0512 CA - Пила SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 0512 CA SKIL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 0512 CA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 0512 CA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 0512 CA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 0512 CA SKIL
Акумулаторска пила за поткастрување
0512
ВОВЕД
- Оваа машина е наменета за сечење гранки, поткастрување и сечење на дрвена граға и дрвја
- Оваа машина не е наменета за професионална употреба
- Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата②
- Контактирајте го продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
- Прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ②
- Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; непридржувањето до овие упатства може да доведе до сериозна повреда
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①
Заменски синцир: 3810968001
Заменска водилка на синцирот: 3810969001
ЕЛЕМЕНТИ НА МАШИНАТА②
A Футрола за синцирот
В Штитник за повратен удар
C Водечки лост
D Синцир на пила
Е Копче на страничната заштита
F Странична заштита
G Копче за исклучување
Н Прекинувач за активирање
J Рачка
К Индикатор за нивото на батеријата
L Клип за чување
М Капаче на резервоарот за масло
N Jaziche на чепот
Р Резервоар за масло
Q Шина за лесно складирање
R Кука
S Погонска врска за синцирот
Т Жлеб на водечкиот лост
U Запчаник
V Симбол на секачот
W Игла за затегање
X Запци за факање
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МАШИНИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации обезбедени со оваа машина.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот „машина“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашата машина (со прилучен кабел) која се вклучува во утикач или на машина со погон на батерии (без прилучен кабел).
a) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со машини во средини во кои има опасност од експлозија, нако на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Машините создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалеку додена ракувате со машина. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за машината мораат да одговараат на штекерот. Ниногаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени) машини. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери ќе ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевни, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
с) Не ги изложувајте машините на дожд или влага. Продирањето на вода во машината ће ја зголеми опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или исклучување на машината. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Нога ја употребувате машината надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со машината во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасноста од струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додена работите со машината. Никогаш не работете со машина ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при работење со машини може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.
с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (ислучено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на машината. Носењето на машини со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција оп (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на машината отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на машината, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да ја контролирате машината во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Чувајте ги косата и облеката подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се фатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмукување и собирање прашина, осигурете се дека тие се правилно приклучени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата употреба на машините да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи за машините. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
a) Не преоптоварувајте ја машината. Користете ја правилната машина наменета за вашата работа. Со соодветната машина ње ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е
наменета.
b) Не користете ја машината ако прекинувачот не може правилно да се вклучи и исклучи. Секоја машина која не може да се контролира со помош на приключок е опасна и мора да се поправи.
с) Исключете ја машината од струја и/или извадете го комплетот со батерии од машината, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да ги складирате машините. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на машината.
d) Складирајте ги машините во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со машината на лица кои не се запознаени со неа или кои го немаат прочитано ова упатство за ракување со машината. Машините се опасни доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги машините и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или заглавување на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга costoјба што влијае врз работата на машината. Ако е оштетена, однесете ја машината на поправка пред да ја користите. Многу несреќи се случаваат заради неодржувани машини.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ће се заглавуваат и полесно се контролираат.
g) Машината, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на машината за работи што се поинакви од нејзината намена може да доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги дршките и површините за фаћање суви, чисти и без масло и маст на нив. Дршките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на машината во неочекувани ситуации.
a) Вршете полнење само со полночато што е пропишан од страна на производителот. За полночато кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги машините само со посебно назначени батерии. Користењето на било кои други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.
с) Нога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети нако што се спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, навртки или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнительно побарајте и лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или машина којашто е оштетена или изменета.
Оштетените или изменетите батерии можат да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или машината на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете го комплетот со батерии или машината надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или полнењето на температура што е надвор од наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Машината сервисирајте ја кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на машината.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети со батерии. Поправката на комплетите со батерии треба да ја врши само производителот или некој овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПОТКАСТРУВАЊЕ
a) Делови од телото не смеат да дојдат близу синцирот на пилата додека пилата за поткастрување работи. Пред да ја стартувате пилата за поткастрување, уверете се дека синцирот на пилата не допира ништо. Момент на невнимание додека работите со пилите за поткастрување може да предизвика заплеткување на вашата облека или тело со синцирот на пилата.
b) Секогаш држете ја пилата за поткастрување со едната рака на рачката за управување, а со другата рака поддржувајте ја пилата одозгора.
с) Држете ја пилата за поткастрување само на изолираните површини за држење затоа што синцирот на пилата може да дојде во контакт со скриени жици. Ако синцирите на пилата дојдат во контакт со жица под напон, може да ги електрифицирает металните делови на пилата за поткастрување и да предизвикаат струен удар кај операторот.
d) Носете заштитни очила. Се препорачува дополнителна заштитна опрема за уши, глава, раце, нозе и стапала. Соодветната заштитна опрема ће ја намали личната повреда од летечки остатоци или од случаен контакт со синцирот на пилата.
e) Не ја користете пилата за поткастрување на дрво, на скала, од покрив, или било каква нестабилна поддршка. Користењето на пила за поткастрување на овој начин може да доведе до сериозна лична повреда.
f) Секогаш одржувајте соодветно стојалиште кога
работите со пилата за поткастрување, стоејки само на фиксна, безбедна и рамна површина. Лизгавите или нестабилни површини може да предизвикаат да ја загубите рамнотежата или контролата врз пилата за поткастрување.
g) Кога сечете гранка што е под тензија, внимавајте да не отскокне. Кога ће се ослободи тензијата во влакната на дрвото, гранката како пружина може да го удри операторот и/или да ја исфрли пилата за поткастрување надвор од контрола.
h) Бидете крајно претпазливи при сечење грмушки и фиданки. Синцирот на пилата може да го зафати тенкиот материјал и да го фсли кон вас или да ве исфрли од рамнотежата.
i) Носете ја пилата за поткастрување ислучена и подалеку од своето тело. Секогаш ставајте го капакот на водечкиот лост кога ја пренесувате или одложувате пилата за поткастрување. Правилното ракување со пилата за поткастрување ће ја намали можноста од случаен контакт со синζирот на пилата кога тој се движи.
j) Следете ги упатствата за подмачкување, затегнување на синцирот или за менување на лостот и синцирот. Неправилно затегнат или подмачкан синцир може или да се скине или да ја зголеми можноста од повратен удар.
k) Сечете само дрво. Не користете ја пилата за поткастрување за цели за коишто не е наменета. На пример: не ја користете пилата за поткастрување за сечење метал, пластика, сидани конструкции или градежни материјали што не се од дрво. Употребата на пилата за поткастрување за работи коишто се поинакви од нејзината намена може да доведе до опасна ситуација.
I) Оваа пила за поткастрување не е наменета за соборување дрвја. Употребата на пилата за поткастрување за работи коишто се поинакви од нејзината намена може да доведе до сериозна повреда на ракувачот или минувачите.
m) Следете ги сите упатства при расчистување на заглавениот материјал, складирање или сервисирање на пилата за поткастрување. Осигурајте се дека прекинувачот е ислучен и батериите се отстранети.
Причини за повратен удар и заштита на операторот:
a) Повратниот удар може да се појави кога носот или врвот на водечкиот лост ће допре до предмет или кога ће се заглави дрво и ће го зафати синцирот на пилата при сечењето.
b) Контактот на врвот во некои случаи може да предизвика неочекувана повратна реакција со што водечкиот лост ќе се отфрли нагоре и наназад кон операторот.
с) Заглавувањето на синцирот на пилата вдолж врвот на водечкиот лост може да го потисне водечкиот лост неочекувано наназад кон операторот.
d) Секоја од овие реакции може да предизвика да загубите контрола над пилата со синцир и може да доведе до сериозна лична повреда. Не се потпирајте ислучиво на безбедносните уреди вградени во вашата пила. Како корисник на пила за поткастрување треба да преземете неколку чекори за да спречите несреќа или повреда при вашите
активности за сечење.
e) Повратниот удар произлегува како резултат од неправилно ракување и/или неправилни процедури или услови при работата со пилата за поткастрување, и може да се избегне со преземање на соодветни мерки на претпазливост кои се наведени во понатамошниот текст:
-Одржувајте цврст зафат со палците и прстите кои ја опфаќаат дршката на пилата за поткастрување, со двете раце на пилата и поставете ги телото и раката на тој начин со којшто ће си овозможите да ја издржите силата на повратниот удар. Ракувачот може да ги контролира реакциите од силата на повратниот удар ако ги преземе неопходните безбедносни мерки. Не ја испуштајте пилата за поткастрување.
-Немојте посегнувајте преку одредената граница и не сечете над висината на рамото. Ова помага да се спречи несаканиот контакт со врвот и овозможува подобра контрола на пилата за поткастрување во неочекувани ситуации.
-Користете само резервни водечки лостови и синцири определени од производителот. Неправилната замена на водечките лостови и синцирите за пила може да предизвикаат кршење и/или повратен удар на пилата.
-Следете ги упатствата на производителот за острење и одржување на синцирот на пилата. Намалувањето на висината на мерачот на длабочина може да доведе до посилен повратен удар.
- Не го допирајте ротирачкиот синцир
- Секогаш користете одобрена лична заштитна опрема, со тоа се намалува опасности од повреда од фрлање наоколу на сечен материјал и случајно допирање на синцирот на пилата:
-Безбедносна кацига, кога постои опасност од пагање на гранки или слично
-Заштита на слухот
-Заштитни очила или маска за лице
-Ракавици со заштита од пила
-Панталони со заштита од пила
-Безбедносни чизми со заштита од пила, челични прсти и гон што не се лизга
- Не ракувајте со пила за потнастрување во близина на други луге, деца или животни
- Не ракувајте со пила за поткастрување по пиење алкохол или под дејство на опојни дроги или лекови
- Осигурете се дека децата не си играат со алатот ПО УПОТРЕБА
- Секогаш исключете ја машината и извадете ја батеријата
-кога ја оставате машината без надзор.
-пред чистење на заглавен материјал
-пред проверка, чистење или работа на машината
-по удирање во стран предмет
-секогаш кога машината ће почне невообичаено да вибрира
- Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место, подалеку од дофат на деца -комплетот на батерии и машината треба да се чувват одделно
БАТЕРИИ
- Обезбедената батерија, ано ја има, е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата, пред за првпат да ја употребите вашата машина)
- Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со оваа машина -Батерија SKIL: BR1*31**** -Полнач SKIL: CR1*31****
- Оштетената батерија не треба и понатаму да се користи; треба да се замени
- Не расклопувајте ја батеријата
- Никогаш не изложувајте ги на дожд машината/батеријата
- Дозволена температура на околината (машина/ полнач/батерија): -при полнење 4...40°C -при работа -20...+50°C -при складирање -20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА МАШИНАТА/ БАТЕРИЈАТА
③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Батериите може да експлодираат ако се изложат на орган, па затоа никако не палете ја батеријата
⑤ Машината никогаш немојте да ја изложувате на дожд
⑥ Носете заштитни очила и штитници за уши
⑦ Чувајте ги машината/полначот/батеријата на места со температура пониска од 50°C
⑧ Не фрлајте ги електричните машини и батериите заедно со домашниот отпад
⑨ Водете сметка за повратниот удар на пилата за поткастрување и избегнувајте контакт со врвот на лостот
⑩ Секогаш користете ги двете раце кога ракувате со производот
УПОТРЕБА
- Инструкции за монтажа и прилагодување ! запрете го моторот и извадете ја батеријата од машината ! секогаш користете заштитни ракавици нога работите со синцирот
- Монтирање на лостот и синцирот
- поставете ја пилата за поткастрување на соодветна, рамна површина. Отстранете ја страничната заштита F со вртење на копчето на страничната заштита E спротивно од стрелките на часовникот ⑪
- поставете го новиот синцир на пилата D во јамката на рамна површина и исправете ги сите свиткувања ⑫
- поставете ги погонските врски S на синцирот во жлебот на водечкиот лост T. Поставете го синцирот D така што има јамка на задната страна на водечкиот лост C⑬.
- поставете ја јамката околу запчаникот U⑭ ! осигурете дека синцирот е во точниот правец за движење споредувајки го со символот на
секачот V
-подигнете го штитникот за повратен удар В.
Поставете го водечкиот лост С на површината за
монтирање. Проверете дали е правилно поставен
над иглата за затегање W. ^14
-прикачете ја страничната заштита F како што е прикажано ⑮
-лесно затегнете го копчето на страничната заштита Е вртејки го во правецот на стрелките на часовникот. Немојте целосно да го затегнувате копчето Е додека не ја прилагодите затегнатоста на синцирот.
! синцирот на пилата мора да биде правилно затегнат пред употреба
- Затегнување на синцирот -олабавете го копчето на страничната заштита E за да ја ослободите иглата за затегање W како што е прикажано на сликата ⑯. -осигурете се дека водечкиот лост C малку се движи. -проверете ја затегнатоста на синцирот со повлекување на синцирот D нагоре. Правилната затегнатост на синцирот е постигната ако синцирот на пилата D може да се подигне околу 2 мм од водечкиот лост C во центарот ⑰. -извлечете го синцирот на пилата D покрај горната страна на водечкиот лост C од едниот крај до другиот неколку пати ⑱. Синцирот G треба да се чувствува затегнат, но сепак да се движи слободно. -цврсто затегнете го копчето на страничната заштита E за да го прицврстите водечкиот лост C ⑲
- Полнење на батеријата
! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот
• Вадење/ставање на батеријата ② - Прицврстување на клипот за чување ⑲ прицврстете го клипот за чување L на пилата со испорачаната завртка.
- Индикатор за нивото на батеријата ⑳ -притиснете го копчето К за индикаторот за нивото на батеријата, за да се прикаже моменталното ниво на батеријата⑳а ! ако по притискање на копчето К⑳ъ индикаторот за најниско ниво на батеријата почне да трепка, тогаш батеријата е празна ! кога ће почат да трепкаат 2 нивоа на индикаторот за батеријата по притискање на копчето К⑳с, тогаш батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура
-
Заштита на батеријата Машината наеднаш се исклучува или не може да се вклучи, кога
-
оптоварувањето е преголемо --> отстранете го оптоварувањето и почнете повторно
-температура на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C--> 2 нивоа на индикаторот за ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе го притиснете копчето К②с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура
-батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата ^20 b кога ће притиснете на копчето K; наполнете ја батеријата
! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за вклучување/исклучување отнако машината автоматски ће се исклучи; батеријата може да се оштети
• Подмачкување ②1
Траењето на синцирот и капацитетот за сечење зависит од оптималното подмачкување. Синцирот автоматски се подмачкува со масло за синцир за време на работата.
! пилата за потнастрување не се доставува наполнета со масло; мора да наполните масло пред да работите
! никогаш не работете со пилата за потнастрување без масло за синцирот или со количина на масло помала од 1/5 на капацитетот на резервоарот за масло, бидејки тоа доведува до големо оштетување на производот
! не пушете и не ставајте орган или пламен во близина на маслото или пилата за потнастрување. Маслото може да се истури и да предизвика пожар.
-исчистете го капачето на резервоарот за масло М и областа околу него за да се осигурате дека не пага нечистотија во резервоарот за масло Р
-поставете ја пилата за поткастрување на нејзината страна на цврста, рамна површина со капачето на резервоарот М свртено нагоре. Подигнете го и завртете го јазичето на чепот N спротивно од стрелките на часовникот за да го извадите чепот.
-истурете го маслото за лостот и синцирот во резервоарот. Не дозволувајте маслото да се излее од отворот. Не преполнувајте и оставете приближно 5мм простор помећу нивото на маслото и внатрешниот раб на резервоарот за да се овозможи проширување. Избришете го вишокот масло.
-заменете го и прицврстете го капачето М
! употребувајте само биоразградливо масло за синцир
! за да спречите истекување на маслото кога пилата не се користи, испразнете го резервоарот за масло по секоја употреба, а потоа пуштете ја пилата една минута
! за да спречите 'r'fa на синцирот и запчаникот на лостот, проверете дали синцирот е малку подмачкан пред да го чувате подолг временски период
- Сигурносни уреди за заштита при повратен удар -пилата за поткастрување е опремена со штитник за повратен удар В за да се намали ризикот од повреда при повратен удар со спречување на пристапот до синцирот на пилата ^22
! делови од телото не смеат да дојдат во близина на штитникот за време на работењето
! никогаш не стегајте го или врзувајте го штитникот за повратен удар во отворена положба ②3
! не обидувајте се да сечете со горниот раб на
водилката
-запите за фаќање X под штитникот за повратен удар В се дизајнирани да обезбедат поголема контрола на пилата при сечење. Тие помагаат да се држи пилата стабилна наспроти гранката за време на сечењето ②4
! секогаш притискајте ги запците за фаќање на материјалот што се сече за да одржите подобра контрола на пилата
-пилата е исто така опремена со електрична сопирачка, кога се ослободува прекинувачот за активирање Н, електричната сопирачка се вклучува автоматски и бргу го запира вртењето на синζирот
-притиснете и задржете го копчето за исклучување G, а потоа притиснете го прекинувачот за активирање H за да ја включите пилата
-ослободете го копчето за заклучување G и продолжете да го притискате прекинувачот H за да продолжите со работа
-ислучете ја машината со ослободување на прекинувачот за активирање Н
- Работа со машината ②6
-секогаш држете ја пилата за поткастрување со двете раце: со едната рака на дршката J, а со другата рака поддржувајте ја пилата одозгора;
! пилата за поткастрување мора да се движи со полна брзина пред да го допре дрвото
-не применувајте сила врз синцирот додека сечете; оставете го синцирот да работи
-користете ја пилата за поткастрување само ако стоите безбедно
! внимавајте кога ће стигнете до крајот на сечењето; тежината на пилата може неочекувано да се промени бидејни се ослободува од дрвото (може да се случай несреји на нозете и стапалата)
! внимавајте синцирот на пилата да не ја допира земјата или кои било други предмети
! немојте да посегнувате преку одредената граница и не сечете над висината на рамото.
! не сечете трупец со дијаметар поголем од (15 см)
- Делкање ②6
Делкање е сечење трупец по должина.
! бидете сигурни дека цврсто стоите на земја и дека вашата тежина е рамномерно распоредена на двете стапала
! осигурајте се дека ниту еден објект не може да контактира со носот и синцирот на водечниот лост за време на сечењето
-осигурајте се дека трупецот ће биде потпрен по целата должна пред да го сечете одгоре (делкање одгоре) ⑳
-започнете од горната страна на трупецот со дното на пилата на него, лесно притиснете надолу
-забележете дека пилата ће има тенденција да се повлече од вас
-секогаш кога е можно, закачете ги запците за фаќање на пилата на трупецот
-кога делкањето е на закосен терен, секогаш стојте на повисоката страна на трупецот
-ослободете го притисокот за сечење при крајот на сечењето без да го олбавувате вашиот зафат на рачките на пилата за поткастрување -не дозволувајте контакт на синцирот со земјата
- Кастрење 28
Кастрење претставува отстранување на гранките од паднато дрво.
-кога кастрите, оставете ги поголемите гранки како потпора на трупецот над земјата
-употребете ја пилата за поткастрување да ги отстраните малите гранки со еден засек како што е прикажано на сликата
! бидете исключително претпазливи и избегнувајте допир со трупецот или другите гранки со врвот на водечкиот лост за да избегнете повратен удар
! пилата не е погодна за сечење од дното нагоре бидејни нејзиниот штитник за повратен удар не смее да се крева за време на работата ! никогаш не користете го за да ги исечете потпорните гранки, кои се под напнатост
- Поткастрување 29
Поткастрување е отсекување на гранките од несоборено дрво.
-позиционирајте ја пилата на агол од 60° или помалку, во зависност од специфичната ситуација -најпрво отстранете ги долгите гранки
-прво исечете ги пониските гранки за да направите повеće место за пагање на горните гранки
-работете полека, цврсто држејки ја пилата со двете раце. Одржувајте цврст став и рамнотежа -додека ги поткаструвате гранките дрвото нека биде помећу Вас и пилата. Сечете од страната на дрвото која е спротивна на гранката која ја сечете
! немојте да сечете до самоот раб на главната гранка или трупот додека не сте отсекле доволен дел од гранката за да ја намалите тежината.
! не ја употребувајте пилата за потнастрување за соборување
! не работете на растојание помало од 15м од водови над глава
! држете ги другите лица на растојание од најмалку 15м
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Оваа машина не е наменета за професионална употреба
! пред да извршите накво било одржување, транспортирање или складирање, запрете го моторот и извадете ја батеријата од машината
! секогаш користете ракавици кога работите со лостот и синцирот
! никогаш не допирајте го или прилагодувајте го синцирот додека работи моторот
• Секогаш одржувајте ја машината чиста
-по секоја употреба, исчистете ги остатоците од синцирот и водечкиот лост со мека четка.
Избришете ја површината на пилата за поткастрување со чиста крпа натопена со благ раствор од сапун.
-извадете ја страничната заштита, а потоа користете мека четка за да ги отстраните остатоците од водечкиот лост, синцирот на пилата, запчаникот и страничната заштита. -секогаш чистете ги дрвените струготини, прашината од пилата и нечистотијата од жлебот на водечкиот лост кога го заменувате синцирот на пилата.
- Редовно проверувајте дали има очигледни дефекти како разлабавени, изместени или оштетени синцир и водилка на синцирот, разлабавени стеги и изабени или оштетени делови
- Спроведете ги неопходните постапки за одржување и поправка пред да работите со пилата за поткастрување
- Никогаш не го острете синцирот на пилата самите. Однесете го синцирот на пилата да биде стручно наострен кај овластен SKIL сервис.
- Доколку машината и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
-испратете ја машината нерасклопена, заедно со сметкопотврдата до вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм на машината се наведени на www.skil.com)
! пред вранање, резервоарот со масло мора да се испразни целосно
- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со машината не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)
- Транспорт
-исчистете го производот
-закачете ја футролата за синцирот на водечкиот лост и синцирот
-секогаш носете го производот за неговата дршка
-заштитете го производот од силен удар или силни вибрации што може да се појават при транспорт во возила
-прицврстете го производот за да спречите лизгање или пагање
• Чување ③0
-исчистете го производот и закачете ја футролата на синцирот на водечкиот лост и синцирот
-ако пилата за поткастрување се складира на подолг период, исчистете ги синцирот и лостот за синцирот
-исчистете го производот и испразнете го резервоарот за масло
-закачете ја јамката на куката R на основата на шината за лесно складирање Q и цврсто поставете ја шината Q на сид со 2 шрафа (не се доставуваат) и порамнете хоризонтално
-чувајте го производот и неговите додатоци на темно, суво место, без мраз, кое е добро проветрено
-секогаш чувајте го производот на место кое е недостапно за деца. Идеалното складирање е под собна температура.
-чувајте ја подалеку од корозивни агенси како што се градинарски хемикалии и соли за одмрзнување
РЕШАВАНЬЕ ПРОБЛЕМИ
Следниот список ги прикажува симптомите на проблемите, можните причини и корективните дејства (ако тие не го идентификуват и поправат проблемот, контактирајте ги вашиот продавач или сервисна станица)
! во случај да дојде до електричен или механички дефект, веднаш исключете ја машината и отстранете ја батеријата
Машината не работи
-празна батерија -> наполнете ја батеријата
-жешка батерија -> оставете ја батеријата да се олади
-внатрешен дефект -> контактирајте го продавачот/сервисерот
Машината работи со прекини
-оштетување на внатрешното поврзување -> контакрајте го продавачот/сервисерот
-оштетување на прекинувачот за включување/исклучување -> контактирајте го продавачот/сервисерот
Св синцир
-вентилациониот отвор во капачето на резервоарот
за масло е затнат -> исчистете го капачето
-затнат канал за масло -> исчистете го излезот на каналот за масло
Прегревање на синцирот/лостот за синцирот
-нема масло во резервоарот -> наполнете масло
-вентилациониот отвор во капачето на резервоарот за масло е затнат -> исчистете го капачето
-затнат канал за масло -> исчистете го излезот на каналот за масло
-синцирот е презатегнат -> прилагодете ја тензијата на синцирот
-тап синцир -> изострете го или заменете го синцирот
-тензијата на синцирот е премногу лабава -> прилагодете ја тензијата на синцирот
-тап синцир -> изострете го или заменете го синцирот
-синцирот е изабен -> заменете го синцирот
-забите на синцирот се во погрешна насока -> повторно монтирајте ги со синцирот во правилна насока
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Само за земјите од ЕУ
- Не фрлајте ги електричните машини, дополнителната опрема и амбалажата заедно со домашниот отпад
-според Европската Директива 2012/19/ЕЗ за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните машини кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во објект за рециклирање кој е компатибилен со животната средина
-символот⑧ ke ве потсети на тоа, кога ke дојде време да го отстраните
! пред да се фрли батеријата во отпад, заштитите
ги нејзините полови за да се спречи краток спој
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Измерено во согласност со EN 62841, нивото на звучен притисок на оваа машина е 81 dB(A) и нивото на звучна мойност е 89.2 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата <2.5 м/с² (триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди една машина со друга, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
-користењето на машината за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
-кога машината е исключена или кога машината е включена но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на машината и нејзината дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа
