата D

- извадете ги двата клуча АС од складот

- користете го отворениот клуч за држење на вратилото и прстенестиот клуч за олабавување на навртката на сечилото АМ НА ЛЕВО (= во иста насока како стрелката испечатена на сечилото за пила) ③0 b

- извадете ги крилцето AL и сечивото

- отключете ја рачката за заклучување на ножот за разделување AN

! променете го сечилото на пилата со запците на пилата насочени надолу на предниот дел од масата

- поставете штитник AL

- користете го отворениот клуч за држење на вратилото, а прстенестиот клуч за затегнување на навртката на сечилото АМ НА ДЕСНО

- отключете ја рачката за заклучување на ножот за разделување AN

- поставете го вметокот на масата D

- поставете го штитникот С

- Проверка/прилагодување за 90° на сечивото ! извлечете го приклучонот ако кабелот

  • подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно
  • ослободете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • завртете ја пилата до крајниот ограничувач на 90° (индикаторот покажува 0°)
  • пуштете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • проверете го аголот од 90° меѓу сечивото и масата со квадрат ③1
  • ако е неопходно, прилагодете го порамнувањето на сечивото на 90° како што следи ③3
  • олабавете ја крајната завртка за запирање АК со клуч за сечило 10 (не е стандартно включен)
  • ослободете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • поставете го сечилото за пилата до агол од 90° помеѓу сечилото и масата
  • пуштете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • прилагодувајте го крајниот ограничувач додека не го допре копчето за ослободување АО
  • затегнете ја крајната завртка за запирање АК
  • ресетирајте го индикаторот за закосеност Q на 0°

- Проверка/прилагодување за 45° на сечивото ! извлечете го приклучокот ако кабелот

  • подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно
  • ослободете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • завртете ја пилата до крајниот ограничувач на 45° (индикаторот Q покажува 45°)
  • пуштете ја рачката за заклучување на аголот на закосеност R
  • проверete го аголот од 45° меѓу сечивото и масата со квадрат за засекување ③2
  • ако е потребно, прилагодете ја крајната завртка за запирање AJ од 45° на ист начин како и за агол од 90°

- Проверка/прилагодување на сечилото за паралелност - отвори за мерач за агол за сечење ③4 ! извлечете го приключокот ако кабелот

  • подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно
  • означете точка на телото на сечилото на пилата
  • поставете квадрат за комбинации на работ на отворот за мерачот на агли за сечење и линијарот да ја допира означената точка
  • завртете го сечилото на пилата и проверете ја обележаната точка на задниот дел на масата
  • ако и двете мерења не се идентични, прилагодете на следниов начин ③5:

  • олабавете ја страничната навртка АР

  • вртете ја завртката AQ на десно или на лево додека сечилото не биде паралелно со отворот за мерачот на агли за сечење
  • затегнете ја страничната навртка АР

- Проверка/прилагодување на оградата за паралелно сечење

! извлечете го приключокот ако кабелот
! проверete дали се извршени проверките/ прилагодувањата споменати погоре пред да се изврши ова прилагодување
! оградата за паралелно сечење мора да биде паралелна со сечилото на пилата за да се спречи повратен удар

- подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно

- отстранете го штитникот С

- заклучете ја оградата за паралелно сечење G во позиција 1 ⑰

- лизнете ја оградата за да го допре сечилото и заклучете ја

- сечилото треба да има контакт со оградата однапред наназад

- ако нема, олабавете го столбот на оградата (напред и/или назад) и лизнете го лево или десно (инбус 5 mm, не е стандартно включен)

- цврсто затегнете ги столбовите на оградата

- олабавете го индикаторот К и лизнете го на лево или на десно за да се порамни со 0 на белата скала (17)

- затегнете го индикаторот К

- заклучете ја оградата за паралелно сечење G во позиција 2 ⑰

- измерете го растојанието од сечилото (напред и назад) до оградата

- двете мерења треба да бидат 101,6 mm

- ако не се, олабавете го столбот на оградата (напред и/или назад) и лизнете го на лево или на десно

- цврсто затегнете ги столбовите на оградата

- заклучете ја оградата за паралелно сечење G во позиција 3 ⑰

- лизнете ја оградата за да го допре сечилото и заклучете ја

- сечилото треба да има контакт со оградата однапред наназад

- ако не се, олабавете го столбот на оградата (напред и/или назад) и лизнете го на лево или на десно

- цврсто затегнете ги столбовите на оградата

- склопете го штитникот С

! направете неколку пробни резови на материјал што не ви треба за да ги проверите прилагодувањата

- Проверка/прилагодување на ножот за разделување ③6

! извлечете го приключокот ако кабелот
! проверete дали се извршени проверките/ прилагодувањата споменати погоре пред да се изврши ова прилагодување
! редовно проверувајте го порамнувањето на ножот за разделување

- подигнете го сечилото на пилата во највисока позиција со вртење на тркалото на сечилото S на десно

- отстранете го штитникот С

- проверete го растојанието помеѓу оградата и телото на сечилото од двете страни на сечилото додека запците на сечилото ја допираат оградата

- помеѓу телото на сечилото и оградата за паралелно сечење G треба да собере хартија со дебелина 3

- ако не собира, потребно е прилагодување ^87

  1. отстранете го вметокот на масата D

  2. олабавете ги завртките на стегите (инбус од 5 mm, не е стандартно включен)

  3. репозиционирајте го ножот за разделување В колку што е потребно

  4. цврсто затегнете ги завртките на стегите

  5. повторно проверете го порамнувањето и растојанието и повторете

- Прилагодување на вметокот за масата ③8

- предниот дел од вметокот за масата треба да биде ramен со масата или малку под масата со пила; задниот дел треба да биде ramен со масата или малку над масата со пила

- ако е потребно, вметокот за масата може да се прилагоди со поставените завртки 4 (инбус од 2,5 mm, не е стандартно включен)

- за да ја складирате алатката, осигурите се дека крајот на шината не се надвиснува над горната страна на масата ③9a

- поставете го ножот за разделување В во средната позиција 2

- спуштете го сечилото на пилата

- завиткајте го кабелот околу куката за складирање кабел X

- преклопете ги ногарките и поставете ја алатката во исправена положба ③9b

- подигнете ја алатката фаќајки ја рачката за транспорт АВ со врвот на масата свртен кон вас

- отстранливите компоненти на алатката може да се складираат како што е прикажано ④0 a-e

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- Користете само остри сечила, од соодветен вид

- квалитетот на сечењето се подобрува со бројот на запците

- сечилата со карбиден врв остануваат остри 30 пати подолго од обичните сечила

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

- Секогаш чувајте ги алатот и кабелот чисти (особено отворите за вентилација одзади на крај од кукиштето на моторот)

! пред чистење извадете го алатот од приклучокот

- Повремено чистете ја областа под сечилото на пилата (прашина што паға) за да спречите акумулација на прашина

- Сечилото на пилата исчистете го непосредно по користењето (особено од смола и лепак)

! сечилото на пилата се вжештува во текот на работата; не допирајте го пред да се излади

- Повремено подмачкувајте ги означените точки ④1 со SAE 20/SAE 30 или WD40

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)

- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не фрлајте електрични алати, батерии, додатоци и амбалажи заедно со отпаден материјал за домаћинствата (само за земјите на ЕУ) според Европската Директива 2012/19/ЕС за отстранување електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање

- симболот 5) ке ве потсетува на ова кога ке дојде време алатот да го фрлите

БУЧАВА

- Измерено според EN 62841, нивото на звучен притисок кај овој алат е 93,0 dB(A) и нивото на звучна моност е 108,0 dB(A) (променливост K = 3 dB)

- Нивото на емитирање на бучава кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на бучава кога се користи алатот за споменатите примени

  • користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
  • кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност

AL

Bango 1340

HYRJE

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 1340 AA

Категорија : Пила