7020 - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 7020 DREMEL во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 7020 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 7020 на марката DREMEL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 7020 DREMEL
Оригинална EU-изјава за сообразност Ротирачкиот алат Број на артикл
Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВААко не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозна повреда. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење. Изразот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот алат кој се приклучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел). БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.b. Не работете со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр. во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.c. Додека работите со електричниот алат, оддалечете ги децата и другите лица. Невниманието може да биде причина за губење на контролата. ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте да користите адаптери на штекер со заземjени електрични алати. Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен шок.b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, какви што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е зголемен ако Вашето тело е заземјено.c. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што ќе продре во електричниот алат ќе го зголеми ризикот од електричен шок.d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете го за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен шок.e. Кога работите со електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен f. Ако работењето со електричен алат на влажна локација не може да се избегне, користете oосигурувач со диференцијална струјна заштита (RCD - residual current device). Користењето осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од електричен шок. ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди.230 b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи во соодветни услови, ќе ја намали можноста од повреди на
c. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека прекинувачот е во исклучена положба „off“ пред да го приклучите на електрична мрежа и/или батерија. Носењето на електричниот алат со прстот на прекинувачот или приклучувањето на електричниот алат додека прекинувачот е во положба „on“ може да предизвика несреќа. d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите клучеви пред да го вклучите електричниот алат. Ако оставите клуч или средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може доведе до телесна повреда. e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации. f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови. g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете дали се добро споени и дали правилно се користат. Користењето собирач на прашина може да ги намали опасностите предизвикани од прашина. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран. b. Немојте да го користите електричниот алат доколку не работи прекинувачот on/off. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи. c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/или батеријата од електричниот алат пред да правите било какви подесувања, пред да го менувате приборот или пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот. Електричните алати можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени. e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро нагодени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка пред повторната употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо одржуван електричен алат. f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Кога правилно се одржува алатот за сечење со остри рабови за сечење, помала е веројатноста тој да се заглави и полесно се контролира. g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете ги во согласност со овие упатства, земајќи ги предвид работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи коишто тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ НА БАТЕРИИ a. Користете го електричниот алат само со специфично дизајнираните батерии. Употребата на било кој друг вид батерии може да предизвика ризик од повреди и пожар. b. Кога батериите не се користат, држете ги настрана од други метални предмети какви што се спојки, метални пари, клучеви, клинови, шрафови или други ситни метални предмети кои можат да предизвикаат спојување на едниот приклучок на батеријата со другиот. Краткото спојување на приклучоците на батериите може да предизвика изгореници или пожар. c. Во случај на ненаменска употреба, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт,231 измијте се со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, побарајте медицинска помош. Течноста која истекла од батериите може да предизвика иритација или изгореници.
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ќе се обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СИТЕ ВИДОВИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ a. Овој електричен алат е наменет за употреба при глодање, брусење, работење со жичена четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации кои се приложени со овој алат. Доколку не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди. b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан од страна на производителот на алатот. Самото тоа што на Вашиот алат може да се приклучи прибор не значи дека е осигурено и безбедно
c. Номиналната брзина на приборот за брусење мора да биде поголема или еднаква на максималната брзина што е означена на алатот. Приборот за брусење кој работи со брзина поголема од неговата номинална брзина, може да се скрши и да се разлета. d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот прибор мора да бидат во рамките на капацитетот на Вашиот електричен алат. Приборот со неисправна големина не може да соодветно да се контролира. e. Големината на вретеното на шајбната, на добошите за брусење или на кој и да е друг прибор мора да се фаќа на вретеното или стезната глава на електричниот алат. Приборот кој не одговара на вретеното на електричниот алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира и може да предизвика губење на контролата. f. Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење, секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во стезната глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно прицврстена и/или пак испустот на шајбната е предолг, монтираната шајбна може да се олабави и да испадне при висока брзина. g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред секоја употреба проверете дали на приборот, како што е брусната плоча или брусната подлога, има пукнатинки или ломови и дали се прекумерно изабени, дали на жичената четка има лабави или искршени жици. Ако електричниот алат или приборот Ви паднале, проверете дали има оштетувања или монтирајте неоштетен прибор. По прегледувањето и монтирањето на приборот, тргнете ја од себе и од останатите присутни лица површината на ротациониот прибор и во траење од една минута вклучете го електричниот алат да работи со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот на ова
h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од уредот, користете заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила. Ако е потребно, носете маска против прашина, заштита за ушите, ракавици и работна престилка која може да заштити од мали честички или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора да штити од разлетаните честички кои настануваат при различни операции. Маската за прашина или респираторната маска мора да бидат во можност да заштитат од разлетаните честички кои настануваат при Вашето работење. Доколку подолготрајно сте изложени на висока бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на доволна оддалеченост
од работниот простор. Лицата што ќе останат во Вашиот работен простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од232 работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу и да предизвикаат повреда надвор од непосредниот работен простор. j. Електричниот алат држете го само за делови кога извршувате работи при кои алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени електрични водови. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок за операторот. k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот, додека се забрзува до полна брзина, може да предизвика алатката да се изврти. l. Секогаш кога е можно, користете штипалки за да го прицврстите обработуваното парче. Никогаш не држете мало обработувано парче во едната рака, а алатот во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите малото обработувано парче, тоа ќе Ви овозможи да ги користите рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал, како што се шипки со типли или цевки имаат тенденција да се виткаат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се извитка или да искокне кон Вас. m. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати површината на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над електричниот алат. n. Откако ќе смените бургија или ќе направите било какво дотерување, проверете дали стезната чаура стезната глава или кој и да е друг дел за подесување е безбедно прицврстен. Лабавите делови за подесување можат неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат губење на контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат
o. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото. p. Редовно чистете ги отворите за вентилација на Вашиот електричен алат. Вентилаторот на моторот ја привлекува прашината во внатрешноста на куќиштето, и прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика електрична опасност. q. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запалливи материи. Искрите би можеле да ги запалат тие материјали. r. Немојте да користите прибор кој изискува течни средства за ладење. Користењето вода или други течности за ладење може да предизвика електричен шок. ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВAЊА Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или заглавена брусна плоча, брусна лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето или блокирањето предизвикува брзо придушување на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува неконтролираната електрична алатка да биде присилена во правец спротивен од правецот на вртење на приборот. На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави во некое работно парче, работ на брусната плоча која се заглавила во работното парче може да се зарие во површината на материјалот и да предизвика испаѓање на плочата или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот, зависно од правецот на вртење на брусната плоча на местото на блокирање. Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности. Повратниот удар е последица на погрешна употреба на електричниот алат и/ или неисправно работење или услови, и може да се избегне ако се преземат соодветните долунаведени мерки на претпазливост. a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело нека биде во положба во која е во состојба да им се спротивстави на силите на повратниот удар. Оператерот може да го контролира повратниот удар доколку се преземат исправни мерки на претпазливост. b. Бидете посебно внимателни кога работите на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање или блокирање на приборот. Аглите, острите рабови или одбивањето на приборот доведуваат до блокирање на ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на контролата или повратен удар. c. Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите продолжетоци233 честопати предизвикуваат повратен удар и доведуваат до губење на контролата. d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот правец како остриот крај кој излегува од материјалот (кое е во истиот правец во кој паѓаат отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот крај од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече алатот во овој правец. e. Кога користите ротациона пила, шајбни за сечење, високобрзински секачи или секачи од волфрам и тврд метал, обработуваното парче секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ќе се заглават ако се ставени лабаво во жлебот и може да има повратен удар. Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ќе се скрши. Кога ротациската турпија, високобрзинскиот секач или секачот од волфрам или од тврд метал ќе се заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите контролата над алатката. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ a. Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот електричен алат и само за препорачани намени. На пример: немојте да брусите со бочната страна од брусната плоча. Абразивните плочи за сечење се предвидени за периферно брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча може да предизвика тие да се се скршат. b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само неоштетени шајбни со осовинки со необработени прирабници кои се со исправна големина и должина. Исправните осовинки ќе ја намалат можноста за
c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да применувате премногу голем притисок. Не обидувајте се да правите премногу длабоко сечење. Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира плочата, како и можноста за повратен удар или кршење на плочата. d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад ротирачката шајбна плоча. Ако плочата на местото на работење се движи од Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар, електричниот алат со ротирачката шајбна може да отскокне директно кон Вас. e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која причина престанете со работата, исклучете го алатот и држете го мирно сè додека брусната плоча целосно не се смири. Никогаш не обидувајте се да ја извадите плочата за сечење од работното парче додека брусната плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно може да дојде до повратен удар. Проверете и отстранете ја причината за заглавување или блокирање на
f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека тој се наоѓа во работното парче. Брусната плоча нека ја достигне својата полна брзина и потоа внимателно продолжете со сечењето. Брусната плоча може да се заглави, да отскокне или да предизвика повратен удар доколку алатот повторно се вклучи додека е на работното парче. g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за да го намалите ризикот од блокирање на брусната плоча и од повратен удар. Големите работни парчиња можат да се свиткаат под својата сопствена тежина. Мора да се стават потпирки под работното парче во близина на работ на работното парче од двете страни на брусната плоча. h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во веќе постоечките ѕидови или во некои други непрегледни подрачја. Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или водоводните цевки, електричните инсталации или некои други предмети и така да предизвикаат повратен удар.
- Овој производ е наменет само за третман на нокти на кучиња и мачки
- Овој производ не е наменет да се користи како стоматолошка дупчалка кај луѓе или животни
- Користете само диск за стругање SD60-PGK и осовинка SC402 со додаток за третман на домашни миленици AT01-PGA
- Да не се користи додатокот за третман на домашни миленици доколку не се исталирани сите компоненти според упатството за работа
- Да се чува подалеку од вода
- Влакната на домашниот миленик да се држат подалеку од деловите на производот што се вртат СПЕЦИФИКАЦИИ Број на моделот .............. 7020-PGK Номиналeн напон .............6,0V Номинална брзина ............7000-18000 /мин. Капацитет на стезната чаура ....3.2 mm Батерии ......................4 x AA/1.5V КОМПЛЕТ ЗА ТРЕТМАН НА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ
СЕКОГАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД ДА ГО МЕНУВАТЕ ПРИБОРОТ, СТЕЗНАТА ЧАУРА ИЛИ СЕРВИСИРАЊЕ НА АЛАТОТ БАТЕРИИ 5 За да ги вметнете батериите Y (кои не се вклучени), притиснете ги копчињата за отклучување H на адаптерот за батериите C и извадете го од алатот. Ставете ги батериите во адаптерот С (внимавајте поларизацијата да биде точна) и вметнете го адаптерот назад во алатот на тој начин што ќе влезе во точната
За да ги извадите батериите, притиснете ги копчињата за отклучување H и извадете го адаптерот за батериите C (внимавајте да не ви испаднат батериите). Секогаш заменувајте ги сите батерии истовремено. Користете исклучиво батерии од еден ист бренд и со идентичен капацитет. Извадете ги батериите секогаш кога алатот не се користи подолг период. Користете исклучиво адаптер за батерии C со моделот Dremel 7020-PGK. Кај овој алат користете исклучиво алкални батерии за еднократна употреба AA/1.5V. Отстранете ги потрошените батерии од алатот. ЗА МОНТИРАЊЕ НА ОСОВИНКАТА 6 Отшрафете и отстранете го капчето F од алатот на тој начин што ќе го свртите спротивно од правецот на вртење на стрелките на часовникот додека не излезе
За да ја разлабавите навртката на стезната чаура, прво притиснете го копчето за заклучување на осовината А и рачно ротирајте ја навртката на затезната A Копче за заклучување на
B Прекинувач C Адаптер за батерии D Навртка на стезната чаура E Стезна чаура F Капаче G Осовина H Копче за отклучување I Клуч за стезна навртка J Додаток за третман на домашни миленици (AT01-PGA) K Проѕирен капак L Клема M Шарка N Отвор на дискот за стругање O Мала рачка P Лежиште за приспособување на
Q Платформа R Осовинка (SC402) S Син дистанцер T Цилиндрична навлака со федери U Преден дел на осовинка V Диск за стругање (SD60-PGK) (3x) W Преден дел на диск за стругање Y Батерија AA/1.5V (4x) (не е вклучена)235 чаура D додека не се заклучи осовината и се спречи понатамошна ротација. ! Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи Додека е активиран механизмот за заклучување на осовината А, разлабавете ја навртката на стезната чаура D (вртете спротивно од правецот на движење на стрелките на часовникот). Ако е потребно, употребете го и клучот. При вметнувањето на некој додаток, навртката на стезната чаура мора да биде лабаво навртена. Вметнете ја осовинката R во стезната чаура E. Погрижете се синиот дистанцер S на осовинката да допре до навртката на стезната чаура (поставување на осовинката до точната длабочина). Додека е активиран механизмот за заклучување на осовината А, добро затегнете ја навртката на стезната чаура D (вртете во правец на движење на стрелките на часовникот) со клучот I. НАПОМЕНА: Ако осовинката не влегува во стезната чаура, можно е стезната чаура да е заглавена во навртката. Доколку тоа се случи, отстранете ја навртката на стезната чаура од алатот со континуирано вртење во правец спротивен од правецот на движење на стрелките на часовникот. Доколку стезната чаура не се одвои од навртката при нејзиното отстранување од алатот, турнете го вратот на осовинката R во дупката во навртката на стезната чаура D. Со тоа, стезната чаура Е би требало да излезе од навртката. Повторно склопете ги на тој начин што стезната чаура Е ќе ја ставите во осовината G и ќе ја завртите навртката на стезната чаура D во правецот на движење на стрелките на часовникот за да се зацврсти назад во осовината G. ЗА МОНТИРАЊЕ НА ДИСКОТ ЗА СТРУГАЊЕ 7 Цилиндричната навлака со федери Т повлечете ја НАДОЛУ кон алатот со една рака и држете така. Со другата рака, порамнете ги делот U на осовинката со делот W на дното од дискот за стругање V. Поставете го дискот за стругање на осовинката така што би се наоѓал веднаш под делот U и завртете го за 90 степени за делот W да се порамни со цилиндричната навлака Т. Ослободете ја цилиндричната навлака Т. Дискот за стругање V треба да се
! Неправилното поставување на дискот за стругање на осовинката може да доведе до лична повреда или материјална штета. За да проверите дали е правилно наместен, држете го копчето за заклучување на осовината А и свртете го дискот за стругање V. Дискот за стругање V не треба да ротира на осовинката. За да го отстраните дискот за стругање, со едната рака повлечете ја цилиндричната навлака со федери Т НАДОЛУ кон алатот, држете ја така и свртете го дискот за стругање за 90 степени и остранете го. ЗА ПРИКАЧУВАЊЕ НА ДОДАТОКОТ ЗА ЗАШТИТА НА НОКТИTE 8 ! Пред да монтирате некој додаток, уверете се дека осовинката и дискот за стругање се правилно монтирани.
1. Одвојте го проѕирниот капак К на тој начин што ќе ги придвижите малите
рачки О од внатрешната страна на проѕирниот капак по должината на лежиштето за приспособување на висината Р додека не дојдат до отворот.
2. Отклучете ја клемата L.
3. Отворете го додатокот.
4. Позиционирајте го додатокот околу предниот дел од алатот каде има навои
и затворете го додатокот на тој начин што механизмот на клемата L треба да биде целосно активиран.
5. Целиот додаток Ј свртете го во правецот на движење на стрелките на
часовникот за да се зашрафи на предниот дел со навои (проверете дали е добро прицврстен за да не дојде до изместување од позицијата при користење). Повторно поставете го проѕирниот капак К (направете го првиот чекор, но во обратен редослед). Свртете го проѕирниот капак така што сите мали рачки се распоредат по должината до крајот на лежиштето Р (веднаш до број „3“) на додатокот. Ќе може да слушнете како капакот влегува во својата позиција во моментот кога ќе биде правилно поставен. Не вадете го капакот од лежиштата на сила.236
Третманот на ноктите на домашниот миленик за прв пат може да биде загрижувачко искуство, како за домашниот миленик, така и за неговиот сопственик. Доколку започнете од рана возраст и третманот стане дел од дресурата на вашиот миленик, тој ќе се навикне на тоа. Како прво, тренирајте го вашиот миленик да се навикне шепите да му бидат допирани и третирани пред да ги изложите на ротирачкиот алат. Еден од начините на кои може да го постигнете тоа е со масирање на неговите нозе, шепи и прсти во времетраење од неколку минути најмалку еднаш во денот. Потоа, направете позитивна асоцијација со ова искуство на тој начин што ќе го наградите вашиот миленик со неговата омилена храна. Потоа, помогнете му на вашиот миленик постепено да се навикне на ротирачката алатка. Дозволете му на вашиот миленик да ја помириса алатката додека е исклучена. Потоа, држете ја алатката во рака и доволете му на вашиот миленик да го слушне звукот што таа го прави кога е вклучена. Постепено обидете се да ги доближите ноктите на вашиот миленик до ротирачкиот диск за стругање и да ги допрете пократко од секунда. Сепак, не стругајте ги ноктите, туку само дозволете му на вашиот миленик да се запознае со алатката. Преку процес на навикнување, продолжете да го охрабрувате вашиот миленик и доброто однесување да го наградувате со неговата омилена храна. Овој процес може да трае и неколку дена или недели. АНАТОМИЈА НА НОКТ 9 Пред да ги сечете ноктите на Вашиот миленик, ќе треба да знаете каде се наоѓа
На Слика 9 е прикажана основната анатомија на ноктот на еден миленик. Надворешниот дел од ноктот е тврд и не реагира на сензорни дразби затоа што нема нервни завршетоци. Средишниот дел од ноктот е живото месо (живец). Тоа се состои од ситни крвни садови и нервни завршетоци и е многу чувствително. Живецот е вена којашто го храни ноктот. Доколку го пресечете живецот при сечењето на ноктот, тој ќе почне да крвави. Ноктите што имаат светла боја се обично доволно проѕирни да може да ја видите розовата површина на живецот. Ако ноктите имаат темна боја, може да не видите каде се наоѓа живецот. Милениците може да имаат и светли и темни нокти, па така би можеле да претпоставите каде се наоѓа живецот. На Слика 9, исто така, е дадена претпоставка во однос на тоа кој би бил вистинскиот агол под кој би требало да ги кратите ноктите на вашиот миленик. Непишано правило е тоа да се прави под агол од 45 степени од долниот дел на шепата во правец нагоре. ТРЕТМАН НА НОКТИ Aq ! Алатот никогаш да не се држи за додатокот. Ако го држите алатот за додатокот, може да се случи тој неочекувано да се изврти и да ја изгубите контролата врз него. Поставете ја шепата на миленикот на платформата Q за ноктот да биде близу, но да не се допира до дискот за стругање V. Вклучете го алатот на тој начин што ќе го поместите прекинувачот В во позиција ‘LO’ (1), што одговара на околу 6500 врт./мин. Алатот може да се вклучи и на брзина ‘HI’, доколку тоа не претставува проблем за вас или за вашето куче. Држете ги шепата и ноктот со едната рака, а со другата ракувајте со ротирачкиот алат. Така е поудобно за вашиот миленик затоа што се намалуваат вибрациите врз шепата. Со нежно притискање на долната страна на шепата, ноктите во одредена мера се издолжуваат и е полесно да се изврши третманот. Важно е целата работа да ја препуштите на брзината на ротирачката алатка. Никогаш не притискајте со дискот за стругање врз ноктот. Од притискање ноктот може да се вжешти премногу и да причини налагодност кај вашиот миленик. Ноктот не треба да биде во контакт со ротирачкиот диск за стругање подолго од три секунди одеднаш. Наместо третманот на ноктите да го правите еден по еден, се препорачува накратко да ги третирате сите нокти на една шепа, а потоа на друга шепа, повторувајќи во неколку тури. Така им се дава време на ноктите да се изладат. Овој процес може да се повтори по потреба. Скратете ги ноктите така што би имале должина која скоро допира до земјата кога вашиот миленик се движи.237 Исклучете го алатот со придвижување на прекинувачот B во позиција ‘OFF’ (0). БЕЗБЕДНОСНИ СОВЕТИ Некои миленици може да се вознемират во присуство на алатката, па затоа најдобро би било добро да ги држите. Лицето што управува со алатката ќе треба да ги користи и двете раце, па затоа се препорачува да има и друго лице што ќе го држи миленикот. Доколку дел од влакната несакајќи се заглават во ротирачката алатка, веднаш исклучете ја алатката и одглавете ги влакната. За миленици со изразито долго влакно, користете некој стар чорап за да ги покриете прстот, шепата и ногата и за да се гледа само ноктот. Извлечете го ноктот преку мал отвор на врвот од чорапот за да може да извршите третман. Имајте при рака прашок за сопирање на крвавење во случај да дојде до тоа. Прашок за сопирање на крвавење има во најголем дел од продавниците за домашни миленици. За правилно користење, следете ги упатствата од пакувањето. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ И/ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух. Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите. Отстранете го додатокот за третман на домашни миленици од алатката по потреба заради чистење од прашина или од остатоци од нокти. Измијте го само додатокот со топла вода и исушете го убаво со чиста крпа пред повторно да го монтирате на алатката.
ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат амонијак. СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ. Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel. Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/ специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата. Во случај на рекламација, алатот или полначот испратете ги до Вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со доказот за купување. КОНТАКТ СО DREMEL За повеќе информации во врска со сервисирањето и гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете нè на www.dremel. com. БУЧАВОСТ И ВИБРАЦИИ Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) <70 Вибрации (векторски збир на трите показатели) m/s
1,5 НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност на вибрациите е измерена во согласност со стандардниот метод на тестирање и може да се користи238 за споредување на еден алат со друг. Исто така може да се користи и во прелиминарната проценка на изложеност. Емисијата на вибрации за време на стварната употреба на електричниот алат може да се разликува од наведената вкупна вредност, во зависност од начинот на кој го користите алатот. Направете процена на изложеноста во стварни услови на употреба и идентификувајте ги соодветните безбедносни мерки за лична заштита (земете ги предвид сите делови од работниот циклус, како што е времето кога алатот е исклучен и кога работи во празен ôд, освен времето на активирање). ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Алатот, батериите, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошки поволното рециклирање. Пред депонирање, заштитете ги терминалите на батериите со помош на тешка самолеплива лента за да спречите краток спој. САМО ЗА ЗЕМЈИ ОД ЕУ 4 Според Европската директива 2012/19/EC која се однесува на електричен и електронски отпад и нивната имплементација во склад со националното законодавство, електричните алати на кои им поминал векот на траење мора да се собираат одвоено и да се отстрануваат на еколошки исправен начин.
Notice-Facile