SKIL 3572 FA - Пила

3572 FA - Пила SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 3572 FA SKIL во PDF формат.

📄 196 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SKIL 3572 FA - page 167

Прашања на корисниците за 3572 FA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 3572 FA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 3572 FA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 3572 FA SKIL

  • Овој алат е наменет за надолжно и попречно сечење на дрво со рамни засеци, како и со аголни засеци до 53°
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ②

A Шестостран клуч
В Простор за складирање на шестостраниот клуч
С Копче за заклучување на вретеното
D Резе на сечилото
Е Прирабница

F Долен штитник
G Лост за отворање на долниот штитник
Н Површина за стегање
J Лост за нагодување на длабочината на сечење
К Ножна плочка
L Индикатор на длабочината на сечење
М Лост за регулирање на аголот на сечење
N Индикатор за аголот на сечење
Р Завртка за прилагодување на крајното запирање од 90°
Q Индикатор за подесување на линијата на сечењето
R Адаптер за правосмукалка
S Задна рачка
Т Предна рачка
U пружина за сопирање на 45°
V ЛЕД-светло
W Сигурносен прекинувач
У Прекинувач за активирање
Z Странична ограда
AA Копче за прилагодување на страничната ограда
АВ Отвори за вентилација
AC Копче за индикаторот за нивото на батеријата
AD Кука за пилата

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации обезбедени со овој електричен алат. Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.

Поимот „електричен алат“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).

a) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика незгоди.

b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, нако на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.

с) Држете ги децата и другите лица подалеку додека ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.

2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ

a) Приклучоците за електричниот алат мораат да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени)

елентрични алати. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери ће ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
с) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот уред ће ја зголеми опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или ислучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Нога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасности од струен удар.
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додека работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или ленови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.
с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (исключено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција on (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Чувајте ги косата и облеката подалеку од подвижните делови. Широката

3) ЛИЧНА ЗАШТИТА

облека, накитот или долгата коса може да се фатат во подвижните делови.

g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмукување и собирање прашина, осигурете се дека тие се правилно приключени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата употреба на алатите да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат. Користете ја правилната електрична алатка наменета за вашата работа. Со соодветниот електричен алат ње ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако прекинувачот не може правилно да се вклучи и ислучи. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приключок е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или допирање на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга состојба што влијае врз работата на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го алатот на поправна пред да го користите. Многу несреći се случауваат заради неодржуван електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ће се заглавуваат и полесно се контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи што се поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не

овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА НЕГО
a) Вршете полнење само со полначот што е пропишан од страна на производителот. За полначот кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со посебно назначени батерии. Користењето на било кои други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.
с) Кога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како што се спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, навртки или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнительно побарајте и лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат којшто е оштетен или изменет. Оштетените или изменетите батерии можат да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете го комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или полнењето на температура што е надвор од наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го нај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети со батерии. Поправката на комплетите со батерии треба да ја врши само производителот или некој овластен сервис.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗЖИЧНИ КРУЖНИ ПИЛИ

1) ПОСТАПКИ ЗА СЕЧЕЊЕ
a) ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од областа за сечење и сечилото. Држете ја втората рака на помошната рачка, или на моторното кујиште. Ако двете раце ја држат пилата, не може да бидат исечени со сечилото.
b) Не посегнувајте под работното парче. Штитникот

не може да ве заштити од сечилото под работното парче.

с) Прилагодете ја длабочината на сечењето на дебелината на работното парче. Под работното парче треба да се гледа помалку од цел забец на сечилото.
d) Никогаш не држете го работното парче во вашите раце или преку ногата додека сечете. Прицврстете го работното парче на стабилна платформа. Важно е да имате стабилна потпора во текот на работата за да се намали изложување на телото, заглавување на сечилото или загуба на контролата.
e) Држете го алатот само за изолираните површини на држење кога работите на место каде дополнителната опрема може да допре до покриени жици (ако се допре жица под напон, металните делови на алатот їе се електрифицираат и може да предизвикаат електричен шок за работникот)
f) При надолжно и напречно сечење, секогаш користете странична ограда или водилка со ramен раб. Така ће ја подобрите прецизноста на сечењето и ће го намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Сеногаш користете сечила со соодветна големина и форма (ромб или круг) на отворите за осовината. Сечилата што не се совпагаат со хардверот за монтажа на пилата ће се вртат ексцентрично, предизвикувајки губење на контролата.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни запчаници или резиња за сечилата. Запчаниците и резињата за сечила се посебно дизајнирани за вашата пила, заради оптимални перформанси и безбедност при ракување.
2) ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

- Повратниот удар претставува ненадејна реакција на приклештено, заглавено или лошо порамнето сечило на пилата, што предизвикува подигање на неконтролираната пила од работното парче кон оној кој ракува со пилата

- Кога сечилото ће се приклешти или цврсто ће се заглави при затворање на засекот, сечилото застанува и моторот забрзано ја води единицата наназад кон оној кој ракува со пилата

- Доколку сечилото се искриви или не е порамнето со површината која се сече, запците на задниот раб на сечилото може да се забијат во горната површина на дрвото и да предизвикаат дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон оној кој ракува со пилата

- Повратниот удар произлегува како резултат од неправилно ракување и/или неправилни процедури или услови при работата со пилата, и може да се избегне со преземање на соодветни мерки на претпазливост кои се наведени во понатамошниот текст.

a) Одржувајте цврст зафат на пилата со двете раце и поставете ги рацете на тој начин со којшто ће си овозможите да ја издржите силата на повратниот удар. Поставете го телото на двете страни на сечилото, но не во линија со сечилото. Повратниот удар може да доведе до отскокнување

на пилата наназад, но лицето кое ракува со неа може да ги контролира реакциите од силата на повратниот удар, ако ги преземе неопходните мерки на претпазливост.

b) Кога сечилото се заглавува или кога прекинувате со сечење од која било причина, исключете ја пилата и држете ја без да ја поместувате додека сечилото не застане сосема. Никогаш не обидувајте се да ја извадите пилата од работното парче или да ја повленувате наназад додека сечилото се движи, во спротивно може да дојде до повратен удар. Проверете и преземете корективни дејства за да ја елиминирате причината за заглавување на сечилото. Избегнувајте сечење на клинци или завртки.
с) При рестартирање на пилата во работното парче, центрирајте го сечилото на пилата во прорезот така што забите на пилата да не се во контакт со материјалот. Ако се заглави сечилото на пилата, може да излезе од работното парче или да предизвика повратен удар додека пилата се рестартира.
d) Потпрете ги големите панели за да го сведете ризикот од приклештување и повратен удар на сечилото на минимум. Големите панели за работа имаат тенденција да се виткаат под сопствената тежина. Потпорите мора да се постават под панелот на двете страни, близу до линијата за сечење и близу работ на панелот.
e) Не користете тапи или оштетени сечила. Ненаоштрени или неправилно поставени сечила може да доведат до тесен засек и да предизвикаат прекумерно триење, заглавување на сечилото или повратен удар.
f) Рачките за заклучување на подесувањето на длабочината на сечењето и на нагибот мора да бидат затегнати и цврсти, пред почетокот на сечењето. Ако прилагодувањето на сечилото се помести додека сечете, тоа може да предизвика заглавување и повратен удар.
g) Бидете особено претпазливи при сечење во постоечните сидови или други подрачја кои не се гледаат. Сечилото на пилата кое стрчи може да пресече предмети кои можат да предизвикаат повратен удар.
1) ФУНКЦИЈА НА ДОЛНИОТ ШТИТНИК
a) Проверете дали долниот штитник е добро затворен пред секоја употреба. Не вклучувајте ја пилата ако долниот штитник не се движи слободно и не се затвора веднаш. Никогаш не стегајте го или врзувајте го долниот штитник во отворена положба. Долниот штитник може да се свитка ако пилата случајно падне. Излечете го утикачот, подигнете го долниот штитник со рачката за вовлекување и осигурете се дека движи слободно и дека не ги допира сечилото или некој друг дел по сите агли и длабочини на сечење.
b) Проверете ја работата на пружината на долниот штитник. Ако штитникот и пружината не работат како што треба, тие мора да се сервисираат пред употреба. Долниот штитник може да работи бавно заради оштетени делови, гумени наслаги или наталожен отпаден материјал.

с) Долниот штитник би требало да се вовлече рачно само за посебни засеци како што се „засеци со заронување“ и „сложени засеци“. Подигнете го долниот штитник со рачката за вовлекување и штом сечилото ње влезе во материјалот, долниот штитник мора да се ослободи. За сите други видови на сечење, долниот штитник треба да работи автоматски.
d) Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрие сечилото пред да ја спуштите пилата на клупа или на подот. Незаштитено сечило во празен од ће предизвика пилата да се повлече наназад, сечејки се што е на нејзиниот пат. Бидете свесни за времето потребно сечилото да престане откако ће се ослободи прекинувачот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

ОПШТИ

  • Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
  • Оваа алатка не е погодна за влажно сечење
  • Не обработувајте никакви работни материјали кои содржат азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да предизвика алергиски реакции и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги националните барања кои се однесуваат на прашина за материјалите со кои сакате да работите
  • Не ја користете овој пила во комбинација со основа за пила
  • Отстранете ја батеријата од алатот пред секое подесување или промена на дополнителната опрема

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

  • SKIL може да осигури беспрекорно функционирање на алатот само доколку е користена оригинална дополнителна опрема
  • Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени и означени според EN 847-1
  • Користете само дополнителна опрема чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на алатот
  • Користете само сечила за пили со минимален дијаметар од 184 мм, со максимален дијаметар од 184 мм и отвор на вретеното од 16 мм
  • Никогаш не користете сечила за пила изработени од челик со голема брзина (HSS)
  • Никогаш не користете дискови за мелење/сечење со овој алат

ПРЕД УПОТРЕБА

- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во работното парче; тргнете ги пред

да почнете со работа

  • Отстранете ги сите пречки на врвот и под патеката за сечење пред да започнете со сечење
  • Зацврстете го работното парче (работно парче кое е зацврстено со стеги или во менгеме е побезбедно отколку да го држите со раце)
  • Користете соодветни детектори за наоғање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
  • Нивото на бучава при работа може да надмине 85 dB(A); носете штитници за уши
  • Никогаш не користете го алатот без оригиналниот систем за заштита
  • Не се обидувајте да пресечете исключително мали работни парчиња
  • Не работаете со алатката над главата
  • Во случај да дојде до заглавување или електричен или механички дефект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот

ПО УПОТРЕБА

  • Исключете го моторот пред да го спуштите алатот и проверете дали сите подвижни делови се комплетно застанати
  • Откако ће ја ислучите кружната пила, никогаш не запирајте ја ротацијата на сечилото на пилата со примена на странична сила врз неа

БАТЕРИИ

  • Обезбедената батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот електричен алат)
  • Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со овој алат -Батерија SKIL: BR1*31**** -Полнач SKIL: CR1*31****

- Оштетената батерија не треба и понатаму да се користи; треба да се замени

- Не расклопувајте ја батеријата

- Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/батеријата

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Батериите може да експлодираат ако се изложат на орган, па затоа никако не палете ја батеријата
⑤ Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на места со температура пониска од 50°C
⑥ Не фрлајте ги електричните алати и батериите заедно со домашниот отпад

УПОТРЕБА

- Полнење на батеријата

! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот

• Вадење/ставање на батеријата ②
- Монтирање на сечилото за пилата ②

! извадете ја батеријата од алатот

-земете хексагонален клуч А од складот В

-притиснете го копчето за заклучување на вретеното С и држете го додека го отстранувате резето на сечилото D со вртење на шестоаголниот клуч А ВО ПРАВЕЦ НА СТРЕЛКИТЕ НА

ЧАСОВНИКОТ (= во истиот правец како и стрелката отпечатена на сечилото на пилата)

! копчето за заклучување на вретеното С притиснете го само кога алатот целосно ће застане

-пуштете го копчето за заклучување на вретеното С
-отстранете ја прирабницата Е

! проверете дали површините со стегите Н на прирабниците се целосно чисти и свртени кон сечилото

-отворете го долниот штитник F со лостот G и држете го додека го поставувате сечилото за пилата со запците и стрелката коишто се отпечатени на сечилото насочени во ист правец како и стрелката на долниот штитник

-олабавете го долниот штитник F

-поставете ја прирабницата Е

-притиснете го копчето за заклучување на вретеното С и држете го притиснато додека го прицврстувате резот на сечилото со помош на шестоаголен клуч за 1/8 вртења по што треба да затегнете со прстите (така се осигурува лизгањето на сечилото на пилата кога ће дојде до прекумерен отпор и оптеретување на моторот и повратен удар на пилата)

-пуштете го копчето за заклучување на вретеното С

- Подесување на длабочината на сечењето (0-66 мм) ⑦

-заради оптимален квалитет на сечењето, сечилото на пилата не би требало да биде подолго од 3 мм под работното парче

-разлабавете го лостот J

-подигнете/спуштете ја педалата К додека не ја подесите саканата длабочина за сечење, на скалата, со користење на индикаторот L -затегнете го лостот J

- Индикатор за нивото на батеријата ⑧

-притиснете го копчето за индикаторот за нивото на батеријата АС за да се прикаже тековното ниво на батеријата⑧а

! ако по притискање на копчето АС ^8 ї почне да трепка индикаторот за најниско ниво на батеријата, тогаш батеријата е празна

! нога ће почат да трепкаат 2 нивоа на индикаторот на батеријата по притискање на копчето АС⑧с, батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура

• ЛЕД-светло ⑫V

ЛЕД-светлото автоматски се вклучува кога їе се активира прекинувачот за вклучување/исклучување

! кога започнува да трепка ЛЕД-светлото, се активира заштитата на батеријата (види подолу)

- Заштита на батеријата

Алатот наеднаш се ислучува или не може да се вклучи, кога

- оптоварувањето е преголемо --> отстранете го оптоварувањето и почнете повторно

-температура на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C--> 2 нивоа на индикаторот за ниво на батеријата почнуват да трепкаат кога ње го притиснете копчето АС⑧с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура

-батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата ⑧ъ кога ће притиснете на копчето АС; наполнете ја батеријата

! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за включување/исклучување откако алатот автоматски ће се исклучи; батеријата може да се оштети

- Подесување на аголот на сечење (0-53°) ⑨

-разлабавете го лостот М

-навалувајте го алатот додека не го подесите саканиот агол на сечење на скалата, со користење на индикаторот N

-затегнете го лостот М

За сечење под агол поголем од 45°, разлабавете го лостот М, потиснете ја пружината за сопирање U на 45° до посакуваниот агол на сечење на скала. Затегнете го лостот М.

! при косо сечење, длабочината на сечењето не одговара на вредностите на прикажаната скала за длабочина на сечењето

- Проверка на аголот на сечење од 90° ⑨

-прилагодете го и стегнете го стапалото К на максимальна длабочина на сечење ⑦
-прилагодете го и стегнете го аголот на сечење до 0°
-проверете дали има агол од 90° помеѓу сечилото и дното на педалата со помош на винкла
-ако е потребно прилагодување, разлабавете го лостот М и употребете ја завртката за прилагодување Р, како што е прикажано на с

- Индикатор за подесување на линијата на сечењето Q ^10

-за водење на електричниот алат низ саканата линија означена на работното парче
-за прав засек од 0° или за засек со нагиб од 45° користете ја соодветната линија на индикаторот

! широкиот дел на педалата би требало да стои на потпирачот на работното парче

-може да се прилагоди за да се усогласи со различни ширини на сечила, меѓутоа може да се случа едната страна на сечилото на пилата да не се усогласи, а потоа да се избере дали отпадниот материјал е на внатрешната или надворешната страна на сечилото ⑩

! широчината на сечењето се определува со широчината на запците на сечилото, а не со широчината на листот на сечилото! секогаш најпрво направете пробни засеци за да се провери реалната линија на засек

• Вшмукување прашина ⑪

За користење на правосмукалка -поврзете го адаптерот за правосмукалка R, како што е прикажано на сликата -поврзете го цревото за чистење на правосмукалката со адаптерот за правосмукалка R

! никогаш не дозволувајте цревото на правосмуналката да дојде во допир со долниот штитник или со операцијата на сечење

- Работа со алатот ⑪

-ставете ја батеријата -секогаш држете ја рачката S цврсто со едната рака, а рачката T држете ја цврсто со другата рака -поставете го електричниот алат со предниот крај на рамното ниво на работното парче

! проверете запците на пилата да не се закачени во работното парче

-включете го алатот прво со притискање на безбедносниот прекинувач W (= безбедносен прекинувач којшто не може да се заклучи) и потоа повлечете го прекинувачот за активирање Y

! електричниот алат би требало да се наога во полна брзина пред сечилото да дојде во допир со работното парче

-долниот штитник F автоматски се отвара кога сечилото продира во работното парче (рачно отворете го долниот штитник со помош на лостот G, само за посебни видови засеци, како на пример за засеци со заронување)

! не применувајте сила врз алатот (применете лесен и континуиран притисок за да избегнете прегревање на врвовите на сечилата)

! додека работите, сеногаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја

-по завршувањето на сечењето, исключете го алатот со пуштање на прекинувачот Y

! пред да го подигнете алатот од работното парче, проверете дали е дојдено до целосен прекин на работата на сечилото

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- Добрата страна на работното парче секогаш вртете ја надолу, за да обезбедите минимално создавање на деланки

- Користете само остри сечила за пила од соодветен тип ⑬

-квалитетот на засекот се подобрува со бројот на запците -сечилата со карбиден врв остануваат остри 30 пати подолго од обичните сечила

- Кука за пилата ⑭

Користете ја куката само за закачување на пилата

-за правење на точни засеци низ работ на работното парче -може да се вметне стапалото

Прилагодување на страничната ограда -разлабавете го копчето АА -подесете ја саканата широчина за сечење со помош на скалата на страничната ограда (употребувајте индикатор за линија за сечење Q како нулта положба)

• Сечење со заронување ⑯

-поставете ја посакуваната длабочина на сечење -навалете го алатот нанапред со индикаторот за линијата за сечење Q израмнет со саканата линија за сечење означена на работното парче

-отворете го долниот штитник F со користење на лостот G

-непосредно пред сечилото да го допре работното парче, включете го електричниот алат и постепено спуштајте го задниот крај на алатот, со користење на предниот крај на нивото како показател

-постепено движете го алатот надолу и нанапред

-штом сечилото ње продре во материјалот, пуштете го лостот G

! никогаш не туркајте го алатот кон назад

• Сечење на големи плочи ⑰

-потпрете ја плочата близу до засекот, на подот, основата или работната маса

! подесете ја длабочината на сечењето така што ке сечете низ плочата, а не низ потпората

-во случај страничната ограда да не ја овозможува саканата широчина за сечење, со спрега или со клинец закачете рамно парче дрво на работното парче, како водилка, и користете ја десната страна на педалата со оваа водилка ^18

- За повеќе информации видете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

- Овој алат не е наменет за професионална употреба

- Алатот секогаш да се одржува чист (особено отворите за вентилација AB)

! отстранете ја батеријата од алатот пред чистење

- Секогаш одржувајте ја областа околу долниот штитник F ② чиста (отстранете ги прашината и деланките со раздувување со компримиран воздух или со четка)

- Исчистете го сечилото на пилата веднаш по употребата (особено од смола и лепак)

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

-во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм на алатот се наведени на www.skil.com)

- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Само за земјите од ЕУ

- Не фрлајте ги електричните алати, дополнителната опрема и амбалажата заедно со домашниот отпад -според Европската Директива 2012/19/E3 за отфрлање на електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го

достигнале крајот на својот животен век мораат да бидат посебно собрани и да бидат вратени во еколошки компатибилен објект за рециклирање - симболот № ке ве потсети на тоа, кога ће дојде време да го отстраните

! пред да се фрли батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови со дебела лента за да се спречи краток спој

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

- Измерено во согласност со EN 62841, нивото на звучен притисок на овој алат е 101 dB(A) и нивото на звучна моćност е 109 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата * (триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 м/с²)

- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени

  • користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
  • кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа

AL

Sharrë rrethore me bateri 3572 pa karbonçina

HYRJE

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 3572 FA

Категорија : Пила